Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски за ДВ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

По девет месеци замрзната комуникација со шефот на државата, утрешната средба Пендаровски-Мицкоски ги зголемува очекувањата за враќање на дијалогот.„Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“, oва за ДВ го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, откако како бомба одекна веста соопштена на вчерашниот брифинг во ВМРО-ДПМНЕ: партијата ја одмрзнува комуникацијата со шефот на државата. По телефонски разговор, на барање на партискиот претседател Христијан Мицкоски, утре ќе се одржи средба помеѓу него и претседателот Стево Пендаровски. Средбата е закажана во вилата „Водно“, каде Мицкоски последен пат беше на 13-ти август 2020 година заедно со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога најави замрзнување на односите и комуникацијата со шефот на државата. Повод за таквата одлука на партијата беше незадоволството што Пендаровски му го даде мандатот за состав на нова влада на Зоран Заев, без претходно да добие уверување за оформено парламентарно мнозинство од 61 пратеник.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

zaev

Премиерот Зaев денеска ќе се вакцинира

Премиерот Зоран Заев денеска јавно ќе се вакцинира против ковид-19, соопшти Владата.Тој ќе се вакцинира напладне во А1 Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“, по што е предвидено да даде и изјава за медиумите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Pavlina-Crvenkovska-2

ВМРО ДПМНЕ: Црвенковска е предлог на Заев и СДСМ, таа не е компетентна без ден судски стаж да именува, оценува и разрешува судии

Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет е предложена од страна на Собранието, таа е предлог и кадар на Зоран Заев и СДСМ. Павлина Црвенковска како претседател на Судски совет ќе избира и разрешува судии, ќе ја оценува нивната работа, ќе одлучува за престанок на судска функција, а притоа таа нема ниту еден ден работен стаж како судија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Павлина Црвенковска е некомпетентна да одлучува за судиите и судското работење, таа нема минат труд, а уште помалку е компетентна да оценува работа на Врховен суд, што исто така спаѓа во нејзин делокруг на работа како претседател на Судскиот совет.Единствен критериум за Црвенковска да биде избрана за претседател на Судскиот совет е очигледно нејзината партиска активност. Таа била шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на СДСМ и очигледно човек од најголема доверба на Заев.Заев и Црвенковска ги поврзува и пропаѓањето на Еуростандард банка, сопругот на Црвенковска исто како и Заеви земал кредит без покритие од Еуростандард банка, и со 400.000 евра покритие земал 1.6 милиони евра кои не ги вратил, објавија оштетените штедачи.Како успеала Црвенковска исто како и Заев да стигне до милионски кредит без покритие? Која е шемата на кој е ограбувана банката и дали таква личност има кредибилитет да води и тело како Судскиот совет? Кредибилитет нема, а другите прашања очекуваме да ги одговори Црвенковска, но и ЈО.

Македонија | пред 5 години

rusenje

Георгиески: Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано

Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.➡️Ги ослободуваме плажите од нелегални градби, платформи, ѕидови и овозможуваме нивно непречено користење. Граѓаните ќе можат слободно да ги користат плажите без нелегално наплаќање на влез, лежалки и паркинг.➡️За таа цел денеска продолжуваат активности за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани.➡️Активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.➡️На локациите каде што ќе се отстрануваат нелегалните градби тековно ќе се врши уредување на просторот согласно препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, стои во објавата на ФБ профилот од грдоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

rusenje-2

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Северна Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје кои ги изведува Општина Охрид, со што ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“.Владата на Северна Македонија веќе обезбеди средства во износ од шест милиони денари за отстранување на бесправните објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското езеро кои ја нарушуваат природната и културна автентичност на регионот.Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упати и апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите.Владата на Република Северна Македонија во координација со Општина Охрид ќе продолжи да се залага за конечно воведување ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.Ја поддржуваме Општина Охрид да продолжи со активностите за отстранување на бесправните градби сѐ додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и го деградираат уникатното заштитено подрачје на регионот.

Македонија | пред 5 години

vakcina-vakcinacija-7

Стојаноска: Судските институции мора да постапат во случајот со набавката на кинеските вакцини преку фантом фирма за кој се обелоденија документи за провизии

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија, во врска со денешното обелоденување на документи за набавката и провизии за кинеските вакцини, порача дека институциите мора да постапат во овој случај и по сите останати случаи за кои се молчи.-Месечно имаме околу 100 починати, жртви или бројка на починати која е многу поголема можеби од состојба на војна, министерот за здравство би го нарекла како воен профитер за овој криминал за кој претседателот Мицкоски извади документи, каде се посочува дека се уплатени тие 7.8 милиони евра, вели Стојаноска.Таа посочи дека имаме состојба во која илјадници луѓе ни умреа од Ковид кризата и во состојба во која имаме повеќе од четири месеци доцнење од започнувањето на вакцинацијата, Македонија е земја која бележи најголем број на починати, а најлошо се справува со вакцинацијата.Мислам дека треба да се плаши тој за кого се зборува дека извршил криминал, а институциите треба да си поведат постапки и не само за овој случаи, туку за многу случаи за кои се молчи, а има случаи за кои се вели дека нема криминал, а се докажува спротивното, така беше и со случајот со Рашковски, за кој Заев велеше дека нема криминал со софтверот, а сега се терети за криминал, а тоа е можеби обид за прикривање на криминал или вмешаност за криминал, појасни Стојаноска.

Македонија | пред 5 години

05052021_PVRSM_PRSM_Den_na_makedonskiot_jazik_7

Заев: Дигитализацијата е заштита на јазикот, makedonski.gov.mk е манифестација, грижата на Владата за македонскиот јазик дома и пред светот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ја промовираше дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен „Толковниот речник на македонскиот јазик“ на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ со над 100 илјади зборови.Промоцијата на оваа дигитална платформа која Владата ја промовира точно денес, на денот на македонскиот јазик, е владина активност во рамките на Програмата за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.На промоцијата која што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ учествуваа и претседателот на Република Северна Македонија, како покровител на целогодишната програма по повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за култура Ирена Стефоска, директорката на Институтот за македонски јазик професор д-р Елена Јованова-Грујовска, и раководителка на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“, професор д-р Снежана Велковска, како и повеќемина научни работници од институтот и од други високообразовни институции од земјата.Премиерот Заев во своето обраќање соопшти дека од денеска Дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик им стои на располагање на сите што сакаат да го користат македонскиот јазик, граѓаните на Северна Македонија, нашите сонародници од севкупната македонска дијаспора и останатите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет.„Веб платформата македонски.гов.мк, која е во сопственост на граѓаните, и ќе се надоградува од граѓаните, академската и научната заедница, и понатаму останува под стручен надзор и развој на Институтот за македонски јазик, а Владата е тука за да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот. Тоа значи дека платформата понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти, и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива. Ова ќе овозможи да си го негуваме јазикот, но и да го проучуваме подобро и побрзо од било кога“, нагласи премиерот Заев во своето обраќање.Заев додаде дека е огромно значењето на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ за македонскиот народ и дека претставува историско научно остварување со кој се потврдува дека Македонците се народ со богата лексика, со долга јазична традиција и многу богато лексичко наследство, кое не може да се оспори.„Јазичното богатство содржано во „Толковниот речник на македонскиот јазик“ е уште едно сведоштво за различноста и посебноста на македонскиот јазик во словенскиот свет, и за неговата автентичност во светската листа јазици. Лексиката опфатена во сите шест тома од „Толковниот речник на македонскиот јазик“ е приказ за различноста на македонскиот од другите словенски јазици, а со тоа и сведоштво и потврда за неговата посебност“, потенцираше претседателот на Владата на промотивната активност по повод лансирањето на дигиталната платформа на „Толковниот речник на македонскиот јазик“.Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на промоцијата истакна дека македонскиот јазик му дава легитимитет на македонскиот идентитет и дека е наше природно и основно човеково право и чувар на нашата колективна меморија.„Активно да ги поддржуваме домашните и меѓународните научни истражувања и проекти во сите области поврзани со македонскиот јазик и неговите дијалекти. Да вложуваме во македонскиот образовен систем, во студиите, катедрите, лекторатите и издаваштвото, да вложуваме во македонистите во земјава и странство, во творечките потфати на нашите писатели и поети. На тој начин, ќе стоиме обединети во одбраната на македонскиот јазик“, нагласи претседателот Пендаровски.Тој понатаму додаде дека вложувањето во македонскиот јазик и литература не е трошење на ресурсите, туку градење на нашата единствена комплетна татковина, како дел од европскиот културен и образовен простор.Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, професор д-р Елена Јованова-Грујовска, потенцираше дека лансирањето на дигиталната платформа на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ makedonski.gov.mk се совпаѓа со 95 годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков. Патронот на институтот и по повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, и во чест на овие годишнини денеска свечено ѝ подаруваме електронското издание толковникот на македонската и на светската јавностРаководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“, професор д-р Снежана Велковска им се заблагодари на сите бројни научници од повеќе генерации кои работеа на шесттомно издание на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ и порача дека со неговото дигитално издание корпусот на лексеми, односно на нови зборови, добива можност да се развива и унапредува преку постојана грижа за македонскиот јазик и неговото претставувањето пред светската лингвистика.

Македонија | пред 5 години

drim-2

(ВИДЕО) 10 години прослава на денот на реката Дрим – ја подигнуваме свеста кај локалното население и јавноста за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем

Секоја година на почетокот од месец мај се прославува денот на реката Дрим во сите под-сливови на проширениот прекуграничен басен под покровителство на Drin Corda и Drin Core Group. Во согласност со препораките на Владата и Светска здравствена организација, како минатата така и годинава организаторите на одбележувањето на денот на Дрим ги почитува сите мерки кои се предвидени за организирање на вакви настани. Овогодинешната прослава граѓаните имаа можност да ја следат во живо преку платформа .Главна цел на одбележувањето на денот на реката Дрим е подигнување на свеста кај локалното население и пошироката јавност за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем, потребата за негова заштита и постојано одржување, како и придобивките кои ги има локалното население од неговото нормално функционирање.Оваа година здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид во соработка со Центар за одржлив развој на заедницата, ОУ Ванчо Николески с.Лескоец и ОУ Дебрца Општина Дебрца, ја организира прославата на денот на реката Дрим на 05.05.2021 година.Во склоп на активностите е изработена брошура насловена „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“, поставена е изложба „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“ во Stevee’s Coffee House ( Hotel Royal View) која исто така е достапна виртуелно изработени се пет кратки видеа :Изворот на реката Црн Дрим :Река Сатеска:Река Коселска:Од Струга до селото Ташмаруништа:Езеро Глобочица и Дебарско Езеро:Исто се оддржа и онлајн едукативна средба во која беа вклучени учениците од ОУ Ванчо Николески с.Лескоец, ОУ Дебрца Општина Дебрца, како и учениците од Гимназијата С.О.У 28 Ноември од Дебар.извор: Здружение за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид

Македонија | пред 5 години

pasosi-3

Четири затворски казни и една условна во судењето за фалсификуваните пасоши

Четири затворски казни и една условна е изречена денеска за лицата кои признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот совет на Кривичниот суд изрече на Денис Баруфи му изрече затворска казна од две години и седум месеци, на Ален Личини му изрече две години и три месеци, Ѓорѓе Велков доби двегодиншна затвроска казна, исто како и Фарук Беља. Сите овие лица се вработени во управните служби на МВР. На обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна на судењето, а преку адвокатот се изјасни како виновна, ќе и биде изречена казна на наредното рочиште.„Обвинетите за да обезбедат материјална корист, изработувале лажни патни исправи за претходно креирање на двојни идентитети, користејќи податоци на лица кои имаат право, но никогаш не побарале и не се стекнале со македонска патна исправа. Ваквото постапување довело до загрижувачки последици, односно издавање на патни исправи на лица со криминално досие, лица кои биле барани со меѓународни потерници, за тешки кривични дела, со што овозможиле слободно преминување на државните граници“, рече судијката Оља Ристова.Обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување.Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Богдановиќ најави голема летна градежна офанзива со реконструкции на 14 улици на територија на Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес изврши увид во реконструкцијата на три улици во населба Крњево, улиците 164, 166 и Хусеин Бајрам, кои се реконструираат по повеќе од 40 години. Градежните зафати опфаќаат поставување на нов коловоз, тротоари, рабници и атмосферска и водоводна канализација.На улицата 164 се изведува 250 метри фекална и 270 метри водоводна канализација, се врши замена на долниот строј, се поставува 1375 метри квадратни нов асфалт, 254 метри квадратни тротоари и нови рабници од двете страни по цела должина на улицата.На улицата 166 во тек е изведбата на 185 метри водоводна канализација. Покрај канализацијата, се поставуваат и 1017 метри квадратни нов асфалт, 231 метар квадратен тротоари и рабници од двете страни по цела должина на улицата.Улицата Хусеин Бајрам добива 924 метри квадратни нов асфалт, тротоари со површина од 545 метри квадратни и нова водоводна и фекална канализација.„Со овие реконструкции граѓаните на населбата Крњево по повеќе од 4 декади, добиваат нови, безбедни и квалитетни улици, изградени со најсовремени материјали. Нашите активности не застануваат тука, продолжуваме со реконструкциите и во наредниот период. Први наредни улици се крак од Тасино Чешмиче и улицата Драмска, а ќе се реконструираат и уште 9 други“, изјави при денешната посета градоначалникот Богдановиќ.Општина Центар во изминатиот период реконструираше други 23 улици, а со овие 14 кои се на ред за реконструкција до крајот на летото, се добива вкупна бројка од 37 реконструирани сервисни улици.

Скопје | пред 5 години

SMK_9540

Николовски: 90 проценти од правните лица го пријавиле вистинскиот сопственик во законскиот рок, во секоја компанија се знае кои се вистинските сопственици

Вкупно 69.284 субјекти, односно близу 90% од правните субјектите, во рамки на законскиот рок, во Регистарот на вистински сопственици,  ги впишале своите вистински сопственици, односно физичкото лице кое директно или индиректно остварува управувачка или контролна улога во еден правeн субјект. Ова денеска го соопштија заменикот на претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри, Љупчо Николовски и директорката на Централниот регистар на Република Северна Македонија, Марија Бошковски Јанковска.Вицепремиерот Николовски посочи дека со воспоставувањето на овој регистар е исполнета обврската предвидена во соодветното европско законодавство за спречување на перење пари и финансирање тероризам.„Со ова врвно технолошко решение,  институциите во државата, добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. На овој начин, отвораме едно револуционерно поглавје во транспарентноста кога се работи за македонското стопанство – една сосема нова слика за тоа кој стои зад, неретко, комплексни и слоевити сопственички структури на нашите фирми и здруженија на граѓани. Во секоја една компанија се знае кои се вистинските сопственици, уште повеќе навлегуваме и во евидентирање на сите оние компании коишто од странство се регистрирани во нашата земја, коишто регистрираат тука компании и прават финасиски текови. Дојде време кога мора јасно, отворено да се знаат сите сопственици без да има можност да сокриваат“, рече вицепремиерот Николовски.Податоците од Регистарот на вистински сопственици, од 28-ми април, се веќе јавно достапни преку системите за издавање информации од Централниот регистар.Директорката на ЦРРСМ, Бошковска Јанковски, изјави дека најголемиот дел од оние кои не се регистрирани се субјекти кои подолг временски период немаат економска активност, ниту контакти или сметка во банка.„Очекуваме овој процент и дополнително да се зголеми, со оглед на тоа што правните субјекти што немаат пријавено вистински сопственик ќе се соочат со пречки во работењето во правниот и во финансискиот промет. Од субјектите коишто поднеле пријава, околу 47.600 се друштва со ограничена одговорност со едно лице (ДООЕЛ) , околу 9.600 се друштва со ограничена одговорност (ДОО), 285 се акционерски друштва, 6.030 се здруженија на граѓани и 5.769 останати субјекти со други организациски облици.За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик, а најголем број на сопственици запишани за еден правен субјект е 34, и тоа е Стопанска интересна заедница на заштитни друштва на Македонија. Во регистарот се запишани приближно 70.150 различни физички лица како вистински сопственици. Од нив 93,5% се македонски државјани, 0,5% се странци со регулиран престој, а останатите 6%, односно околу 4.300 лица, се странци. Странците доаѓаат од 88 држави, а најмногу вистински сопственици – странци имаме запишано од следните пет држави: Турција, Бугарија, Србија, Грција и Германија. Најголем број на субјекти каде што едно исто лице се јавува како вистински сопственик е 25 правни субјекти, а околу 62.200 лица се јавуваат како вистински сопственици на само еден правен субјект. 69.025 лица се запишани како вистински сопственици преку индикаторот директна сопственост, 2.755 лица преку индикаторот индиректна сопственост и 11.797 лица преку индикаторот „на друг начин остварува контрола“.Иако рокот за уписите во Регистарот на вистински сопственици е завршен, останува обврската секој новооснован субјект во рок од осум дена од основањето да го запише вистинскиот сопственик. Постоечките правни лица ќе треба континуирано да ја пријавуваат секоја промена во сопственичката структура во рок од осум дена од нејзиното настанување. Сите уписи извршени во законските рокови се бесплатни.Заклучно со 27-ми април, сите податоци од регистарот се доставени до надлежните институции за натамошно постапување и до банките, кои имаат клучна улога како субјекти кои преземаат мерки за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Македонија | пред 5 години

w_56102301

Денеска починати 24 лица и нови 323 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица - по 1.Регистрирани се 714 оздравени пациенти од:Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово - 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар - по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1.Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице од Штип (87г),Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.Направени се 2.928 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–13, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–0, МАНУ-147, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-253, Биотек-258, Систина-243, лабораторија Лаор-273, Синлаб-59, Ремедика-50, Плодност–47, Генеа–25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 792.Досега во земјата се направени вкупно 729.337 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 67612, активни 5916Куманово 8607, активни 969Прилеп 8210, активни 530Тетово 7136, активни 507Битола 6186, активни 792Велес 5423, активни 447Гостивар 5135, активни 330Кавадарци 5129, активни 313Охрид 4932, активни 449Штип 4910, активни 288Струмица 4038, активни 243Струга 2949, активни 153Кочани 2741, активни 176Кичево 2488, активни 256Гевгелија 2179, активни 196Неготино 2167, активни 174Свети Николе 1499, активни 103Ресен 1216, активни 193Крива Паланка 1210, активни 48Радовиш 1098, активни 85Берово 1018, активни 30Делчево 956, активни 78Дебар 931, активни 25Виница 830, активни 115Пробиштип 775, активни 21Валандово 661, активни 20Богданци 492, активни 52Крушево 484, активни 98Демир Капија 394, активни 19Демир Хисар 390, активни 68Македонски Брод 355, активни 17Кратово 356, активни 7Пехчево 264, активни 17Македонска Каменица 234, активни 14Дојран 132, активни 5фото: Архива

Македонија | пред 5 години

saraiste

Општина Охрид: Да се отстранат сите пловни објекти од плажа “Сараиште”

Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува годинава да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството.Плажата „Сараиште“ привлекува бројни посетители и капачи пред се жители од старото градско јадро, но и охриѓани од останатите охридски населби.

Македонија | пред 5 години

Milososki-11.03

Милошоски: Власта уплатила речиси 8 милиони долари на фантом фирмата од Хонг Конг за двојно поскапи вакцини од набавната цена

Иако негираа, сепак министерството за здравство уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирма од Хонг Конг која вакцините на Македонија требало да и ги продаде под двојна цена од набавната, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Свети Николе.Милошоски вели дека како резултат на трчењето по провизии од страна на министерот и лошиот менаџмент Македонија за жал се наоѓа на високото трето или четврто место по бројот на смртност по глава на жител на милион жители во Европа.- За жал тоа е резултат на слабиот менаџмент на министерството за здравство и она што пред неколку дека го добивме како информација сер потврдува дека додека другите соседни земји трчаа по вакцини, министерот за здравство и премиерот трчаа по провизии и документот кој го поседува ВМРО-ДПМНЕ дека министерството за здравство иако негираше сепак уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирмата во Хонк Конг која што требало вакцините да ги продаде на Македонија за двојно повисока цена од цената за која ќе ги набави, потенцира Милошоски.Тој додаде дека ако не трчаа по провизии и вакцинацијата почнеше уште во месец јануари, наместо 5 месеци покасно барем 500 животи на наши сограѓани ќе беа спасени со подобра здравствена организација.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

andon-dukov

Жената која беше пронајдена мртва во Охрид имала прострелна рана

Жената која беше пронајдена мртва во Охрид имала прострелна рана, дознава „А1он“. Според информациите, во објектот кој се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга било пронајдено и оружје. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека во континуитет се работи на расчистување на случајот и прибирање на потребни податоци за настанот.„По насока на јавниот обвинител обезбедени се и прибрани траги од самото место на настанот и дадени се на натамошно вештачење. Воедно, издадени се наредби за вршење на потребни анализи, испитување на ДНА, како и папиларни линии на оружјето и за вршење обдукција на телото на починатата. Едновремено, во континуитет се прибираат податоци потребни за расветлување на настанот. Обвинителството го очекува пристигнувањето на побараните извештаи од вештачењата и анализите“, велат од Обвинителството за „А1он“.Текстот во целост на: „А1он“

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Otvoreno-24-1

Битиќи за Недела неработен ден - Трговските објекти ќе може да работат во една смена и ќе уплаќаат 2% од приходите во недела кои ќе се наменат за изградба на градинки, а работниците ќе добиваат 100% п...

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „24 отворено“ на Телевизија 24, кадешто за актуелните прашаања поврзани со работничките права и работните односи дискутираше со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски, претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески.Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека во изминатите неколку години трипартитниот дијалог помеѓу синдикатите, организациите на работодавачи и Владата е подигнат на навистина високо ниво, се отвора широка дискусија за секое едно прашање важно за работниците и компаниите и се носат решенија коишо се во интерес на сите засегнати страни.„Во кревко општество веројатно е проблематичен дијалогот и тоа го немавме пред некоја година. Мислам дека сега треба да нагласиме дека трипартитниот дијалогот во Економско-социјалниот совет помеѓу синдикатите и работодавачите е на навистина високо ниво. Јас последниве 12-13 години ја следам политичката сцена, сметам дека овој дијалог никогаш не бил на ова ниво, а тоа може да го потврдат и претставниците на работодавачите и синдикатите. Буквално моментумот дека разговараме за секое едно легитимно право, дали е на работниците или на работодавачите и отвараме било која тема, дали е тоа системски закон за работни односи или е друг закон, сметам дека укажува дека се уште не сме дојдени до таму кај што би сакале сите да бидеме, а тоа е работниците навистина да ги уживаат привилегиите на работничките права, но и работодавачите од друга страна да се чувствуваат лагодно во нивното функционирање затоа што некој не наметнува дополнителни барања. Ние како Влада се обидуваме да направиме некој баланс помеѓу барањата на синдикатите и работодавачите. Морам да признаам дека сме на добар пат, се уште имаме пат да изодиме“, рече Битиќи.Вицепремиерот како еден од примерите за креирање на најсоодветно решение преку дискусија го посочи решението околу „недела – неработен ден“.„Ние околу Законот за работни односи, за „недела – неработен ден“, имавме навистина долга дискусија. Од првиот ден кога ја отворивме дискусијата за недела-неработен ден, кажавме дека тоа ќе биде направено на консултативен начин, помеѓу синдикатите и работодавачите, затоа што не можете да направите една системска промена, којашто бара промена во однесувањето на сите во општеството, а без притоа да ги прашате клучните чинители и затоа ние моравме, и за ова нема да се согласам дека отстапивме, моравме да осигураме дека во недела ќе има нормален животен процес на сите тие коишто нема да работат, а ќе имаат содржина со којашто нема да им се ускрати одредена услуга коишто тие би требало да ја добијат. Заедно со синдикатите и со Организацијата на работодавачи ги дефиниравме исклучоците за компании кои би работеле во недела. Ако отстапување е дека треба да има техничка поддршка за мобилната телефонија, јас велам, извинете ама тоа во 21 век не можеме да го занемариме. Не можеме да им забраниме на нив да работат, исто така мора да има техничка поддршка во банка за кредитните картички, треба да им овозможиме на одредени угостителски објекти во туристичките места да работат“, објасни вицепремиерот.Битиќи додаде дека со законското решение за „недела – неработен ден“ кое е поставено на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), е јасно утврдено кои се исклучоците за кои е дозволено да работат во недела, а по разгледување на сите коментари истото ќе биде предложено во собраниска процедура.Нема да работат трговските објекти насекаде, на угостителските објекти ќе им се дозволи да работат во недела со одреден временски период, ќе им се дозволи според Законот за трговија на одредените дејности во трговија, во трговските центри, притоа морам да нагласам дека ќе се лимитира времето на работење, само во 1 смена од 10-18 часот, а притоа ќе плаќаат дополнително давачка за работењето во недела. Таа дополнителна давачка е до 2% од приходот заработен во неделата и таа давачка ќе оди наменски за градење на детски градинки. Дополнително, оние работници кои ќе работат во трговски центри, во недела, ќе добиваат 100% повисока дневница. Направивме еден модел заеднички во економско-социјалниот совет, во којшто дозволивме и да се работи, затоа што мораме да се грижиме за економијата, но исто така работниците да си уживаат одредени права.Вицепремиерот го дообјасни концептот пришто спомена дека во недела ќе биде дозволено да работат трговците поединци, коишто самите го дефинираат работното време и притоа самите ќе ги извршуваат работните обрвски.

Македонија | пред 5 години

2-1

Маричиќ: Реформите во правосудството препознаени од меѓународниот фактор

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на емисијата „Објектив“ на Националниот сервис кажа дека извештаите на Стејт Департментот, Европската комисија, како и „Фридом Хаус“, ГРЕКО и повеќе други меѓународни организации и тела, покажуваат дека реформите во судството даваат резултати во однос на владеењето на правото. Според министерот, полека се менува и перцепцијата на граѓаните за враќањето на правната држава.-Судството не е нешто што се менува преку ноќ. Тука има со години наталожени проблеми и со години наталожени перцепции. Ако ги следиме анкетите изминатиов период ќе видиме дека имаме подобрување во правосудството. Довербата етапно се враќа. Јас сум задоволен што и на дело покажуваме опипливи резултати дека може поинаку. Ако продолжи трендот да нема селективност во правдата, законот за важи за сите подеднакво, да се најдат сите пред лицето на правдата без разлика дали се од оваа или претходната Власт, тоа граѓаните ќе го препознаат и го препознаваат, кажа Маричиќ.Министерот за правда кажа дека процесот на враќањето на довербата на граѓаните во правосудството не е лесен процес, но изборот е едноставен. Или ќе имаме правна држава во која законот ќе важи за сите или ќе имаме заштитена класа на политичари, потенцираше Маричиќ.

Македонија | пред 5 години

hristijan-mickovski-mickoski-26

По изјавата на Пендаровски дека можно е да се бара повторно судење за „27 април“, Мицкоски побарал и добил средба со претседателот

По ставот на претседателот Стево Пендаровски дека може да се бара повторно судење за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побарал и добил средба во Вила Водно.Ова доаѓа откако пред пет месеци Мицкоски го нарече претседателот на државата „неискусен политичар“, а за неговите ставови дека не знае колку се релевантни. Мицкоски и Пендаровски треба да се сретнат во петок, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата информација се уште не е потврдена од Кабинетот на Пендаровски.Во телефонскиот разговор, Мицкоски и Пендаровски, според кажувањата на брифингот, се договориле да разговараат за две теми. Едната ќе биде за повторно судење на осудените за упадот на „27 април“, а втората ќе е актуелната политичка, како и економска состојба во државата.Мицкоски на брифингот потенцираше дека не бара амнестија за обвинетите за настаните од 27 април, туку шанса за фер судење на обвинетите за тоа што го направиле, бидејќи се осудени за тероризам, а тероризам немало.Мицкоски во август минатата година кажа дека неговата партија ги замрзнува односите со Пендаровски, бидејќи претседателот на државата му го додели мандатот за формирање Влада на Зоран Заев и СДСМ, без како што тврдеше, да има парламентарно мнозинство.

Македонија | пред 5 години

rusenje

(ФОТО) Продолжува отстранувањето на бесправни градби на Охридското крајбрежје

Денеска се спроведуваат активности за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани. Средствата за отстранување на бесправните објекти, во износ од 6 милиони денари беа обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија.Активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упатува апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите.Во текот на изминатите две години Општина Охрид во согласност со финансиските можности реализираше активности за отстранување на платформите на угостителските објекти во потегот од месноста „Ј’но“ до населбата „Канео“, бесправни објекти на потегот во населбата ,„Свети Стефан“, а се спроведуваа и активности за отстранување на еден поголем сместувачки објект и две бетонски бази.Општина Охрид во координација со Владата на Република Северна Македонија останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО, имплементацијата на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.Општина Охрид ќе продолжи да се залага за конечно воведување на ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.Активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не биде отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.

Македонија | пред 5 години

pasosi-4

Дел од службениците од МВР си признаа дека издавале лажни пасоши

Лицето кое беше осомничено дека е посредник и пет лица кои работат во управните служби на МВР се изјаснија за виновни во случајот „Двојник“, за фалсификуваните пасоши издавани на странци, меѓу кои криминалци и членови на нарко картели. На рочиштето не присуствуваше само една обвинета, исто така вработена во МВР, која преку овластен адвокат го известила судот дека е подготвена да признае вина. Останатите петмина кои се сомничат во случајот, се изјаснија за невини.Ова е прво судење откако Обвинителството поднесен обвинителен предлог за лажните пасоши. Досега, осомничени се 11 лица за злоупотреби извршени при издавањето на патни исправи. Со поднесениот предлог, 10 лица се обвинети за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело.Обвинителството ги гони обвинетите под сомневање дека, како службени лица вработени на различни позиции во МВР – Одделение за управни работи Скопје, поттикнати од обвинетиот Раиф Мифтари, во период од средината на месец јуни 2017 година до крајот на 2020 година, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности.„Со тоа обвинетите овозможиле на незаконски начин 214 странски и еден македонски државјанин да се стекнат со патни исправи на РСМ под туѓ идентитет. Пасошите биле издавани заобиколувајќи ја постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција од Законот за патни исправи на државјаните на РМ, спротивно на Упатството за начините на спроведување на постапката за издавање на патна исправа, во најголем број случаи без закажан термин за фотографирање преку систем „Симболико“, без проверка на идентитетот на подносителот на барањето со постоечките податоци во централниот систем, спротивно на Упатството за земање на биометриски податоци и приложени докази и соодветност на податоците кон барањето, без почитување на предвидените рокови за изработка и издавање на патни исправи и утврдување на идентитетот на подносителот на барањето“, соопштија од Обвинителството при поднесување на обвинителниот предлог.

Македонија | пред 5 години

skopje

Петмина обвинети за прекршување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите биле затекнати на различни локации во градот при непочитување на важечкиот полициски час. Со ова тие постапиле спротивно на одредбите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.Надлежните јавни обвинители за секој од обвинетите предложија парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ фото: Архива

Скопје | пред 5 години

drim

(ЖИВО) Одбележување на „Денот на Дрим“

Денеска се одбележува „ Денот на Дрим“. Главна цел на одбележувањето на денот на реката Дрим е подигнување на свеста кај локалното население и пошироката јавност за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем, потребата за негова заштита и постојано одржување, како и придобивките кои ги има локалното население од неговото нормално функционирање.Оваа година организатори на прославата е здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид во соработка со Центар за одржлив развој на заедницата, ОУ Ванчо Николески с.Лескоец и ОУ Дебрца Општина Дебрца. Поради пандемијата истата може да се следи on line на овој линк:Инаку во склоп на активностите е изработена брошура насловена „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“, поставена е изложба „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“ во Stevee’s Coffee House ( Hotel Royal View) која исто така е достапна виртуелно изработени се пет кратки видеа.Годинава се оддржа и онлајн едукативна средба во која беа вклучени учениците од ОУ Ванчо Николески с.Лескоец, ОУ Дебрца Општина Дебрца, како и учениците од Гимназијата С.О.У 28 Ноември од Дебар. 

Македонија | пред 5 години

maceta

35-годишен маж кој се шетал со мачета на улица во Центар за време на полициски час

Полицијата уапси 35-годишен маж кој се шетал со мачета на улица во Центар за време на полициски час.Според информациите на МВР, синоќа во 23:15 часот, полициски службеници на подрачјето на Центар го привеле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје.Исто така, тој е уапсен и дека не го почитувал полицискиот час.МВР најави дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

vakcinacija-punkt-boris-trajkovski

По хаосот во пораките за вакцинирањето, нови правила од Филипче

Министерството за здравство ја информира јавноста дека по серијата информации од граѓани во јавноста, претежно на социјалните мрежи, дека за вакцинација добивале смс пораки за да се вакцинираат во друг град, а не каде што живеат системот Мој Термин направи анализа и ја увиде следната состојба:  Граѓаните при закажување на веб страницата  vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат, поради тоа системот автоматски им испратил порака за локацијата, односно вакциналниот пункт и градот, што сами го одбрале.Министерството за здравство ги информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат денеска,  во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град. Не е потребно повторно да се пријават ниту на vakcinacija.mk ниту кај својот матичен лекар, доволно е кога ќе дојдат на вакциналниот пункт да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација.Ова важи за сите граѓани кои и денеска или во наредните денови ќе се соочат со овој проблем.Ви приложуваме пример – Лицето добило порака дека,  треба да се вакцинира во Струга, а место на живеење му е во Скопје. Денеска може да оди на кој било вакцинален пункт во Скопје но задолжително да ја прикаже пораката што ја добил за вакцинација. Доколку доказот дека има термин е валиден, лицето ќе се вакцинира, веднаш. Освен салите за масовна вакцинација во Скопје, Куманово, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Битола, вакциналните пунктови работат и во здравствените установи во Струмица, Прилеп, Гостивар, Кичево, Струга, Велес, Кочани, Дебар и Гевгелија.Министерството за здравство апелира до граѓаните да го почитуваат терминот, односно времето кое го добиле за вакцинација, како не би се создавал метеж на вакциналните пунктови.Апелираме до граѓаните да се пријавуваат за вакцинирање на веб страницата vakcinacija.mk  тоа е најлесниот и најбрзиот начин за да се вакцинирате.

Македонија | пред 5 години

Nordwind-2

Нордвинд Ерлајнс отвора редовна авио линија Скопје-Москва

Nordwind Airlines, една од најголемите руски авиокомпании, ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, од 21-ви мај 2021 година, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу двата главни града, најавува ТАВ Македонија.Во рамки на летниот распоред на летање, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје.Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.„Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини“, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е Меѓународниот Аеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор.Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите на веб-страницата на Нордвинд: https://nordwindairlines.ru/ruОд Нордвинд објаснуваат дека сите нивни патници можат да користат дополнителни услуги за удобен лет, како што се избор на седиште во авионот, избор на оброк, земање дополнителен багаж, нова услуга – дополнително место во близина, како и други услуги преку Интернет.ТАВ Македонија

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања