Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

PSS

(ФОТО) Несреќа на Off Road тура во Охрид, возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија, интервенираше ПСС

Денес во 11:15ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, беше алармиран од група домашни туристи, кои со изнајмени АТВ возила изведувале авантуристичка Off Road тура, при што едно возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија длабока десетина метри, објавија од ПСС. Екипа од ПСС веднаш се упати на терен, а оперативниот центар ги извести СВР Охрид и Итната Медицинска Помош. Тимот на ПСС во 11:30ч. пристигна на место на несреќата, каде врз две лица (машко и женско), и двете со политрауми, им беше укажана прва помош и согласно протоколот за ваков вид интервенции истите беа целосно имобилизирани и со теренско возило транспортирани до возилата на Итната Помош, кои чекаа на најблиската пристапна точка.Во 12:10ч. двете повредени лица беа предадени на ИМП и пренесени на понатамошен болнички третман, велат од Планинската Спасителна Служба.Тие апелираат до туристичките работници и до лицата кои се корисници на услуги во авантуристичкиот туризам, да ги почитуваат и строго да се придржуваат до безбедносните правила, а во случај на несреќа, особено од ваков вид, каде најчесто станува збор политрауми со можни сериозни последици, веднаш да нѐ алармираат и да ги чекаат нашите тимови.извор и фото: Планинската Спасителна Служба

Македонија | пред 5 години

policija-1

Двајца скопјани пронајдени починати во нивниот дом

Две лица од Скопје биле пронајдени починати во својот дом, информираaт од Министерството за внатрешни работи.Вчера, во 17.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на улицата Босна и Херцеговина биле пронајдени починати А. М. (58) и С. М. (57).Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

sportuvaj

Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на физичка активност

Со низа активности поддржани од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност.Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортски клубови од градов организираат спортски активности кои ќе се одржат на Кеј „Македонија“ во период од 11 до 12 часот. Спортувањата ќе бидат согласно протоколите за КОВИД 19, а за учесниците задолжителни ќе бидат заштитна маска и физичката дистанца. Предвидените спортски дисциплини се: атлетика, боречки вештини, аеробик и зумба, пинг- понг, возење скејт, ролери и велосипеди. Истиот ден ќе се одржи планинарска тура од Охрид до над с.Велестово и назад.Целта на одбележувањето на Светскиот ден на физичката активност е да се укаже на важноста од спортувањето и рекреативните активности кои обезбедуваат здрави животни навики. Спортот и спортувањето се индикации за здрав и културен живот. Потребно е секојдневно движење и спортување независно од возраста и полот со цел да се одржи сопственото здравје и психомоторната способност на луѓето.Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

bogdanovic-press

Богдановиќ и советниците се жалат дека инвеститори им се закануваат со тужби ако не им дозволат да градат кај „Треска“

Градоначалникот на Општина Центар и советниците во Советот добиле закана од инвеститорите и сопствениците на земјиште кај фабриката „Треска“, дека ќе поднесат кривична пријава ако не им се дозволи да градат. Од Општината денеска соопштија дека стигнал допис од адвокат кој ги претставува инвеститорите и сопствениците во кој, како што велат, на најгруб начин се упатуваат закани кон нив и се бара да се прекине постапката за распишување на конкурсот за овој простор и да не се ни помислува да се донесе суспензија на планот, објави САКАМДАКАЖАМ.МК„На најгруб можен начин беше упатена директна закана кон Советот и советниците на Општина Центар. Добиен е допис кој би требало да биде сфатен како крајна опомена пред поднесување кривична пријава до сите советници и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, доколку не се донесе Заклучок за прекин на работата на конкурсната Комисија и прекин на постапката за спроведување на конкурсно решение, како и да не се посегнува кон суспензија на постојните детални урбанистички планови“, велат од Општина Центар.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК 

Скопје | пред 5 години

apasiev-sobranie-1

ФОТО: Собранието троши над еден милион за тоалетна, граѓаните прашуваат: „Ја јадеа ли?!?“

Владата објавила тендер за набавка на хигиенски производи, меѓу кои и над 40.000 парчиња тоалетна хартија, како и 42.000 бришачи за раце. Вкупната вредност на овие производи изнесува околу 1.800.000 денари или околу 30.000 евра, објави Лидер. На сајтот на Бирото за јавни набавки може да се преземе и види документацијата за оваа набавка. Погледнете за што станува збор:Во документот стои дека се набавува тоалетна хартија во износ од 1.331.500 денари, што за 44.000 парчиња значи дека Собранието плаќа по 30 денари за едно парче тоалетна хартија.извор: лидер

Македонија | пред 5 години

ilon

(ВИДЕО) Над Македонија синоќа имаше светлечки објекти во правилна формација, еве за што станува збор

Во четвртокот навечер луѓето во Македонија и пошироко во регионот можеа да видат на небото светлечки објекти во правилна формација. Не станува збор за вонземјани, туку за Илон Мак и комуникациските Starlink сателити на компанијата SpaceX.Новите 60 Starlink сателити се лансирани од Флорида на 4 мај. Во моментот кога беа видливи од нашето подрачје се наоѓаа на висина од околу 220 километри и се движеа со брзина од околу 27.000 км/час. фото: WTHI-TV  

Македонија | пред 5 години

ana

ВИДЕО: Ќе се расплачете, малата Ана е борец - ги победи карциномот и короната!

Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете. особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега отепа една Корона и една досадна малигна болест.Денеска сите на Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа "Браво Ана - браво Ана " !Епа, навистина браво Ана , се вели во објавата на детската Клиника на ФБ.*видеото е објавено со дозвола на родител

Македонија | пред 5 години

litija-3

(ВИДЕО) Со посебни протоколи во Струга, се одржа традиционална литија со чудотворната икона и моштите на свети Ѓорѓи Победоносец

Стружани верни на традицијата. Со посебни мерки и под строго дефинирани протоколи денеска се одржа верската манифестација ЕОРДИЈА-ЛИТИЈА, во чест на празникот С.Ѓорѓија Победоносец“, ОВР Струга ги презеде сите неопходни мерки за безбедносно одвивање на црковната процесија со акцент на строго придржување до превентивните мерки и препораки за заштита на населението од вирусот Ковид-19.Зборот литија значи свечена црковна процесија и е составен дел од богослужбата во црквата. Вакви процесии, според традицијата, се практикуваат во сите православни земји и секогаш се збогатени со светињи – мошти и чудотворни икони.Литијата постои во Струга уште од времето на преродбата, која е на местото од стариот храм од 16 век, кој бил урнат во времето на Османлиите. Иконата на свети Георгиј, пак, е најстарата икона од овој светец во Македонија, а се вбројува и меѓу седумте икони од 13 век пронајдени во македонските храмови. Му припаѓала на иконостасот на старата истоимена струшка црква, која била урната и на нејзино место во 19 век бил изграден денешниот централен црковен храм „Свети Георгиј“.

Македонија | пред 5 години

verica-2

Семејството на починатата Верица Белчовска ќе добие стан во Струмица

Семејството на починатата Верица Белчовска ќе добие стан на користење, во Струмица, со одлука на Комисијата за станбени прашања во Владата. Со оваа комисија претседава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој оваа вест ја соопшти преку својот профил на Фејсбук.„Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија им се бескрајно благодарни за највисокиот чин на хуманост“, напиша тој.Верица Белчовска беше удрена од автомобил во Струмица, кога се враќала од работа.  По нејзината смрт, органите беа донирани за пациенти кои очекуваа трансплантација на срце и бубрези, а се искористија и делови од нејзините коски за трансплантација на коскена срж.

Македонија | пред 5 години

Foto-6

Пендаровски: Ако има нови докази кои порано не биле познати, може да се преотвори процесот, не значи дека јас заговарам преотворање на процесот

Претседателот Стево Пендаровски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочи дека одвај 4-5 минути разговарале за настаните од 27 април. Пендаровски рече дека не заговара преотворање на процесот и ново судење за обвинетите, туку тоа е законска обврска на судот доколку има нови докази предложени од одбраната, кои не биле дел од процесот.„Политичката реторика врз основа на која тие пресуди беа врамувани и објаснувани, според мене, дополнително го продлабочува јазот меѓу граѓаните. Според едната група и едното образложение тие се терористи од рангот на Ал Каеда и ИСИС, а според други тие се уставобранители иако се судени за загрозување на уставниот поредок, значи не го штителе, туку рушеле Уставот. Мојата теза е дека ако вака продолжиме со политичка реторика која е крајно спротивставена, не само што нема да дојдеме до национално или граѓанско помирување, туку нема да воспоставиме базична политичка комуникација меѓу нас, како што е сега ситуацијата. Со оваа моја теза, не правам ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледам причина за такво нешто. Тоа е завршена работа, луѓето лежат во затвор, ниту велам дека пресудата е донесена без докази. Туку зборам за обидите за политичко толкување на пресудите, кое не допринесува за воспоставување нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели. Мојот став е дека ако има нови докази кои порано не биле познати, може да го преотвори процесот, не значи дека јас заговарам преотворање на процесот. Јас само ја цитирам одредбата од законот, со која тие луѓе, преку своите адвокати, со вонреден правен лек, можат да побараат од Врховниот суд, да ги оцени новите докази, ако тие постојат. Одлуката дали процесот ќе биде повторен, сигурно нема да ја носи политички фактор, туку судот. Ја разбирам потребата за драматизирање и патетика, како и најавите дека средбата ќе помине со обид да се ревидира судскиот процес за 27 април или дека со средбата се врши врз судството. Претпоставувам ќе се сложиме дека е крајно необично, притисок врз судот да се врши на јавна средба од кабинетот на претседателот. Тие притисоци се прават на поинаков начин и средства, за што се убедивме од прислушуваните материјали“, рече Пендаровски.Тој посочи дека осудените добиле заслужени казни и оти за тоа нема компромис.„Во однос на случувањата од 27 април, јас го повторив мојот став дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа не доаѓа во предвид, бидејќи вината им беше утврдена. Во однос на правната квалификација на делото, факт е дека тие лица не беа осудени за кривично дело тероризам, туку под друг член за терористичко загрозување на уставниот поредок. Дејствијата со кои може да се изврши тоа дело се слични, запретената казна е идентична. Инаку за 27 април постои и пресуда за истите луѓе кои беа дел од толпата и влегоа во Собранието и го претепаа Зијадин Села. Ако се следи правната квалификација на таа пресуда, тие беа осудени и добија високи казни, но не за тероризам, туку за убиство во обид. Или во случајот со напаѓачот со пратеничката, тогаш, Радмила Шеќеринска, со сцените кои не шокираа нас и светот, кој не беше суден за тероризам туку насилство. Сите овие споменати направија страшни кривични дела. Оставија тешки трауми кај нападнатите и семејствата. Добија заслужени казни и тука нема компромис“, додаде Пендаровски.На средбата со Мицкоски, претседателот Пендаровски го информирал лидерот на опозицијата и за интеграциите во Европската Унија.„Јас го информирав во однос на блокираните евроинтеграции. Му кажав дека од Софија не доаѓаат никакви новости поради нивните избори. Во кратки црти му кажав што и за целата оваа ситуација, мислат, зборуваат, планираат нашите европски пријатели во Брисел“, кажа Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Осудените за аферата „Мафија“ добија само 2 години казна и не беа обвинети за другите сторени дела затоа што така се договорени со вистинските нарачатели да се делат пасошите

Осудените за лажните пасоши добија само по две години и не беа осудени и за другите дела ко ги сториле затоа што така се договорени со вистинските сторители и налогодавачи да патните исправи се делат на криминалци кои се дел од мафиите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со Пендаровски.Мицкоски вели дека осудените ја добија казната само за злоупотреба на службена положба, но не и за другите дела како фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде.- Вчера имавме судска пресуда на лица кои издавале пасоши на пола балканско подземје, на албанска мафија, на црногорска мафија, италијанска мафија, турска мафија и така натаму, а беа осудени само на 2 години затвор затоа што го признале делото злоупотреба на службена должност согласно КЗ член 353 став 3. Фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде, зошто неа беа обвинети и по овие три члена согласно КЗ, затоа што така се договорија со вистинските сторители и вистинските налогодавачи да тие патни исправи се делат на овие луѓе и зошто до ден денеска сите тие патни исправи се уште важечки, потенцираше Мицкоски.Тој посочи дека време е во Македонија политичарите да ги држат настрана рацете од обвиненијата и судските одлуки и да се ослободат обвинителството и судството од било каков политички притисок.

Македонија | пред 5 години

Foto-6

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените од „27 април“

Имавме од прилика едночасовна средба со претседателот Пендаровски, разговаравме за генерално би рекол две теми. Првин тоа е актуелната политичка и економска состојба во држава и втората тема е онаа која што во јавноста некако се повеќе се коментира изминативе денови, а тоа е поврзано со настаните од 27-ми април 2017-тата година и сето она што се случуваше после тој 27-ми април 2017-тата година, истакна по средбата претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Од она кое што можам да го извлечам како заклучок би рекол ете наидов на разбирање од страна на претседателот Пендаровски. А, ќе започнам со настаните од 27-ми април 2017-тата година е следното, она кое што е реалност поврзано со тој случај е дека основното човеково и уставно загарантирано право на жалба, и второстепена судска одлука на лицата кои што се осудени поради настаните од 27-ми април во моментов е завршена и за жал најголем дел од нив се уште ја немаат истата таа одлука добиено, за да можат понатаму да ја искористат вонреден правен лек односно да можат понатаму врз основа на новите докази кои што според моите информации ги имаат адвокатските тимови на овие лица да ги достават до Врховниот суд или пак до Европскиот суд за човекови права. Зошто го споменувам тоа? За тоа што Апелациониот суд има донесено одлука таму некаде февруари или втори месец, а денеска сме веќе еве мај или петти месец, се уште тие ја немаат добиено таа одлука. И за тоа апелирам до политичарите да се држат настрана односно да ги тргнат рацете од судството и обвинителството. И доколку политичарите, а тука пред се мислам на врвот на власта да ги тргнат рацете од судиите и обвинителите и да престанат да дивеат тогаш мислам дека најголемиот дел од обвинителите и судиите ќе обвинуваат и ќе судат согласно словото на Законот и согласно би рекол Уставот“, истакна Мицкоски.Тој додаде:Понатаму, за кое што го споменав Европскиот суд за човекови права сакам да потенцирам на неколку факти и тоа имаме осудено лице кое што е школувано и обучено да ги штити интересите на државата и уставниот поредок на државата, на самиот почеток на овој судски процес тоа осудено лице му е практично доставено решение од страна на судија за мерка, а тоа значи куќен притвор и за само два дена истата таа мерка на ова осудено лице е преиначена на самиот почеток од судскиот процес во затворска практично затворски притвор по жалба на обвинителството која што жалба е веднаш прифатена од страна на судиите. А, без притоа бранителот на тоа лице да биде информирано, за што постои случај пред Европскиот суд за човекови права и истиот е прифатен и веќе три години тој процес тече и се очекува пресуда во корист на ова осудено лице, а за жал би рекол грешката и дивеењето врз судиите и обвинителите ќе треба да го плаќаат сите граѓани . И така очекувам постапки да има во периодот кој што следи.Понатаму би сакал исто така да поставам една дилема пред вас која што исто така ја поставив како дилема и пред претседателот Пендаровски, а тоа е терористичко загрозување на уставниот поредок по непостапување. Што би значело тоа? Тоа би значело дека еве пример еден да земеме, вие сите да тргнете со мене физички да се пресметувате нормално, да ме нападнете физички, а јас тука да се бранам во рамките на моите можности, еве а овие господа од овдека од МВР или МО да не постапуваат, и истите потоа да бидат обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок поради непостапување и осудени на 15 односно 18 години. Ете, такви имаме случаи кои што се терористи ама не постапиле како терористи и истите се осудени за 15 односно 18 години затвор. И конечно последно кое што сакам да го кажам, а го кажав и пред претседателот Пендаровски, а тоа е дека ние не бараме амнестија, не бараме милост, туку бараме правда за осудените лица. А, правдата практично и еден од овие осудени лица ја побара при завршни зборови кога завршуваше овој судски процес пред судијата и му се обрати дека почитуван судија јас сум направил грешка, сум погрешил да, но не можам да бидам обвинет и осуден за тероризам, да можеби сум направил грешка и сум ги прекршил законите и судете ме за тоа што сум ги прекршил законите, а не за тоа што сум терорист, бидејќи не сум терорист, јас ја сакам мојата држава, јас го сакам овој народ, и никогаш нема да бидам терорист кој што ќе направи нарушување на Уставниот поредок и терористичко однесување.Но, за жал имаме политичари кои што нарачуваат и имаме судии кои што испорачуваат, денеска тој судија е судија во уставниот суд. Така што она кое што го барам јас и кое што го кажав на средба не е милост, не е амнестија, туку правда, а правда преку дополнителни докази кои што бранителите на овие лица ќе можат да ги достават до Врховниот суд или до Европскиот суд за човекови права, откако ќе ја добијат второстепената пресуда.Тоа е она кое што ние го бараме. И истото тоа што го имаа можност и тие кои што беа обвинети и осудени за „Сопот“ случајот и тие кои што беа обвинети и осудени за „Монструм“ случајот. Во едниот случај имавме ослободителна пресуда, а во другиот случај имавме пресуда која што беше потврдена после првото судење на овие лица. Тоа е суштината практично која што јас ја барам, врз основа на овие докази да има судски процес во кој што никако овие луѓе можат да бидат обвинети и не постои основа да бидат обвинети за терористичко однесување односно терористички напад би рекол на Уставниот поредок на државата и да бидат прогласени за терористи.Тоа беше првиот дел од разговорот. Понатаму разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во државата. Тука пред се мислам на растечкото ниво и загрижувачката состојба со криминалот и корупцијата. Ние сме најкорумпираната држава на Балканот и во Европа, која што ја води владата за која што постои перцепција дека е најкорумпираната влада на Балканот и во Европа.Понатаму зборувавме за неколку стратешки проекти како што е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, за проектот за така наречениот Клинички центар, потоа инвестирањето на Македонија кај нашиот јужен сосед во нова гасна централа.Тоа беа крупните теми за кои разговаравме, и се договоривме на овој состанок да одржуваме контакт и понатаму да разговараме на крупни теми кои значат иднина и за Македонија како држава но и за граѓаните на Македонија.видео: кабинет на претседател

Македонија | пред 5 години

migranti

Во товарно моторно возило „сканиа” на Граничен премин „Богородица“ пронајдени мигранти од Либија

На 06.05.2021 во 14.00 часот во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ било пријавено дека на Царинскиот терминал биле откриени илегални мигранти во товарно моторно возило „сканиа”, со гевгелиски регистарски ознаки, натоварено и пломбирано, а управувано од Р.Ш.(29) од Богданци. По преземени мерки во приколката биле откриени пет лица мигранти од Либија и било констатирано дека церадата била пресечена. По извршен разговор со возачот и мигрантите, на возачот со возилото му бил дозволен влез во државата, додека мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

KK1_9456

Николовки: Со Законот за потекло на имот воведуваме контрола на капиталот, го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот

Формираната работна група започнува со подготовка на Законот за потекло на имот, што за прв пат се воведува во нашата држава и со кој го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот, спречуваме оштетување на буџетот и незаконско богатење врз грбот на граѓаните, вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во интервјуто за магазинот „Капитал“. Работната група е формирана од меѓународни и домашни експерти, како и претставници од сите релевантни институции ДКСК, УЈП, Управата за разузнување, МВР, Јавното Обвинителство, Финансиската полиција,Царинската Управа.Вицепремиерот Николовски во интервјуто вели дека со поддршка на Советот на Европа веќе е подготвена студијата за потребата од изработка на Закон за потекло на имот.„За прв пат добиваме Закон за потекло на имот, со што ќе се овозможи да се испитува како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни одданочени приходи. Законот ќе ги опфати не само избраните и именувани лица, туку и сите граѓани. Конкретно, секој треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, доколку тоа ги надминува редовните одданочени примања. Ќе се проверува и имотот на поранешните функционери, бидејки честопати избраните и именувани функционери имотот стекнат за време на мандатот го ставаат на туѓо име, на член од семејството или пријател, а по завршувањето на мандатот го впишуваат на свое име“, вели вицепремиерот Николовски.Дополнително во истиот контекст, како што посочува вицепремиерот Николовски во интервјуто, се планира нова мерка со која се проширува опфатот на лица од администрацијата кои ќе имаат законска обврска да поднесуваат анкетни листови за имотна состојба и изјави за судир на интереси т.е сопственичка структура, акции и удели во трговски друштва.„Оваа обврска ќе важи не само како досега за фунционерите, туку и за службени лица вработени во јавниот сектор со посебни овластувања, инспекторите, царински службеници и сите раководни административни службеници. Недозволиво е едно раководно лице во администрација да биде и на таа позиција и паралалено да има консултнстно друштво, а тоа да не го пријавува никаде“, рече вицепремиерот Николовски, при тоа додаде дека во насока на проверка на имотот и капиталот, веќе е во функција уште една алатка, Регистарот на вистински сопственици, за што рокот за впишување на правните субјекти заврши на 27-ми април. Во рамки на законскиот рок својата обврска навремено ја завршиле 69.284 субјекти, односно близу 90% од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави. Преку овој регистар, чиишто информации се јавно достапни, секој може на едноставен начин, да добие информација за тоа кои се вистинските сопственици на некој правен субјект, но и да провери дали и каде сѐ, некое конкретно лице се јавува како вистински сопственик.

Македонија | пред 5 години

07052021_PVRSM_Zaev_ME_Bektesi_poseta-na-nova-investicija_4

Заев и Бектеши од ТИРЗ Тетово: Новата заедничка инвестиција од 15 милиони евра на ЛЕАР и Нормак e нов стимул за националната економија

„Се реализира уште една значајна инвестиција за нашата земја. Денес се поставува камен темелникот на новата заедничка инвестиција на американската компанијата ЛЕАР и Нормак Инвестмент Гроуп, тука во Технолошко Индустриската развојна зона во Тетово. Инвестицијата на новиот втор циклус изнесува 15 милиони евра, а производниот погон се гради на површина од 8.000 м2. Со оваа инвестиција се отвораат нови од 1000 до 1500 работни места“, изјави премиерот Зоран Заев.Тој додаде дека и во услови на пандемија, Владата силно се залага за одржување и зајакнување на економската активност и ги поздрави плановите на инвеститорот до ноември 2021 година да биде завршена и оваа втора фаза.„Ваквите големи инвестиции се поддржани од државата и инвеститорите имаат поволности и низа олеснувања во повеќе фази на процесот на инвестирањето. За сметка на тоа овие инвестиции даваат голем придонес за локалниот регион во контекст на вработување, развој на човечкиот капитал, дополнително ја подобруваат извозната структура, креирајќи производи со повисока додадена вредност. Исто така, го подобруваат технолошкото ниво на економијата, а се подобрува и пристапот до меѓународните пазари на капитал. Задоволство е што светски реномирани компании, како што е ЛЕАР, која е на листата на Форчн 500, работат и во нашата земја“, истакна премиерот Заев.На поставувањето на камен-темелникот на новата инвестиција, присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за финансии Фатмир Бесими, и за надворешни работи Бујар Османи, а се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши кој ја поздрави новата инвестиција.„Ваквите инвестиции и инвеститори кои што продолжуваат да ги шират инвестициите во земјата, уште еднаш ни докажуваат дека сме на вистинскиот пат како Влада во привлекувањето и поддршката на странските инвеститори. Тоа значи дека ќе се зголеми вработеноста во овој регион. Сакам да најавам дека засилено работиме на измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со што во наредниот период дополнително ќе се зголеми поддршката, а ќе се олеснат условите за сите инвеститори во земјава и новина е што финансиската поддршка ќе биде фокусирана и на рамномерниот регионален развој," изјави Бектеши.Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ рече дека новата инвестиција на компанијата ЛЕАР е конкретен доказ дека оваа Влада знае да го поттикне и искористи инвестицискиот потенцијал на компаниите.„Компанијата ЛЕАР денес вработува над 1350 граѓани од овој регион што е за речиси 50% повеќе од првично преземените обврски. Како што при вработувањето во компаниите од ТИРЗ не се делиме на Македонци, Албанци или Турци, ги повикувам нашите политички опоненти да престанеме да ги делиме инвеститорите во зоните на „ваши и наши“ и да им ставаме чија било партиска боја. За мене, а верувам и за секој сограѓанин, многу поважно е што оваа компанија минатата година исплатила 22% повисоки плати во однос на 2019 година, а за новиот инвестициски циклус веќе преговараме за мерки со кои ќе поттикнеме значително зголемување на платите. Со овој пристап обезбедуваме подобар живот за многу наши сограѓани", изјави Деспотовски.Технолошко индустриска развојна зона во Тетово функционира како јавно приватно партнерство помеѓу Владата и Норамак Инвестмент Гроуп, во сопственост на приватни и државни компании од Норвешка.„Од своето формирање до денес, во ТИРЗ Тетово вкупно се инвестирани над 40 милиони евра, но она што е важно да се напомене е тоа што тој континуитет се задржа и во време на пандемија во насока нови инвестиции и отворање на нови работни места. Земајќи ја предвид постоечката и најавата на идните инвестиции од особено значење за зоната е нејзиното инфраструктурно поврзување со автопатот Скопје – Тетово. Согласно законските можности и условите кои ги нуди ТИРЗ Тетово, домашните компании исто како и странските можат да ги користат поволностите за инвестирање во зоната“, изјави Аки Етеми, претседател на Борд на директори на Нормак Инвестмент Гроуп АД Тетово.На настанот се обратија и амбасадорот на Норвешка, Јорн Еуген Гесталд, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како и претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.Американската компанија ЛЕАР, е меѓу светските лидери за седишта на возила со високи перформанси, водечки во оваа индустрија.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

Денеска починати се 25 лица и нови 234 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.907 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 83, Куманово – 27, Битола – 16, Тетово – 14, Струмица – 13, Штип и Виница – по 9, Кичево – 7, Прилеп и Велес – по 6, Гостивар, Струга и Кочани – по 5, Охрид – 4, Радовиш, Крушево и Демир Хисар – по 3, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Делчево, Валандово, Кратово и Пехчево – по 1.Регистрирани се 786 оздравени пациенти од:Скопје – 348, Куманово – 61, Тетово – 47, Прилеп – 43, Битола – 38, Кавадарци – 37, Велес – 32, Неготино – 25, Гостивар – 20, Штип – 18, Струмица и Кичево – по 17, Гевгелија – 16, Охрид – 13, Кочани и Ресен – по 9, Богданци – 5, Виница – 4, Струга, Радовиш, Крушево, Свети Николе и Делчево – по 3, Демир Хисар, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 1.Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје (46г,60г,64г,65г,67г, 67г, 70г,71г, 74г и 75г), по 2 лица од Тетово (70г и 72г), Штип (69г и 70г) и Гостивар (67г и 79г) и по 1 починато лице од Куманово (64г), Прилеп (63г), Охрид (80г), Виница (27г), Струмица (78г), Кочани (56г), Кичево (62г), Струга (78г) и Свети Николе (57г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни услови, а останатите 21 во болнички услови.Направени се 2.907 тестови преку: ИЈЗ-293, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-26, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–76, МАНУ-85, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-282, Биотек-885, Систина-193, лабораторија Лаор-160, Синлаб-27, Ремедика-55, Плодност–59, Генеа–8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 468.Досега во земјата се направени вкупно 734.904 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694, бројката на оздравени пациенти е 137.331, на починати е 5.067, а бројот на активни случаи изнесува 11.296.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 67806, активни 5169Куманово 8678, активни 900Прилеп 8227, активни 447Тетово 7163, активни 445Битола 6211, активни 726Велес 5439, активни 387Гостивар 5144, активни 289Кавадарци 5133, активни 225Охрид 4954, активни 444Штип 4930, активни 251Струмица 4068, активни 241Струга 2956, активни 148Кочани 2754, активни 161Кичево 2504, активни 239Гевгелија 2183, активни 166Неготино 2170, активни 134Свети Николе 1509, активни 102Ресен 1219, активни 175Крива Паланка 1214, активни 46Радовиш 1106, активни 84Берово 1021, активни 23Делчево 959, активни 70Дебар 935, активни 25Виница 847, активни 116Пробиштип 778, активни 21Валандово 663, активни 19Богданци 494, активни 45Крушево 489, активни 73Демир Капија 396, активни 15Демир Хисар 394, активни 60Кратово 360, активни 9Македонски Брод 356, активни 7Пехчево 265, активни 15Македонска Каменица 237, активни 15Дојран 132, активни 4фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcini-5

СДК.МК: Велешани без проблем се вакцинираат во Кавадарци, во Велес не ги примаат без термин

Голем број велешани кои што добиле покана за вакцинација против ковид-19 преку СМС за во друг град, вчера отишле во вакциналниот пункт во Велес, но не биле вакцинирани. Тие дошле во Здравствениот дом, каде се врши вакцинацијата, но не примиле вакцина, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.„Имаше повеќе лица, кои дојдоа согласно апелот од Министерството за здравство дека иако имаат термин во друг град, можат да ја покажат СМС пораката и да се вакцинираат во градот каде живеат. Така и сторивме, но нѐ вратија, ни кажаа дека вакцини за нас нема“, вели 68-годишна велешанка, која требало да се вакцинира во пунктот за масовна вакцинација во Кавадарци.Од Здравствен дом Велес потврдија дека имале случаи на лица кои дошле да се вакцинираат кај нив, а ги немало на листата.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

Македонија | пред 5 години

Vladimir-Neloski-07.05

Нелоски: Нови сознанија за криминалните пожарникарски скали на Шилегов, тендерот го правел татко на советничка на СДСМ, фирмата на зетот на секретарот на Градот доби нов тендер од Шекеринска од 1 мили...

Денес ќе презентираме нови докази за основаните сомнежи за криминална набавка на противпожарната скала на Градот Скопје и Петре Шилегов која е поскапа за 930 илјади евра од таа во Загреб. Имено, веќе е јасно дека добитник на тендерот е компанија каде соучесник е „Армор плус“ на зетот на секретарот на Градот воден од Петре Шилегов. Но самиот тендер односно тендерската документација ја подготвува таткото на советничката на СДСМ во Градот Скопје, кој во меѓувреме станал и раководител на Секторот за заштита и спасување, Михајло Иванов, татко на советничката од СДСМ во Советот на Градот Скопје, Михаела Иванова, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет.Нелоски додаде:Во пракса набавката следела вака - таткото на советничката од СДСМ, Михаела Иванова ја правел спецификацијата за набавка и го правел тендерот и тендерската документација за овој тендер од 1.7 милиони евра, ќерка му Михаела Иванова гласала на Советот, мрзеливиот апаш Шилегов потпишува, а зетот на секретарот на Градот Скопје преку фирмата „Армор плус“ ДООЕЛ набавува.Сомнежот е дека крими шемата на Петре Шилегов изгледа вака - таткото на советничката прави тендер, советничката гласа, Шилегов одбира, а зетот на секретарот ги добива пари.Дополнително во ек на овој скандал, овој документ кој што во овој момент го држам во рака покажува дека компанијата на зетот на секретарот на Градот Скопје воден од Петре Шилегов овие денови добива тендери од Шекеринска и министерството за одбрана, договор вреден речиси еден милион евра, односно над 52 милиони денари за набавка на спортска опрема. Значи не се само милионските скали туку сега омилената фирма на Шилегов ќе набавува и спортска опрема за Шекеринска и министерството за одбрана.На сите им е јасна шемата каде има основан сомнеж за крадење народни пари од Град Скопје, само уште обвинителството не го гледа тоа. Ако ова погоре што го објаснив не е организиран криминал, тогаш очигледно има некој слеп во обвинителството.Шемата и структурата на Драги Рашковски е мало дете за овие бандити во Градот Скопје.Кога можеше Драги Рашковски да заврши во притвор за многу помала сума, се прашуваме што уште чекаат од обвинителството? Или можеби се обидуваат неколку дена да најдат начин да го заташкаат целиот овој случај, ама се свесни дека не може да се заташка, затоа што иста скала во Загреб е платена 800.000 евра плус ДДВ, додека пак ние во Скопје ја плаќаме 1.7 милиони евра.Погледнете и проценете. Сега веќе на сите им е јасно зошто не е реализиран ниту еден проект. Затоа што парите наместо во проекти, завршиле во нечии џебови.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

ucenici

Левица: Директорката на кичевската гимназија со притисоци и закани кон класните раководители со цел да ја спроведе волјата на министерката

До Левица деновиве стигнуваат бројни поплаки за притисоци, закани и уцени упатени кон вработените од страна на директорката на гимназијата „Мирко Милески“ во Кичево, Милка Спасеска. Според наводите, со цел да го спречи бојкотот на настава што го организираат голема група родители, за да го искажат револтот поради најавата за исфрлање на печатените учебници од употреба, директорката Спасеска се обидувала преку вршење брутален притисок врз класните раководители да им ја наметне својата, т.е волјата на ресорната министерка Мила Царовска, се вели во соопштението од  Левица.Во продолжение на истото се додава:Кон вработените биле упатувани навреди дека се неспособни класни раководители и дека ќе им го одземе класното раководство ако не го спречат бојкотот на настава, како и закани дека ќе ги прераспредели во друго училиште. Како што наведуваат револтираните наставници и родители, таа дури и се повикувала и на авторитетот на сопругот, инаку вработен во службата за државна безбедност и контраразузнавање.Партиските назначувања на директори мора да пропаднат длабоко во калта на едно несовесно и недоветно практикување власт! Недозволиво е и незамисливо за општество кое има полна уста демократски и европски вредности да толерира вакво шерифско однесување!Можеби ако „големата реформаторка“ Царовска, којашто си мисли дека раководењето со секторот од најголема важност за иднината на општеството е налик на играње видео игричка, ги почнеше реформите и дигитализацијата во овој сектор така што би притиснала DELETE за ваквите директори, место за печатените учебници – ќе направеше нешто добро за образованието.Левица најостро ги осудува ваквите испади и потенцира дека департизацијата на образованието е една од нејзините основни програмски заложби.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Vlada

Зекири ќе го проширува и реновира работниот кабинет

Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири ќе го проширува и реновира работниот кабинет. Вчера Генералниот секретаријат објави оглас за реновирање на дел од просториите во Владата и набавка на мебел.Генералниот секретар Зекири за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека откако тој стапил на оваа функција не му била доделена канцеларијата која ја користел генералниот секретар Драги Рашковски бидејќи таа ја земал вицепремиерот Артан Груби. Него му била доделена друга помала слободна просторија.„Потребно е проширување на оваа просторија и затоа ќе се изврши зафат за проширување кон ходникот за поголема функционалност“, вели Зекири.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МКвидео:  САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

Screenshot_9

Филипче се „боцна“, по него и другите: Нема одговор зошто чекаа до сега, кога вакцините и натаму се дефицитарни

И министерот за здравство, Венко Филипче, се вакцинираше против ковид-19. Ова доаѓа откако тој со месеци, не се вакцинираше, со образложение дека дава приоритет на граѓаните кои имаат поголема потреба. Откако дојде вакцината на „Синофарм“, тој гласно кажа дека ќе се вакцинира, а со него и цела Влада, односно сите министри.„Ја примив вакцината на ‘Синофарм’, а сите вакцини се безбедни за употреба. Процесот на вакцинација добро се одвива. Сметам дека ќе имаме добра динамика за вакцинирање. Сите да се пријават на сајтот за вакцинација, а граѓаните ќе добијат СМС, мејл за термин. Добро се чувствувам. Ревакцинација ќе имам за три недели“, рече Филипче.Вакцини нема ниту сега, особено за ризични категории на граѓани како што се оние со хронични болести кои не се на приоритетна листа. Но, Филипче вели дека Владата е институција важна за државата, па затоа сите министри се вакцинираат сега.„Ние одлучивме Владата да биде една од институциите која ќе се вакцинира по Собранието, како институција која е важна за државата и системот. Сите министри во следниот период, добија свој термин. Мислам дека таа национална стратегија, која се темели на националните стратегии во светот“, додаде Филипче.

Македонија | пред 5 години

vakcini-1

(ВИДЕО) Беспрекорно се одвива имунизацијата во вакциналниот центар во Охрид - граѓаните презадоволни

Беспрекорно се одвива имунизацијата во вакциналниот центар во Охрид во салата „Билјанини извори“. Граѓаните презадоволни, властите организирани.Граѓаните кои уредно се пријавени на сајтот vakcinacija.mk задоволни како тече имунизацијата. Велат се е организирано, не се чека воопшто. Тие откриваат дека по приемот на вакцината се чувствуваат добро.Директорот на општата болница д-р Горан Балевски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески секојдневно се во центарот. Тие се категорични дека само со масовна вакцинација може да се избориме со пандемијата. Георгиевски и Балевски ги повикуваат граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk за побрзо да ја надминеме оваа пандемија. Тие воедно апелираат граѓаните кои се вакцинираа да продолжат да ги почитуваат мерките.Инаку за да салата Билјанини извори стане регионален центар истата беше целосно испразнета од реквизити, просторот ослободен и се откажаа сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи. Во се поставени 14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација, 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места, Нов агрегат за фрижидерот за вакцините, оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство.Во процесот на вакцинација, покрај медицинскиот кадар, во организацискиот дел вклучени се вработените од општината кои се ангажирани за непречено следење на протоколот и административниот дел за граѓаните од пристигнувањето во салата до процесот на вакцинација.Вакцинацијата е важна алатка за контрола и пораз на епидемиите. За да се стави крај на пандемијата мора дури 85 отсто од населението да биде имуно на вирусот. Според некои проценки во земјава  до сега сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини.Масовната имунизација во земјава е светлото на крајот од тунелот. Година и два месеци издржавме во карантини, со забрани, полициски часови, задолжително носење маски, држење на дистанца.. и ред дриги мерки. Сега кога вакцината е достапна и кај нас, да бидеме совесни и пријавувајќи се и примајќи ја истата да допринесеме до стопирање на пандемијата, а со тоа и да помогмене во враќањето во нормала на животот.

Македонија | пред 5 години

Nikola-Micevski-07.05

Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со акција „Пратениците со народот“ од 8-ми до 30-ти мај ќе посетат 500 села и ќе допреме до секој граѓанин

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од утре, 8-ми мај до 30-ти мај почнува со акција под мотото - „Пратениците со народот“ за време на која ќе посетат 500-тини села низ цела Република Македонија, истакна Никола Мицевски, член на ИК и координатор на пратеничка група.Мицевски додаде:Целта на акцијата е да допреме до секој еден граѓанин во Република Македонија, дури и до тој во најоддалеченото место и ќе биде посетен. Граѓаните бараат и заслужуваат нивниот глас да биде слушнат, предолго време се заборавени, државата наместо за нив, работи за мафијата. Власта е во трка по провизии и местење на тендери, а народот едвај врзува крај со крај.60.000 луѓе останаа без работа само во последната година.6.200 фирми ставија клуч на врата.Половина милион луѓе живеат со две евра на ден.Државата должи над 6.5 милијарди евра, со што секој еден граѓанин е задолжен по 3.263 евра.Вакцини се чекаа пет месеци.Над 5.000 наши сограѓани го загубија животот, а поголем дел од нив и заради неспособноста на власта, но и заради немање на вакцини.Над 150.000 луѓе се заразија, поминаа низ тешки последици, дел од нив се лекуваа и во приватни клиники, а платија и над 10.000 евра, често се позајмуваа, а земаа и кредити.Идентитетот и јазикот се на напад, а власта молчи.Тутунарите го предадоа својот тутун по цена за килограм колку една кутија цигари, само затоа што се на раб на егзистенција.214 светски криминалци, нарко босови на познати кланови и терористи добивале македонски пасоши од МВР. Нарушен е угледот на државата, погребан е правниот систем.И да не набројуваме уште, состојбата е алармантна. Народот е при крај со трпение, а пари одамна нема. Секој ден е ден и борба за опстанок. Заев не понуди ништо, Заев им зема се на луѓето. Буџетот е претворен во алатка за богатење преку тендери за фирми блиски до власта или фирми на роднини на функционери.Излегуваме и ќе ја поминеме цела Македонија, бараме поддршка од секој еден граѓанин, заедно и сплотени да го промениме црнилото. Да свртиме нов лист и да донесеме нова надеж, дека може и мора подобро.

Македонија | пред 5 години

182423658_754879205219404_367163376742841944_n

Да не го добиев Ијан ќе посвоев дете, искрено со Нора Шаќири-Марковиќ

Поранешната новинарка Нора Шаќири-Марковиќ веќе неколку месеци е в.д. директорка на Tеатар „Комедија“. По разрешувањето на претходниот, сега таа е вршител на оваа должност и вели дека добро ѝ оди.„Не очекував дека толку ќе биде стресно, а освен што оваа работа бара одговорност, јас сум многу блиска со моите колеги, заедно пиеме кафиња, а тие ме прифатија и како нивни претпоставен. Иако за мене тоа е само на хартија, но, ние пред сè многу се дружиме и функционираме супер“, искрена е Нора, за Репортер.Разговорот го правевме пред Велигден и во пресрет на Рамазан бајрам. Зборувавме за празниците во нивното семејство, и христијанските и муслиманските, па и како е да се биде во мешан брак со музичарот Марко Марковиќ.„Јас цел живот растев со предрасуди па така и ова со Марко не помина без прашања. Имаше сешто: па како ќе се вика син ви, како ќе зборува, дали ќе го обрежете. Види, јас не јадам свинско и тоа сите го почитуваат, ама тоа нема врска со моето дете. Јас навистина не гледам кому би му давала објаснување. Марко е полабав на оваа тема, може и нему му зборувале, ама верувам дека би ми кажал“, вели Нора.Откако се породи со Ијан, чие име било желба на Марко, вели дека е пресреќна. Вели дека тешко забременила поради проблемите со тироидната жлезда.„И тамам кога помислив да направам ин витро или да посвојам дете, се појавија две цртки на тестот за бременост. Не можев да верувам дека тоа се случува“, раскажува Нора. Тука ни ја раскажа и приказната за името на Ијан, за кој Бени се шегувал со Марко дека треба да носи име по нивниот дедо Дурак.„Среде ручек нè седна, мртов сериозен, да му каже на Марко дека, ете, сега откако немаме татко, традиција кај нас Албанците е името на детето да биде по дедото. Марко го гледа, овој сериозен, тука мајка му се уфрли... драма. Сето ова беше супер шега, сепак Ијан доби име по желба на татко му“, раскажува директорката на Театар „Комедија“.Зборувавме за нејзиниот починат татко, познатиот новинар и уредник Хисен Шаќири, кој беше еден од лустрираните. Низ солзи Нора ни рече дека е на крај да докаже дека тој е невин и дека не соработувал со тајните служби. Четири месеци по лустрацијата, тој починал.За дружба со вишиот јавен обвинител Фатиме Фетаи дознавме дека е од пред неколку години, но доволно за да станат многу блиски и да се нарекуваат сестри.За бракот и предрасудите, за љубовта и верата, за директорувањето, за синот Ијан, за излегувањата во популарните кафулиња, за одност со браќата, негодувањата на околината кога се вработи во Министерството за култрура, низ разговорот во интервјуто.извор: Репортер

Македонија | пред 5 години

Policija

Честитка од Георгиески по повод 7-ми Мај-Денот на Македонската полиција

Упатувам искрени честитки по повод 7-ми Мај-Денот на Македонската полиција. На сите службеници и припадници на полициските безбедносни сили им посакувам најпрво добро здравје, големи успеси и подобри услови за работа.Безбедноста и сигурноста на граѓаните е важна основа за стабилност и развој на едно општество. Вашата подготвеност за делување во кризни состојби и посветеноста во делот на зачувувањето на јавниот ред и мир се од исклучително значење за Охрид како најголем културен и туристички центар во нашата држава.Се надевам дека и во иднина ќе ја продолжиме нашата редовна и успешна соработка и заеднички ќе придонесеме за подобрување на условите за живеење за нашите сограѓани, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања