Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

orce-kamcev-2

Со кого се сретнал Камчев во Берово по што беше приведен дека наводно имал намера да избега?

Некогашните бизнис-партнери Сашо Мијалков и Орце Камчев повторно се во „Шутка“. Едниот откако избега, па се врати, а другиот, пак, откако наводно имал намера да избега.„Фокус“ открива како течела акцијата и координацијата за приведување на бизнисменот Камчев, но и од каде тргнале сомнежите за неговото бегство.  Според Фокус Камчев се сретнал  со бугарски разузнавачи во Берово.Текстот во целост на ОВОЈ ЛИНК

Македонија | пред 5 години

maska

Во изминатото деноноќие 23 лица го прекршиле полицискиот час, а 455 лица се казнети за неносење маска

Од 22 часот (17.03.2021) до 05 часот (18.03.2021) констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (17/18.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 455 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-2

245 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење, 23 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување на првенство на минување, пет санкции за некористење сигурносен појас и 88 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

asani

Асани: Ја разбирам болката на семејството и родилката, но не направив никаква грешка во случајот

Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, се огласи на „Фејсбук“ откако вчера министерот за здравство Венко Филипче го разреши од функцијата поради случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.Во меѓувреме формирана е петчлена комисија на барање на семејството на родилката, којашто ќе треба да утврди дали биле направени пропусти при породувањето.Асани пишува дека дека во текот на неговата работа во случајот со родилката немало ниту една грешка.„Во врска со случајот од Дебар, ја разбирам болката на семејството, но треба да знаат дека во тек на мојата работа немало ниту една грешка. Жалам што пациентката се соочи со една таква компликација, но после интервенцијата целата состојба им беше објаснета на семејството и текот на операцијата. Целата медицинска документација им ја предадов на авторитетите и ќе го почитувам секој нивна одлука“, пишува Асани, додавајќи дека неговата совест е мирна.Тој тврди дека состојбата со пациентката се искомплицирала во петтот постоперативен ден. Во операциона сала влегла екипа од двајца гинеколози, двајца хирурзи и двајца анестезиолози, секој работејќи на својата област.„После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели 8 часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката. Сакам да нагласам дека гинекологот не вади бубрег. Констатација од некои портали и индивидуи кои или тенденциозно го прават тоа или немаат поим што значи медицина. Бубегот е изваден од страна на хирурзите кои во моментот имале индикација за тоа, зашто само на тој начин можело да го спречат крварењето кое потекнувало од таму ( сето ова е се документирано)“, пишува Асани.Потоа пациентката била препратена на карил за интензивен мониторинг и понатамошна евалуација. При прием на пациентката, лекарите и специјалистите од таа Клиника ја оцениле нивната работа максимално професионално завршена, додава Асани.фото: ФБ Мухамед Асани

Македонија | пред 5 години

Planinarski-dom

Уште еден објект на скопјани отиде во приватни раце: Се затвора последниот јавен објект за одмор на Водно

Тивко и подалеко од очите на јавноста, вчера неколкумина од раководството на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ФПСМ, со соодветен алат ги откорнала бравите на влезната врата на Планинарскиот дом Даре Џамбаз на врвот на Водно и насилно влегле во домот, предавајќи му го на тој начин на новооснованиот планинарски клуб Х2О во владение. Целта на овој упад е да се превземе планинарскиот дом, кој шест децении беше отворен за сите негови посетители без оглед на длабочината на џебот, кои во него наоѓаа засолниште, место за одмор, закуска, дружење и негово претворање во комерцијален угостителски објект, стои во објава на ФБ.Во продолжение на објавата се додава:Со овој чин СЕ ЗАТВОРА последниот јавен објект за одмор и рекреација на граѓаните на планината Водно ГРАДЕН СО ПАРИ НА НАШИТЕ РОДИТЕЛИ, ДЕДОВЦИ И БАБИ!!!. Понудата која победила на тендерот распишан од ФПСМ преку клубот Х2О ја дале засега неидентификувани, но добро познати угостители од Скопје. Отсега, значи, доколку не одлучи поинаку надлежниот Суд, Скопјани и сите други посетители на Водно, во иднина ќе НЕМААТ НИТУ ЕДНО ЗАСОЛНИШТЕ СО ПОКРИВ каде ќе можат да се преслекуваат, да се стоплат и закрепнат, да си каснат сендвич од ранец, да си поседат, без да се присилени да плаќаат кафански цени за тоа задоволство, бидејќи условите на идните газди на домот на Крстовар бил - тоа да биде забрането во идниот објект! „Неименуваниот угостител“ (алиас угостители-љубители на галии, воденици н.з.) ветил дека ќе инвестира во „оплеменување“ на Домот Даре Џамбаз ДУРИ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА - ама само под услов ако се макнат оние со сендвичите и туршиите и маиците што се сушат покрај печката! Ете толку ќе чини операцијата во која МОЕ И ТВОЕ ЌЕ СТАНЕ НИВНО!Најпрвин „си отиде“ домот на Средно Водно, даден пред повеќе години на братот на претседателот на ФПСМ „на користење“. Ко го „користи“ и за што, кој е љубопитен нека истражува ама планинари не го користат. Епилог- тој објект повеќе не е планинарски дом.Потоа на ред дојде домот на акумулацијата Матка, исто така „даден на користење“ од истите луѓе од ФПСМ, а всушност продаден за нешто повеќе од 53 илјади евра (плус месечни хонорари). Епилог - ниту тој дом повеќе не е (а и не личи дека некогаш воопшто ќе биде повторно) планинарски дом. Кој бил барем еднаш таму, ја знае кафаната, не треба ни да му објаснувам.Ако се потсетиме дека Поштенски Дом е купен од една од фирмите на Орце Камчев и НАМЕРНО РАЗУРНАТ и оставен да се урне, како и објектот на некогашното детско одморалиште на Горно Водно, денес во опасно руинирана состојба и без струја, во кој полулегално се собираат помали групи планинари, на Водно, едно што го има Скопје, нели, ОД ВЧЕРА ВЕЌЕ ЗГАСНА ЈАВНАТА ФУНКЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ НА ВРВОТ НА ВОДНО И ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈА!Што да речам, дечки од ФПСМ, навистина секоја чест на УПОРНОСТА И НА ИСТРАЈНОСТА ВО УНИШТУВАЊЕТО НА СИТЕ ЈАВНИ ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА НА ПЛАНИНАРСКИ ДОМОВИ ВО МАКЕДОНИЈА!!!БРАВИСИМО! ОК, помогна и тоа што во вашите редови има луѓе кои имаат специјални релации со владеачките структури, кои се блиски до одредени министри, одредени „структури“ од сите режими и сите времиња (нема да ги спомнам овојпат, истражете си самите) па успешно го трансформиравте и последното парче од општествено добро ВО СИГУРНИ ПРИВАТНИ РАЦЕ! Искрено, мислам дека планинарството во Македонија, посебно неговата инфраструктурна компонента е на она дереџе на кое ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ, СО ВАКОВ НАРОД И ВАКОВ МЕНТАЛИТЕТ!П.С. Јас ниту јадам туршија, ниту пијам ракија, а немам ни проблем со преслекување на отворено. ПЛАНИНАРСКИ ПОЗДРАВ!!! 

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид 19

Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид 19. Третиот бран на пандемијата донесе нов пораст на заразени и наше е да бидеме одговорни со цел полесно да го поминеме. На тема Ковид утрово зборував во Студио 10 на Телевизија 24.Процесот на вакцинација е започнат во нашата држава но до негово целосно спроведување и период потоа остануваат на важност препораките носење маска, држење дистанца и честа дезинфекција на рацете, истакна Георгиески.видео: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

30 дена притвор за мајката на детето кое се угуши врзано за кревет во Гостивар

Мерка притвор во траење од триесет дена определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на мајката чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар. Таа вчера беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија. Од судот потврдија дека решението за притвор е изготвено и жената е испратена во КПУ Скопје.Претходно, Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредба за спроведување истражна постапка против С. Т. (36) од Ресен и живеалиште во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски (член 203 став 2 од Кривичниот законик)Осомничената жена, според ОЈО, го малтретирала своето дете на возраст од седум години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oklopni-vozila-sad

Левица: Владата набавува 54 оклопни борбени возила опрема од САД за 210 милиони долари

Додека македонското здравство е во колапс, а народот тоне во сиромаштија, Владата троши народни пари за субвенционирање на воениот апарат на САД. Имено, денес во САД излегоа информации дека Стејт Департментот ја одобрил набавката на 54 оклопни борбени возила, што било соопштено од страна на Агенцијата за соработка во областа на одбраната (DSCA), се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Во сопштението се вели дека Владата на Македонија нарачала воена опрема во вкупна вредност од околу 210 милиони долари. Покрај 54 оклопни возила Страјкер, Владата нарачала и друг вид на воена опрема како: возила за пешадиски превозник М1126 (ICV) и командни возила M1130 (CV), како и митралези, фрлачи на гранати и придружни резервни делови, радија Харис, станица за управување со далечинско оружје (CROWS), GPS приемник за одбрана; AN / VAS-5 Driver’s Vision Enhancer; резервни делови и компоненти; посебни алатки и опрема за тестирање; публикации и технички прирачници; обуки; технички и логистички услуги за поддршка и други сродни елементи на програма и логистичка поддршка и слично.Понатаму, во соопштението се вели и дека „продажбата ќе ја помогне надворешната политика и националната безбедност на САД“.Оваа набавка е крајно скандалозна од неколку причини. Пред сѐ, трошењето на 210 милиони долари државни пари е неприфатливо и недозволиво во услови на огромна сиромаштија, здравствен и економски колапс. Од друга страна, покрај тоа што Македонија за членството во НАТО секоја година плаќа приближно 1 милион долари чланарина, како и токму поради членството во оваа воена организација, нашата држава е обврзана секоја година за буџетот за одбрана да издвојува 2% од БДП, односно 11 милијарди денари, колку што тој изнесува оваа година. Па ваквите дополнителни енормни буџетски издатоци за воена опрема произведена од САД се ништо друго освен искористување на нашата држава за финансирање на американскиот воен и империјалистички апарат, кој потоа служи за водење на нелегални војни и страдања ширум светот.Фактот што оваа информација беше сокриена од јавноста укажува на тоа дека политичкиот естаблишмент во Македонија, без разлика на која партија ѝ припаѓа, иако не може да се договори околу државните интереси, сепак кога се однесува за воениот сојуз НАТО, заедно работи против интересите на народот. При тоа, државата и нејзините институции ги искористува само за унапредување на сопствените интереси и за добивање на поддршка од САД за продолжување на своето криминално и расипничко владеење.извор: Левица

Македонија | пред 5 години

vakcini-4

Ханс Клуге:Владата на РСМ стори се што требаше, не само за вакцините туки и за подготовка за имунизација

Директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге денеска во интервју за Телма истакна дека Владата на Република Северна Макеоднија направила се што терба не само за набавка на вакицни против Ковид 19, туку целосно е подготвен и здравствениот систем за имунизација.-Владата на Република Северна Македонија стори се што требаше, не само за вакцините, туку и за подготвеноста на здравствениот систем, да обезбеди соодветна обука и опрема. И нарачката за Северна Република Македонија веќе е направена затоа сега се работи за неколку недели. Во контакт сум со седиштето на УНИЦЕФ како и со регионалната канцеларија да се стори се што е возможно да се забрза процесот - истакна Клуге.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gostvar-pozar1-960x540

Истрага за мајката на детето кое се задуши во пожарот во Гостивар – со години малтретирано, заврши трагично

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Повреда на семејни обврски, предвидено и казниво согласно член 203 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски семејни обврски го малтретирала своето дете на возраст од 7 години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар, a затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за 36-годишната осомничена. За наведеното кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.Во меѓувреме, се уште се работи на утврдување на причините за пожарот. Останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

17032021_PVRSM_Zaev_Poseta_Bogdanci_6

Заев: Нова инвестиција, ветерен парк во Општина Богданци за поголемо производство на чиста електрична енергија

„Новата инвестиција во ветерниот парк ќе се гради на просторот помеѓу селата Стојаково и Селемли. Се работи за инвестиција од 30 мегавати ветерна електрана на подрачјето на Општина Богданци со вредност од над 40 милиони евра за производство на електрична енергија од околу 72-гигават часови. Тоа значи обезбедување на стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 18.000 домаќинства“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната промоција на новата инвестиција во ветерни електрани во Општина Богданци.Премиерот Заев, заедно со инвеститорите словенечката компанија „Интеренерго“ и „Тригал”, како и со градоначалникот на Општина Богданци Блаже Шапов ги истакнаа придобивките од проектот чија цел е обезбедување на чиста еколошка електрична енергија.„Она што е од голема важност за целиот инвестициски циклус е тоа што при изградбата ќе се вклучат и локални изведувачи со што дополнително ќе се придонесе за развој на локалната економија во земјата. Станува збор за современа инвестиција со имплементирање на најмодерна технологија, која се очекува да заврши за две години. Деновите на производство на електрична енергија од фосилни горива изминуваат. Силно веруваме дека и новиот ветерен парк во целост ќе ја оправдува инвестицијата на ветерот како обновлив извор на енергија. Како што е познато на територија на Општина Богданци веќе е реализиран ветерниот парк на „А.Д. Електрани на Северна Македонија“, од 36,8 мегавати со 16 ветерници секоја со единечна снага од 2,3 мегавати, трафостаница 20/110 киловолти, далекувод од 110 киловолти и пристапни патишта. Инвестиција која чинеше 55 милиони евра. Во фаза на развој е проширувањето на овој ветерен парк за дополнителни 13,2 мегавати со поставување на нови 4 ветерници во наредниот период во вредност од 21 милион евра“, истакна премиерот Заев.Градоначалникот Шапов искажа задоволство што Општина Богданци повторно ќе се истакне во развојот на обновливите извори на енергија, односно во развојот на нов ветерен парк .„Како општина стоиме на располагање на секој иден инвеститор да излеземе во пресрет и да овозможиме се што е во наша надлежност за побрза градба. Новите инвестиции водат кон просперитет на општината, и нови можности како за развој на ветерната енергија, но исто така и развој на енергијата од сонцето односно градба на фотонапонски електрани, бидејќи нашата општина има поволности за развој и на тој вид на енергија“, рече Шапов.Блаж Штерк директорот на „Интеренерго“, Љубљана истакна дека како едни од најактивните инвеститори во Југоисточна Европа, посветени се на производство на електрична енергија од целосно “зелени“, обновливи извори.Според, Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на финална енергија се планира да биде над 50%. Фотонапонските и ветерните електрани ќе бидат најбрзо растечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, и тоа до 1400 мегавати фотонапонски електрани и до 750 мегавати ветерни електрани.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Левица: Уставен суд закажа седница за Законот за двојазичност, објавен од Џафери без потпис на претседателот

По повеќе од две години од поднесената Иницијатива пред Уставниот суд на РМ против т.н. Закон за двојазичност, кој беше прогласен без указ на Претседателот на Републиката - Уставниот суд ја покани политичката партија Левица на подготвителна седница, која ќе се одржи утре (четврток, 18 март 2021 година), со почеток во 10:00 часот, во просториите на судот, по што ќе следи изјава за јавност од страна на пратеникот, Димитар Апасиев.Судија-известител, на која што и требаше енормно долго време да го подготви рефератот за овој контроверзен предмет, е судијката Вангелина Маркудова, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:За потсетување на јавноста, ова е случајот за којшто нашата Партија, во предизборието, поднесе и кривична пријава за саботажа против поранешниот претседател на Уставниот суд - Никола Ивановски - заради неосновано чување на предметот во фиока, со што свесно се предизвикани тешко отстранливи последици по уставниот поредок на државата, затоа што овој т.н. закон почна да се применува од институциите, без никаков правен основ за тоа.Убедени сме дека владејачката гарнитура, после скандалозниот избор на судијата Кацарска, сега го има потребното мнозинство за да воведе опасен преседан и да ја легализира оваа правна дивоградба - што ќе значи вовед во идна опасна состојба!Укажуваме дека доколку се воспостави пракса законите да влегуваат во сила без неопходниот претседателски потпис, каква што е евидентната намера на Уставниот суд, Македонија ќе заплови во сосем непосакувани и непредвидливи води, од аспект на идни злонамерни повреди на начелото на поделба на власта и владеењето на правото.Нормализацијата на овој штетен преседан ќе значи одврзани раце на секоја идна власт, надвор од Уставот, комплетно да го игнорира шефот на државата и целосно да го поткопа воспоставениот правен поредок.Апелираме уставните судии, барем еднаш во својата кариера, да станат вистински „чувари на Уставот“ и да го надминат својот сервилен однос кон властодршците, носејќи ја единствената правилна мериторна одлука со која ќе го поништат овој екстремно штетен „закон“ кој, според зборовите и на домашната и на европската стручна јавност, комплетно ја парализираше Републиката со својот етно-трибалистички концепт, кој десеткратно го пробива и т.н. Рамковен договор.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини, тврди за ТВ 24 Рашковски

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини. Ова не е најава од туристичка агенција, ова за ТВ24 го тврди секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.Во одговорот кој Рашковски ни го испрати од земјата на сомбрерата пишува дека отишол таму на одмор со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно.- Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра. - изјави Рашковски.Додека владиниот секретар одмара во Мексико, институциите и премиерот се во дилема, кој прв ќе ги засука ракавите и ќе почне да постапува за аферата за софтверот.Но, правосудните институции си ја префрлаат топката.Текстот во целост на: ТВ24

Македонија | пред 5 години

korona1

24 починати лица и нови 1.293 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1.293 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 626, Прилеп - 88, Велес – 60, Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48, Тетово – 46, Штип – 41, Неготино – 36, Охрид – 34, Струмица – 33, Куманово – 28, Кочани – 23, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Пробиштип - 12, Валандово и Демир Капија – по 11, Кичево – 10, Делчево – 9, Струга, Крива Паланка и Берово – по 8, Крушево – 6, Ресен – 5, Богданци – 4, Свети Николе – 3, Дебар, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.Регистрирани се 339 оздравени пациенти од:Скопје – 220, Прилеп – 25, Гевгелија – 14, Тетово и Велес – по 9, Куманово – 8, Гостивар – 7, Струмица - 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Штип и Битола – по 4, Кичево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кавадарци, Кочани, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш и Кратово - по 1 лице.Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.Направени се 4.094 тестови преку: ИЈЗ-978, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-97, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-330, Биотек-374, Систина-349, лабораторија Лаор–318, Синлаб-88, Ремедика-36, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.281.Досега во земјата се направени вкупно 575.162 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 51090, активни 6333Прилеп 6254, активни 866Куманово 6058, активни 437Тетово 5863, активни 396Гостивар 4137, активни 333Кавадарци 3954, активни 684Штип 3885, активни 228Велес 3842, активни 365Битола 3802, активни 364Охрид 3655, активни 488Струмица 2962, активни 232Струга 2538, активни 169Кочани 2014, активни 170Кичево 1845, активни 64Неготино 1654, активни 437Гевгелија 1532, активни 300Свети Николе 1156, активни 43Крива Паланка 989, активни 136Ресен 899, активни 100Дебар 807, активни 13Радовиш 802, активни 58Делчево 780, активни 58Берово 721, активни 70Пробиштип 609, активни 56Виница 543, активни 22Валандово 428, активни 56Крушево 387, активни 119Богданци 350, активни 63Кратово 303, активни 22Демир Хисар 303, активни 38Демир Капија 302, активни 69Македонски Брод 261, активни 9Пехчево 201, активни 13Македонска Каменица 194, активни 2Дојран 102, активни 6 Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tik-tok

Кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(21) од с.Чифлик, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 19.02.2021 на социјалната мрежа „Тик Ток“, пријавениот објавил видео клип со песна со говор на омраза.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Karadzoski

Караџовски: Комисијата за заразни болести не одлучува за спроведување или откажување на пописот

Комисијата за заразни болести не одлучува дали ќе се одржи пописот, туку само изготви предлог-протокол за попишување во услови на пандемија, појасни денес Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека во протоколот за одржување на пописот пропишале како да се одвива попишувањето во становите во зградите, во куќите, за кои заедничко е одржување растојание меѓу попишувачите и лицата што се попишуваат, задолжително е носење маски и честа дезинфекција. Караџоски нагласи дека бројот на новозаболени е во пораст, но посочи дека одлуките за одржување или ново одложување на пописот не ги носи Комисијата.„До Комисијата стигнаа повеќе барања од државните институции за наше размислување како да функционираат, на пример, за изборите, за функционирањето на Собранието, на Владата, па еве сега и пописот. Комисијата направи предлог-протокол за попишување и го дадовме во Министерството за здравство и во Државниот завод за статистика. За начинот на кој треба да се одржува пописот ние направивме протокол. Јас не можам да кажам што ќе се случува следниот месец. Протоколот беше побаран, ние го дадовме. Државата ќе одлучи понатаму. Ние дадовме повеќе можности како да се изведува пописот“, вели претседателот Караџовски.фото: PRTSC 

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија: Осудата на драконски парични казни за т.н. палење на бугарското знаме е најдолна сервилност на власта спрема јаничарите Каракачанов и Захариева

Единствена Македонија изразува згрозеност од најавата за осуда на тројца Македонци на парични казни од по 7.000 евра за палењето на карневалска маска со бугарското знаме на Вевчанскиот карневал со што бил повреден угледот на бугарската држава иако стануваше збор за уметнички перформанс кога на крај се палат сите маски во - 1.400 години долгата традиција на вевчанскиот карневал, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на соопштението се додава:Марионетската власт во Скопје уште еднаш ја покажа својата сервилност и плашливост и намерата докрај да оди според принципот „ведење глава и скршена кичма“ во распродавањето на државните и националните интереси и подарувањето на историјата на Бугарија.Денеска слушнавме за драконски парични казни, но, месеци наназад бугарски политичари, новинари, професори, историчари..., секојдневно вандалски го омаловажуваат и навредуваат македонскиот народ што е недозволиво според меѓународното право а од македонска страна целосен молк и без ниту еден демарш против анитцивилизациската и антимакедонската политика на соседна Бугарија.За волја на вистината вандалското антимакедонско однесување од Бугарија е дело на македонските јаничари во Бугарија од типот на Каракачанов, Захариева, Ковачев... кои не издржале во историјата, а не од бугарскиот народ кој е горд на своето татарско-монголско потекло.Марионетската власт во Скопје едно треба да знае. Државите колку и да се мали имаат свои основни државни интереси и црвени линии од кои не отстапуваат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mijalkov-sud-2-1

Мијалков утрово од притвор е спроведен на распит во просториите на некогашното СЈО

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков утрово од притвор е спроведен на распит во просториите на некогашното СЈО, велат извори за ТВ24. Мијалков треба да биде испрашан за сите околности со неготвото дводневно „исчезнување“.Директорот на затворот Филип Андов во телефонски разговор потврди дека Мијалков денеска е изнесен од затворот поради распит кај обвините.За надлежен обвинител кој го води случајот со неговото бегство и се очекува да утврди пропусти, е назначена Ленче Ристоска. Заедно со обвинителот Трајче Пеливанов го водеа случајот со масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.извор:  ТВ24.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

За над 50 илјади евра е зголемен имотот на семејството на Драги Рашковски, откако тој не е Генерален секретар во Владата

За над 50 илјади евра е зголемен имотот на семејството на Драги Рашковски, откако тој престана да биде Генерален секретар во Владата и беше назначен за Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата, покажуваат податоците на Државната комисија за спречување на корупцијата, објави А1ОН.Тој некаде кон крајот на септември минатата година поднесе оставка од функцијата генерален секретар, по што мораше да достави и анкетен лист за тоа со колкав имот ја напушта функцијата. Откако беше назначен на новата функција, Рашковски согласно законот поднесе нов анкетен лист за имотната состојба, а ако се споредат двата, се доаѓа до заклучок дека неговиот, и имотот на неговите деца, за кој пишува дека е „стекнат со договор за подарок“ е зголемен за над 50 илјади евра, а дополнително на тоа, тој во меѓувреме вратил и заем од речиси 20 илјади евра и видно го намалил земениот кредит.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

16-03-2021-Zaev1

Објавена е целата програма на Зоран Заев за директните избори на 21 март: Нова политика, СДСМ прв во промените!

Со Програмата Нова политика, СДСМ прв во промените Зоран Заев ја бара довербата од членството на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, закажани за в недела, 21 март.Програмата којашто претседателот Зоран Заев ја претстави е објавена во интегрална форма и достапна на јавноста преку линк од официјалната интеренет страница на СДСМ (https://sdsm.org.mk/novapolitika).Базирана е на пет клучни столбови и најавува најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.Во продолжение на истото се додава:Прво, сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ. Тоа не значи откажување од некого, туку одговорност пред граѓаните и секој пред самиот себе.Никој повеќе во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните. СДСМ постои за граѓаните, а функционерите мора да им служат на граѓаните.Втора точка е ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот.Народот веќе сведочи дека нема веќе недопирливи – во тоа почнаа да се уверуваат и тие кои беа најсомничави. Времето на неказнивост заврши, на ред е правдата. Истото важи и за сите од редовите на СДСМ. Членката книшка од партијата не значи привилегија туку уште поголема одговорност.Охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови е третата точка од Програмата.СДСМ е партија во која владее исклучително ниво на демократија, но секојдневно се промовираат почитуваат различни мислења, за дополнително да се зајакне демократијата. Нашата татковина, еднаш беше, но никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас.Четврта точка е градење на СДСМ за новото време, млад СДСМ, прв во промените.СДСМ ширум ги отвора вратите за сите оние ги поддржуваат, или се заинтересирани за идеите на социјалдемократијата, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја. Со младите, со прогресивните, доаѓат нови сили во СДСМ. Партија во која доминираат новите генерации.Поттикнување, кревање на мотивацијата на нашите граѓани е петтата точка од Програмата.СДСМ е државотворната партија и гарантот за сигурна иднина на нашата современа татковина, партија која никогаш не скршнала од стратешкиот колосек од сојузшништвото со западниот демократски свет, на чело со ЕУ и САД. СДСМ ќе продолжи да биде посветена на креирање и реализација на економски политики кои повторно носат економски раст, нови работни места, уште повисоки плати и развојна македонска економија.Низ сите овие политики целосно ќе биде пресликан и концептот за едно општество со еднакви шанси за сите, каде што ќе се смета на сите човечки капацитети, за СДСМ уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата.Со организација на првите внатрепартиски, непосредни избори за претседател, СДСМ постави нови демократски стандарди во политичкото дејствување и постави пример за уште поголема демократизација на партијата.На 21 март, во недела, секој член на СДСМ кој активно се регистрирал ќе има можност да гласа на првите директни внатрепартиски избори за претседател на партијата и со тоа да даде свој придонес во демократизирање на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар ги отстапи службените моторни возила за полициската станица „Центар“

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, донесе одлука да ги даде на времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“.„Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време на полицискиот час во време на пандемија од Ковид-19. Со оваа мерка која ја презема Општина Центар, дополнително ќе го зголемиме капацитетот и ефикасноста на полицијата во извршување на редовните контроли на територијата на Центар “, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија – Биро за јавна безбедност, Секторот за внатрешни работи „Центар – Бит пазар“ укажаа дека за потребите на Полициска станица од општа надлежност „Центар“, потребно е времено користење на службени патнички моторни возила во сопственост на Општина Центар.Општина Центар од почетокот на здравствената криза спроведе повеќе активности за поддршка на полициските станици кои се наоѓаат на територијата на Центар и во текот на изминатата година беа обезбедени нови велосипеди и велосипедска опрема за припадниците на полицијата, како и обезбедување на дезинфекциони средства, заштитни маски и отстапување на општиснки службени возила за успешно и ефикасно организирање на работата во услови на пандемија.„Апелирам до сите жители одговорно да се однесуваат и доследно да ги почитуваат мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство. Вирусот е опасен и само со координирани активности, хуманост и одговорност ќе можеме да се справиме со него“, изјави градоначалникот Богдановиќ.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

17-03-2021-Kostadinov1

Костадинов: Пописот ќе биде безбеден по здравјето на сите, по 20 години неопходно е спроведување на таква статистичка операција

Секако дека како одговорна партија и како парламентарно мнозинство и како Влада којашто навистина дава се од себе за справување со оваа пандемија од Ковид 19 вирусот, вреди да упатиме порака до граѓаните дека навистина пописот како статистичка операција ќе биде безбеден.Овде државата гарантира дека попишувачите максимално ќе ги почитуваат јасно утврдените здравствени протоколи, се со цел за да го заштитат здравјето свое но секако и на граѓаните.Фактот дека 20 години немаме спроведено попис како статистичка операција секако не упатува на тоа дека навистина таквата операција е неопходна и е во интерес и на граѓаните и на државата, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање за пописот.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Arsovski-1703

Арсовски: Заев направил кривично дело кога се јавил кај Виолета која е партиски војник на СДСМ, тогаш немало одлука на влада

Од прв до последен во Влада на чело со Заев, сите до еден лажат. Пред само 2 дена кога излезе скандалот дека Заев лично ѕвонел да се пропуштат луѓе на граничен премин Деве Баир, од Влада испратија соопштение дека се груби манипулации.  Вчера самиот Заев призна дека се јавил кај службеничка со прекрасен глас, по име Виолета, како што можеше да се види по медиумите и излажа дека не ја познавал службеничката и нејзе и кажал да бидат пропуштени возилата, нормално како загрижен за своите граѓани, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Бидејќи Заев вели дека бил загрижен за граѓаните и сакал помогне, ние сега од оваа говорница ќе му вртиме на телефон да му ги поставиме, суштинските прашања кои ги имаат граѓаните и да видиме колку е загрижен и достапен.Ова е бројот кој што сите граѓани односно го знаеја, и еве на овој начин е достапен Заев, за граѓаните. Бројот не би го кажувал јавно, но ова е број кој го имале соработници, новинарите и граѓаните кои го поздравија овој чин лично да му ѕвониме но очигледно е дека сепак не е достапен за граѓаните, туку е достапен за оние негови најблиски кои ги пропушта и ургира за нив на граничните премини.Бидејќи не е достапен за обичните граѓани, и бидејќи не може да стигне никој до него освен тие што му се најблиски, тука јавно ќе ги прочитаме оние три прашања суштински кои сакавме да му ги поставиме во име на граѓаните, оние обични граѓани кои не можат да стигнат до него.Господине Заев бидејќи велите дека сте загрижени за граѓаните сакаме да ве прашаме бидејќи и ние сме загрижени за здравјето на граѓаните, кога ќе стигнат вакцините што ги ветувате половина година и бидејќи досега починаа над 3.300 граѓани на Република Македонија?Второ прашање, дали чувствувате одговорност и барем грам срам за овие над 3.300 жртви од корона, бидејќи не успеавте да им донесете вакцини од едноставна причина бидејќи поважни ви се провизиите?Трето прашање за крај, дали како што не знаете каде е Драги Рашковски, дали сега не знаете каде е вашиот прв соработник Љупчо Николовски и дали е на одмор во Дубаи?Ова се суштинските прашања на кои треба да одговори Зоран Заев, а очигледно само пред медиумите е слаткоречив, достапен и загрижен за граѓаните, за сите останати е недостапен, односно за обичните граѓани.Едноставно се она кое што го прави и кажува е само шминка и филм за манипулација на граѓаните.Сега да се навратиме на случајот со пропуштањето и ургенцијата на возилата.Најпрвин, со ова Зоран Заев сакаше да ја изманипулираше јавноста, се обиде да сокрие за ваквиот скандал и откако беше фатен во тесно, мораше да признае.Со ова извршил злоупотреба на службената должност и извршил влијание врз службеничката, која ниту смее да прима наредби од него, ниту пак да постапува.Таа единствено смее да постапува согласно законските можности и одговорност која ја сноси на работното место, вклучително по наредба на нејзините претпоставени, а нејзин претпоставен не е Зоран Заев.Потоа, скандалозно е што едно од возилото било странско возило од Косово, со косовски регистарски таблички и косовски државјани внатре, што е спротивно на она што го говореше државата дека биле македонски државјани, и е спротивно на било кој заклучок на било која седница на владата Владата.Владата се обиде да сокрие, а се уште останува отворен сомнеж, дали и што можеби превезувале овие возила и дали некој направил претрес и записник што се пуштено по ургенција на Зоран Заев?Зошто и по чија наредба, а веруваме по наредба лично на Заев, е менувана службената белешка од службеничката со прекрасен глас Виолета, каде што најпрвин било заведено дека Заев лично ургирал за возилата, а потоа во следната беше истото избришано?Инаку, според нашите информации, а веќе и медиумите пишуваа службеничката со прекрасен глас за која лаже Заев дека не ја познавал, се вика Виолета Ангеловска, мајка на екс-советник од редовите на СДСМ, Дарко Ангеловски, кој е сега вработен од СДСМ во МВР како инспектор, односно и службеничката Виолета и нејзиниот син се партиски членови на СДСМ за кои Заев вели не ги познава, а им се јавил, односно и се јавил на службеничката. Повторно лаже.За крај, сакаме јавно да прашаме, колку камиони со тутун, колку камиони со психотропни супстанци, колку камиони со марихуана, колку камиони со шверцувана брендирана облека, колку возила со мигранти се поминати низ граничните премини на Република Македонија, само со вакви јавувања како што се јавил Заев кај службеници со прекрасен глас или на било кој од Владата што ѕвонел кај негов познат службеник?Одговорност за ваквото шерифско – монархиско однесување мора да има. Одговорност мора да сноси и Заев, одговорност мора да сносат и службениците кои биле на смена на Деве Баир, одговорност мора да сноси и Оливер Спасовски.Законите треба да важат еднакво за сите и ова не смее да ни се случува. Трулиот систем мора да ги заштити своите граѓани на Република Македонија од вакви девијантни однесувања. Вакво зло како Зоран Заев мора да си оди.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

urinira

МВР: Расчистен случајот со сквернавењето на државното знаме, на знамето уринирал малолетник

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знама на Република Северна Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“. Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик.фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

Petrusevski17032021

Петрушевски: Патувањето на Николовски „Путерот“ и Рашковски на одмор во Дубаи и Мексико ќе потрошат колку што му треба на едно семејство за живот за две години

Народ гладува, повеќе од половина милион граѓани живеат со под 2 евра на ден, 55.000 ги загубија своите работни места, 6.200 фирми се затворија. Владее општа мизерија, заради власта која е неспособна, а Љупчо Николовски - Путерот и Драги Рашковски, баш во овој момент решија да се почестат одмори во Дубаи и Мексико од по десетици илјади евра.  Ова се луѓе одлепени од реалноста и забегани од криминалот, истакна Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Петрушевски на прес конференцијата додаде:Од тоа што може да се види низ интернет страниците на сајтовите за букинг станува јасно дека одмор во Дубаи чини околу 10.000 евра, односно 600.000 денари, тоа е колку годишните примања на една цела фамилија, од тие пари тие плаќаат сметки, живеат, школуваат деца, па можеби и одат на одмор, ама не во Дубаи како Љупчо – „Путерот“.Рашковски во поглед на раскош и гламур го надминал Љупчо – „Путерот“, од тоа што се гледа на интернет страниците на сајтовите за букинг и туристички агенции, одмор во Мексико во овој дел од годината, со хотелско сместување и авионски карти чини некаде околу 20.000 евра.Само одморот на Рашковски чини колку 200 ваучери за туризам или 200 одмори на просечниот македонец.Двајцата врвни луѓе на Заев за одмор трошат буквално колку еден стан. За две недели Љупчо – „Путерот“ и Рашковски ќе потрошат пари, колку што се потребни за обезбедување на дом за некое семејство, кое нема покрив над глава.Ова се слики од некој од хотелите во Дубаи и Мексико. Да не ги мислите функционерите од власта. Ова е лудачка работа.Оставки веднаш!Срамно, неморално, нечовечки!Но тука се поставува уште едно прашање, кое не смееме да им го премолчиме. Од каде им десетици илјади евра за еден одмор. Платата на Љупчо – „Путерот“ и Рашковски е нешто околу 60.000 денари. За одмор во Дубаи и Мексико се потребни една односно две годишни плати на двајцата. Тоа значи дека или и двајцата не јаделе ништо две години за да идат на одмор, или имаат приходи кои не ги прикажале во нивните анкетни листови. Наскоро ќе знаеме!Пратеникот Петрушевски одговараше и на новинарски прашања.Новинарско прашање: Караџовски посочи дека иако е влошена корона состојбата тие како комисија не одлучуваат за пописот, односно се работи за политичка одлука, од друга страна од СДСМ тврдат дека епидемиолошката слика и Комисјата за заразни болести ќе имаат последниот збор, коментар за ова и дали останувате на ставот за законот за поништување на пописот?Одговор: Тоа е стилот на оваа влада во континуитет винонен да биде некој друг не таа, играње пинг-понг и префрлање на одговорноста помеѓу институциите. Апсолутно не знам дали постои разумен човекк во оваа држва којшто нема да го покрене ова прашање во време на пандемија, во време кога двесетина луѓе ги губат своите животи секој ден, во време кога неколку стотици дневно се заразуваат некој да спроведува попис и да ги посетува и да оди во домовите на тие граѓани, а да не си го постави ова прашање верувам дека е апсолутно на место. Онашто ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го направиме и го направивме е да поднесеме закон за попис со којшто овој попис ќе се одложи исто така во неколку наврати јавно и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски побараа одложување на овој попис во време кога ќе имаме соодветни услови за да оваа статистичка, а не политичка операција биде спроведена на соодветен начин.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања