Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Бачев се поклони на гробот на Гоце Делчев: Нема да дозволиме Гоце повторно да биде предаден како што беше предаден за време на животот

По повод 118 години од смртта на Гоце Делчев, делегација на Единствена Македонија во состав Јанко Бачев престедател на партијата, Ацо Николовски генерален секретар и Вангел Симев член на Извршниот комитет, положи цвеќе на неговиот гроб во Црквата „Св. Спас“.По тој повод, претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:-„Денеска дојдовме да положиме цвеќе на македонскиот херој Гоце Делчев, идеолог, водач, организатор, со еден збор срцето на македонското национално народно-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.На денешен ден Гоце Делчев, храбро го положи животот за слободна и независна Македонија. Сите ние имаме обврска да го продолжиме идеалот на Гоце Делчев за слободна и независна Македонија, дотолку повеќе што, денес државата ни е окупирана од надворешни и внатрешни непријатели, од марионетска власт која по налог на „ѕверот“ брише се што е македонско. Затоа, обврската наша како Македонци, на оваа генерација Македонци е многу голема.Не му било лесно и на Гоце Делчев. Тој бил учител. Можел да си биде само учител да не биде револуционер, да не оди во планините, да си седи дома. Меѓутоа, ако беше така ќе ја немаше Македонија.Затоа, за сите нас инспиративно е неговото дело, инспиративна е неговата жртва која ја даде за слободна и независна Македонија.Ние во Единствена Макеоднија ветуваме, се заветуваме дека никогаш нема да ги предадеме идеалите за Гоце Делчев.Гоце Делче еднаш беше предаден за времне на животот. Ние во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта, дотолку повеќе што, денеска марионетската власт во Скопје сака да го подари на туѓа држава. Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец.Да ни е вечен споменот на Гоце Делчев!Да ни е вечна македонската држава!

Македонија | пред 5 години

dik-1

Обвинение против Дерковски и уште четири лица за набавката на софтверот за изборите

По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Обвинетите се товарат дека кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 став 5 од Кривичниот законик го сториле при две јавни набавки со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за 1 312 409,00 денари.Имено, И.Ќ., А.А. и А.Ш. вработени во ДИК, како членови на Комисијата за јавни набавки, во периодот од февруари до септември 2020 година неизвршувајќи ги своите службени должности при спроведување на постапката за јавна набавка на софтверот за изборите, не го почитувале минималниот законски рок за поднесување понуди, не утврдиле дека економскиот оператор ДУНА ДОО Скопје не ги исполнува условите за учество во постапката и притоа не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди, туку понудата ја оцениле како прифатлива и доделиле максимален број на бодови. Врз основа на Извештајот од спроведена постапка, првообвинетиот О.Д. како претседател на ДИК без да изврши контрола на постапката за евалуација на понудите, донел одлука за избор на најповолен понудувач. Откако постапката била поништена, првообвинетиот спротивно на мислењето на Бирото за јавни набавки, донел одлука за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас и притоа по негови насоки биле намалени критериумите за вреднување на економските оператори во делот на квалитет. Покани за поднесување понуди за Набавка на нови и надградба на постојните софтверски решенија во ДИК биле испратени до два економски оператори и во повторената постапка повторно како најповолен понудувач бил избран економскиот оператор ДУНА ДОО со кој првообвинетиот потпишал Договор за јавна набавка. Иако бил должен пред да го потпише Договорот и пред да го имплементира софтверот да обезбеди негово тестирање заради утврдување дали истиот ги исполнува бараните услови, тој не го сторил тоа и дозволил истиот да се пушти во употреба без спроведено тестирањето и без направен квалитативен и квантитативен прием на услугата од Договорот. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор на износ од 899.999,00 денари.Во постапката за Набавка на телевизори што ќе овозможат приказ на резултати од избори во надворешни услови, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка било во консултации со учесник во постапката обвинетиот И.В. Покани биле испратени до 5 економски оператори на контакт адреси што не биле регистрирани во Бирото за јавни набавки, а единствениот понудувач бил економскиот оператор ТАРДИС ДООЕЛ Скопје. Обвинетиот А.Ш. како претседател на Комисијата за јавни набавки, спротивно на правилата, иако знаел и бил свесен дека обвинетиот И.В. како овластено лице на единствениот понудувач е изготвувач на техничката спецификација, ја евалуирал понудата и во Извештајот за спроведена постапка, без да присуство на членовите на комисијата, дал предлог понудата да биде избрана за најповолна понуда. Обвинетиот О.Д. го прифатил предлогот и донел Одлука за избор на најповолен понудувач за предметната набавка. На ваков начин за економскиот оператор била прибавена корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор на износ од 412.410,00 денари со вклучен ДДВ.​ фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Vladimir-Neloski-04.05

Нелоски: Шилегов платил над 1.7 милиони евра за противпожарно возило со скала, додека за истото возило во Загреб е набавено за двојно пониска цена

Шилегов е фатен со рацете во медот. Петре Шилегов со народни пари платил 1.7 милиони евра за противпожарно возило со скала на фирма од Будимпешта, во оваа зделка е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје. Шилегов плаќа, а зетот на неговиот најблизок соработник става во џеб. Ова е договорот помеѓу Град Скопје и фирмата „Хороскоп КФТ“ од Будимпешта, вреден 1.723.621 евра, истакна Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет.Некослки додаде:Противпожарното возило со скала произведено од истиот производител како тоа купено од Град Скопје, истото возило Град Загреб го платил по повеќе од двојно пониска цена, односно 794.052 евра плус ДДВ.Ова се слики од возилото од Загреб.Како е возможно исто противпожарно возило со скала во Скопје да чини повеќе од двојно од тоа во Загреб? Дали скоро милион евра разлика завршила во нечиј џеб и во каква поврзаност има Петре Шилегов со тоа?Со 1.723.621 евра колку што чини набавката за противпожарното возило со скала купено од Шилегов во Загреб ќе купеле две такви возила. Фирмата која би го набавила сигурно би остварила профит, но немало да постои разликата во цени од скоро еден милион евра. Залудни се обидите на Шилегов да се правда дека возилото кое тој го набавил има дополнителна опрема и затоа е поскапо. Возилото кое Шилегов го набавил е платено двојно повеќе од тоа во Загреб. Ова е срамота, ова е аздисаност за жал на сметка на скопјани. Петре Шилегов мора веднаш да одговори зошто платил повеќе од двојно за набавка на противпожарно возило со скала, и практично од парите на скопјани се ставени скоро еден милион евра во нечиј џеб?!ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај за набавката на противпожарното возило со скала, и да се истражи каде завршиле скоро еден милион евра разлика во цена.Скопје заслужува да биде европски град, Скопје ќе биде европски град, наскоро Петре Шилегов заминува, а потоа ќе има одговорност за се. фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-4

(ФОТО) Стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид

Денеска официјално стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Вакцинирањето се одвива непречено и организирано согласно протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.Во текот на вчерашниот ден пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Регионалниот центар во Охрид е надлежен за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.Општина Охрид во координација со ЈП "Билјанини Извори" и надлежните од Министерството за здравство обезбеди просторни услови и беше вклучена во логистичка поддршка во делот на опремување. Исто така 36 вработени од локалната самоуправа се ангажирани во редарската служба на центарот и во делот на функционирањето на системот за евиденција.Регионалниот центар за имунизација во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Бладарение на општествено одговорни компании, центарот беше опремен со 14 паравани, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните.За останатите надлежности околу спроведување на имунизацијата, ангажирање на волонтери, за целиот процес и протокол за организација на вакцинацијата надлежно е Министерството за здравство. Сите поединци кои се дел од процесот на имунизација се соодветно обучени и имаат поминато процес на симулација на вакцинација.Според информациите од министерството, во моментот во Центарот за вакцинација во Охрид ангажирани се доволно лица за непречено одвивање на процесот и доколку се утврди зголемена потреба, според соодветен план и динамика можно е да бидат вклучени и дополнителни обучени лица.Општина Охрид упатува апел до сите граѓани да се регистрираат во системот и навремено да резервираат термин за вакцинација. Вакцинацијата е единствениот начин за надминување на здравствената криза предизвикана од светската пандемија со Ковид 19.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

drimski

(ВИДЕО) Утре прослава на денот на реката Дрим - да ја подигнеме свеста кај локалното население и јавноста за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем

Секоја година на 06.05 се прославува денот на реката Дрим во сите под-сливови на проширениот прекуграничен басен под покровителство на Drin Corda и Drin Core Group.Главна цел на одбележувањето на денот на реката Дрим е подигнување на свеста кај локалното население и пошироката јавност за значењето на Дримскиот басен и неговиот екосистем, потребата за негова заштита и постојано одржување, како и придобивките кои ги има локалното население од неговото нормално функционирање.Оваа година здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид во соработка со Центар за одржлив развој на заедницата, ОУ Ванчо Николески с.Лескоец и ОУ Дебрца Општина Дебрца, ја организира прославата на денот на реката Дрим на 05.05.2021 година.Во склоп на активностите е изработена брошура насловена „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“, поставена е изложба „10 ГОДИНИ ЗАЕДНО ЗА РЕКАТА ДРИМ“ во Stevee's Coffee House ( Hotel Royal View) која исто така е достапна виртуелно изработени се пет кратки видеа :Изворот на реката Црн Дрим :Река Сатеска:Река Коселска:Од Струга до селото Ташмаруништа:Езеро Глобочица и Дебарско Езеро:Исто се оддржа и онлајн едукативна средба во која беа вклучени учениците од ОУ Ванчо Николески с.Лескоец, ОУ Дебрца Општина Дебрца, како и учениците од Гимназијата С.О.У 28 Ноември од Дебар.Во согласност со препораките на Владата и Светска здравствена организација, одбележувањето на денот на Дрим ќе ги почитува сите мерки кои се предвидени за организирање на вакви настани. Овогодинешната прослава премиерно ќе биде прикажана преку видео кое ќе биде поставено на соодветна платформа.извор: Здружение за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид

Македонија | пред 5 години

thumbs_b_c_4fb7ae4b44fb8c1d641c62cb0752ad90

Граѓаните покрај замрзнат глушец во храна пронашле и стакло, шајка, парче од хируршка ракавица - од каде се увезуваме храна?

Компири се увезуваат од Хрватска, Србија, Косово, Австрија, Босна и Херцеговина, Франција и Грција, домати од Албанија, Грција, Турција, Италија, но и од Белорусија. Лук доаѓа од Кина, праз, краставици и корнишони од Албанија, но и од Грција и Србија. Сушен зеленчук, цел или сечен на парчиња, на македонскиот пазар е дури од Индија и од Кина. Грав има од Киргистан, Молдавија, Египет, а леќа од Канада и од Русија. На домашните пазари се наоѓаат и увозни јагоди од Албанија и Грција, а помали количини од Холандија и Белгија. Свежи сливи доаѓаат и од Србија, Јужна Африка, Бугарија, Босна и Херцеговина, но и од Шпанија, Чиле, Албанија, Грција, Италија, Јужна Африка и малку од Бразил. Се увезуваат и праски од Грција и Русија, а најмногу дуњи од Грција и Турција, како и круши, јаболка, лубеници, трпезно грозје, риба свежа и замрзната, замрзнати производи, речиси сите видови месо и преработки, млечни производи, па дури и замрзнати пекарски производи, објави Слободен печат. Огромен е списокот на увезена храна што преку трговијата се пласира до македонските потрошувачи, а колку е подолг синџирот на храна, толку е поголем ризикот од нејзино загадување. Последниот случај со пронајдениот глодар во замрзнат зеленчук, не е ни прв, а ни последен. Евиденцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство покажува пронајдени парчиња стакло, шајка, делови од хируршки ракавици, но и мувла, производи со поминат рок на траење…– Во Базата на податоци на Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ до крајот на март се евидентирани вкупно 98 граѓански претставки. Според наводите, за присуство на контаминенти се евидентирани вкупно 9 претставки. Од нив, две се однесуваат за пронајдено парче пластика во производ, а по една претставка е поднесена за наводно присуство на парче стакло, шајка и парче од хируршка ракавица во храна. Останатите претставки се однесуваат за присуство на мувла во производите – велат за „Слободен печат“ од Агенцијата за храна и ветеринарство.Текстот во целост на: Слободен печат. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Сајкоски: Немам прочитано дека Гоце Делчев нешто направил за бугарската држава, тој умре за самостојна и независна Македонија

Денеска, како делегација на ВМРО-ДПМНЕ се поклонивме на гробот на еден од најголемите великани и борци за македонска независна и самостојна држава. Се поклонивме пред човекот кој што беше визионер и човекот кој што уште во 19-ти, 20-ти век размислуваше за автономија и за самостојна македонска држава. Ние знаеме дека Гоце Делчев беше човекот со луѓето од револуционерната организација, македонската револуционерна организација кој што во секој македонски дом направи револуционерно огниште. И од тогаш започна единството, од тогаш започна борбата и резултатите дури сега се видливи дека ние имаме самостојна независна држава во овие изминати триесет години, истакна Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Во однос на прашањето со Бугарија, и во однос на она за Гоце, од она што го имаме прочитано и што знаеме и анализираме во однос на Гоце Делчев, ние гледаме дека Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија. Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава. Бидејќи за некој да биде револуционер на некоја држава требал да се борел и да загинел за таа држава. Гоце Делчев загинал за самостојна и автономна Македонија, додаде Сајкоски.На прашањето каде го гледаат решението за спорот со Бугарија, Сајкоски истакна:- Во однос на спорот мислам дека треба да се вразумат властите во Бугарија, во моментов е потребно сите да бидеме дел од ЕУ. И нашите заложби и гледишта се да бидеме дел од ЕУ. Во однос на спорот со Бугарија и она што тие го бараат можат да си слават револуционери што направиле нешто и за бугарската држава и за македонската држава. Меѓутоа Гоце Делчев јас немам видено дека нешто направил за бугарската држава, за да можат и тие да го слават.Прашање: Има ли оптимизам за спорот, да речеме Бугарија е моментално без Влада, дали е можно да дојде за скоро до решавање на спорот без Влада? Гледаме таму дека ќе има избори наесен. Мислите ли дека може да дојде до решение?Ѓорѓија Сајкоски: Па, мислам дека властите во Македонија многупати не излажаа во однос на влез во ЕУ, и она што ние сега го имаме како информација и од она што се преговара од страна на македонската и бугарската страна немаме детали за преговорите, ни некој не извести за она што тие преговараат и што сакаат да договорат.Она ние што порачуваме е дека заеднички мора сите да влеземе во ЕУ и да бидеме дел од европското семејство. Но и вразумување од страна на Бугарија, меѓутоа и ангажман на македонските власти. За да бидеме дел од европското семејство треба да ги подобриме и законите, меѓутоа и да направиме се што се однесува на регулатива, што се однесува на безбедност, што се однесува на криминал и корупција и на таков начин најбрзо можеме да стигнеме до европското семејство.

Македонија | пред 5 години

Summerland-1

Шилегов до ДКСК - Проверете ги наводните нерегуларности при набавката на противпожарната скала за хероите на градот

Градоначалникот Шилегов денеска се обрати до Државната комисија за спречување на корупцијата со барање за испитување на наводните сомнежи за постоење корупција и судир на интереси при реализација на набавката на специјализираното возило - противпожарна скала, која претставува единствена опрема од ваков тип на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку својот фејсбук профил ширеше невистинити информации за начинот и висината на цената на набавката на противпожарната скала, профил кој беше посочен од страна на ЕУ како извор на лажни вести.- Со цел спречување на ширењето лажни вести и дезинформирање на јавноста, побаравме од ДКСК, преку своите механизми, да спроведе постапка за утврдување на наводните нерегуларности и на тој начин да ги информираме граѓаните на Скопје за уредноста на постапката при набавката на ваквата противпожарна скала - истакна градоначалникот Шилегов.За потсетување, ова е прв пат Бригадата за противпожарна заштита во Скопје да набави ваква софистицирана опрема со која можат да интервенираат на објекти кои имаат повеќе од 5 ката, нешто што досега беше невозможно поради немање соодветна опрема. По 27 години, оваа градска администрација инвестира во опремата за хероите на Градот, а и во безбедноста на сите граѓани на Скопје.Станува збор за набавка спроведена низ високо транспарентна постапка на меѓународен тендер кој траеше 6 месеци и чија вредност изнесување 1,7 милиони евра со ДДВ.извор: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 67 и 69 денари за литар.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар на 59 односно 58,5 денари за литар.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 денари и сега ќе изнесува 34,443 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Vasev

(Видео) Васев: Голема е нервозата кај Мицкоски, не успева да ги одбрани криминалците

Според Стефан Васев од СДСМ, единствената задача на Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ е по секоја цена да се обидуваат да го бранат криминалот.„Нема криминалец кој Мицкоски не се обидува да го одбрани од правдата и законите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад осудените насилници од крвавиот четврток кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски застанаа зад криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков. Целата јавност слушна снимка каде се докажува соработката на Мицкоски со Зоран Милески Кичеец, а денес оваа партија глуми загриженост за правдата и конструира непостоечки случаи“, истакна Васев.Васев смета дека е голема нервозата кај Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што како што рече, никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, и не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта.Затоа, додава Васев, секојдневно шират лажни вести и дезинформации, затоа поддржуваат протести на кои се бранат криминалци и насилници.Според него, токму заради ваквото однесување граѓаните шест пати го казнуваат Мицкоски на избори и ќе продолжат да го казнуваат затоа што тој е на браникот на криминалот наместо на страната на граѓаните и државата. видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-1-1

Малолетник тешко повреден откако во него удрил автомобил

Малолетник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил. Според информации од Министерството за внатрешни работи, вчера во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје, „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрил во малолетен пешак од Скопје.Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Надлежните информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

crvenkovski11-696x462

Јоци: БЦ ќе формирал партија⁉️ Хехехе... Он толку е мрзлив, да тешко дека ќе води партии на 60 години

БЦ ќе формирал партија⁉️ Хехехе... Он толку е мрзлив, да тешко дека ќе води партии на 60 години.Но, дека ќе состават листи за локални со Софка на чело во Скопје, нешто за кое се зборува одамна, за да поделат гласови на СДСМ во гл.град, тоа е веќе поверно, хехехе...., напиша на својот ФБ новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:Есапов е ваков - бранковите куклички ќе земат некои гласови на СДСМ (околу два советника) Апасиев на вмровци (исто два советника). И во двата случаи станува збор за опозиција.Папазјанија, секако.Не може да се предвиди кој ќе има мнозинство во Совет на Скопје, а кој ќе биде градоначалник.Не значи дека гласачите на БЦ и оние на Апасиев за листи ќе заокружат и за кандидатот за градоначалник на вмровци. А, можеби и ќе гласаат...но, во никој случај партиите не си ги носат гласовите во џепче.Ќе треба БЦ кукличките од листа да повикаат да се гласа за вмровскиот кандидат. Таа функција е трофејот.Баш ме интересира како сево ова ќе се изигра и ќе заврши.извор: ФБ Јорданка Ивановски Јоци

Македонија | пред 5 години

vakcini3

Денесовски: Нотрона глупост е да испратиш дете од 14 години, да биде Волонтер во вакцинален пункт, каде дневно се вакцинираат од 1200 до 1500 граѓани

По информацијата која ја пренесе ОО на Црвен крст Охрид, дека утрово нивна екипа била грубо избркана од вакциналниот центар, реакција и од споменатиот Сашо Денесковски.Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:„Почитувани граѓани,Со жалост мормам да изнесам неколку непобитни факти,во врска со манипулциите изнесени од „Црвен Крст“ Охрид ,предовден од криминалецот ,лажниот Лекар Сашо Точков на социјалната мрежа Фејсбук.1.Рано изутрина во 8 часот пред влезот на Регионален вакцинален пункт во Охрид ,една вработена во „Црвен Крст“Охрид ,доведе едно дете на возраст од 14 години, да бил волонтер во вакционалниот пункт во Охрид?!На почитуваната гопсоѓа од Црвен Крст Охрид и објаснав , дека нема никаков ангажман на Црвен Крст Охрид во регионалниот вакцинален пункт во Охрид и дека доколку биле како НВО заинтересирани да испратат волонтери, тоа требело да го направат преку обраќање до Општина Охрид, поточно до градоначалникот на Охрид Константин Георгиески на самиот почеток на припреми за опремување на вакционалниот пункт.Непобитен факт е оној дека Црвен Крст Охрид од првиот ден на припремање на Регионалниот вакцинален пункт во Охрид, воопшто не изразија ниту желба, а ниту спремност да бидат вклучени.2.Ноторна лага на клептоманот Сашо Точков е и онаа дека биле повикани од страба на директорката на Здравствен Дом Охрид, такво нешто воопшто нема, како што и нотрона глупост е да испратиш дете од 14 години, да биде Волонтер во вакцинален пункт, каде дневно се вакцинираат од 1200 до 1500 граѓани…3.Но да дообјаснам. Здуржение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид на повик на градоначланикот на Општина Охрид, за 48 часа изврши целосно опремување на Регионалниот вакцинален пункт во Охрид, во што се вложија 1.200.000 денари од здружението, додека влогот на Општина Охрид, Министерството за здравство на РСМ и други државни институции изнесува НУЛА (0)ДЕНАРИ. За разлика од СОС БАлкан Медиа, Црвен Крст Охрид за своите волонтери побара фантастични 1.400,000,оо денари, таа е онаа вистина која го боли премногу Сашо Точков, кој лечи лични фрустрации, зошто сакал да се слика Црвен Крст, аплицирал на проекти, им требело пари?! Тоа е сјајот и бедата на Црвен Крст Охрид ….,на тој начин ,ниту можат да помогант во процесот на масовна имунизација на населението…Додека Сашо Точков и неговите волонтерчина уживаат во своите криминални дејствија, некој вложи 14 денови и ноќи ,да биде Вакцинлниот пункт во Охрид .Кај мене помина УЈП со 4 месечна контрола на севкупно работење, се е чисто, се докажа со записници од УЈП дека сме добротвори, ајде нека влезат во Црвен Крст институциите на системот ,имаат дебел криминал да пронајдат.П.С.Сашо Точков СОС Балканмедиа, не го направи само регионалниот вакцинален пункт во Охрид, ние го направивме и регионалниот вакцинален пункт во Битола!Ти Точков што направи???Сашо Денесовски

Македонија | пред 5 години

04052021_VRSM_delegacija_GoceDelchev-5

Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.Фото: Влада 

Македонија | пред 5 години

danilovski

д-р Даниловски: За да стивне епидемијата кај нас би требало кај нас 75 до 80 отсто да бидат имуни, дали природно или со вакцина

Ако полека се тегнеме со вакцинирањето со тоа му се дава шанса на вирусот да и избега на вакцината, да мутира. Да најде начин преку мутирање и создавање на нови соеви да стане отворен на антителата што ги создава вакцината, но и на природниот имунитет. И тогаш ќе се соочиме со еден ужас без крај, – вели д-р Драган Даниловски.Според него за да се стави крај на пандемијата мора дури 85 отсто од населението да биде имуно на вирусот.– Некои проценки велат дека сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало кај нас 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини – вели за Алфа професорот Драган Даниловски. 

Македонија | пред 5 години

181450292_2832779076988097_5167046376771703914_n

Црвен крст Охрид: Иако бевме повикани да помагаме, денеска бевме грубо избркани од вакциналниот центар

Со жалење и неверување Ве известуваме дека денес, 04.05.2021 г., во 8 ч. екипата на Црвен крст Охрид која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид беше повикана да помага во процесот на масовна вакцинација во спортската сала Билјанини извори, беше грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, т.н. координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид, се вели во реакцијата од ОО Црвен крст Охрид.Во продолжение на истата од Црвен крст додаваат:За жал и овој пат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуватавакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19.Нашите волонтери остануваат подготвени, доколку има потреба да продолжат во помагање иолеснување на процесот на вакцинација против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид во Општата болница Охрид, велат од ОО на Црвениот крст.Министерот за здравство, Венко Филипче, за А1ОН вели дека Денесоски не е координатор поставен од Министерството за здравство, туку лицето Сања Саздовска. Сашо Денесоски, пак, вели дека тој е ангажиран од Министерство за здравство и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски.Денесоски вели дека опремувањето на вакциналниот пункт чинело 800 илјади евра, а се било платено до него, односно „СОС Балкан медиа“.„Општина Охрид има 0 денари трошок, Министерство за здравство 0 денари трошок, Здравствен дом 0 денари трошок, Општа болница 0 денари трошок. Се што гледате е од ‘СОС Балкан медиа’“, додава Денесоски.  

Македонија | пред 5 години

w_56674011

ИЈЗ: Намалување од 39,7% на нови случаи и намалување од 20,9% на починати

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија во однос на претходната недела.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 лица, што е намалување од 17,6% во однос на минатата недела.Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.По добиени два негативни теста за присуство на вирусот или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto

Делегација од Кабинетот на Претседателот положи цвеќе по повод 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 118-годишнината од неговата смрт.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 5 години

policiski-cas-policaec-skopje-7

53 лица го прекршиле полицискиот час, а 384 лица се казнети за неносење маска

Од 21.00 часот (03.05.2021) до 05.00 часот (04.05.2021) констатирано е дека 53 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (03/04.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 384 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

goce-delcev

Сто и осумнаесет години од загинувањето на Гоце Делчев

Во државава денеска се одбележуваат 118 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-sala

Започна масовната вакцинација во Охрид

Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утрово започна масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.Првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм" пристигна вчера.Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните.„Упатувам посебна благодарност до вработените во Локалната самоуправа кои ќе бидат ангажирани во редарската служба и ќе бидат задолжени за логистичка поддршка на компјутерскиот центар, како и до сите здравствени работници кои ќе работат во центарот“, истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој од рано утрово е во центарот за вакцинација.

Македонија | пред 5 години

protivpozarno-vozilo-1

Јоци до Шилегов: Доста се расправаш со вмровци, уште утре на јавен увид да ја доставиш целата документација

Онаа несреќана Шилегов, што цел ден се расправа со вмровци со речник како да е на бувљак за црви за риболов, и тоа се расправа околу противпожарната скала која ја платил 1,7 МИЛИОНИ ЕВРА, ќе му ја доставувал документацијата на Мицкоски⁉️Молам?Ти, несреќо, прекини да се обраќаш на еден човек во јавна комуникација, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Иваносвска Јоци.Јоци во објавата додава:ℹ Ти да си ја доставиш уште утре на јавен увид цела документација со спецификација на цел народ во земјава, што ти плаќаме даноци и покачени сметки за зеленило и ѓубрарина за ти да си играш по фејсбуци како мало дете! Уште утре да објавиш сите документи за да видиме што точно си купил и дали некој крадел на тендерот!Груевски и Јанкуловска набавија топ-ган ,,мерцедес" за 600.000 евра и беа осудени, ако си заборавил.А, ти околу камиончево со скалава (три пати поскапо) цел ден се quрчиш како градска каса да е на баба ти. извор: ФБ Јорданка Ивановска Јоци

Македонија | пред 5 години

protivpozarno-vozilo

Мицкоски до Шилегов: Град Загреб платил двојно пониска цена за противпожарно возило со скала од Град Скопје

Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене? Затоа што е фатен 100:0 со рацете во медот. На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите.Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? ..., хммм , напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата на ФБ додава:Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3). Се прашувате која е разликата?Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 € (https://ted.europa.eu/udl... ), но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€.Ќе биде градот убав, нашето Скопје европско, ама прво ќе го ослободиме од нашиот сегашен и уште за кратко градоначалник Петре Шилегов, а потоа ќе го направиме вистинска европска метропола.Крајот Ви се ближи, криминалците ќе одговараат за секоја кражба и секое расфрлање со народни пари.извор: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

galicnik-121

(ВИДЕО) Се утврдуваат причините за пожарот над Галичник

Полициска екипа врши увид и ги утврдува причините за пожарот кој избувна вчера над Галичник. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов го посети местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.Костиќ соопшти дека пожарот е целосно изгаснат и им се заблагодари на сите кои учествуваа во гаснењето.Пожарот изби над хотелот „Неда“ во Галичник, а зафатена беше борова шума.Поради непристапниот терен и засилениот ветар, пожарот претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.видео: ЦУК

Македонија | пред 5 години

branko-i-zaev

Што се случува во СДСМ - формира ли Бранко Црвенковски партија пред локалните избори?

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври.Засега од СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат за такво нешто, а гласноговорникот Богданка Кузеска денеска единствено рече дека во земјата секој е слободен да се натпреварува со своја политичка понуда, објави Фактор.Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе формира партија заедно со незадоволните од СДСМ. Гласините се засилија откако веќе се појавија независни листи во неколку општини.извор: Фактор.Фото: Republika English 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања