Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

koronavirus-1

Втор случај на индискиот сој на ковид-19 во земјава

Потврден е уште еден случај на индискиот сој на коронавирусот во земјава, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Се работи за наш граѓанин кој дојде од Ирак, а се лекувал во една од приватните болници.Станува збор за колега на првиот пациент од Ирак кај кого беше регистриран индискиот сој.„Пациентот не е во ризик. Нема ризик ниту од ширење на болеста, според направените епидемиолошки анкети и нема потреба од дополнителни анкети“, рече Филипче.Министерот вели дека сите вакцини штитат и од индискиот и од другите форми на мутации од смртен исход и од тешки компликации на болеста.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

Денеска 4 нови случаи на Ковид 19 и починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани – по 1.Регистрирани се 68 оздравени пациенти од:Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1.Пријавено е едно починато лице од Скопје (80г), починато во болнички услови.Направени се 3.074 тестови преку: ИЈЗ-54, ЦЈЗ Скопје-19, ЦЈЗ Битола-51, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово–45, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-204, Авицена-299, Биотек-415, Систина-99, лабораторија Лаор-273, Синлаб-0, Ремедика-73, Плодност–99, Генеа–72, Никоб лаб-528, ВФВ Медикал-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 770.Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68637, Активни 126Куманово 8877, Активни 41Прилеп 8326, Активни 33Тетово 7241, Активни 28Битола 6304, Активни 15Велес 5471, Активни 3Гостивар 5181, Активни 14Кавадарци 5153, Активни 0Охрид 5016, Активни 20Штип 4960, Активни 3Струмица 4115, Активни 4Струга 2981, Активни 1Кочани 2792, Активни 3Кичево 2590, Активни 28Гевгелија 2195, Активни 2Неготино 2184, Активни 1Свети Николе 1523, Активни 0Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1226, Активни 6Радовиш 1161, Активни 5Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 1Дебар 941, Активни 2Виница 886, Активни 5Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 4Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 0Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

filipce-venko-29

Македонија на есен може да очекува нов бран на корона, стравува и Филипче

По поплаките на  пациенти дека не се закажуваат ургентни случаи за операција бидејќи медицинскиот кадар е на одмор, министерот за здравство Венко Филипче вели дека тоа не е вистина. Според Филипче  целовкупниот програм се одвива нормално. Доктори и сестри користат одмори, бидејќи не се знае каков бран на вирусот може да има во Македонија на есен, вели тој.„Во тек сум, тоа не е вистина. Целокупниот програм се одвива нормално. Итните случаи, заедно со малигните, не запреа ниту во вонредната ситуација лани. Точно е дека добар дел од лекарите ги користат старите заостанати годишни одмори. Лекарите и сестрите не беа повеќе од година дена на годишен одмор. Заеднички став и порака е да се користат старите одмори сега до крајот на јуни и во летните месеци. Организацијата е направена за воопшто да не трпи редовното изведување на интервенциите. Фокус ставаме здравствените работници да се одморат, бидејќи не знаеме што не чека на есен. Можно е да имаме нов бран, нов силен притисок, тие луѓе заслужуваат одмор. Но тоа не значи дека програмот за операции – трпи“, рече Филипче.За новата мутација на Корона вирусот Филипче вели:„Нова форма на мутација која може да биде позаразна од сегашните активни е присутна насекаде. Но, што е многу важно, дека буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот. Епидемиолошките анкети покажаа дека нема потреба од дополнителни мерки“, додаде Филипче.

Македонија | пред 4 години

evzoni

Измени во протоколот за влез во Грција за македонските државјани

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска (19.06.2021 година), од 06.00 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа.Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а  постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. Електронската најава  на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.Како и досега, на ГП Евзони Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.

Македонија | пред 4 години

8

Средба на претседателот Пендаровски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх.На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, претседателот Пендаровски ја истакна важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.Истовремено на средбата беа разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската Унија, при што Патријархот Вартоломеј нагласи дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.

Македонија | пред 4 години

despotovski

Деспотовски: Не може со 12.000 денари плата да очекуваме германска работна дисциплина

Резултатите од работата во ТИРЗ се видливи, но прашање е дали ќе ни биде поважно да се сликаме со црвени панделки додека сечеме ленти или, пак, ќе покажеме дека сакаме да направиме нешто за целата држава и умееме да придонесеме за раст на платите преку привлекување на квалитетни инвестиции – истакна Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио мрежата Канал 77.„Повеќе не се претставуваме како земја со евтина работна сила, бидејќи важен ни е секој човек и се стремиме да овозможиме достоинствен живот за секого. Овие промени се препознаени од страна на инвеститорите, па затоа само во првите пет месеци од годинава веќе потпишавме договори со 5 компании чии вкупни инвестиции треба да достигнат над 65 милиони евра. Исто така, со новиот концепт на привлекување инвестиции кој изминативе неколку месеци го применува ТИРЗ, успеавме да поттикнеме интерес кај повеќе од 30 компании за обем на инвестиции над 425 милиони евра, како и нови 8.500 работни места“, потенцираше Деспотовски.Деспотовски посочи дека Дирекцијата се стреми да привлече компании од различни индустрии и профили што е долгорочен национален интерес и ќе даде отпорност во моменти на кризи како оваа што е предизвикана од коронакризата.„За успешноста и довербата во новиот концепт кој го воведовме во ТИРЗ говори и фактот што за многу брзо, јавно ќе биде потпишан Договор за инвестиција вредна повеќе од 100 милиони евра. И тоа ќе биде досега највисоката директна инвестиција која се случила од основањето на ТИРЗ во изминативе 20 години. Јас сум човек кој ја базира својата работа исклучиво на резултати и бројки, па оттука слободно можам да кажам дека со паметниот пристап со кој неодамна започнавме резултатите за кои биле потребни 20 години, во ТИРЗ ќе ги постигнеме во период од само 3 или 4 години“, истакна Деспотовски во гостувањето на „Канал 77“.Огромна важност посветуваме и на рамномерниот економски развој со цел сите граѓани да ги почувствуваат бенефитите од инвестициите, а не тоа да биде случај само за граѓаните на главниот град. Започнавме соработка со општините со цел заедно да креираме подобри услови за сите компании кои сакаат да инвестираат.„И практично ги изедначуваме условите за државна поддршка за домашните и странските инвеститори. Инвеститор е инвеститор, а разликата дали и колку ќе го поддржиме ја правиме единствено според условите за раст на платите кои ги нуди, како и бизнис планот во делот на добивката, односно колку пари преку даноци и други давачка ќе инкасираме како земја од таа инвестиција. Домашните компании кои имаат потенцијал да инвестираат и да се развиваат треба да ги поддржиме без разлика дали се во ТИР зоните или надвор. И тие вработуваат, обучуваат и учествуваат во вкупниот извоз на државата“, истакна Деспотовски.Инаку, компаниите во ТИР зоните учествуваат со 47% во извозот, а обемот на економска размена во 2020 година изнесуваше 3,4 милијарди евра. Најголемиот обем на извоз е забележан во 2019 – 3,7 милијарди евра. Оваа година во првиот квартал имаме 84% раст во однос на истиот период лани и според Деспотовски ,оваа година сигурно ќе заврши со 4 милијарди евра. И покрај пандемијата, во компаниите во ТИР зоните работат над 14.000 вработени, а оваа бројка бележи и постојан стабилен раст.

Македонија | пред 4 години

francija-korona

Поразително за Македонија: 7.500 повеќе умрени од родени за време на вториот и третиот бран од короната

Бројот на починати во последниот квартал до 2020 година и првиот квартал од 2021 година е за 7.559 поголем од бројот на живородени деца во истиот период, според податоците на Државниот завод за статистика, пишува СДК.мк.Овој период од октомври минатата година до март годинава ги опфаќа вториот бран на пандемијата на коронавирус и екот на третиот бран.Според официјалните бројки на Министерството за здравство, во овој период (октомври-март), од компликации поврзани со ковид-19 починале 3.067 лица.Прочитај се на СДК.мк

Македонија | пред 4 години

apsaiev

(ФОТО) Апасиев: Сфаќаш дека буџетот е празен кога...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев овојпат преку фејсбук статус се осврна на полициските контроли, кои се се позачестени во Македонија. Тој смета, дека тоа е резултат на празниот буџет. Од МВР, со денови кажуваат дека има по стотици казнети граѓани поради непочитување на ограничување на брзината и други сообраќајни правила.„Сфаќаш дека буџетот е празен, кога од Велес до Штип има три џандарски радари“, напиша Димитар Апасиев.

Коментари | пред 4 години

large_88RQHL5U8fXQTvu9

Да се знае: Македонците го испиле „цело пиво“ во Букурешт!

Првите два натпревари, Македонија ги одигра во Букурешт, на 13. и 17.јуни против Австрија односно Украина.Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.Според овие извори, за четири дена, македонските навивачи испиле помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво.Во само пет барови, во стариот дел од градот, навивачите испиле три цистерни со пиво. Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри.

Магазин | пред 4 години

plaza-grcija

Познати земјите каде Македонците ќе одмораат годинва, цените поскапи од минатите години

Со намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поголемиот број на вакцинирани и олеснувањето на условите за патување, полека се зголемува интересот на македонските граѓани за летување. Туристичките агенции кои ги контактираше МИА велат дека интерес има, особено за туристичките места во кои традиционално летуваат македонските граѓани.Атрактивни за летниот период остануваат Грција, Турција и Албанија.Генерално, негативниот ПЦР тест или сертификатот за вакцинација се задолжителни, освен за Албанија и Црна Гора, каде засега на граничните премини не се бараат посебни документи за влез во земјата. Црногорските власти дури најавија дека целосно на државен трошок ќе биде покриено и болничкото лекување доколку некој турист заболи од Ковид-19.За патување кај јужниот сосед, како можност за влез, остануваат и досега познатите правила задолжителен сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето. Како опција за влез останува и приложувањето на потврда за прележан коронавирус. Новата опција, односно негативниот резултат од брзиот тест треба да биде направен до 48 часа пред пристигнувањето во Грција. Задолжително е и пополнувањето на PLF формуларот кој може да се најде на сајтот https://travel.gov.gr. Овие обврски ќе важат за сите лица со наполнети 12 години и постари.Годинава, според информациите од туристичките агенции, цените за сместување се за нијанса поскапи од порано.За Грција, се нудат аранжмани од наеми за студија до хотелски сместувања, додека аранжманите за Турција главно се за хотелско сместување со четири или пет ѕвездички, со чартер летови или автобуски превоз вклучен во цената. Во Албанија, може да се најде приватно сместување, додека во хотелите најчесто сместувањето е на база ноќевање со појадок. Во Црна Гора, според најавите на туристичките организации од оваа држава, цените ќе бидат исти или слични како во 2019 година.За поегзотичните патувања како оние за Малдиви, Занзибар, Бали, Сејшели и Куба, интересот е помал, велат од туристичките агенции.

Магазин | пред 4 години

granica

Оваа слика е опис на нашата држава: Илјадници македонци на ревакцинација во Србија

Илјадници македонски државјани денеска и утре се ревакцинираат во соседна Србија. Најголем дел од нив ја примија првата доза вакцина кон крајот на месец март и добија термини за ревакцина по 12 недели со вакцината на „Астра Зенека“.Станува збор за лица помлади од 60 години кои немаа можност да се ревакцинираат во државава со „Астра Зенека“, додека оние граѓани кои се вакцинираа во странство со вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“ и „Спутник“ можеа да добијат термин за ревакцина во земјава.Според информации од АМСМ утринава се чека од 30-40 минути за излез од државата на граничниот премин „Табановце“, а километарски колони возила имаше и во текот на вчерашниот ден.

Македонија | пред 4 години

kokain

Македонски државјанин фатен со 300 килограми кокаин „Чикаго булс“ и ПСЖ

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот моден бренд „Диор“ се запленети во Драч при контрола на македонски камион кој превезувал железо, соопшти албанската полиција, а пренесуваат регионалните медиуми.Спорет РТС, кокаинот бил скриен во шасијата на камионот кој превезувал железо.Полицијата го уапсила возачот кој е македонски државјанин.

Македонија | пред 4 години

18062021_PVRSM_Zaev_Krivokapic_Sredba_1

Заев и Кривокапиќ: Северна Македонија и Црна Гора се извонредно пријателски земји, соработката ќе се интензивира уште повеќе

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен Балкан во Виена со билатерална средба со црногорскиот премиер Кривокапиќ.Двајцата премиери ги потенцираа извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во Црна Гора и Северна Македонија.Заев и Кривокапиќ изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките.На средбата се разговараше и за меѓусебно искористување на искуствата во секторските области од работата на Владите и институциите со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните.

Македонија | пред 4 години

18062021_PVRSM_Sredba_Avstriski-kancelar_1

Заев и Курц: Расте економската соработка меѓу Австрија и Северна Македонија, а имаме и заедничка обврска да ја обезбедиме европската иднина на Западен Балкан

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Никола Димитров оствари билатерална средба со австрискиот канцелар и домаќин на Самитот за Западен Балкан во Виена, Себастијан Курц.Премиерот Заев упати благодарност за огромната поддршка на Австрија за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабри канцеларот Курц да продолжи со извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите кандидатки да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки да ги исполнат своите ветувања кон земјите од Западен Балкан.Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ и да ја интензивира сопствената и регионалната европеизација преку отворањето на поглавјата низ преговорите, е една од заедничките констатации од разговорот.Заев и Курц изразија задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Северна Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.

Македонија | пред 4 години

policija-policaec-3

Триесет и осумгодишен штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија. Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа во 23:41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот М.Е. од Штип.– Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип, се вели во соопштението од СВР-Штип.По насоки на Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција, по што ќе се утврди дали станува збор за насилна или станува збор за природна смрт или пак за несреќен случај.

Македонија | пред 4 години

18062021_PVRSM_Zaev_samit_Zapaden_Balkan_pres-konferencija-2

Заев: Важно е политичките гласови за европските вредности да бидат погласни, нашите резултати и капацитети за почеток на преговорите со ЕУ се неспорни

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц.На конференцијата за новинарите, премиерот Заев информираше дека во македонско-бугарскиот пријателски дијалог, е направен голем европски исчекор и изрази силно уверување дека низ овој процес, наскоро, Западен Балкан на Европа ќе и донесе нова позитивна вест.„Ја враќаме довербата меѓу двете држави и меѓу нашите многу блиски, би рекол братски народи. И барам поддршка од сите вас на тој пат. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот“, подвлече премиерот Заев.Премиерот Заев истакнувајќи ја политичката поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан, која тој лично ја добил при средбите со европските лидери, како и сите највисоки претставници на Европската Унија, подвлече:„Во таа насока, сега е многу важно и во пресрет на конференцијата „Иднината на Европа“ политичките гласови за вредностите на обединета Европа, како во земјите-членки на ЕУ, така и во земјите за проширување да бидат многу погласни“.Премиерот Заев повтори дека Република Северна Македонија е јасен пример за тоа дека европската перспектива е силна и јасна порака која има големо значење за одржување и засилување на темпото на спроведување на реформите во државата, кои носат конкретни придобивки на граѓаните и го подобруваат квалитетот на животот.„Во март минатата година, Советот на ЕУ едногласно даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија, вклучително и Бугарија потврди дека нашите резултати и капацитети, и нашата подготвеност за почеток на преговори се неспорни.Затоа бараме, ЕУ да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетски различности на нациите на Европскиот континент“, порача премиерот Заев на прес-конференцијата во рамки на Самитот за Западен Балкан, кој на иницијатива на австрискиот канцелар Курц се одржува во Виена, Австрија, притоа повторувајќи дека Владата на Република Северна Македонија останува на истиот стратешки колосек, испорача полноправно членство во НАТО, а ќе ја придвижи и земјата и кон Европската Унија.

Македонија | пред 4 години

w_56089451

Денеска се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19 и починати две лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од:Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2 и Кичево – 1.Регистрирани се две починати лица: од Скопје (80г) и Куманово (73г).Пациентите се починати во болнички услови.Направени се 3.680 тестови преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-42, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–21, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-3, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–25, МАНУ-91, Жан Митрев (Филип Втори)-212, Авицена-490, Биотек-602, Систина-123, лабораторија Лаор-209, Синлаб-48, Ремедика-40, Плодност–109, Генеа–111, Никоб лаб-635, ВФВ Медикал-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 622.Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68636, Активни 158Куманово 8878, Активни 48Прилеп 8325, Активни 33Тетово 7240, Активни 31Битола 6304, Активни 15Велес 5471, Активни 3Гостивар 5181, Активни 14Кавадарци 5153, Активни 0Охрид 5016, Активни 24Штип 4960, Активни 3Струмица 4115, Активни 8Струга 2981, Активни 4Кочани 2791, Активни 4Кичево 2589, Активни 33Гевгелија 2195, Активни 2Неготино 2184, Активни 3Свети Николе 1523, Активни 0Ресен 1234, Активни 0Крива Паланка 1226, Активни 6Радовиш 1161, Активни 5Берово 1029, Активни 0Делчево 973, Активни 4Дебар 941, Активни 2Виница 886, Активни 5Пробиштип 789, Активни 0Валандово 666, Активни 1Богданци 494, Активни 0Крушево 490, Активни 1Демир Хисар 400, Активни 3Демир Капија 396, Активни 0Кратово 377, Активни 4Македонски Брод 359, Активни 1Пехчево 268, Активни 0Македонска Каменица 249, Активни 1Дојран 132, Активни 0фото: Архива

Македонија | пред 4 години

evropski-makedonija

По реакциите на Грција за дресовите, Заев најавува промена: Треба да биде јасно дека е репрезентација на Северна Македонија

Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во писмената изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.Изјавата на премиерот Заев е по реакциите во Грција за амблемот на ФФМ на дресовите на нашите репрезентативци.-Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација на првенството ја претставува Северна Македонија. Дури и Федерацијата да не е јавен ентитет, националниот тим е. Како што е во сите земји во светот. Па така, јасно е и треба да биде јасно на сите нивоа дека е репрезентација на Северна Македонија, ирелевантно од иницијалите на Федерацијата на дресовите. Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА, вели премиерот Заев.Претседателот на Владата на Северна Македонија во изјавата додава дека „имплементацијата на Договорот од Преспа е работа во тек и нашата цел е постепено да најдеме решенија со соседите кои го спроведуваат Договорот и да нè придвижат напред врз основа на соработката и взаемното почитување“. 

Македонија | пред 4 години

18062021_PVRSM_Zaev_samit_Zapaden_Balkan-3-800x499

Заев: Во 2021-ва да направиме силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ

Да ја направиме 2021-ва, година на силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ, рече премиерот, Зоран Заев, кој денеска присуствува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц.Премиерот Заев во рамки на Самитот, учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак.Во своето обраќање, на пленарната сесија, Заев истакна дека дебатата се случува во клучен период од повеќе причини кои постојат и во Европската Унија и во регионот Западен Балкан.„Со новата Европска комисија, која ја продолжува искрената определба за проширување на претходната, и со лидерите на земјите членки на Европската Унија кои ја прифатија новата методологија за проширување, оваа стратешка цел на ЕУ доби повторна виталност која не смее да се загрози со натамошни одлагања на сериозни и конкретни чекори кои се однесуваат на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан“, рече Заев оценувајќи дека Северна Македонија, со Грција покажа дека е возможно и од процес на недоразбирање да излезат како посилни пријатели и изрази уверување дека тоа е возможно и со Бугарија.Премиерот Заев оцени дека сега постои една солидна политичка поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан, која нему лично му ја потврдиле повеќемина европски лидери, како и сите највисоки претставници на Европската Унија, за време на неодамнешната посета на Брисел.Тој изрази задоволство од препознавањето на важноста Западен Балкан да биде дел од иднината на Европа.„Затоа да ја направиме заеднички 2021 година како година за паметење, година во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

3-1

(ФОТО) Охрид SOS: Како се бетонира брегот?

Во Општина Струга дивоградби нема. Стоп. Радожда е постара од УНЕСКО. Стоп. Инспекциските служби известени. Стоп. Никој не презема ништо. Стоп, стои во објавата од Охрид SOS.извор: Охрид SOS

Македонија | пред 4 години

pistol_001

Дебарчанец тешко ранет со огнено оружје

А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста на повредите, по укажаната прва помош во Општата болница, е транспортиран на лекување во Охрид.Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Баки Алили, А.И. имал прострелна отворана рана во горниот десен дел на абдоменот и во горниот дел на десниот бубрег.Немилиот настан се случил на улицата „Вељко Влаховиќ", во близина на Саат кула џамијата, а едно лице, осомничено за „убиство во обид", е приведено.Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид". Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.извор: МИА

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

МВР поднесе кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).„МВР достави известување до ЗНМ дека е поднесена кривична пријава против А.Е.(36) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против новинари. Одговорот на МВР во врска со овој случај е за поздравување, а следен чекор е итна проактивност од страна на обвинителството, а потоа и судот со цел оние кои ги прекршуваат правата на новинарите да бидат соочени со правдата“, велат од ЗНМ.На 22 март од страна на Здружението на новинарите на Македонија беше поднесено барање за постапување по пријави за закани по безбедност на новинари и медиуми на „Фејсбук“. Станува збор за случај во кој од профилот на оваа социјална мрежа именуван како Арбен Есати беше објавена содржина проследена со експлицитни закани кон новинари и медиумски работници од медиумите: Без Цензура, ТВ 21, Газета Експрес, Тетова Сот , Коха ТВ, Коха Њуз, Куманова Сот, ТВ Шења и Лајми Пресс.„Ваквата објава од лицето Арбен Есати предизвикала чувство на страв и несигурност од загрозување на животот на дел од новинарите од овие медиуми и на членови на нивните семејства. По ургенцијата од страна на ЗНМ а во координација со дел од новинарите кои се засегнати од овој случај беше доставено образложено барање до МВР за итно спроведување на истрага“, велат од ЗНМ.Од таму истакнуваат дека ова е прв посериозен случај за повреда на правата на новинарите кои го регистрира ЗНМ во 2021 година.Во 2020 година ЗНМ бележи вкупно 14 напади и сериозни закани кон новинарите, а само еден случај имаше судска разрешница.

Македонија | пред 4 години

pandev33-1400x781-1

Ангеловски и Пандев го прекршиле ригорозниот ковид-протокол

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против Украина, го прекршиле ригорозниот ковид-протокол.Македонија, вчера доживеа пораз од Украина (1:2). До крајот на првенството, Македонија ќе гостува кај Холандија на 21.јуни.Ангеловски и Пандев, со сопругите, биле на вечера во луксузен ресторан.  Моментот го „уловиле“ романските медиуми.Прашање е дали и како ќе реагира УЕФА, бидејќи селекторот и капитенот ги прекршиле ковид-протоколите и го напуштиле „меурот“.

Македонија | пред 4 години

17062021_PVRSM_Zaev_sredba_Janev_pres-konferencija-7

Што содржи „конкретниот предлог“ на Заев до Софија?

Што содржи „конкретниот предлог“ со кој македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев дошла на средбата со привремениот бугарски премиер Стефан Јанев? Информацијата дека на масата е доставен конкретен предлог, вчера ја објави бугарскиот премиер, објави dw.com. „Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог, кој ќе го разгледаме сеопфатно и професионално во наредните денови. Сега ни е приоритет да создадеме атмосфера на доверба, пријателство и на дијалог, што ќе им помогне на нашите експерти и политичари да дојдат до решение“, порача Јанев по вчерашната средба.Додека во македонската јавност не се споделени никакви детали за предлогот, во бугарски медиуми веќе се шпекулира.Под наслов „Компромисот на Заев: Говориме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни“, весникот „24 часа“ повикувајќи се на владини извори открива дека тоа била една од петте формулции содржани во предлогот, кој македонскиот премиер Зоран Заев го донел на средбата со бугарскиот технички премиер Стефан Јанев.„Според извори на '24 часа' од бугарската влада, гостинот предложил пет варијанти за компромис, кои треба да влезат во политичката декларација. Меѓу нив имало и формулација за јазичниот спор, која гласела дека Бугарите и Македонците говорат истовремено на ист јазик, но и на различни, кои се светски признати одделно. Се предвидувала и декларација дека двата народа се братски", објави „24 часа“, пренесувајќи го и одговорот на премиерот на Јанев дека „ќе започне интензивна дискусија за предлозите уште денес“.Весникот „Труд“, пак, кој пишува дека македонскиот премиер пристигнал во Софија со предлог за нова патна карта, објави за наводно условено ветување на македонскиот премиер, пишува dw.com. „На неговата средба со техничкиот премиер Стефан Јанев, Заев ветил дека ако на средбата во Брисел на 22 јуни го поддржиме почетокот на преговорите со РСМ, потоа тие ќе ги направат неопходните компромиси за спорните историски теми. Заев истакна дека очекува нов поттик во работата на заедничката историска комисија. Вториот предлог, кој премиерот на РС Македонија го ставил на преговарачката маса, било забрзување на железничкиот проект Гуешево-Скопје“, објави „Труд“.Посетата на Заев на Софија се реализираше по еден ден откако бугарското Министерство за надворешни работи во средата објави дека Владата ја одобрила позицијата на Бугарија за европската перспектива на РСМ, со која земјата ќе учествува на состанокот на Советот за општи работи, што ќе се одржи на 22 јуни 2021 година во Луксембург.Заев во Софија побарал средби со лидерите на четирите водечки партии од 45-то национално собрание. Прифатија само Бојко Борисов (ГЕРБ) и Корнелија Нинова (БСП), а лидерите на ДПС и „Има таков народ“ го одбиле поради предизборни ангажмани. Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, вчера ги нарече „небитни“ лидерите на ГЕРБ и БСП со кои се сретна Заев, укажувајќи дека тој морал прво да се сретне со бугарскиот претседател и премиер, а не со двајцата партиски лидери. Текстот во целост на: dw.com. 

Македонија | пред 4 години

Vilma

Ременски: Ќе објавам слика од кафанска истражна дружба на Русковска со познати лица во мини ресторанче

Еден кумановец кој ќе го поштедам од јавно објавување, заради големата доверба што ја имал во Вилма Русковска, деновиве ми пишал: „До дек не виду не верују“.Не го убедував, само го прашав: „А к'д ќе видиш, што ќе направиш?“. Нема одговор, Напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на Ременски во целост:Во ова лежи суштината на нашиот менталитет кој под чизмата на пропаганда, самоцензурирани медиуми и трач-чаршија не сака да размислува, логицира и да прима вистина, туку да види.Му кажав дека, не е добро за неговиот интелект да не ги прочита и да се обиде да ги „сконта“ пишувањата за „Подемот и падот на Вилма Русковска“, пред да види СЛИКА/И и „да поверуе и да га види падање“.📯 Да не се крене предвреме „востание“ му реков дека, по маалските слави во моето село Бардовци, ЕКСКЛУЗИВНО за почеток ќе објавам една 📸 слика од една „професионална , пардон – кафанска истражна дружба на Вилма Русковска со познати лица во едно мини ресторанче“ 🎶➡️ Кога сме кај маалските слави, не знам дали Вилма и адвокатот на Камчев (Антонио Апостолски и брат му) ќе го посетат кираџијата во село Бардовци - Горан Николовски Џони❓Можеби треба, на комшиско-кираџиска база - тој им е доушник, креатор, помагач и асистент во скоро сите случаи (од времето до денес) во кои таа е обвинител, а тие бранители ..., до Рекет и како заштитник на сите пара-институционални инсталации на неговите шефови – Мијалков и Камчев.➡️ Не дечки, од овие епитети погоре не го замислувајте Џони како „опасно мажиште со јајца“. Замислете го како, мало уплашено човече и извршител на мафијата и како беден „транзициски професионалец“ кој преку лажни претставувања за својата „незаменливост“ е синоним за главен заштитник на најголемите шпиунски инсталации во Македонија – од Будимпешта преку Београд до Атина, и од Тирана преку Скопје до Софија. Она американското и британското што „си го прилепува“ за да изгледа голем е таа јадица на која се фатија безбедносно неписмените политичари и бизнис ориентираните „безбедњаци“ од пред 27 Април до пред извесно време❗❎ Џони не слави Тројчин-ден тој не е „сељак од Бардовци“ – тој е „кираџија + комшија на адвокатите Апостолски во домазетовското маало“.❎ Нему грчката митологија и „тројанските коњи“ му се икони и специјалност.Еден таков „тројански коњ“ во кој ги напика сите “транзитери“ налик на него, го оседла со досието КРИК и го воведе во место и време кога требаше да расчисти со режимот, со неговите оставштини и со 27 Април. Но, како Џони да расчисти „сам са собом“ беше прашањето на кое не можеше и не смееше да одговори тогаш.Сега не мора – знаеме. Но, тогаш имаше многу преземени и неисполнети задачи. Со логистика на вечниот заменик на Мијалков – Сиљан Аврамовски изглуми „поголем комуњар од комуњарите“ и „поголем патриот од уставобранителите“❗➡️ Просто е неверојатно да можете да знаете во целост како функционира тој полусвет на паразити, извршители и лажни величини. Тие воопшто не ме чудат. Ме зачудуваа и ме чудат оние кои не сакаа и не сакаат да разберат дека „причината за болеста, не може да биде лекот“ или во превод „тој што бил/е извршител на антисистемот и заробената држава не може да гради систем и да ја ослободува државата“❗✅ Дел од овој крстозбор ќе оставам да го реши мојот другар Љупчо Николовски задолжен за борба против корупцијата во Владата.На многу аргументиран и едноставен начин ќе треба да ја потсети Антикорупциска комисија конечно да го реши две години чуваниот во фиока предмет за Џони по моја пријава како пратеник.Со несоборливи факти и потврди од УЈП дека, поранешниот директор на УБК именуван од Владата живеел и живее во куќа на адвокатот на Камчев и Мијалков – Антонио Апостолски, а можеби ќе открие и дека единствениот матичен не бил единствен (⁉️).✅🚩Решението на ова корупциско прашање ќе помогне за расчистување на рекетарско-кираџиската врска и ќе открие кој за кого снимал, што снимил и каде се парите од fucking Витон торбата која другарката на Џони – „никогаш не ја најде“. Да, да – сите ја видовме на Ла Верита, но само двајца знаат/знаеја каде е ⁉️❎ Да не ми се земе за зло, ама скопска јавна тајна е дека основната јавна обвинителка која „у поим го уби fucking организираниот криминал во Македонија“(⁉️) многу свои „професионални“ средби ги има во најмалку три кафанчиња во Скопје.Да се разбереме, кафана не е лоша работа до момент додека не почне да се кажува: „кој што ти може“, „кој што не ти може“, „кој на кого што“, „како ти на кого“, „како кој со кого“, „како ти на нив“ итн.За дуетот „Шеќерна, Шеќерна“ со Боки треба и да се пофали во споредба со друго❗❎🚩Џони, Апостолски, Вилма, Лазе и три жени, од кои најмалку една новинарка до скоро сакаа кафани. И сега сакаат, ама по можност никој да не ги види.Нивото и целта на овој статус не е да кажам „кој со кого и од кога“, туку „математички прецизно“ да ги предочам каузалните (причинско-последичните) врски помеѓу антисистемските елементи во „Вилминиот филм за fucking борба против криминал“❗Ова не значи дека не знам „кој со кого“ итн., но значи дека нема да применам „познат езопски стил“.❎🚩Токму зад тој „стил“ се криеше „подрумската операција на споменатите + 10 лица“, купче пари за пропаганда, средбите по станчиња со странски разузнавачи и новинарски проститутки. Сериозен пишувач сум за да се занимавам со „очајни домаќинки, штиркање бел веш , проститутско разузнавање и држења секој-секого за јајца“❗❎🚩Но, баш во тој стил - кафански и „домаќински“ - еден студен ноемвриски ден кога по притворите на Мијалков и Камчев за случајот „Империја“ додека го крчкаа стратешкото бегство на Никола Груевски (по познат рецепт за „гулаш“), ја седнаа Вилма Русковска на „катапултот“ за лансирање на местото „шефица на ОЈО за ГОКК“❗❎ Карапултот беше центриран да добаци до безбедносно неупатените и бизнис-ориентираните „безбедњаци“, за да бидат здружено и „случајно“ едногласни за сервирање на Вилма за шеф на ОЈО за ГОКК. Која Вилма❓Па, онаа која „се побуни против Зврлевски, Мијалков и Груевски – режимот чиишто слуга беше лично и персонално“.❎ За да биде повпечатливо без фотографија, ја разбирав смислата на „од Митров-ден за Аранѓелов-ден“.🚩Од овие фаци кои на Камчев и Мијалков сеуште им се претставуваат како спасители цел Суд и пола обвинителство знае дека „Камчеви имаат куќна слава на 21 Ноември“ и дека, ако пред тоа не киднал Груевски, Орце ќе си бил дома за куќна слава❗Така не морала да се појави потреба да се руши СЈО, да се бара освета, Џони да добива „статус“ и да заглибуваат во обвинителско глупирање кои денес и најскапата пропаганда не може да го покрие❗❎ Груевски беше и по црквите и по плацевите и по тендерите и по провизиите, но нив им ги остави под хипотека на домородните азиланти кој тој ги теши од надвор. И Вилма "не сака да се знае како ѝ започна шефовската кариера со него", зошто треба да не сака да знае❗📯 Но, затоа „транзициските професионалци“ кои учествуваа во рушење на правосудна институција и организирано прикривање на криминал, шпионажа и што ли уште не се гаранција за сите кои „најмногу неа ѝ веруваат“❗👉 Продолжува:☢ Каква топка ѝ „набаци“ Џони на Вилма за 27 Април❓☢ Како Вилма го сокри Џони од Рекет❓☢ Зошто Вилма не ја повика Шеќеринска на исказ за Рекет❓Одам на пиво ...Фото: ФБ Фросина Ременски

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања