Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

sudski-sovet-35wp9tgunr4txhqbrosv0g

Отфрлена кривичната пријава на судијката Неделкова против тројца членови на Судскиот совет

Скопското обвинителство ја отфрли кривичната пријава поднесена од поранешната претседателка и актуелна судијка во Врховнот суд, Лидија Неделкова, против претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев и двајца членови на Советот. Неделкова смета дека членовите на Советот ја злоупотребиле службената положба при одлучувањето за нејзиното разрешување.„Пријавителката во кривичната пријава наведе дека пријавените, во својство на службени лица, во периодот од септември 2020 до јануари 2021 година, ја злоупотребиле службената положба при одлучувањето и гласањето на седница на Сускиот совет на која се разгледувал извештај за утврување одговорност на судијката на Врховниот суд. Тие наводно ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера потешко да ги повредат правата на оштетената, а притоа од лични и политички причини вршеле влијание и врз другите членови на Судскиот совет при одлучувањето. Така, предлогот на Комисијата која го разгледувала извештајот и предложила запирање на постапката против судијката на Врховен суд го вратиле на доработка, потоа избрале нов член во Комисијата и одлучувале без да ја известат оштетената за резултатите од гласањето и за дополнително спроведените дејствија. На 19.01.2021 година Комисијата, без никакви дополнително утврдени околности, донела предлог-одлука за разрешување на судијката во Врховен суд“, соопшти Обвинителството.Од анализа на хронологијата на целокупното постапување произлегло дека Судскиот совет на седницата одржана на 29.09.2020 година расправал по извештајот на Комисијата со кој се предлага запирање на постапката против оштетената.Но, при гласањето не било постигнато потребното двотретинско мнозинство за одлуката да помине, па согласно член 60-д од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет било оценето дека е потребна доработка на предметот и списите биле вратени на Комисијата. Изборот на нов член на предметната комисија бил извршен со ждрепка, согласно член 56 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет.„Од записниците се констатира дека една од пријавените членови на Судскиот совет воопшто не се јавила за збор при расправата за извештајот, додека другата пријавена се јавила за збор и дала образложено мислење за кое не може да биде повикана на одговорност, имајќи ги предвид правата и обврските на членовите на Судскиот совет пропишани со закон. Комисијата за утврдување одговорност на судија одржала ново советување и гласање на 18.01.2021 година, но до Советот се уште не доставила извештај со предлог-одлука“, се наведува во соопштението.Од тие причини надлежниот јавен обвинител одлучил дека во дејствата на пријавените не се содржани елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.Неделкова против ова решение има право на жалба во рок од осум дена до Вишото јавно обвинителство Скопје.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Левица: Продажбата на државното земјоделско земјиште во приватни раце е чекор назад кон феудализам

Владата, преку премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими најави продажба на државно земјоделско земјиште во наредните 3 години - 2021, 2022 и 2023. Ова распродавање на земјиштето е планирано да почне од втората половина на 2021 година. Владата планира продажба на 20 – 30% од вкупното државното земјоделско земјиште, кое според нивни проценки вреди повеќе од 2 милијарди евра, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Накратко, визијата на Владата за целта и условите под кои ќе се врши продажба на државното земјоделско земјиште како и причините за истото се следни:- „Мора да се продава државен имот, бидејќи нема простор за задолжување“ – став на Бесими,- Обезбедување на 200 до 300 милиони евра од продажба на 20% од вкупните површини,- Земјоделското земјиште во сопственост на државата, ќе можат да го купат физички и правни домашни лица, но и правни лица со странски капитал,- Купувачот има обврска да го работи земјиштето, односно да отвори нови работни места,- Земјиштето не смее да се преименува во градежно земјиште,- Најголеми парцели ќе се продаваат низ Пелагонија и Овче Поле,- Најмала површина која ќе може да се купи ќе биде 10 хектари.И покрај тоа што Македонија има благопријатни природни услови за земјоделство, сепак, очигледно тоа, не само што не е приоритет на властите, туку истото е апсолутно занемарено. Резултатите од ваквата незаинтересираност и несериозност се повеќе од очигледни. Секоја година имаме нови разочарани земјоделци – производители, кои, и покрај нивниот труд и производство остануваат социјално загрозени категории.Ние како политичка партија, во врска со предвидената продажба на државното земјоделското земјиште сметаме дека, во никој случај не е прифатлива политиката на отуѓување на земјоделското земјиште во приватни раце, особено не негова продажба на странски капитал. Единствената причина на Владата за најавената распродажба на земјиштето е обезбедување на финансиски средства, бидејќи тие со недомаќинското и коруптивно работење ја ограбија и презадолжија државата, и сега бараат нови извори на финанисии кои повторно ќе ги рапределат по приватни чепови.Левица, државното земјоделско земјиште го смета за природен ресурс, кој го поседува оваа држава, заедно со сите други природни ресурси како: водата, шумите, рудните богатства. Следствено на тоа, овие ресурси му припаѓаат на народот кој живее овде.Со отуѓувањето во приватни раце на земјоделското земјиште, државата се лишува од можноста за планско земјоделско производство, идни аграрни реформи, а се загрозува и производството на здрава храна за во иднина, бидејќи, питка вода и незагадена почва ќе бидат се’ повеќе реткост во иднина.За крај, со најавена продажба на парцели со најмала површина од 10 хектари се исклучуваат ситните земјоделци, кои поседуваат мали земјоделски површини, со кои си обезбедуваат храна и материјални средства за живот. Тие како сиромашни не можат да си дозволат да купат површина од 10 хектари, и со тоа не можат да напреднат со земјоделско производство. Во овој случај купувачи ќе се јават само крупните и имотните земјопоседници, корпорации, странски компании, кои потоа ќе заработуваат од трудот на сиромашните земјоделски работници, изнајмувајќи им го земјиштето или вработувајќи ги на истото како аргати. Со оваа мерка ќе се создадат услови за воспоставување на нов феудален систем на големи земјопоседници, а ќе се уништат малите земјоделци поради неконкурентност. Тоа ќе допринесе за дополнителна миграција и уништување на селата.Затоа застануваме во одбрана на земјоделците, селаните, и сметаме дека државата има обврска да ги заштити интересите на работниот народ, и да се спротивстави на појавата на тенденции на нов феудализам и експлоатација на земјоделците и работниците од страна на странски и домашни крупни капиталисти и земјопоседници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skolo-4

Бојкотот на матурантите засега ставен во мирување

Матурантите по 12 дена бојкот од денеска привремено ќе го прекинат бојкотот на наставата. Тие даваат рок до крајот на месецот пратениците во Собранието да ги усвојат нивните барања односно да се намалат предметите за полагање матура од четири на два – мајчин јазик и предмет по избор од областа во која матурантот планира да ги продолжи студиите.Претходната недела тие имаа средби со пратеници во парламентот и очекуваат дека ќе се исполнат нивните барања.„По нашите средби со пратениците во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека ја ужива поддршката на повеќе од 70 пратеници во законодавниот дом.Во тој поглед, Генералното собрание на Сојузот одлучи привремено да прекине со бојкотирањето на наставата од утре, сабота, 6 февруари до 12 февруари 2021 година.Нашиот бојкот e последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози. Истото нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на годинешната државната матура. Ни требаат и квалитетна настава и изменета државна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, стои во соопштението од Сојузот на средношколци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев: Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија!?

Во мое маало, во Аеродром, забележувам дека скоро секое утро по пет-шест пајак возила им ги креваат колите на станарите од пред зграда, на тој начин директно терајќи ги да купуваат паркинг места од инвеститорите и градежните компании, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.Апасиев во продолжение на објавата додава:Во нормална држава, со купувањето на станот ти следува и твое ПАРКИНГ место (пред зграда или во подземна гаража). Но, нашите инвеститори - кои ги подмитуваат градоначалниците со по стан-два за секое издадено одобрение за градба - за да спечалат екстра профит, си соработуваат со локалните власти и сообраќајната полиција, дерејќи го народот со казни, за да го присилат да им ги купува прескапите паркинг места (кои чинат 5-6.000 ЕУР по место).Оти секое земање на возилото со пајак, ќе те кошта околу 100 ЕУР (2.500 ден. за пајакот + казна за погрешно паркирање). Ете така, мој народе, на дело се дешава она што неолибералните влади го викаат "јавно-приватно партнерство.

Коментари | пред 5 години

lisici

Притвор за дилери на дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои основано сомневање дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените прилепчани, на возраст од 31 до 35 години, во временскиот период од септември 2020 година до февруари 2021 година, неовластено заради продажба набавувале, пренесувале, држеле и неовластено вршеле продажба на наркотични дроги – марихуана, кокаин, хероин и амфетамин. Тие откако ќе ја набавеле наркотичната дрога, во нивните домови ја подготвувале за натамошна продажба, препакувајќи ја во помали паковки. По остварени меѓусебни телефонски разговори, прво и второоосомничените неовластено продавале наркотични дроги и воедно ги ангажирале трето и четвртоосомничениот да вршат продажба на наркотичните дроги во различни количини и по различна цена, давајќи им инструкции и насоки како да ја вршат продажбата.Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со Решение на осомничените им определи мерка притвор со траење од 30 дена.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

stevo

Пендаровски и УНИЦЕФ ја отпочнуваат иницијативата „Преосмисли ја иднината“

Претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ), денеска го најавија почетокот на новата заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината“, чија цел е на децата и на младите да им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации.Во наредните три месеци, младите поедноставно ќе имаат шанса за учество во консултации каде ќе дискутираат за прашања што им се важни, за своите најголеми предизвици и очекувања за иднината на земјата, а ќе добијат и простор да предложат решенија со кои визијата ќе се претвори во реалност.„Денешната генерација на млади се соочува со голем број предизвици. Но, истовремено тие се најинформираната и најдигитализираната генерација во нашата историја која има уникатна прилика да направи нешто за својата иднина. Наша должност е да ги слушнеме нивните ставови, затоа што нивните идеи се важни. Да им помогнеме да бидат дел од процесите на креирање политики и носење на одлуки кои влијаат на нивната и иднината на сите нас“, истакна претседателот Стево Пендаровски.Во земјата има близу 190.000 адолесценти на возраст од 12 до 19 години, а сепак малкумина од нив имаат можност да учествуваат во одлуките што го засегаат нивниот живот, нивната егзистенција и нивните заедници. Квалитетното образование, менталното здравје, спречување на насилството на интернет, климатската акција и вработувањето се меѓу главните приоритети на младите пред и за време на пандемијата со КОВИД-19. Оваа нова иницијатива се фокусира на подобра и поправедна иднина за секое дете и секој младинец во земјата во периодот по КОВИД-19.„Она што го правиме за децата и младите, заедно со нив и во нивно име денес, ќе го одреди нивното утре. Ваквата заедничка иницијатива доаѓа во клучен момент и претставува ретка можност да се преосмисли иднината заедно со децата и младите. Преку иницијативата, младите ќе се оспособат да станат двигатели на промени за низа прашања, а нам ќе ни се овозможи да го искористиме огромниот потенцијал за иновација и трансформација што тие го нудат кога се поддржани со вистинските платформи и вештини, и кога имаат самодоверба да бидат лидери во својата земја“, изјави Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.Младите се поканети да учествуваат во првата онлајн-анкета чија цел е да се утврдат предизвиците со кои се соочуваат, но и да се откријат нивните идеи и визии за иднината. Наодите од истражувањето ќе послужат како поткрепа за темите на работилниците во наредните месеци, а младите ќе бидат поканети да се приклучат преку отворен повик.видео: Кабинет на претседател

Македонија | пред 5 години

uprava

Од денеска дожд и постудено време

Времето денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (и над 70 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен. Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат.Најавата за утре е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени, велат од УХМР.извор: УХМР

Македонија | пред 5 години

humanost

Апел за помош на малиот две и пол годишен Ангел на кого му дијагностицирана конгенитална сколиоза од 66 степен

Ангел иако најмал во семејството тој е најголем борец. Има 2,5 години и се соочува со најголемата битка до сега. Дијагностицирана му е конгенитална сколиоза од 66 степени која мора итно да се оперира, за да се спречат бројни компликации, како и да му се овозможи правилен раст и развој.Поради стручноста и искуството, лекувањето ќе се изврши во Турција, каде родителите добиле позитивни одговори за подобрување на здравјето на Ангел.Средствата за операцијата се превисоки, и родителите на Ангел не можат да ги обезбедат без помош од граѓаните.Состојбата на Ангел од ден на ден се менува, болеста прогресира и секој изминат ден е драгоцен.Родителите упатуваат апел за помош, ова се следните броеви и трансакциска сметка на кои може да му се помогне на малиот Ангел:А1 143-456 Телеком 143-134За Македонија сметка за донација на име Ангел Ацковски: 210700000661967 НЛБ БанкаЗа странство: IBAN МК07210501748033266SwiftTUTNMK22

Македонија | пред 5 години

damjan-davkov

Мајката на младиот гениј Дамјан: Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно

Мајката на осмоодделенецот Дамјан Давков, ученикот на кој не му беше доделена наградата за освоено прво место по математика од страна на Министерството за образование и наука, со образложение „дека се натпреварувал со средношколци“, се огласи на Фејсбук.Вели дека искажаното на ресорната министерка Мила Царовска дека виновник е Сојузот на математичари на Македонија што го испратиле нејзиниот син да се натпреварува со средношколци- не е аргумент.-Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5. Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно. Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто. Тоа би бил апсурд. Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици. За информација, на Светската олимпијада по математика – ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал). На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада.Што се однесува до тоа општината да исплати награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака, напиша мајката на Дамјан на ФБ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ski-cenatr

Ски центарот „Попова Шапка“, сега е „ Kodra e diellit“

Ски центарот Попова Шапка го загуби своето име што го користи 6 децении и во нова реклама на Електрани на Македонија поранешно ЕЛЕМ по старо официјално стана Kodra e diellit, објави Република.Новото име на ски центарот во државна сопственост се користи не само во пропагандниот материјал на албански јазик туку на единствениот кој е на англиски јазик.По реакциите на јавноста промотивното видео е избришано од Фејсбук.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

07022021_PVRSM_Zaev_novinarski_prashanja

Заев: Не е време за предвремени избори

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев во Гевгелија на пуштање во употреба на нова инвестиција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека конечно треба да престанеме со предвремените избори кои ги стопираат ваквите производствени капацитети и севкупната македонска економија.„Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува. Сите тешки одлуки што се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отворање нови работни места, да ги мотивираме инвеститорите да вложуваат во нови инвестиции и да отвораат работни места. На тој начин, да ги зголемиме извозот, бруто домашниот продукт на државата, а со тоа и благосостојбата на целиот народ. Секое предвремено истрчување на избори, ги кочи ваквите процеси“, истакна премиерот Заев.„Редовни избори треба да имаме во 2024 година“, потенцираше премиерот Заев во одговорот на прашањето дали се потребни предвремени избори.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

07022021_PVRSM_Zaev_poseta_Konti_Hidriplast-1

Заев ја пушти во употреба новата инвестиција на „Конти Хидропласт“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Гевгелија ја пушти во употреба новата инвестиција на домашната извозно ориентирана компанија „Конти Хидропласт“ со традиција од 30 години постоење.Станува збор за петгодишен договор до 2023 година за инвестицискиот проект на компанијата во висина од 5.1 милиони евра. Премиерот Заев истакна дека Владата ги поттикнува компаниите кои и во кризата гледаат можност, инвестираат, вработуваат, освојуваат нови пазари.„Новата инвестиција на „Конти Хидропласт“ се реализира со поддршка од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Минатата година, финансиски се поддржани за инвестициите реализирани во 2019 година, со што од страна на Владата исплатени се 10% од оправданите инвестициски трошоци во 2020 како и 20% од трошоците за освојување нови пазари или со вкупен износ од 6.4 милиони денари. Градиме систем кој ги поттикнува успешните компании кои работат чесно, придонесуваат во сопствениот развој, вработуваа кадри и вложуваат во човечкиот капитал, а сето тоа значи и развој на државата. Компанијата го задржа истиот број на вработени - 185 лица, а дополнително постои потреба за нови вработувања, но и од стручна квалификувана работна сила. Во таа насока Владата го поддржува процесот на дуално образование и креирање на кадар кој соодветствува на реалните потреби на компаниите“, изјави премиерот Заев и додаде дека оваа година Владата преку директните капитални инвестиции отвора можност на преку 150 милиони евра развојни компоненти со производи од ваквото производство на цевки и црева за водоводи, канализација и гасификација на државата.Премиерот Заев додаде дека само гасификацијата стартува со 54 милиони евра на интерконекторот кој што поминува покрај Гевгелија, Неготино, грчка граница и се продолжува со интерконекторот спрема Косово, Србија.„Веруваме дека на пролет ќе стартуваат изградбите на секундарните и терцијалните мрежи на гасоводот во сите поголеми македонски градови, а понатаму и во помалите. 50 милиони евра е ТАВ програмата каде преку 80% се инвестиции во водоводи и канализации ширум државата. Во разговори и преговори сме со Европската инвестициона банка за нови 100 милиони евра за водоводи, канализации и прочистителни станици“, додаде Заев.Борис Маџунков генерален директор на компанијата „Конти Хидропласт“ истакна дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите е од голема важност за растот и развојот на македонската индустрија. Тој додаде дека производството е 90% наменето за извоз на странските пазари и тоа Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, дополнително за прв пат започнуваат извоз во САД што е голем успех за компанијата. Произведуваат полиетиленски и полипропиленски црева и цевки за водоводни, гасоводни и канализациони системи, притоа водејќи сметка за квалитет и заштита на животната средина.Владата е посветена на подобрување на деловен амбиент, олеснување на царинските процедури, намалување на парафискални давачки, владеење на правото за сигурност на инвестициите како и почитување на начелата на пазарната економија.фото и видео: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Продолжуваат привилегиите на Спасовски и врвот на МВР - по бесплатната храна добиваат и зголемена плата од 30 отсто

Пред дава дена ја информиравме јавноста дека Оливер Спасовски, негови заменик Назим Буши, државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска и директорот за Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски со измени на интерни акти во МВР добиваат бесплатно јадење и пиење во специјалниот ресторан во министерската зграда во МВР. За разлика од нив, сите останати вработени во МВР како и сите вработени во државата сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Но, ненародните привилеги на полицискиот врв продолжуваат. Спасовским, Буши, Несторовска и Тасевски имаат и статус на овластени службени лица во МВР за што добибата легитимација и пиштол и со тоа им се зголемува платата за 30 отсто, односно ќе добиваат дополнително од 15.000 до 20.000 денари.Спасовски и полицискиот врв кој се политички лица на привремена работа во МВР и кој работат кабинетски и политички се изедначени со професионалните оперативни работници во МВР кои имаат статус на овластени службени лица.Оливер Спасовски и раководството во МВР без грам морал и срам продолжува да се луксузира врз грбот на даночните обврзници и маката и потта на народот. Во ова тешко време на здравствена криза, самопрогласената полициска елита добива зголемена плата и бесплатно јадење и пиење во текот на работното време.Живееме во време на ненародни привилегии за врвот на МВР. Ова лудило мора да запре. Мора да се воспостави системот со чесни политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

IMG_1022

Еко-Свест: Со мали нови навики можеме секојдневно да го подобруваме здравјето и квалитетот на воздухот кој го дишеме

Во последните години граѓаните на нашата држава не дишат чист воздух, тоа го покажува и извештајот за квалитет на воздух од 2019 година на Европската агенција за животна средина. Маглата во најзагадените градови, а кашлицата станува нормална, респираторните заболувања се нашата секојдневност, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест од Скопје кој веќе 18 години активно работи да ги анимира сите засегнати страни во борбата за остварување на чист воздух.- Преку нашите анализи ние активно бараме краткорочни и долгорочни мерки од државата кои ќе служат како мапа за тоа како треба да функционираме ние граѓаните на начин кој ќе го подобрува квалитетот на воздухот. Мора да тргнеме од себе, тоа е најважно. Државата е должна да го следи однесувањето и барањата на граѓаните и според тоа да поставува приоритети во нашите политики. Доколку ние почнеме да се стремиме да употребуваме претежно велосипед во нашето движење, самото однесување и тренд ќе побара од државата структура која ќе го поддржи тоа. Доколку ние ги исфрлиме од употреба пластичните пакувања, цевки и слично, индустријата ќе престане да ги произведува, затоа што нема да има потреба или профит од нив. Како граѓани ние ја имаме најголемата моќ во тоа како функционира државата, а заедничката цел која ја делиме е онаа на чист воздух за да живееме достоинствен живот, што значи дека ние мора да земеме активен учество и да воведеме нови навики, изјавуваат од Еко-Свест.Тие истакнуваат дека во земјава со мали нови навики, ние можеме секојдневно да го подобруваме нашето здравје преку квалитетот на воздухот кој го дишеме, но и здравјето на нашата планета, а тоа значи дека потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух. Преку нивните кампањи граѓаните се запознаваат со мали и поголеми промени кои може многу лесно да ги направат во нивниот секојдневен живот и со тоа да придонесат многу за состојбата на амбиенталниот воздух.- Промената на нашето однесување не смее да е нагла и огромна, но може да почнеме од малите работи. Неколку денови во месецот може да употребиме велосипед за да се движиме, да не користиме автомобили во толкава мера. Многу градови во државава се мали и структурата не е наменета за автомобил, и затоа може да пешачиме 30 минути наместо да возиме 10 минути. Нашите пијалаци се исто вкусни и без цевка, а локалното е многу повкусно од увезеното. Наместо да купуваме шишиња со вода може да си понесеме едно реупотребливо, а исто важи и за термос – многу кафулиња имаат иницијатива да ви направат кафе во ваш термос наместо чаша за една употреба. Можеме да реупотребиме многу од нашите отпадоци, а со тоа да не користиме пластика. Овие се мали акти но за кратко време доколку се употребат од многу луѓе ќе значат многу за нашата животна средина, а најмногу за квалитетот на воздух кој го дишеме, додаваат од Еко-Свест.Еко-Свет континуирано работи на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување. Во земјава е потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух, а тоа се реализира преку проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животната средина, финансиран од Делегација на Европската Унија, велат од здружението. фото: Еко-Свест

Македонија | пред 5 години

ziberi

Зибери: Народен правобранител не станав како компензација за премиер

Изборот за Народен правобранител не е никаква компензација. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите, истакна Насер Зибери, новоизбраниот Народен правобранител, во интервју за Радио Слободна Европа. Во интервјуто Зибери ги отфрла критиките дека е „правобранител на ДУИ“ и дека тешко дека може да се очекува тој да биде против нивните функционери, кога до вчера бил нивен кадар.„Законот во ниту една одредба не забранува кандидат кој бил номиниран за можен премиер да нема право да се кандидира за функцијата Народен правобранител. Тоа е прво и второ, Законот за Народен правобранител вели дека Народниот правобранител во вршењето на својата функција, должност и овластување е самостоен и како таков јас ќе бидам во извршувањето на моите надлежности“, вели Зибери.фото: PRTSC  Радио Слободна Европа

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Починати 8 лица и регистрирани 199 нови случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 1846 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 80, Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.Регистрирани се 264 оздравени пациенти од:Скопје – 111, Охрид -66, Струга -35, Куманово и Велес по 9, Берово – 6, Пробиштип - 5, Битола -4, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 3, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово по 1.Пријавени се вкупно 8 починати лица.Починати се 2 пациенти од Кочани (74, 70г), по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76г), Ресен (88г), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направените 1846 теста се преку: ИЈЗ-411, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-224, Биотек-156, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Систина-243, лабораторија Лаор–269, МАНУ-75, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-67, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-15, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 270, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 470.691 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.798, бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 41416, активни 3979• Куманово 5274, активни 313• Тетово 5196, активни 319• Прилеп 4636, активни 177• Гостивар 3661, активни 192• Штип 3528, активни 97• Битола 3269, активни 148• Велес 3183, активни 249• Охрид 2933, активни 404• Кавадарци 2760, активни 402• Струмица 2578, активни 234• Струга 2276, активни 180• Кочани 1748, активни 62• Кичево 1736, активни 109• Свети Николе 1090, активни 33• Гевгелија 1039, активни 122• Неготино 991, активни 87• Дебар 775, активни 83• Ресен 756, активни 89• Крива Паланка 739, активни 37• Радовиш 730, активни 54• Делчево 665, активни 218• Берово 606, активни 34• Пробиштип 515, активни 26• Виница 499, активни 30• Валандово 330, активни 11• Демир Хисар 252, активни 11• Македонски Брод 247, активни 11• Кратово 238, активни 24• Богданци 226, активни 17• Демир Капија 224, активни52• Крушево 220, активни 37• Македонска Каменица 192, активни 18• Пехчево 183, активни 7• Дојран 87, активни 9• Вкупно 94798, активни 7875фото: Архива

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче:Вакицнацијата е силно оружје против пандемијата, но здравствените мерки и понатаму мора да се почитуваат

Вакцината на кинескиот производител Синофарм е класичен модел на вакцина, министерот за здравство д-р Венко Филипче, на вчерашната пресконференција ги објасни карактеристиките на оваа вакцина со која ќе започне имунизацијата против Ковид 19 во нашата земја.-Вакцината е добиена на технологија на ослабнување (инактивирање) на целиот вирус, постапка која се користи со децении за добивање на класични вирусни вакцини.Овој тип вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, токму поради тоа може да се дава на сите граѓани, без ограничување по било кој основ.Се чуваат на стандарден режим од 2 до 8 степени и тоа од аспект на логистика и дистрибуција, значително ја олеснува нивната примена.Дополнително, вакцините ги добиваме во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината - изјави министерот.Оваа вакцина повеќе од 2 месеци веќе се дава во други земји: Кина, Обединети Арапски Емирати, Јужна Америка..., досега се дадени повеќе милиони дози, со потврдена ефикасност над 90% и безбедност во смисла на многу мал процент на несакани реакции.-За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Заштита од оваа доза се обезбедува со две дози вакцина - објасни Филипче.Конкретно за оваа вакцина на Синофарм, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент. ЈЗУ-ата ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво. Со набавката на вакцината на Синофарм обезбедена е доволна количина за вакцинацина во следните 6 до 7 недели од моментот на започнување на вакцинацијата. Според најавите од Ковакс механизмот и производителот Фајзер, очекуваме во тој период пристигање и на дел од тие обезбедени вакцини, за што здравствениот систем е подготвен за прием, дистрибуција и вакцинација.Министерот Филипче, упати апел до граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би ги заштитиле од ризик.-Да не заборавиме целта на вакцинацијата е намалување на смртноста кај ризичните групи.Би сакал да потенцирам дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните - изјави Филипче.Имунизацијата е силно оружје во борба против ковид пандемијата, но и понатаму задолжително треба да се почитуваат другите јавно здравствени мерки од страна на сите граѓани- носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена, порача министерот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Kuka-glina

Велешанец се пресели на село и сега живее во еколошка куќа од глина која си ја изградил сам

Четириесет годишниот велешанец Димче Ацков, пред две години, се исселил од Велес во блиската населба Долно Оризари поради загадената животна средина во родниот град. Тоа го сторил, како што вели, откако ја започнал изградбата на неговата еколошка куќа на дедовиот плац. Ацков цели две години го градел новиот, природен дом, објави galama.club.Денеска оваа куќа нуди неверојатна глетка за посетителите на кои Ацков им раскажува за природните материјали како глина, вода од река Тополка и трева помешана со земја и со слама што му служат како покрив.– Мојот главен мотив е градењето на еколошка свест. Јас преку мојот живот сакам да им објаснам на луѓето дека може да се живее на начин кој е различен од модерниот, дека може да се користи технологија но загадувањето да биде пониско, рече Ацков, сопственик на природна куќа во Долно Оризари за порталот Дума.мкТекстот во целост на: galama.club.фото: Принтскрин Фејсбук

Македонија | пред 5 години

despotovski

Деспотовски: Со попис до повеќе инвестиции и поголеми плати за работниците

Пописот е многу важен и ќе придонесе нашата земја многу посериозно да излезе на картата во делот на странските инвестиции, да привлечеме инвестиции со повисок квалитет и да донесеме инвеститори кои ќе дадат многу поголеми финансиски средства, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ за претстојната статистичка операција.Тој очекува квалитетни податоци од пописот врз база на кои ќе се креираат реални политики и планови."Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во земјава, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила.И токму затоа пописот апсолутно и директно влијае врз одлуката на инвеститорите да вложат во Северна Македонија, и секако тоа што е многу важно, влијае врз структурата односно на висината на платите што овие компании ги даваат на работниците кои ги ангажираат.Така што, тие податоци кои ги очекуваме од пописот поврзани со работата на ТИРЗ ќе помогнат многу и можам да изразам мое лично очекување, апел и желба да добиеме квалитетни податоци кои ќе ни помогнат да си ја завршиме нашата цел и нашата мисија, а тоа е многу повеќе странски инвеститори, односно многу повеќе и многу подобро платени работни места," вели Деспотовски.Еден од главните столбови на новиот концепт во работењето на ТИРЗ е привлекување странски инвестиции со поголем квалитет кои ќе донесат повеќе пари во буџетот но и подобро платени места.Дополнително, целта е до 2024 година вработените во компаниите кои се веќе активни во ТИРЗ да добиваат 30-50 проценти поголеми плати. За таа цел ТИРЗ работи на развој на мерки и програми со кои ќе се поттикне растот на платите преку зголемена продуктивност на трудот и вложување во унапредување на вештините на домашните работници.Долгорочно, ова е дел од стратегијата и начин на младите да им се обезбеди перспектива и иднина во земјава и да се спречи процесот на нивно иселување.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

BITIKI0

Битиќи: Оние кои ќе работат во недела, ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден

Недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе работат во недела ќе бидат соодветно платени и ќе добијат слободен ден, соопшти вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.Битиќи во гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“,  посочи дека пред крај е конечното законско решение и исклучок ќе бидат 34 дејности кои ќе работат и во недела.– Вчера имавме Економско-социјален совет и веќе сме пред крајното решение. Имаме уште мали нијанси и сметам дека следната недела ќе ги прецизираме. Она што треба да ги радува граѓаните е дека недела е неработен ден и ден на неделен одмор. Ова е формулацијата што е дефинирана меѓу синдикатите и Организацијата на работодавачи. Ќе има исклучоци – 34 дејности и дејностите кои се поврзани со осоновните дејности. Оние кои ќе работат во недела ќе треба да бидат платени според колективните договори потпишани во секоја гранка и да добијат дополнителен ден одмор, рече Битиќи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mars

(ВИДЕО) Кинеската сонда Тјанвен-1 ја испрати првата фотографија од Марс

Кинеската сонда Тјанвен-1 ја испрати првата фотографија од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција.Тјанвен-1 беше лансирана во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.Тјанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото кое некогаш било погодено од голем објект.Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенската програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.Извор/фото:Агенции

Магазин | пред 5 години

12

Георгиески: ЈП „Охридски Комуналец“ денеска изврши темелно миење на улиците во градот

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска извршија темелно миење на улиците во градот.Поради поволните временски услови, овие активности ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, при што ќе биде опфатено централното градско подрачје и периферните населби, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

terapija-devojce

Семејство бара помош, неможе да ги купи лековите за шест годишно девојче со епилепсија

Арлинда има 6 години. Прво одделение е, но ја прекина наставата поради тоа што е болна. Страда од епилепсија, а имала напади и на училиште.  Само за терапијата која Арлинда мора да ја прима, семејството Рахмани троши 6 илјади денари на месечно ниво, сума којашто не можат да ја покријат со приходите што ги земаат, објави  mk.tv21.tv. Видеото може да го погледнете на овој линк 

Македонија | пред 5 години

maticen-lekar

Матичните лекари им се налутија на здравствените власти: Не сме телефонски секретарки

Матичните лекари, врз чиј грб ќе падне целата процедура за закажување на вакцинирањето, им се налутија на здравствените власти. Реагираат дека се блокирани со работа, а ова уште толку ќе им го скуси времето за преглед на пацинети. Не сме телефонски секретарки, туку здравствени работници, вели за Телма претседателката на здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова-Дервишова.Видеото може да го погледнете на овој линк.

Македонија | пред 5 години

botola

Огненовски: Лагите на градоначалничката и на советниците на Општина Битола крај немаат

Лагите на градоначалничката и на советниците на Општина Битола крај немаат.Погледнете го видеото и ќе се уверите самите какви луѓе ја водат Битола во пропаст, напиша на својот ФБ профил претседателот на Демократи, Јорго Огненовски.видео: ФБ Јорго Огненовски

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања