Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

garvanliev

МРТ формира комисија која ќе одлучува што ќе биде со годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев

Во Македонската Радио Телевизија (МРТ) оформена е комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев.– МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ , – вели Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација за Нова Македонија.Инаку деновиве има петиција на „change.org“Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија во мај во Ротердам, до овој момент ја потпишаа повеќе од 14.000 лица.Секако, кога се потпишува се дава можност и да објаснување, па така едно лице има напишано:„Се потпишувам на петицијата за забрана на учество на евровизија поради непочитување на Македонските национални обележја“…Инаку петицијата започна откако македонскиот претставник на Евросонг во интервју се фали дека поседува бугарски пасош, а претходно се обелодени спортот за македонската песна за евровизија на кој го нема македонското знаме, туку ликовен експонат кој потсетува на бугарското знаме.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Османи на средби со дијаспората во Швајцарија

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Швајцарската Конфедерација ја започна со средби со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората на Република Северна Македонија во Вил, област околу која гравитираат поголемиот број на иселеници, која се наоѓа во кантонот, Сант Гален.Се разговараше за различни теми од интерес на дијаспората, за нивните потреби, но и за можностите за унапредување на комуникацијата со државата, можностите за подобрување на достапноста на услугите кои ги користат граѓаните во странство, како и потенцијалите за нивно враќање во Северна Македонија.Посебен акцент на средбата беше ставен на спроведување на Пописот 2021, кој од 1 март оваа година, се спроведува за оваа категорија на наши државјани, при што Османи ги повика на активна мобилизација и нивно учество во пописот.Пописот е наш државен приоритет за да направиме реална слика за распоредот и дистрибуцијата на нашата дијаспора. Овој чекор на државата е можност за сите вас, кои од различни причини се имате иселено од државата, од една страна да воспоставите врска, но и да придонесете кон правилно мапирање на вашите потреби тука“, истакна Османи.Османи ги истакна континуираните заложби на Министерството за надворешни работи за остварување на конкретна соработка со дијаспората во сите сфери од заеднички интерес, потенцирајќи дека иселениците се значаен сегмент од Северна Македонија, кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат.„Нашите политики ќе бидат ориентирани кон засилена соработка со дијаспората, додека со вашата способност, капацитет, знаење, искуство, амбиција и желба, очекувам да и помогнете на државата, што ќе биде наш заеднички успех и вистинското поврзување, заедно сплотени со иста цел за подобра и поуспешна Република Северна Македонија“, нагласи Османи.Министерот ги запозна иселениците и со проектите кои Министерството за надворешни работи ги презема за унапредување и олеснување на комуникацијата со дијаспората, како што е проектот „Е-конзулат“, со кој се предвидува дигитализација на поголемиот број услуги кои им се од важност за нашите граѓани кои се наоѓаат во странство.Османи утре ја продолжува работната посета на Швајцарија, при што ќе се сретне со својот колега,  сојузниот министер за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис, а ќе има и други средби со дијаспората, кои живеат во други кантони на Конфедерацијата.фото: Министертво за надворешни работи

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

11 лица не го почитувале полицискиот час, МВР напиша 558 санкции за неносење маска

Од 22 часот (16.03.2021) до 05 часот (17.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (16/17.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 558 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Двајца гостиварци обвинети за непочитување на решенијата за домашна изолација

За сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица.Првиот обвинет од село Голема Речица, на кого му бил определен задолжителен здравствен надзор и домашна изолација, не постапил согласно решението на здравствените власти, па на 03.11.2020 година го напуштил домот. На наведената домашна адреса бил затекнат само неговиот син, кој кажал дека не знае каде е татко му. Следниот ден полициските службеници извршиле разговор со обвинетиот, кој потврдил дека го напуштил домот, пешки се движел покрај реката Вардар до селото Равен и назад, купил лекови од аптека и се вратил дома.Вториот обвинет, пак, исто така имал Решение за лекување и изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од 06.02.2021 година требало да остане во домашна изолација во село Равен. Но, на 12.02.2021 година без дозвола ја напуштил државата и со авионски лет од Меѓународниот аеродром Скопје отпатувал во Минхен, Германија.За двајцата обвинети, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои му предложи на Основниот суд Гостивар да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

Рашкоски за Фокус: Зошто би бегал? Со семејството сум на одмор во Мексико, нема место за сензација

Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација, вели во изјава за Фокус поранешниот генерален секретар во Владата и советник во Владата, Драги Рашковски.– Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува, вели Рашковски.Денеска и вечерва по социјалните мрежи и други портали се шират информации дека Рашковски побегнал во Мексико. На  прашањето од Фокус дали побегнал, како што се пишува, Рашковски им одговорил: – Зошто би бегал? Текстот во целост на: Фокус

Македонија | пред 5 години

16032021_PVRSM_Zaev_poseta-na-IEE-vo-Luksemburg_5

Заев за „Луксембургер Ворт“: Очекуваме Брисел да го поттикне одобрувањето на преговарачката рамка, прашањата од историјата не смеат да бидат пречка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за луксембуршкиот портал и печатеното издание на „Луксембургер Ворт“, под наслов „На долгиот и бурен пат до ЕУ“, на прашањето во кое дел од одлуките на премиерот Заев се оценуваат како храбри и историски истакнува дека тие беа донесени за да се остварат големите стратешки цели на земјата – членството во НАТО и во ЕУ.„Кога станува збор за исполнување на критериумите за почеток на преговорите, ние сме пример дека ги исполнивме. Фактот дека тоа не се случи предизвика кај сите нас во Северна Македонија непријатно чувство. Јас сепак останувам оптимист и убеден сум дека со Бугарија ќе најдеме решение до јуни оваа година. Исто така имаме непоколебливи очекувања дека Брисел ќе го поттикне решението на ова прашање и ќе докаже дека нема да дозволи прашањата од историјата да бидат пречка за интересот на ЕУ за проширување и за иднината на нашата земја“, истакнува премиерот Заев во интервјуто за „Луксембургер Ворт“. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kineski-vakcini

Пандов: Преку набавка на кинески вакцини Заев и Филипче планирале да ги ограбат граѓаните за 6 до 8 милиони евра

Вечерва претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија каде што посочи дека Заев и Филипче преку набавка на кинески вакцини сакале граѓаните да ги ограбат за 6 до 8 милиони евра.„Кина е и повеќе од озбилна држава. И кај Кина и кај Русија државните лаборатории, државните институции ги измислиле вакцините. Од тука самата држава полага сметка. Секаде преку кинеските амбасади се стапува во контакт со министерство за надворешни работи на Кина и тоа е легален пат. И тоа сигурно и нашата власт го знаела, не може Венко да не знаел. Притоа да напоменеме дека Османи како министер за надворешни работи вчера или завчера се огради, и Артан Груби како вицепремиер се оградија дека тие појма немале што прават Заев и Филипче“, истакна Пандов.Пандов додаде дека самата власт односно самите Заев, Филипче па дури и Шекеринска обелоденија дека авансот од Кина им е вратен за вакцините.„Официјална цена на една кинеска вакцина е од 20-30 долари, притоа ако се вратени 12 милиони, а само 200.000 дози ние очекувавме, тоа значи дека според Филипче и Заев една кинеска вакцина е над 60 долари“, појасни Пандов.Пандов посочи дека ден – два по враќањето на авансот за вакцини, Заев почна да најавува дека биле опоменати дека не може да се оди преку нив и ќе започнале преговори преку по официјален пат и ќе се набават 400.000 вакцини. Зошто? За тоа што ако купуваш по легален пат тогаш не може да плаќаш вакцина 50 долари, а реално чини само 30 долари.„Сега кога се открија матните зделки на Заев и Филипче одеднаш Македонија не чека 200.000 кинески вакцини туку сега чека 400.000 вакцини“, нагласи Пандов.Пандов рече дека Заев и Филипче преку набавка на вакцини планирани да ги ограбат граѓаните за околу 6 до 8 милиони евра.„Нејасно е зошто Љупчо Николовски како човек за висока корупција не реагира, туку путер извади дека запленил околу 30 килограми само. Зошто и обвинителството не реагираше“, запраша Пандов.Пандов додаде дека за ваква неодговорност која чини човечки животи треба под итно власта да си одговара.„Заев и Филипче за ова дебело ќе одговараат. Бројките за починати граѓаните се официјални, ова не се измислици на ВМРО-ДПМНЕ како тие што тврдат“, рече Пандов.Пандов посочи дека Пендаровски го демантираше Филипче во една дебатна емисија дека нема се уште порачано вакцини од „Фајзер“.„А власта како што планира со по 2.000 да вакцинираат, тогаш три години ќе ни требаат за да се постигне бројката милион и двесте илјади, колку што треба за да имаме 60-70% вакцинирани граѓани Ова е страшно“, нагласи Пандов.Пандов рече дека додека Македонија има по илјада заразени на ден и по дваесетина починати, не треба да се помисли на попис.„Дури и докторите, здравствените работници апелираат попис да не се одржува бидејќи сите најавуваат дека пандемијата ќе земе многу поголем замав токму во април. Бројките се очекуваат во април да бидат се поголеми, и како во таква ситуација попис да се одвива, тоа нема логика“, укажа Пандов.Пандов додаде ако власта го спроведе политичкиот попис тогаш ќе имаме огромен кластер попис.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gostvar-pozar1-960x540

Приведена мајката на детето кое се задуши во пожарот во Гостивар

Лишена од слобода 35 годишната мајка на детето кое го загуби животот денеска во пожар во Гостивар, откако лекарите утвардија дека било врзано со ланци на нозете за време на трагичниот настан.Откако и е пружена медицинска помош, пладнево е задржана во полициска станица Гостивар, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“7 годишното дете врзано со ланци за нозете, го загуби животот во пожар кој денеска избувна во станбена зграда во Гостивар. Детето се задушило од чадот, а според исказот на семејството било врзано, бидејќи било агресивно. Од обвинителство кое го води случајот соопштија дека телото ќе биде дадено на обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sela-2

Зијадин Села позитивен на коронавирус

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села објави дека е позитивен на коронавирус.На својот фејсбук – профил тој вечерва објави дека неговата здравствена состојба е добра.„Денеска направив ПЦР тест за ковид-19 и треба да го споделам резултатот со вас. Позитивен е. Клинички сум добро. Но, здравствените протоколи треба да се почитуваат, затоа треба да се самоизолирам на неколку денови. Почитувајте ги мерките, чувајте се себе и другите“, напиша Села на Фејсбук.извор: ФБ Зијадин Села

Македонија | пред 5 години

16-03-2021-Zaev

Заев потврди дека ургирал на граница: Лично ѝ се јавив на полициската службеничка Виолета со прекрасен глас да се пропуштат возилата

По новинарско прашање околу тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Зоран Заев ургирал за пропуштање на неколку возила од граничниот премин „Деве Баир“, премиерот истакна дека вистината е дека точно тој се јавил ноќта се јавил кај полициска службеничка Виолета со прекрасен глас.Јас лично ѝ се јавив на полициската службеничка Виолета со прекрасен глас, не ја познавам, откако после полноќ ми се јави наш државјанин од турска националност, бидејќи таква е одлуката на Владата, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.Заев објасни дека возилата веќе биле влезени на територијата на земјава и не можеле да мрднат, биле со деца, па преку граѓанинот кој му се јавил се слушнал со полициската службеничка да им биде одобрено да бидат пропуштени откако се исконсултирал за одлуката на Владата дали овие возила треба да се пропуштаат за време на полициски час.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

16-03-2021-Zaev1

Заев најави нова политика во СДСМ и кадровско освежување

Зоран Заев во недела на 21 март ќе ја бара довербата и поддршката од членството на СДСМ, како кандидат за претседател, за нов мандат за лидер на партијата. Првпат во македонскиот плуразлизам, како што нагласи тој во денешното обраќање, на директни непосредни внатрепартиски избори, овој врвен чин на внатрепартиската демократија ќе го направи токму СДСМ.Како претседател на СДСМ, Заев најави нова програма и нова политика, пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и на Македонија, а доколку ја добие довербата најави и, како што рече, досега најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.– Ова е нова политика на СДСМ за новото време. СДСМ повторно ќе биде прв во промените и повторно ќе биде носител на нова политика со која секој од нас, почнувајќи од мене, ќе даде и повеќе и подобро за граѓаните, за татковината, за иднината на нашите деца. Дали е можно ново после новото – Да, подготвени сме и ние тоа ќе го покажеме, рече Заев.Прво, појасни, новата политика значи реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ. Некои многу сработуваат и водат напред, истакна, некои можат многу повеќе, но некои потфрлија.– Единствениот долг што го прифаќам, е долгот кон граѓаните за ефикасна и за доследна испорака на ветеното, и тука е точката на која се темели новиот начин на работа. Тоа не значи откажување од некого, туку одговорност пред граѓаните и секој пред самиот себе. Никој повеќе во СДСМ нема да се кандидара за функција, само за да биде функционер, туку да биде служител на граѓаните. СДСМ постои за граѓаните, ние им служиме на граѓаните, дециден беше Заев.Најави дека новата политика значи и ангажирање на сите можни капацитети во броба против корупцијата и криминалот. Пораката дека законите важат за сите, посочи, ќе останеше празна флоскула ако не обезбедевме услови, амбиент и механизам за правосудството да почне да работи независно и професионално. Има уште многу работа, истакна Заев, но народот веќе сведочи дека нема веќе недопирливи.– Времето на неказнивост заврши, на ред е правдата. Истото важи и за сите нас од СДСМ Членската книшка од партијата не значи привилегија, туку уште поголема одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата носи подобар економски стандард, подобро здравство, образование, подобри институции, но и побрз пат кон ЕУ. Затоа СДСМ и кадрите на СДСМ ќе бидат првите, кои во секоја од институциите ќе водат напред во спроведувањето на антикорупциоските мерки и во промоцијата на заштитните механизми кои спречуваат злоупотреби. СДСМ е на иста страна со граѓаните и со Владата, СДСМ е на страната против корупцијата, рече Зоран Заев.Трето, потенцира Заев, нова политика значи охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови. Наведе дека отсекогаш силно верувал во можностите и моќта на демократијата. Максимата – разноликоста на мислењата во СДСМ е богатството на внатрепартиската демекоратија, подвлече, веќе се спровеудва во дело, СДСМ е партија во која владее исклучително ниво на деморкатија.– Промовираме и почитуваме различни мислења за дополнително да ја зајакнеме деморкатијата кај себе, но и да поттикнеме истото да го направат и другите политички субјекти. Слушам некои зборуваат за претерана деморкатија и за нужноста од цврста рака. Не народе мој, не мои социјалдемократи, демократија никогаш доволно, цврста рака е симбол на режим, а слободата на говорот и почитување мислење е симбол на демократијата. Што сакаме режим или слобода. Нашата татковина еднаш беше но никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас. Одиме напред во секој можен поглед и враќање веќе нема, порача Зоран Заев во денешното обраќање.– Тој истакна дека е и за национален консензус за главните прашања, против поделби, за заедништво. Затоа смета, дека за најважните прашања треба да застанат заедно со опозицијата, да нема разлики повеќе и несогласувања дали сме за напред или, како што рече, за назад, сите да бидеме за напред, едни локомотива, други вагоните, но сите напред. Смета дека на СДСМ му личи и ќе продолжи да биде локомомтива.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

16032021_PVRSM_Zaev_poseta-na-IEE-vo-Luksemburg_5

Заев и Бесими на средба со менаџерите на „Интелиџент сенсинг солушн“ и раководството на Стопанската комора на Луксембург

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими работната посета на Луксембург денеска ја завршија со работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата „Интелиџент сенсинг солушн“ (Intelligent Sensing Solutions - IEE S.A).На средбата со раководството на компанијата, која има висок рејтинг во сферата на иновативните технолошки решенија во автомобилската индустрија, како и во сферата на напредната медицинска технологија, беа презентирани можностите за инвестирање во Северна Македонија. Премиерот Заев и министерот за финансии Бесими ги претставија погодностите кои Северна Македонија им ги нуди на инвеститорите.Средбата со менаџерите „Интелиџент сенсинг солушн“ се одржа во Стопанската комора на Луксембург на која присуствуваше и претседателот на комората Карло Телен, кој покажа дополнителен интерес за поблиска соработка на компаниите од двете земји преку потесна соработка на коморите.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

NAvodnuvanje_Biljanini_Izvori_03162021001

Се инсталира најсовремен систем за наводнување на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Фудбалската федерација на Република Северна Македонија започна со реализација на активности за инсталирање на најсовремен систем за автоматско наводнување на градскиот стадион „Билјанини Извори“.Според планираното, ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за наводнување на почвата. Новиот систем ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на фудбалскиот терен и ќе ја намали потрошувачката на вода.Поради непречено одвивање на работните активности, стадионот ќе биде затворен за користење до 3-ти април 2021.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

pozarnaohrid3

Координативен состанок на локалниот совет за превенција и заштита од пожари

Превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион, беше главната тема на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција и за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простории од пожари.На состанокот кој се одржа преку онлајн платформа, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека досегашната комуникација и соработка помеѓу надлежните служби е ефективна и дека истата треба да продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за помош и поддршка за подобро менаџирање на кризни состојби со пожари на отворено но и да пружи поддршка во делот на превентивното делување. Исто така, градоначалникот информираше дека во делокругот на своите обврски, општината континуирано работи и реализира активности за подобрување на условите и капацитетите на Територијалната противпожарна служба.Покрај градоначалникот, на состанокот присутвуваа претставници од одделите за превенција на СВР Охрид, претставници на Охридската територијална противпожарна единица, НП „Галичица“, ЈП „Национални шуми“- подружница Галичица, претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.На состанокот беше донесен заклучок во текот на наредниот период да се спроведат советодавни посети на месните заедници на територијата на општините Охрид и Дебрца со цел да се информира населението за опасноста од пожари, мерките за заштита и навремено делување.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

inverter-klima

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Охрид за набавка на инвертер клима уред за 2021 год

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за  2021 година објавува ЈАВЕН ПОВИКза субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем  за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година Опис на Јавниот повикОпштина Охрид , со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред  во 2021 година  ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 април 2021 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, Општина Охрид ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. 2. Право на учество на Јавниот повик:Право на учество на Јавниот повик имаат жителите  на Општина Охрид кои имаат купено  инвертер клима уред  за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во 2021 година  и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците, освен вработени во локалната самоуправа на Општина Охрид и нивни блиски лица односно лица кои се во брачна заедница со вработеното лице; роднини по крв во права линија (син и ќерка, внуци, татко и мајка, баба и дедо). 3. Услови што треба да ги исполни барателот:Барателот е должен да ги исполни следниве услови:да има живеалиште на подрачјето на Општина Охрид,Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,набавениот уред да биде купен во 2021-та  година,  се до  завршување на Јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,Само едно лице по домаќинство (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.По исклучок од ставот 1 од овој член, за барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење, не важи условот од став 1 точка 3 на овој член. Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно Комисијата доставува предлог до градоначалникот на Општина Охрид за неусвојување на барањето. 4. Начин на пријавување на Јавниот повикЗа надоместување за дел од трошоците за набавка на инвертер клима и докажување дека условите за учество на јавниот повик се исполнети , барателот до Општина Охрид треба да достави;Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општината: www.ohrid .gov.mk),фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина Охрид,Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи,фотокопија од трансакциска сметка, на барателотдоказ во оригинал дека е извршено купување во 2021 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата.По исклучок од ставот 1 на овој член, барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не ја доставуваат документацијата од став 1 точка 5 и 6 на овој член.Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување- инвертер клима за 2021 година“ во архивата на Општина Охрид, на адреса ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима за 2021 година“.Архивата на Општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на  поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата. 5. Начин на спроведување на јавниот повикГрадоначалникот на Општина Охрид формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни иво втората фаза ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купената инвертер клима е инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее и дека барателот до поднесување на барањето  е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазутБарателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталиран набавениот инвертер клима уред.Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Охрид. 6. Начин на остварување на правото на надоместокГрадоначалникот на Општина Охрид на предлог на Комисијата носи решение за одобрување  на барањето  за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето, подносителот писмено се известува за неусвојувањето.Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно јавниот повик за одбивање на барањето.  Б А Р А Њ Е ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2021 ГОДИНА (word doc.)

Македонија | пред 5 години

korona-2

Починати 24 лица и нови 999 случаи на Ковид 19 денеска

Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 539, Прилеп и Битола - по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10, од Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево - по 8, од Ресен и Делчево - по 7 лица, Берово – 6, Демир Капија – 5, по 4 лица од Свети Николе, Радовиш и Пехчево, од Демир Хисар и Виница - по 3, Кратово – 2, од Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.Регистрирани се 543 оздравени пациенти од:Скопје – 240, Охрид – 52, Прилеп – 38, Тетово – 27, Велес, Гевгелија и Струга – по 24, Куманово – 17, Струмица и Битола – по 14, Гостивар – 12, Кочани – 8, Крива Паланка, Пробиштип и Дебар – по 5, Кичево, Крушево и Делчево – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, од Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци - по 2, од Неготино, Валандово и Радовиш по 1 лице.Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.627 тестови преку: ИЈЗ-467, ЦЈЗ Скопје-99, Авицена-387, Биотек-344, Жан Митрев (Филип Втори)-201, Систина-330, лабораторија Лаор–176, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-97, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.360, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 50464, активни 5941Прилеп 6166, активни 805Куманово 6030, активни 418Тетово 5817, активни 359Гостивар 4089, активни 292Кавадарци 3906, активни 638Штип 3844, активни 191Велес 3782, активни 314Битола 3754, активни 321Охрид 3621, активни 455Струмица 2929, активни 205Струга 2530, активни 161Кочани 1991, активни 150Кичево 1835, активни 57Неготино 1618, активни 403Гевгелија 1515, активни 297Свети Николе 1153, активни 41Крива Паланка 981, активни 133Ресен 894, активни 96Дебар 806, активни 12Радовиш 784, активни 42Делчево 771, активни 49Берово 713, активни 66Пробиштип 597, активни 46Виница 542, активни 23Валандово 417, активни 45Крушево 381, активни 113Богданци 346, активни 65Кратово 303, активни 23Демир Хисар 303, активни 41Демир Капија 291, активни 58Македонски Брод 261, активни 9Пехчево 200, активни 13Македонска Каменица 194, активни 2Дојран 101, активни 5 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG_3520

Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање

Владата е посветена во продолжување на процесот на децентрализација, а првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација се одржа во просториите на министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците.- Потребно е да се изготви предлог-програма за продолжување на процесот на децентрализација со акционен план и како и предлози за потребата од изготвување на соодветни измени што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.Тој вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одлагање и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.Со работната група претседаваше првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, додека присутни беа и министерот за Финансии, Фатмир Бесими, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и шефицата на кабинетот на премиерот Заев, Мирјана Јанева.фото: Министерство за локална самоуправа

Македонија | пред 5 години

deve-bair

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислуваат скандали, граничните служби се обврзани да ги пропуштат сите патници

Фрустрирани од правдата и неселективното владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно однесување и во обид да ја манипулира јавноста, измислува случаи на злоупотреба, таму каде што нема.Очигледно навикнати на времето кога државата се водеше од белиот дворец и кога Груевски по телефон поставуваше и разрешуваше судии, ВМРО-ДПМНЕ конструираат непостоечки случаи со цел да ја покријат спрегата на Орце Камчев и Христијан Мицкоски, се вели Реакција од СДСМ на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истата се додава:Портпаролот на Мицкоски, Димче Арсовски прво нека ја прочита одлуката за ограничување на движењето донесена од Владата, која предвидува сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Северна Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.Значи нашите гранични служби се обврзани да ги пропуштат сите патници, државјани на Северна Македонија, кои ќе се затекнат на некој од граничните премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања.Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, нема што да понуди, освен измислици, манипулации, опструкции и лажни вести и затоа е поразувана од граѓаните и уште долго ќе биде во опозиција, се вели во реакцијата од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev-2

АНБ откриле дека Камчев ќе бега во Бугарија по средба со бугарски државјани, ќе се откријат ли детали од оваа белешка?

Службената белешка на Агенцијата за национална безбедност е клучен показател за планирање на бегството на Орце Камчев, осомничениот во случаите Империја и Плацеви на Водно, а сведок во предметот Меѓународен сојуз, ама досега никој освен надлежниот обвинител не го видел ниту пак има детали за јавноста како и зошто агентите на АНБ откриле дека Камчев ќе бега во Бугарија по средба со бугарски државјани во Скопје минатиот викенд, Објави Телма. Бројот на службената белешка на АНБ е цитиран во одлуката за притворот, во неа се спомнува дека „осомничениот остварил средба со лице од Р.Бугарија, а во врска со реализација на намерата за негово бегство во Р.Бугарија“. Дополнително во одлуката за притвор стои и дека информацијата за осомничениот (Орце Камчев) се однесува на периодот од 12-ти до 14-ти март кога е лишен од слобода во Скопје.Проблемот е дали поради јавниот интерес за вака високо профилиран кривичен случај, АНБ ќе соопшти детали за белешката која засега е класифицирана.Текстот во целост на: Телма. 

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev

Камчев се храни од затворската кујна - нема одговор дали ќе се внимава да биде оддалечен од ќелијата на Мијалков

Бизнисменот Орце Камчев кој од пред два дена е во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е во добра здравствена состојба, без индиции дека постои безбедносен ризик за него. Директорот на затворот, Филип Андов, за „А1он“ вели дека за неговото сместување во затворот ќе се одлучува по наредната среда, откако ќе заврши неговата изолација во приемното одделение. Поради тоа, од затворот нема одговор, дали ќе се внимава сместувањето на Камчев да биде оддалечено од ќелијата на Сашо Мијалков.„Како и секое притворено лице согласно правилник за куќен ред покрај тоа што им се обезбедени оброци од затворската кујна имаат право да примаат пакет-храна надвор од установата и тоа право притвореното лице го користи. Притвореното лице е во добра здравствена состојба и истиот е прегледан при неговиот прием во установата од затворскиот доктор“, вели Андов за „А1он“.Досега, бизнисменот немал доставено посебни барања во врска со притворот до управата на затворот „Скопје“.Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.Текстот во целост на: „А1он“

Македонија | пред 5 години

ginekolog

Протест на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ пред здравство: Сите сме Јилдиз не казнивоста значи одобрување

Болниците станаа „жолта куќа“ во која никој не е безбеден. Последниот скандал со Јилдиз Веапоска, родилката од Струга, ја прелеа чашата која се полнеше со повеќе случаи во кои пациенти завршиле трагично поради лекарски грешки кои не биле санкционирани, се вели во ФБ објавата од Унија на жени на ВМРО - ДПМНЕ.Во продолжение на истата од Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ додаваат:Како да не беше доволно што на Веапоска и извадиле здрави органи и матка поради што повеќе нема да може да раѓа, туку и сомнежот за полот на бебето е јасен показател дека докторот Мухамед Асани извршил злосторство за кое мора да има казна, а не заштита од нефункционалниот хаотичен систем на Филипче и неговите пајташи.Нашите тела не се „кукли фантоми за вежбање“ на партиските миленици, нашите животи не смеат да зависат од некадарноста на оние кои вршат злостор и поминуваат неказнето бидејќи се заштитени од политиката. Не смееме да дозволиме враќање во средниот век во кој жените од страв ќе се пораѓаат дома, бидејќи штетниците се заштитени од Филипче и хаотичното здравство.Мора да има одговорност, мора да има правда. Ако премолчиме за ова ќе се случуваат уште многу други вакви случаи. Ако не го кренеме гласот за ова, хоророт ќе продолжи, а виновниците ќе поминуваат неказнето. И затоа не смее повеќе да се молчи!Ве повикуваме да го подигнете гласот против неправдите на протест во сабота 20-ти март во 11 часот пред Министерството за здравство, затоа што Сите ние сме Јилдиз и затоа што неказнивоста на ваквите трагични случаи значи нивно одобрување.Ова е протест за жената и женските права, ова е протест против заштитата на злосторниците, ова е протест против хаосот и трагедиите во здравството и очекуваме поддршка од сите општествени чинители!извор: ФБ Унија на жени на ВМРО - ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

korona-2

ИЈЗ: Зголемување од 22,2% на нови случаи споредено со претходната недела, најголем дел од регистрираните од Скопје

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 08 до 14 март 2021, тестирани се вкупно 22.625 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 7,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.708; 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.434, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.064; 19,5%), 40-49 (n=977; 17,9%), 50-59 (n=916; 16,8%) и 20-29 (n=698; 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=116; 2,1%) и 10-19 години (n=251; 4,6%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.На 17.02.2021 во Р. С. Македонија почна вакцинацијата против КОВИД19, а заклучно со 15.03.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 08 до 14 март 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

bolnica-Struga

МЗ: Филипче формираше комисија за надзор на стручната работа во болницата во Струга

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Ј.В.Комисијата која е составена по барање на министерот, има 5 члена, и има задача да изврши надзор над стручната работа на ЈЗУ ОБ Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.Министерот Филипче, бара од Комисијата, извештајот задолжително да содржи констатирана состојба, евентуални недостатоци, неправилности или пропусти во вршењето на стручната работа, а особено во однос на спроведувањето на стручните упатства и условите и начинот на укажување на здравствена заштита. Членовите на Комисијата формирана од Филипче, треба да дадат стручно мислење за состојбата во установата и настанатите или можни последици по здравјето на пацинетот и предлог за определување мерки за отстранување на недостатоци или прпопусти и рокови за нивно отстранување.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

francija-korona

КОЛАПС ВО СКОПСКИТЕ БОЛНИЦИ: Нема слободни кревети, пациенти во тешка состојба се враќаат дома

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми, известува Министерството за здравство.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови пациенти.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент. Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 221 пациент, информира Министерството.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.Вкупно 463 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од МЗ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bolnicza-tetovo-7

(ФОТО) Тетовка чии родители биле хоспитализирани во болница: Упатувам апел до сите, подобро дома да се лекуваш отколку во болница да умираш!

Искуствата во болницата во Тетово, беа искуства што никогаш нема да ги заборавам во животот, пишува Руфије Ази на своојот ФБ профил. Тврди дека во тетовската болница се прекршуваат ковид-протоколите.Прочитајте го нејзиното обраќање до јавноста:„Го имав слушнато ова од многу луѓе, кои зборуваа: Не дај Боже да завршиш во болницата во Тетово, каде митото и корупцијата ве одржуваат во живот, кадешто дури и чистачот без да стави нешто во џеб, не ја отвора вратата, каде нечистотијата ја прави полоша состојбата…Татко ми беше болен, му велат дека има настинка, по неколку дена состојбата му се влошува, лекарот го испраќа на тестови кадешто е пренесен во болница, зашто немал железо во крвта, и го задржува во болницата во инфективниот центар, каде сите пациенти во собата биле заразени со КОВИД 19.По наше инсистирање, беше извршен тест за корона, на кој исто така излезе позитивен, се заразил…Лекарите ни порачуваат дека некој треба да го придружува затоа што немале доволно медицински сестри, па нашата 70-годишната мајка беше принудена да остане со него, бидејќи сите живееме во странство.По петтиот ден, јас и брат ми решивме да се вратиме во Тетово затоа што и мајка ми се разболе, и како да не се испоразболи во соба со 4 болни пациенти и четворица на посета, а само еден стол.Имам еден апел до сите што ќе се заразат со корона: подобро дома да се лекуваш отколку во болница да умираш! Ако некој е против или не верува, имам толку докази, толку многу снимки, што ќе ги објавам јавно!, пишува револтираната Руфије, која во прилог објави фотографии од тековната состојба во која се наоѓа тетовската болница. фото: ФБ Руфије Ази

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања