Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ohrid-1

Се тресеше Охрид, жителите вознемирени од земјотрес

Земјотрес почуствуван во Охрид и Битола. Жителите на двата градови велат дека силно се тресело тлото повеќе од пет секунди.Според првичните информации, епицентарот на силниот удар во Грција, на стотина километри од Елбасан, Албанија. Земјотресот е со јачина од 5.2 според Рихтеровата скала.На овој земјотрес, претходел и друг потрес во Грција од 3.5 степени.

Македонија | пред 5 години

boneva

Бонева за Фокус за 9-те сообраќајки: Од откажување на волан до перика во ауспух!

Вчера се изведуваа доказите на Обвинителството, помеѓу кои имаше 53 фактури, сите платени од моја страна од еден овластен сервис каде го поправав автомобилот во Скопје, кои го потврдија моето континуирано патување, поправките и сервисирањата на возилото, вклучувајќи ги и поправките по деветте сообраќајки кои ги доживеав во периодот од 2011 до 2015 година – вели поранешната пратеничка Силвана Бонева, која тврди дека е апсурдно СЈО да ја обвинува дека не патувала и ги измамила службите, бидејќи наводно била сместена во стан во Скопје, објави ФОКУС.МКОколу информацијата дека имала дури девет сообраќајни незгоди во рок од четири години, која предизвика низа на прашања во јавноста околу тоа како се случиле, и кој го управувал возилото во време кога се случувале сообраќајките, за ,,Фокус” таа ја појаснува целата хронологија на настани.Вели дека два автомобили завршиле на отпад бидејќи биле целосно уништени, се случило друго возило да ја брка и да ја турка од патот, лонецот во ауспухот и бил наполнет со прамени од перика, гумите и биле засечени во облик на крст, и откажал воланот… Некогаш таа управувала со возилото, а некогаш нејзиниот сопруг, речиси секојдневно, на релација Струмица – Скопје – Струмица.Текстот во целост на: ФОКУС.МК

Македонија | пред 5 години

andonovski

Андоновски: Со лажните пасоши кои СДСМ ги делеле на светски криминалци се случувале убиства во Европа

Седат Пекер вчера изјави дека одлично стои со лидерот во Македонија, односно премиерот. Никој не демантираше дека немале средби, а тој сам се фалеше. Сликите говорат и дека имал средби со коалициони партнери на СДСМ. Фактите говорат и дека за пасош се сликал кога е СДСМ на власт, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Топ Тема на Телма.Андоновски истакна дека во Македонија повеќе се одговара за украдени 10 ќебапи , отколку за производство на лажни пасоши на светски криминалци.- Со тие пасоши извршени се и убиства во источна Европа. Човекот кој ги правел пасошите одговара за 2 години, а некои и добија помалку, а не одговараа за фалсификување или крадење на лични податоци, рече Андоновски.Според него ова што се случува не е недостаток на системот, бидејќи во друг случај видовме како министерот за внатрешни работи се фотографира пола подземје од Сарај и Сингелиќ во однос на акцијата „Планина“ која беше пробиена три дена претходно.- Со новата методологија на ЕУ нема да смее да ни се случуваат спорни набавки во МВР, затоа што ЕУ ќе има увид и ќе реагира. На пример градоначалник прави поткуп на избори, никој не го санкционира, не се процесуирани ни 30 кривични од изборите, на такви работи ЕУ ќе алармира и нема да смеат да ни се случуваат примери како Ден Дончев и Рашкоски, нагласи Андоновски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

apasiev-sobranie-1

По скратена постапка го усвоен Закон за дивоградви - може да се легализираи во Национални паркови и заштитени зони

Собранието на денешната седница по скратена постапка го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти со 72 гласа „за“, 3 „воздржан“ и 5 „против“. Законот го поддржаа пратеници и од власта и од опозицијата. Законот предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, т.е. осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“ и нема рок на важење, односно ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно тој закон, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.Од овој закон се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.Но, законот вклучува гаражи, остави, па дури и базени, изградени без дозвола за градба. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во заштитени подрачја, како национални паркови, природни резервати, споменици на природата, подрачје на заштитено недвижно културно наследство, како и во прва и втора санитарно-заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган.Како „казна“, сопствениците на дивоизградените објекти за легализацијата ќе треба да платат за 50% поскапи комуналии од она што би го платиле ако имале дозвола за градба. Текстот во целост на:  САКАМДАКАЖАМ.МК.

Македонија | пред 5 години

semafor

Полицаец исклучувал семафор и добил струен удар

Вчераутро на крстосница во близина на скопскиот Саем, полицаец добил струен удар во моментот кога се обидувал да ги исклучи семафорите на крстосницата, соопшти МВР.- На 10.05.2021 околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, се здобил со повреди, при исклучување на семафор (струен удар)“, велат од полицијата.Тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, се додава во соопштението од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

5-1

Координативен состанок за превенција на можни пожари на отворен простор

Во пресрет на сезоната на можни пожари на отворен простор во државата, денеска, (11.05.2021), под раководство на в.д. директорот Стојанче Ангелов, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше реализиран работен состанок на тема „Комуникација, координација и соработка со субјектите од системот за управување со кризи во делот на превенцијата, раното предупредување како и справувањето со пожарите на отворен простор за 2021“.На работниот состанок, покрај вд директорот на ЦУК, Ангелов, присуствуваа претставници на дел од институциите коишто имаат надлежност во справување со пожари: командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, претставници на МВР/БЈБ – Единица за подготовка и постапување со сложени безбедносни и кризни состојби, Дирекцијата за заштита и спасување и директорот на ЈП „Национални шуми“.При работната дискусија беше потенцирана потребата од итно и навремено известување, комуникација и координација како важен сегмент во фазата на рано предупредување и превенција од пожари во Систекот за управување со кризи (СУК). Навремената реакција и справување со појавен пожар во голема мера ќе ја намали потребата од интервенција со поголеми сили и средства, ако известувањето биде навремено, точно и прецизно и локализирањето ќе биде извршено пред проширување на пожарот со вклучување на помал број човечки и материјално - технички ресурси.На состанокот беа елаборирани и сите проблеми и недостатоци со коишто субјектите во СУК досега се соочуваат при појавата и справувањето со пожарите на отворен простор, а за кои се уште не е изнајдено соодветно решение, со цел истите да се надминат во најбрз можен рок.

Македонија | пред 5 години

w_56674011

26 починати и 171 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на КОВИД-19 во:Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен – по 4, Кавадарци – 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица - по 2, Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.Регистрирани се 409 оздравени пациенти од:Скопје – 171, Прилеп – 39, Куманово – 37, Битола – 36, Тетово – 15, Велес – 13, Гостивар – 12, Кичево – 11, Штип – 10, Струмица – 9, Кавадарци и Радовиш – по 8, Крива Паланка – 6, Охрид и Кочани – по 5, Виница и Демир Хисар – по 4, Дебар и Пробиштип – по 3, Неготино, Ресен и Богданци – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Делчево – по 1.Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г). Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.Направени се 2.357 тестови преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-47, ЦЈЗ Прилеп-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–0, МАНУ-71, Жан Митрев (Филип Втори)-369, Авицена-160, Биотек-199, Систина-173, лабораторија Лаор-169, Синлаб-41, Ремедика-39, Плодност–49, Генеа–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 524.Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 68039, активни 4785Куманово 8735, активни 844Прилеп 8249, активни 379Тетово 7174, активни 423Битола 6238, активни 642Велес 5451, активни 353Гостивар 5148, активни 266Кавадарци 5139, активни 207Охрид 4967, активни 374Штип 4943, активни 219Струмица 4083, активни 180Струга 2965, активни 126Кочани 2763, активни 136Кичево 2521, активни 224Гевгелија 2186, активни 156Неготино 2175, активни 128Свети Николе 1515, активни 92Ресен 1228, активни 178Крива Паланка 1216, активни 37Радовиш 1123, активни 88Берово 1025, активни 25Делчево 961, активни 67Дебар 935, активни 18Виница 866, активни 115Пробиштип 784, активни 20Валандово 664, активни 16Богданци 493, активни 33Крушево 491, активни 72Демир Капија 396, активни 15Демир Хисар 395, активни 53Кратово 360, активни 8Македонски Брод 356, активни 1Пехчево 265, активни 10Македонска Каменица 241, активни 18Дојран 132, активни 0 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

11052021_Koordinativno-telo_5

Владата ја поддржува и афирмира македонската фудбалска репрезентација и верува во успехот на нашите претставници на претстојното Европско првенство

Координативното тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020 година денеска го одржа првиот состанок, на кој уште еднаш е нагласена главната задача на ова тело. А тоа е да се спроведат активности и идеи за поддршка на фудбалската репрезентација на Северна Македонија пред и за време на одржувањето на Европското првенство.На состанокот се зборуваше на три клучни теми, функцијата и важноста на Координативното тело, спортската дипломатија како и логистичкиот план поврзан со патувањата на фудбалерите и навивачките групи во услови на пандемија.„Македонската фудбалска репрезентација за прв пат учествува на Европско првенство во фудбал. Оваа историска можност треба да биде поддржана и од наша страна. Координативното тело ќе се заложи за промоција и целосна поддршка на нашата репрезентација. Верувам во успешна реализација на нашата замисла“, рече на состанокот претседателот на Координативното тело Наумче Мојсовски.За време на состанокот преовладуваше афирмативниот став дека учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство претставува одлична можност за афирмација на нашата држава и дека тоа е шанса за спортската дипломатија да одигра важна улога во остварувањето на нашите национални интереси и стратешки цели.На состанокот беше истакнато дека за остварување на овие цели се очекува силна институционална поддршка за активностите што Координативното тело ќе ги усвои за непречено спроведување на истите со цел поддршка за учеството на македонската фудбалска репрезентација на овој голем спортски настан.

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Јавен повик за субвенционирање на општински линиски превозна патници на подрачјето на општина Охрид

Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година („Службен гласник на општина Охрид “бр.09-11545/59 од 29.12.2020) и Правилникот за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид со бр.08-4086/81 од 28.04.2021 година, општина Охрид објавува Јавен повик за субвенционирање на општински линиски превозна патници на подрачјето на општина Охрид.Oпштина Охрид, со оваа програмска мерка има за цел да помогне на  стопанските дејности во услови на криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, и да ги  стимулира жителите на општина Охрид за користење на општински лниски превоз, како мерка која има мултиапликативен ефект…Повеќе на ohrid.gov.mk

Македонија | пред 5 години

opstina

Оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема

Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед 13 локацииПоставување фрижидери за продажба на сладолед се предвидени на следните локации:по должината на KEJ„Македонија“ вкупно 11 локации – 1(1а), 2(2а), 3(3а),4(4a), 5(5a), 6(6a), 7(7a), 8(8a), 9(9a),10(10a) и 11(11a)на плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација – 12(12а)на ул.,,Климент Охридски,, вкупно1 локација – 17(17а)На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со површина 4м2 Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година. II. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги – 5 локации:Локациите  за продажба книги се наоѓаат на просторот меѓу комплекс Летница  и ТЦ Амам, тротоар на ул. “Македонски Просветители” вкупно 5 локации (1,2,3,4,5)Продажбата на книги ќе се извршува на простор со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година. III. Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики – 4 локацииЛокациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта, вкупно 4 локации (1,2, 3 и 4)Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2021 година. IV. Локации за поставување урбана опрема (забава на отворено) – 5 локации:Поставувањето на реквизитите за забава предвидени сепо должина на улица Кеј Македонија пред Хотел “Палас” вкупно 5 локации (лок.1, лок.2, лок.3,лок. 4 и лок.5) со димензии 4.00м х 12.00 мГрафички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година.Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена. VI. Почетна цена за издавање на локација е:локација за фрижидери за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно по локација (на една локација може да се постават по два стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце);локација за продажба на книги со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;локација за продажбана уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;Локација за поставување на реквизити за забава со почетна цена од 250,оо (двестаипедесет) денари по м2 месечно.6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.6.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.6.3 Трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00(седумденари) од м2 дневно.6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III и IV ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.6.6 Поставувањето на урбаната опрема дозволено е да отпочне по добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.VII. Доставување на понуди7.1   Понуди можат да достават физички и правни лица, и тоаПравно лице кое има регистрирно деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка на стечај или ликвидација (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)физичко лице кое е жител на општина ОхридПравното или физичкото лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021.На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење локациите за поставувае на урбаната опрема на трети лица.7.2   Понудувачот треба да достави:Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mkУплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари. Уплатата се врши на следната сметка:Трезорска сметка:     100000000063095Уплатна сметка:        84015206553Приходна шифра:      723914 Програма 00 За правни субјектиПотврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение не постара од 6 месеци);Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид); За физички лицаФотокопија од лична карта§  Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид); Понудите по точките I, II,III и IV да бидат со важност од 90 денови.Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор. VIII. Начин на доставување на понудаПонудата треба да се достави во затворен плик со назнака:„НЕ ОТВОРАЈ“Општина ОхридКомисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 01/2021Дел:Локација бр.                  (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, НА ПРИМЕР  I – продажба на сладолед, Локација бр. 5 (5а)) ул: „Димитар Влахов“ бр.57 6000 ОхридНАПОМЕНА:Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.Пример за адресирање на плик за достава на понуда: „НЕ ОТВОРАЈ“„Да не се отвора пред 27.05.2021 г12.00 часот. Оглас бр.01/2021Општина ОхридКомисија за спроведување на постапка заиздавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 01/2021 Дел:              , Локација бр.                    (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)ул „Димитар Влахов“ бр. 576000 Охрид Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид. Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата. IX. Начин на отворањеПонудите да се достават најдоцна до 27.05.2021 г во 12.00 часот.Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе се одржи на www.eaukcijaohrid.mk .Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма или електронска пошта ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање.За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата (e-mail) на понудувачот и web страната на општина Охрид.За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 7.2. X. Предмет на јавно наддавањеПредмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена; XI. Склучување на договорДоговор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач кое може да биде во писмена форма, усно или во електронска форма.Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со ЈП “Охридски комуналец” –    Охрид, закупецот се задолжува да обезбеди Одобрение за поставување урбана опрема.На закупец без добиено одобрение  за поставување на урбана опрема  му  се  забранува  да постави урбана опрема на предвидената локација, договорот се смета за ништовен без  повраток  на  уплатените  средства  и  договорниот  орган  ќе  склучи  договор  со следниот раниран понудувач.Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема и Образецот на понуда заинтерисираните субјекти можат да ги превзематод web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 12.00-13.00 часот во просториите на архивата на општина Охрид. Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

sport2

Георгиески: Ковид пандемијата покажа колку е важно здравјето и одржувањето на физичката активност

Ковид пандемијата ни покажа колку е важно здравјето и одржувањето на физичката активност. Токму затоа вчера Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортските клубови од градот организираше неколку спортски активности и се вклучи во одбележување на Светскиот ден на физичката активност, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

skolo

Народниот правобранител: Родителите и учениците мора да бидат слушнати дали се подготвени за дигитални учебници

Народниот правобранител, имајќи го предвид јасно изразеното незадоволство од страна на граѓани/родители и ученици во однос на најавената реформа во образованието – воведувањето на дигиталните учебници, во согласност со предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование и сериозноста на ова прашање, денеска оствари средби со претставници на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ и „Менуваме“, на која беше информиран за ставовите што ги поддржуваат двете иницијативи.На средбите народниот правобранител ги запознаа претставниците со веќе изнесениот став на институцијата по ова прашање, доставен до ресорното Министерство во форма на препорака со насоки за преземање мерки почитувајќи го принципот на најдобар интерес на детето и правото на еднаков пристап до образование на секое дете.Народниот правобранител го поздрави прекинот на бојкот на настава, со оглед на ставот на институцијата дека бојкотот е на штета на децата и нивното образование и ги охрабри претставниците да го продолжат дијалогот со надлежните органи во насока на изнаоѓање најсоодветно решение за најавената реформа, која ќе ги земе предвид и мислењата на родителите, наставниците и пошироката стручна јавност.Според народниот правобранител, при спроведување една ваква сериозна реформа, трите клучни фактори – ученици, родители, наставници – задолжително треба да бидат консултирани. Исто така, потребна е и изработка и на сеопфатна анализа колку државата е подготвена да спроведе реформа од ваков вид, со оглед, меѓу другото, и на фактот дека образованието (и основното и средното) е задолжително и бесплатно, што кореспондира со Конвенцијата за правата на детето.Родителите и учениците мора да бидат слушнати дали се подготвени да поддржат еден ваков концепт, кој изискува техничка поддршка, но и соодветна обука на сите инволвирани во процесот, а не треба да се занемари и наставниот кадар, кој директно треба да ја спроведе оваа новина.Народниот правобранител смета дека дигитализацијата е несомнено напредок во образованието и треба да се поддржи, но без соодветни предуслови оваа реформа нема да ги даде очекуваните резултати.Народниот правобранител апелира до директорите на училиштата и образовниот кадар да не вршат притисоци врз децата (преку пишување неоправдани изостаноци, намалување на поведението и сл.) затоа што го користат уставно загарантираното право на изрзување незадоволство и во таа насока ги охрабрува учениците /родителите секоја форма на притисок да ја пријават на бесплатната телефонска линија за деца 0800 88 500 на народниот правобранител, како и до надлежните органи.

Македонија | пред 5 години

gubre-3

(ФОТО) Течи реко течи и по себе ѓубре влечи

Еколошката свет кај поединци на многу ниско ниво. Додека одредени еколошки здруженија често организираат акции за собирање на ѓубрето во природата,  поединци секојдневно фрлаат ново. На социјалните мрежи објавени се токму ваки фотографии.Над објавата пишува:-Течи реко течи и по себе ѓубре влечи - патриотска песна !  

Македонија | пред 5 години

11052021_PVRSM_sredba_Borel-6

Заев-Борел во Брисел: Постои многу силна поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција и нема поддршка за раздвојување на Северна Македонија и Албанија

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари средба и со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел по што двајцата соговорници дадоа изјави.„Дозволете ми да нагласам многу јасно дека нема поддршка за раздвојување ниту во институциите на ЕУ, ниту меѓу земјите-членки. Северна Македонија ги исполни потребните услови за започнување на пристапните преговори и слично како и Албанија заслужува да продолжи во следната фаза од процесите без одложувања“, порача Борел, при што истакна поддршка и за посветеноста на Република Северна Македонија кон европскиот пат.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во изјавата по средбата со Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел, изрази задоволство од работната посета на Брисел и истакна дека тој и делегацијата имаа јасна мисија овие денови во Брисел - да ја пренесат пораката од македонските граѓани до официјалните претставници на ЕУ дека работевме напорно, испорачавме и дека сакаме да и го дадеме нашиот фер-удел на иднината на Европа.„Ние дишеме, живееме и растеме со европските идеи и вредности! И знаеме дека нема друг начин освен европскиот. Ние сме посветени на нашите заеднички вредности и на спроведувањето на стандардите и критериумите на ЕУ. И, ние не сакаме да стоиме и да чекаме повеќе. Ние сакаме да се движиме затоа што движењето напред е европски начин. Ние сме за мобилност, а не за sидови“, порача премиерот Заев по средбата со високиот претставник на ЕУ, Борел.Притоа, премиерот Заев порача дека „ние не бараме повеќе од она што заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро“, што како што оцени Заев беше признаено како заслужено и потврдено од март 2020 година и Северна Македонија ги исполни своите обврски и сега е време ЕУ да ги испорача, порача премиерот Заев.„Можеме ли да зборуваме за Западен Балкан без Северна Македонија? Можеме ли да зборуваме за Европа без Западен Балкан? Не! Се боревме многу во последните децении и во минатиот век со цел да го најдеме патот кон мирот и толеранцијата. И сега сите сме подготвени да се интегрираме, да сонуваме заедно и да постигнуваме заедно“, рече премиерот Заев во изјавата по средбата со Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на ЕК, Борел.Премиерот Заев подвлече дека позитивен чекор напред за Република Северна Македонија, е порака за охрабрување и за целиот регион и повлекувањето, за Северна Македонија ќе биде порака за обесхрабрување за целиот Западен Балкан.„Јас го знам ова и европските лидери го знаат ова. Ајде заедно да постапиме европски и да одиме според европскиот пат“, рече претседателот на Владата Заев за време на заедничката изјава со Борел, по нивната средба.Високиот ЕУ претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел упатувајќи добредојде на премиерот Заев, порача дека по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за важноста на Западен Балкан и за континуираната дури и зајакната посветеност на овој регион, била потврдена европската перспектива на целиот регион.Тој подвлече дека постои многу силна поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија што е можно поскоро.Притоа Борел, истакна дека нашата земја на тој пат, може да смета на поддршката од европските институции исто како и во однос на поддршката за обезбедување на вакцини за граѓаните на Северна Македонија, при што како што нагласи Борел, првата пратка од вкупно наменети 120.000 вакцини финансирани од Европската Унија веќе пристигнаа во нашата земја.

Македонија | пред 5 години

denari

Обвинителен акт против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување при спроведување на ИПА Проекти

По спроведена истрага од меѓународни рамки во која беа вклучени и меѓународните организации ОЛАФ и ЕУРОПРАВДА, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе Обвинителен акт против две лица. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка на првообвинетиот Ј.Ј. (48) му се става на товар дека во соизвршителство со второобвинетата Ј.Г. (53) сторил кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22, кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1, како и кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик, додека второобвинетата сторила кривично дело – „Злоупотреба на службена положба и овластување“по член 353 ст.5 в.в.ст 3 и 1 вв член 22 и кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по чл. 273 став 1 од Кривичниот законик.Имено, во периодот од месец октомври 2012 година до април 2017 година, првообвинетиот како службено лице – именуван функционер и Претседател на Управувачки комитет на проект, заедно и по претходен договор со второобвинетата – раководен државен службеник и член на Управувачкиот комитет, со намера да прибават противправна имотна корист за себе и за едно правно лице од Р.Италија, постапиле спротивно на нивните службени обврски и ги искористиле своите службени положби и овластувања.Обвинетите, спротивно на принципот за доверливост и на принципот за еднаков третман на апликантите дефинирани во PRAG/ПРАГ – „Практичното упатство“ кое е задолжително за постапување на сите корисници на средства од ИПА фондови, иако биле свесни дека е недозволиво, споделувале доверливи тендерски информации за условите за работење и „ТОР“ (Terms of references) за два ИПА проекти што се спроведувале во две министерства. Правното лице од Италија ги искористило неовластено споделените информации и изготвило понуда адаптирана на потребите и ги исполнило сите технички и финансиски услови. Воедно, обвинетата Ј.Г. во претходен договор со обвинетиот Ј.Ј. за едниот проект помогнала при изготвувањето на финансиската понуда на правното лице – апликант и ја прилагодила согласно на условите кои биле објавени во тендерот. Со ваквите дејствија обвинетите му овозможиле на правното лице да има незаконита правна предност во однос на другите апликанти на тендерите и истото да биде избрано за изведувач на проектите.Како награда за поддршката, обвинетите од страна на италијанското правно лице освен со туристички патувања биле наградени и со парични средства. Па така, првообвинетиот со дејствијата што ги извршил за себе прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 2.609.445,00 денари или 42.430 евра, додека второобвинетата за услугите што ги извршила за време на спроведување на проектите противзаконито се стекнала со 3.508.698,00 денари, односно 57.052 евра кој износ правното лице го исплатило од паричните средства наменети за спроведување на проектот на нејзина сметка отворена во Р.Грција.Со преземените дејствија обвинетите ја довеле во прашање законитоста на спроведените проекти. Европската Комисија согласно член 29.1 од Рамковната спогодба склучена меѓу Р.С.Македонија и Европската комисија за правилата за соработка во однос на финансиската помош на Европската Комисија за Република Македонија, во рамките на спроведувањето на помошта според инструментот за претпристапна помош (ИПА), преку Генералниот директорат за проширување и соседска политика, побарува поврат на средствата доделени за спроведување на проектите во висина од 982.307,65 евра за првиот проект, односно 771.620,20 евра за вториот проект. Износот во вкупна вредност од 1.753.927,85 евра треба да се врати на Европската Комисија, а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија.При претресот на домот на првообвинетиот во текот на 2019 година беше пронајдено оружје – пиштол марка ,,Luger,, што не e евидентиран во евиденциите за оружје и што обвинетиот неовластено го поседувал.​

Македонија | пред 5 години

w_55971908

Шекеринска: Војникот позитивен на ковид-19, од Африка ќе стигне со медицинска евакуација

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен со коронавирус во Африка. Потполковник на македонската армија кој учествувал во Европската мисија во централно африканската Република доцна вечерва ќе биде донесен на лекување на инфективната клиника во Скопје, истакна Шекеринска.-Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта, рече Шекеринска.И министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека со посебен транспорт од Африка ќе биде пренесено воено лице на АРМ, заразено со коронавирус во таа земја.

Македонија | пред 5 години

IMG_6137

Потпишан Меморандум за техничка соработка меѓу МВР и МО на Република Северна Македонија и МО на Чешката Република

Денеска, како дополнителен аргумент во јакнењето на билатералната соработка, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за одбрана на Чешката Република Лубомир Метнар, потпишаа Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу трите министерства.Меморандумот отвора можност за усогласување и потпишување на договор помеѓу двете Влади за ремонт на транспортни хеликоптери на Министерството за одбрана и на МВР, што ќе ја засили нашата билатерална соработка, а во исто време ќе ги зголеми и армиските и полициските капацитети за справување со кризни ситуации.

Македонија | пред 5 години

press1

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Овaа е антиевропска и штетна влада за граѓаните

Деновиве, кога беше одбележан Денот на Европа, слушнавме и прочитавме десетици изјави и објави на функционери од оваа влада, кои да не ги познававме и да не ги знаевме нивните дела, ќе поверувавме дека целиот товар на ЕУ паднал врз нивните плеќи, беше истакнато на денешната прес конференција на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.Во продолжение на истата беше каано:За да не мислат дека граѓаните не знаат кои се всушност тие и какви се нивните дела, денес ќе ги потсетиме на некои елементи, за да докажеме дека тие можат да бидат вознемирени за сè, освен за интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија. Некои од причините за оваа констатација се следниве:- Оваа влада е формирана врз парадигмата на измамата „албански премиер“, со што станува извршната власт што го уништил секој демократски и морален критериум за учество на избори;- Оваа влада е резултат на изборите од 15 јули 2020 година, кои за нас се нелегитимни, бидејќи на тие избори манипулацијата на гласот, кражбата, купувањето и другите форми на нарушување на демократската волја станаа стандард на држава која, барем, официјално се стреми да биде членка на ЕУ;- Оваа власт му издаде градежно земјиште во вредност од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен, Дака Давидовиќ, кој спонзорира антиевропска агенда во регионот;- Оваа влада потполно потфрли со образовниот процес во време на пандемија, а резултатите од овој неуспех ќе ги очувствуваме уште долго во иднина;- Оваа влада предизвика губење на над 60 илјади работна, а домашното стопанство дојде на работ на егзистенцијата;- Оваа влада се однесува кон пандемијата во стилот „Нека се спаси кој како може!“, па затоа денес стапката на смртност во РСМ е највисока во Европа, а имунизацијата е меѓу најниските во нашиот континент;- Оваа влада овозможи да добијат пасоши над 200 меѓународни криминалци, кои се бараат ширум светот, со што потврди дека РСМ стана засолниште на криминалците и дека оваа власт е длабоко вклучена во меѓународниот организиран криминал;- Оваа влада денес може да се „пофали“ само со наркобизнисот, во кој полициските службеници се најблиските соработници на нарко-дилерите;- Единствените списоци каде оваа влада предводува е врвот на индексите на корупцијата, појава што се покажува дури и при набавка на вакцините;- Знаејќи дека правдата е основната вредност на ЕУ, оваа влада го стори спротивното – политизација, етнизација и партизација на правосудниот систем;- На оваа влада НАТО не ù ги прифаќа предложените имињата за офицери во НАТО, заради нивното вклучување во антизападни разузнавачки служби;- На крај, оваа влада има намера да ги злоупотреби и медиумите, со цел да го задуши слободниот говор и правото на објективно информирање, кои се основните европски принципи.Сето ова што го спомнавме накратко, поради тесниот простор, но и многу други елементи, кои не успеавме да ги вклучиме, се најдобриот доказ дека оваа држава креира друга агенда и се откажала од евроинтеграциите. Ова се показателите, иако зборовите може да бидат поинакви.Затоа, имајќи го предвид овој антиинтегративен биланс, ние – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива – сметаме дека единствениот спас за враќање на европската агенда е оваа власт да замине што е можно побрзо и да се отвори перспектива за духот на интеграцијата во ЕУ. Предвремените избори и новото мнозинство може да создаваат сосема друга приказна за Северна Македонија во однос на процесот на интеграцијата на нашата земја во Европската унија.Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

Македонија | пред 5 години

viber_image_2021-05-11_12-26-07grgrg

Во рок од 2 недели започнува постапката за базенот во Топанско Поле

На денешната средба што градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја имаше со директорот на Агенцијата за млади и спорт, г. Наумче Мојсовски и заменик директорот г. Авни Рустеми се постигна договор во рок од 2 недели да се објави постапката за јавна набавка за изградба на базен во населбата Топанско Поле.Во исто време, треба да се напомене дека базенот ќе има и фотоволтаични панели за енергетска ефикасност, со што ќе се намалат трошоците за електрична енергија за одржување на базенот до 80%.Градоначалникот Ганиу им се заблагодари на директорот и заменик директорот за изразената подготвеност да ги конкретизираат чекорите кон реализација на проектот за базенот.

Скопје | пред 5 години

novi-merki

Од утре на сила се новите мерки кои ги усвои Владата - полицискиот час ќе почнува од 24:00 часот, а ќе трае до 04:00 часот наутро

Почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година на сила се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна седница:➡️Полицискиот час започнува од 24:00 часот, а трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.➡️Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.➡️Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.➡️Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите. извор: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

11052021_PVRSM_sredba_MEPs-3

Заев на одделни средби со европратениците Ќучук и Чолош: Безрезервна поддршка за отворање на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, денеска, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ, Агнеза Руси-Поповска одржа одделни средби и со европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за Република Северна Македонија, како и со претседавачот на парламентарната група на „Обнова на Европа“, (Renew Europe), Дачијан Чолош.На двете средби во Мисијата на Северна Македонија во Брисел, кои беа оценети како одлични, беше изразена силна поддршка за отворање на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, која како што беше нагласено, од своја страна ги исполни сите обврски.Соговорниците оценија дека пристапниот процес треба да биде фокусиран на европското законодавство АКИ (acqui) и беше заклучено дека сите други прашања, кои немаат поврзаност со европското АКИ треба да се адресираат билатерално.Премиерот Заев на одделните средби со европратениците Чолош и Ќучук се заблагодари на досегашната принципиелна поддршка од парламентарната група на „Обнова на Европа“, (Renew Europe) во Европскиот парламент, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи континуирано и понатаму.Видео: Влада

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица поднесе Предлог-закон за намалување на платите на уставните судии

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието на Република Македонија, поднесоа Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ.Целта на овој Предлог-закон е, да се анулира додатокот за плати, кој уставните судии си го изгласаа со промена на Деловникот во октомври 2020 година, а со кој ќе може да примаат додатоци до 35% од основната плата - кои ќе изнесуваат дури до 500 евра!Имено, овој специјален додаток се однесува на: посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост!?Сметаме дека, во случајов, нема никаков правен основ за овие додатоци - бидејќи уставните судии работат апстрактни спорови (т.е. судир на акти), а не конкретни спорови меѓу странки.Напротив, тие го кршат Уставот по неколку члена и тоа: чл. 113, каде со акт на судот им е дозволено да се уредува само „начинот на работа и постапката“, а не и платата; чл. 109, каде е нагласено дека се избирани од Собранието и со тоа за нив важи Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ, а материјата за плата не може да се уредува со менување на Деловник.Исто така, потенцираме дека, постојат индиции за вршење на кривично дело по чл. 353 од КЗ, односно „злоупотреба на службена должност и овластување“, за што нашиот правен тим ја разгледува можноста за поднесување на кривична пријава.Ние предлагаме интервенција во членовите 14 и 15 од постојниот Закон, каде коефициентот за плата на претседател на Уставниот суд би се спуштил од 4.00 на 3.60, а коефициентот за уредување на платата на судија на Уставен суд, би се спуштил од 3.70 на 2.50 - односно, намалување на платите за 1/3, исто толку колку што тие самите бесправно си ги зголемија.

Македонија | пред 5 години

w_56674000

ИЈЗ: Намалување од 37,2% на нови случаи и намалување од 37,1% на починати, споредено со претходната недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 03 до 09 мај 2021, тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица навозраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 03 до 09 мај 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

Arsovski11052021

Арсовски: 280.000 евра за кампања за спречување корупција - нов скандалозен тендер

Вчера објавив еден тендер оглас јавна набавка како и да ја наречеме , кој го огласија во Владата, 300.000 евра со ддв, за маркетинг услуги за успешна вакцинација од Ковид19 . Овој тендер де факто ќе биде за испумпување на народните пари преку маркетинг услуги, а вклучително и за плаќање на изборната кампања за локални избори на политичката СДСМ која што е на влас и го огласува овој тендер преку Владата, истакна на денешната прес конференција, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.Арсовски додаде:Денес ќе објавиме нов тендер кој го пушти Владата на Заев во исто време со овој претходниот , тоа е набавка за услуги за осмислување и реализација на кампања од јавен интерес за спречување корупција.Љупчо Николовски откако почна да брои чаши вода на министрите, сега веќе ќе прави заедно со Заев кампања во вредност од 14.436.865 денари или 240.000 евра без ддв, односно над 280.000 евра со ДДВ.Замислете тендер за маркетинг услуги за кампања за спречување на корупција во вредност од над 280.000 евра. Па самиот тендер е сомнеж за сериозна корупција.Предвиделе ставка од Владата во овој тендер во вредност од 1.407.200 денари без ДДВ, подготовка и реализација на медија план, закуп на медиумски простор на сите канали освен приватните радиодифузери на територијата на Македонија. Каков грабеж луѓе.Најпрвин не смее Владата да се рекламира во медиумите. Тоа е прво и основно и е нивна владина одлука од 2017 година . Потоа, закуп на медиумски простор на сите канали – кои канали? На каналите под македонската радио телевизија владата секако се огласува и емитува бесплатно доколку е кампања од јавен интерес како што ги водат и овие двете камапњи кои што тежат над 600.000 евра.Ова не е ништо повеќе, од класичен грабеж на државните и народните пари и плаќање кампања на СДСМ за локалните избори од државни пари.Вчера споменав, денес повторно ќе споменам, веќе се зборува кои агенции блиски до СДСМ ќе ги земат овие тендери. Практично истите тие ќе им работат и во кампања.Значи, два тендери во Владата во исто време во вредност од околу 600.000 евра за две кампањи. Народот нема леб да јаде, СДСМ троши 600.000 евра за кампањи кои што верувајте од сега се промашени. Ниту владата ќе прекине со корупцијата која што на ангро ја прави ниту пак Филипче ќе организира успешна и масовна вакцинација.Апелираме уште еднаш, да се прекине со овие тендери кои се грабеж на македонскиот народ и македонската држава и тоа да се прекине уште веднаш, истакна Арсовски.Портпаролот по прес конференцијата одговараше и на новинарски прашања. На прашањето дека Власта ги обвини дека печалите политички поени на сметка на Армијата со поднесувањето на амандамните за законот за АРМ, Арсовски истакна:- Шекеринска Радмила како министер, но и кога не беше министер кога беше опозиција самото нејзино појавување во политичкиот простор низ медиуумите и во јавноста е најарогантната личност која што може да постои во македонската политика. Ние како конструктивна опозиција поднесовме предлог- закон бидејќи се работи за сериозен закон кој што опфаќа многу сериозна тема во Армијата на Република Македонија поднесовме закон кој што е многу подобрен од оној предлог кој што го предлага арогантната Шекеринска. Но, бидејќи ароганцијата е толку голема што не сака со никого да разговара најмалку со опозицијата која што има сериозна тежина во собранието на Република Македонија сакаат по секоја цена да донедат свој закон кој што го замислиле тие самите. За ваков сериозен закон за ваква сериозна тема која што опфаќа огромна и сериозна маса на луѓе не може да се донесе без да се разговара со опозицијата односно со ВМРО - ДПМНЕ. Затоа Шекеринска треба малку да го смали своето его и својата ароганција бидејќи воопшто не тераат како влада во правилна насока и не ја водат Република Македонија во правилна насока и за сметка на тоа да седне да го разгледа предлог- законот од опозицијата, да разговара со опозицијата и да се донесе закон кој што ќе биде многу подобар од оној кој што го предлагаат тие. Сепак нивниот закон е само производ на ароганција и затоа не сакаат со никој да разговараат.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци за Бонева: Женава станува скроз фантастична! Ова вмровциве за сè имаат прича и за сè се покриени

Женава станува скроз фантастична! Цел филм им прикажува во судница. Режија, сценарио, монтажа, специјални ефекти....Ова вмровциве за сè имаат прича и за сè се покриени - со ,,сообраќајки", со сервиси, белешки, со лото добивки....и на крај ќе ја ослободат, секако, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Туку, што стана со Бети Прада?Еве што кажа Бонева во ,,бомбите". Бил крив ѕидот од театарот. И за тоа никој не одговара.ℹ Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Миле ЈанакиескиМЈ: Силвана вика на Бети - ,,Бети, добро шо те видех сакав и на Премиерот да му пишам, неќни шетааме со мажот ми, ѕидо од театаро многу крив", хахаха.ГЈ: Леле, леле, леле, леле...МЈ: Крив, вика, може да падне... хахахах, јас да сум на твое место динар нема да му платам на изведувачите. Вика катастрофа, како е лошо направено, и Бети...ГЈ: А она и за тоа тоа ли е експерт? Извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања