Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

09052021_PVRSM_Zaev_po-povod-9ti-MAJ_9

Заев: Вечна слава на сите кои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот

По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и претставници на Сојузот на борци се поклони пред споменикот подигнат во чест на петмина американски пилоти, во село Вратница, тетовско.Двајца од нив ги загубија животите кога на 26 август 1944 година, нивниот авион беше соборен од окупаторските сили на територијата на тогашна Македонија. Останатите тројца членови на екипажот на американскиот бомбардер „Либератор Б-24 Г“, со кодно име „Наша Љубов“ кој бил погоден и паднал на падините на Шар Планина над селото Вратница, биле спасени и евакуирани на безбедно.Како што истакна премиерот Заев, акцијата за нивно спасување од страната на населението од Вратница е еден редок и скапоцен настан кој на уште еден силен начин ја потврдува јасната и непоколеблива определба на македонскиот народ и на припадниците на сите други етнички заедници за време на Втората светска војна.„Застанати на страната на Сојузот на прогресивните антифашистички сили, не само што ставија крај на крвавата светска војна на бојните полиња, туку му ставија крај и на погромот на фашизмот заради кој беа погубени милиони недолжни цивили и луѓе во логорите на смртта. Сеќавањето и чествувањето на настанот од 1944 година во Вратница и поменот на петмина пилоти веќе е прифатен како еден од најсимболичните моменти од нашата заедничка соработка со САД“, рече Заев.Осврнувајќи се на успешната соработка со САД, тој потсети на формалното сојузништво како членки во НАТО, и како уште едно признание за вредноста на Договорот за стратешко партнерство од 2008 година.„Голема чест, а истовремено и гордост, како продолжувач на традициите, и како претседател на Владата на Република Северна Македонија, да се поклонам на борците кои се боревте и сé уште се борите против фашизмот. Се поклонувам на Вашето дело. И чест ми е да го продолжувам Вашето дело, кое за мене е аманет борбата против фашизмот никогаш да не запре“, истакна Заев.Амбасадорката на САД, ја истакна важноста на денешниот настан и локацијата каде е подигната спомен плочата.„Ова е место каде што луѓето од обете наши земји можат да се соберат за да слават храброст пред опасностите и конфликтите. Токму на една планина во близина на 26 август 1944 година се урна американски бомбардер Б-24Д откако го погоди непријателски оган додека се враќаше во Италија од Романија. Селаните, изложени на голем личен ризик за себе и за своите семејства, им помогнале на тројцата преживеани по планината и извадиле тела на уште двајца и ги закопале. Тоа беше длабок чин на хуманост за кој мојата земја останува благодарна“, потсети Брнз.Амбасадорката Брнз, се осврна и на предизвикот со кој целиот свет се соочува во изминатата година.„Заедно ќе ги обновиме нашите економии, ќе ги заживееме нашите партнерства и ќе научиме од трагедијата, исто како што ги искористивме ужасите од Втората светска војна за да изградиме нов поредок од урнатините на Европа. Овој поредок служи како камен-темелник на стабилноста и просперитетот за овој континент, кој останува стабилен партнер за Соединетите држави. Што е најважно, се заснова на единство, соработка и взаемна доверба“, заклучи Брнз.Претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците, Никола Стојановски, во своето излагање потсети на улогата што Северна Македонија ја одигра во борбата против фашизмот.„Денес кога оддаваме почит и сеќавање на големите жртви и заедничката борба за слобода, Сојузот на борците со гордост го истакнува нашиот придонес за слободна и демократска Европа, заедницата со која ги споделивме идеалите на новото време. Таа Европа и тој свет, драги пријатели, да биде против неофашизмот и екстремниот популизам, против ксенофобијата, расизмот, верската нетолеранција и другите насилства, против војните, хегемонистичките наметнувања, тероризмот во неговите облици. Опасноста да ја замениме со реафирмирање на начелата на Обединетите нации, човековите права, правото и правдата во светот“, рече Стојановски.Божин Милосавлевски, жител на село Вратница ги прераскажа преданијата од своите соселани кои херојски помогнаа при спасување на пилотите.

Македонија | пред 5 години

w_56674000

Денеска починати 14 лица и нови 135 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 74, Куманово – 11, Битола – 7, Виница – 6, Прилеп , Тетово и Струмица – по 5, Охрид и Пробиштип – по 3, Велес, Штип, Кичево, Ресен и Радовиш – по 2 ,Кавадраци, Струга, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Крушево – по 1.Регистрирани се 298 оздравени пациенти од:Скопје – 119, Куманово – 31,Битола – 30, Штип – 16, Струмица – 14, Велес – 13, Кочани – 11, Кичево – 9, Охрид – 8, Тетово и Виница – по 5, Гостивар, Струга, Свети Николе и Ресен – по 4, Радовиш, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Гевгелија и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Берово, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 14 починати лица: 7 од Скопје (47г,64г,69г,71г,72г, 76г и 79г), 3 лица од Куманово (67г,71г, и 85г), и по 1 починато лице од Битола (49г), Струмица (78г), Кичево (82г) и Крива Паланка (85г). Од пријавените, сите 14 лица се починати во болнички услови.Направени се 1.993 тестови преку: ИЈЗ-244, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-90, ЦЈЗ Прилеп-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–149, МАНУ-48, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-228, Биотек-238, Систина-177, лабораторија Лаор-174, Синлаб-14, Ремедика-0, Плодност–76, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 369.Досега во земјата се направени вкупно 740.005 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 67955, активни 5047Куманово 8714, активни 877Прилеп 8242, активни 449Тетово 7177, активни 447Битола 6229, активни 701Велес 5446, активни 371Гостивар 5146, активни 282Кавадарци 5136, активни 222Охрид 4962, активни 401Штип 4937, активни 237Струмица 4078, активни 216Струга 2963, активни 137Кочани 2756, активни 145Кичево 2513, активни 231Гевгелија 2185, активни 162Неготино 2173, активни 133Свети Николе 1512, активни 99Ресен 1224, активни 176Крива Паланка 1216, активни 46Радовиш 1114, активни 89Берово 1024, активни 25Делчево 959, активни 68Дебар 935, активни 25Виница 857, активни 117Пробиштип 782, активни 23Валандово 664, активни 16Богданци 494, активни 39Крушево 490, активни 73Демир Капија 396, активни 15Демир Хисар 394, активни 57Кратово 361, активни 9Македонски Брод 356, активни 4Пехчево 265, активни 12Македонска Каменица 239, активни 16Дојран 132, активни 4 Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-5

Премиерот од денеска започнува европска работна агенда која опфаќа работни посети на Брисел, Мадрид и Атина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, од денеска започнува европска работна агенда која опфаќа работни посети на Брисел, Мадрид и Атина.Во седиштето на Европската Унија во Брисел, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев ќе оствари работни средби со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со Јосеп Борел, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешна политика на ЕУ, со извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимемерманс и со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување.За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.Претседателот на Владата Зоран Заев, во Брисел уште ќе се сретне и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew, Илхан Ќучук, известител за Северна Македонија и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ.Од Брисел, премиерот Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, заминува за Мадрид.Во главниот град на Кралството Шпанија, како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат.За време на посетата на Мадрид, премиерот Заев ќе оствари средба и со Антони Гараменди, претседател на Шпанската конфедерација на работодавачи.Премиерот Заев ќе ја заврши европската агенда со работна посета на Атина и со учество на Економскиот форум Делфи, заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за економија Крешник Бектеши.Во Атина претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.На маргините на Економскиот форум Делфи Заев ќе има одделни средби со Алексис Ципрас, поранешен премиер на Грција и лидер на СИРИЗА, со Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија, како и со други политички претставници од меѓународната сцена и со претставници на компании и стопански комори.

Македонија | пред 5 години

angelov

ВИДЕО: Ангелов висеше на јаже, во знак на восхит

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска учествуваше во вежба за спасувачка акција „Мрежичко 2021“ и со јаже се преминуваше преку кањон. Тоа го направи за, како што рече, да им оддаде почит и да ја докаже неговата доверба во вештините и опремата кои ги поседуваат членовите на Спелеолошката федерација на Македонија.„Потребни се длабоки системски реформи за овие луѓе да бидат ставени во системот на државата, во системот за управување со кризен менаџмент за нивните вештини да бидат на располагање за сите граѓани на кои ќе им биде потребно спасување или извлекување од непристапни терени. Наша задача како ЦУК е длабоки реформи на целиот систем за да бидат отстранети сите недостатоци кои ќе ги детектираме или се детектирани до сега“, рече Ангелов пред да се спушти.Вежбата „Мрежичко 2021“ беше изведена во кавадаречкиот регион, а кањонот преку кој тој поминуваше е длабок околу 30 метри. 

Македонија | пред 5 години

vakci-4

Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 279.909 граѓани.На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Македонија | пред 5 години

divo-naselje2

Кој и зошто го организираше Диво насеље, која е улогата на македонските шпиунски служби

Како многу улици во етнички мешаните делови од Македонија, така и улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, град во северниот дел од земјата, има две неофицијални имиња. Етничките Албанци ја нарекуваат „Улицата на храбрите мажи”. За сите други, таа е „Диво насеље”.Во раните утрински часови на 9 мај 2015 година, улицата стана воена зона, објави Призма.мк.БИРН  во текст кој го објави во 2018 година пишува:Не можевме независно да ги потврди информациите од изворот, а неговата верзија за настаните целосно ја отфрлаат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.Но, земени предвид заедно со сведочењата дадени пред судот, фрагменти од прислушуваните разговори и форензичните индиции дека некои од вооружените лица можеби биле егзекутирани по кратка постапка, неговите непотврдени тврдења навестуваат драма што би била вредна за шпионски трилер.Според разузнавачот, кој сакаше да остане анонимен, борците во Куманово биле регрутирани и вооружени со помош на Агенцијата за разузнавање, што им овозможило безбеден коридор за влез во Куманово пред да се судрат со полициските сили.„Конфликтот во Куманово беше целосно организиран од страна на разузнавачката агенција на Македонија”, изјави разузнавачот за БИРН. „Тоа беше лошо организирано сценарио, кое на терен уште повеќе се влоши “.БИРН ги достави тврдењата, кои не се поткрепени со цврсти докази, до Агенцијата за разузнавање. Претседателот Иванов, кој е одговорен за агенцијата и го води Националниот совет за безбедност, одговори лично.Иванов негираше дека агенцијата или кабинетот на Претседателот го исценирале инцидентот во Куманово и ги нарече таквите обвинувања „очаен обид да се искриви вистината со лажни вести и да се изгради негативна перцепција за институциите”.Заев, чија влада предводена од СДСМ дојде на власт во мај, со што стави крај на десетгодишната власт на партијата на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека тој лично се залагал за повторно судење. Доколку се случи тоа, властите навестуваат дека можеби ќе побараат помош однадвор за отстранување на сите преостанати сомнежи во врска со случајот.Додека жителите ги расчистувале остатоците по престрелката – скршени стакла, искривени железа, изгорени тули – невозможно било, а да не се сетат на мрачните денови од 2001 година.Областа околу Куманово била во центарот на 10-месечниот конфликт во 2001 година меѓу државните безбедносни сили и етничките албански борци на сега распуштената Ослободителна национална армија, ОНА.Мировниот договор потпишан со посредство на НАТО и помогнал на Македонија да ја избегне општата граѓанска војна, а се средија и дел од проблемите што го поттикнаа бунтот, меѓу кои и недоволната политичка застапеност на етничките Албанци кои сочинуваат барем една четвртина од вкупно 2,1 милиони жители во Македонија.Со мировниот договор од 2001 година албанскиот станал официјален јазик во општините каде што етничките Албанци сочинуваат најмалку една четвртина од населението. Исто така, на етничките Албанци им била загарантирана пропорционална застапеност во владините и државните институции.9 февруари 2015 – Владата на премиерот Никола Груевски е погодена од корупциски скандал, бидејќи опозицијата започнува со објавување на протечени прислушувани разговори кои го инкриминирале Груевски и негови блиски соработници.4 април 2015 – Поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов им вели на демонстрантите дека има информации оти „некој” платил два милиони евра на етничките албански „криминалци” за да ја имитираат сега расформирана бунтовничка група и да предизвикаат меѓуетнички конфликт во кумановскиот регион.10 април 2015 – Бомба е фрлена пред зградата на Владата во Скопје. Никој не е повреден.11 април 2015 – Лице кое се нарекува себеси „командант Куштрими” ја презема одговорноста за нападот и предупредува на повеќе бомбашки напади, доколку етничките Албанци не добијат еднакви права во Македонија.21 април 2015 – Четириесет маскирани вооружени лица ја преминуваат границата од Косово и ја напаѓаат полициската станица во селото Гошинце, при што бегаат со големо количество оружје и муниција.26 април 2015 – Мирсад Ндрецај, поранешен борец од војната на Косово со Србија, ја презема одговорноста за нападот на Гошинце.27 април 2015 – Владејачката ВМРО-ДПМНЕ објавува дека ќе го промени датумот на својот партиски конгрес, и наместо да се одржи во Куманово на 9-10 мај, ќе се одржи на 2-3 мај. Локалните медиуми јавуваат дека тоа е заради безбедносни причини.30 април 2015 – Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, повикува на масовни протести на 17 мај. Околу 100.000 луѓе се очекува да присуствуваат. „Овој пат нема да одиме дома додека не падне владата”, вели тој.3 мај 2015 – Експлозија во седиштето на најголемата етничка албанска партија и партнер во владата во Тетово. Нема загинати.5 мај 2015 – Опозицијата објавува прислушувани разговори во кои се слуша дека министрите сокриле важни информации за смртта на едно момче, што резултира со голем протест и судири со полицијата во Скопје.9 мај 2015 – Непосредно пред зората, со огнено оружје и експлозии, избувнува престрелка во Куманово во населба на етнички Албанци, меѓу полицијата и 39 вооружени лица забарикадирани во три куќи. Тоа е почетокот на смртоносната дводневна престрелка. Дури и пред да слегне прашината, критичарите ја обвинуваат владата дека го мести инцидентот за да го одвлече вниманието од скандалот со прислушувањето.Оттогаш во Куманово, град кој брои 20.000 етнички Албанци, кои сочинуваат речиси половина од вкупното население во градот, владее смиреност. Настаните од 9 и 10 мај го разбудија духот за можни нови етнички судири.Во својот говор пред нацијата по престрелката, Груевски апелираше до „оние кои ја критикуваа опозицијата или власта да престанат, бидејќи сега ни е потребно единство”.Некои критичари сметаа дека ова е многу погоден тајминг за владата.Почнувајќи од февруари 2015, Груевски бил во кал до гуша заради скандалот што ја тресеше владата, откако тогашниот лидер на опозицијата, Заев, почнал да ги објавува информациите што тој ги нарекувал информативни „бомби” – серии од тајни снимки за кои тој велел дека докажуваат оти владата стои зад нелегалното прислушување на над 20.000 луѓе.Опозицијата тврдеше дека според протечените прислушувања високи функционери биле вмешани во злосторства, вклучувајќи изборна измама, злоупотреба на власта и прикривање убиства, кои владата ги негирала, велејќи дека снимките биле фабрикувани од странски агенти.Скандалот со прислушувањето предизвика бурни протести и барања за оставка на Груевски. Критичарите се прашуваа дали инцидентот во Куманово би можел да биде исцениран за да се смират обидите за негово соборување.Груевски ги негираше сите обвинувања, инсистирајќи дека прислушуваните разговори биле монтирани снимки објавени како дел од заговорот за дестабилизација на земјата од страна на неименувани „странски тајни служби” во соработка со неговите политички противници во Македонија.На една од прислушуваните снимки, објавена на 15 мај 2015 година, наводно се слуша разговор меѓу шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за време на кој очигледно се забавуваат со идејата за поттикнување конфликт.„Зошто да не направиме војна [со етничките Албанци]?”, вели Протуѓер на Јанкулоска.„Можеме да ги смачкаме за еден час!”, одговара Јанкулоска.Неколку дена по престрелката, Јанкулоска даде оставка. Исто како и Сашо Мијалков, шеф на тајната полиција и братучед на Груевски. Двајцата изјавија дека нивните оставки немале никаква врска со Куманово, туку дека биле со цел да помогнат да се стави крај на политичката криза која ја зафати земјата, за која тие ја обвинија опозицијата.Во јануари 2016, и самиот Груевски ќе поднесе оставка, како што беше договорено со посредство на ЕУ со цел да се стави крај на кризата предизвикана од скандалот со прислушувањето. Во јуни 2017 година тој и неговите блиски соработници биле обвинети за изборна измама и други наводни злосторства.Доколку престрелката во Куманово била ујдурма за да се пренасочи вниманието од критиките упатени кон владата, тоа очигледно не успеало.БИРН не беше во можност да го контактира Груевски за коментар, но од ВМРО-ДПМНЕ, каде сѐ уште беше претседател во ноември 2017 година, на прашањата на БИРН одговорија со изјава.„Обвинувањата на тогашната опозиција се целосно лажни и подолг временски период беа дел од нивната црна кампања предводена од медиумите под нивна контрола”, напиша во е-мејл портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. „Таквите тврдења беа дел од добро подготвена пропаганда против партијата, само за да се намали довербата во неа.„На крајот од краиштата, ниту тогаш, ниту денес, половина година по доаѓањето од СДСМ на власт, нема никакви докази што би го поддржале тврдењето дека нашите партиски претставници биле вклучени во организирање на настанот во Куманово”.Горан Митевски, директор на Агенцијата за контраразузнавање на Република Македонија во периодот помеѓу 1999 и 2001 година, изјави за БИРН во ноември 2017 година дека слушнал непотврдени тврдења дека инцидентот „го организирале високи државни службеници”.Агенцијата за контраразузнавање е одделен субјект од Агенцијата за разузнавање.Запрашан што би добила владата од планирање на таков инцидент, тој шпекулирал дека можеби владата барала изговор да се објави вонредна состојба поради апелите за предвремени избори.„Но, за да се докаже сето ова, треба да се отвори меѓународна истрага со вклучување на странски експерти или агенти од соседството или од други странски земји”, изјави тој. Во ноември 2017 година, Ангелов изјави за БИРН дека неговата информација дошла од „луѓе што работеле за државната безбедност и други служби” и дека ја проверил со други разузнавачки извори.Планот бил да им се плати на криминалците да регрутираат – „како колатерална штета” – група лековерни и идеолошки управувани етнички Албанци да започнат со напади во Македонија, наводно, за да ги одбранат етничките Албанци од државно угнетување, му било кажано на Ангелов.„Тогаш реков дека луѓето блиски до носителите на власт биле поттикнувачи на овој крвав чин”, вели тој. „Верувам дека никој не сакаше да го види овој трагичен исход, но сметам дека во моментот тие ја изгубија контролата”.„Некој во нашата земја има подготвено монструозен план да предизвика меѓуетнички конфликт” – Поранешниот полициски генерал Стојанче АнгеловШест дена по говорот на Ангелов, била фрлена граната пред зградата на Владата во Скопје. Никој не бил повреден, а штетата била минимална.Некој што се нарекувал „командант Куштрими” ја презел одговорноста во е-мејл испратен до медиумите со логото на ОНА и, бизарно, фалсификуваниот потпис на гувернерот на Европската банка.Куштрими се заканил со понатамошни напади сѐ додека сите Албанци немаат еднакви права со Македонците.На 3 мај 2015 година, во североисточниот град Тетово експлодирала бомба во седиштето на Демократската унија за интеграција, ДУИ, најголемата партија на етничките Албанци и помлад партнер во владата. Немало загинати или повредени и никој не ја презел одговорноста за нападот.Но, на 21 април 2015 година, овие наводни борци на ОНА навистина оставиле својот белег.Полицијата објавила дека 40 маскирани вооружени лица со значки на ОНА преминале од Косово и упаднале во полициската станица во селото Гошинце, во Липково, во близина на границата.Тие врзале и претепале четворица полицајци, пред да избегаат со извонредно големиот арсенал на оружје и муниција на овие четири лица, вклучувајќи десетици митралези.ДУИ ги предупреди етничките Македонци да не потпаѓаат на она што тие го нарекле „провокација”.Македонската новинска агенција „Журнал“ го цитира поранешниот командант на ОНА во Липково како вели дека тајната служба го организирала инцидентот во Гошинце за да поттикне етнички судири и да ги натера Македонците да застанат во поддршка на владата.„Владата плати некои луѓе да создадат проблем таму горе за да манипулираат со јавното мислење”, гласеше цитирана неговата изјава.Во јули 2017 година, високиот разузнавач изјави за БИРН, дека Агенцијата за разузнавање ги охрабрила напаѓачите да дојдат во Гошинце и да го украдат оружјето, иако изворот не понуди никаков доказ за наводот.Пет дена по нападот на Гошинце, едно лице по име Мирсад Ндрецај, подоцна идентификуван како еден од убиените лидери на вооружените лица од Куманово, објавил на Фејсбук дека ја презема одговорноста за нападот.„ОНА секогаш ја погодувала целта, онаму каде што најмногу ги боли нашите непријатели”, напишал тој. „Не сакаме војна, но кога тоа ќе ни биде наметнато, ние секогаш ќе ја заштитиме нашата сакана албанска нација”.Властите подоцна потврдиле дека оружјето запленето во Гошинце било користено во Куманово. Освен оружјето пронајдено на улицата „Перо Илиевски“, полицијата пронашла уште 65 митралези и осум рамки со муниција од истото оружје закопани во шума во близина на градот.Еден ден по нападот на Гошинце, ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе го промени датумот на својот конгрес. На конгресот, кој се одржува секои четири години, Груевски се кандидираше за четврти мандат како претседател на партијата, без да има противкандидат. Настанот требало да се одржи во Куманово на 9-10 мај, но бил преместен на 2-3 мај.Запрашан во врска со промената на датумите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Котевски изјави за БИРН дека партијата го презакажала конгресот заради ескалација на политичката криза за што ја обвинила опозицијата, „со цел целото внимание и фокус на раководството на партијата да се сврти кон политичката криза”.Тој рекол: „Партијата немаше никакви информации за групата и нивните намери да влезат во Куманово”. Претседателот Иванов, кој потекнува од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и е шеф на државата од 2009 година, негираше дека тој или неговиот кабинет имале некаква врска со она што се случило во Куманово.„Ниту јас како претседател, ниту мојот кабинет не сме биле на ниту еден начин вмешани во случајот Куманово”, изјави тој за БИРН во својот писмен одговор на прашањата поставени до Агенцијата за разузнавање. „Претседателот е само корисник на информациите кои доаѓаат од Агенцијата за разузнавање и другите безбедносни служби”.„Ниту јас како претседател, ниту мојот кабинет не сме биле на ниту еден начин вмешани во случајот Куманово” – Претседателот на Република Македонија Ѓорге ИвановИванов продолжи: „Од продукцијата на лажни вести, следно очекувам да ме поврзат со атентатот на [американскиот претседател Џон Фицџералд] Кенеди. Наведете барем еден факт, а не гласини, шпекулации и лаги, туку факт што го поврзува кабинетот на претседателот со вашите наводи.„Сакам да ја информирам јавноста, но и да испратам порака до сите генератори на лажни вести: нема да седиме со скрстени раце”.Иако Македонија е парламентарна демократија и овластувањата на претседателот се ограничени, Иванов е врховен командант на вооружените сили и шеф на Националниот совет за безбедност. Тој, исто така, го именува директорот на Агенцијата за разузнавање.Критичарите го гледаат Иванов како близок партиски војник на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Во март 2017 година, тој предизвика скандал одбивајќи да му даде мандат на Заев откако СДСМ освои доволно места за формирање влада во сојуз со партиите на етничките Албанци. Во мај 2017 година, Иванов конечно попушти.Телефонските снимки објавени на Косово и преземени од македонските медиуми, укажувале и на состанок одржан во Приштина, очигледно помеѓу разузнавачот Мемеди и водачот на групата Ндрецај.Мемеди: „Утре ќе бидам во Урошевац [град во јужниот дел на Косово], со мојата сопруга, ќерка и синови. Мислев ако сте во Приштина, или каде сте?Ндрецај: „Во Приштина сме”.Мемеди: „Ќе ви се јавам утре тогаш и ќе се сретнеме некаде на кафе”.Ндрецај: „Океј, ќе се сретнеме во Приштина”.Мемеди: „Поздрави го Бег [Ризај, уште еден од лидерите убиени во Куманово].”Ндрецај: „И тој те поздравува”.Во судот, неколку од обвинетите зборувале за барем еден одржан состанок во Приштина помеѓу Ндрецај и шпионот Мемеди.Тие велат дека целта била конкретно да се подготват за Куманово и дека состанокот бил снимен. Едно од наводните вооружени лица, Анди Красниќи, изјавил дека постои видео снимка што траела три часа и 17 минути.Но, таква видео снимка никогаш не се појавила.„Тој [Ндрецај] се сретнал со Шенаси Мемеди и уште еден човек, Македонец”, изјавил Красниќи пред судот. „Не му го знам името, но знам дека е од тајната служба”.Насуф Беќири, уште еден од обвинетите, рекол дека ко-водачот Бег Ризај, исто така, присуствувал на средбата.„Таа снимка постои и ќе излезе на виделина”, вели тој. „Тие го планираа проектот, каде треба да влезат, што треба да направат”.БИРН достави прашања до Агенцијата за разузнавање дали нејзините службеници се сретнале со членови на групата во периодот пред престрелката. Претседателот Иванов одговорил: „Вашето прашање е упатено на погрешна адреса”.Тој напишал: „Поставете го прашањето до официјални претставници на меѓународните организации и странските амбасади, државните органи и политичките функционери кои биле во постојана комуникација со лидерите на групата.„Прашајте ги во врска со заканите за атентат, изнудување, уцена, физичко насилство и зошто тие не ги пријавија настаните, контактите и природата на разговорите до Агенцијата за разузнавање и Министерството за внатрешни работи. Има многу”.Поранешниот директор на Агенцијата за контраразузнавање, Митевски, вели дека не постои начин на кој напаѓачите би можеле да стигнат до улицата „Тоде Мендол“ во Куманово со целото тоа оружје без да бидат во дослух со Агенцијата за разузнавање.„Кога велам дека морало да има поддршка од тајната служба, мислам дека тие имале можност да преземат акција во близина на косовската граница или на некој друг отворен простор каде што би немало цивилни жртви”, вели тој.„Според информациите на обвинителството, групата била следена со беспилотно летало што влегло од Косово во Македонија. Заклучокот е дека тајната служба имала сигурни информации за времето и местото каде групата ќе влезе во Македонија”.Текстот во целост на: Призма.мк.Текстот е истражување на БИРН објавено во 2018 год

Македонија | пред 5 години

09052021_PVRSM_Zaev_polozuvanje-na-cveke_2

Владина делегација предводена од премиерот Заев положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај - Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието на Република Северна Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Армијата на Република Северна Македонија и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов.Оддавањето почит на борците против фашизмот за нивните дела кое израснаа врз рушевините и ужасите на Втората светска војна, е и за делата кои ја создадоа македонската државност паралелно со победата над фашизмот.

Македонија | пред 5 години

08042021_PVRSM_Zaev_MF_Besimi_pres-konferencija-1

Заев за „Катимерини“: Со Грција ја зацврстуваме соработката и на полето на енергетиката

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчки „Катимерини“ рече дека на сите средби со премиерот Киријакос Мицотакис, разговараат за поголема економска соработка и дека таа соработка треба да продолжи и да се надгради со вклучување на регионот во политиките на ЕУ за економско закрепнување на земјите од Европа за време и во пост-ковид периодот.„Заедничките инвестициски проекти се уште една алка за зацврстување на нашето пријателство и на соработката на полето на енергетиката. Потпишаните Меморандуми за соработка за реализација на проектите: Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи, како и договорот за интерконекторот за гасно поврзување со Грција создаваат можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот.Ова е дел и придобивка за остварување на нашето зелено сценарио како најприфатливото за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки придобивки“, подвлече премиерот Заев.Заев додаде дека во овој дел се очекува значително да се подобри и унапреди соработката и на регионално ниво.„Со поврзувањето со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија ќе стане транзитна рута на природен гас и енергетски хаб на Балканот. Проектите со Грција на планот на гасното поврзување се први од ваков тип во Југоисточна Европа.Со поврзувањето со Грција, наместо во нашата држава да биде присутен само еден извор на гас, сега е отворена можноста да влезе и снабдување од повеќе различни извори, како гасот од Соединетите Американски Држави, Блискиот Исток и други, што значи сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите што нашата држава ќе ја направи енергетски независна“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“.

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Заев за „Катимерини“: Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, во неделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори и за придобивките од членството во НАТО. Премиерот Заев, рече дека на 27 март ја прославивме првата годишнина од нашето членство во НАТО, со што се реализираше една од нашите најважни стратешки цели за државата зацртана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година.„Членството во НАТО е суверен израз на нашиот избор дека сакаме да бидеме дел од евро-атлантската заедница на демократии, определба којашто секогаш имала силна поддршка од јавноста, и уживала широк натпартиски и меѓуетнички консензус.Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија. Сега седиме на маса заедно со најголемите и најразвиените земји во светот. Од 30-те членки на НАТО, 21 земја се членки и на ЕУ. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии. Заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност“, подвлече Заев.Премиерот Заев истакна дека со нашето учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, придонесуваме кон намалување на ризиците и заканите кои потенцијално би можеле да донесат нестабилност во нашиот регион или во Северна Македонија.„Ние сме мала држава со ограничени ресурси, но во сојузништво со сите земји членки на НАТО многу полесно ќе се справуваме со гео-политичките предизвици.Демократските вредности ги споделуваме со нашите сојузници, и членството во НАТО ни помага тие вредности да ги чуваме, развиваме и да ги промовираме и дома. Членството во НАТО е дополнителен мотив за зајакнување на социјалната кохезија во Северна Македонија, и служи за зајакнување на отпорноста на нашата демократија“, нагласува премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, во денешното неделно издание за грчки „Катимерини“.

Македонија | пред 5 години

divo-naselje

Денеска се одбележуваат шест години настаните во Диво насеље, кога загинаа осум полицајци

Денеска се одбележуваат шест години настаните во Диво насеље, кога загинаа осум полицајци.Македонскиот полициски синдикат со жалење по своите колеги потсетува на хероите кои ги положија животите во Диво Насеље, шест години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети.„ Датум завиен со црна лента во нашата историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината.Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште еднаш апелира и ја потсетува целокупната јавност дека припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси“ се наведува во соопштението од синдикатот.Оттаму додаваат дека сите секогаш ќе ја паметат нивната храброст и секогаш ќе се сеќаваат на херојството на овие херои:Жарко Кузмановски с. Брвеница;Ненад Серафимовски с. Зубовце;Сашо Самојловски ,с. Брвеница;Бобан Ивановиќ,Скопје;Горан Илијевски,Гостивар;Исамедин Османи,Скопје;Љубиша Аранѓеловиќ, Скопје;Горан Стојменовиќ,Скопје.

Македонија | пред 5 години

kiril-psaltirov-696x399

Почина Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште

Денеска после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар.Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, и многу други. Псалтиров Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешевски.Погребот ќе се одржи во неговиот роден град Кочани на 09.05.2021 година.

Македонија | пред 5 години

grubi

Артан Груби повторно ги прекршува здравствените протоколи?

На социјалните мрежи се споделува фотографија на која првиот вицепремиер Артан Груби е во друштво на 7 лица, веројатно на Ифтар, но на масата никој од присутните не носи маска.Од фотографијата може да се забележи дека на масите седат повеќе од четири лица, колку што пропишуваат мерките.Фотографијата е постирана на Фејсбук профилот на Груби.Се поставува прашањето дали ќе се поднесе кривична пријава против вицепремиерот за непочитување на здравствените протоколи?фото: ФБ Артан Груби

Македонија | пред 5 години

prevrtena-kola

Едно починато лице во сообраќајката пред Коњари

Tешка сообраќајната несреќа се случи попладнево на автопатот Штип – Скопје, пред селото Коњари.Станува збор за превртено возило на патот во кое едно лице починало на лице место, а друго е повредено.Од МВР велат дека несреќата се случила околу 16:50 часот кога патничко возило „нисан“ со скопски регистерски ознаки се превртело. Едно лице починало на местото на настанот, а друго лице е повредено и е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.фото: Сител

Македонија | пред 5 години

vardar

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен од реката.Извршен бил увид на местото од страна на увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Гостин на Георгиески денеска беше амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Јелстад

Мој гостин денеска беше амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Јелстад. Денот го поминавме разговарајќи за заложбите кои ги правиме за исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:Зборувавме и за актуелните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро и за важните инфраструктурни проекти кои во моментот ги реализира Општина Охрид. Амбасадорот Јелстад изрази заинтересираност за продлабочување на соработката помеѓу охридската локална самоуправа и амбасадата на Кралството Норвешка и реализација на заеднички проекти.Заедно посетивме неколку важни културни знаменитости во стариот дел на Охрид и на мое задоволство амбасадорот Јелстад уживаше и во езерска пловидба по Охридското Езеро.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

garvanliev

(ВИДЕО) Првата проба на Гарванлиев со “Here I stand” на Евросонг во Ротердам се случи денес и веќе се очекуваат попрецизни прогнози околу пласманот

Полуфиналните вечери ќе се случат на 18 и 20 мај, додека финалето е закажано на 22 мај. Васил настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред . Првата проба на Гарванлиев со “Here I stand” на Евросонг во Ротердам се случи денес и веќе се очекуваат попрецизни прогнози околу пласманот на учесниците, но искуството покажало дека не постојат правила до последниот момент и од есенцијално значење е позитивната мисла и безрезервна поддршка на избраните претставници. Полуфиналните вечери ќе се случат на 18 и 20 мај, додека финалето е закажано на 22 мај. Васил настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред, објави Независен.мк.Поради скратениот буџет за реализација на проектот и условите коишто ги наметна пандемијата, екипата од МРТ која отпатува во Ротердам е исклучително мала. Покрај Васил Гарванлиев во Холандија отпатуваа и Александра Јовановска, новинар кој одлично ги познава евровизиските протоколи и режисерката Тине Матулеси, која го осмисли досега најуспешниот македонски евровизиски настап во 2019 година, но и многу други впечатливи евровизиски настапи.Костимот за препознатливиот евровизиски црвен килим е креација на Раде Василев & Tip Top, додека пак костимот за на сцена Василев го креира во соработка со Signori.Особено значаен е фактот што Васил Гарванлиев пред патувањето за Холандија доби поддршка од Мицуко Ушида, пијанистка и диригентка од светски ранг. Во светот на класичната музика опишувана токму како еден од најзначајните музичари на денешницата. Позната по нејзината интерпретација на дела од Моцарт, Шуберт, Шуман и Бетовен, таа има настапувано со Берлинската и Лондонската филхармонија, а меѓу другото е и добитник на Греми.Директните преноси од сите три евровизиски вечери ќе можете да ги проследите на Првиот и Вториот канал на Македонската телевизија, како и на Првата програма на Македонското радио, со почеток во 21 часот.Текстот во целост на:  Независен.мк.

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска починати се 12 лица и нови 198 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 76, Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.Регистрирани се 333 оздравени пациенти од:Скопје – 139, Охрид – 43, Куманово – 24, Струмица – 20, Струга – 14, Прилеп – 13, Битола – 12, Велес – 10, Тетово ,Кочани и Кичево – по 7, Кавадарци и Штип – по 5, Гевгелија и Неготино – по 4, Гостивар , Виница, Богданци и Македонски Брод – по 3, Свети Николе и Делчево – по 2,Пробиштип, Валандово и Пехчево – по 1.Пријавени се вкупно 12 починати лица: 6 од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г), Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.Направени се 3.108 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–71, МАНУ-81, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-246, Биотек-463, Систина-143, лабораторија Лаор-330, Синлаб-71, Ремедика-90, Плодност–61, Генеа–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 726.Досега во земјата се направени вкупно 738.012 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 67881, активни 5099Куманово 8703, активни 900Прилеп 8237, активни 444Тетово 7172, активни 447Битола 6222, активни 725Велес 5444, активни 382Гостивар 5146, активни 286Кавадарци 5135, активни 221Охрид 4959, активни 406Штип 4935, активни 251Струмица 4073, активни 226Струга 2962, активни 140Кочани 2755, активни 155Кичево 2511, активни 239Гевгелија 2185, активни 164Неготино 2173, активни 133Свети Николе 1511, активни 102Ресен 1222, активни 178Крива Паланка 1215, активни 47Радовиш 1112, активни 90Берово 1024, активни 26Делчево 959, активни 68Дебар 935, активни 25Виница 851, активни 116Пробиштип 779, активни 21Валандово 664, активни 19Богданци 494, активни 42Крушево 489, активни 72Демир Капија 396, активни 15Демир Хисар 394, активни 60Кратово 361, активни 10Македонски Брод 356, активни 4Пехчево 265, активни 14Македонска Каменица 239, активни 17Дојран 132, активни 4фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto-6

Кабинет на Претседател: Ставовите на Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни и не зависеа од средбата со господинот Мицкоски

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, се вели во реакцијата од Кабинетот на Претседателот.Во продолжение на истата се додава:Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани.Инаку претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во рамки на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Пратениците со народот“ остварени посети на десетина населени места низ Македонија

Во рамки на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ предвидена за претстојниот период насловена како „Пратениците со народот", пратеничката Дафина Стојаноска ги посети населените места Тумчевиште и Вруток. Жителите на овие две села велат дека власта ги запоставила во сите сегменти, а за тоа сведочат нивните секојдневни проблеми во однос на инфраструктурата, земјоделието, водоводот и уште низа нерешени проблеми.- Овие луѓе ја живеат тажната реалност во државата, а тоа е дека во секое село и во секој град останаа нерешени горливите проблеми и прашања, кои директно влијаат врз секојдневното живеење на луѓето. Жителите на Тумчевиште велат дека ниту еден функционер од власта не ги посетил откако поминале последните избори, кога биле кај нив и ветувале брда и планини, а реалноста е дека ги оставиле самите да си го решаваат проблемот со водоводот. Луѓето се жалат дека во време на светска пандемија, кога хигиената мора да биде на врвно ниво, селото се случува да остане без вода и со денови, но за тоа власта нема слух. Жителите на Вруток велат дека покрај сите проблеми со кои се соочуваат, еден од најважните е канализационата мрежа, која што им била ветена од страна на централната власт, но досега од сето тоа има само ветер и магла. Тие велат дека очекувале барем малку централната власт да се заангажира во овој дел од државата, бидејќи Вруток сам по себе е атрактивен поради изворот, но за жал власта ги запоставила и жителите од ова населено место, па така тие секојдневно мака мачат поради нерешениот проблем со канализацијата, вели СтојаноскаПратеничката Ели Панова го посети населеното место Банско во струмичкиот регион. Панова поразговара со жителите од ова населено место, кои ја известија за лошата состојба во однос на откупот и цената на раноградинарските производи, кои како што велат се плод на нивната макотрпна работа и труд.- Во населеното место Банско е и познатиот центар за рехабилитација Бања Банско. Штитениците од оваа институциуја велат дека демократијата е нарушена и немаат право на избор, слобода и говор. Покрај овие проблеми, велат дека дополнително на тоа имаат голем проблем во однос на неконтролираниот сообраќај околу рехабилитациониот центар, кој придонесува за нарушување на безбедноста. Жителите на Банско се апсолутно незадоволни од оваа власт, бидејќи велат дека покрај сите проблеми, најмногу ги погодува проблемот што нивните деца мора да одат да учат во соседното село Муртино, а бројката на деца кои што секојдневно циркулираат на тој потег е над 600, што значи дека се исполнува условот за деветтолетка. Жителите на Банско велат дека оваа е власт најлошото нешто што и се случило на Република Македонија и посакуваат таа слика да се промени, а земјата да ја водат политичари со чесна намера кои секојдневно ќе се интересираат за проблемите на граѓаните, посочи ПановаПратеникот од Куманово, Бране Петрушевски денес ги посети населените места Стрезовце и Облавце во општина Старо Нагоричане. Поразговара со жителите кои велат дека оваа власт апсолутно ги заборавила, а за тоа говорат нереализираните ветувања и проекти, кои додека траела изборната кампања им биле ветувани.- Тие велат дека не бараат многу од власта, туку само да им се вреднува трудот кој секојдневно го даваат за да заработат за скромен живот. Луѓето се соочуваат со земјоделски проблеми, немање субвенции за нова механизација, како и со откупот кој од година во година претставува се поголем проблем. Посакуваат што поскоро оваа гарнитура да си замине од власт и на нивно место да дојдат нови и чесни политичари, кои ќе им помогнат во секојдневното живеење и ќе се држат до зборот кој го даваат кога ја бараат нивната поддршка, истакна ПетрушевскиПратеникот од Охрид, Кирил Пецаков беше во посета на населените места Трпејца и Љубаништа, каде што како што вели жителите со крајни напори врзуваат крај со крај затоа што предолго време се заборавени од страна на Власта.- Разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, за туристичката сезона и угостителството, за ветените нерализирани ветувања на СДСМ, како и за предлози кои ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. Јасна е поддршката што ни ја даваат со цел заедно да ги промениме овие црнила. Заедно со македонската пролет доаѓа нова надеж, нагласи Пецаков.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Ќе ја разгледаме правната можност за испитување на психичката способност на Пендаровски за вршење на функцијата

Вчерашното симптоматично однесување на Стево Пендаровски после средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвора сомнеж дека постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба на Пендаровски.Стево Пендаровски на 29 април изјави дека осудените за 27 април не се терористи и дека треба да се преотвори судскиот процес со ново судење. СДСМ на прес конференција од 30 април му врати и го искара Пендаровски да внимава што зборува и му порача дека за настаните од 27 април станува збор за тероризам. Вчера пак, после средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски порача дека работата со осудените за 27 април е завршена работа, драконската вкупна казна од два века затвор е заслужена и за тоа нема компромис бидејќи имало терористичко загрозување на уставниот поредок. Патем, Пендаровски сакајќи да го омаловажи Мицкоски ноншалaтно изјави дека во разговорот за осудените за 27 април потрошиле само 3-4 минути иако станува збор за прашање од големо значење за нацијата и државата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Оттука, основано се појавува сомнежот дека кај Пендаровски постојат случаи кои влијаат врз психичката состојба и размислувањето да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема а станува збор за врховен командант на војската. Поточно, не може да распознае што е настанот од 27 април, бидејќи во период од десетина дена гледаме негово различно однесување за иста работа.Единствена Македонија ќе ја разгледа правната можност за испитување на постоење на психички околности кои влијаат на овие непресметливи потези кај Пендаровски во однос на настаните од 27 април во кој македонски патриоти се фрлени во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината.

Македонија | пред 5 години

94404268_10223547129613327_2057569637234638848_n

„Пиарот се вакцинира со Фајзер и Синофарм, а „рајата“ и небитните со Синовак“, новинарката Цветковска со реакција

„Сите вакцини се добри, но за некои ќе има од подобрите. Како советниците и советничките. Јер пиарот никако не смее да страда. Се извакцинираа со Спутник, Фајзер и Синофарм сите, да не збориме колку не се почитува редот, за "рајата" и небитните Синовак. Фала дечки, прекрасни сте“, искоментира новинарката Сашка Цветковска.

Коментари | пред 5 години

Mickoski

(ВИДЕО) Новинари под команда на Заев вршат притисок врз Пендаровски, тврди Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, дека изнел различен став од она што било дискутирано, Христијан Мицкоски истакна дека се работи за дволичност и очигледен е притисокот кој се врши врз Пендаровски, иако на средбата имале усогласен ставови.Генерално ние внатре се сложивме за се како што кажав и на мојата изјава надвор откако излегов од состанокот којшто го имав со господинот Пендаровски, тоа што го спомнав надвор практично се согласивме и внатре за време на средбата, но очигледен е притисокот којшто се врши врз него, од оние би рекол новинарски пера којшто се под директна команда и влијание на СДСМ и Зоран Заев, но и од медиумите каде што влијанието на СДСМ и Зоран Заев е забележливо и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски, јас го разбирам нормално не можам да го оправдам бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност, едно лице да имате на средбата, едно да имате надвор пред камерите, но во ред битно е дури ваков притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека сепак доколку имаме нови докази овој случај како и многу други случаи во минатото да започне од самиот почеток рече Мицкоски.Мицкоски посочи да се почека конечно пресудата од второстепениот суд Апелација, да ја добијат осудените лица и нивните бранители и потоа да можат да го користат вонреден правен лек, односно да приложат нови докази.Да го искористат инстурментот вонреден правен лек за да можат понатаму да ги презентираат новите докази пред третостепенипот суд Врховниот Суд или пред европскиот суд за човекови права во Стразбур, такашто на крајот од денот ја сепак сум задоволен затоа што најмалку што во овој момент им треба на граѓаните да слушаат исфрустрирани политичари, туку треба да слушаат и гледаат политичари којшто знаат како да се справат и да ги решаваат проблемите а не да ги создаваат проблемите, во таа насока беше и таа наша вчерашна средба, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

133474234-105843-207971

Изменет режим на сообраќај во Скопје на 10 и 11 мај

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 10 и 11.05.2021 (понеделник и вторник), поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.За таа цел, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните - учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

slavjanka

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за тоа што го кочи Законот за Клинички центар

За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од блокада на Законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години. Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски, со лаги, конструкции и преку парцијални документи, го саботира овој Закон и создава конфузија во јавноста. Сето тоа на штета на здравствениот систем и граѓаните, истакна Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.Петровска додаде:Со предлог Законот се предвидува изградба на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава во следните неколку децении, а ќе се изгради на површина од 110.000 м2.Наспроти овој проект, ВМРО ДПМНЕ, заглавен во минатото и обремент со долгови кон своите спонзори предлага изградба на само една зграда, на површина која е за само 1/10 од планираната површина за нов Клинички центар.На чиј плац ВМРО ДПМНЕ сака да биде изградена зградата која според нив треба да биде нов Клинички центар? Дали можеби тоа е на плацот кој е во сопственот на Самсоненко, бизнис партнерот на нивниот спонзор Орце Камчев? Или пак на уште помалиот плац кој е делумно државно, а делумно приватно земјиште и кој се користи како хелиодром?И конечно, ние нудиме изградба на нов Клинички центар на површина од 110.000, осмислен со брзи и ефикасни сообраќајни решенија, модерни болнички услови кои ги задоволуваат современите стандарди во медицината и потребите на граѓаните. А ВМРО ДПМНЕ зборува за реновирање на веќе постоечки простор кој одамна е претесен за потребите на нашиот здравствен сиситем.Сите ние пратеници во Собранието имаме одговорност пред граѓаните, особено во еден чувствителен период, во време на пандемија, да бараме решенија во интерес на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.Но наместо да се водат од одговорноста пред граѓаните, моите колеги пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се заглавени во минатото и под притисок на остатоците од режимот олицетворен во Мицкоски без ни малку совест го кочат овој важен проект иако имаат понуда токму тие да го водат целиот процес.Очигледно, за колегите од ВМРО-ДПМНЕ личните интереси на Мицкоски и нивниот спонзор им се поважни од здравјето на граѓаните и здравствениот систем.Кога веќе не се откажуваат од блокадите, чесно е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ги искористат најавените средби со граѓани и да им се извинат на граѓаните, затоа што го кочат овој Закон, но и други 26 закони кои се во интерес на граѓаните и државата.На јавноста и е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ се противи на се што е добро за граѓаните и државата.Колеги од ВМРО-ДПМНЕ, покажете дека работите за граѓаните, а не за нови плацеви на Водно, покажете дека вистински се грижите за здравјето на граѓаните, а не за мермер и стиропор, покажете дека саккате дијалог и излезете од сенката на минатото.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

2-2

(ФОТО) „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД" во Охрид, се чистат плажите кај Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани

Денеска ги чистиме плажите кај Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани. Акцијата ја спроведуваме во рамкина проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД" организирана од компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“.Голема благодарност и до граѓаните кои се вклучија и придонесоа за почиста и поубава средина, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања