Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

reket-audio

ВМРО ДПМНЕ: Дали притворот на Камчев е за да не се дознае каде завршиле пароте од Рекетот кои треба да се бараат кај Зоран и Вице Заев?

Прво осудениот во Рекет Бојан Јовановски јавно посочи дека милионот на Камчев од изнудениот рекет треба да се бара кај Зоран и Вице Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Го апси ли Заев Камчев за да не пропее за Рекет?! Дали Заев се плаши дека Камчев ќе каже каде завршиле парите од Рекет?!Се плаши ли Заев дека ќе се потврди сведочењето на Бојам Јовановски - Боки 13, дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви?!Прикрива ли Заев траги со апсењето на Камчев и кој е планот на врвот на власта за забошотување на криминалите во своите редови?Дали откако беа фатени во обид за лапање провизија од вакцините, мора и да дефокусираат јавност?!Времето е се пократко. Заев ќе мора да одговори. Без разлика колку заплашува и шиканира. Каде се парите од Рекет?!Врвот на октоподот е Зоран Заев, а вистината ќе излезе на виделина. Колку и да се обидуваат да сокријат, бегање од правдата нема да има.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

771AE333-1DD3-45AA-923C-4A1545DFBF2F

Груби: Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини

Првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 окри дека му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини, а таков пример е вели и денешниот каде луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини.„Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има“, порача Груби.Груби посочи дека денес разговарал со министерот за здравство Венко Филипче и го известил дека на почетокот на месец април, ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот и 200.000 од Кина во наредните денови.„Со Фајзер сме во постојана комуникација, во процедура сме и со Спутник, има директни контакти, правиме напори да ги обезбедиме што поскоро вакцините. Комуникацијата оди преку Филипче и премиерот Зоран Заев. Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има“, изјави Груби вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

Македонија | пред 5 години

grubi

Албанци ќе се вработат во единицата “Тигри”, Груби тврди дека Заев му ветил

Вицепремиерот Артан Груби вели дека неговото присуство на 40-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е добар знак за напредок. Како што порачува тој, време е за помирување.-Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажуваме дека државата е заедничка на сите што живееме тука – изјави Груби на ТВ 21.

Скопје | пред 5 години

47-Sednica-Sovet

Заврши педесет и седмата седница на советот на Општина Охрид

Советниците на денешната педесет и седма седница ги усвоија предлог одлуките за донесување детален урбанистички план во УЗ 8, УБ 8.3, општина ОХРИД, плански период 2016-2026, за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022 година, за усвојување на Извештајот за работата на Територијалната противпожарна единица–Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година, за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација за 2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година за периодот од 01.01.2020 – 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на програма за детска заштита за 2020 година, за период од 01.01.2020-31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за социјална заштита за периодoт од 01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за 2019 – 2021 година за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за други комунални услуги за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Советниците на денешната седница ги прифатија и предлог одлуките за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување јавна чистота за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за енергетска ефикасност за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2020 година, за усвојување на Годишниот извештај и завршна сметка на буџетот на единицата на локалната самоуправа Општина Охрид за 2020 година и Извештајот за годишниот попис за 2020 година, за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07.2020 до 12.2020 година, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2019 година на ОУ„Христо Узунов“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Братство – единство“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Кoчо Рацин“ Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОМУ„Методи Патче“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУТУ„ Ванчо Питошески“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид, за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2019/2020 година, за усвојување на Финансискиот извештај и Годишниот извештај за работењето на ЈП ВОДОВОД Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година, за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2020година, за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Грaдски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 12.2020 година, за усвојување на Извештај од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар – Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020.По исцрпување на дневниот ред заврши педесет и седмата седница на советот на општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

15032021_PVRSM_Poseta_Luksemburg_3

Заев за работниот состанок во Европската инвестициска банка во Луксембург: ЕИБ е наш партнер и поддржувач на нашиот европски пат

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Северна Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан.Ова е заедничкиот заклучок од средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и со потпретседателката на банката Лилјана Павлова.ЕИБ е подготвена да ја прошири својата успешна соработка со Владата на Северна Македонија и понатаму да придонесе кон остварување на европските стандарди за конкурентност на македонската економија, да поддржи големи инфраструктурни проекти и транзиција кон позелен и поодржлив економски модел. До денеска, ЕИБ инвестираше близу 970 милиони евра во 29 проекти во Република Северна Македонија, поддржувајќи клучни сектори на економијата - инфраструктурата, енергијата, транспортот и малите и средните претпријатија.„Владата на Северна Македонија неодамна го одобри Зеленото сценарио за структурен развој на секторите за транспорт, енергија, животна средина и климатски промени. Имаме амбициозна агенда која ќе биде поддржана со значителни инвестиции, како придонес за иднината не само на Северна Македонија, туку и на Европа како целина. Ние веруваме дека Европската инвестициска банка може да биде наш клучен партнер во овој потфат и очекувам блиска и успешна соработка во следните години“, истакна премиерот Заев на средбата со првите луѓе на ЕИБ.На работниот состанок на владината делегација со ЕИБ беше нагласено дека традиционалното партнерство во претстојниот период со поддршка за спроведување на двата клучни проекти во моментов во Северна Македонија за кои земјата аплицираше на последниот повик за инвестициски грантови во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан - Пречистителната станица во Скопје и третата фаза од железничкото поврзување по Коридорот 8, источното крило кон Бугарија.„На претседателот Хојер му ја пренесов нашата заинтересираност за подобра соработка во спроведување на нашата инвестициска агенда презентирана преку Единствената листа на проекти, за што го поканивме ЕИБ да отвори свое претставништво во Северна Македонија. Сè на сè, одличен почеток на работната посета на Луксембург, со охрабрувањето што го добивме од врвот на банката за сите наши планови во пост-ковид периодот и за нашиот план за ре-старт на економијата и за враќање на развојните трендови кои Европската инвестициска банка ги препозна и ќе ги поддржи и во иднина“, изјави премиерот Заев.Претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер од своја страна рече дека приоритет на банката е да ја поддржи Северна Македонија што побрзо да се опорави од пандемијата КОВИД-19 и да напредува на својот пат за пристапување во ЕУ.„Подготвени сме да ја поддржиме транзицијата на земјата кон позелена, поинклузивна и поодржлива економија со финансирање и технички совети. Премиерот Заев и јас споделуваме европска визија и посветеност кон економски силен регион на Северна Македонија и Западен Балкан и сакаме да видиме поголеми придобивки за Северна Македонија од Економскиот инвестициски план на Европската Комисија. Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ја поздравува силната посветеност на премиерот Заев за поддршка на распространувањето на Зелената агенда и јас сум задоволен што гледам напредување на зелените инвестиции за Северна Македонија“, потенцираше претседателот на ЕИБ Хојер.Потпретседателката на ЕИБ, одговорна за Северна Македонија, Лилјана Павлова, додаде дека фокусот на Европската инвестициска банка во наредниот период е насочен кон можностите утврдени во Економскиот и инвестициски план како кон брзото закрепнување на КОВИД-19, создавање на посилен регионален пазар и подобра клима за инвестиции.Амбасадорот Дејвид Гир, кој како шеф на Делегацијата на ЕУ по повод одржувањето на состанокот, изјави дека Европската Унија и Владата на Северна Македонија градат партнерство кое се стреми кон повеќе и дека заеднички ги развиваат најдобрите решенија за промовирање на Зелената агенда, промовирање на поврзаност и зајакнување на трговијата во рамките на Заедничкиот регионален пазар при што Економскиот инвестициски план во овој контекст има клучна улога за нивна реализација.Како дел од целокупните напори на ЕУ во рамките на Тим Европа за ублажување на економскиот пад од пандемијата КОВИД-19, ЕИБ инвестираше 20 милиони евра за поддршка на македонските мали и средни претпријатија во 2020 година со што им овозможи на локалните компании пристап до нови извори на финансирање за надминување на ограничувањата на ликвидноста и за зачувување на работните места за време на пандемијата.На средбата во Луксембург на владината делегација со ЕИБ најавени се нови значителни финансиски средства за македонските мали и средни претпријатија во 2021 година.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Arsovski-15.03

Арсовски: Кои се луѓето за кои Заев лично ургирал да бидат пропуштени во време на полициски час и што превезувале во тие пет патнички возила

МВР цел ден молчи за петте патнички возила што поминале ноќеска на граничниот премин Деве Баир, во време на полициски час, кога преминот на граница е забранет за возила. Според службената белешка што ја објавија медиумите јасно се гледа дека во еден часот по полноќ поминале пет патнички возила и тоа по насока лично на Зоран Заев. Тука има неколку дилеми и одговори кои треба да ги даде Зоран Заев и Владата, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додава:Со кое право и ингиренции Заев лично се јавува да се пропуштат патнички возила на граница во време на полициски час? Кај кого интервенирал Заев и кој е тој службеник што ги прескокнал работните протоколи и го послушал премиерот кој не смее да издава вакви наредба, како што и не смее вработениот на граница да прима вакви наредби од премиер.Што превезувале тие пет патнички возила и кои се луѓето за кои Зоран Заев лично ургирал да бидат пропуштени ноќеска? Дали ова е уште еден потенцијален шверц, кој се обидува да го одмолчи и сокрие МВР?Заташкувањето на ваков случај е само потврда дека власта се обидува да сокрие нешто, а лично за тоа е одговорен Зоран Заев. Кршењето на законите не е ништо ново ниту за Заев, ниту пак за власта.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

urinira

(ВИДЕО) Тетовец уринира врз македонското знаме, па видеото го стави на социјалните мрежи

Ново скандалозно видео на социјалните мрежи . Корисник од Тетово уринира врз македонското знаме. Непочитувањето на државните симболи е кривично дело. Токму поради тоа корисниците на социјалните мрежи бараат да се пронајде сторителот и да одговара за делото. АБЕ ИМА ЛИ ЗАКОНИ БЕ?!, пишуваат корисниците на социјалните мрежи.Погледнете како почнаа во вистинска смисла на зборот:„Да ни се мочаат по знамето.”АБЕ ИМА ЛИ ЗАКОНИ БЕ?!Мечки да бевте немаше да спиете.https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1371213726435700739?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1371213726435700739%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fohrid24.mk%2F%3Fp%3D19409

Македонија | пред 5 години

policija-1

Непознати лица украле автомобил, по што се дале во бегство и пукале кон полицијата

Непознати лица украле автомобил во Гази Баба, по што се дале во бегство и пукале кон полицијата која ги следела.Сцената се одвивала вчера попладне, кога М.Т. пријавил во полицијата дека неговото возило е украдено. Полициски службеници го затекнале автомобилот во Маџари и почнале да го следат. Кога крадците ја забележале полицијата, го оставиле возилото и почнале да бегаат.„Тие не застанале на предупредување од полициските службеници, а едно од лицата испукало еден куршум кон нив, но не ги повредил. Исто така, полициски службеник испукал еден куршум во воздух“, велат од МВР.Возилото било вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Popis_2021

Левица: Бујар Османи и Апостол Симовски да објаснат за скандалот со веќе внесените матични броеви при попишување на дијаспората

Покрај скандалозното решение за споделување на лични податоци од страна на “блиски лица”, кое е спротивно на Европската конвенција за човекови права, очигледно Владата не може да ги заштити личните податоци ниту на иселените во дијаспората. Повеќе македонски иселеници реагираа дека при обидот за внесување на матичен број, добиле известување дека матичниот број веќе е внесен во апликацијата - иако прв пат се регистрирале, се вели во соопштението од Левица.Од левица во истото додаваат:Ова претставува сериозен пропуст, затоа што се работи за лични податоци чиј пристап е заштитен со закон и било каква злоупотреба на истите претставува кривично дело. Се поставува прашањето, дали поради слабиот одзив за попишување во дијаспората, Владата се обидува со фалсификување податоци вештачки да ја зголеми бројката на попишани лица?Фактот дека се работи за апликација која беше креирана преку донација од бугарска фирма, чиј претставник во Македонија е поранешна советничка на Кочо Анѓушев, уште повеќе ги зголемува сомнежите за политички договори околу пописот. Во самата методологија на пописот, меѓу другото, не постои дистинкција помеѓу резидентно и нерезидентно население, поради што се сомневаме дека власта ќе ги злоупотреби бројките на нерезидентното население за да прикаже поголема популација од реалната.Ова е уште еден непоколеблив показател дека Владата предводена од СДСМ со сите методи и злоупотреби се обидува политички да профитира од пописот и затоа Левица одбива да учествува во нелегитимен и нелегален попис, кој има за цел единствено да ги задоволи апетитите на владејачката коалиција, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosta

Општина Охрид го донесе првиот ДУП усогласен со Планот за управување со Охридскиот регион

Општина Охрид го донесе првиот ДУП усогласен со Планот за управување со Охридскиот регион.На денешната седница со 22 гласа „ЗА“ советот го изгласа ДУП-от кој се однесува на Урбана заедница 8, урбан блок 8.3 Бејбунар, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Овој план првично беше поништен во 2013 година но по препорака на градоначалникот Константин Георгиески истиот се преработи и усогласи согласно препораките на УНЕСКО. Во планот се намалија висините, искористеноста на просторот се сведе на 50% и Општина Охрид за истиот доби позитивно мислење од Комисијата за УНЕСКО и Министерство за транспорт и врски.Општина Охрид ќе ги усогласи сите Детално урбанистички планови согласно Планот за управување со УНЕСКО. Нашата крајна цел е Охрид да го зачува статусот на заштитено културно и природно наследство.Фото: Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

puter-4

На Дрисла уништени приближно 4.5 тони небезбеден путер

Денес на депонијата Дрисла уништени беа 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата Евро Млекара ДООЕЛ Скопје. Како што истакна во изјава за медиумите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар на АХВ, како дел од 20 тонски увоз на путер од страна на компанијата, за која со контролите е утврдено дека манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, со рокот на употреба, која путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање на храна од животинско потекло.Во приложената документација, со двонеделните контроли утврдено е дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури каде се наведувало дека производот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од раководните лица од млекарницата било потврдено дека не се дистрибуирани туку се складирани во магацинот на млекарницата. Операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје не е одобрен за солење на путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер. Увезениот свеж путер, мора да се продава како свеж и не смее да се замрзнува по складови и ладилници на – 18 степени Целзиусови изјави Бабовски.Контролите во комората за готов производ на млекарницата, објасни тој, започнале на почетокот на менесецов откако претходно била вратена од промет една канта солен путер од 5 килограми. Со контролата пронајдени биле уште 17 канти од по 5 килограми солен путер, сите без декларација.Донесено е решение со кое путерот е прогласен за небезбедна храна и на операторот му е наложено истите да ги уништи на јавна депонија,што е направено од нивна страна веднаш. Од спроведената контрола на следливоста на путерот првично е утврдено дека станува збор за увоз од Република Германија, но од декларациите констатирано е дека има различни датуми на призводство и различни датуми на рок на траење за ист лот, потенцира Бабовски и додаде дека со дополнителна контрола утврдена е манипулација со излезните фактури во кои било наведено дека се дистрибуираат канти со путер од 25 а не од по 5 килограми.Бабовски истакна дека поради ова од страна на официланиот ветеринар издадено е решение за ИТНО отповикување и повлекување на блоковите путер и наредено е веднаш да се стопира продажбата на путерот и истиот да се врати во млекарницата. За сторениот прекршок на операторот му се се изрече глоба од 1.500 евра во денарска противвредност согласно член 32 став (2) од Законот за безбедност на храна, односно поради немање на соодветна процедура за следливост. Висината на глобата е одмерена согласно Законот за прекршоците.На ден 11.03.2021 утврдено е дека доставената документација за увоз на путерот се разликува од првично доставената, односно дека путерот е увезен од Република Турција а не од Германија. Несовпаѓања утврдени се и во датумот на производоство и рокот на употреба на производот. Со манипулацијата со излезните фактури утврдено дека една од седумте излезни фактури е фиктивна, односно, количината наведена во него воопшто не е пласирана кај оператор со храна во Струга објасни тој.168 блока путер од по 25 килограми, според директорот за производство биле однесени во објект Тетово, а уште 5 блока со путер биле сместени во објект во Гостивар. При деталната контрола на фактурите, констатоирано е совпаѓање на килажата со вклупно увезената количнина од 20 000 килограми.На 13.03.2021 година овие колични путер вратени се во млекарницата на Евро Млекара ДООЕЛ Скопје при што при истоварот утврдено е дека на кутиите се гледа дека првичните декларации се одлепени и се ставени нови декларации кои не се комплетни, а со кои е продолжен рокот на употреба на путерот до 25.06.2021 година, а на една од кутиите залепен бил лист на кој пишува ,,ПУТЕР СУЛТАШ 23.10.20,,. Целокупната вратена количнина путер била во замрзната форма (замрзнат путер) а бидејќи надлежните од млекарницата не дале информација за тоа каде и како е замрзнат путерот, овие количини се поништени како небезбедни заклучи Бабовски.Контролите од страна на АХВ најави директорот на АХВ, продолжуваат и во текот на наредниот период на повеќе млечни производи од различни домашни и странски млекарници, што се продаваат на македонскиот пазар. АХВ ќе постапи неселективно и во рамките на своите надлежности кон сите што ги прекршиле законските одредби за продажба на производи.фото: АХВ

Македонија | пред 5 години

Promocija-na-Makedonski-turisticki-vodic-16

Битиќи и претседателката на ССК Арсовска ја претставија електронската платформа за туризам

Денес, во Владата на Република Северна Македонија, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, извршија презентација на новата електронска платформа „Македонски туристички водич“ (https://tourism.mk). Станува збор за иновативно, паметно и дигитално решение, кое на домашните и странски туристи им овозможува голем број на услуги, преку прегледи на угостителски и сместувачки капацитети, планирање на патувањата во нашата земја, но и кое дава предлози, кои се културни знаменитости може да се посетат за време на патувањето.Вицепремиерот Битиќи истакна дека овој потпроект, е еден од вкупно 57-те, во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е финансиран од страна на Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а со техничка поддршка од канцеларијата на Светска банка во Скопје.„Денес ја имаме честа да присуствуваме на промоцијата на завршениот потпроект „Информатички технологии за развој на туризмот“, што го спроведе Сојузот на стопански комори на Македонија. Висината на доделениот грант изнесуваше 5.094.750 денари, во кој учеството на корисникот на грантот изнесуваше 525.000 денари. Со новата веб ГИС апликација за развој на туризмот „Македонски туристички водич“, што претставува интеграција на просторни податоци релевантни за туризмот и овозможува корисниците да можат да пребаруваат разни категории и податоци за туризмот, ССК најде креативно решение, преку користење на иновативна технологија да помогне во процесот на мапирање и константно надградување на сите локации од туристичко-угостителската индустрија во државата. Со ова решение тие ќе бидат концентрирани на едно место“, посочи вицепремиерот Битиќи.Данела Арсовска, Претседателката на Сојузот на стопански комори, кои го реализираа потпроектот „Македонски туристички водич“, потсети дека туризмот е една од гранките кои се најпогодени од ковид кризата, а дека оваа платформа преку која може да се пристапи на сите начини од сите дигитални уреди, особено е значајна за домашните туристи, кои поради природата на пандемијата би можеле да бидат и оваа година најчести посетители на туристичките локации во Северна Македонија, но и за компаниите од туристичкиот сектор кои би можеле да ја искористат и преку неа да креираат пакет понуди за туристите.„Според статистичките податоци за изминатата година, како резултат на пандемијата, во периодот јануари - декември 2020 година, во однос на истиот период во 2019 година, бројот на туристите е намален за 60.5 %. Затоа, Сојузот на стопански комори на Македонија ги идентификува клучните предизвици за развој на туризмот и со воведување дигитални алатки за зголемување на квалитетот на туристичката понуда изготви платформа Македонски Туристички Водич. Платформата е практично и апликативно решение коешто се базира на географско-информацискиот систем (ГИС) и преку веб и мобилна апликација ќе ја зголеми видливоста на сите туристички и угостителски објекти на национално ниво, а едновремено ги мапира и останатите туристички атракции, како локациите на природните и културни наследства и музеите“, нагласи Арсовска.Според достапните податоци, платформата „Македонски туристички водич“, веќе е посетена повеќе од 300 илјади пати, а апликацијата за паметни уреди е исто така симната повеќе илјади пати, со што се покажува дека е исклучително корисна за сите кои сакаат да ги посетат туритичките локации во Република Северна Македонија и да се запознаат со културното и национално богатство на земјата.фото: Прес – ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

kaliopi

(ВИДЕО) Милица Тодоровиќ ја изненади Калиопи, под балоконт и ја запеа омилената песна

Македонската јавност, а и српската е добро запознаена со блиското пријателство на нашата Калиопи со српската пејачка Милица Тодоровиќ.Но, никој не очекуваше дека Милица ќе дојде во Скопје и ќе и направи големо изненадување на Калиопи.Имено таа дошла во Скопје, и веднаш отишла под балоконт на Калиопи и и ја запеала омилената песна.Калиопи овој момент го сподели на социјалната мрежа Инстаграм каде напиша:„Знаете дека јас секогаш го делам со вас и најмалот слатко „лудило“ во мојот свет … Но, таа е повеќе од тоа … Моето сакано суштество, мојата Милица, ми приреди вистинско изненадување … Тивко, без мое знаење , таа дојде во мојот град и како најголем трубадур ме покани на балконот со песна, која многу ја сакам и го врзува нашето пријателство … Каква радост, каков благослов. Те сакам девојче! Ти си единствена, убав подарок за овој свет …. Толку сум горда на тебе “…видео: Инстаграм Калиопи

Магазин | пред 5 години

nesreka-prvi-momenti

Сопственикот на „Дурмо Турс“: „По несреќата јас сум душевно скршен, трауматизиран“

Со директно испрашување на сопственикот на „Дурмо Турс“, кој е првообвинет во предметот „Ласкарци“ од страна на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година во атарот на скопското село Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени, објави Фокус. Прашан колку време го познава и од кога е вработен во „Дурмо турс“ возачот Маноил Трифуновски, кој е шестообвинет во овој случај, Белули одговори дека Трифуновски е дојден пред 10-тина години.– Истиот и тогаш и сега се сметаше меѓу најдобрите возачи со големо искуство, но, за денот на несреќата, дали имал некои семејни проблеми, или здравствени проблеми, тоа не ми било познато, но, по 13 февруари 2019 година, дознавме дека истиот Маноил Трифуновски боледува од шеќерна болест и прима инсулин, тоа при телефонски разговор ми го потврди истиот Маноил, кажа првообвинетиот.Прашан каде бил за време на случувањето на несреќата, Белули кажа дека тој ден со двајца пријатели од Гостивар, околу 13 часот, биле во Скопје, се задржале до 16 часот и потоа со негова кола се вратиле за Гостивар.Судењето за овој случај продолжува на 23 март 2021 година. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.Текстот во целост на: Фокус. 

Македонија | пред 5 години

garvanliev

(ВИДЕО) Гарванлиев се обрати до македонската публика: Ако повредив некого нека ми прости

Македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев преку видео се обрати до македонската јавност за да објасни зошто поседува бугарски пасош, но и зошто го промени видеоспотот по многуте реакции.-Јас сум музички амбасадор, а во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Немав апсолутно никаква намера да повредам некого. Сосема спротивното! Јас сум толку горд на овој проект кој не само што ме отелотворува мене, туку и мојата земја и култура – музичари и уметници во галеријата. Не се извинувам за тоа што сум јас. Никогаш нема – немав избор во тоа. Како и да е, ако повредив некого на кој било начин, од дното на моето срце … жал ми е, вели Гарванлиев.Видео: Васил Гарванлиев

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска починати 21 лице и нови 284 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино - 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија - по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.Регистрирани се 449 оздравени пациенти од:Скопје – 192, Прилеп – 38, Кавадарци – 36, Куманово – 20, Штип – 17, Струмица – 16, Велес и Богданци – по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола – по 14, Крива Паланка – 13, Неготино и Тетово – по 11, Кочани – 6, Свети Николе – 4, Кратово – 3, Делчево и Крушево – по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид - по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 1.258 тестови преку: ИЈЗ-273, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-0, Биотек-185, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина-244, лабораторија Лаор–0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 321, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0.Досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројката на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 49925, активни 5646Прилеп 6122, активни 804Куманово 5989, активни 395Тетово 5795, активни 364Гостивар 4073, активни 290Кавадарци 3872, активни 607Штип 3829, активни 179Велес 3757, активни 313Битола 3710, активни 292Охрид 3583, активни 469Струмица 2921, активни 211Струга 2520, активни 175Кочани 1971, активни 140Кичево 1827, активни 53Неготино 1597, активни 384Гевгелија 1492, активни 300Свети Николе 1149, активни 40Крива Паланка 962, активни 119Ресен 887, активни 92Дебар 805, активни 18Радовиш 780, активни 39Делчево 764, активни 46Берово 707, активни 62Пробиштип 589 43Виница 539, активни 22Валандово 409, активни 38Крушево 373, активни 109Богданци 345, активни 66Кратово 301, активни 24Демир Хисар 300, активни 40Демир Капија 286, активни 53Македонски Брод 260, активни 8Пехчево 196, активни 9Македонска Каменица 194, активни 2Дојран 101, активни 5фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bujar-osmani

МНР не е вклучено во комуникацијата со МНР на Кина за вакцините, туку процесот се одвива преку Министерството за здравство, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се иззема од аферата со набавката на кинеските вакцини – Тврди дека од него никој не побарал да исконтактира со кинеското МНР, а целиот процес за набавката се одвивал помеѓу Министерството за здравство и кинеската амбасада. Иако вообичаено е дипломатиите на две земји меѓусебно да контактираат кога е во прашање ваква важна набавка, се поставува дилемата зошто премиерот и министерот за здравство не го побарале тоа од првиот човек на МНР, кога и самите се пожалија дека две недели немале никаков одговор од кинезите. Наместо тој чекор, Власта одлучила да ја вклучи компанија од Хонг Конг која место нив, требала да преговара со Кина. Османи пак, избегна да одговори дали знае за која фирма се работи, објави Алфа. Во однос на кореспонденцијата со МНР на Кина, таа кореспонденција ја прави Министерството за здравство овде се разбира преку нашата амбасада во Кина меѓутоа МНР не е вклучено во таа комуникација со МНР на Кина директно, туку процесот се одвива преку Министерството за здравство – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.Текстот во целост на: Алфа. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бочварски: Распишан е нов јавен повик за реконструкција на 35 локални улици во 21 општина со вредност од околку 7 милиони евра

Министерството за транспорт и врски го објави вториот јавен повик за реконструкција на локални улици и патишта во рамки на проектот “Поврзување со локални патишта”. Со овој јавен повик опфатени се вкупно 35 локални улици во 21 општина и Град Скопје со вкупна должина од 35,5 километри и вредност од околу 7 милиони евра, истакна на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Во рамки на овој јавен повик опфатена е реконструкција на локални патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти, доставени до Министерството за транспорт и врски, а одобрени од Светска банка. Рокот за доставување на понуди е 8 Април 2021 година“Ова е еден од најзначајните проекти со вкупна вредност од 70 милиони евра што го реализираме преку Министерството за транспорт и врски, а кој се однесува на реконструкција и санација на локалните улици и патишта во општините во Република Северна Македонија. Во оваа втора фаза опфатени се локални улици и патишта во 21 општина и Градот Скопје, кои до Министерството за транспорт и врски доставија комплетна техничка документација. Тоа што сакам да потенцирам, пред извесен период ги склучивме договорите од првата фаза или тендер 1 во рамки на овој ист проект и кон крајот на овој месец започнуваме со реконструкција на 27 улици во 17 општини за што инвестираме 4,4 милиони евра.Министерот Бочварски потенцираше дека во двете фази заедно опфатени се вкупно 62 локални улици, или инвестиција од преку 11 милиони евра.“ Веќе работиме и на тендер 3 од овој проект, прибираме проекти од општините, заеднички работиме на нивно усогласување согласно правилата на Светска банка. Во однос на распределените средства веќе информиравме дека висината на распределните средства е различна за секоја општина и е утврдена согласно методологија воспоставена заедно со Светска банка. Како критериуми земени се бројот на население, бројот на населени места во општината, површина на општината и бројот на регистрирани моторни возила во општината” истакна министерот Бочварски.Тој додаде дека овој проект е од голема важност за општините, бидејќи општините добиваат неповратни средства за реконструкција на локални улици и патишта кои се приоритетни за граѓаните и ги повика општините навремено да доставуваат готови проекти. фото: министертво за транспорт и врски

Македонија | пред 5 години

11-1

АППТ ја интензивира туристичката соработка со Косово

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Љупчо Јаневски денес оствари средба со претседателот на Косовската комора за угостителство и туризам ОХТ (Oda e Hotelierisë dhe Turizmit të Kosovës), г-дин Хисен В. Согојева, заменикот на комората г-дин Скендер Тачи и претставник на туроператорите на Косово г-дин Фламур Бахтијари.На средбата се зборуваше за интензивирање на соработката на полето на туризмот, превентивните мерки и предизвиците кои ги имаме во време на пандемијата со Ковид 19, но и за можностите за нови инвестиции во туристичкиот сектор. Зголемување на бизнис патувањата и турите низ градовите не беа изоставени како точки на средбата, а исто така и потребата од поголема промоција на туристичките потенцијали помеѓу овие две земји.Еден од приоритетите за блиска иднина е воспоставување на туристичка зелена зона на непречено патување помеѓу двете земји, но и интензивирање на соработката преку овозможување на Б2Б средби на приватниот туристички сектор преку онлајн конференција помеѓу АППТ и Комората за угостителство и туризам на Република Косово.Согласно оваа иницијатива и во насока на реализација на зацртаните планови, АППТ и Комората за угостителство и туризам на Република Косово во наредниот период ќе потпишат и меморандум за соработка, со што и официјално би ја отпочнале соработката.фото: Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Македонија | пред 5 години

HM-protest-28112020

ВМРО ДПМНЕ: Кој “грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?

Тони Менкиновски е адвокат со повеќедецениско искуство. Освен тоа што во моментот е адвокат на бизнисменот Јордан Камчев, тој бил и адвокат на Зоран Заев во случајот поткуп, со снимката каде што целата јавност виде дека Зоран Заев бара мито од 200 илјади евра, евро за црквата- евро за Вицето, истата таа снимка која судот на Заев ја забрани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на прес конференцијата од Богданка Кузеска портпарол на СДСМ.Во продолжение на реакцијата од ВМРО ДПМНЕ се вели:Водејќи се по оваа лажна прес конференција, би запрашале кој “грев” е поголем, тоа што Менкиновски е адвокат на бизнисменот Камчев, или тоа што го бранел криминалот на Зоран Заев во случајот поткуп?За разлика од СДС кои контруираат лаги, ние зборуваме со факти и фотографии.Но она што треба да се разјасни е следново:По аналогијата на СДСМ прашуваме дали апсењето на Камчев е лична освета на Заев поради случајот Рекет каде е компромитирано целото СДС? Што знае Камчев за парите од рекетот, а поради што се плаши Зоран Заев?Колку средби имал Заев со Јордан Камчев, и дали на нив е зборено за пари?Дали Камчев знае точно каде се отидени парите од рекетот за кој прво осудениот Бојан Јовановски рече дека треба да се бараат во Струмица, кај Вице и Зоран Заев?фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ново поскапување на горивата од полноќ

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.03.2021 година.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг и сега ќе изнесува 36,211 ден/кг.Од 16.3.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 57,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 46,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 36,211 (денари/килограм)фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Naum-Stoilkovski-10.03-2

Стоилковски: Рашковски нарачал софтвер кој што не функционира; Македонија тоне во корупција Јовески и Русковска не отвораат предмет

Молкот на петорката- Тендер, Рашковски, Заев, Јовески, Русковска, тактиката „молчи ќе потоне темата“ не смее да мине! Фрлени се пари во ветер во година на економска рецесија! Владата не купила готов софтвер, нефункционален за МВР, туку нарачала софтвер. Значи претходно дала спецификации како и што да работи тој софтвер. Ако го нарачале за МВР, зошто спецификациите кои што се дадени не одговараат со системот на МВР за Сејф Сити, безбеден град? Зошто не е направена набавка согласно спецификацијата на МВР, туку е набавено нешто кое што не се користи? Дали компанијата - добитник на тендер, основата само девет дена откако Рашковски иноваторот добива функција Генсек, не прашала за што и за која намена е софтверот, или добила целосна спецификација за работа, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Дали тоа не води кон втора набавка наскоро - или на нов софтвер со потребните спецификации; Или за комплетна набавка на нов систем со нови апарати - камери? Дали на тоа не укажува изјавата на Зоран Заев при амнестирањето на Рашковски „не ни текнало нас така во владата ајде да направиме софтвер“ и понатаму зборува за „објектив којшто снима 360 степени“ исто како и апаратот на Рашковски да зборува, ама не и апаратите на МВР?Фактите се следни: Драги Рашковски создал иновација систем од софтвер и хардвер токму како опишаниот од Заев, а е набавен софтвер кој што одговара на спецификацијата на измислениот од Драги Рашковски. Дали овие факти не водат кон нова набавка, дали некој како Драги Рашковски од тоа нема да има економски бенефит, дали само Рашковски би имал економски бенефит, ете за тоа треба одговори и да каже ЈО.Одиме понатаму: Драги Рашковски во првичната изјава за медиуми вели требало да се направат неколку законски мали измени за да се стави софтверот кој што е набавен од него погон во камерите во МВР, и дека затоа софтверот не се користи. Прашањата кои што чекаат одговор, од Рашковски, Заев или од ЈО се: Зошто тие законски измени не се направени до сега, ако тендерот е распишан во ноември 2019, софтверот е набавен, односно платен февруари, 2020, со рок на испорака јуни/јули 2020? Кога го нарачувале, знаеле што е потребно, значи најмалку ОСУМ месеци имале пред да стигне софтверот, а од тогаш до сега уште осум месеци за ваквите законски измени за кои што софтверот според Драги Рашковски стои неупотребуван во МВР година и пол?Имаа време за менување на Изборен Законик без опозиција во 5 минути пред избори, а за ова немале?Рашковски нарачал софтвер кој што не функционира; Македонија тоне во корупција Јовески и Русковска не отвораат предмет. За овој предмет се заинтересираа медиуми кои што се спонзорирани и имаат голем одек кај меѓународната заедница, каде се рангира државата по корупција.За овој предмет се заинтересираа и тимот на Фајненшл Тајмс. За овој предмет се заинтересираа сите, само не ЈО на Љубомир Јовески и ЈО за Организиран Криминал на Вилма Русковска. Двајцата со молкот и неповедувањето на истрага заради тоа што Рашковски е близок на Заев, а Заев отфрли секаков сомнеж, прават тешка злоупотреба на службената положба и ја кршат дадената заклетва.Македонија тоне во криминал и корупција, Македонија тоне во случаи на висока корупција - корупција и криминал од власта, Брисел четврта година по ред чека на резултат во справување со високата корупција, и за тоа ЈО и ЈО за организиран криминал имаат најголем удел.И по овој скандал за тендер Рашковски нема да е дел од предмет на ЈО. За да не биде дека гласот не допрел до нив, и материјалите од оваа прес конференција ќе им бидат испратени на меил адресите на ЈО и ЈО за организиран криминал.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Lefkov15032021

Лефков до ДКСК: Да се отвори случај за Филипче и набавката на кинески вакцини по 62.5 долари преку фантом фирма од Хонг Конг

И денеска имаме набавено 0 вакцини. Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат да ги разочаруваат граѓаните. Денеска во ДКСК поднесуваме комплетна документација, објавена во медиумите, а од која се гледа дека Венко Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија со кинески „Синофарм“ за набавка на 200.000 вакцини, по цена од 62,5 долари од вакцина, истакна Миле Лефков, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Лефков на прес конференцијата додаде:Еве ги документите со потпис на Венко Филипче, со извор Централен регистар на Хонг Конг.Прашањето и денеска е дали се работи за муртинската „30 за Синофарм, 30 за Вицето“. Греота е кога доктор како тебе кој наместо да спасува животи, утре ќе треба да одговара,  но никој не те присилуваше да бидеш извршител на Зоран Заев.Ова се документите од кои се гледа дека Филипче ја овластил фирмата, а ова е неговиот потпис. Ова се документите од кои се гледа дека истата на сметка во Дојче банк има гаранција од 12.5 милиони евра. А ова се и документите од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека фирмата е формирана само три месеци по формирањето на владата на Зоран Заев.Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај и да го испита работењето на Филипче, а за таа цел сега ќе поднесеме претставка.Се работи за здравјето на луѓето, граѓаните мислат дека Владата работи и мисли на нив, а нивната влада всушност мисли само на провизии.Загрозено е здравјето на илјадници, а директно на душата Заев и Филипче носат стотици наши сограѓани, кои умреа како последица од КОВИД 19 во изминатиот период, во кој можеше да се набави вакцина, а тоа не се направи.Со секој поминат ден без вакцина, десетици и стотици луѓе одат на совеста на Заев и Филипче. Одговорност мора да има!На прес конференцијата пратеникот одговараше и на новинарски прашања.Новинарско прашање: Министерот Филипче ве обвини за клевета и најави дека ќе ве тужи како го коментирате ова?Одговор: Министерот Филипче наместо да работи на тужбата денеска најдобро е да се посфети и да работи на неговата одбрана, затоа што ќе дојде време кога за ова ќе се одговара.Новинарско прашање:  Од каде ги имате документите, дали од ваши извори дека станува збор за една доза од 60 – тина долари ?Одговор: Ако ја помножите сумата која што е уплатена стои потписот на Венко Филипче износот е 12,5 милиони долари а во јавноста беше објавено дека нарачката изнесува 200.000 дози лесно е да се дојде до износот на една вакцина која што нашата влада односно Венко Филипче има намера да ја плати.Новинарско прашање:  Колку е во моментот цената на вакцините која што ја знаете ?Одговор: Износот за вакцина според наши информации ако ги погледнете објавите на пример во Унгарија во Њујорк Тајмс денеска пишува дека за 30 евра е набавена во Унгарија официјални статии и на Њујорк Тајмс и во повеќе реномирани светски угледни списанија.Новинарско прашање: Колкава е цената на вакцините во пресметката на Филипче?Одговор: Од 12, 5 милиони  ако ги поделиме излегува над 60 долари од доза.Новинарско прашање: Од каде ви се документите и дали тврдите дека се веродостојни?Одговор: Значи еве сега денеска ќе ги поднесеме документите пред  Државна комисија за спречување на корупција затоа што една од забелешките на министерот беше дека тие се фабрикувани и фалсификувани , на истите стои дека извор е централниот регистар на Хонх Конг. Знаете дека нашите институции доколку имаат намера да го расветлат овој случај можат преку меѓународна правна помош преку МНР да ги обезбедат истите документи за да се и јавноста и сите да се уверат во нивната веродостојност.Новинарско прашање: Доколку бара прво извинување пред тужба ќе се извините или ќе одите на суд да ги расчистите сите овие работи?Одговор: Затоа што јас најавата за тужба ја прочитав само од ФБ статус на министерот Венко Филипче кој нормално после беше пренесен во вестите. Не знам на што алудира. Не знам во кој дел смета дека е повредена неговата чест. Фактот дека други држави набавуваат вакцини за 30 евра стои,фактот дека тој е потпишан на документи на кои што стои името на кинеската Синофарм стои, фактот за податоците за Синофарм дека е основано со 10.000 Хонг Конг долари, односно само со 1000 долари основачки влог, исто така се факти кои што стојат. Ако се однесува на било што од наведеното и разликата од цената и сомнежот, во тој случај сметам дека не само извинување, туку треба да му биде срам на министерот што воопшто се осудил да напише нешто такво. Сепак ќе ве потсетам дека и денеска Македонија има нула набавени вакцини. Не зборуваме за донации, значи зборуваме за набавка нула. Бројката на набавени вакцини е нула.видео и фото: ВМРО ДПМНЕПретходен Вест

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен крадец во Кочани, украденото вратено на сопственикот

На 14.03.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани од слобода го лишиле Е.М.(32) од Кочани затоа што околу 15.20 часот во домот на 47 - годишна жена нa ул.„Поп Арсов Блаже“ во Кочани со употреба на физичка сила и одзел мобилен телефон и платежна картичка. Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.М., при што биле пронајдени и одземени украдените предмети. По целосно документирање на случајот против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

15-03-2021-Kuzeska

Кузеска: Спрегата Мицкоски со Орце е на виделина, функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски го брани Камчев

На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев. Обвинето лице во судски предмети а од вчера и во притвор. Ова е Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок на Христијан Мицкоски. Токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце Камчев, истакна на денешната прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:Истиот Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство.Уште тогаш велевме дека Мицкоски прави се’ за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот. И ова сега е потврда на тоа и на неговата улога.Поставен на браникот на криминалот, токму Мицкоски во една јавно објавена снимка потврди дека е единствен којшто се бори против случајот Империја и против Законот за Јавно обвинителство.ВМРО-ДПМНЕ, не си ги бара парите 1,3 милиони евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии.Почитувани, јасна е поврзаноста меѓу Христијан Мицкоски и Орце Камчев.Она што е важно е дека докажаниот губитник, Христијан Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови.Правдата е тука, секој што го прекршил законот, мора да одговара.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања