Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

2-1-1

Се бара притвор за две лица на 23 и 41 година поради обид илегално да препродадат поголемо количество марихуана

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 23 и 41 година. За првиот, жител на струшкото село Ливада, постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Вториот, жител на кичевско Зајас, е осомничен дека ги сторил кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22, Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1, како и Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имено, во текот на месецов двајцата заедно неовластено набавиле наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од околу 180 килограми, спакувана во 7 торби во кои имало 180 најлонски пакувања. Дрогата наменета за продажба неовластено ја држеле на неутврдено место, па на 20 март, со автомобил со струшки регистарски ознаки ја пренеле од Скопје во селото Манастирец, Росоман каде биле откриени од полициски службеници.Откако полицајците му дале јасни и недвосмислени светлосни и звучни знаци да застане со автомобилот, првиот осомничен не ја почитувал наредбата и продолжил да се движи, оштетил три службени возила на МВР и значително го загрозил животот на полициските службеници кои ги издавале наредбите за застанување.Вториот осомничен, пак, без дозвола набавил и кај себе држел огнено оружје – пиштол марка „Парабелум“ со калибар од 9 мм, како и рамка со 10 куршуми за тој пиштол.Исто така, вториот осомничен преправил вистинска јавна исправа – полициска службена легитимација на друго име, на која ставил своја фотографија со намера да ја прикаже како вистинска. На критичниот ден, на полициските службеници кои ги запреле тој лажно им се претставил како полициски инспектор, при што ја употребил фалсификуваната службена легитимација.Поради опасност од бегство, можност да влијаат врз постапката и да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​ фото: МВР

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Од утре ќе продолжи полицискиот час од 22 до 05 часот, вели Филипче

Од утре продолжува полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро, но доколку состојбата се влоши можни се и дополнителни рестрикции, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Сител.-Врз основа на последните бројки на новодијагностицирани случаи, врз основа на бројот на пациенти кои што се примаат во болниците во изминатите денови и врз основа на бројот на слободни кревети кои што со менаирање и прераспределба во изминатиот период го зголемивме, ставот е дека од утре ќе продолжат да важат истите мерки, како и досега, тоа значи дека останува на сила полицискиот час од 22 до 05 часот наутро, а за евентуална дополнителна рестрикциј ќе разговараме во текот на неделата врз основа на тоа што ќе се случува следните денови, кажа Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска починати 25 лица и нови 642 случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 321, Прилеп и Велес - по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.Регистрирани се 524 оздравени пациенти од:Скопје - 347, Прилеп – 42, Куманово - 21, Битола - 16, Тетово – 13, Велес и Гевгелија – по 12, Кочани - 10, Гостивар – 9, Берово – 8, Струмица – 6, Валандово - 5, Крушево - 4 , Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево – по 3, Кичево – 2, Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово - 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.Направени се 2.730 тестови преку: ИЈЗ-668, ЦЈЗ Скопје-95, ЦЈЗ Битола-79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-357, Биотек-333, Систина-324, лабораторија Лаор–410, Синлаб-32, Ремедика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 287.Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 53172, активни 7705Прилеп 6497, активни 949Куманово 6241, активни 544Тетово 5988, активни 446Гостивар 4246, активни 388Кавадарци 4093, активни 645Штип 3971, активни 285Велес 4020, активни 479Битола 3947, активни 449Охрид 3782, активни 571Струмица 3034, активни 263Струга 2564, активни 166Кочани 2088, активни 203Кичево 1879, активни 91Неготино 1767, активни 448Гевгелија 1599, активни 327Свети Николе 1185, активни 62Крива Паланка 1011, активни 139Ресен 933, активни 128Дебар 818, активни 24Радовиш 830, активни 81Делчево 803, активни 75Берово 761, активни 89Пробиштип 627, активни 65Виница 560, активни 36Валандово 461, активни 79Крушево 407, активни 128Богданци 373, активни 78Кратово 309, активни 21Демир Хисар 312, активни 44Демир Капија 322, активни 79Македонски Брод 272, активни 20Пехчево 205, активни 12Македонска Каменица 195, активни 3Дојран 106, активни 9 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Шилегов и СДСМ па затоа по секоја цена конструира случаи

Логично е дека кога Скопје насекаде се уредува и гради, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја труе јавноста со измислици и конструкции, се вели во реакцијата од СДСМ  на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истата од СДСМ додаваат:Кога во неполни 3.5 години, од кои една е во услови на светска пандемија, Градот и градоначалникот успеаја во рекордно време да завршат четири нови булевари, реконструираат цел клинички центар и да ја изградат монтажната болница, кога се завршува мостот на Вардар во Аеродром, кога секоја година се градат десетици километри нови велопатеки, подигаат илјадници м2 нови зелени површини и истовремено се уредуваат запуштени јавни простори, десетици нови дрвореди, се подигаат зелени кровови, кога светските организации за мерење на загадувањето на воздухот бележат континуиран пад на загаденоста во Скопје, кога низ градот се движат 33 нови МАН автобуси на гас, се пробива и расчистува кејот на Вардар и кога после 30 години управување со Град Скопје, СДСМ успеа за само три години да го доведе градот пред набавка на трамвај на тркала, логично е дека оваа партија ќе нема што друго да прави сем да измислува скандали и да пласира лажни вести.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sergej-Popov-21.03

Попов: Криминалците шетаат по улиците, а патриотите се во затворите, затоа ја започнуваме Македонската пролет до конечен пад на власта на Зоран Заев

Денес ние младите заедно со останатите граѓани сме собрани тука да им дадеме поддршка и да побараме слобода за уставобранителите, затоа што тоа е вистинското име како треба да ги нарекуваме, а не онака како што некои други од власта се обидуваат да им наметнат некој назив, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС  на ВМРО-ДПМНЕ.Попов на протестот додаде:Тоа не се терористи, тоа се патриоти кои се бореа за зачувување на уставниот поредок на Република Македонија.Ние младите имаме неколку пораки кои сакаме да ги упатиме до Зоран Заев.Притворените патриоти за нас претставуваат модерни Гоце Делчев, Јане Сандански и модерни револуционери. Тие на нас младите ни оставиле аманет кој сите ние треба да го чуваме. Тоа е да си ја сакаме Република Македонија и да ги штитиме националните интереси на нашата единствена татковина.Ние не се согласуваме со тоа по улици да шетаат криминалците, а затворите да бидат полни со патриоти кои не направиле ништо друго освен патриотски чин.Нема да отстапиме, денеска ја започнуваме Македонската пролет. Не планираме да останеме, дома туку да останеме на улица се до конечен пад на оваа влада и за нас младите неважечка власт.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

carovska

Левица: Во време на пандемија сопругот на Царовска добива тендер со скандалозни суми

Додека власта со катастрофално менаџирање на пандемијата државата ја воведува во должничко ропство, Град Скопје и фирмата „Флај кем“ склучиле договор вo вредност oд еден милион денари или 16.250 евра за една година. Она што е највозбудливо во овие нови зделки на градот е тоа што сопственик и управител на оваа фирма е партнерот т.е. невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска, кој веќе сме го гледале вплеткан и во други слични епизоди на оваа крими сапунска серија на власта, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Практично, на 4 март, Град Скопје и фирмата „Флај кем“ од Скопје склучиле договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Во овој договор е утврдена и поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар од фамозни 82.600 денари!Дополнително, Град Скопје пак има обврска да ѝ обезбеди на компанијата соодветен лиценциран софтвер во кој ќе се прават премерите на теренот. Оваа фирма и порано беше вплеткана во слични скандали, со конфликт на интереси и кршење на основните етички норми, кога снимаше за потребите на други државни институции. Во април 2018 година имаше договор со МЕПСО за обезбедување на „специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“ во вредност од 779.980 денари, потоа работеше и за Општина Куманово, а во март 2018 година Флај кем продал дрон за 129.800 денари на општината. Истот така оваа фирма во 2019 година снимаше со дрон за потребите на кумановската градинка „Ангел Шајче“ (2х35.000 денари).Иако и од дрон се гледаат намерите на власта да ја наградат министерката Царовска за доследното бришење на историјата од учебниците, Левица сепак очекува одговор од градоначалникот Петре Шилегов и министерката Царовска, двајцата високи функционери од СДСМ, во врска со овие сомнителни зделки. Дополнително, за овој скандал ја повикуваме и Антикорупциската комисија да отвори случај со цел да утврди судир на интереси, велат од Левица.фото: Левица

Македонија | пред 5 години

sneg

(ВИДЕО) Патиштата лизгалница: Од Гостивар до Маврово само со скии

Патниот правец од Гостивар до Маврово е вистинско лизгалиште. Излизгани автомобили од страните на патот. Возачите револтирано велат дека и покрај тоа што врнежите од снег беа најавени, сепак ниту една машина на поминала и не го посипала патот со сол и песок. Тие стравуваат дека ќе биде полошо кога тенкиот слој снег ќе замрзне попладне.Инаку од утрово поради врнежи од снег на патниот правец Кичево-Охрид, преку планинскиот премин Пресека, од 9.30 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила.Од 10.15 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, соошти АМСМ.

Македонија | пред 5 години

2-1-1

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, запленети околу 200 килограми марихуана, приведени две лица

На 20.03.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица - Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресекоа меѓународен канал за транспорт на марихуана од Република Албанија во Република Северна Македонија во количина од околу 200 килограми и приведоа две лица, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„По претходно преземени мерки кон Ш.А. (23) од с.Ливада, Струга, кој од претходно и е познат на полицијата како транспортер на дрога и кој бил задолжен да ја презема дрогата од Р.Албанија и потоа да ја транспортира до различни места во државата, вчера (20.03) околу 13 часот, на патот кон село Манастирец, Кавадарци полициски службеници дале знак за запирање на возило „ауди а6“ со струшки регистерски ознаки, управувано од Ш.А. (23), но тој не застанал и се дал во бегство, при што оштетил три полициски возила, а било употребено и огнено оружје, по што Ш.А. бил фатен и лишен од слобода“, рече Ангеловски. При преглед во возилото биле пронајдени седум големи торбици во кои биле сместени 180 полиетиленски пакувања со различна форма во кои имало марихуана.„Со дополнително преземени активности во врска со овој случај, на бензинска пумпа на магистралниот пат Росоман -Прилеп е лишен од слобода и Н. А. (41) од село Зајас, Кичево, кај кого е пронајден и пиштол „Парабелиум“ 9 мм, без дозвола. По претходна издадена наредба за претрес во дом од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево бил извршен претрес во домот на Н.А., при што бил пронајден уште еден пиштол марка „ТТ“ со 32 куршуми калибар 7.62 мм . Приведените во текот на денот ќе бидат предадени на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава“, соопшти Ангеловски.видео: МВР

Македонија | пред 5 години

mazut

Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

На брегот на Дебарско Езеро, на делот кај месноста „Венец" излеана е поголема количина мазут. На оваа, како што ја оценуваат кафастрофа, најпрво алармираа спортските риболовци, кои секојдневно се на брегот на езерото, објави МИА.-Траги од мазут има уште од под мостот кој е на самиот излез од градот на патот Дебар – Маврово и таа стигнува се до езерото. Катастрофа. Само што пополека почна да се збогатува рибниот фонд, кого го сотреа рибокрадци и поранешни концесионери, еве сега и ова, револтирано додаваат рибарите.Од општината велат дека веднаш откако завчера биле алармирани за тоа ги презеле потребните чекори.-Точно е дека има излевање на мазут на еден дел од езерото. Пријавивме во Одделенето за внатрешни работи, по што нивни и претставници од општината изврија увид. Ќе бидат повикани и стручни лица од ова област кои треба да ја утврдат причната, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.И од полицијата потврдуваат дека е завршен увид и оти се работи на утврдување на причините, по што „ќе биде поднесена соодветна пријава".извор МИА

Македонија | пред 5 години

sputnik

Човек со проблеми со српското правосудство тврди дека е посредник во набавката на „Спутник В“ за Македонија, МЗ демантира - „Нема провизии“

Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за Ал  Ал Џезаира  тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за Македонија. За телевизијата изјавил дека е единствен кој има договор со рускиот инвестициски фонд со кој гарантира испорака на вакцината Спутник В за Македонија, БиХ , Алжир и Бугарија. Тој ги потврдува и условите од договорот според кои тој прифатил сукцесивно плаќање. Парите ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините, објави faktor.mk.БиХ веќе нарачала половина милион дози од вакцината преку посредникот и компанијата „Медимпекс“.„Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година, вели Лакушиќ.Инаку Лакушиќ има досие во Србија, затоа што во минатото се поврзувал со некои криминални активности. СЕпак тој вели дека проблемот го прави власта и претседателот Александар Вучиќ.“Јас сум на мета на режимот на Вучиќ и неговите медиуми, кои ми креираа досие со цел да ме дискредитираат бидејќи се судривме околу поголеми бизниси и застапништва во светот, тврди Лакушиќ.Министерството за здравство во целост ги демантира лагите и дезинформациите објавени на неколку медиуми дека Република Северна Македонија преку „посредник - српски државјанин“, ја набавила вакцината против Кови 19, Спутник В производство на рускиот Центар „Гамалеја“. Станува збор за целосно неточни информации и бараме овој демант да биде објавен во целост, с евели во демантот од министерството.Тие во демантот додаваат: Министерството за здравство ја информира јавноста дека набавката на вакцината Спутник В од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата. Првите 3.000 дози вакцини веднаш пристигнаа откако МЗ го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од проиводителот на вакцината Спутник В.За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за Спутник В, Синофарм, Астра Зенека или Фајзер, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот. Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид 19. Ваквите лажни вести имаат за цел намерно да го нарушат процесот на набавки на вакцини.Министеретсвото за здравство ја цени и поддржува слободата на медиумите, истражувачкото и критичко новинарство, но укажуваме информациите до кои доаѓаат медиумите сериозно да ги проверуваат, како би се избегнало ширење на лажни вести.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ivanovska

Ивановска за предметот за Рашковски: Испративме барања институциите молчат

Договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски системи останал ист и пред во него да се вклучи поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, но сомнително е доцнењето со исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати, вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, во интервју за slobodnaevropa.mk. Ивановска вели дека до сега немаат одговори.-Ние ги испративме нашите барања на крајот на минатата и почетокот на оваа недела, имаат законски рок од 15 дена, претпоставувам дека ќе почитуваат тој рок, дека нема да го надминат. Меѓутоа, некакви брзи одговори не сме добиле.За Рашковски антикорупциската комисија досега отвори најмалку три предмети, покрај последниот за софтверот што МВР не го користи, претходно отворивте еден за исплата на државни пари на невладини организации во време на предизборна кампања по пријава на опозицијата и еден за набавката за радарските системи од италијанската фирма Леонардо.-Првиот предмет што го спомнавте за исплата на граѓанските здруженија, тоа не е предмет отворен за Рашковски, туку за тоа беше пријава од оранизатор на политичка кампања односно од ВМРО-ДПМНЕ дека се исплатени буџетски средства во време на изборна кампања што е спротивно на изборниот законик. И ние таа пријава ја прифативме, донесовме одлука за прифаќање. Затоа што исплатата беше направена на први јули, а претходно беше склучен договор на половина на месец јуни. Рокот за исплатата беше 30 дена, што не укажуваше на никаква итност дека мора на први јули да се исплатат средствата, а второ не стануваше збор за некакви редовни субвенции или одливи од буџет што се прават во тек на изборна кампања, Значи и тој ризик го тргнавме на страна. Постоеше сомнеж дека се врши на некој начин поткуп на гласачите, и затоа ние го прифативме овој приговор. Меѓутоа истиот беше отфрлен од Управниот суд, затоа што Генералниот секретаријат си поднесе тужба според законот, до Управниот суд. Управниот суд на отворена седница, и ние бевме присутни, не ги прифати нашите аргументи, и ја отфрли нашата одлука.Да, отворивме предмет и за Леонардо. Меѓутоа знате тој е малку покомплексен предмет. Ние го отворивме и од аспект на јавната набавка, на целата постапка за избор на „Леонардо“ како оператор од кој што требаше да се набави таа опрема, и тој е малку пообемен процес, и тој процес е завршен. Е сега вториот дел е кога Рашковски се вклучува и зошто се вклучува и зошто се одолговлекува времето на склучување на договорот, иако се склучува ист договор како и претходно што се сакало да се склучи, ни остануваат уште ситни детали, околу пет до десет проценти за целосна обработка на предметот, меѓутоа и тоа брзо ќе се заврши и ќе ги објавиме резултатите од тој предмет.Текстот во целост на:slobodnaevropa.mk. 

Македонија | пред 5 години

sneg-830x0

Денеска облачно со врнежи од дожд, на планините снег, од утре до среда ќе дува повремено силен ветер

Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2). До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има во западните и североисточните делови. Снежна покривка до 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина.Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Најстудено наутро ќе биде во среда и четврток, велат од УХМР.извор: УХМР

Македонија | пред 5 години

49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

Задолжителна зимска опрема за камиони кај Пресека, забрана за возење на Маврово-Дебар

Поради врнежи од снег на патниот правец Кичево-Охрид, преку планинскиот премин Пресека, од 9.30 часот е воведена задолжителна употреба на зимска опрема за тешките товарни возила.Од 10.15 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, соошти АМСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-3

До сега од ковид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово

Морам да дообјаснам за оние коишто не разбрале како тоа до сега од ковид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово, напиша на својот ФБ профил Професорот од  Универзитет "Св. Климент Охридски" Технички Факултет - Битола, дејан Трајковски.Професорот во својата објава додава:Одвишната смртност за цела 2020 година, според билтените на Државниот завод за статистика изнесуваше малку над 5.000 лица. Од тој број 2.500 беа официјално починати од ковид-19, што е таканаречена објаснета одвишна смртност. Останува необјаснетата одвишна смртност од 2.500 лица, кои умреле во ноември и декември, на врвот од есенскиот бран на епидемијата. Значи, не умреле поради нелекување од други болести, бидејќи знаеме дека болниците работеа со намален капацитет уште од март. Јасно е дека најголемиот дел од одвишната смртност се должи на ковид-жртвите од пикот на епидемијата.Било како било, реалната смртност ја добиваме множејќи ја официјалната со фактор 2 (2.500 х 2 = 5.000). До денеска официјалниот број на ковид-жртви веќе се искачи речиси на 3.500, односно множејќи го овој број со факторот 2 доаѓаме до приближно 7.000 ковид-жртви - точно колку целокупното население на Берово или Кратово.Билансот не е конечен, досега поминавме малку повеќе од половината од патот, а некаде во јули или август годинава од месечните билтени на ДЗС ќе добиеме подобра претстава за катастрофата што не снашла.Само, се плашам дека дотогаш бројките ќе покажат загуба на население колку град со големина на Делчево или Свети Николе. извор: ФБ Дејан Трајковски

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

28 лица затекнати на улица за време на полицискиот час

Од 22 часот (20.03.2021) до 05 часот (21.03.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (19/20.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Naum-Stooilkovski-20.03

Стоилковски: Јас лично ќе застанам пред Драги Рашковски во име на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуел

Дрскоста е главна карактеристика на режимот на Заев и нему блиските режимци! Додека граѓани секојдневно умираат во епидемија, а наместо по вакцини режимот трча по провизии, Драги Рашковски ужива во луксуз во Мексико!? И од тој Мексико, се дрзнува да повикува на ТВ Дуел со опозицијата, да се објаснувал за штета нанесена врз буџет? Како да се работи за политичко прашање, а не за скандал за кој што ЈО по 300 прозивки во јавноста отвори истрага, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Во секоја нормална држава во која што функционира правдата, Драги Рашковски веднаш ќе беше спроведен во Македонија заради набавка на некорисен и неадекватен производ - софтвер кој што не е, и по најавата од МВР нема да биде ставен во употреба.Но, во режим во кој што Зоран Заев го амнестираше својот близок соработник, Драги Рашковски од Мексико закажува ТВ дуели! Заради криминогениот режим, Македонија тоне се подлабоко на сите светски мерења на борбата со криминалот и високата корупција, Македонија тоне во тешка здравствена и економска криза.Драги Рашковски во високата политика влезе во 2017 година, како Генерален секретар на владата на режимот со изјавата „На нашиот народ му треба добар ќотек и добро гушкање, за да сфати каде му е местото... некој треба да го опамети, да го ишамара, за да се свести каде е“, Драги Рашковски, 2017 година.Од тогаш до сега, Драги Рашковски е во врвот на криминогени скандали на режимот, од набавка на радарски систем тежок 8 милиони евра, преку планови за набавка на хеликоптерски систем тежок исто милиони евра, за Драги Рашковски слушнавме и во црната не – само - бизнис- соработка на режимот на Заев со балканскиот мешетар Дака, за сега фатен како направил непотребна набавка на можен негов изум, тој веднаш да биде амнестиран од Заев.ЈО отвори истрага за Радарот на Рашковски, но искуството не учи да не веруваме дека оваа истрага, ќе даде поинаков резултат од онаа истрага на ЈО за случајот Леонардо.Кредото на ВМРО-ДПМНЕ како лидер на опозицијата во услови на режим е јасно: нема компромис, нема разговор со криминалот! Со Рашковски нема што да се дебатира, тој треба да одговара, таму каде што е местото за тоа, пред правосудниот систем.Но, токму заради приликите, заради режимот во Македонија, јас лично ќе застанам пред Драги Рашковски, во име на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуел, за да го соочам пред јавноста со сите скандали тешки милиони евра. На Рашковски не му е местото на ТВ, но во услови на режим и неправда, јас ќе му излезам на дуел.Време е јавноста, а можеби и Јавните обвинители на ист начин, да го слушнат човекот што бараше шамари, ќотек за народот, да се освестел, како тоа семеен одмор во Мексико му е евтин, додека народ умира за кислород и вакцини вредни од 20тина евра по доза? видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

denis

Скопски епидемиолог брутален: Не смееме вака да ги губиме нашите сограѓани

Вестите на тема Ковид19 во вестите се сведуваат на 2-3 минутен извештај за толку заболени, толку починати, по градови и натаму следат 22 минути „СДСМ го повика ВМРО„ па „ВМРО му врати на СДСМ“ па „СДСМ му врати на враќањето на ВМРО“ па „ВМРО му врати на СДСМ за враќањето на ВМРО на првото на СДСМ“ па драстично менување на темата во „портпаролот на ВМРО го повика Заев“ и „портпаролот на СДСМ го повика Мицковски“.Зошто цело ова време (пази, година и кусур е веќе) не оди ниеднаш во горниот дел од екранот нешто од овој тип:„Луѓе, сериозно разберете ја ситуацијата, бидете внимателни и прептпазливи, се работи и за вашите животи но и за животите на вашите најблиски, особено постарите. Бидете посовесни за што побрзо да излеземе од ова лудило живи и здрави, пишува Скопски епидемиолог на својот ФБ профил.Тој во објавата додава:Почитувајте мерки, носете маски, држете дистанца.Да, не е нормално ова ново „нормално“.Да, ич не е пријатно да се носи маска, смета.Да, трае предолго.Да, смачено ни е на сите.Да, мора да се потрудиме да заврши побрзо.Да, затоа што не смееме да дозволиме вака да ги губиме нашите сограѓани.Независно од каде и каков е вирусов или што и да е, ги покосува оние со хронични заболувања, оние со слаб имунитет па и оние кај кои и не знаеме зошто така им прави. Ова директно од терен ви го кажувам, најжални се старите, ги гледам немоќни, но и исплашени. Навлеговме убаво во втора ковидска година и дајте да не дозволиме и натаму да броиме месеци со ковид биланс. Дајте заедно да се избориме да не` има сите на број.“И ова ем пишано, ем да го чита некој ама не како Спиди Гонзалес што чита за препорачано од таа и таа медицинска установа и слично. Нека е често, не само пред Гледајте во вестите. Нека оди на пола саат, па на 15 минути. Па дури може и насред сериине да го пуштате.И за ова не треба да биде од Влада, од некое Министерство и слично. Секој од вас може ова да го напише, не само што нема да згреши туку верувам дека ќе има огромно влијание.Мора да се најде начин како да се допре ако не до сите барем до повеќето граѓани и да ја увидат сериозноста на ситуацијата. И она главното зошто би било сето тоа - да реагираат правовремено за да не трчаат со некој свој по болнициве.Да, помина доста време.Да, требаше ова одамна.Да, никогаш не е доцна.Чувајте се сите 👩‍🚀извор: ФБ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Сто новинари од Македонија ќе се вакцинираат во Србија

Сто македонски новинари ќе може да се вакцинираат во Србија, преку Македонската асоцијација на новинари во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија.МАН ги повикува сите медиумски работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот Ковид-19, да се пријават на официјалниот емаил: man.makedonija@gmail.com, најдоцна до 19 часот, недела 21 март со: име и презиме, ЕМБГ, емаил адреса и редакција, за вакцинација која ќе се изврши на 23 март 2021 година.На барање на МАН во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на претседателот на Србија, обезбедени се вакцини од „Астразенека“ за 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација.Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март.Ќе се вакцинираат единствено лицата кои ќе бидат официјално пријавени до МАН.Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни. МАН организира и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Bitola

Јорго: Се додека гласаме за манијаци ќе пропаѓаме

Економијата уништена во Општина Битола, младите масовно заминуваат (читај протерани) во странство, фамилиите ни се уништуваат, благодарение на злосторничкото здружение #СДСМДПМНЕДУИ, нивните коалициски ПОЛТРОНИ, градоначалници и советници кои владеат триесет години со Битола.Итно оставка да си поднесе неспособната градоначалничка и неспособните советниците на Општина Битола!ДОСТА ја уништувате Битола, стои во објавата на Општински комитет Демократи- Битола.извор: Општински комитет Демократи- Битола.

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Охрид и врати на министерката за култура: Ако сакате да помигнете обезбедете 60 милиони евра кои ви ги баравме

Изненаден сум од изјавата на министерката за култура за одземањето на ингеренциите на општина Охрид. Прво, таква законска можност каква што таа кажува воопшто не постои. Имено, според законот, централанта власт на локалната власт може условно да и ги одземе ингеренциите само за одреден предмет или за конкретен случај, а не целосно. Тоа може да го направи само во случај ако локалниот инспекторат не постапува па надлежноста ја презема државниот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Досега по сите предмети согласно нашите ингеренции сме постапувале и немало барање односно потреба за интервенција на државниот инспекторат. Второ, од денот кога е донесен планот за управување, Општина Охрид во целост го почитува и спроведува, нема ниеден случај во кој сме постапиле спротивно на планот. Трето, ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои повеќе пати ги бараме. За да можеме да ги имплементираме сите препораки за рушење на се она што е законски издржано и маркирано како значителен штетен импакт кон езерото статусот и животната средина, потребни се овие финансии кои општината ги нема. Се што досега беше во рамки на можностите на општината направивме и покажавме храброст и решителност и отстранивме сериозен дел од објектите. За крај, ако министерската алудира на тоа дека општината недоволно се ангажира за заштита на културното и природното наследство, јас одговорно тврдам дека за две и пол години колку што јас сум градоначалник се направени повеќе активности во насока на заштита отколку за последните 20 години. За крај, верувам дека министерката, исто како и сите ние, сака да го заштити регионот. Сепак, како член на владата споделува одговорност за тоа па затоа сметам дека би било далеку поконструктивно да се вклучи активно во надминување на проблемите. Верувам дека е добро заеднички да работиме за надминување на состојбите за што желба кај сите нас постои, вели градоначалникот Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Денешниот 20 март е еден од датумите кога пред 30 години погрешно се поставија темелите на самостојна Македонија

На денешен ден, поточно на 20 март 1991 година, Собранието ја избра првата влада или попозната како експертска влада во самостојната македонска држава.Експертската влада беше еден интересен спој на министри, од кои еден дел на врска со Бугарската национална разузнавачка служба (БНРС) и еден дел на врска со Контраобавештајната служба (КОС), се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Претходно Собранието го избра за претседател Киро Глигоров, кој, како долгогодишен сојузен функционер и соработник на КОС дојде како делегиран човек од Белград во прв момент да го спречи македонското осамостојување, но, залудно, бидејќи западот во прв ред Германија беше решена по секоја цена да го истурка распадот на СФРЈ.За претседател на Собранието беше избран Стојан Андов исто така долгогодишен миленик на сојузните известителни служби, кој не сакаше да слушне за независнот и јасно велеше дека е можна суверена Македонија, но, само во рамките на Југославија. Дури, на најнзачајниот чин, референдумскиот 8 септември 1991, Андов во попладневните часови брзопотезно го напушти Скопје и замина во Дојран каде наредниот ден рано сабајле ја напушти државата и замина во Грција.Значи, на трите клучни функции во државата беа поставени сомнителни лица.Триесет години подоцна, повторно во Македонија имаме инсталирана марионетска влада од странски центар со задача да го изврши националното злосторство врз македонскиот народ и македонската држава.Единствена Македoнија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. Остануваме во битката за одбрана на Македонија и Македонците. На потег е народот!фото: Архива

Македонија | пред 5 години

WhatsApp-Image-2021-03-20-at-15.47.44

Филипче: Обезбедуваме болнички кревети и кадар, граѓаните да ги почитуваат мерките

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладневно имаше работен состанок со директорите од Клиниките на УКЦ „Мајка Тереза“ и ГОБ 8 Септември, во Скопје.На состанокот се разговараше за моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. Системот е целосно организиран, се обезбедуваат дополнителни болнички кревети за ковид пациенти. Иако повеќето Клиники стануваат ковид центри продожува да тече редовниот програм за итните случаи и пациентите со малигни заболувања.Здравствениот систем секојдневно се менаџира, граѓаните треба да бидат спокојни, министерот Филипче апелира здравствените мерки и протоколи задолжитено да се почитуваат, бидејќи се во интерес на заштита на здравјето на граѓаните. Штитејќи се себе си ги штитите и вашите семејства, роднини, пријатели, познаници, а со тоа покажувате и почит кон трудот на здравствените работници - порачува министерот.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

korona-2

Починати 24 лица и нови 1.299 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања, а регистрирани се 1.299 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 672, Прилеп - 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 .Регистрирани се 413 оздравени пациенти од:Кавадарци – 113, Скопје – 67, Неготино – 62, Прилеп – 36, Куманово - 21, Велес – 18, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Кочани – 11, Гостивар и Гевгелија – по 9, Демир Капија – 5, Свети Николе и Делчево – по 3, Ресен, Валандово, Богданци и Кратово – по 2, Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар – по 1.Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.Направени се 5.057 тестови преку: ИЈЗ-1233, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-73, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–9, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-402, Биотек-453, Систина-327, лабораторија Лаор–455, Синлаб-156, Ремедика-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.536.Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 52851, активни 7736Прилеп 6457, активни 953Куманово 6214, активни 538Тетово 5971, активни 445Гостивар 4223, активни 376Кавадарци 4071, активни 626Штип 3956, активни 271Велес 3980, активни 452Битола 3934, активни 452Охрид 3762, активни 553Струмица 3021, активни 256Струга 2559, активни 162Кочани 2083, активни 209Кичево 1876, активни 90Неготино 1750, активни 432Гевгелија 1592, активни 333Свети Николе 1182, активни 62Крива Паланка 1010, активни 140Ресен 927, активни 122Дебар 814, активни 20Радовиш 829, активни 80Делчево 794, активни 66Берово 749, активни 85Пробиштип 628, активни 70Виница 556, активни 32Валандово 461, активни 85Крушево 403, активни 128Богданци 367, активни 72Кратово 307, активни 23Демир Хисар 312, активни 45Демир Капија 321, активни 78Македонски Брод 270, активни 18Пехчево 205, активни 15Македонска Каменица 195, активни 3Дојран 106, активни 10фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Владата е подготвена да воведе дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати

Се соочуваме со силен бран, а модуларните болници се од голема помош, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска беше во посета на модуларната болница во Кочани.„Се соочуваме со навистина силен бран, секој ден има голем број на новодијагностицирани случаи и сето тоа бара една организација и прераспределба на пациентите коишто се јавуваат во болниците по регионите и секако пациентите на коишто им е потребен хоспитален третман во скопските јавно-здравствени установи. Денеска сме тука во Кочани, ова е дел од 17 те модуларни болници – проект којшто го правевме на територијата на цела држава и еве сега кога се соочуваме со ваков силен бран сме дефинитивно свесни што ова значи. Со овие болници се зајакнува капацитетот во болниците, на бројот на болнички кревети. Над 30 дополнителни кревети многу значи за болницата во Кочани заради тоа што таа услужува огромен број на пациенти во државата, тука доаѓаат пациентите од Берово, од Виница, од Пехчево, од Пробиштип, од Каменица итн. Пациентите традиционално бараат лекарска услуга и во други специјалности заради тоа што болницата е позната по својата експертиза, а сега со начинот на прераспределба на работата голем дел од капацитетите се посветени на третман на пациенти со Ковид 19“, рече Филипче.Министерот најави дека масовната вакцинација на населението ќе започне или со вакцината на АстраЗенека или со кинеските вакцини, а ќе биде објавено кога со сигурност ќе има информации дека тргнале вакцините кон нашата земја.Во однос на мерките, министерот рече дека на почетокот на следната недела ќе бидат видливи резултатите од воведувањето на полицискиот час од 22 до 5 часот наутро. Владата е подготвена, вели Филипче, да воведе и дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати. Тој претходно вчера кажа дека следните рестриктивни мерки за кои размислува Комисијата за заштита од заразни болести, доколку дневните бројки на новозаболени растат, се продолжување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти. Дали се неопходни, ќе се одлучува в понеделник.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“ до нашите во странство: Продолжете да не се попишувате, заканата со казни е блефирање на власта оти нема казни

Националниот Блок „Не отворам врата“ изразува големо задоволство што нашите во странство масовно не се попишуваат . Власта е свесна дека пописот нема да успее и во очајнички обид води пропаганда за заплашување со казна затвор и прекршочни казни од 200 евра, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“.Во продолжение на истото од Националниот Блок „Не отворам врата“ додаваат:Заканата на власта со казни е најобично блефирање, бидејќи, прво, лажат за казна затвор оти според ниеден закон во Македонија непопишувањето не е предвидено како кривично дело, и второ, прекршочните казни од 200 евра не важат, бидејќи Македонија не може да поднесува прекршочни пријави во странски држави.Ја користиме приликата да информираме дека прекршочните казни од 200 евра не се применливи и во Македонија според Законот за прекршоци, но, тоа ќе ќе го објасниме доколку започне пописот на 1 април и во Македонија.Браќа Македонци и сестри Македонки во странство, продолжете да не се попишувате и не се плашите од казни бидејќи власта лаже, нема казни.Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања