Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona6

Денеска починати 8 лица и 404 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2727 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 180, Охрид – 32 , Кавадарци -19, Куманово – 16, Битола ,Струмица и Струга по 15, Прилеп – 11, Тетово -10 , Велес – 9, Штип – 8, Дебар и Ресен по 7, Кочани, Гевгелија и Делчево по 6, Гостивар – 5 , Кичево, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Берово, Пробиштип и Валандово по 4, , Крушево – 2 , Свети Николе, Демир Хисар , Македонски Брод , Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1.Регистрирани се 101 оздравени пациенти од:Скопје – 39, Велес -10, Ресен и Куманово по 9, Гостивар 6, Битола и Кичево по 5, Струмица – 3, Прилеп, Штип, Кавадарци, Свети Николе и Неготино по 2, Тетово, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 1.Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направените 2727 теста се преку: ИЈЗ-499, ЦЈЗ Скопје-71, Авицена-227, Биотек-157, Жан Митрев (Филип Втори)-243, Систина-184, лабораторија Лаор–248, МАНУ-119, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-113, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, ГАК-0, Синлаб-84, Ремедика-25, лабораторија болница Козле-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 700, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 41336, активни 4011• Куманово 5265, активни 313• Тетово 5182, активни 306• Прилеп 4623, активни 164• Гостивар 3654, активни 186• Штип 3527, активни 97• Битола 3264, активни 148• Велес 3176, активни 251• Охрид 2914, активни 451• Кавадарци 2741, активни 385• Струмица 2572, активни 229• Струга 2271, активни 210• Кочани 1747, активни 66• Кичево 1736, активни 110• Свети Николе 1088, активни 34• Гевгелија 1033, активни 117• Неготино 991, активни 87• Дебар 775, активни 84• Ресен 754, активни 88• Крива Паланка 739, активни 40• Радовиш 730, активни 57• Делчево 663, активни 216• Берово 606, активни 40• Пробиштип 515, активни 31• Виница 499, активни 30• Валандово 330, активни 11• Демир Хисар 252, активни 11• Македонски Брод 247, активни 11• Кратово 237, активни 24• Богданци 226, активни 17• Демир Капија 224, активни 52• Крушево 220, активни 37• Македонска Каменица 192, активни 18• Пехчево 183, активни 7• Дојран 87, активни 9Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со граѓаните ќе го стопираме законот за попис кој беше донесен без консензус, бидејќи власта сака да спроведе фалсификуван попис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посети индустриската зона "Чојлијa" каде што даде изјава во однос на предвидениот попис, како и за аномалиите при донесувањето на истиот.  Мицкоски посочи дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани во однос на законот за попис кои беа одбиени, а потоа мнозинството во парламентот го протурка законот без консензус, односно на начин на кој што власта е навикната да донесува закони.Иако СДСМ одреден период наназад тензично бара одржување на пописот и сака да го истурка набрзина, сепак сега се соочија со фактот дека тоа не е проста операција и за истата треба доволен период на подготовка, односно обука на попишувачите и се што е потребно за негово реализирање. Незнаењето и брзоплетоста се префрли во рацете на Пендаровски, кој што почна да ја префрла топката на страна на ВМРО-ДПМНЕ и бара одложување на пописот за месец мај или месец јуни, но тоа не го менува првичниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека во овој момент пописот нема да вроди со плод, освен оној негативен во однос на здравјето на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ отпочна постапка за собирање на потписи, преку кои ќе се стопира законот за попис кој го донесе мнозинството во парламентот, а подоцна ќе следи измена на законот со забелешките од страна на ВМРО-ДПМНЕ, односно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка од граѓаните на Република Македонија во однос на потписите кои ќе се собираат за спречување и стопирање на ваков закон за попис, за потоа да се отпочне една сосема нова постапка за ревидирање на законот и креирање закон прифатлив за сите политички партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

slika-1

ВМРО ДПМНЕ: Битиќи потврди дека Заев лаже, наместо милијарди за поддршка на економијата се потрошени само 350 милиони. Каде завршија другите 800 милиони?

Денес вицепремиерот Фатмир Битиќи потврди дека Зоран Заев лаже. Битиќи призна дека наместо милијарда евра, до граѓаните како помош за справување со ковид кризата како државна помош стигнале само 350 милиони евра, што е 3 и пол пати помалку од лажните бројки на Зоран Заев кој тврдеше дека 1 милијарда и 150 милиони евра завршиле како поддршка за справување со кризата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Фатмир Битиќи.Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Каде завршија 800 милиони евра за кои зборуваше влада до пред некое време?Патем Зоран “Лажни Вести“ Заев тврдеше дека државата се задолжи цела 2020 година над една милијарда евра нов долг, наводно за поддршка на економијата во ковид криза, за сега да видиме дека поддршката изнесувала само 350 милиони евра.Народот вели “кој лаже, тој и краде“. Заев видовме дека лаже за 800 милиони евра, е сега да видиме кај завршија тие пари. Стотиците милиони евра под превезот со ковид кризата завршија за изборен поткуп, за коруптивни зделки, за криминални тендери, за полнење на администрацијата, за набавки на службени возила, шампањи, бурбони, октоподи, шкампи и слично.Народот и стопанството не добија ништо, ама затоа мафијата на власт доби многу од кризата. Сега станува јасно зошто Заев постојано повторуваше дека секоја криза е нова можност, само што тоа веројатно било можност за богатење на елитата на власт.Сега е јасно зошто економијата тоне, 55 илјади луѓе останале на улица, зошто уште толку лица не земаат редовна плата, зошто имаме убедливо највисок пад на БДП, зошто сме најнесреќна и најсиромашна држава во Европа и на крајот зошто сме на 111 место на листата на Транспаренси.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Fatmir-Bytyqi-15

Битиќи и Петров: Отворен првиот јавен повик на ФИТР за ко-финансирани грантови во 2021 година - 6 милиони евра за микро, мали и средни компании

Вкупно 6 милиони евра, се ставаат на располагање преку првиот јавен повик за ко-финансирани грантови на микро, малите и средни компании за технолошки развој и за забрзан економски раст, соопштија на денешната прес конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров.Вицепремиерот Битиќи посочи дека изминатите неколку години, Фондот за иновации и технолошки развој, стана вистински поддржувач за сите микро, мали, средни, старт-ап и спин оф компании во земјата. Во моментот во реализација се проекти на над 550 компании со инвестиции во вкупна вредност од 77 милиони евра. За 2021 година, ФИТР предвидува 11 повици, за повеќе финансиски инструменти, во вкупна вредност од 17 милиони евра.„Продолжуваме со поддршка на домашните микро, мали и средни компании. Овој јавен повик следи по јавниот повик на ФИТР за поддршка на компаниите за брзо прилагодување од Ковид 19, што беше дел од третиот пакет на антикризни мерки. Она што сакам да го потенцирам е дека трговските друштва и приватните здравствени установи, кои се потенцијални корисници и припаѓаат на микро и малите компании, треба да обезбедат 30% од средствата, а доколку се во средни фирми потребно е да обезбедат 40% од средствата за реализација на проектите. Останатото ќе се обезбеди преку Фондот, што сметам дека е навистина голема поддршка“, нагласи Битиќи.Вицепремиерот нагласи дека во фокусот на Владата во 2021 година е креирање на новата развојна економија, а овој јавен повик е само дел од целокупните економски активности.„Во претходната 2020 година, реализиравме рекордни 65 милиони евра, директна финансиска поддршка за 850 компании. Во Буџетот за оваа година имаме проектирано 70 милијарди денари или 1,1 милијарди евра за економски програми, кои подразбираат и директна поддршка на инвестициски проекти на компании, поддршка на технолошкиот развој, дигитализација, иновации, проширување на производствените процеси, повисока продуктивност, обука на вработените, претриемништво, но и индиректна поддршка за бизнисот во унапредување на регулативата, намалување на давачки, како и средства за реализација на капитални инвестиции во инфраструктурни проекти “, подвлече вицепремиерот Битиќи.Директорот на ФИТР, Коста Петров, истакна дека од предвидениот вкупен буџет за овој повик, микро компаниите може да аплицираат за поддршка до 2,5 милиони денари, а малите до 5 милиони денари, односно до 70% од вкупната вредност на буџетот за инвестицискиот проекти. Средните компании пак, може да добијат поддршка до 10 милиони денари или до 60% од вредноста на проектот. Како подобни трошоци ќе се сметаат бруто платите за вработените лица, трошоци за техничка поддршка, истражување, развој, дигитализација, набавка и изнајмување на опрема, софтвер, ИКТ алатки или суровини, но и за трошоци поврзани со спроведување на планот за технолошки развој на компанијата„Целта на овој јавен повик е да се поддржат домашните компании, за да создадат услови за надминување на последиците на кризата, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари, но и да ја зајакнат и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, дигитални и „зелени“ технологии, за нивна трансформација. Драго ми е што сите пристигнати апликации ќе ги разгледува Комитетот за одобрување на инвестиции, кој е сочинет од пет светски познати експерти. При евалуацијата на проектите приоритетно ќе се разгледува нивното влијание врз економскиот развој (45поени), по што следува технолошкиот напредок и дигитализацијата (35 поени), а квалитетот на проектот и капацитетот на проектниот тим ќе бидат оценувани со по 10 поени од вкупната оценка“, потенцираше Петров.Претседателот на Комитетот за одобрување на инвестиции, Марвин Лиао, кој е поранешен комерцијален директор во Yahoo, во своето вклучување на прес конференцијата го истакна своето задоволство да биде дел од овој Комитет.„Свесен сум за растечкиот потенцијал на македонскиот приватен сектор и заедно со другите членови на Комитетот, со нетрпение очекувам да дознаам повеќе за македонскиот екосистем и да помогнам Северна Македонија да се позиционира како регионален хаб за иновации. Од мое лично искуство, и од едниот и од другиот корпоративен сектор како комерцијален директор на Yahoo! и стартап секторот, знам дека овој вид јавни повици се клучни во развојот на иновативната економија, особено во ерата на КОВИД-19 кога бизнисите треба да се прилагодат побрзо од кога било“, посочи претседателот на Комитетот за одобрување инвестиции Лиао.Јавниот повик за ко-финансирани грантови на микро, малите и средни компании за технолошки развој и за забрзан економски раст ќе се спроведе исклучиво со електронско аплицирање, што е големо олеснување за компаниите, а компаниите ќе може да се пријават со своите бизнис планови до 6 април, 2021 година.фото: ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

kosta-2

„Нула глад во Општина Охрид“ - обезбедени 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства

Обезбедени се 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства во рамки на проектот „Нула глад во Општина Охрид“.Овој проект, Охридската локална самоуправа го реализира во соработка со здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ како дел од националната акција „Нула глад“ и со поддшка на позната трговска компанија.Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до ранливите семејства од страна на мобилните тимови на Општина Охрид, кои беа формирани за помош и поддршка за време на здравствената криза од пандемијата Ковид-19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.  

Македонија | пред 5 години

popis-696x522

Влада: Методологијата за спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 е согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат

Врз основа на Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, а со цел единствена примена на методолошките основи при попишувањето, директорот на Државниот завод за статистика ја објави Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.Методологијата има за цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето и е наменета за сите учесници во пописот утврдени со Законот за попис, но и за сите корисници на резултатите од пописот.Таа ги содржи сите потребни методолошкo-организациски и технички објаснувања, со цел да се обезбеди единствена примена на новиот комбиниран методолошки пристап и новата технологија за спроведување на пописот.Комбинираниот пописен метод, кој се воведува за успешно спроведување на пописот е сложен методолошки и технолошки пристап. Обезбедува повеќе можности, базирајќи се на комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување и со користење на податоци од претпописната статистичка база на податоци добиени од постоечки регистри поврзани со користење на Единствениот матичен број на граѓанинот.Дополнително, за првпат теренско попишување ќе се спроведува со користење на преносни компјутери од попишувачите, поврзани на посебно развиена веб-апликација поставена на cloud (облак), наместо хартиени прашалници.На овој начин се намалува потребното време за прибирање на податоците, се намалуваат трошоците за пописната операцијата, потребно е помалку време за обработка на податоците, конечните податоци од пописот ќе се добијат побрзо и ќе се обезбеди многу повисоко ниво на квалитет на податоци од пописот.Единиците кои ќе бидат опфатени со Пописот се: лицата, домаќинствата и становите, односно живеалиштата.Според Државниот завод за статистика, Пописот ќе обезбеди податоци за три категории на население и тоа:- Вкупно резидентно население;- Вкупно нерезидентно население;- Вкупно попишано население, категорија која ги опфаќа претходните две категории население.Комбинираниот метод применува претпописна база на расположливи, односно сублимат на бази и податоци од Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Управа за водење матични книги, Катастар на недвижнини и расположливите податоци во Државниот завод за статистика од редовните статистички истражувања во поглед на образование, витална статистика, бизнис регистер и друго. Дополнително проверка ќе се прави со базите на Фондот за здравствено осигурување.Пописот, ќе го врши еден или најмногу двајца попишувачи, со најстрого почитување на здравствените протоколи од Министерството за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести.Пописот, како најзначајна статистичка операција, е дефиниран според правната рамка и согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат, како и друга меѓународна и домашна регулатива.Попишувањето на населението, домаќинствата и становите како сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување на квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, кои се од интерес за сите граѓани и затоа е потребно сите да се вклучат во пописот 2021 година.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Истражување во Куманово: Цариниците најкорумпирани, докторите најмногу бараат мито

Вработените во царинските служби се најкорумпирани, додека здравствените работници најчесто бараат мито, посочиле граѓаните на Куманово кои биле вклучени во истражувањето за проценка на ранливи области на корупција на локално ниво, кое го изработи Асоцијацијата на демократски иницијативи (АДИ) во пет општини во државата. Нивните одговори се разликуваат од граѓаните на Гостивар, Битола и Кавадарци кои за најкрумпирано го сметаат судството, а во Штип на врвот на листата се инспекциските служби, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. На прашањето од кои институции најмногу се бара мито, најголем дел од испитаниците во сите општини рекле дека дека прво е здравството, а следна полицијата.Заедничко за сите општините е што граѓаните имаат перцепција дека корупцијата во последната деценија е многу зголемена и тоа дури за 80 отсто. Анализата на сумираните резултати од петте општини покажала дека корупцијата во Северна Македонија е најраспространета во судството, потоа следуваат инспекциските служби и царината, а на последно место е социјалната заштита.Текстот во целост на:  САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Зошто се крие дали Македонците на пописот ќе се запишат како Македонец/Македонка или со описна додавка

Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски вчера зборуваше детално околу пописот, односно, за бројот на прашањата, начинот на попишување на дијаспората, пописните комисии и други прашања.  Но, директорот на ДЗС како и владата на Заев сеуште одбиваат да одговорат на клучното прашање - дали Македонците во графата за национална припадност ќе се запишат како Македонец/Македонка или ќе има описна додавка, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Единствена Македонија го упати ова прашање до власта во Скопје уште на 16 јануари, но, одговор нема.Апелираме власта да се вразуми и да го одложи пописот и да го измени Законот за попис за кој власта и понатаму лаже дека е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Клучните одредби на Законот се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ за што постои изјава доставена до ЕУ од 25 декември лани од страна на министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на ДЗС.Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ заради што ќе има кампања против пописот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

2-3

(ФОТО) Сузбиена криминална група за продажба на дрога во Прилеп, вчера приведени шест лица

Во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации во Прилеп, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин,мобилни телефони и други предмети, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР – Прилеп, по насоки на јавен обвинител од ОЈО – Прилеп, изминатиот период, од септември 2020 година, спроведуваа криминалистичка истрага за повеќе лица инволвирани во недозволена продажба на хероин ,кокаин марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп. Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија.„Во текот на истрагата се обезбедени докази за криминалната група при што лишени се од слобода 16 лица, а во текот на вчерашниот ден (05.02) извршени се претреси на 16 локации, а лишени се од слобода шест лица и одземени три возила, пари за кои постојат докази дека потекнуваат од продажба на дрога, марихуана, кокаин ,мобилни телефони и други предмети: П.А. (31), од кого се одзмени и возило „бмв5“, пари и мобилни телефони, Д.А. (32) од кого се одземени џип, пари и мобилен телефон, Ј.Џ. (41), В.Ј.(32), од кого е одземена дрога и мобилен телефон, Д.А. (35), од кого се одземени возило „бмв“, пари и мобилен телефон и Р.М. (34)“, соопшти Ангеловски.Истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога. фото: МВР

Македонија | пред 5 години

filipce-1-1

Се очекува да пристигнат 200 000 кинески вакцини, еве како ќе тече имунизацијата

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека наскоро во земјава ќе стигнат 200 илјади вакцини од Кина, со што ќе се обезбеди вакацинација на 100 илјади граѓани.Министерот дополна дека веќе е изготвен план, за транспортот, чувањето и отпочнувањето на вакацинацијата, нагласувајќи дека здрвствениот систем има капацитети да ја отпочне првата фаза. Според него откако ќе отпочне вакцинацијата на дневна основа ќе се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани. Закажувањето за вакцинацирање ќе се спроведува преку системот „Мој термин“, а имунизацијата ќе се врши на вакцинални пунктови. Здравствените работници ќе се вакцинираат на пункт во поликлиниката во Букурешт.Откако системот на „Мој термин“ ќе одреди кои граѓани први ќе примат вакцината, потоа секој матичен лекар добива листа на граѓани кои треба да ги извести дека системот ги избрал како приоритетни за вакцината, а потоа самиот граѓанин одлучува дали ќе прими вакцина. Доколку да, се закажува термин и локација за вакцинаца, доколку не сите податоци се враќаат во системот.Според приоритетниот план за вакцина први ќе бидат здравствените работници , кои работат со Ковид – пациенти во клиники и домови за стари лица , во установи со лица со посебни потреби, како и матични лекари.Втората група ги опфаќа лицата кои се на возраст од 70 години, а во третата останати здравствени работници, стоматолози, фарамцевти , лица изложени на ризик , новинари.Министерот рече дека вакцината е безбедна и сертифицирана, лесно се аплицира и се чува на температура од 2 до 8 степени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Приведени разбојници во Кисела Вода, украденото ќе биде вратено на сопствениците

На 04.02.2021 полициски службеници од ОКР Кисела Вода ги приведоа Ф.Г. (20) и В.С. (20) од Скопје поради одсновано сомнение дека на 26.01.2021 извршиле разбојништво над З.Ц., доставувач во правно лице и му одзеле пари. Во службениот разговор, приведените го признале делото и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.На 05.02.2021 полициски службеници од ОКР Кисела Вода ги приведоа Е.Д. (21) и Џ.И. (19) поради основано сомнение дека истиот ден извршиле „тешка кражба“ во куќа на ул. Драга Стојанова и украле пари, накит и мобилен телефон. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

ddv

Започнува исплатата за „МојДДВ“ за последното тримесечје од 2020 година

Управата за јавни приходи известува дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.На граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.Во последното тримесечје од 2020 година скенирани се 67 272 456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

doktorka

Д-р. Гуржанова: Господа од Владата, на колена ќе молите да ви достават вакцини, со брзи закони да се регистрира и руската и кинеската

Господа од Владата, ќе одите и на колена ќе молите да ви достават вакцини – по болниците цели семејства се легнати и се борат за живот. Во моментов немате поголем приоритет од набавка на вакцини, итно, најитно, сега и денес, напиша на својот фејсбук-профил гинекологот акушер д-р Татјана Гуржанова, додавајќи дека не им се обраќа на своите колеги во Министерството за здравство, затоа што тие го делат нејзиното мислење до последен збор, но се немоќни бидејќи одлуките од повисоко доаѓаат.„Заборавете на бирократија, размрдајте ја таа мрзелива администрација со брзи и вонредни закони да се регистрира и руска и кинеска и секаква вакцина, сѐ е добредојдено, нема што да чекаме амин од EMA, за увоз на вакцини, или па несреќен Ковакс. Ќе одите и на колена ќе молите да ви достават! Сите тие што ги одбивте кога сами ни ја понудија!По болниците цели семејства се легнати и се борат за живот. Добро знам бидејќи јас лежев 10 дена во ГОБ „8 Септември“ и ја гледав ламјата директно во очи. И тие што преживуваат уште долго се неспособни ни за работа ни за секојдневни активности.На персоналот од ГОБ „8 Септември“ (сите до еден прележале и пак се на работа) до земја им се поклонувам“, напиша д-р Гуржанова и додава:И немој некој антиваксер да ми залута на зидов или имунолог аматер а уште пострашно и најново викенд инженер по генетско инженерство, само ќе блокирам, нема да дискутирам!!!!

Македонија | пред 5 години

bezovski

(ВИДЕО) Бежовски: Вилма Русковска ме исфрли од кабинет кога бев да и пријавам криминал на Груевски и Сашо Мијалков

Шокантна изјава на Бежовски : Обвинителката Вилма Русковска ме исфрли од кабинет кога бев да и пријавам криминал на Груевски и Мијалков.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

retki6-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Бехчетова болест

Behcet’s disease – Бехчетова болестMKB M35.2Прeваленца (распространетост): 1-9/100.000Болеста на Бехчет, исто така позната како синдром на Бехчет, припаѓа на групата ревматски заболувања. Болеста на Бехчет се карактеризира со хронична појава на афтозен улкус на слузницата на усната шуплина како и на надворешните гениталии на жените, но и внатрешноста на вагината, воспаление на зглобовите, церебрални обвивки, воспаление на помалите и поголемите крвни садови.Овој синдром е скоро двојно почест кај мажите отколку кај жените. Обично се јавува во 20-тите години од животот, а многу ретко во детството. Болеста е именувана по турскиот лекар Хулуси Бехчет, кој прв го опишал овој синдром во 1937 година.Причини за заболување од БехчетОна што точно ја предизвикува болеста  на Бехчет сè уште не е познато, но многумина тврдат дека станува збор за автоимуна болест. Сепак, се смета дека генетската предиспозиција игра голема улога. Појавата на оваа болест е невозможно да се спречи затоа што сè уште не се знае која е точната причина.Болеста не е иста кај сите пациенти. Некои пациенти можат да имаат лесна болест со ретки епизоди на лезии на кожата додека други можат да развијат болест на нервниот систем. Болеста е обично посериозна кај мажите отколку кај жените.Симптоми на болест Бехчет:Симптомите на болеста Бехчет често се разликуваат од личност до личност, но најчести симптоми на оваа болест се:– ранички во устата (афти) – често пати се првиот симптом на болеста Бехчет. Кај  повеќето пациенти на почетокот се јавуваат мали ранички во устата, кои со текот на времето стануваат поголеми и често предизвикуваат непријатност;– ранички на гениталиите – тие се слични по изгледот и формата на афтите. Кај мажите, тие се наоѓаат почесто на скротумот отколку на пенисот и скоро секогаш оставаат лузни;– промени на кожата – се појавуваат во многу форми и обично се слични на мозолчиња и акни. Најчесто се јавуваат во период по пубертетот;– промени во очите – еден од најсериозните симптоми на болеста, обично се јавува на двете очи. Ваквата промена во очите се карактеризира со заматен вид, црвенило на очите и често постепено губење на видот;– невролошки промени – тие се јавуваат многу ретко, а доведуваат до напади, главоболки и зголемен притисок во главата. Невролошките промени се почести кај мажите;– промени во зглобовите (артритис) – се јавува кај 50 % од пациентите. Обично воспалението влијае на повеќе зглобови и трае до неколку недели;– промени во крвните садови – се јавува кај 30 % од пациентите. Вените на листовите на нозете најчесто се зафатени, а често се јавува болен  оток;– промени во желудникот – некои истражувања покажуваат дека многу ретко доаѓа до создавање на ранички во цревата.Последици од болеста Бехчет:Речиси половина од пациентите развиваат благ, претежно непрогресивен артритис во колената и другите големи зглобови. Воспалението на крвните садови низ целото тело може да предизвика згрутчување на крвта. Всушност, тоа е причината поради која може да се појават аневризми кои можат да предизвикаат мозочен удар или оштетување на бубрезите. Ако е зафатен дигестивниот систем, симптомите можат да бидат благи, но многу често се сериозни, како што се грчеви и дијареја. Синдромот на Бехчет е крајно непријатен бидејќи симптомите можат постојано да се повторуваат. За жал, синдромот на Бехчет не може да се излечи, но има периоди кога болеста е во ремисија. Ремисијата може да трае со недели или години, но болеста може и да се повтори. Можна компликација на овој синдром е парализата, а понекогаш и оштетувањето на некој органски систем може да биде фатално.Третман на болест Бехчет:Бидејќи сè уште не се познати точните причини за болеста на Бехчет, третманот е индивидуален. Веќе при појава на првите симптоми треба да се побара консултација со лекар. Она што е важно да се потенцира е дека не постои лек што може да ја излечи болеста, туку терапија за олеснување на симптомите.Дијагнозата на овој синдром подлежи врз клинички преглед бидејќи не постои тест што може со сигурност да покаже дека се работи за Бехчет синдром. Симптомите се слични на оние на други болести како што се: Синдром на Рајтер (Reiter), Синдром на Стив Џонсон (Steven Johnson Syndrome), лупус, Кронова болест или улцеративен колитис. Лекарот кој ја следи состојбата на пациентот со овој синдром,  може да препорача некои креми, гелови или капки за лекување на симптомите, како и лекови за зајакнување на имунитетот.Кортикостероидите се користат за раничките на кожата и поголеми воспаленија на очите и нервниот систем. Циклоспоринот,  исто така може да се користи за лекување на симптоми поврзани со воспаленија на очите. Она што дефинитивно се препорачува по престанокот на симптомите е рекреација за одржување на флексибилноста на зглобовите. Карактеристично за синдромот Бахчет е повторување на болеста. Кога болеста се враќа, често пати е придружена со потешки симптоми отколку при појавувањето на болеста. Всушност, не постои соодветен начин да се заштитите бидејќи причината за самата болест е непозната.Ако имате синдром на Бехчет може да очекувате нормална бременост, но треба да се консултирате со вашиот гинеколог доколку користите „поагресивна терапија“ којашто може да биде штетна за развојот на вашето бебе. На сите пациенти им се препорачува да консумираат здрава, урамнотежена диета со соодветно внесување на калциум и витамини.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Извор:ОхридПрес

Македонија | пред 5 години

kristofer-palmer-1

Почина најстариот оскаровец Кристофер Пламер

Канадскиот актер и воен ветеран Кристофер Пламер почина на 91 година. Неговото семејство изјави дека тој починал во неговиот дом во Конектикат. Својата филмска кариера Пламер ја започна во 1958 година со „Stage Struck“.Тој доби Оскар во 2012 година за филмот „Почетници“, а беше номиниран и за „Последната станица“ во 2010 година и „Сите пари во светот“ во 2018 година.Добитник е на неколку „Тони“ награди за неговите театарски остварувања, а за постарата генерација засекогаш ќе остане капетанот Фон Трап од мјузиклот „Мои песни, мои сни“.фото: Patch 

Магазин | пред 5 години

izrael

Израел тврди дека имаат лек против корона вирусот, излекувани многу пациенти

Истражувачите од медицинскиот центар Ишилов во Тел Авив успешно го завршија испитувањето на првата фаза на лекот, што може да придонесе за лекување на умерени и сериозни случаи на коронавирус, односно побрзо заздравување.  Со  израелскиот лек се излекувани 30 луѓе заразени со коронавирусот.Лекот се „бори“ против цитокинската бура, потенцијално претеран имун одговор на заразата со коронавирусот за која се верува дека е одговорна за повеќето смртни случаи. Првата фаза од испитувањето за новиот лек за коронавирус успешно е завршена во Медицинскиот центар Ихилов во Тел Авив и се покажало дека тој придонел до брзо закрепнување на повеќе пациенти заболени со ковид-19, јавуваат израелските медиуми. Од болницата објавиле дека тоа е „огромен напредок“ бидејќи со „EXO-CD24“ супстанцата се лекувани 30 пациенти чија состојба била умерена до тешка и сите се излекувале, а 29 од нив во рок од три до пет дена.„Лекот се вдишува еднаш дневно до пет минути во рок од пет дена и е насочен на „центарот на бурата“, белите дробови“, изјавил професорот Надир Арбер.Израел најавува крај на пандемијата во март.фото: Diário do Nordeste 

Македонија | пред 5 години

Mila

Царовска: Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија

Министерката за образование, Мила Царовска во вечерашното гостување  на  Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“  рече дека реформата во образованието не се прави за да се задоволат барањата на Бугарија, туку за да се реализира зацртаното во Законот за образование.– Неоправдан е стравот дека со реформата ќе излеземе во пресрет на барањата на Бугарија, затоа што оваа реформа не е поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање. Проблем настана кога започнаа во јавноста да се пласираат лажни вести поврзани со предметот историја – рече Царовска.Министерката додаде дека предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов „Човек и општество“, а од четврто до деветто „Историја и општество“.„Ова зборува дека ние сме ги слушнале граѓаните и не сакаме нивниот страв да продолжи. Никако оваа реформа, освен преку лажната вест, не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање. Заради тоа што интеграцијата на предмети е позната во светот. Една Британија има поврзани географија и историја, заедно ги учат. На денешната расправа во Собранието слушнавме од опозицијата дека такви дискусии се водат и денеска таму, и тоа се зрели демократии. И ние се стремиме кон тоа. И важно е да се водат дебатите“, рече Царовска.фото: канал 5 

Македонија | пред 5 години

Kumanovo

Тешка сообраќајка меѓу три возила во Куманово

ТВ21 пренесува дека вечерва во Куманово во близина на економското училиште се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу три возила, од кои едното е превртено на кров.За сега, се уште нема информации за повредени лица, полицијата е на местото на сообраќајната незгода и врши увид.фото: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

riste

Почина новинарот Ристе Недановски

По кратко боледување на 62-годишна возраст, вчера почина новинарот Ристе Недановски, соопштија од Лекарската комора, каде што од 2011 година го уредуваше гласилото на Комората, Vox Medici.За колегите новинари Недановски ќе остане запаметен како врвен познавач на проблематиката во здравството, социјалната сфера и за пензискиот систем кои доминираа во неговиот богат новинарски опус во дневните весници „Вечер“, каде што ја започна неговата кариера, а подоцна и во „Дневник“ и „Утрински весник“, каде што во целост дојде до израз неговиот потенцијал и длабокото познавање на темите за кои што пишуваше.Во неговата биографија, која ја споделија од Лекарската комора, стои дека во 1980 г. го запишал Факултетот за интердисциплинарни студии по новинарство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје. Од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата на „Вечер“ во НИП „Нова Македонија”, а во 1997 година преминува во редакцијата „Дневник“. Во 1999 стана заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редакцијата „Утрински весник“, а од 2004 е уредник и новинар за здравство во редакацијата „Вечер“.Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството.фото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Левица: Образованието и воспитувањето мора да се темелат на високи морални и етички вредности

И покрај бурните реакции кои што ја брануваат јавоста, во тек е пилот-проект со цел во наставата да се воведе сеопфатно сексуално образование како посебен предмет. Протнат под маса, исто како концепцијата за наводна реформа во образованието, се вели во соопштението од Левица.Од партијата додаваат:Министерката Царовска, во манир на хибридниот режим во чие што име стои на чело на МОН, ја турка оваа агенда сокриена под превезот на наводна загриженост поради заштита од злоупотреба на децата, а всушност силувајќи го правото на мислење преку наметнување идеологии втемелени на либералните интереси на капиталистичката класа, со цел идните возрасни што порано да бидат впрегнати во остварувањето на капиталистичките експлоататорски цели.Квалитетното сексуално образование мора да нуди систематски и сеопфатен пристап за децата да се информираат, да усвојат позитивни ставови со цел кај нив да се развие почит кон социјалните и сексуалните релации и да се поттикне одговорно однесување.Сосема е несериозно сексуалното образование да им се препушти на невладини или граѓански организации. Изготвувањето на наставните програми и содржини бара сеопфатен, високостручен пристап и истото мора да биде доверено на институтите за социологија, педагогија, психологија и соодветните медицински институти.Програмските заложби на Левица се да донесе нова, сеопфатна и научно издржана реформа во образованието, како и воспитување втемелено на високи морални и етички вредности, кои ќе бидат нов стандард во општеството.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pistol

Од автомобил пукале кон луѓе кои седеле во двор во Арачиново, а тие возвратиле

Во попладневните часови на 4 февруари 35-годишниот А.А. од селото Арачиново во полиција пријавил дека додека седел во неговиот двор со соселанецот Ф.А. (31), поминал автомобил „форд галакси“ во којшто биле Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон нив.Според пријавеното, двајцата соселани кои биле во дворот возвратиле на пукањето.Повредени лица нема, а оштетени биле возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и автомобил „мерцедес“ сопственост на Ф.А..Полицијата работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

„Недела неработен ден“ е законско решение за постигнување социјална рамноправост и заштита на работничките права

На денешната седница на економско социјалниот совет се разгледуваше драфт текстот за законското решение за "недела неработен ден".Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата – недела да се прогласи за неработен ден, односно според она што денеска се донесе како заклучок, текстот да гласи: „недела е ден за неделен одмор“.За нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие определени дејности!). Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат.Во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка.За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор.„Недела неработен ден“ како дел од програмата на оваа Влада е приоритет и дел од политиките кои ќе доведат до зголемена социјална рамноправност и заштита на работничките права.Предлог законот за работни односи, од кој дел е и решението „недела неработен ден“ е се уште во работна верзија и се консултира со сите засегнати страни.фото: ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

Manifestacija_Grigor_Prlicev02052021036

(ФОТО) Врачена наградата „Григор Прличев“ на годинешниот лауреат Лилјана Пандева

Во рамки на годинашниве „ Прличеви беседи“ , денеска во Центарот за култура  „Григор Прличев“, на  пригодна свеченост  на поетесата Лилјана Пандева   и беше   врачена наградата  за најдобра поема за 2020  година. На анонимниот конкурс, стручната  жири  комисијата, за најдобра ја прогласи нејзината  поема „Капетаните“.Годинешниот лауреат, Лилјана Пандева изрази задоволство што токму таа е добитник на престижната награда како една од продолжувачите на традициите  кои ги воспоставил нашиот најголем поет и преродбеник Григор Прличев.Заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески упати честитки за наградата до годинешниот добитник со желба за понатамошна творечка енергија и креативност.– Огромно е  задоволството да се присуствува на овој голем   традиционален настан во чест на  Григор Прличев  големото  име , великанот од залезот на вториот милениум кој со неговите дела „Сердарот“ и „Скендербег“  стана темел на пишаниот збор засекогаш.  Деветнаесеттиот век и столетијата потоа   се и ќе бидат  духовно овековечени  во делото и блескавата личност  на Прличев.  Како еден од најголемите интелектуалци, автори, преродбеници врз чие дело се гради се она духовно, креативно и  едукативно, Прличев оставил неизбришлив печат на овие простори и пошироко. Бил инспирација за генерациите пред нас, за нашата , а убеден сум дека ќе биде инспирација и за генерациите кои доаѓаат по нас.На одбележувањето на годишнината од  неговата смрт, овенчувајќи ја  со ловоров венец годинешната  добитничка  на наградата “Григор Прличев“, поетесата Лилјана Пандева ние докажуваме дека цврсто чекориме  по духовниот и културен пат што го одредил Прличев. Лилјана Пандева со поемата   „Капетаните“ ,  како што оценила стручната комисија, покажа дека , инспиративно и посветено треба и мора да се  следат стапките на големиот Прличев. Таа  одамна запловила во литературните води и е автор на  бројни дела  кои се читаат во целиот свет и  е добитник    на бројни награди и признанија.    На добитничката  и посакувам понатамошна добра мисла и творечка енергија , а на останатите творци  на убавиот збор им посакувам на ваквите настани  да гледаат како  можност да го покажат својот талент, надоврзувајќи се на делото на Прличев, најистакнатиот македонски писател од 19 век.На крај се заблагодарувам на организаторите што и во услови на Светската пандемија предизвикана од КОВИД 19 одлично ја реализираа  најстарата културна  манифестација „Прличеви Беседи“ – рече Николески.Традиционалната манифестација „Прличеви беседи“  е во организација на Центарот за култура и Библиотеката во Охрид.  Годинава се чествуваат 128-годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев и 160-годишнината од создавањето на неговата поема „Скендербег“. Настанот се одржа со почитување на сите здравствени протоколи поради пандемијата  од КОВИД 19.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Manifestacija_Grigor_Prlicev02052021027

(ФОТО) Во Охрид бројни настани на манифестацијата „Прличеви беседи 2020“

На годинашните „ Прличеви беседи што ги организираа Општина Охрид, националните установи Центар за култура, Библиотека и основното училиште  што го носат името на великиот Григор Прличев и Друштвото на писателите на Македонија се одржаа бројни настани со кои се чествуваше  ликот и делото на ловороносецот Григор Прличев.Манифестацијата започна со одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Григор Прличев“, каде беше положен  ловоров венец на бистата на поетот што се наоаѓа во дворот на училиштето, а потоа на неговиот гроб, што се наоѓа во дворот на црквата „Св. Богородица- Перивлепта“ беше положено свежо цвеќе и се одржа панахида во чест на Прличев.Ловоров венец и свежо цвеќе беа положени на спомен- бистата на  Прличев што се наоѓа пред библиотеката што го носи неговото име, а градоначалникот Константин Георгиески им ги додели признанијата  на првонаградените ученици  Виктор Милевски и Даријан Ангелоски кои победија на годинешниот ученички литературен конкурс, кој по повод патрониот празник го распиша ООУ „Григор Прличев“.За ликот и делото на ловороносецот, пред неговото спомен- обележје, беседа одржа Мерсиха Исмајловска член на Друштвото на писателите на Македонија.Во рамките на свечаностите беше промовирана книгата „За Прличев и неговиот ХIХ век“ од д-р Вера Стојчевска- Антиќ. За книгата зборуваа промоторот проф. д-р Димитар Пандев и приредувачот м-р Милчо Јованоски. Издавачи на книгата се Министерството за култура, Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања