Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

gradinka-2

Триесетина деца од кумановската градинка завршија во болница со симптоми на труење со храна

35 деца од 2 до 4 години со исти симптоми овој викенд побарале медицинска помош во кумановската болница. Децата се од три објекти на градинката „Ангел Шајче“. Педијатарот Агрон Сулејмани за ТВ21 вели дека пациентите се стабилни, се пријавиле во болница со повраќање, дијареја и висока температура.5 деца се третираат во болнички услови, а другите се пуштени на домашно лекување. Постои сомнеж дека децата се затруени од храната која ја консумирале во градинка, и затоа е затворена кујната во која се подготвува храна за овие три објекти, а работата во градинка продолжува со другите деца.Текстот во целост на: ТВ21

Македонија | пред 5 години

kosta

(ФОТО) Денот на светската физичка активност во Охрид одбележан со низа спортски активности

Спортот и физичката активност воопшто е неизоставен сегмент за човековото здравје. Тоа е и поттик денешниот ден на Светската физичка активност да го одбележиме со низа спортски активности меѓу кои аеробик, зумба, пинг- понг, возење скејт, ролери и велосипеди, атлетика и боречки вештини.Спортските активности ги организиравме заедно со Сојузот на училишни спортови и спортските клубови од градот на неколку локации во градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

rfgferge-184092

Д-р Јовановска: Жалам за изгубениот млад живот, но не е точно дека се пресечени црева наместо папочна врвка

33-годишна пациентка вчера починала на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а на социјалните мрежи се појавија информации дека на пациентката ѝ биле пресечени цревата наместо папочната врвка. Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата и е посочена како виновник за смртта на младата жена за  „Слободен печат“ ги демантираше овие информации.– Многу жалам за изгубениот млад живот. Но, не е вистина дека се работи за родилка и дека наместо папочна врвка и биле пресечни цревата. Пациентката дојде на операција поради огромен миом во мала карлица, со рапиден раст во последните месеци. Воопшто не беше лесен случај, пациентката претходно била оперирана од пленоктомија, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на клиниката, рече во изјава за „Слободен печат“директорката на ГАК, Викторија Јовановска.

Македонија | пред 5 години

grubi

По примерот на Пауновски, уште една директорка одбила рамковни вработувања

По примерот на Пауновски, уште една директорка одбила рамковни вработувања. Како што јавува News33 а пренесува „Лајм“ неофицијално се дознава дека причината за неприфаќањето е несоодветната образовна квалификација.Околу оваа информација не даваат коментар ниту Министерството за екологија, ниту од Агенцијата за просторно планирање предводена од директорката Андријана Андреева.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Наумовска: Потврдено, ВМРО-ДПМНЕ стои зад бојкотот на наставата

На лагата и се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кој се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието. Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има“ која се спротивставува на реформите во образованието е исткнат член на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски, истакна Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ.Наумоска додаде:Со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели.Потврдено е она што го зборувавме долго време, но и она што цела јавност го гледа - Зад повиците за бојкот, зад манипулациите и лажните вести за дигитализацијата стои ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и образовниот систем повикува на бојкот на наставата, шири лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери.Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес.Случувањата после најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството.Се што ВМРО-ДПМНЕ прави е на штета на граѓаните, на штета на образованието во нашата држава. Образованието кое ВМРО-ДПМНЕ го остави по нивното 11 годишно урнисување денеска се реформира, се осовременува по европски стандарди.Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите кои обезбедуваат модерен, ефикасен образовен систем па затоа по секоја цена шири лажни вести, опструира и злоупотребува ученици и родители.Заради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и токму заради таквото однесување ќе им следи нов пораз на локалните избори и овде во Битола и низ целата држава. видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Neloski-10.05

Нелоски: Денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов

Врз основа на искажаните сомнежи во текот на минатата недела за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов, денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење во служба и корупција и судир на интереси. Се со цел да го охрабриме Јавното обвинителство да се позанимава малку со овој очигледен крими шема скандал што го обзнанивме, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет.Нелоски додаде:Имено, зетот на секретарот на Петре Шилегов, односно вториот човек во Градот Скопје успеал да земе фрапантни 500.000 евра како дел од тендерот за т.н. противпожарна скала.Се надеваме дека конечно Јавното обвинителство ќе се охрабри и ќе ги обзнани и ќе ги побара сите факти поврзани со овој случај, а се разбира и дека граѓаните на Скопје ќе ја добијат правдата за нивните потрошени пари.

Македонија | пред 5 години

pendarovski

(Видео) Пендаровски и грузиската претседателка положија венци на гробот на Гоце Делчев

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на Северна Македонија, таа и нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.По завршувањето на церемонијата, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ја посетија и спомен-собата на Гоце Делчев во црквата, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на Гоце Делчев од Софија.Претходно, во претседателскиот кабинет, претседателот Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, по што се одржаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на официјалните делегации, а беа потпишани Спогодба меѓу Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу македонското Министерството за култура и Министерството за култура, спорт и млади на Грузија.  

Македонија | пред 5 години

soob-2

ФОТО: Излета џип на патот Охрид-Кичево, има повредени

Сообраќајна несреќа се случи на излезот од Охрид во правец на селото Подмоље, во близина на манастирот Св.Еразмо. Според првите неофицијални информации во несреќата нема настрадани.Автопатот Охрид-Кичево кој се гради речиси 10 години, досега однесе голем број жртви во сообраќајните незгоди кои се случија на оваа делница.

Македонија | пред 5 години

10052021_PVRSM_EK_2

Заев во Европскиот Парламент на средбата со Сасоли: Во Брисел сме за да порачаме дека итно треба да се одблокира европскиот пат

Претседателот на Владата Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Димитров, министерот за надворешни работи Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Руси-Поповска, во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли.Премиерот Заев на средбата со Сасоли нагласи дека неговата посета на Брисел во деновите кога министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел дебатираат за стратешкиот пристап на Унијата кон земјите од Западниот Балкан има за цел да биде слушната пораката дека Македонците и граѓаните на Северна Македонија нема да преговараат за сопствениот идентитет и нема да дозволат таа тема да биде ставена на масата за дебата во име на стартот на преговорите со ЕУ.Премиерот Заев за време на разговорот со Сасоли упати благодарност до Европскиот Парламент за цела поддршка што континуирано ја дава за Северна Македонија и истакна очекувања таа поддршка да биде уште понагласена во претстојниот период за да се одобри организирање на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ како почеток на процесот за пристапување на земјата во членство во ЕУ.Претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли и премиерот Заев се согласија дека Северна Македонија и нејзините граѓани имаат голема поддршка во ЕП и дека тој е убеден дека тоа ќе биде така постојано како охрабрување до институциите на ЕУ да го одобрат одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Македонија | пред 5 години

zatvor

Силуван затвореник во КПД „Идризово“

Во попладневните часови на 9 мај, 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27 април годинава, околу полноќ, во ќелија на затворот „Идризово“, била извршена обљуба врз него од страна на затвореникот Р.Е. (36) од Битола.Според пријавата, битолчанецот го извршил делото со помош на Д.П. (27) од Скопје, а тројцата затвореници биле сместени во истата ќелија.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

venko-filipce-5

Филипче: Сега не можеме да ги дозволиме свадбите и концертите, бидејќи имаме проценка дека таму луѓето нема да ги почитуваат мерките

Бележиме тренд на намалување на новозаразените пациенти со ковид-19, а има и значително празнење на болниците, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.– Повеќе од половина од капацитетите се слободни и сето тоа даде за право да се предложат попуштања на рестрикциите и во таа смисла скратување на полицискиот час кој ќе започнува во 24 часот. Ќе се отворат фитнес центрите и теретаните, а угостителските објекти ќе работат до 23:30 часот. Дозволено ќе биде и одржување состаноци и евенти. Искрено се надевам дека овие трендови ќе вродат со плод, па наскоро ќе можеме да ги дозволиме и концертите и свадбите. Сега не можеме да ги дозволиме свадбите и концертите, бидејќи имаме проценка дека таму луѓето нема да ги почитуваат мерките, односно нема да ја држат потребната дистанца од два метра – рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поскапуваат горивата - еве ги новите цени

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат еден и еден и пол денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,5 денар за литар, а малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, „на евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1 денар за литар.Новите цени на горивата од ноќеска на полноќ се: „евросупер БС-95“ – 68,5 денари, „евросупер БС-98“ – 70 денари, „евродизел БС“ (Д-Е V) – 60 денари и маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 59,5 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,800 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,243 денари.

Македонија | пред 5 години

boki-2

Одбраната на Јовановски за Случај „Рекет“- бара укинување на пресудата

На што се заснова оваа пресуда – на докази или индиции, дали имаме фер постапка и дали може ваква пресуда да се заснова само на исказ на двајца сведоци Орце и Ана Камчева. Нема никакво вештачење на електронски уред за овој случај, а особено мобилниот на Јовановски, наведе адвокатот Сашко Дуковски, образложувајќи ја жалбата на Бојан Јовановски пред Апелациониот суд.Поради суштествени повреди и погрешно утврдена материјална и фактичка состојба, одбраната бара првостепената пресуда за случајот „Рекет“ да биде укината или случајот да биде вратен на повторно судење.-Ако ја погледнете пресудата, ќе видите дека не може за сите сведоци да се зема само делот што одговара на обвинителството, а за се останато се вели дека е кажано за да му помогне на обвинетиот, рече Дуковски.Во однос на сведокот Орце Камчев, Дуковски рече дека е незамисливо човек што дал милион евра да нема статус на оштено лице.-На кој доказ се заснова оваа пресуда. Нема никакво вештачење на електронски уред за овој случај, а особено мобилниот на Јовановски, рече Дуковски, нагласувајќи дека иако барале како одбрана, не им било дозволено вештачење на тој мобилен.Тој посочи дека Орце Камчев е сопственик на Стопанска банка Битола, која е регистрирана за менувачка работа, и чудно е зошто Обвинителството го прифаќа исказот на Орце Камчев дека ги заменил еден милион евра во менувачницата Бела, без да приложи потврда за извршената размена.Целото ова незаконито водење на постапка и продолжувње на притворот, нагласи Дуковски, предизвика сериозни здравствени последици врз Јовановски, за што ќе бидат доставени материјални докази.Бојан Јовановски од Основниот кривичен суд е осуден на девет години казна затвор за случајот „Рекет“, дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Македонија | пред 5 години

katica-janeva

Одбраната на Јанева: На голи претпоставки, без јасни докази не може да се заснова пресуда од седум години казна затвор

На голи претпоставки, без јасни докази не може да се заснова пресуда од седум години казна затвор. Обвинителството не го докажа делото кое и се става на товар на Катица Јанева, наведе нејзината одбрана, образложувајќи ја жалбата пред Апелациониот суд.Поради суштествени повреди и погрешно утврдена материјална и фактичка состојба, одбраната бара првостепената пресуда за случајот „Рекет“ да биде целосно укината или случајот да биде вратен на повторно судење.Адвокатот Дељо Кадиев, образложувајќи ја жалбата, рече дека навистина има голем број суштествени повреди на постапката за овој случај и затоа една третина од жалбата се однесува на тоа.Јавниот обвинител, посочи Кадиев, транскриптите од разговорите ги дава со свои вметнати мислења и Судот такви и ги прифаќа.-Се влијаело, затоа што обвинителството во загради ставало свои мислења, кои се цитирани потоа и во самата пресуда, изјави Кадиев.Во однос на исказот на сведокот Орце Камчев, Кадиев рече дека, многу делови не соодветствуваат.– ЈО во завршен збор изврши допрецизирање и измена на обвинението, во однос на враќањето на патната исправа. Ние треба да бидеме прашани за вина и да ни биде дозволено да се произнесеме по тоа, а тоа не беше направено, рече Кадиев.Повреда на правото на одбраната, посочи Кадиев, е што не ни беа дадени сите докази.Адвокатката Ирена Фрчковска, рече дека, целосно погрешно е утврдена фактичката состојба за овој предмет.– Како може некој со едно или две сторени дејствија да прекрши 93 одредби и тоа општо наведени, без да се образложи. Во што се состои злоупотребата на Јанева во однос на Орце Камчев. Дали видовме доказ дека Јанева зела парични средства и тие биле поврзани со Камче – не, такви докази не видовме, рече Фрчковска.Зошто ако Катица Јанева барала пари, рече Фрчковска, тоа не било пријавено во надлежни органи и со ПИ мерки бидат обезбедни докази за тоа.– Обвинителството не направи напори да ги достави трансакциите за повлечените пари. Обвинетите ги брани презумцијата на невиност, а Обвинителството треба да поднесе докази. За Катица Јанева, нема докази. Седум години казна затвор за незаконски снимки и изјави на сведоци кои сакаат да се спасат од закон, изјави Фрчковска. 

Македонија | пред 5 години

rfgferge-184092

Семејството на починатата пациентка на ГАК тврди дека при шиење на матката, зашиено и е тенкото црево

Шок и неверување во семејството на Ирена Костовска, која во рутинска операција за отстранување на миом на матка, го загуби животот, а зад себе остави две деца на шест и осум годишна воздраст. Сопругот на Ирена моментално е надвор од државата, а нејзиниот девер за „Слободен печат“ ги раскажа настаните кои довеле до смртта на младата жена.-Ирена на 22.04.2021 година беше оперирана од страна на д-р Викторија Јовановска, директор на ГАК. Операцијата поминува „успешно“, отстранет и е миом на матката, но Ирена има проблеми со подуеност на стомакот што се „решава“ со пробиотик! Утрото на 28.04.2021 состојбата и се влошува и откако на ГАК ја отвараат и сфаќаат што се случило ја испраќаат во Клиниката за абдоминална хирургија каде е извршена уште една интервенција од страна на д-р Љубомир Огњеновиќ. Констатирано е дека при шиење на матката на 4 места е продупчено и сошиено тенкото црево што довело до контаминација на организмот со фекалии и труење! Последниот обид на д-р Огњановиќ да направи интервенција е на 06.05.2021, тенкото црево е скратено и санирани се загноените рани, ставено е дрен за да може организмот да ја исфрли непотребната течност, вели меѓу другото за Слободен печат, деверот на починатата пациентка, Никола Костовски.Погребот ќе биде одржан утре на градските гробишта во Охрид.Текстот во целост на: Слободен печат

Македонија | пред 5 години

10052021_PVRSM_Zaev_sredba_Fon-der-Lajen-2

Средба Заев - Фон дер Лајен во Брисел: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во рамките на неговата посета на Брисел, денеска оствари средба и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев упати порака до претседателката Фон дер Лајен уште поактивно вклучување на ЕК во изнаоѓање решение за деблокада на процесот за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.Премиерот Заев уште нагласи дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел и дека Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.„Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност“, порача на средбата со претседателката на ЕК Фон дер Лајен премиерот Заев.Заев додаде дека Северна Македонија ги спроведе сите реформи, дека нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома и дека се исполнети сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство.На средбата со премиерот Заев, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен потврди дека ЕК ќе вклучи уште повеќе со суштински и посветен ангажман бидејќи, како што рече таа ова е многу важен процес кој не смее да го одложи стартот на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ, и дека таа се залага за двете земји, Северна Македонија и Албанија, заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одлагање.

Македонија | пред 5 години

mvr-1

МВР приведе тројца разбојници од Арачиново, пронајдена и дрога

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Г.М. (40), Х.А.(19) и Е.Н. (23) од Арачиново, поради основано сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во перидот од декември 2020 до февруари 2021 година. Кај трите лица извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се: дигитална вага, марихуана, фантомки и други предмети. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

„Фич“: Кредибилната политика на Народната банка резултира со ниска инфлација и финансиска стабилност

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото. Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори коишто би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажа отпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во текот на значајни економски шокови, вклучително и во текот на пандемијата на корона-вирусот. Со намалувањето на основната каматна стапка, Народната банка обезбеди ликвидност којашто овозможи поголема кредитна поддршка за економијата. Се очекува монетарната политика да остане олабавена и во текот на следната година.Ова се дел од оцените и заклучоците во најновиот извештај на рејтинг-агенцијата „Фич“ за нашата земја, во кој Агенцијата ја дава својата кредитна анализа.Во однос на домашната валута, во извештајот на „Фич“ се нагласува дека де факто фиксната врзаност на денарот со еврото е добро поставена и дека одговорот на Народната банка во изминатиот период од отпочнувањето на корона-кризата наваму е во согласност со политиката на избегнување девизни притисоци.Во Извештајот одделно е нагласена значајноста на монетарното олабавување од март минатата година наваму, заради засилената кредитна поддршка за реалниот сектор. Истовремено, се оценува дека инфлациските притисоци остануваат умерени, имајќи ја предвид и стапката од 2,1% на годишно ниво во март. „Очекуваме монетарната политика да остане олабавена во текот на 2021-2022 година, со оглед на политиката на Европската централна банка“ – напоменуваат од „Фич“.Во Извештајот е нагласено и дека во изминатиот период, банкарскиот сектор не доживеа притисок врз ликвидноста, кредитната активност продолжи, а фундаментите останаа силни. Системот е соодветно капитализиран и профитабилен, сметаат од „Фич“. Истовремено, нагласуваат дека нефункционалните кредити се намалија на 3,4% на крајот на 2020 година, во споредба со крајот на 2019 година, кога тие беа на ниво од 4,6%.

Македонија | пред 5 години

Foto-7

(ВИДЕО) Претседателот Стево Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на Република Северна Македонија.Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и пленарен состанок на официјалните делегации, по што ќе следува потпишување на Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, спорт и млади на Грузија, и заедничка прес-конференција.Претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.Во фокусот на разговорите се билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грузија и начините за нивно унапредување, ЕУ и НАТО интеграциите, регионалните прашања, како и пандемијата на Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Акција за собирање кабаст отпад во Општина Аеродром

Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ организираат акција за собирање кабаст отпад на територијата на Општина Аеродром. Контејнери ќе бидат поставени на четири локации од 18 мај (вторник) до 22 мај (сабота).Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на следниве локации: Јане Сандански (АСНОМ 68) Стар Аеродром:- „Коста Новаковиќ“ 48- „В. Комаров“ 29 Ново Лисиче:- „В.СмилевскиБато“ 19- АСНОМ 5 – кај „Рамстор“

Скопје | пред 5 години

mila

Царовска: Со нови дуални паралелки во Велес обезбедуваме баран кадар од машинска, електротехничка, хемиско-технолошката, угостителско – туристичката и здравствена струка

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес како дел од отворените денови на кампањата “Учи паметно, работи стручни“ ги посети двете средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите.На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност да се информираат на придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование.“Среќна сум што има голем интерес кај деветтодделенците да дознаат повеќе за средното стручно образование и што имав можност да разговарам со нив кои се нивните афинитети. Овде во Велес и тоа како е потребен кадар од областа на машинството, електротехниката, хемиско-технолошката, угостителско – туристичката струка и секако здравствената струка.Верувам дека младите нема да погрешат ако одлучат да одберат некоја од посочените струки, особено во оние каде имаме дуално образование, а тоа e во хемиско – технолошката и машинската струка, преку кое, благодарение на поддршката од крупни локални компании како Брако, Леов, Маркарт и Ронтис ќе има добро организирана практична обука за учениците директно на работно место. Тоа пак, значи интересни часови и стекнување на квалитетни практични вештини со кои полесно се успева на професионален план”, изјави министерката Царовска.Министерството за образование и наука од идната учебна година воведува стипендии од 3500 денари месечно за учениците од месечно дуална паралелка, но сепак најголем мотив треба да им биде можноста за брз и успешен настап на пазарот на трудот по формализација на образованието.“До уписите во средно преостанува нешто повеќе од 1 месец, доволно време за полуматурантите добро да размислат и да донесат вистинска одлука според личните афинитети и состојбата на пазарот на трудот”, рече Царовска.Во двете средни стручни училишта во Велес е планирано да се запишат вкупно 508 ученици во прва година. Од нив 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик се во СОУ “Коле Неделковски“, а останатите 186 во 6 паралелки на македонски јазик во СОУ “Димитрија Чуповски“.

Македонија | пред 5 години

10052021_PVRSM_Zaev_sredba_Varheji-1

Заев и еврокомесарот Вархеји во Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји.Еврокомесарот Вархеји ја пречека македонската делегација со пораката дека неговата цел, како и целта на Европската комисија е за време на актуелното португалско претседавање со ЕУ да се прифати преговарачката рамка за Северна Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.Вархеји додаде дека ЕУ е посветена на Западен Балкан и дека денес после 2,5 години, во Советот на министри за надворешни работи на членките на ЕУ се води стратешка дебата за Западен Балкан во која деблокадата на европскиот пат на Северна Македонија е приоритет број 1 и дека Брисел ги вложува сите напори и ги поддржува сите идеи за решенија со цел да одблокира овој процес.Претседателот на Владата Зоран Заев на средбата со еврокомесарот Вархеји истакна дека високо ги оценува овие напори на Европската комисија и дека очекува соодветно ниво на соговорници и соработници од страна на Бугарија.Техничката Влада во Бугарија може да е можност за скорешно решение, но очекуваме другата страна да биде охрабрена за отвореност, подготвеност и посветеност кон решение, нагласи на средбата премиерот Заев.„Ние сме подготвени за разговори, веруваме дека треба да имаме уште еден обид во периодот што доаѓа, но треба да знаат и колегите во Бугарија и сите во Европска Унија дека за нашиот идентитет нема ниту да разговараме, ниту да преговараме и дека сите обиди тој да се става на преговарачка маса ќе бидат одбиени од македонска страна“, потенцираше на средбата претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев.Премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји на средбата во Брисел се согласија дека идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции на Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

sedat

Мицкоски: Пекер вели дека се среќавал со Заев кај него дома, ќе има расветлување и одговорност за аферата „Мафија“

„Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата „Мафија" се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада“ - пишува во Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Извор: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

vraboten-MVR-kovid

Потребни се средства за лекување на Тони Илиевски - да помогнеме

Тони Илиевски од Велес е вработен во Министерството за внатрешни работи и поради критичната здравствена состојба, а како последица од заболување со Ковид 19 тој е примен на лекување во Клиничката болница „Систина“.Апелирам до сите вас, кој сте во можност да донираме средства:Жиро сметка: 250014000701333, Шпаркасе БанкаТони Илиевски ул. Димче Димовски Кокошарчето бр. 5Извор: ФБ Наќе Чулев

Македонија | пред 5 години

korona-maski

Главниот координативен кризен штаб го поддржа предлогот на Комисијата за заразни болести за намалувањето на рестриктивните мерки

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања