Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

samoubistvo-skopje

(ВИДЕО) Драма во Скопје: Полицијата спречи фрлање од зграда

Со навремена реакција на Полицијата спречена трагедија. Драматични сцени во Скопје. Полицијата интервенира и спречи трагедија. Спасено едно лице кое се заканувало дека ќе се фрли од зграда.Во акцијата учествуваше и специјалната единица на мвр, како и противпожарната служба на Град Скопје.

Скопје | пред 5 години

images_todorov-21

Тодоров му дава нова шанса на Мицкоски да победи на локалните избори и тврди дека тоа ќе е уште една победа за Заев

Овојпат се готови, им се ближи крајот. Доаѓа македонската пролет и народот ќе ја казни оваа ненародна владаДве илјади триесет и второ лето господово. Само што завршија парламентарните избори. СДСМ повторно тесно победи. Но, не може да се каже дека победиле затоа што во коалицијата имаа една партија повеќе од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека доколку имаа ист број на партии во коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе победеше. ВМРО-ДПМНЕ е моралниот победник и на овие избори, исто како и на претходните и на тие пред нив. Фактот што СДСМ повторно ќе направи влада ништо не значи. Нема да може да владее со тоа тесно мнозинство, парламентот ќе биде блокиран и нема да може седница да одржат, а и ВМРО веќе преговара со некои од пратениците од СДСМ за да се направи ново парламентарно мнозинство. Воедно на овие избори претходното раководство на ВМРО работеше против интересите на ВМРО и затоа виновни за поразот на овие избори се и тие поранешни функционери на партијата. Чекај, па нели победивме? Да, ВМРО е морален победник и затоа треба да му дадеме уште една шанса на Мицкоски. Во 2033 нѐ чекаат нови локални избори, на кои ВМРО има големи шанси да го освои Скопје кое долго време лошо го води СДСМ. Се сеќавате колку тесно и со каква изборна измама победи СДСМ во Скопје во 2029 година? Овојпат се готови, им се ближи крајот. Доаѓа македонската пролет и народот ќе ја казни оваа ненародна влада. Затоа да му дадеме уште една шанса на Мицкоски на овие локални избори, па ако загуби или не формира влада, Мицкоски ќе се повлече. Еве, човекот тоа и јавно го изјави. А, знаете дека Мицкоски секогаш си држи до зборот.Драги мои, ја знаете онаа српската за лудиот и збунетиот? Е, па тоа е.Сакав оваа колумна да ја завршам како една фикција, како една измислена приказна. Но, ова не е фикција. Ова не е измислена приказна, туку е прилично прецизна проекција базирана на искуство, истражување и на она што веќе го видовме. Да му дадеме уште една шанса на Мицкоски, значи да му дадеме уште една шанса на Заев.Да, секоја нова шанса на Мицкоски значи дека сме спремни и согласни да му дадеме уште една шанса на Заев. Доколку Мицкоски го следеше демократскиот чин на претходниот претседател на ВМРО и си заминеше по поразот на локалните избори 2017 година, кога тој беше генерален секретар, но и носител на листа во град Скопје, или пак ако си заминеше по референдумот, или пак по поразот на претседателските избори, на кои, исто како и на овие парламентарни избори, иако поразен ни се продаваше како морален победник, денес Мицкоски немаше да се бори да освои 20-тина градоначалници. Да, тој се надева дека ќе успее на овие локални избори да освои 20-тина градоначалници и тој пораз, математички прецизно, да ни го претстави како епохално подобрување на резултатот од последните локални избори за повеќе од 400%, но и како изборна победа на ВМРО. Морална де, повторно, ама кој памети и кој слуша?! Важно е да се зачува фотелјата во партијата, привилегиите, парите и моќта. Важно е по секоја цена Мицкоски да си организира приватен конгрес на кој ќе постави свои делегати, кои со сигурност ќе му веруваат на приказната дека поразот е всушност победа и дека 20-тина освоени градоначалници се доволни за уште еден чист четиригодишен мандат за Мицкоски. Па не може Заев секогаш тесно да победува! Ќе дојде време, по инерција еднаш и Мицкоски ќе победи. Секој кој вака ќе размислува, ќе може да биде делегат на приватниот конгрес што Мицкоски сака да си го организира. Секој кој на ова ќе се спротивстави, ќе биде слуга на Заев, предавник, платеник, уценет и што ли уште не. А во основа е обратно – со тоа што не си оди, Мицкоски му помага на Заев, па излегува дека тој е негов слуга, а можеби и уценет, или пак има нешто трето. Не знам, но едно знам: Давањето на уште една шанса на Мицкоски да ја води ВМРО и да освои 20-тина градоначалници на следниве локални избори е давање на победата на СДСМ и на Заев на тацна. Јас сум сигурен и убеден дека доколку Мицкоски денес си поднесе оставка, на следните локални избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Доколку не си поднесе оставка, нема.Колумнава е кратка за да ја дочитаат сите оние кои заради насловот мислат дека сум му се покорил на Мицкоски и сум ја свртел плочата. Не, драги мои, никогаш нема однапред да се помирам со пораз на ВМРО и никогаш нема да се покорам ниту на Мицкоски ниту на Заев. Да се знае, ако Мицкоски сам не си отиде оваа пролет, треба да биде сменет за ВМРО да победи. Да бидам прецизен, победа на локални избори значи повеќе гласови на листите за советници, или барем победа за градоначалник во град Скопје. Сѐ друго е математички прецизен пораз и само луд или збунет може да поверува во спротивното.Никола ТодоровИзвор: Дојче веле

Македонија | пред 5 години

Pesevska

Пешевска: Жената никогаш досега не била поранлива и понезаштитена, здравјето за власта е статистика на заразени и жртви, време е за оставки на Филипче и Владата

Се собравме да го кренеме гласот за сите неправди во здравството. Нашето место е на улицата, додека местото на оваа власт е во Мексико и во Дубаи, истакна на денешниот протест Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.Таа посочи дека го креваат гласот во името на сите засегнати луѓе од пандемијата.-Го креваме гласот во името на сите нас на сите на кои им е загрозено основното човеково право загарантирано со Устав, а тоа е здравјето. Бројките во нашата држава се немилосрдни и најголеми во цел свет. Најмногу заразени и мртви, а најмалку заштитени и вакцинирани. Затоа ве прашувам дали треба да сме неми набљудувачи на се ова што ни се случува? Жената никогаш досега не била поранлива и толку незаштитена. Соочени сме со можеби најголемиот предизвик досега, со короната, но и со најголема дискриминација на жените по сите основи. Пандемијата е катастрофална по женските права бидејќи кога имавме вонредна состојба, најголем дел од нас жените останаа дома да се грижат за домот и семејството, многу жени останаа без работа, а жените во приватниот сектор, цело време одеа на работа. Текстилните и просветните работнички беа принудени да одат на своите работни места користејќи јавен превоз во преполни автобуси, притоа ставајќи го својот живот и животите на своите семејства во ризик. Најмногу беа изложени и се уште се здравствените работници, кои уште на почетокот на пандемијата се соочија со недостаток на заштитна опрема, но и покрај се останаа на првата борбена линија против короната. Тие се херои на ова време и ја заслужуваат сета наша почит и благодарност, истакна Пешевска.Таа посочи дека како жена го крева гласот во името на сите трудници и сите хронично заболени лица кои имаат потреба од клексан, а во екот на оваа пандемија се соочија со недостаток на истиот. Апелира владата да спроведе итна набавка на клексан бидејќи секојдневно има реакции од граѓани кои не можат да го добијат.-Мораме да го кренеме гласот во името на сите наши сограѓани кои не можат да добијат термин за тестирање на коронавоирусот. Владата наместо да субвенционираше и овозможеше граѓаните бесплатно да се тестираат, народот беше оставен да талка по институциите за да на крај да мора приватно да се тестира. Уверена сум дека дел о ширењето на короната е последица на немањето на бесплатни тестови, па така луѓето со симптоми, барајќи начин за тестирање, без своја вина го ширеле вирусот. Оваа влада ветуваше бесплатно здравство, а пандемијата е прескапа и удира по џебот на секој еден граѓанин и истата оваа влада ги поскапе и струјата и водата во време на пандемија, со што поскапе потрошувачката кошница за секое едно семејство во Македонија. Ете така се грижи оваа влада за своите граѓани. Затоа треба да замине и веднаш оставка. Како жена сериозно сум загрижена за стравот кој се јавува кај жените трудници, но и кај оние жени и девојки кои во иднина би требало да се реализираат како мајки. По еден голем скандал кој се случи во Македонија, неприфатливо е во 21 век, кога технологијата секојдневно напредува во светот, ние во Македонија да се соочиме со случај да на една жена трудница и биде уништено репродуктивното здравје. Апелирам да не се доведеме во ситуација, губејќи ја довербата во институциите да се вратиме во0 средниот век па жените да се принудени да се породуваат во своите домови. Ако жената е таа која ја има дарбата дадена од Бог, да дарува живот, тогаш наша должност е да се грижиме за репродуктивното здравје на жената. Со тоа се грижиме и за иднината на светот, бидејќи безбедна жена значи безбедна иднина и здрави генерации. Доста е за сите лаги и манипулации, калкулации со нашето здравје не смее да има. Здравјето не е само статистика на заразени и жртви. Време е оваа власт да си замине и ВМРО-ДПМНЕ да ги исправи сите неправди. Време е за оставка., нагласи Пешевска.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev

Доктори од Систина бараа слобода за Камчев: Тој е директно потребен за реализација на активности

Доктори од болницата ,,Аџибадем Систина’’ со отворено писмо реагираат на притворот на Јордан Камчев оценувајќи дека судските мерки изречени кон него се престроги и дека тој и е потребен на болницата за да продолжи да работи.„Се обраќаме во името на колективот на најголемата приватна клиничка болница во земјата ,,Аџибадем Систина’’ која е дел од најголемата групација на болници во Југоисточна Европа „Аџибадем“ и дел од вториот најголем синџир болници во светот, малезиската групација IHH.,,Аџибадем Систина’’ е болница која вработува повеќе од 1100 луѓе, која располага со најреномираниот тим од 200 врвни специјалисти, дел од нив и универзитетски професори како и останат медицински и технички персонал кои придонесуваат за врвната услуга која ја нуди болницата на пациентите.Придонесите на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ и нејзиното значење за целиот здравствен систем во земјата се и повеќе од евидентни. Истите особено се изразени и континуирано се дополнуваат во ковид периодот каде што болницата со сите свои ресурси и капацитети се обидува да им излезе во пресрет на сите граѓани кои имаат потреба. Покрај целосната посветеност кон активностите поврзани со ковид во болницата и отворањето на инфективниот оддел во кој со врвен тим на инфектолози и останат медицински персонал се нудат најсовремени методи при грижата за пациенти заразени со вирусот, во текот на за сите особено предизвикувачката 2020 година како дел од ,,Аџибадем Систина’’ беше отворена и новата Педијатриска болница, единствена во регионот која ги содржи сите педијатриски супспецијалности и е распространета на 4.000 квадратни метри, а во нејзиното работење се вклучени 210 врвни професионалци.,,Аџибадем Систина’’ само во текот на 2020 година инвестираше близу 10 милиони евра во најсовремена технологија со што нејзиниот имиџинг – дијагностички центар е опремен со најновите достигнувања во дијагностичка опрема кои нудат квалитетна, брза и прецизна услуга на пациентите.Во периодот кога јавните здравствени установи беа оптоварени со притисокот од ковид кризата, ,,Аџибадем Систина’’ ги отвори вратите и за младите, идни доктори и со пионерскиот проект во државата Академска пракса ,,Аџибадем Систина’’ на 100 студенти, потенцијални доктори им обезбеди пракса со врвни услови и можност да учат од најдобрите доктори во најголемата и најсовремена приватна болница во земјата.Сето тоа е по заслуга и насоки на Јордан Камчев, како дел од највисокиот менаџмент на КБ ,,Аџибадем Систина’’. Неговите директни заложби во функционирањето на болницата не се само од аспект на Претседател на Одборот на директори на болницата тука и од аспект на припадност во големото семејство и тимот на ,,Аџибадем Систина’’. Камчев покрај тоа што е движечка сила и поддршка на сите проекти во болницата тој е и мотивација за сите нас кои сме дел од тој тим.Со оглед на тоа, тековната ситуација поврзана со Камчев неминовно влијае и на сите секојдневни активности и сериозни проекти кои тој ги има иницирано и со кои раководи во КБ ,,Аџибадем Систина’’ . Во тек се многу големи чекори кои тој ги спроведуваше, а доказ за тоа е дека само еден ден пред неговото приведување по негови насоки, согледувајќи ги сериозните потреби на граѓаните, итно и вонредно беше проширен капацитетот за хоспитализација на ковид – пациенти во болницата, со што покрај комплетно опремување и функционалност на новиот, дополнитен ковид центар се реализираа и нови вработувања на медицински персонал – двајца специјалисти инфектолози, доктори специјалисти за интерна медицина, пет доктори по општа медицина и нови 15 медицински сестри.Јордан Камчев е директно потребен за реализација на голем број на активности во Болницата, а престрогата мерка притвор е сериозно попречување на секојдневното работење.Целосно ги поддржуваме и охрабруваме сите правни процеси на институциите кои се во насока на донесување на правични судски одлуки. Со оглед на тоа дека за г-динот Камчев се веќе преземени други мерки за обезбедување – одземање на патни исправи и обезбедување со капитал и истите тој во целост безусловно ги почитува и редовно се јавувал на сите покани во судот сметаме дека моменталните мерки кои се применуваат за Камчев се неразумни и престроги и индиректно влијаат и на вработувањето на повеќе од 1100 луѓе во КБ ,,Аџибадем Систина’’. Бараме, додека судските постапки се сѐ уште во тек, при донесувањето одлуки за г-динот Камчев да се земат во предвид сите овие факти за неговата неопходна присутност во КБ ,,Аџибадем Систина’’, стои во овореното писмо на докторите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ruskovska-skopje1

Русковска дала исказ за случајот со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред два дена давала исказ за случајот со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.Предметот за тоа дали постоело бегство го води Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, а надлежна обвинителка е Ленче Ристоска. Русковска информацијата дека давала исказ ја соопшти денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77.„Знам дека колешката Ленче Ристоска го води тоа. Во четвртокот имаше исказ и од мене и од истражителите кои го лишија од слобода. Така што, за повеќе информации треба да се обратите до нејзе“.Русковска и денешното гостување ги повтори причините зошто не бил побаран притвор за Мијалков кога се даваа завршните зборови за предметот „Таргет-Тврдина“ во кој тој доби 12 години затвор од првостепениот суд.„Во завршните зборови немавме законска основа да побараме притвор, затоа што Мијалков ги почитувал мерките, се јавуваше на секое рочиште. Тоа е една страна, а од друга страна доколку тогаш би побарале притвор би прејудицирале пресуда и од тие причини во тој момент немавме законска можност да побараме притвор, а кога ние побаравме во неделата, судот не му одреди притвор, туку куќен притвор затоа што имавме непотврдени информации“, рече Русковска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dragi-raskovski

DW: Рашковски веќе станува камен околу вратот за Заев, а каде оди ВМРО ДПМНЕ?

Човекот кој му го донесе успехот во кампањата за излез од ЕУ, кој му ја осмисли победата на изборите, кој ги креираше политиките, стана камен околу вратот за Борис Џонсон и за партијата и неколку месеци подоцна поднесе оставка. Откако го фрли каменот околу вратот Џонсон се посвети на големиот проект за брзо вакцинирање на населението и таа кампања одлично му оди, објави www.dw.com. Во слична ситуација се најде премиерот Зоран Заев со неговиот советник и поранешен генерален секретар на владата, Драган Рашковски. Политичката штета што ја прави Рашковски со скандалот со софтверот и особено патувањето во Мексико, има продолжено дејство кон премиерот и СДСМ почнува да ги надминува рамките на првобитната афера. Особено со зајадливите и провокативни изјави од Мексико („овде е многу евтино“). Наместо да се обиде да го смири незадоволството тој од Мексико дополнително ја дразни јавноста. За жал на премиерот, фокусот на јавноста од Рашковски се префрла кон него. Тој веќе станува камен околу вратот за Заев. Колку повеќе го чува толку поголем ќе биде товарот. Политичката судбина на Рашковски веќе станува помалку важна. Треба да се менаџира перцепцијата на јавноста кон владата. Така е кога се владее – треба да се погледне целината на сликата, а не личната доверба и наклоност, а можеби и вербата дека тука нема ништо грешно. Политиката навистина е безмилосна: доколку еден запчаник во тимот почнува да прескокнува мора да се замени за да не се закочи целиот систем. Без оглед на пријателствата и довербата. Промените во политичката екипа се нормални и во тоа нема никаков спектакл. Тие се потребни за да не престане да се движи тркалото.На овој или на оној начин случајот со Рашковски ќе се разреши. Ќе видиме какви последици тоа може да има врз Заев. Многу поважно и подалекусежно за развојот на вкупната политика во Македонија се настаните во Будимпешта. Не загадочната аудиенција на Никола Тодоров кај кралот во егзил и следствено на тоа откажувањето на вонредниот конгрес подготвуван од бунтовниците во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е дел од вмровската сага за потрага по наклоност на Никола Груевски, а веројатно со тоа и на унгарските пари што се слеваат низ различни славини и во партијата и во нејзините медиумски испостави. Таа сага ќе трае, пишува  www.dw.com. За ВМРО-ДПМНЕ е од далекусежно значење излегувањето на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан од семејството на Европската народна партија (ЕПП). Судбината на Никола Груевски за партијата е важна, но многу поважни сега се дилемите на врвот на ВМРО-ДПМНЕ кога од ЕПП го снема нејзиниот најважен пријател. Можеби единствениот на кој безрезервно можеше да се потпре во демохристијанското семејство. Кога во средината на јануари Христијан Мицкоски и Александар Николоски беа во Будимпешта на средби со Орбан и шефот на дипломатијата Петер Сијарто (потоа и во Љубљана и во Загреб) лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тоа го објави како дипломатска офанзива.Од настаните во „семејната драма“ во ЕПП ВМРО-ДПМНЕ би требало да извлече одредени заклучоци и да размисли како и каде ова раководство ќе ги јакне врските. И кон каква идеологија ќе се приклони. Кон орбановската што ја заговара Јанез Јанша, кон малку помеката на австрискиот канцелар Себастијан Курц или кон класичниот демохристијански правец на најголемиот дел од партиите во ЕПП.Денови и месеци на големи искушенија за вмровското водство. Ова излегување на Фидес од ЕПП веројатно им ги отвори очите дека Орбан го гледа првенствено својот спас и во овој момент малку мисли на оние што што егзалтирано се насладуваа на илибералниот гулаш. Доколку вмровскиот труст мозоци остане приврзок на Орбан ќе ги оддалечи и оние малку партнери што им останаа во ЕПП. Доколку се оддалечи од Будимпешта може да секнат славините, а и судбината на Груевски да влезе во неизвесност. Тоа не е лесен избор, но ќе дојде моментот кога ќе треба изјаснување. А тој може да дојде многу брзо.Текстот во целост на:  www.dw.com. 

Македонија | пред 5 години

policiski-cas

(ВИДЕО) Склекови, брканици, марширање по празните улици и палење оган, како поминува полицискиот час на одредени места во земјава?

На социјалните мрежи граѓаните поставуваат видеа како поминува полицискиот час во одредени места во земјава. на видеото кое е поставено на Твитер се покажува прекршување на Владината одлука за полициски час, со тоа што граѓани за време на полициски час прават склекови, играат брканица, палат оган или маршираат по празните улици.-Се потрудив овие неколку дена додека трае пол. час да направам видео (погледнете до крај) и да покажам каква е реалната слика во некои населени места.Ви го зезнаа цел пол. час.Брканици, криенки, палење огин, не носење маски.ЗАШТО ЗАТВАРАЊЕ, ДА ДЕМОНСТРИРАТЕ НЕСПОСОБНОСТ? – стои во објавата на твитер.https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1372835043366830080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1372835043366830080%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Fsklekovi-na-ulica-marshiranje-brkanici-kako-izgleda-policiskiot-chas-niz-zemjava%2Fвидео: Твитер

Македонија | пред 5 години

20032021_PVRSM_Zaev_intervju_za_Delo

Заев за словенечко „Дело“: Во годината кога славиме три значајни јубилеи македонскиот мозаик сјае со најубавите бои

„Оваа година славиме три годишнини кои силно ја илустрираат современата историја и развој на Северна Македонија: 30 години од прогласувањето независност, 20 години од Охридскиот рамковен договор и 1 година од нашето членство во НАТО. Поубав пресек од тоа каде беше и каде е денеска нашата земја не може да се посака. Има ли нешто поубаво од мозаик? А, македонскиот мозаик сјае со најубавите бои“, потенцира претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за електронското издание на угледниот словенечки весник „Дело“.Премиерот Заев во интервјуто вели дека со Охридскиот рамковен договор во август 2001 година беше ставен крај на конфликтот и беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат низ дијалог и низ институциите.„Државата покажа капацитет да се справи со сериозен предизвик и притоа се потпре на своите партнери од меѓународната заедница. Во моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на тест, покажавме дека сакаме да живееме во заедничката држава и дека можеме да се сложиме да напредуваме сите заедно“, нагласува премиерот Заев во интервјуто за „Дело“.Заев додава дека Охридскиот договор е одраз на новиот дух на водење политики, политики коишто градат мостови, а не ги рушат, политики коишто ги сплотуваат граѓаните и не ги делат на патот на кој ја обезбедуваме иднината на нашата земја како дом во евроатлантската заедничка куќа со другите народи.„Нашата определба e да градиме и негуваме општество еднакво за сите, нашата цел e да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики. Токму оваа цел е посебноста и суштината на нашето заедништво. Тоа заедништво што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина. Затоа со право се залагаме и велиме дека различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. За наше заедничко богатство и за наша предност“, истакнува претседателот на Владата на Северна Македонија Заев во интервјуто за интернет изданието на словенечко „Дело“ кое ќе биде објавено и во печатеното издание на весникот.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

Изминатото деноноќие 13 лица не го почитувале полицискиот час, а 513 се казнети за неносење маска

Од 22 часот (19.03.2021) до 05 часот (20.03.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (19/20.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-1

Голема акција во Струга, уапсени синовите на Дилавер Бојку поради убиство

Полицијата ги пронајде и уапси Ербен и Бесник Бојку, синови на ликвидираниот Дилавер Бојку. Тие се приведени вчера на патот Струга-Дебар. Ербен Бојку, беше баран со потерници на Основниот суд Струга за отслужување на 21-годишна казна за сторени низа кривични дела меѓу кои и убиство.Двајцата браќа со себе носеле оружје, поради што е приведен и Бесник Бојку.– На 19.03.2021 околу 21.45 часот на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година, велат од МВР.Нивниот татко, познат како макро и бизнисмен Дилавер Бојку – Леку кој е и осуденик, беше убиен пред својата кафеана на плажа во Струга во 2017 година. Тој беше застрелан со куршум во чело. 33-годишниот жител на струшко село е осомничен за убиството.

Македонија | пред 5 години

19032021_PVRSM_sredba_gragjanskizhivotnasredina-5

Заев и Нуредини: Процесот за прогласување на Водно за заштитено подрачје е сѐ уште отворен за сите сугестии и предлози за најдобро решение

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини примија делегација на претставници на повеќе граѓански организации од сферата на заштитата на природата и животната средина, предводени од организациите „Го сакам Водно“ и „О2“, како и повеќемина експерти од оваа област, кои покажаа интерес за иницијативата на Владата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје, за која во досегашната јавна расправа поддршка дадоа над триесеттина граѓански организации и поголем дел стручната и академската јавност.Претставниците на граѓанските организации и експертите присутни на оваа средбата изразија очекувања дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје ќе ги земе предвид и аспектите на заштитната улога што ја има оваа планина за градот Скопје од поплави, ерозија на земјиштето и од пожари.Претседателот на Владата Заев и министерот Нуредини нагласија дека иницијативата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје се донесува врз основа на Законот за заштита на природата, кој е донесен по претходно усогласување со законодавството на ЕУ, и со кој се обезбедува интегрирана заштита на заштитените подрачја во корелација и со другите релевантни закони.Со одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје, беше нагласено на средбата, ќе биде донесен и План за управување на подрачјето и Просторен план кои по дефиниција ги опфаќаат сите пропишани мерки и активности за заштита на природата, а особено мерки за управување со просторот и утврдување на систем на мерки и активности за заштита од пожари и други природни катастрофи, меѓу кои и мерките за заштита од ерозија.Дополнително, во Одлуката ќе биде предвидено запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување во кој ќе бидат прецизирани мерките за заштита и за интегрирано управување со заштитеното подрачје.Премиерот Заев и министерот Нуредини на средбата истакнаа дека одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје сѐ уште не е утврдена во нејзината конечна верзија и дека процесот е отворен за сите сугестии и предлози во насока на најдобро решение кое ќе ги опфати сите аспекти за заштита на природата на планината, како и на другите аспекти за заштита.

Скопје | пред 5 години

LIDE-LIDE

(ФОТО) Филипче и ја исполни желбата на Лиде Лиде - конечно се запознаа

Жената која стана вистински хит поради коментарите на социјалните мрежи за министерот за здравство Венко Филипче и кого постојано го канеше на кафе, желбата конечно ѝ се исполни. Лиде Лиде конечно успеа да го запознае министерот за здравство Венко Филипче. Таа за оваа средба се пофали на  социјалните мрежи. Над фотографијата Лиде Лиде напиша: Конечно го сретнав“.На фотографијата се забележува дека иако не држат премногу растојание, сепак носат заштитни маски.  Посебно внимание привлекува заштитната маска на Лиде Лиде на која пишува „Лиде Венко“ со што уште еднаш покажа дека е негов вистински обожавател. фото: ФБ Ретро  Лиде

Македонија | пред 5 години

sestra

АСМЛ: Здравствениот систем мора да се реорганизира и мора да се вложи во него за да стане одржлив за сите

Срамота е тоа што некои лекари се оставени без одмор во пандемија што трае над 1 година а тие се први на удар, додека други се позаслужни граѓани. Срамота е што лекари дежураат без пари во сред пандемија, што немаат здравствено и социјално осигурување а пратениците си земаат плата и надоместоци и не одат да изгласаат промена на таквата состојба, стои во објавата на Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.Тие во истата додаваат:Срамота е што лекари акумулираат функции и што молчат за неправдата кон лекарите.Срамота е што нашата Лекарска Комора не ги заштити матичните лекари. Дури ниту се заложи за нивна заштитна опрема.Срамота е што колеги работат против колеги, а уште посрамота е што работат и против медицината базирана на докази и никој не сносува одговорност.Срамота е што немаме вакцини, ниту јасни протоколи, што нема клексани, што се трошат антибиотици како слатки.Срамота е што во 30 години независност немаме Клинички центар и централизирана терциерна заштита и едукација.Здравствениот систем мора да се реорганизира и мора да се вложи во него за да стане одржлив за сите.извор: Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.

Македонија | пред 5 години

panov

Еден од авторите на повлечениот учебник по географија: Оваа држава ќе биде слободна само тогаш кога овој учебник повторно ќе се стави во употреба

Денес, со еден тивок и небаре виновен глас ми се јави службеничката од МОН која, патем кажано е од албанската етничка припадност, и ми соопшти дека треба да си го земам решението за укинување на учебникот Национална географија за II-ра година гимназиско образование чиј еден од петте автори сум и јас, одлука која ја потпишала министерката Мила Царовска а во консултација со бројни “експерти“ од сферата на оваа проблематика. Што можев да и кажам освен тоа дека таа не сноси никава вина и дека решението може да ми го испрати по пошта на мојата домашна адреса.Во меѓувреме, денес прочитав бројни коментари во врска со оваа одлука а особено ме израдува тоа што најголем број од нив не ја одобруваат оваа одлука. Сепак, имаше и одреден број коментари кои истата ја одобруваат давајќи само паушални образложенија, а длабоко сум убеден дека скоро никој од нив можеби и не ја прелистал а камоли прочитал содржината на овој учебник. Исто така, длабоко сум убеден дека ниту Мила Царовска а ниту еден нејзин експерт не ја прочитале и не навлегле подлабоко во оваа содржина. Впрочем, еве ја изјавата на Царовска која дава образложение за укинување-повлекување на учебникот, напиша на својот ФБ профил Д-р Никола Панов, ред. проф.(во пензија).Во продолжение на објавата Д-р Никола Панов додава:“Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат согласно дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата. Исто така, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република Северна Македонија, што е спротивно на Законот за учебници за основно и средно образование“.Како еден од авторите одговорно тврдам дека овој учебник, кој патем кажано за првпат е издаден во 2002 година, е подготвен според утврдената наставната програма за реформираното гимназиско образование и врз основа на концепцијата за изготвување ваков тип учебници. Тој е педагошки и дидактички издржан и, според него, учениците се оспособуваат да ги воочуваат фактите, појавите, процесите и објектите кои се мошне битни за здобивање на основните национални, патриотски и интегрални знаења за нашата национална географија. Впрочем тоа го констатира и рецензентската комисија на чело со врвниот географ, веќе починатиот проф.д-р Васа Даскаловски кој, патем кажано, има толку голем број меѓународни и домашни трудови од врвен карактер што советниците на Царовска, а да не говорам засамата Царовска, сите топтан заедно не можат да го достигнат ниту во нивните најоптимистички соништа. Секако дека, а што ние авторите го имаме запишано во воведниот збор за учебникот, ги повикуваме сите добронамерни практичари да ни укажат за одредени забелешки и евентуално пријавените слабости, но не и еднострано и самоволно и без никакво посериозно образложение да се укине овој учебник. Впрочем, стриктно го демантирам штурото и во неколку реченици необјективно образложение дека дека учебникот е оптоварен со статистички и други податоци кои не одговараат согласно дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата како и тоа дека во некои наставни содржини се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република “Северна Македонија. Впрочем, корисниците на овој учебник не се деца, како што вели Царовска, туку се ученици во релативно поодмината возраст и се целосно подготвени да ги прифатат дадените содржини во учебникот а овој учебник не сме го напишале за граѓаните на Република “Северна“ Македонија, туку за Република Македонија. Доколку тоа и сметало на Царовска, редно е да излезе и да каже дека таа е една од причините а не да се плетка со образложенија кои ниту ги разбира а ниту се во нејзина надлежност. Впрочем, би ја запрашал Царовска, како последниве дваесеттина години истиот овој учебник бил добро дидактички и методски подготвен и не ја навредувал ничија култура и историја, одеднаш е методски и дидактички неподобен и културно-историски навредлив. На глупоста и нема крај.Сепак, а да нема некоја забуна, на сите им е познато дека учебникот се укинува најмногу заради, наводно, спорен текст кој се наоѓа на стр.104, на кој и укажале неколку невладини албански здруженија и кој текст, а се со цел самите да просудите, би го објавил во целост:Почетоците на првиот бран на доселувањето на Албанците во Македонија датира од пред 230 години, односно во периодот кон крајот на XVIII-от век, од 1780 година наваму, и тоа на почетокот во три правци, всушност преку три струи. Во тој период во околу 30 македонски села се населило албанско население. Првата струја била северноалбанската, или Дукаџинска струја, втората средноалбанска, или Шкумбиската струја, третата јужноалбанската, или Тосканската струја. Населението од првите две струи му припаѓало на албанското племе Геги и тие во Македонија се населиле во Дебарско, Струшко, Кичевско, Гостиварско, Тетовско, Скопско, Кумановско и дошле се до Велешко и Пелагонија. Јужноалбанската, или Тосканската струја му припаѓала на племето Тоски и таа била послаба од претходната. Во Македонија тие, главно, се населиле во југо-западниот дел од Републиката, и тоа во околината на Струга, Ресен и Битола.Вториот бран на населување на Албанци во Македонија се одвивал на почетокот на XIX –от век и траел до четвртата деценија на тоа столетие. Во тој период албанско население се доселувало во уште други триесеттина македонски села.Населувањето на албанското население во Македонија не се одвивало спонтано, туку во најголема мера насилно, плански, со помош на турската власт или на локалните аги и бегови, кои го дозволувале населувањето на албанското-муслиманско население. На ова укажуваат бројни автентични сведоштва. Македонците ги протерувале од родните села со многу сурови методи, како грабежи, киднапирања, убиства, физичко малтретирање-тепање, опожарување и слично. Според податоците од историскиот архив на Турција(Истамбул), во периодот непосредно по доаѓањето на Турците во овој дел од Македонија(1452-1453), регистрирани се 32 албански семејства во вилаетот Кемкалдален, денес Полог.Лично сметам дека последниов пасус е една од основните причини за да се укине овој учебник, што Мила Царовска не сака да го истакне како основа за укинувањето, а притоа не познавајќи ги и не респектирајќи ги историските факти кои се истражувани од врвни домашни и светски автори а меѓу кои и врвни албанолози, како што се: д-р Ристо Ивановски, д-р Каплан Ресули, Хирт, Вајганд, Томашек, Пушкариу и многу други. Ние, како автори, сме се послужиле со литературата на овие врвни истражувачи и не сме ги измислиле овие факти самите. Па така, одејќи според оваа аналогија на М.Царовска, ние треба со сличен декрет да ги забраниме сите трудови на наведените автори. Можеби не требаше да им ја дадам оваа идеја. Па сега вие проценете и ја паметта на министерката која се става над сите овие автори и со едностран декрет укинува нешто а да и самата не знае што, и се подлабоко и подлабоко се вплеткува во сертмето кое, најверојатно, и го плетат некои уште понеуки од неа, доколку такви постојат.Свесен сум дека на некои од моите сограѓани Албанци им смета реченицата дека: Македонците биле протерувани од родните села со многу сурови методи, како грабежи, киднапирања, убиства, физичко малтретирање-тепање, опожарување и слично.Во таа насока би сакал да кажам дека досега не ми е познато во светската историја дека ниту едно освојување на било каква туѓа територија, не било пропратено со убиства, грабежи, тепање, злоставувања и слично. Впрочем, кога доаѓале старите Словени на територијата на денешна Македонија зарем не ги убивале, пљачкосувале и малтретирале старите македонски племиња кои живееле овде, или пак Турците мирољубиво влегле преку р.Марица на Балканот, мирољубиво и без убиства и најсурови методи дошле се до Виена и мирољубиво владеел пет века на Балканот и сл. Ако се движиме по траекторијата на Царовска и нејзините гавази, тогаш значи дека треба да ја забраниме или промениме да се изучува историјата на старите Словени и други бидејќи тие, со нивните“мирољубиви“ методи на освојување ја навредувале културата и историјата на старите Македонци, од чија мешавина впрочем сме настанале ние денешните Македонци и сето тоа, така спакувано во обландата на неписмените, треба да го прифатиме како вистина од невистинитите.Од заменикот на Царовска, нека ми прости но му го заборавив името, денес слушнавме дека едно од образложенијата за укинување на учебникот се и некои податоци за демографските карактеристики кои не биле точни. Овде претпоставувам дека мислел на бројот на жителите и нивната етничка припадност. Одговорно тврдам дека сите податоци се превземени од соодветни валидни статистички центри и автори, како и од извори од турски архиви. Сите тие се јавни и достапни повеќе од 75 години а доколку заменикот министер, или пак Царовска, имаат забелешки на водењето на статистичките податоци и доколку сметаат дека не се точни, да се обратат до Државниот завод за статистика, кај Апостоле попишувачот, како и до авторите на бројните статии кои ја третираат оваа проблематика и истите целосно да ги повлечат, вклучувајќи ги и сите статистички годишници од 1951 па се до денес.Овој “струјно-политички “ удар најмногу ќе ги погоди учениците, географијата и историјата и секој ќе си ја толкува историјата, културата и географијата на начин, простете но не можев да најдам соодветен збор, како ќе му прдне.Оваа држава ќе биде слободна само тогаш кога овој учебник повторно, се разбира со определени стандардни дополнувања, повторно ќе се стави во употреба. Учебниците и образованието се огледала на секоја култура кои огледала кај нас, за жал, започнуваат систематски да напукнуваат. Кој е следниот чекор на министерката за антиобразование и нејзините истомисленици, напиша на ФБ Д-р Никола Панов, ред. проф.(во пензија). извор: ФБ Д-р Никола Панов, ред. проф.(во пензија).

Македонија | пред 5 години

park

Поради изградбата на ресторанот „Парк“, министерката за култура Стефоска вели ќе иницирам одземање на ингеренциите на Охрид и Струга

Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини, вели министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска.Стефоска додава дека во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство.фото: Охрид SOS 

Македонија | пред 5 години

Popis_2021

Левица: Агитирањето на функционери од Косово е доказ дека пописот е фингиран и мора да биде прекинат

Откако вчера Албин Курти, ги повика Албанците од дијаспората, масовно да се попишуваат на пописот во Македонија, тоа денес го направи и вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи. Покрај ова, вчера Првиот вицепремир Артан Груби се пофали дека неговиот сопартиец, Бујар Османи, од позицијата министер за надворешни работи на Македонија, лобира за признавање на Косово од страна на Шпанија. Ова покажува дека албанските функционери работат координирано на остварување на албанските етно-националистички агенди, а Пописот во Македонија, заедно со Предлог законот за државјанства, ќе бидат само уште неколку од низата такви политички алатки, кои ќе се искористат во истата насока, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Повикот од страна на косовските функционери до албанската дијаспора за таа масовно да се попишува, е флагрантен доказ за нивното мешање во внатрешните работи на Македонија. Дополнителен проблем претставува и големиот број лични карти за кои постои сомнеж дека се издадени под сомнителни околности на косовските државјани. Од друга страна, сето ова потврдува дека пописот воопшто не е обична статистичка операција, туку фингирана политичка операција која има намера дополнително да ја зголеми рамнотежата на моќ во полза на албанските партии. Загрижувачки е и тоа што за остварување на таквите цели се ризикува и здравјето на луѓето без разлика од која етничка заедница доаѓаат.Единствениот начин за пописот да биде откажан е неговото бојкотирање. Откажаниот попис од 2011 е пример, а и преседан, кој покажува дека со масовен бојкот може да биде одложен пописот. Тогаш пописот почна на 1 октомври и со колективна оставка на Пописната комисија (која сега е укината) беше прекинат на 10 октомври. Причината за неговото прекунување беше токму тоа што според тој закон не беше дозволено да се попишуваат лица кои се надвор од државата повеќе од една година. Покрај ова, исто така не беше дозволена можноста трети лица да даваат податоци и да попишуваат други лица (што тогаш беше барањето на албанските партии). Токму овие барања сега се легализирани со нивно имплементирање во законот за сегашниот попис, што целосно го подрива неговиот легитимитет и легалност.Со оглед на тоа што преседан веќе постои, а актуелниот Закон за попис не прави разлика меѓу вкупно попишано население и резидентното население, попишувањето би било погубно и затоа мора да биде стопирано.Поразителен е фактот што политичките чинители надвор од албанскиот блок на политички партии немаат црвст заеднички став во однос на државните и национални интереси, со што, надминуваќи ги своите партикуларни интереси, одлучно ќе се спротивстават на долгогодишната малцинска тиранија врз мнозинството, спроведувана преку етно-трибалистичките политики на албанските партии. Впрочем, токму ваквата состојба беше гнасно искористена од надворешните фактори при што резултираше со илегална промена на името на државата. Сега уште еднаш истата ваква состојба се користи и од страна на Бугарија за конечно укинување и на виталните елементи од национална посебност и државотворност на македонскиот народ. Ваквата агресивна офанзива од страна на албанскиот национализам мора да биде пресретната и превенирана со координирана акција, преку бојкотирање и поништување на пописот. Дури откако ќе биде донесен нов Закон за попис, кој ќе ја елиминира можноста за негово фингирање, тој може и треба да биде спроведен. А понатаму, потребно е и отстранување на сите елементи од политичкиот систем кои прават етнодиференцијација во владеењето како и во креирањето и спроведувањето на политиките на државно ниво, велат од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

koronavirus-1

Денеска починати 21 лице со КОВИД 19 и нови 999 позитивни случаи

Во последните 24 часа се направени 3.566 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2.Регистрирани се 711 оздравени пациенти од:Скопје – 264, Прилеп – 72, Тетово – 44, Охрид – 40, Гостивар – 33, Куманово и Битола – по 32, Велес – 29, Струга – 26, Струмица – 23, Штип и Крива Паланка – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Берово – 13, Крушево и Богданци – по 6, Кичево, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Кавадарци, Ресен, Валандово и Пехчево – по 2, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.Пријавено е вкупно 21 починато лице, на возраст од 50 – 90 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен. Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.566 тестови преку: ИЈЗ-543, ЦЈЗ Скопје-92, Авицена-420, Биотек-291, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Систина -325, лабораторија Лаор–260, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-65, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.271, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.Досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 52179, активни 7138Прилеп 6387, активни 923Куманово 6153, активни 498Тетово 5939, активни 425Гостивар 4189, активни 351Кавадарци 4033, активни 706Штип 3936, активни 262Велес 3936, активни 427Битола 3887, активни 416Охрид 3718, активни 509Струмица 2991, активни 237Струга 2548, активни 151Кочани 2062, активни 200Кичево 1858, активни 73Неготино 1714, активни 458Гевгелија 1575, активни 327Свети Николе 1166, активни 49Крива Паланка 1003, активни 133Ресен 915, активни 113Дебар 813, активни 19Радовиш 816, активни 69Делчево 789, активни 64Берово 741, активни 77Пробиштип 622, активни 65Виница 552, активни 29Валандово 452, активни 78Крушево 399, активни 124Богданци 360, активни 67Кратово 306, активни 24Демир Хисар 309, активни 43Демир Капија 321, активни 83Македонски Брод 265, активни 13Пехчево 205, активни 15Македонска Каменица 195, активни 3Дојран 103, активни 7 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Zaev

Заев преку Фејсбук ја повика дијаспората да се самопопише

Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината, објави премиерот.„Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се“, напиша Заев.На тој начин ќе знаеме, додава премиерот, како да ги подобриме услугите на дипломатско-конзуларните претставништва, но и ќе можеме да го искористиме потенцијалот на дијаспората за развојот на Северна Македонија и за промоција на земјата во светот.„Самопопишувањето е многу едноставно, а личните податоци се целосно и најстрого заштитени“, вели претседателот на Владата.извор: ФБ Зоран Заев

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На железничката станица во Криволак пронајдени 13 мигранти од Пакистан

На 18.03.2021 во 17.20 часот во близина на железничката станица во Криволак, полициски службеници од СВР Велес и ЕБР пронашле 13 лица – мигранти, сите од Пакистан. Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија и се работи на расчистување на случајот. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

fajzer

Пропадна надежта дека до крајот на месецов Македонија ќе ги добие вакцините на Фајзер - Македонија нема договор

Паднаа во вода сите надежи дека до крајот на овој месец Македонија ќе ги добие вакцините на Фајзер преку директниот договор – затоа што договор финализиран нема признава министерот Филипче, објави Алфа. На 30 декември имавме комуникација, кога ни потврдија дека ги исполнуваме условите за да потпишеме договор и оттогаш траат тие разговори. Имаат специфични барања за усогласување на условите за да се внесе вакцината тука, сега имаат и дополнителни барања. Ние го потпишавме договор и го вративме. Сега има некое дополнително барање од пред три дена, за одговорноста при евентуални несакани ефекти, има некои специфични барања и чекаме повратна информација, рече Филипче.Министерот Филипче и Владата уште во јануари се пофалија и тврдеа дека Македонија има обезбедно 800.000 вакцини преку директни преговори со „Фајзер“, и покрај тоа што до сега немаат потпишано никаков официјален договор за набавка на овие вакцини.Текстот во целост на:  Алфа.  

Македонија | пред 5 години

tepacka-strumica

Обвинителство отвори предмет по допрен глас за тепачката во Струмица​

По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, Основното јавно обвинителство Струмица вчера, по допрен глас оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка.Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот.Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на расчистување на настанот.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

humanitarna

Успешна хуманитарна акција, собрани неопходните продукти за таткото од Штип кој го хранел детето со шеќер и вода!

За само седум часа вчера во Штип се заврши акцијата за помош на самохраниот татко Љупче, организирана од страна на хуманитарецот Александар Георгиевски.Поранешниот пожарникар, кој откако се врати во родниот Штип, по подлог период поминат во Швајцарија, редовно е во служба на граѓаните кои се наоѓаат во незавидна состојба. Набргу по објавата на Љупче, кој самиот се грижи за својот син Андреј, живее во лоши услови и често не може да купи ниту млеко за детето и го хранел со шеќер и вода, Александар организираше акција на која веднаш се приклучија голем број на хумани граѓани, но и компании од Штип, објави Фокус.Текстот во целост на: Фокус

Македонија | пред 5 години

apel-pomos

Да помогнеме - потребни се средства за лекување

На социјалните мрежи се споделува  хуманитарна објава. Во објавата се образложува:Поради влошување на состојбата после прележан Ковид ,рехабилитацијата се одложува и хитно се потребни средства за пост ковид протокол во Белград.Тој протокол чини 17000 евра и сите собрани средства се пренасочуваат таму.Потребни се хитно уште 10000 евра .Донирајте спасете живот.извор: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

park

Охрид SOS поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор на објектот „Парк“

Ве известуваме дека откако до нас вчера дојдоа информации за рушење на објектот „Парк“, Охрид ЅОЅ денес поднесе иницијатива за итен инспекциски надзор до Инспекцискиот совет, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот управен инспекторат поради прекршувања на одредби од Законот за градење што претставуваат кривични дела според Кривичниот законик, се вели во ФБ објавата од Охрид SOS.Во продолжение на истата од Охрид SOS додаваат:Одобрението за градење е правосилно од 06 јули 2018 г., а првпат градежни работи се одвиваат во 2021 г. што е речиси една година ПО ИСТЕКОТ на важноста на одобрението за градење.Во самата претставка што ја поднесовме има обезбедено низа докази (видео и фотографии) за целосно отсуство на градежни работи пред 2021 г. што значи дека градежните активности кои сега се одвиваат се спротивни на законите и претставуваат кривично дело.Не може известување за отпочнување со градежни работи да се смета за почитување на обврската од чл. 66 ст. (1) од Законот за градење. Да можеше, така ќе беше формулиран ставот од членот.Поради тоа, во врска со отпочнатите незаконски активности за рушење на објектот на ресторан Парк, од надлежните институции за заштита на културното наследство и од градоначалникот на Град Охрид бараме:• Итно сопирање на сите активности на ресторан Парк, сè додека не се разгледа Инцијативата на Охрид ЅОЅ за прогласување на објектот за споменик на културата. Иницијативата е веќе поддржана и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.• Итно постапување по Иницијативата и ставање на објектот на ресторан „Парк“ под привремена заштита.Потсетуваме на извештајот на РММ на УНЕСКО (2017) каде што стои: „Урбанизација со низок квалитет влијае на крајбрежниот пејзаж. ...oвој дел на брегот веќе не изгледа природен, туку источкан со помали и поголеми градби (особено скоро изградениот Hotel Park Lakeside)“, а „лошиот архитектонски квалитет, во, и надвор од урбаните средини е закана за визуелните квалитети на доброто и закана по неговиот интегритет. Високите згради или било какви згради блиску до водата имаат големо визуелно влијание наштетувајќи му на интегритетот на доброто.“Доколку не постапите ВЕДНАШ, секој од вас ќе стане свесен соучесник во неговото уништување.Покажете барем елементарна грижа за светското наследство на Охридскиот Регион за да не бидете запаметени како варвари!За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.Мафијата повеќе нема да владее со единствениот УНЕСКО Регион во Македонија!извор: Охрид SOS

Македонија | пред 5 години

3-3

(ФОТО) Интензивно се работи на реконструкцијата на ул „Абас Емин“ и „15 ти Корпус“

Интензивно се одвиваат градежните активности за реализација на двата најголеми и најзначајни инфраструктурни проекти во Општина Охрид, а тоа е реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ и реконструкцијата на улицата „15-Корпус“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:На улицата „Абас Емин“ се работи на главните цевководи на атмосферската, канализационата и водоводната мрежа и непрекинато се спроведуваат нови приклучоци. Исто така се врши тампонирање на дел од коловозот, се поставуваат рабници и се уредуваат тротоарите.На улицата „15 Корпус“ се работи на нови приклучоци на водоводната линија и се поставува новата атмосферска канализација. Се врши уредување на тротоарите и велосипедските патеки од двете страни на коловозот, а на дел од улицата веќе е поставено ново улично осветлување.Продолжуваме да реализираме важни инфраструктурни проекти за нашиот град! фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања