Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

artwork-2

Македонија по 12-ти пат се вклучува во акцијата Часот на планетата Земја

Милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на заедничка порака за спас на планетата Земја, во сабота на 27 март, кога ќе се одржи глобалната еколошка акција Часот на планетата Земја. Точно во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат илјадници споменици ширум светот за да предупредат дека климатските промени се случуваат сега и тука.Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност помеѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со КОВИД-19, Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) оваа година ќе го искористат светскиот едночасовен мрак да алармираат дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета.Глобалните истражувања покажуваат на тоа дека светот не успеал да ги исполни целите за зачувување на биодиверзитетот во 2020 година, и тоа се случува веќе 10 години по ред. Часот на планетата Земја како еколошка акција е клучна можност за поединците, невладините организации, бизнисите и сите други да ги повикаат светските лидери да го стават фокусот на зачувување на природата, како најважната алка за опстанокот на животот на Земјата.- „2021 година е клучна година за човештвото. Додека светот се обидува да се опорави од пустошот на пандемијата со КОВИД-19 и да се изгради повторно, треба да ја ставиме природата во центарот на нашите напори за обновување за да ја осигураме нашата иднина на оваа планета. Часот на планетата Земја е критичен момент за поединците, лидерите и еколозите да се обединат и да повикаат на итни мерки за да се врати загубата на природата и да се обезбеди природен позитивен свет до 2030 година!“ – вели Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа (WWF).Македонија по 12-ти пат се вклучува во акцијата Часот на планетата ЗемјаНашата земја 12 години по ред зема активно учество во еколошката акција за спас на Земјата, обединувајќи стотици илјади луѓе ширум државата во едночасовниот глобален мрак.Официјално беше објавен и рекламниот спот, во кој поддршка дадоа Црвениот крст на РСМ и Здружението на извидници на Македонија, како и голем број на познати личности, меѓу кои актерот Васил Зафирчев, зоологот Војо Иванов и водителите Ване Марковски и Јана Серафимова.Ѓорги Селков од локалната канцеларија на акцијата во Македонија, вели дека поради пандемијата, оваа година настанот ќе се одбележи виртуелно и повикува акцијата да ја префрлиме од улиците во нашите домови, со тоа што ќе ги исклучиме непотребните светилки во период од еден час.- „Полицискиот час во Македонија започна со одбележувањето на Часот на планетата Земја минатата година, и еве една година потоа, ние се уште сме во ситуација виртуелно да ги одбележуваме ваквите иницијативи. Работиме на уникатен онлајн настан, дигитална конференција за климатските промени, за која повеќе детали ќе објавиме во деновите кои следуваат. Секако, останува моментот на едночасовно исклучување на осветлувањето, па така во мрак ќе потонат повеќе локации во нашата земја, секако доколку не се зголемат или продолжат превентивните мерки против пандемијата со КОВИД-19 до 27 март. Повикот за акција важи и за граѓаните, па ги повикуваме масовно да го исклучат непотребното осветлување и во своите домови.“ – вели Селков.Од канцеларијата на Часот на планетата Земја во нашата земја велат дека само почитувањето на правилата кои ги диктира природата е услов да го вратиме изгубениот баланс на Земјата.- „Нашиот сегашен начин на живеење доведува до катастрофално уништување на природата што ја зголемува нашата ранливост кон пандемии, ги забрзува климатските промени и ја става во ризик нашата егзистенцијата. Затоа е важно да сфатиме дека секој од нас има моќ да направи промена, а нашата акција е мал поттик и повик за акција кон целиот свет.“ – додава Ѓорги Селков, организатор на акцијата во Македонија.Инаку, во минатата деценија, Часот на планетата Земја инспирираше глобално учество во критични иницијативи за природата, климата и животната средина, помагајќи во кревање на свеста за проблемите со кои се соочува нашата планета. Изминатите години, движењето помогна во создавање на 3,5 милиони хектари заштитена морска област во Аргентина, шума од 2.700 хектари во Уганда и помогна да се донесе нова законска регулатива за заштита на морињата и шумите во Русија. Минатата година, WWF-Еквадор се заложи за закон за забрана за употреба на пластични кеси, други пластични еднократни производи и производи од стиропор во главниот град, додека пак WWF-Индонезија иницираше засадување на 20.000 садници од мангрови во 13 градови.Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 27 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата. фото: Здружение за заштита на животната средина Часот на планетата земја

Македонија | пред 5 години

policija-2

Во Скопје изрешени 114 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 114, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас.Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, две за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), 20 за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

nesreka-prvi-momenti

Продолжува судењето за „Ласкарци”

Во Кривичниот суд – Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Ласкарци”, кој се однесува на автобуската несреќа што се случи пред две години во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени.Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.Обвинети се Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс”, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.Автобуска несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинаа 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс” сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Неделава голем пад на температурата - силен ветер, поројни врнежи дожд, појава на снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места проследени со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава.Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места.Од пладне ќе дува засилен северен ветер (локално над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени во споредба со вчерашните.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Инаку денес завршува законската обврска која им налагаше на возачите да мораат да имаат задолжително зимска опрема во автомобилите.Таа обврска почнува секоја година од 15 ноември и трае до 15 март.Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот при зимски услови на патиштата.Согласно тоа, секој возач треба да користи соодветна зимска опрема пред се заради лична заштита, безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

И вечерва земјотрес во Македонија со јачина од 3,9 степени по рихтер

Нов земјотрес вечерва е почувстуван на територија на Македонија во 22:38 минути. Според првичните информации, јачината на земјотресот е 3,9 степени по рихтер. Епицентарот на земјотресот е 56 км југоисточно од Призрен, 14 км југозападно од Гостивар, на длабочина 2 км.Епицентарот е во близина на Мавровско езеро, најповеќе почувствуван е од жителите во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево…Вознемирените жители по социјалните мрежи пишуваат дека потресот бил јак и дека се слушнал силен звук.

Македонија | пред 5 години

mancevski

Манчевски ќе започне да го снима новиот филм „Кајмак“, но открива и детали за животот во Холивуд

Македонскиот режисер Милчо Манчевски напролет ќе почне да го снима новиот филм „Кајмак“. Црната комедија, која зборува за љубовта и погрешните избори, ќе биде негов седми филм. Овој филм доаѓа 25 години откако „Пред дождот“ на Милчо стана првиот македонски филм номиниран за „Оскар“.Освен што режира, тој самиот ги пишува и сценаријата за своите филмови. Вели дека пишувањето му е прва љубов, а режијата му се случила спонтано. Така некако настанало и сценариото за „Пред дождот“. „Имав спремен говор за 'Оскарите' и беше прилично скандалозен“, вели тој и на шега додава дека сакал да се пензинора оти дознал дека Мик Џегер е воодушевен од филмот. „Бев на неговиот роденден и додека тој на својот продуцент му го раскажуваше ‘Пред дождот’, си реков - добро, сега е време за пензија“.Ни откри дека Холивуд не е толку гламурозен како што изгледа. Иако имал понуди од сите големи студија, си заминал оттаму. Не му е криво ни тоа што Ричард Гир не глумеше во „Прашина“.„Среќен сум што на крајот не беше дел од филмот“, откри тој за „Репортер“.Приказни има многу: од тоа како си поминал на роденденската журка на Мадона до тоа како режирал спотови за рап-групи и освоил награда на Ем-ти-ви за најдобро видео. Но, малкумина знаат дека пред да почне да режира, Манчевски како тинејџер глумел во два филма.„Глумев во филм на Бранко Гапо. Во сцената татко ме става мене мртов во реката за да ми ги измие раните оти со шминката ми направија расеченици насекаде по лицето. Ме шминкаа три часа и кога заврши снимањето, останав со таа крвава шминка на себе. Наместо да се вратам во хотелот, се шетав низ Струга и таков раскрвавен отидов во болница. Сестрите збунети ме прашаа што треба, им реков дека имам трн во раката да ми го извадат“, ни раскажа Милчо за своето прво искуство на филм.Детството му е врзано за големата куќа во која живел со осуммина возрасни. Само тој бил дете. „Сите ги терав да правиме сè заедно оти тие ми беа друштво. Дури во прво одделение почнав да спознавам нов свет. Додека да завршам осмо одделение, во таа куќа останавме да живееме само тетка ми и јас, сите други починаа“, се сеќава Милчо на детството.Ретко кој знае дека тој со стариот велосипед „пони“ се вози низ Њујорк, а игра баскет во Бруклин со маалските деца. Зошто прави шеги на сметка на легендарниот Алфред Хичкок во своите филмови, како изгледала средбата со нобеловецот Иво Андриќ, кој на 10 години му доделил награда за најдобар расказ, но и што треба да поседува еден актер за да глуми во филм на Милчо, зошто не му се важни наградите и зошто користел лажно име во Венеција... гледајте го интервјуто.извор: Репортер

Магазин | пред 5 години

puter-6

Запленетите 4 и пол тони путер со изминат рок утре ќе бидат уништени на Дрисла

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека запленетиот увозен путер со изминат рок, во количина од скоро 4,5 тони, утре ќе биде уништен на депонијата Дрисла.„Изминативе две недели АХВ спроведе акција за контрола на млечни производи од увоз во млекарницата ‘Евро Млекара ДООЕЛ’, Скопје. Во неколку последователни контроли во млекарницата и кај дел од нејзините дистрибутери, повлечени се вкупно 4.325 килограми увозен путер, за кој е утврдено дека е со изминат рок до 2019 година“, информираат од Агенцијата.Од таму додаваат дека производот е повлечен бидејќи е утврдено оти рокот на декларацијата (13.02.2021 година), не соодвествува со увознатна документација за производот, според која, рокот на употреба бил до 2019 година.„При дополнителни контроли во истата млекарница и кај дел од дистрибутерите запленети се нови количества на путер со изминат рок на употреба, со што вкупната количина на запленет увозен путер, достигна скоро 4,5 тони“, велат од АХВ.Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, вчера побара целосна истрага и одговорност за запленетиот путер со поминат рок.Фото: PRTSC Љупчо Николовски 

Македонија | пред 5 години

arsovski14032021

Арсовски: Николовски се фали за запленети 30 кг путер, а молчи за шверц на 5 шлепери тутун на негови блиски пријатели

Љупчо Николовски и Зоран Заев молчат за шверцуваните 5 камиони тутун, а се фалат со запленети 30 килограми путер со поминат рок. Граѓаните веќе се свесни, оваа Влада е веќе со поминат рок и ќе заврши онаму каде што и е место, на политичкото буниште, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Додека се фалат за запленети 30 килограми путер, цела Влада на чело со Љупчо Николовски молчи за 5те шлепери шверцуван тутун преку фирмата Студенац Шпед, која е на негов близок пријател.Јовевски, Русковска, Антикорупциска, МВР, сите молчат и се соучесници на сторениот криминал за кој има потврда дека се случил шверц на тутун и од Царинската управа.Во години кога тутунарите се најоштетени земјоделци во државава, нема откуп, немаат субвенции и секојдневно протестираат за нивната мака, Љупчо Николовски молчи за шверц на 5 камиони тутун и згора на се, се фали со запленети 30 внимавајте килограми путер, а ги штити неговите пријатели кои што шверцуваат.Настрана од путерот кој им е единствено за мачкање очи на народот, оваа Влада на СДСМ е со поминат рок.Одговорност за целиот криминал мора да има и ќе има. Ниту едно кривично дело нема да остане неказнето, истакна Арсовски.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Mile-Lefkov-14.03.2021

Лефков: Филипче ќе ме тужел! Не само мене министер, „стегај“ тужба на секој шо ќе заболи од Ковид!

Откако министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе поднесе тужба за клевета против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во јавнсота се огласи и самиот Лефков.https://twitter.com/LefkovMile/status/1371142314639364097?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1371142314639364097%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Flefkov-venko-filipche-kje-me-tuzel-ne-samo-mene-minister-stegaj-tuzba-na-sekoj-sho-kje-zaboli-od-kovid%2FВенко Филипче ќе ме тужел! Не само мене министер, „стегај“ тужба на секој шо ќе заболи од Ковид!Туку еве ти убрзано видео и види си ги коментарите на твојот пост на ФБ. За рандом коментар паузирај го видеото! – порача Лефков.извор: Твитер Миле Лефков

Македонија | пред 5 години

rudnik

66 годишен прилепчанец загина по пад во рудник

Во СВР-Битола на 13 март бил пријавен трагичен инцидент кој се случил околу 9 часот наутро на местото викано Чашка, во атарот на селото Плетвар.Според пријавеното, 66-годишниот прилепчанец Д.С. паднал во рудникот Чашка при што се здобил со тешки повреди, по што бил пренесен до општата болница во Прилеп, каде починал.На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица во Прилеп.По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

FILIPCE-VAKCINI

Филипче: Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Лефков од ВМРО-ДПМНЕ

Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат, напиша на својот Фб профил министерот за здравство Венко Филипче.Филипче во објавата додава:Институциите си започнаа постапки со кои ќе се доккаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Сепак, јас нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините. Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици! Тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините. извор: ФБ Венко Филипче

Македонија | пред 5 години

orce-so-lisici

Обвинителство за притворот на Камчев

Денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка заради постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

orce-so-lisici

Камчев: “Ма какво бегање”

Бизнисменот Орце Камчев по излегување од судот, негираше дека сакал да бега, како што образложи Агенцијата за национална безбедност. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство.Камчев е спроведен во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, каде треба да одлежи 30-дена по одлука на судија на претходна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Адвокатот на Камчев: Живееме во садистичка држава

Адвокатот на Орце Камчев, Тони Менкиноски, вели дека ова што се случува во Република Македонија е класичен „садизам“.- Сакам да ве информирам дека живееме во садистичка држава. На ваков ден (прочка) да се определи ваква мерка без никаква основа може да биде само израз на садизам од страна на институциите на системот. Во утринските часови Орце Камчев беше лишен од слобода поради кривично дело изборна измама а подоцна од ЈО за организиран криминал и обвинител од Радовиш побара притвор за Орце Камчев поради некаква си индиција за бегство. Иако е дадена гаранција капитал, одземени се пасошите на Орце Камчев сепак се бара притвор надвор од сите рокови бидејќи обвинение по 30 месеци истрага не е поднесено, истакна Менкиноски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

orce-so-lisici

Камчев оди во „Шутка“ - судот одреди притвор од 30 дена

Орце Камчев од Кривичниот суд оди во притвор во следните 30 дена. Судија на преходна постапка Васил Динковски му ја одредил оваа мерка предмалку.Орце Качев се подготвувал да побегне за Бугарија велат извор за тв 24. Но во планот не бил сам, имал план да ја напушти Македонија со партнерка. Според истите извори, тој се сретнал со човек од бугарската полиција, а имало и продажба, но и други информации поврзани со недвижнини. Камчев, инаку, има и бугарски пасош.Освен Камчев за случајот се осомничени и Никола Груевски, поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков, Ратка Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска починати 19 лицa и нови 541 случај на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2.789 тестирања, а регистриран е 541 нов случај на КОВИД-19 во:Скопје – 290, Прилеп – 43, Тетово – 22, Охрид – 21, Гостивар - 19, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 16, Велес - 15, Штип и Струмица – по 13, Ресен – 12, Неготино – 10, Куманово – 7, Богданци - 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија - по 3, Валандово и Пехчево – по 2, Кичево и Радовиш – по 1.Регистриран е 521 оздравен пациент од:Скопје – 166, Прилеп – 72, Охрид – 54, Кавадарци – 47, Неготино – 40, Куманово – 28, Тетово и Кочани – по 18, Велес, Струга и Крива Паланка – по 15, Гевгелија – 5, Богданци – 4, Крушево – 3, Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево - по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод – по 1.Пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55 – 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци - по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. 18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.Направени се 2.789 тестови преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-354, Биотек-345, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-335, лабораторија Лаор–412, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-39, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 251, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0.Досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 49775, активни 5695Прилеп 6101, активни 824Куманово 5983, активни 410Тетово 5790, активни 371Гостивар 4070, активни 301Кавадарци 3845, активни 616Штип 3818, активни 186Велес 3753, активни 324Битола 3710, активни 306Охрид 3577, активни 464Струмица 2918, активни 225Струга 2518, активни 174Кочани 1954, активни 130Кичево 1825, активни 52Неготино 1591, активни 389Гевгелија 1495, активни 318Свети Николе 1147, активни 42Крива Паланка 961, активни 131Ресен 887, активни 93Дебар 804, активни 17Радовиш 780, активни 39Делчево 763, активни 47Берово 705, активни 60Пробиштип 588, активни 43Виница 538, активни 22Валандово 408, активни 38Крушево 372, активни 110Богданци 337, активни 73Демир Хисар 300, активни 40Кратово 300, активни 26Демир Капија 282, активни 49Македонски Брод 260, активни 8Пехчево 196, активни 9Македонска Каменица 194, активни 2Дојран 101, активни 6 фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Национален Блок „Не отворам врата“: Власта го губи компасот, ќе правела попис на бројка од 1.000 дневно заразени од коронавирусот

Националниот Блок „Не отворам врата“ и честита на власта за рамнодушноста, но, не и завидува на глупоста. Власта се фали дека ќе спроведе безбеден попис со заштитни протоколи иако власта доживува целосен пораз и покажува дека нема институционален капацитет да се справи со здравствената криза, се вели во соопштението од Национален Блок „Не отворам врата“.Во продолжение на истото се додава:Очигледно власта го губи компасот. Дневната бројка на новозаразени од вирусот надмина 1.000 случаи. Пандемијата се засили, бројот на заразени расте, а расте и бројот на починати лица.Националниот Блок „Не отворам врата“ го повикува народот да не наседнува на лажната пропаганда на власта дека ќе правела безбеден попис.Доколу власта опстане на лудата идеја по секоја цена да турка фласификуван и живото-загрозувачки попис, во тој случај народот да не се попишува. Ја користиме приликата да ја информираме јавноста дека Македонците во странство масовно го прифаќаат планот на Националниот Блок „Не отворам врата“ да не се попишуваат. Од 1 март кога почна пописот во странство, од досега попишаните дури 90 отсто не се Македонци.Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

naum14032021

Стоилковски: Јовески и Русковска прават злоупотреба на службена должност ако не отворат предмет за софтверот на Рашковски

За криминалот и корупцијата нема простување, туку мора да важат правото и правдата!И денеска повторно ги повикуваме институциите да отворат сериозна истрага за Драги Рашковски и набавката на софтвер, платен од буџетот, а е неупотреблив. Драги Рашковски е иноватор на награден систем, чиј што софтвер има исти цели како и набавениот од Рашковски, а неупотреблив е за МВР. Притоа софтверот е набавен од компанија основана девет дена откако Рашковски- иноваторот станува Генерален секретар на режимот на Зоран Заев, а од Генералниот Секретаријат воден од Рашковски добива вкупно над 400 илјади евра, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Се повеќе информации во јавноста говорат за намерно извршена набавка која што не одговара со постојниот систем, односно дека некој во режимот имал намера да се изврши токму ваква набавка.Информации објавени во јавноста велат дека од крајот на 2019та, и почетокот на 2020та, тогаш кога и тече процедурата за набавка на системот, на неколку пати била одложувана затворена седница на владата на која едно од прашањата е „Safe city“ односно везбеден град, системот со камери на МВР.Драги Рашковски, но и Зоран Заев треба да одговорат, каква е врската меѓу одложувањето на оваа затворена седница и набавката на софтверот со исти цели како оној софтвер иновиран од Драги Рашковски, а е некомпатибилен со системот на МВР, имајќи предвид дека огласот за набавка бил распишан во ноември 2019та, а договорот е потпишан во февруари 2020та година?Откако Зоран Заев во име на режимот јавно го амнестираше Драги Рашковски, ЈО порача дека нема да отвори предмет, туку ќе чека некој да поднесе пријава. А кој тоа, наместо ЈО може да отвори истрага и да има целосен пристап до документи во извршната власт, во владата на режимот?Ова е се, само не извршување на должноста.Свесно и намерно, Републичкиот Јавен Обвинител Љубомир Јовески, а по него и ЈО за организиран криминал воден од Вилма Рускоска, со непостапување, прават тешки злоупотреби на службената положба и овластување.Републичкиот Јавен обвинител е ОБВРЗАН САМ да почне да дејствува, дотолку повеќе што се работи за криминогени дејствија во врвот на извршната власт, што само по себе има ЈАВНО ЗНАЧЕЊЕ.Јовески, а и Русковска се ДОЛЖНИ да преземат предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на нивната функција. Со нестручно и несовесно работење се прави свесна злоупотреба на службената должност, а тоа е кршење на закон.Со непостапување за јавните набавки на Генералниот Секретаријат воден од Драги Рашковски, обвинителите не преземаат дејства за кои што се задолжени и за кои што дале заклетва.Јовески и Русковска мора да кажат, дали врз нив се врши притисок да не отворат истрага за ниеден скандал во кој што е вмешан Рашковски, од Леонардо, набавка на хеликоптери, продажбата на ШИК Јелак, набавки на машини за Дрисла, скандалот со провизии за авионски карти за повратниците во корона кризата, и што ли уште не?видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Mile-Lefkov-14.03.2021

Лефков -Документи од Централниот регистар на Хонг Конг: 3 месеци по владата на Заев формирана фантом фирмата за провизии при набавка на кинеските вакцини

Фантом фирмата Стабри Интернешенал преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година. Ова се документи од Централниот Регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека истата е формирана на 22 септември 2017 година, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков.Лефков додава:На фантом фирмата Стабри Интернешенал според нашите документи и се префрлени 12.5 милиона долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100% повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за Синофарм, 30 за Вицето.Како Стабри Интернешенал, фирма која има само тројца вработени, а ова се документите кои го потврдуваат тоа, како успева да го убеди Филипче дека ќе набави кинески вакцини, кое е портфолиото на фирмата и дали тој ја истражил истата пред да стапи во соработка?!Од документите кои ги имаме се гледа дека фирмата е формирана со само 10.000 Хонг Конг долари основен капитал, односно 1.000 евра. За јавноста да сфати, ова е единствената гаранција која истата ја има и е јавно достапна, а е депонирана како основачки капитал. Според информациите од Централниот регистар истата нема други средства.Очекуваме ЈО да ги земе во предвид сите документи и информации објавени во медиумите, како и овие денес, и да ја отвори истрага веднаш.Љупчо Николовски наместо да мачка путер, заедно со Заев и Филипче да си дадат оставки веднаш.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Во тешка сообраќајна несреќа едно лице почина, а повеќе се повредени

Едно лице е починато во сообраќајна незгода во која учествувале неколку возила во скопско, информираат од министерството за внатрешни работи.Синоќа околу 21,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Скопје, патничко моторно возило “форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(30) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Скопје.На местото на несреќата починал возачот М.М. а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото “опел корса“ Б.С.(24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото “форд фокус“ констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.Со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ се здобила и Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К.(31) и двајца малолетници.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски: Љупчо брат, заплени сега 5 тони радиоактивна урда, да го потврдиш твојот вонсериски талент

Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил ја коментираше спектакуларната најава на Љупчо Николовски за заплената на путер со поминат рок.-Љупчо брат, заплени сега 5 тони радиоактивна урда, да ги затнеш овие говеда на фејсбук што те прцаат за путерот и да го потврдиш твојот вонсериски талент, напиша Тасевски на ФБ. извор: ФБ Сашо Тасевски 

Македонија | пред 5 години

orce-kamcev

Обвинителството ќе бара притвор за Камчев - се подготвувал за бегство

Бизнисменот Орце Камчев е уапсен откако Агенцијата за национална безбедност алармирала дека тој се спрема да се даде во бегство. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „А1он“ вели дека надлежните обвиниели кои го водат случајот поврзан со плацевите на Водно, Гордана Смаѓовска и Лиле Стефанова, ќе побараат притвор за Камчев од судија на претходна постапка.„АНБ имала информација. Ние се водиме по нивните информации, ќе бараме притвор“, вели кратко обвинителката Вилма Русковска.Инаку, Орце Камчев е приведен утринава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе се одлучува за побараната мерка притвор.извор:  „А1он“ 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претпладнево полицијата го привела Орце Камчев

Претпладнево полицијата го привела Орце Камчев. Од обвинителството за организиран криминал за Телма соопштиле дека приведувањето е откако АНБ доставила извештај дека Камчев се подготвува за бегство.Од таму пишуваат дека поради тоа во рамките на истрагата за плацевите на Водно, во која е инволвиран и Камчев ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор.Според нивните информации, Камчев утре требало да оди во обвинителството за да се подготви како сведок на обвинителството во случајот Меѓународен сојуз.Инаку, Камчев е еден од осомничените во случајот на СЈО под назив „Империја“.извор: Телма

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

За да има простор за згради и деловни објекти, со ДУП от за просторот кај „Холидеј ин“ градинките нацртани под земја!

Градинка под земја предложиле од планерската куќа „Билд урбан“, која го прави Деталниот урбанистички план (ДУП) за просторот кај „Холидеј ин“ во строгиот центар на Скопје. За да има инвеститорот повеќе простор за згради и деловни објекти, планерите смислиле децата кои ќе живеаат во овој дел осум часа во денот да бидат под земја, без зрак светлина и сонце.На првите состаноците кои ги имале членовите на Комисијата за ревидирање на деталните планови со планерите, се дале насоки на овој простор да се предвиди и градинка, бидејќи ако има станбени згради тогаш потребно е и соодветна инфраструктура за тие жители. Планерите несакајќи да трошат парцела за јавна установа и за да имаат повеќе простор за згради, како што велат од Комисијата за САКАМДАКАЖАМ.МК, нацртале мултифункционален простор под плоштадот кој треба да се предвиди во овој дел и во рамките на него да има и градинка.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК,

Скопје | пред 5 години

policija-skopje-koronavirus-4

Изминатата ноќ 32 лица го прекршиле полицискиот час

Од 22 часот (13.03.2021) до 05 часот (14.03.2021) констатирано е дека 32 лица не ја почитувале забраната за движење.Во текот на изминатото деноноќие пак (13/14.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 564 прекршоци.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања