Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

19-03-2021-Petrovska

Петровска: Мицкоски да одговори за финансискиот скандал на ВМРО ДПМНЕ, поврзан и со германскиот пратеник Цех

Нов скандал поврзан со ВМРО-ДПМНЕ и белата палата на Христијан Мицкоки. Угледни германски медиуми, Шпигел и Фокус, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија ЦСУ, Тобијас Цех поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, цитирам, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“, истакна Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.Петровска на прес конференцијата додаде:Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.Скандалот се поврзува со 2016 и 2017 година, време во кое советник и близок соработник на Никола Груевски му беше Христијан Мицкоски, потоа назначен и за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.По оставката на пртаеникот Цех од Германија, Мицкоски мора да излезе пред јавноста и да даде одговори:Од каде се овие огормни суми пари и на кој начин биле исплатени?Дали затоа финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница?Каква била улогата на Мицкоски прво како генерален секретар а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во дубиозното финансиско работење на неговата партија?Јавноста памети дека ВМРО-ДПМНЕ со години трошело милионски суми за лобирање и консултантски услуги и во Соединетите Американски Држави.Скандалите за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат и границите на нашата држава.Партијата која денеска е со замрзнат имот, со блокирани сметки е пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење.Овој скандал заслужува институционално внимание на нашите органи.Мицкоски е должен да излезе пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

tepacka-strumica

Девојката која беше нападната во Струмица: Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви

По Вчерашната брутална тепачка во центарот во Струмица во која беше истепан еден човек, на социјалните се обрати и девојка која тврди дека претходно била нападната од група вооружени лица, објави „Струмица денес“.„После сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје? Ги повикувам надлежните институцции да застанат во одбрана на вистината. Зашто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови“, напиша девојката. 

Македонија | пред 5 години

popis-1

Државниот завод за статистика објави нов повик за реонски попишувачи за претстојниот Попис 2021

Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021. Повикот се однесува само за реоните каде недостасуваат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач кој го познава местото и населението што живее таму, како и да има доволно попишувачи кои можат процесот да го спроведат на јазиците кои се загарантирани со Уставот на Северна Македонија.Огласот трае до 20 март 2021 година.Владата се приклучува на повикот на ДЗС, сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсот достапен на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdfНа повикот имаат право да се пријават и кандидатите кои се пријавија на претходниот повик за попишувачи, но не беа во можност да присуствуваат на тестирањето.Приоритет во спроведување на сите фази од пописот е здравјето на попишувачите. Со таа цел, усвоен е Протокол за превентивни мерки при спроведување на Пописот, а со доследно почитување на истиот, попишувачите но и сите граѓани можат да бидат сигурни дека попишувањето ќе биде спроведено безбедно.За ангажманот лицата ќе добијат соодветен надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија од страна на ДЗС.Успешно спроведен попис е врвен приоритет на Владата на Северна Македонија. После 20 години, наша обврска и одговорност е да обезбедиме релевантни податоци за населението, домаќинствата и становите, податоци кои се основа за креирање на политики кои одговараат на потребата на сите наши граѓани.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во понеделник започнува првата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Во понеделник (22.3.) започнува првата фаза од реконструкцијата на една од најпрометните улици во Општина Центар, но и во Скопје, улицата „Орце Николов“. Првата фаза на реконструкцијата започнува откако се заврши целата административна постапка, се извршија последните подготовки за почеток на реконструкцијата, се отстранија дрвените бандери и кабловските оператори завршија со преместувањето на каблите и инсталациите под земја.Целта на реконструкцијата е да се зголеми безбедноста на улицата „Орце Николов“ преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со самото тоа да се намали бројот на сообраќајни незгоди на овој потег. Со реконструкцијата ќе се даде поголем приоритет на пешаците, со тоа што ќе се стимулираат пешачките токови и ќе се зголеми безбедноста при нивното движење по цела должина на улицата.Со реконструкцијата ќе се воведат велосипедски ленти кои ќе овозможат поврзување на велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за транспорт, со останатите велосипедски патеки кои веќе постојат или се предвидени согласно Планот за развој на велосипедски патеки на Град Скопје.Првата фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улицата „Орце Николов“, од раскрсницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до пред раскрсницата со улица „Ленинова“ (Аминта 3-ти). За да се реализира оваа фаза се предвидува улицата „Ленинова“, на делот од раскрсницата со улица „Орце Николов“ до раскрсницата со булеварот „Партизански Одреди“ да се пушти со двонасочен режим на сообраќај. Додека трае првата фаза паркирањето на улицата „Орце Николов“ ќе биде забрането, а на останатата улична мрежа сообраќајот останува по постојниот режим.Целосната реконструкција на улицата ќе биде поделена во шест посебни фази, од кои секоја ќе опфаќа посебен дел од „Орце Николов“. Реконструкцијата на улицата ќе го опфати целиот потег кој е под надлежност на Општина Центар, од раскрсницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“.Реконструкцијата на „Орце Николов“ ќе опфати површина од вкупно 7.182 метри квадратни и се очекува да биде готова во јули, а целиот зафат ќе чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

Vrba-HBO-GO

„Врба“ на Mанчевски почнува да се емитува на HBO Go

Трофејниот филм „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски постигна уште еден значаен успех – утревечер во 20.30 часот филмот ќе има премиера на најреномираната стриминг платформа за прикажување филмови Ејч-Би-О Гоу (HBO Go) на каналот Синемакс 2 (Cinemax 2). „Врба“ ќе биде емитуван повеќе пати пред публика во 18 земји во текот на 2021 и 2022.По светската премиера на филмскиот фестивал во Рим, каде доби петминутни овации од публиката, „Врба“ се прикажа на над 20 филмски фестивали на четири континети, освои пет награди, меѓу кои Сребрена Палма на Мостра Де Валенсија во Шпанија и награда за најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот. „Врба“ ги сруши рекордите на гледаност во кино и телевизија во Македонија, беше македонски кандидат за Оскар, влезе во 40 најдобри филмови во Европа според ЕФА и доби ласкави критики секаде каде што играше.„Три приказни за македонско мајчинство одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски“ се вели во рецензијата на филмското списание Варајети. Скрин Интернешнал за „Врба“ вели дека е „Величествен, трогателен, длабок.“, а Холивуд Репортер го опиша како „Фасцинантен... Заслепувачки...“„Кино Лобер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД, ги обезбеди правата за дистрибуција на „Врба“ на територијата на САД и планира да започне со дистрибуција годинава. По премиерата во Унгарија, во текот на 2021 – во зависност од развојот на ситуацијата со Ковид-19 –предвидени се кинопремиери на „Врба“ во Србија, Белгија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора и Велика Британија.Во главните улоги настапуваат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. „Врба“ е во продукција на Банана филм, Баба филм, Пионер пикчрс во Унгарија, Тиранскиот филмски институт во Албанија, Сага филм и БНП Парибас фортис филм фајнанс во Белгија.Манчевски се подготвува за снимање на неговиот седми долгометражен филм „Кајмак“, поддржан од Агенцијата за филм, како и од Данскиот филмски институт и Македонската Радио Телевизија. Копродуцент на филмот е Мета Луис Фолдагер Соренсен, продуцентката на филмовите „Меланхолија“ и „Антихрист“ на Ларс фон Трир и данскиот кандидат за Оскар „Кралската афера“. 

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

15 лица го прекршиле полицискиот час, а 533 лица казнети за неносење маска

Од 22 часот (18.03.2021) до 05 часот (19.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (18/19.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 533 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

inicijativen-odbor-VMRO

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: Еуфоријата на се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за одложувањето на Вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен

Еуфоријата на се уште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за одложувањето на Вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен и колку го интересира само сопствената функција.Христијан Мицкоски успеа да ги загуби изборите во Ново Село и покрај тоа што градоначалникот познат како Боро-Малборо беше фатен во шверц на цигари, се вели во соопштението од инцицијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ.Тие во продолжение на истото додаваат:Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и локалните избори во Охрид, иако дури и Гордана Силјановска таму победи.Христијан Мицкоски успеа да ги загуби и Претседателските и Парламентарните избори во 2019 и 2020 година.Христијан Мицкоски избега од изборно соочување во Штип и избега од заземање на став по однос на референдумот.Мицкоски овие четири години стана синоним за пораз.Очекувано е човек кој доживеал целосен дебакл да се радува само затоа што се одложило неговото заминување од функцијата.Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови, додека останатите членови се соочуваат со драконски казни.Нема член на СДСМ кој не смета дека „Мицкоски треба да си го пазат како очи во глава“ и дека тој е омилениот спаринг партнер кој си го нокаутираат по договор.Мицкоски и нанесува штета и на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.Мицкоски има неколкукратно понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и ја влече партијата надолу, а меѓу два изборни циклуси успеа да загуби 150 000 гласови.Колку порано Мицкоски си замине од претседателската функција, толку подобро и за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ.Јасно е дека тој нема капацитет да ја води партијата.Отпорот против Мицкоски во партијата се зголемува и се ближи крајот на неговите партиски бизниси.Иницијативниот одбор за организирање на Вонреден конгрес навремено ќе ги информира делегатите и јавноста за сите идни чекори.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

soobrak-1

ФОТО: Возило забиено во дрво после Сити мол

На социјалните мрежи се објави фотографија од сообраќајна несреќа на која се гледа како автомобил се забил во дрво пред Лептокарија.Засега не се познати прилините за несреќата, како ни тоа дали во несреќата има повредени лица. фото: Твитер

Скопје | пред 5 години

orce-kamcev

Ременски: Камчев потврди дека ниту јас, ниту мојот сопруг, ниту членови на моето семејство го познаваме семејството Камчеви

Иако скоро сите присутни во судницата вчера ги слушнаа двата јасни искази од сведокот Јордан Камчев дека, "г-ѓата Фросина Ременски ниту ја познавам, ниту сум ја видел", сакам да кажам зошто овој исказ за мене е важен:Овој исказ кој се совпаѓа со сето тоа што повеќе од година ипол го зборувам јавно, а тоа е дека "Ниту јас, ниту мојот сопруг, ниту членови на моето семејство го познаваме семејството Камчеви" и дека, "Не сме биле во некаква комуникација". Никој, па ни Камчеви не го демантираа - го потврдија, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Таа во објавата додава:Овој исказ ги негира сите претходни манипулации кои во континуитет, свесно и за пропагандни цели повеќе од две години се плетае околу моето име и името на мојот сопруг за некаква наша вмешаност во случајот "Рекет", Катица и Камчеви.Овој исказ од вчера е спротивен на сите навивачки и обвинувачки тези кои беа изнесени во деновите на моја жалост дека, Камчев е приведен за да не сведочи во Меѓународен сојуз и дека мојот сопруг Јовче Ременски напишал и наредил негово приведување и притворање. Комплетна лага и тенденциозна невистина.Не дадов изјава за новинарите вчера за трите точки, зошто знам дека сите присутни вчера го сфатија кажаното.Не сакав да изјавам ништо, не затоа што немав што да кажам и за сведочењето на Агапи Дика што не оди во прилог на тезите на јавното обвинителство, напротив. Не сакав да бидам дел од продолжување на темата и манипулациите кои би се плетеле околу мојот сопруг, некакви службени белешки, АНБ и слично во контекст на Камчев. За тоа има одговорен директор на АНБ кој е овластен да дава изјави за работата и за се' што е поврзано со тоа. Има и други институции кои треба да дадат одговори.Таму е и Горан Николовски Џони, можеби тој има повеќе службени информации и "лојалност" кон Камчев, нека си го прашаат по адвокатска линија.Сум немала и немам причина ниту да го сакам, ниту да го мразам Камчев. Вчера видов дека сите манипулации околу неговото приведување на штета на Ременски не успеале да го наведат да сведочи лажно!Овој исказ не беше главна поента во сите медиумски известување од вчера. Некаде скоро и да ја нема во целината на кажаното од Камчев, но како и да е, убедена сум дека полека но сигурно, сите злонамерни фами ќе се разбијат, напиша Ременски на ФБ.извор: ФБ Фросина Ременски 

пред 5 години

humanost

Успешно завршена првата акција за помош на Елеонора

За седум денови или една недела се собраа средствата за првиот третман на малата Елеонора Тодоровска, која треба да се лекува во Турција од ретката болест леукодистрофија. Семејството успеа со донациска помош преку телефонските линии на Телеком и А1 да собере средства за третманот кој чини 17.400 евра.За ова, тие изразуваат особена благодарност до секој еден кој и со најмал придонес помогна и се приклучи во борбата на Елеонора, која повторно и се спротивставува болеста поради која две години ги минува низ болничките ходници.„Поради тоа што секој придонес е исклучителен и исто важен, неизмерно благодарам на сите донатори, медиумите, споделувачите на објавата низ социјалните мрежи, сите граѓани и фирмите кои се вклучија во акцијата. Без сите вас, оваа мисија немаше да биде успешна“, велат родителите на Елеонора.Елеонора наскоро ќе замине на лекување во турската болница „LIV hospital“, што ќе беше невозможно без сите донатори. На почетокот, кога фотографиите на Елеонора се споделуваа низ социјалните мрежи и медиумите, семејството беше потиштено поради тоа што само не може да си помогне. Но сега, откако целта е остварена, нивната радост е неизмерна.За потсетување, парите за лекување на Елеонора се собрани во важен период, кога болеста стагнира по последните третмани направи во Франција, што остава можност за подобрување на нејзината состојба. Докторите од турската болница уверуваат дека може да се стопира прогресијата на болеста, а таа да има подобар живот и детство, повторно сама да се храни и да биде дете како сите други, но надеж дека ќе застане и сама на нозе.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nikola-todorov-and-gruevski

Фокус: Зошто Тодоров, изминатиов викенд бил во посета на Никола Груевски во Будимпешта?

Некогашниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, изминатиов викенд го посетил поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски во Будимпешта, каде Груевски доби азил откако ја напушти државава во време кога требаше да почне да одлежува затворска казна, неофицијално дознава Фокус.Фокус додава дека не добиле одговор од Тодоров за причините и целите на оваа посета на Груевски, која се случува во време кога поранешни партиски и јавни функционери закажаа Конгрес за смена на актуелниот партиски лидер Христијан Мицкоски, што првично требаше да се одржи на 28 март, меѓутоа денеска беше одложен поради ситуацијата со корона вирусот.Инаку, Тодоров јавно го поддржа процесот за промени во опозициската партија, во кој активно беше вклучен и поранешниот шеф на тајната полиција и прв братучед на Груевски – Сашо Мијалков. Според Тодоров, партијата на чело со Мицкоски никогаш не може да го победи СДСМ. Текстот во целост на: Фокус. 

Македонија | пред 5 години

Ucebnik-po-Geografija-

Учебникот Географија за втора година гимназиско образование е повлечен од употреба

Учебникот по географија за втора година гимназиско образование, од денеска е повлечен од употреба, одлучи МОН, по препорака на Комисијата откако албански невладини организации и функционери реагираа дека содржи навредливи содржини за Албанците. Министерката за образование Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата со кое спорниот учебник се повлекува од настава..Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002 година.Комисијата констатирала дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат, согласно со дидактичко-методскиот пристап, за возраста на децата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pavle-1

Богоевски: Рашковски би требало веднаш да се врати од Мексико за да се разреши скандалот за набавката на софтверот

Поранешниот пратеник на владејачката коалиција предводена од СДСМ, Павле Богоевски, вечерва во емисијата „Само вистина“ истакна дека  се надева дека поранешниот генерален секретар а сега специјален советник во Владата на премиерот Зоран Заев, Драги Рашковски што поскоро ќе се врати од семејниот годишен одмор од Мекскико за да се разреши скандалот за набавката на софтверот кој Министерството за внатрешни работи ниту го добил, мути го користи иако е платен.-Очигледно е дека по другите случаи имаме сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, поготово во случаите со висока корупција. Не очекувам дека Рашковски ќе го прекине 14-дневниот одмор за да се врати, но се надевам. За очекување не би сакал да преудицирам, но се надевам дека што е можно побргу ќе се врати и да биде расположлив за органите на правдата. И мислам дека ова ќе биде уште еден многу добар тест за нашите институции, истакна Богоевски.Богоевски не сакаше да го коментира заминувањето на Рашковски од земјава.фото: PRTSC Канал 5 

Македонија | пред 5 години

mickoski-protest

ВМРО-ДПМНЕ за пропаднатиот вонреден конгрес: Уште една инвестиција на Заев пропадна, не успеа да инсталира свој човек во опозицијата

Во врска со откажување на таканаречениот вонреден конгрес на иницијативата Мериот, ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:Уште една инвестиција на Заев пропадна.Уште еден пораз за тоа да се инсталира контролирана опозиција.Ова е и најголем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави но и дека луѓе кои уценети одработуваат за Заев не може да бидат иднина. ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини.ВМРО-ДПМНЕ е отворено за сите чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите. Македонската пролет доаѓа, велат од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

obvinitelstvo1

Обвинителството отвори предистрага за софтверот на Рашковски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за „определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни“. Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите ќе постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Во меѓувреме, откако беа издадени наредбите, Министерството за внатрешни работи до обвинителството достави известување во врска со нивното постапување во случајот.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

27-april

Богојески: Да бевте толку ангажирани за осудените за 27ми, како што сте за Орцето Камчев, одамна ќе бевме друга држава!

Да бевте толку ангажирани за осудените за 27ми, како што сте за Орцето Камчев, одамна ќе бевме друга држава!Тие се потрошен материјал, а Орцето мора добро да живее на сметка на таквите како нив!Мицињата комплет сте завалијата, напиша на својот ФБ профил промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески.фото: ФБ Петар Богојески

Македонија | пред 5 години

hag-sud

Хашкиот суд ќе уапси познат политичар од С. Македонија?

На барање на Хашкиот трибунал познат политичар од Македонија ќе биде уапсен заедно со уште дваесетина косовски функцуионери, а тоа ќе направи голем потрес во Македонија и на Косово, открива за Сител косовскиот политичар и новинар Миљаим Зека, објави СИТЕЛ. Зека вели дека имал увид во хашкото обвинение во кое се наоѓаат имињата на овие функционери, а едниот од нив е актуелен политичар од Македонија.Текстот во целост на: СИТЕЛ.  

Македонија | пред 5 години

120190420_222432

Иницијативниот одбор го одложи вонредниот конгрес во ВМРО ДПМНЕ

Иницијативниот одбор за свикување на Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, ja информира јавноста дека донел одлука за одложување на конгресот закажан за 28 март во Скопје.Како што велат од оборот, ваквата одлука е донесена заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки.„Навремено ќе ги информираме делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, се наведува во краткото соопштение за одлагањето.Иницијативниот одбор бара оставка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и избор на ново раководство преку вонреден конгрес. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

oruzja

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 17 март, во својот дом во селото Рашче, осомничениот 34-годишник држел полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 мм и 25 куршуми од тој калибар. Оружјето и муницијата му биле пронајдени и одземени при претрес на домот.Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Nastan-na-Finance-Think-Izvozno-orientirani-kompanii-24

Битиќи: Креираме политики кои ќе овозможат предвидливо бизнис опкружување и привлекување на капитално интензивни инвестиции кои ќе се се дел од домашниот и глобалниот вредносен ланец

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес учествуваше на панел дискусија која беше дел од настанот на кој беше презентирана публикацијата „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“, како дел од проект кој го спроведе тинк-тенк организацијата „Фајнанс тинк“, со финансиска поддршка од Владата на Велика Британија и британската амбасада во нашата земја.Пред почетокот на настанот во изјава за медиумите вицепремиерот Битиќи укажа дека Владата активно ја следи состојбата и преку реализација на соодветни економски мерки, со кои се зачувани работните места, се одржа ликвидноста на компаниите, а се стимулираше и понатамошен развој на бизнис субјектите, со што се успеа да се ублажат негативните ефекти, пришто падот на трговската размена стигна до -10%, а бруто домашниот производ во рамките на проекциите, од -4,5%.„Извозно ориентираните компании се оние кои ќе имаат голема улога во економското закрепнување.Токму затоа преку четвртиот и петтиот пакет на мерки веќе не зборуваме само за помош, туку и поттикнување на нови инвестициии активности на овие производствени компании. Тука би ги истакнал Фондот за поддршка на извозни компании, бескаматните кредити од Развојна банка, но и Законот за државна гаранција за кредитирање, кој ќе донесе дополнителна ликвидност за компаниите, а државата ќе гарантира за влогот. Преку отворен пристап и дискусија со сите релентни чинители сторивме се во рамките на можностите да ги ублажиме последиците и успеавме во тоа“, нагласи Битиќи во изјава за медиумите.Зборувајќи на панел дискусијата Вицепремиерот нагласи дека улогата на владите, како во нашата земја, така и во другите земји во светот, е да креира макроекономски политики за поддршка на стопанството и на граѓаните, за да се овозможи одржлив и побрз економски развој.„Постојат два начина во креирањето на политиките. Едниот е Владата да креира политики со коишто државата ќе ги носи на грб стопанствениците, што значи дека политиката ќе го трасира патот во економијата и државата ќе ги носи компаниите по него, додека вториот пристап е да се изгради патот, а бизнисот сам да го најде начинот да го помине тој пат. Верувам дека вториот пристап е вистинскиот и додека сум на оваа позиција, верувам дека заедно со сите чинители ќе го трасираме патот по кој потоа стопанството полесно ќе се движи“, започна во своето излагање Битиќи.Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања додаде дека отворениот пристап за соработка, со вклучување на сите релевантни чинители во креирањето на економските политики, се покажа како успешен модел во креирањето на краткорочните политики, особено значајни за справувањето со економската криза, а истотот важи и за создавање на долгорочни политики за развојот на економијата.„Државата, а тоа сме сите ние, не е само Владата и ние во изминатиот период покажавме дека кога има дискусија помеѓу сите чинители во општеството, мерките и политиките даваат соодветен резултат“, додаде Битиќи.Вицепремиерот заклучи дека наодите од публикацијата во голема мера се совпаѓаат со резултатите од анализите направени од страна на Владата и министерствата и дека веќе се започнати повеќе процеси со кои се прават напори за надминување на одредени предизвици, со кои се соочуваат извозно-ориентираните компании.„Требаше да се случи ковид кризата за да ние сите почнеме да размислуваме и гласно да дебатираме по едно многу важно прашање: Дали сакаме да креираме економија која се заснива на трудоинтензивни дејности или економија којашто се заснива на високи технологии, дигитализација и повисока продуктивност? Студијата јасно покажува која е разликата помеѓу извозно ориентираните компании и оние компании кои не се насочени кон извозот, а кои се однесуваат токму на технолошкиот развој, продуктивноста и работната сила. Клучно е што извозните ориентираните компании се дел од глобалните синџири на вредности, додека домашните компании многу тешко може да станат дел од овие глобални ланци на снабдување. Токму затоа зборуваме за вклучување на се повеќе компании во глобалните синџири на вредности, но мора да се почне од домашниот пазар, па преку регионалните пазари и потоа на глобалниот вредносен ланец“, рече Битиќи.Вицепремиерот потсети дека на последниот Самит за Западен Балкан, кој се одвива во рамките на „Берлинскиот процес“, во дискусиите кои се однесуваат за економска соработка на земјите од регионот, но и со Европската Унија, ја отворил дилемата дали земјите од регионот треба да продолжат да создаваат меѓусебна конкуренција или да се создадат процеси со кои ќе се подигне конкурентноста на целиот регион.„Треба да работиме заедно на подигнување на регионалната конкурентност, наместо дополнително да создаваме меѓусебна конкуренција. Само така ќе им дадеме можност на нашите компании, да станат дел од вредносните ланци, на локално, регионално или глобално ниво“, додаде вицепремиерот.Битиќи покажа дека ковид кризата покажа дека да се биде дел од вредносните ланци, може да биде и предизвик и предност, од една страна покажа колку извозно ориентираните компании се ранливи при вакви кризи, но исто така, покажа и дека овие компании имаат многу помал период на опоравување.„Извозно ориентираните компании беа силно погодени од кризата, но најбрзо се опоравуваат, затоа што многу брзо може да се прилагодат и да ги субституираат пазарите кои се физички далеку. Во овој момент имаме четири иницијативи од странски компании, за нови инвестиции од странски компании, кои со своето производство ќе субституираат друго производство кое претходно било извршувано во Кина или други далечни земји. Ние како мала земја имаме голем потенцијал, но само ако креираме предвидливи политики, предвидливо деловно опкружување и заедно да работиме на овозможување на услови за развој на компаниите, а со тоа и на економијата генерално“, заврши во своето излагање вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, а за време на дискусијата со присутните укажа на тоа дека државата прави сериозни чекори за да овозможи уште подобри услови за извозно ориентираните компании, при што посочи дека веќе се донесени автономни мерки за намалување на царини на околу 100 царински стапки, а веќе во процедура е и целосно усогласување на Царинскиот тарифник со ЕУ.На панелот заедно со вицепремиерот дебатираа и претседателот на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство и директор на компанијата „Костал“, Виктор Мизо, како и генералниот директор на домашна извозно ориентираната компанија „Раде Кончар ТЕП“, Горан Антевски, а настанот го отвори амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Република Ирска, Н.Е. Рејчел Галовеј.фото: Прес – ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и халуциногени средства

Денеска (18.03.2021), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР во кооординација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лиши од слобода М.С.(29) од Велес, со престојувалиште во Скопје. При претрес во дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога.М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

kina-korona-2

Денеска починати се 15 лица и нови 1.216 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола - 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.Направени се 3.761 тестови преку: ИЈЗ-732, ЦЈЗ Скопје-136, Авицена-345, Биотек-407, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Систина -303, лабораторија Лаор–202, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-8, Синлаб-78, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.246, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 51714, активни 6943Прилеп 6334, активни 944Куманово 6101, активни 479Тетово 5903, активни 433Гостивар 4151, активни 347Кавадарци 3990, активни 665Штип 3906, активни 249Велес 3888, активни 411Битола 3852, активни 413Охрид 3685, активни 518Струмица 2984, активни 254Струга 2545, активни 176Кочани 2046, активни 198Кичево 1849, активни 68Неготино 1677, активни 421Гевгелија 1552, активни 320Свети Николе 1164, активни 51Крива Паланка 993, активни 140Ресен 911, активни 112Дебар 809, активни 15Радовиш 809, активни 65Делчево 787, активни 65Берово 735, активни 84Пробиштип 618, активни 65Виница 548, активни 26Валандово 444, активни 72Крушево 396, активни 127Богданци 354, активни 67Кратово 306, активни 25Демир Хисар 306, активни 41Демир Капија 315, активни 77Македонски Брод 263, активни 11Пехчево 205, активни 17Македонска Каменица 195, активни 3Дојран 103, активни 7фото: Архива

Македонија | пред 5 години

strumica

(ВИДЕО) Страшна тепачка во центарот на Струмица

На Фејсбук страната Струмица онлајн објавено е видео на кое се гледа како десетина луѓе тепаат човек во центарот на Струмица.Тие најпрво го бркаат човекот, а потоа со шипки, клоци и боксови го удираат додека лежи.видео: ФБ Струмица онлајн

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev

Камчев: Го одбив проектот за старечки дом, на кој беше потпишан синот на Катица Јанева

Бизнисменот Орце Камчев бараше на обвинителна клупа да бидат и Лазар Јанев, синот на Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец кој го нарече амнестиран. Камчев кажа дека откако го одбил вториот проект за старечки домови, од кој, како што потенцираше, добивка имал Лазар Јанев, врз него почнала тортурата и бил покренат предметот „Империја”, објави Макфакс. „Фалат повеќе лица, лицето кое е амнестирано Зоран Кичевски-Милевски, фали Катица Јанева и синот. Од нив ми беа понудени. Правите селективно обвинение. Ми беше понудено од Зоран Милевски, синот на Катица Јанева и Бојан Јовановски. Ми беше презентирано дека има бизнис план во кој беше понуден шопинг центар во Општина Карпош, во која што детаљите не ги знам во моментов. Тие да наоѓаат брендови, ќе го полнат молот преку телевизијата и слично, јас да инвестирам. Не го прифатив проектот бидејќи сметав дека нема бизнис логик. Вториот проект беше финансирсање на старечки домови преку Меѓународниот сојуз, се изготви финансиски извештај, јас и Бојан ги водевме договорите за тој бизнис проект. Јас имав моја локација во Карпош. Бизнис моделот го праеше дечко од неговата компанија. Од моја страна имаше исто така вклучено луѓе. Беше спорна локацијата, капацитетот. Бојан Јовановски кажа дека не е во добри односи со гадоначалникот Богоевски, па затоа баравме друга лолација. Имавме спорни моменти за земјите од каде би доаѓале пациентите, што би трбало ние да субвенционираме од тој проект, беше прилично спорна јазичната бариера бидејќи беше најавено дека ќе доаѓаат од Скандинавија, а медицинарите не можат да комуницираат со нив. Договорот беше потпишан од синот на Катица Јанева, а не од Бојан Јовановски. Јас не го потпишав, ви кажав зошто, причините од економскиот дел. Мислев дека е прескап и за мене неисплатлив”, рече Камчев.Бизнисменот кажа дека не ги познава Фросина Ременски, Миле Јовановски, асистентката Кристина.„Немаше од кого да ми биде пренесено, беше потпишан синот на Катица Јанева. Лазар Јанев, потпишан од него. Дали Бојан и Лазар работеле заедно, како и што, не знам. На масата беа Милевски и Бојан Јовановски”, рече Камчев.извор: Макфакс. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“: Извини Заев, морално е, овојпат македонскиот народ ќе победи

Националниот Блок „Не отворам врата“ изразува големо задоволство од денешното признание на директорот на Државнито завод за статистика дека излезноста на пописот во странство е многу мала со што нашинците во странство масовно го прифаќаат планот на Националниот Блок “Не отворам врата“ да не се попишуваат на пописот.Националниот Блок „Не отворам врата“ сочуствува со непријатната ситуација во која сега е марионетската власт во Скопје, бидејќи многу брзо ќе треба да се прифати реалноста дека нашите во странство не сакаат да учествуваат на фалсификуван попис.Заев извини, ама морално е, прифатете ја реалноста дека овој пат македонскиот народ ќе ве победи, што подразбира дека македонскиот народ не сака да учествува на фалисификуван попис и затоа нашите во странство масовно не се попишуваат, пописот нема да успее, со што се отвора пат за идната народна власт да направи вистински и реален, а не лажен и фалсификаторски попис.Зоране, без оглед на фактот што претставувате силен противник со своите странски газди кои досега фрлија многу пари за уништување на македонскиот народ, овој пат сплотени како Македонци ќе ја добиеме битката за пописот поради нескршливиот аргумент: Македонците не сакаат да учествуваат на попис со кој Македонија дефинитно го губи темелот на државноста.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања