Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zena-ziva

ВИДЕО: Два месеца штипјанка не може да докаже дека е жива

Два месеца, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината бизарна приказна, започнува со смртта на нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава...Видете го прилогот на ТВ Стар:извор:  ТВ Стар

Македонија | пред 5 години

Screenshot_3

Петиција за протерување на бугарскиот амбасадор откако Гоце Делчев го нарече “бугарски револуционер”

Со онлајн петиција се бара од шефот на Македонија, Стево Пендаровски, да го протера бугарскиот амбасадор во земјава. Ова доаѓа откако на 118 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, бугарската амбасада објави дека положила цвеќе на гробот на „бугарскиот револуционер“ Делчев.„Шовинистичката и негаторска политика на официјална Бугарија со скандалозна провокација врз Македонците и Македонија. Ова во нормална држава веднаш би предизвикало реакција, па дури ако нема извинување би следело и прогласување на амбасадорот за “непожелна личност”, “persona non grata” и негово протерување од Македонија. Бараме од претседателот Стево Пендаровски итна реакција за ваквиот деградирачки чин кон еден од најголемите македонски револуционери од страна на бугарскиот амабасадор. Потсетуваме дека претседателот Пендаровски веднаш реагираше за случајот со запалено бугарско знаме во Вевчани и побара да се санкционираат сторителите. Доколку Пендаровски одбие да го осуди ваквиот чин, тогаш македонската јавност ќе го смета за соучесник во штетните политики на бугарските власти спрема македонскиот народ“, стои во петицијата.

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev-2

Познато што наводно пишува во белешката на тајната полиција поради која Камчев заврши во затвор

Во белешката пишува дека Камчев во Берово имал средба со бугарски државјанин и разговарал за бегство во Бугарија каде имал болница и сопствен стан. Ова се случувало од 12 до 14 февруари. Одбраната на Камчев потврдува дека тој има болница во Бугарија, што воопшто не е тајна затоа што е тоа јавен податок објавен и на интернет страницата на Орка холдинг. Камчев нема стан во Бугарија, а и таква средба не се случила, велат неговите адвокати, објави МКД.МК.Според нив, најскандалозно во овој случај не се ваквите наводни докази, туку недавањето на оваа белешка на одбраната и решенијата на обвинителството и судот донесени врз основа на само една усна белешка, без никакви докази.Одбраната на Камчев веќе два месеци тврди дека АНБ нема законско овластување за следење на еден бизнисмен, дека нема никакви законски овластувања зошто АНБ би го следела и обработувала Камчев, ако се знае дека нивна работа, според Законот за Агенцијата за национална безбедност, е собирање, обработување, анализирање, проценување, разменување, чување и штитење податоци и информации со цел откривање и спречување на активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата согласно член 4 и тоа шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата…, дела кои ја загрозуваат националната безбедност на државата.Во белешката пишува дека Камчев бегството го подготвувал помеѓу 12 и 14 февруари. Притворањето на Камчев се случи на 14 март. „Каква дојава добила АНБ еден месец подоцна за да ја достави оваа информација до обвинителството со кое се бара притвор еден месец по средбата во хотел Аурора во Берово? Зошто се чекало? Што се сменило на 14 март за да го приведат на ваков скандалозен дилетантски начин“, прашуваат адвокатите.Официјално, белешката на АНБ одбраната на Камчев и натаму ја нема, а не била дадена на увид и на членовите на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ затоа што истрагата била во тек.Текстот во целост на:  МКД.МК.

Македонија | пред 5 години

opstina

Трета седница на локалното собрание на млади на општина Охрид

Се известуваат сите заинтересирани млади лица кои имаат желба да аплицираат на Јавниот повик за членови на Локалниот младински совет на општина Охрид и ги исполнуваат потребните услови, дека рокот за пријавување истекува во сабота на 08.05.2021 година во 24 часот. Пријавите согласно јавниот повик се подесуваат електронски на емаил: sovetnamladiohrid@yahoo.com.Воедно ги известуваме членовите на Локалното собрание на млади на општина Охрид дека третата седница на Локалното собрание на млади на која ќе се избираат членови на Локалниот младински совет на општина Охрид ќе се оддржи на ден 12.05.2021 година (среда), во 10.30 часот, во Големата сала на Советот на општина Охрид. Ви прилог дневниот ред за оваа седница.Усвојување на записниците од првата и втората седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид;Донесување на деловник за работа на Локалното собрание на млади на општина Охрид;Претставување на кандидатите за членови во Локалниот младински совет на општина Охрид;Избор на изборна комисија која ќе ги спроведе изборите за членови на Локалниот младински совет на општина Охрид;Избор на членови на Локалниот младински совет на општина Охрид;Разно;Напомена: На седницата се поканети и имаат право да присуствуваат и сите кандидати за членови на Локалниот младински совет кои добиле потврда дека поднеле уредна документација до општина Охрид. Секој кандидат ќе има право кратко пред членовите на локалното собрание на млади на општина Охрид да ја образложи својата апликација и мотиви за членство во младинскиот совет на општина Охрид по што ќе следува тајно гласање. Согласно одлуката на Локалното собрание на млади нивните имиња нема да се објават до денот на оддржување на третата седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид.Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

ohridski-ucilista

Нема договор по средбата на МОН и родителите, има само најава за нова средба

Средбата на претставници на фејсбук-групата „Учебници и настава мора да има“ со претставниците на Министерството за образование и наука заврши без заклучок, откако незадоволните граѓани го образложија нивното барање за стопирање на носењето на новиот закон за учебници во основно и средно образование, поради кое од минатиот четврток повикуваат и на бојкот на наставата.Претставничката на групата граѓани, Драгана Спасевска, по средбата, изјави дека тие не биле компетентни за сите нивни барања и оти треба да бидат вклучени и претставници од Бирото за развој на образованието и од СОНК. Им било кажано дека, откако ќе се консултураат со нив, ќе ги поканат на нова средба од идната недела. Бојкотот на наставата дотогаш ќе биде ставен во мирување, но најавија дека ќе протестираат доколку нема средба или не им се исполнат барањата. На денешната средба не присуствуваше министерката за образование и наука Мила Царовска.Фејсбук-групата со над 70.000 приврзаници побара хартиените учебници да останат во употреба за сите одделенија во основното и средното образование и задолжително нивни претставници и од граѓанскиот сектор да учествуваат во работната група за измени во Законот. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

opshtina-gazi-baba

Вработена во Општина Гази Баба пријавила дека ја нападнал советник

Вработена во Општина Гази Баба пријавила дека ја нападнал советник.Според информациите на МВР, вчера, во 20.20 часот, во Полициската станица Гази Баба, Б. М. (42) од Скопје пријавила дека на 29 април, околу 14.30 часот, на нејзиното работно место во објектот на Општина Гази Баба, А. Т., советник од една политичка партија, ѝ упатил закани, а се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. фото: Архива

Скопје | пред 5 години

06052021_PVRSM_MZ_AmbChina-2

Заев, Филипче и кинескиот амбасадор Ѕуо: Во земјата сега има доволен број и безбедни вакцини за непречена масовна имунизација

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на НР Кина во Северна Македонија Џанг Ѕуо, денеска го посетија вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“.Премиерот, министерот и амбасадорот разговараа со граѓаните кои интензивно се вакцинираат и со медицинскиот персонал кој го спроведува процесот на вакцинација. Притоа се информираа за текот и дневниот капацитет кој го овозможува оваа поликлиника за непречено вакцинирање на нашите граѓани.“Неодамна, преку видео врска претседателот Си Џинпинг и премиерот Заев, заедно со други лидери, присуствуваа на Самитот Кина-CEEC, со што се обезбеди важно планирање и лидерство за развој на механизмот за соработка, а исто така даде силен поттик за соработката на Кина со Северна Македонија и другите земји од Централна и Источна Европа во борбата против епидемијата. Покрај сегашната огромна домашна побарувачка за вакцини, Кина ги надмина тешкотиите и обезбеди поддршка за Северна Македонија и другите земји, се со цел да работиме заедно за да изградиме заедница за заедничка иднина за човештвото“, истакна  неговата екселенција амбaсадорот Ѕуо.Амбасадорот додаде:„Вакцината е моќно оружје за надминување на епидемијата и сите страни треба да ја зајакнат меѓународната соработка за вакцините за да не остане ниту една земја во која има потреба од истите. Никој што чека вакцина не е заборавен. Кина е подготвена да продолжи да ги продлабочува практичните размени со Северна Македонија, да работиме заедно во борбата против епидемијата и да промовираме економско закрепнување за придобивки на нашите земји и народи“, истакна амбасадорот Ѕуо. видео: Влада

Македонија | пред 5 години

w_56803994

Денеска починати 26 лица и нови позитивни на коронавирус 324 случаи

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26 починати лица, соопшти Министерството за здравство.Направени се 2.660 тестирања. Најголем број случаи се потврдени во Скопје – 110. Во Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.Пријавени се вкупно 26 починати лица: осум од Скопје (52, 59, 63, 66, 71, 77, 80 и 83), по две починати лица од Куманово (77 и 86), Прилеп (73 и 83) и Гостивар (62 и 69) и по едно починато лице од Велес (78), Кавадарци (75), Охрид (73), Штип (67), Струмица (65), Кочани (68), Кичево (71), Ресен (77), Радовиш (65), Берово (75), Делчево (57) и Валандово (72). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а две лица во домашни услови.Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.461, бројката на оздравени пациенти е 136.545, на починати е 5.042, а бројот на активни случаи изнесува 11.874.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ulica

Бетонскиот ѕид кај Чаирчанка е продолжен, улицата Цветан Димов речиси се подели на два дела

Синоќа на полноќ бетонскиот ѕид кај Чаирчанка е уште повеќе продолжен. Сега речиси целата улица Цветан Димов е поделена на два дела. Граѓаните за поставувањето банкини со поделени мислења. Некои велат ова е добро за полесно сообраќање на автомобилите, а некои беа против, објави ТВ 21.Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу вели дека со поставувањето на банкините намален е бројот на сообраќајни незгоди на оваа улица. Тој вели дека овие банкини ќе бидат привремени.Текстот во целост на: ТВ 21

Скопје | пред 5 години

velo-markovskio

(ВИДЕО) Инфектологот Вело Марковски запеа - слушнете како ја пее „Налеј Налеј“

Инфектологот Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ,  покрај медицината,  покажа дека има и друг талент, а тоа е музиката.Имено, тој ја испеа патриотската песна „Налеј Налеј“, и, како што напиша на својот фејсбук профил, неговата прва испеана песна е во поддршка на, како што тој ги нарекува, уставобранителите.„Поддршка за уставобранителите и сите неправедно затворани со мојата прва испеана песна“, напиша д-р Вело Марковски на својот фејсбук профил.извор: ФБ Вело Марковски

Македонија | пред 5 години

litija-2

СВР Охрид: Преземени се сите мерки за безбедно одвивање на верската манифестација „Еордија-литија“ во Струга

Во пресрет на верската манифестација ЕОРДИЈА-ЛИТИЈА, што утре од 15 до 19 часот ќе се одржа во Струга а во чест на празникот С.Ѓорѓија Победоносец“, ОВР Струга ги презеде сите неопходни мерки за безбедносно одвивање на црковната процесија со акцент на строго придржување до превентивните мерки и препораки за заштита на населението од вирусот Ковид-19.Во периодот од 04 до 06 мај 2021 година, претставници на СВР Охрид и ОВР Струга, одржаа работни состаноци со претставници на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга, на кои, им беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од Корона вирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење социјална дистанца и носење заштитни маски. Црковните претставници кои биле во постојан контакт со МПЦ-ОА, информираа за планираните активности пред и за време на одржувањето на Литијата кои целосно се во согласност со сетот превентивни мерки и нагласија дека Литијата ќе биде составена од локалното свештенство и монаштво. Посочија дека ќе бидат ангажирани други црковни лица и претставници на агенција за обезбедување, со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан.ОВР Струга изготви оперативен план и во согласност со истиот, на 07.05.2021 година, ќе изврши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св.Ѓорѓи“ како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија и нема да дозволи групно движење позади поворката. ОВР Струга апелира до верниците, настанот да го следат од страна без придружување кон поворката и целосно придржување до препорачаните хигиенско-безбедносни мерки со цел, заштита на јавното здравје на населението од Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

hana

Хуманирарна акција, се собираат средства за лекување на Хана, која има ерлихија и лишманија

Ова е Хана. Хана е едно премило куче од Кисела Вода. За жал на Хана и е дијагностицирана ерлихија и лишманија. Не можевме да ја оставиме на улица во таква состојба, таа заслужува да живее. Хана е сега во наша грижа. Почната е терапија со алопуринол и доксицилин, а за 4ри недели во ќе започнеме со милтафоран, пишува во објавата на ФБ на MILENICE.:).vdomuvanje..soveti..izgubeno..najdenoВо објавата се додава:Потребна ни е помош да собереме 16.700 денари колку што и чини 90мл милтафоран за неа....Ве молиме да донирате за Хана. Кучињата со лишманија може да имаат долг, здрав и среќен живот но потребна е терапија.Да и дадеме шанса на Хана!Сметки за донации:270-0733927501-14 ДЕЈЗИ ФЕМИЛИ Скопје, HALKBANKIBAN: DE42 8306 5408 0004 2433 31PAYPAL: DAISYFAMILYRESCUE@GMAIL.COM

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Приведено лице барано од турската полиција за убиство

На 05.05.2021 во 17 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода З.С.(47) од Р.Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело „убиство“. Тој бил задржан во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

generalka

“Генералка викенд” во Охрид

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје на 08.05.2021 год. (сабота) со почеток во 08 часот, ќе се одржи „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, во повеќе општини во државата. Во акцијата се вклучува и делегацијата на Европската Унија со нивната иницијатива „За чисто како и дома исто“.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани. Во акцијата ќе земат учество и здруженијата „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“.Акцијата ќе се организира во согласност со протоколите за Ковид-19, односно задолжително носењето заштитни маски и држење физичка дистанца.Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

zekiri

Зекири се вакцинираше со “Синофарм“ и ги повика сите да се вакцинираат

Денеска ја примив првата доза од вакцината 💉 на “Синофарм” и ја извршив мојата лична и граѓанска должност.Ве повикувам и сите вас да придонесете во борбата против невидливиот непријател Ковид-19, напиша на својот ФБ профил Михамед Зекири. извор: ФБ Мухамед Зекири

Македонија | пред 5 години

Kejt-Brns-670x496

Брнз: Северна Македонија направи чекор напред со Преспанскиот договор и НАТО, но тој чекор мора да се одржува

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз денеска, во обраќање на потпишувањето на договорот за грант меѓу Северна Македонија и САД, оцени дека земјава постигнала евидентен напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор и влезот во НАТО, но порача дека тој чекор мора да се одржува.„Периодот што следува ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По потпишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Северна Македонија оствари евидентен чекор напред. Но, овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизмот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели“, истакна Брнз.

Македонија | пред 5 години

ivanovska

ДКСК отвора предмети за „скалите на Шилегов” и претседателката на Судскиот совет и ја проширува истрагата за Рашковски

ДКСК има отворен предмет за градоначалникот на Град Скопје. Петре Шилегов за набавката на противпожарната скала и по него ќе се работи како и со сите предмети, но е неблагодарно е тој сам за себе да поднесува пријава со сомнежи за корупција, бидејќи тоа малку не соодвествува со одредбите во нашиот закон, информира на денешната прес-конференција претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со актуелните „скали на Шилегов“.– ДКСК е независен државен орган и е неблагодарно да се вршат препукувања, со цел да се обезбедат одредени политички поени, затоа што во пресрет на локалните избори не сакаме да се доведиме во ситуација преку нас да се книжат одредени политички поени, рече Ивановска.Прашана дали е отворен предмет за претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, Ивановска одговори потврдно.– Мора најпрво да се обратиме до претседателката да ни каже кои се членови на нејзиното семејство за да можат сите тие да бидат опфатени. Во анкетниот лист што таа го има доставено, нема матичен број на нејзиниот сопруг. Сега мора да чекаме матични броеви, тие броеви да се потврдат од МВР и понатаму да си одат постапките по ред, изјави Ивановска.Катица Николовска, член на Комисијата по барање на новинарите да одговори до каде е предметот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, информира дека имале средба со обвинителот што го води тој предмет во ЈО и се договориле се што ДКСК имаат обезбедено како документација да се достави до нив, а тие ќе продолжат со случајот.– Нашите наоди ги проширивме и на други јавни набавки, а не само на набавката за софтверското решение. Набавките поврзани со самиот предмет, камери, сталци, подвижни кабини, има повеќе јавни набавки со што износот на средствата потрошени за тие договори е голем. Мислам дека стануваше збор за некаде околу 18 милиони денари, изјави Николовска.

Македонија | пред 5 години

zatvor

Струмичкото обвинителство поведе постапка против осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен жител на с. Вељуса поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот на 4 мај 2021 година, околу 8:30 часот во с. Вељуса, се обидел да го лиши од живот оштетениот кој се движел по главниот пат. Без никаков повод или причина и без претходна вербална расправија, осомничениот со брзи чекори му се приближил од зад грб на оштетениот и со дрвен стап со должина од околу 1,50 метри започнал да го удира во пределот на главата и телото. Кога оштетениот успеал да му го одземе дрвениот предмет, осомничениот иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настап штетна последица, но се согласил со нејзиното настапување, со нож со дрвена рачка и сечило од околу 20 сантиметри што го држел во другата рака, го прободел оштетениот во левата страна од половината.Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судијата на претходна постапка при Основниот суд Струмица, па на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bolnica-bitola

Условни казни за битолските гинеколози за изведениот царски рез без лиценца

Основното јавно обвинителство Битола, по спровредената претходна постапка, а пред поднесување на обвинителен предлог постигна спогодба со трите осомничени лица – двајца специјалисти гинеколози од Одделот за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола и странска државјанка која без соодветна лиценца за работа од лекарската комора во земјата, правела царски рез во Клиничката болница во Битола на 1.1.2021 година.Во текот на постапката од прибраните докази се утврди дека првоосомничениот специјалист по гинекологија и акушерство на 1.1.2021 година, околу 9:00 часот, како службено лице кое врши работи од јавен интерес – службена должност ги пречекорил границите на своето службено овластување на начин што ја повикал и и дозволил на својата сопруга – третоосомничената, доктор на медицина, странски државјанин која не исполнува услови за вршење на здравствена дејност согласно одредбите на Законот за здравствена заштита, односно нема стекнато лиценца за работа на здравственик работник со високо образование издадена од Лекарската комора на РСМ, да врши здравствени услуги. Второосомничениот специјалист по гинекологија и акушерство, како службено лице кое врши работи од јавен интерес, не ја извршил својата службена должност на начин што и дозволил на третоосомничената да врши здравствени услуги. Со ваквите дејствија двајцата осомничени и прибавиле корист на третоосомничената изразена во право истата да учествува како оператор при породување со царски рез на пациентка.Третоосомничената не постапила според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на опасна заразна болест COVID 19 со кои била воведена забрана за движење и посета на болниците за неовластени лица. На обвинетата и биле познати предметните прописи и наредби, но сепак дошла на Одделот за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, извршила соодветна подготовка, влегла во операциона сала и учестувала како оператор при породување со царски рез на пациентка.Дополнително, на 4.1.2021 година, првоосомничениот на Одделот за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, во службена книга – Оперативен дневник во кој се внесуваат податоци за извршени оперативни зафати, отстранил 4 страници со што ја оштетил службената книга во поголема мера. Во новоотворениот Оперативен дневник за 2021 година своерачно внел невистинит податок дека при пружењето на здравствена услуга – породување со царски рез на пациентката на ден 1.1.2021 како оператор учестувал второосомничениот, иако не можело да му остане непознато дека овој податок е невистинит бидејќи конкретната интервенција неовластено ја извел тој заедно со неговата сопруга – третоосомничената.Со преземените дејствија првоосомничениот сторил две кривични дела: „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 и „фалсификување службена исправа“ од член 361 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Второосомничениот сторил едно кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик, додека третоосомничената сторила едно кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.Во поглед на кривичното дело „надрилекарство“ од член 209 од Кривичниот законик кое и се ставаше на товар на третоосомничената, во текот на постапката се утврди дека со решение на Министерството за образование и наука на РСМ на третоосомничената како странски државјанин и е признат завршен прв циклус на студии и стекнат академски назив Доктор на медицина. Истата има положено специјалистички испит по гинекологија и акушерство на Медицински факултет при Универзитет во Белград и со одлука на Комисија на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје од февруари 2020 година одлучено е третоосомничената да обави дел од турнусите во траење од 12 месеци по што ќе и биде признаено специјализацијата по гинекологија и акушерство како да е стекната во РСМ. Поради тоа во конкретниот случај отсустуваат битните елементи за постоење на кривичното дело „Надрилекарство“, а тоа е сторителот да нема пропишана стручна подготовка и да се занимава со лекување што подразбира континуирано, подолготрајно вршење на такви дејствија.Осомничените го признаа извршувањето на кривичното дело што им се става на товар, па во постапка по предлог спогодби, прифатени од Судијата на претходна постапа при Основниот суд Битола, на првоосомничениот му е изречена казна затвор во траење од осум месеци, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело. На второосомничениот му е изречена казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година не стори ново кривично дело и на третоосомничената и е изречена парична казна во висина од сто дневни глоби при што вредноста на една глоба да се определи на 10 евра во денарска противвредност. ​

Македонија | пред 5 години

27-april

Нелоски: Од средбата на Мицкоски со Пендаровски очекуваме уставобранителите конечно да добијат вистинска правда, а Заев да ги тргне рацете од правосудството

Очекуваме дека уставобранителите конечно ќе добијат можност да ја докажат својата невиност, вели претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.Нелоски исто така потенцираше дека време е Зоран Заев да ги тргне рацете од обвинителството и судството за да може уставобранителите да добијат вистинска правда.- Очекување е да се излезе со заеднички став околу вистинската правда за уставобранителите, и очекуваме да Зоран Заев конечно ги тргне рацете од судството и обвинителството и овие луѓе кои се невини обвинети и за дело кое не го сториле конечно да добијат можност да се бранат и да ја докажат својата невиност, рече Нелоски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

27-april

Заев за барањето на опозиција одново да им се суди на осудените за 27 април: Овој случај може да се отвори одново само доколку има нови докази

Премиерот Зоран Заев за барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одново да им се суди на осудените за крвавиот упад во Собранието пред четири години вели дека овој случај може да се отвори одново само доколку има нови докази и моменти.„Претседателот не го поддржа повторното судење и ве молам прашајте го, јас сум во контакт со него. Тој кажува отворено, а тоа е и мојот став дека како и за сите други случаеви, секој има право да отвори постапка на повторување на судење ако има нови докази, нови аргументи, кои ќе влијаат, Судскиот совет, надлежен за таа работа, одлучи за тоа. Ако се случуваат непринципелни работи, надвор од вредностите во кои што живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш системот на пеналење и казнување губи смисла. Така што, никако помилувања и амнестии во тој дел. Правото го имаат сите граѓани, вклучително и тие кои се осудени за настаните од 27 април, ако има нови моменти и докази, а така го појасни и претседателот на државата“, рече Заев.За осудените за крвавиот упад во Собранието на 27 април, ќе разговараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски во петок, најави на брифинг опозициската партија.

Македонија | пред 5 години

Neloski-06.05

Нелоски: Се раѓа новиот Рашковски, фирмата на зетот на секретарот на Шилегов добила 4 милиони евра државни тендери за 4 години

Го имаме новиот Рашковски во Град Скопје. Секретарот на мрзливиот и арогантен Шилегов, Аврамовска – Мадиќ е новиот Драги Рашковски. Преку фирма на нејзиниот зет, испумпува преку половина милион народни пари на граѓаните од Градот Скопје.Рашковски е мало дете за Секретарот на Градот Скопје. Македонија го доби новиот Рашковски - Викторија Мадиќ Аврамовска и новиот Заев, а тоа е Петре Шилегов, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет.Нелоски додаде:Скала која во Загреб е купена за 800.000 евра плус ДДВ, кај нас ја купуваат за фрапантни 1.700.000 евра. И мало дете знае дека остатокот од парите се украдени.Погледнете ги овие две слики, на сликите се гледа дека двете скали се исти. Нелогични се правдањата со стабилизатори и корпи. Бидејќи стабилизатор и корпа има и едната и другата скала. Нелогични се оправдувањата на Шилегов. Фатен е жив и подобро да признае, бидејќи секако ќе одговара.И кога ќе се запрашате зошто некој булевар не е направен, зошто некој проект не е завршен или пак зошто ГТЦ не е реновиран и се распаѓа, нека ви текне дека секретарот на мрзливиот Шилегов, преку својот зет, набавил противпожарна скала за која имаме сомнеж дека над половина милион евра завршиле во нивни џеб.Очигледно дека фирмата „Армор Плус“ ДОО Скопје, каде сопственик е зетот на секретарот на Град Скопје, била преодредена да добива државни тендери и народни пари од тендери се разбира откако СДСМ доаѓа на власт.Па така, „Армор Плус“ ДОО Скопје, не само што земала милионски тендер во Градот Скопје, туку за само 4 години од 2017-та до сега, има заработено рекордни над 4 милиони евра од добиени тендери. Град Скопје, јавните претпријатија, општините низ Македонија каде што СДСМ е на власт, државни институции, министерството за одбрана и многу други и дале бизнис на истата фирма „Армор Плус“ ДОО Скопје во вредност од над 4 милиони евра. Во прилог еве ви ја листата на тендери, кои ќе ги добиете и електронски.Ова е класичен пример, како завршуваат народните пари на конто на СДСМ и нивните функционери. Никој, ама баш никој, нема да поверува дека се е регуларно со набавките, конкретно со скалата, и никој, ама баш никој, нема да поверува дека Петре Шилегов е чист и не заслужува да понесе одговорност.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

faton-fazliu

Колиција АлтернAтивА и Алијанса на албанците: Бројот на починатите од Ковид-19 e показател за неодговорните институции

Следејќи ја кризната состојба предизвикана од пандемијата „Ковид 19“, како и согледување на последиците што ги носи оваа пандемија, Коалицијата „АлтернАтивА и Алјијанса за албанците“ смета дека Владата на РСМ и Министерството за здравство продолжуваат да се однесуваат несовесно кон пропустите направени од нив самите, што резултира со голем број смртни случаи, како и други здравствени и материјални штети, истакнаа на денешната прес конференција од Колиција АлтернAтивА и Алијанса на албанците.Во продолжение на истата додадоа:Така, и покрај значителното намалување на бројот на заразени, бројот на смртни случаи останува голем. За споредба, додека во Северна Македонија во текот на април просечниот број на заразени бил 728 на ден, во Косово бил 472, а во Албанија овој број бил 189 заразени на ден. А кога се споредуваа стапката на смртност, додека во Македонија во април просекот бил 37 смртни случаи на ден, во Косово тој број бил 13, а во Албанија сме имале 5 смртни случаи на ден.Овие бројки се показател за две констатации: 1) Дека вируленцијата на вирусот е значително намалена и ова е добра вест и 2) Дека имаме зголемување на небрежноста на владата на Северна Македонија кон пациентите со Ковид-19, што е лоша вест. Друго објаснување, како нашата земја повторно останува со толкава стапка на заразени и, особено, на смртни случаи, нема.Значи, и покрај падот на вируленцијата на вирусот, Северна Македонија продолжува да биде меѓу земјите со најголема смртност во Европа и тоа не може да се објасни поинаку освен со целосно потфрлување на здравствениот систем. Само една несериозна држава, со ваква влади и вакви челници во Министерството за здравство, може да дозволи бројот на заразени и бројот на смртни случаи да продолжи да остане неспоредливо поголем од земјите на регионот и во Европа.Затоа, при ваква состојба некој треба да одговара и да сноси одговорност. Во нормални околности, овие бројки значат не само оставка на министерот за здравство, туку и на премиерот, но знаејќи дека оваа влада не го познава поимот одговорност, се подразбира дека дури и овие бројки не се загрижувачки за нив.Поради тоа, според нас, единствената можност да се спасиме од оваа неодговорна власт е таа да биде сменета што побрзо, било преку нови избори или преку создавање на ново мнозинство. Тој е единствениот начин да се спаси животот на граѓаните и да се намали бројот на загуби и неуспеси.

Македонија | пред 5 години

zaev-carina

Заев прими кинеска против ковид, се чувствувал одлично

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“. Тој по вакцинацијата, кажа дека се чувствува одлично. Заев се заблагодари на здравствените работници и сите кои учествуваат во процесот на вакцинација. Истакна и дека е задоволен од начинот на кој е организиран процесот.„Ја примив првата доза од вакцината на Синофарм, односно со онаа вакцина која ми дојде прва кога требаше да се вакцинирам. Се чувствувам одлично. Верувам дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население кое ќе биде вакцинирано, а тоа ќе ја промени сликата на епидемијата. Ги охрабрувам граѓаните да се пријават за термин за вакцинација и да си го обезбедат единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот. Вакцините се безбедни, проверени, тестирани. Колку побрзо заврши процесот на вакцинација, толку побрзо ќе заврши борбата со коронавирусот“, рече Заев.Освен премиерот, изминатите денови се вакцинираа и дел од членовите на неговиот кабинет, согласно планот за имунизација.

Македонија | пред 5 години

27-april

27 април: Едни ново судење, други помилувани - обештетување

По четири години од „крвавиот четврток“, претседателот Стево Пендаровски се сети дека осудените не биле „терористи“, па затоа требало да добијат нова шанса за судење, секако доколку постоеле нови докази.Со неговата изјава се создаде впечаток дека се подготвува терен пред одлуката на Врховниот суд, каде што наскоро ќе треба да стаса случајот на преиспитување.Или како што вели народната, „Ти зборувам ќерко, сети се снао“!Повеќе во новиот број на Фокус.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања