Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

09022021_PVRSM_Samit_171-2

Премиерот Заев на Самитот на Инцијативата 17+1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска учествуваше во работата на Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа 17+1, што се одржа преку онлајн видео конференциска врска.Во свечениот дел од Самитот, претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг ги поздрави и им посака успешна работа на шефовите на држави и влади вклучени во иницијативата 17+1, која постои веќе 9 години.Претседателот Си Џинпинг се осврна на придобивките од иницијативата и информираше дека во име на идниот развој на соработката меѓу Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, неговата земја во наредните пет години утврди план за поголема вредност на увозот од овие европски земји во висина од 15 милијарди долари, како и зголемување на соработката во повеќе области како земјоделството, енергетиката, патната инфраструктура, образованието, и особено во здравството бидејќи НР Кина ја гледа Иницијативата 17+1 како крос-регионална платформа за соработка и на поле за сузбивање на пандемијата и на последиците од неа и ќе продолжи да биде активна во солидарната поддршка на земјите од Централна и Источна Европа.Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека Република Северна Македонија уште од почетокот на воспоставувањето на процесот на соработка помеѓу Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа, активно учествува во поголем број активности, сметајќи ја како добра платформа за продлабочување на соработката во различни области.Дури и во овој предизвикувачки период, рече премиерот Заев, кога целиот свет се соочува со последици од пандемијата на КОВИД-19, минатата година, во рамките на 17+1, беа одржани еден министерски и неколку експертски видео состаноци, кои служат како добра можност за размена на информации и искуства во борба против вирусот.Заев искажа уверување дека овие состаноци беа навистина корисни за сите 17+1 земји и ја покажаа важноста на соработката во најтешки услови.„Сега е време да се подготвиме за пост-Ковидската ера и обновување на нашите општества и економии, и во таа насока секако е важно да се интензивираат различните форми на економска соработка. Имајќи го предвид ова, сметаме дека соработката во рамките на 17 + 1 треба да биде насочена кон специфични проекти и да има конкретни резултати, особено во областите на економската и трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти“, нагласи премиерот Заев во своето обраќање на Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа 17+1.Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев потенцираше дека за суштински развој и поголема соработка, особено е важно да се обезбеди слободна трговија, ослободена од административни пречки, понатамошно отворање на кинескиот пазар за производи од Централна и Источна Европа, фер конкуренција, еднаков третман на компаниите од регионот на кинескиот пазар, почитување на принципите на реципроцитет и принципот на взаемна корист, почитување на утврдените мултилатерални трговски правила на Светската трговска организација, и, како земја кандидат за ЕУ, во согласност со законот, политиките, вредностите и принципите на ЕУ.Премиерот Заев истакна дека процесот на соработка има потенцијал да постигне поголема ефикасност и од зголемената регионална соработка и за заеднички пристап кон проектите што доаѓаат од иницијативата 17+1.„Знаеме дека сите земји од Југоисточна Европа имаат специфични интереси во различни области, па затоа може да биде корисно да се размислува за зголемена регионална соработка за проекти што би биле од интерес за повеќе земји во одреден регион. Ова може да се направи во областа на инфраструктурата или енергијата, особено во врска со проектите за употреба на обновлива енергија и намалување на загадувањето на водата, воздухот и почвата, како заеднички придонес во нашата борба против климатските промени“, истакна премиерот Заев и додаде дека во таа насока ги гледа проектите кои произлегуваат од заложбата за „зелено“ обновување и соработка во рамките на процесот 17 + 1 во контекст на темата за 2021 година, како година на соработка на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа за зелен развој и заштита на животната средина.Премиерот Заев ги информираше шефовите на држави и влади на Самитот за имплементација на Стратегија за енергетска транзиција на Република Северна Македонија во следните пет години со инвестиции во обновливи извори на енергија до 2030 година за одржлива иднина на овој план.Претседателот на Владата Заев во завршницата на своето обраќање рече дека Република Северна Македонија останува активен учесник во иницијативата со најдобрите искуства од досегашните активности во бројните настани, како и од четвртиот Форум на министри за култура на Народна Република Кина и земјите од ЦИЕ, одржан во ноември 2019 година, кој во рамките на иницијативата 17+1 беше одржан во Скопје.Заблагодарувајќи се за учеството на Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа 17+1, премиерот Заев на претседателот Си Џинпинг и на народот на Народна Република Кина им ја честиташе кинеската лунарна нова година, која започнува на 12 февруари.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

09-02-2021-Kuzeska

Кузеска: Милошоски треба да се извини и веднаш да поднесе оставка, ако се потврди дека бил осуден во Германија

Според информации објавени јавно во повеќе медиуми, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бил осуден за незаконски дела во Германија. Како што е пренесено, судот во градот Ахен, пред неколку години, пресудил дека Милошоски сторил кривично дел фалсификување исправи. Освен една нејасна изјава, во стилот не сум од тука, Милошоски го нема да се произнесе за овој нов скандал. Неодоговорно, молчи и Христијан Мицкоски, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска додаде:За овој голем срам, Милошоски не треба да бега и да се крие туку веднаш да излезе пред граѓаните.Тој има обврска за овој скандал јавно да се произнесе, исто како и Христијан Мицкоски.Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија?Зошто ги криел податоците од граѓаните?Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикрие сопствените криминали?Ако се потврдат овие информации, Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка.Особено што граѓаните знаат дека за Милошоски веќе има предмет, обвинение пред македонските судови.Правда мора да има за секој што се огрешил пред законот. Кога станува збор за политичари, одговорност прво треба да понесат пред граѓаните а потоа пред институциите.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

damjan-davkov

Мајката на „штипскиот Питагора“: Ќе искористиме правна поука и ќе поднесиме тужба против МОН

Никица Давкова, мајка на Дамјан во својот послeден пост на Фејсбук вели дека по добиеното решение од Министерството за образование ќе ја искористат правната поука и ќе поднесат тужба до Управн суд.Таа им се заблагодарува на сите кои понудија да ја исплатат наградата.Голема благодарност до СИТЕ поединци од Македонија што живеат овде, но и во странство, стопанственици, компании, болници, банки, бизнис сектор, музичари и други кои се понудија да ја исплатат наградата и повеќе од тоа. Принципиелно ги одбивме вашите понуди од причина што не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надеваме дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на потребите на овие деца. Благодарност до сите што дадоа поддршка.Што се однесува за добиеното Решение од МОН, си има правна поука која ќе ја искористиме и ќе продолжиме понатаму, напиша Давкова на ФБ. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

popis-1

Влада: Пописот на дијаспората ќе даде информации со цел преземање политики и мерки кои ќе ја намалат и спречат миграцијата

Попишувањето на лицата државјани на Република Северна Македонија кои во периодот на спроведување на Пописот 2021 живеат/престојуваат во странство ќе се врши по пат на самопопишување/саморегистрација преку онлајн апликација достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика, во периодот од 1 март до 21 април 2021 година.Овие граѓани влегуваат во категоријата на население за кои ќе се обезбедат податоци со пописот под името „вкупно нерезидентно население“ и тоа се лицата, државјани на Република Северна Македонија, кои во времето на Пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив.Услов за да се самопопишат е точниот Единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). Начинот на попишувањето на овие лица е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС).За лицата со место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, кои за време на Пописот се отсутни во странство, а не се самопопишале преку веб-апликацијата, попишувањето се врши во нивното последно вообичаено место на живеење во Република Северна Македонија, ако на таа адреса има полнолетен член на домаќинството или друго лице што може да ги даде сите потребни податоци за овие лица.За овие лица податоци дава исклучиво полнолетен член на домаќинството или друго полнолетно лице кое најдобро ги познава податоците за тие лица. Давателот на податоците е должен да приложи соодветен документ од кој ќе може да се преземе ЕМБГ на лицето кое се попишува, како и соодветен документ од кој ќе може да се преземе неговиот ЕМБГ (со што ќе ја гарантира точноста на дадените податоци). При попишувањето на овие лица, некомплетните податоци не ги прифаќа апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци.Пописот на оваа група граѓани ќе даде информации за човечкиот капитал, бројот и структурата на луѓето кои заминале, нивното образование, возраст, со цел преземање политики и социо-економски мерки кои ќе ја намалат и спречат миграцијата.Овие информации ќе помогнат во планирањето на нови работни места во однос на побарувачката на пазарот на трудот, креирање напредни младински политики и спречување на т.н „одлив на мозоци“, односно заминување на високо обучени и квалификувани луѓе.Пописот, како најзначајна статистичка операција, е дефиниран според правната рамка и согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат, како и друга меѓународна и домашна регулатива.Попишувањето на населението, домаќинствата и становите како сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување на квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, кои се од интерес за сите граѓани и затоа е потребно сите да се вклучат во Пописот 2021 година.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

marihuana

Обвинение за поседување наркотична дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 15 јануари, во куќа во сопственост на таткото на 48-годишниот обвинет во Сингелиќ, биле пронајдени 14 килограми и 131 грам марихуана спакувани во 39 пакувања, како и 4 литри хашиш масло. Освен ова, полициските службеници при претресот пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава“ со калибар 9мм Para, две рамки и вкупно 57 куршуми од истиот калибар.Надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи постои реална опасност тој да се даде во бегство и можност да го повтори делото.​​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

parking

(ВИДЕО) Урнебесно “паркирање“ – хит на социјалните мрежи

Слободен паркинг простор вистинска реткост. Доколку начекаш место за паркирање треба да ти се посреќи. На Твитер  се појави видео од совесен маж кој сака да направи место и за останатите. За да го направи тоа, тој не користеше клучеви, туку само својата сила.Ова видео ги насмеа корисниците на социјалните мрежи, а погледнете зошто стана хит:https://twitter.com/kizastar/status/1358538443400347648?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1358538443400347648%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmagazin%2Fzanimlivosti%2Fova-urnebesno-parkiranje-stana-hit-na-socijalnite-mrezi-video%2Fвидео: Твитер 

Магазин | пред 5 години

retki9-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Каролиева болест

Caroli disease – Каролиева болестMKB Q 44.6прeваленца (распространетост): непознатаБолеста на Кароли е ретка вродена патологија на црниот дроб. Се јавува како резултат на проширување (експанзија) на жолчните канали сместени во црниот дроб. Нормалното движење на жолчката е нарушено и доаѓа до застој на жолчката и последователен развој на инфекција. Болеста се јавува почесто кај мажите, во почетокот во детството или раната адолесценција. Развојот на болеста зависи директно од обемот на оштетување на каналите во црниот дроб.Наследување:Болеста на Кароли се наследува автозомно-рецесивно. Ако во семејството има блиски роднини со слична патологија, тогаш треба да се спроведе сеопфатен преглед веднаш по раѓањето на детето бидејќи постои голема веројатност за пренесување на болеста со наследување.Форми на болеста Кароли:Сè уште нема специфична класификација на Каролиевата болест. И покрај тоа, постојат две различни форми на болеста. Првата форма се карактеризира со фактот дека е оштетена проодноста во жолчните канали, а последователно се јавува и формирање на жолчни камења. Втората форма е поврзана со конгенитална фиброза на црниот дроб (натрупување на сврзно ткиво во црниот дроб). Во овој случај, постои слабо проширување на каналите, не се формираат жолчни камења, иако тие понекогаш може да се појават во подоцнежните фази на болеста.Симптоми:Симптомите на Каролиева болест можат да се манифестираат кај деца и млади на која било возраст. Главните знаци на болеста се:– болка во стомакот;– треска;– жолта пребоеност на кожата;– зголемување на црниот дроб.Изразените клинички манифестации на болеста често пати се поврзани со прогресија на воспалителниот процес. Напредувањето на болеста резултира со значително зголемување на нивото на билирубин и леукоцити во крвта.Дијагностика:Иако симптомите на болеста се многу изразени, тие се карактеристични и за многу други заболувања на црниот дроб. Дијагнозата на болеста може да се направи со ултразвук и КТ, а доколку е потребно и со ендоскопска холангиографија.Функционалните тестови на црниот дроб не се менуваат долго време, но со прогресијата на болеста и продолжениот воспалителен процес во биохемиската анализа на крвта, сите знаци на холестаза можат да бидат откриени. Бидејќи пациентите се изложени на зголемен ризик од развој на рак, треба да се испита присуството на тумор-маркери.Третман:Третманот вклучува употреба на антибиотици со широк спектар, како и воведување на урсодеоксихолна киселина за да се спречи формирање на камења.Покрај тоа, третманот вклучува:– употреба на аналгетици;– отстранување на камења;– дренажа на жолчните канали.Операцијата се изведува само во случај на чести влошувања  на состојбата на пациентот или кога употребата на конзервативни методи на лекување е неефикасна. Во случај на зголемено проширување на жолчните канали и стагнација на жолчката, може да се изврши отстранување на еден лобус на црниот дроб. Во особено тешки случаи на откажување на црниот дроб или развој на карцином, се препорачува трансплантација на црн дроб. Прогнозата на оваа болест е многу неповолна поради почеток на релапс и многу ретко доведува до смрт на пациентот.Синдром на Кароли:Каролиевата болест е често поврзана со конгенитална фиброза на црниот дроб настаната како резултат на скоро идентични нарушувања во формирањето на жолчните канали на ниво на развој на ембрионот; што е состојба наведена како „Кароли синдром“.Кароли синдромот се манифестира со појава на болка во стомакот, како и крварење од проширени вени на хранопроводот. Кај новороденчињата може да се забележи комбинација на главни симптоми на вродена фиброза на црниот дроб, заболување Кароли и полицистично заболување на бубрезите. Во првите неколку години, патологијата е скоро асимптоматска, сè додека проширувањето на жолчните канали не предизвика стагнација на жолчката, па да доведе до формирање на камења и развој на инфекција. Главно, оштетувањето на црниот дроб се развива од левата страна, иако во некои случаи може да го вклучи целиот орган. Една од компликациите може да биде развој на бубрежна слабост (бубрежна инсуфициенција).Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Извор/фото:ОхридПрес

Македонија | пред 5 години

bebeb

Вистинскиот херој на Универзитетската Клиника - девојче родено со едвај 800 грама наскоро ќе ја види мама

Девојче, родено со одвај 800 грама е вистински херој на одделението за Интензивна нега при Универзитетската Клиника за детски болести во Скопје. Целиот медицински персонал, точно 61 ден се борат за здравјето и животот на едно од најмалите бебиња кои во последните години било хоспитализирано на Клиниката. Станува збор за бебе од Куманово кое се родило со само 845 грама, во 25 гестациска недела. Сега има нешто повеке од 1 550 грама и се подготвува да се сретне со мама на одделението за Неонатологија, објави faktor.mk. Текстот во целост на: faktor.mk. фото:  faktor.mk.  

Македонија | пред 5 години

most

Млад велешанец скокнал од железен мост

Неофицијално пред околу два часа млад велешанец скокнал од Железниот мост во Велес, кој како што се шпекулира пред да го изврши чинот објавил статус на својот Фејсбук профил со кој наводно ја најавил својата намера, дознава „Фокус“.Случајни минувачи кои го забележале настанот, ја известиле полицијата.Екипите на СВР Велес се излезени на терен. Најавени се повеќе детали во тек на утрешниот ден.фото: Mapio.net 

Македонија | пред 5 години

egipkani

Египќаните се обединија – Битно е да се биде Египќанец/ Египќанка

Египќаните подготвени да го дочекаат Пописот на населението и да бидат позитивен фактор во неговата успешна реализација. Денеска во Охрид одржаа состанок на кој едногласно донесоа одлука на пописот кој треба да се одржи во април во графата за етничка припадност да се пишат – Египќани.„Граѓанскиот сектор од заедницата на Египќаните придружена од политички граѓански активисти , вечерва во Охрид се состанаја со цел да се спроведе, успешен попис на населението за становите и домаќинствата за да се добие реалната бројка на граѓани. Се формираше кординативен одбор со цел да се зголеми одзивот и да се опфати целото население од заедницата на египќаните и другите граѓани“, истакна професор д-р Рубин Земон.„Египќаните на овој состанок конечно се сплотивме во едно координирано тело. Оставени се на страна сите наши разлики дали да се од лична или политичка природа. Македонија прави попис, а на него најважно е да се кажиме дека сме Египќани и ништо друго, истакна Бесим Демиров советник во советот на градот Охрид.“Ние како Египќани кои сме со векови дел од ова општеството сме свесни дека мора да се попишиме и да покажиме дека постоиме како посебна етничка заедница која ја сочувала свеста за своето постоење иако низ вековите сме биле потиснати на маргините од општеството. Светот се менува, се менуваме и ние новите генерации Египќани кои правиме се да сме вклучени во општеството. Египќаните се Египќани и така ние ќе се изјасниме на пописот. Политички притисоци нема да има бидејќи се залудни. Ние знаевме што сме и кои сме“, истакна Орхан Демироски.Инаку на останокот денеска присуствуваа Здрузение египќани „Пирамида зем“ претставувано ид претседателот Арбен Демироски, Здрузението „Птах“ од Струга претставувано од Тони Бичак, Здружението на египќани од Ресен, Здрузението „Инклузија“, претставувано од Вахид Мемед, Здружението на балканските египќани во Р.М – Аднан Ашимоски ,претставници на студентите беа Орхан Демироски и Алмир Цани, Рубин Земон поранешен претседател на балканските египќани и претседател на „Поен“Советнникот Бесим Демиров и Демир Далип – активист за правата на египќаните, дипл.правник.Египќаните конечно се поделија на единствено координирано тело, така што ќелијата има реален објективен и веродостоен процес на опис, каде што Египќаните можат да наддаваат во реален и објективен број – дипл. Правник и граѓански активист за правата на Египќаните Демир Далип. фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

08022021_PVRSM_Zaev_sostanok-so-Atlantskiot-sovet_2

Заев на состанокот со Атлантскиот совет: Моменталниот став на Бугарија е анахрон и спротивен на меѓународното право, нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска учествуваше на панелот кој го организираше американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, како дел од истоимената студија што за нашата земја го подготвија експерти на Атлантскиот совет.На дебатата, на која зедоа учество повеќе познавачи на современа Северна Македонија и на Западен Балкан, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Робертсон, амбасадорите Роберт Гелбарт, Мајкл Карпентер, како Џејмс Обрајан од транзицискиот тим на претседателот Џо Бајден и Дамјан Марфи од Комитетот за надворешна политика на Сенатот на САД, премиерот Зоран Заев одговараше на прашања од неколку клучни теми кои беа поставени како прашања од страна на присутните и публиката.Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.„Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став е анахрон и е спротивен на меѓународното право. Ние како држава ќе продолжиме да ги правиме сите напори да постигнеме надминување на проблемите, притоа почитувајќи се себе си и останатите. Нашата држава е Европа во мало“, нагласи премиерот Заев.Во однос на внатрешните државни приоритети, премиерот Заев потенцираше дека први на листата на Северна Македонија се унапредувањето на здравствениот и образовниот систем, борбата со корупцијата, како и постигнувањето на сите демократски стандарди согласно вредностите на ЕУ за да го оправда епитетот светилник на демократијата на Западен Балкан.На прашањата околу економијата премиерот Заев се осврна на фактот дека 10 нови компании најмногу, од земји кои се наши сојузници во НАТО, инвестираат во нашата земја и во време на планетарна криза предизвикана од КОВИД-19.„Инсистираме на трансформација на нашата економија во зелена економија, односно ги заменуваме енергенсите кои го трујат нашето општество како што е јагленот и ги конвертираме постоечки енергетски капацитети да работат на сончева енергија. Преку овој процес кој го нарекуваме ‘праведна транзиција’ овозможуваме и подобри плати и здравје за вработените во овој тип на индустрија. Со овој процес обезбедуваме дополнителна стабилност на Северна Македонија и здравје за нашите граѓани”, рече премиерот Заев.Премиерот Заев одговараше и на повеќе прашања поврзани со актуелната КОВИД-19 ситуација и нагласи дека оваа глобална криза е пред сѐ здравствена со што на прво место ја става грижата за здравјето на граѓаните.„Кога станува збор за вакцините ние работиме со сите наши партнери да овозможиме што е можно побрзо вакцинирање за нашите граѓани. Сакам да истакнам дека ние бевме во директна комуникација со нашите сојузници и дел од КОВАКС системот за набавка на вакцини за најдоброто за нашите граѓани. Во меѓувреме склучивме и билатерални договори со одделни производители. Но, бидејќи станува збор првенствено за грижата за здравјето на нашите граѓани, а целата планета се соочува со проблем со квантитетот на вакцините кои се на располагање, стапивме во договор и со другите производители од кои наскоро очекуваме да ги добиеме договорените количини“, информираше премиерот Заев на дебатата во организација на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема “Северна Македонија на прагот на Европа”.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

policija-1

Полицајци од Куманово земале поткуп за да не пишат казна за сообраќаен прекршок

Нови два полицајци паднаа во рацете на Внатрешната контрола на МВР, дознава Канал 5.Двајца полицајци од Куманово земале поткуп за да не пишат казна за сообраќаен прекршок и сега покрај повеќе од сигурниот отказ им се заканува и одење во затвор.Извор: Канал 5.

Македонија | пред 5 години

korona1

Британскиот сој на вирусот утврден кај 45 лица во земјава

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ – МАНУ, во периодот од 1 јануари до 7 февруари, е утврдено присуство на СарсКов2 од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.„Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.1.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации што го карактеризираат овој сој кај повеќето од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (>400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај >50 од овие пациенти“, се наведува во извештајот.Анализите на МАНУ, како што се додава, не утврдиле присуство на британскиот вид на коронавирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија, каде што за кус временски период беа заразени повеќе здравствени работници.Министерството за здравство апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките што се во интерес на заштита на здравјето на сите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brat-od-ubien

Братот на убиенот рибар кај Смилковско: На брат ми не му се гледаше пола од главата, беше застрелан од близина со три куршуми

Во синоќешната емисија Во Центар беше емитувано интервјуто со Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.Во интервју кое изобилува со многу емоции беа разгледувани новите сознанија, и колку се тие точни, поврзани со мотивите и нарачателите на оваа грозоморно петкратно убиство кое се случи пред девет години.Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост. Тоа не е точно вели тој.-На брат ми не му се гледаше пола од главата. Беше застрелан од близина со три куршуми, вели тој.Целото интервју можете да го погледате на: Во Центар

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Јавна дебата во Охрид за креирање и имплементирање на реформите во средното стручно образование

Работиме интензивно за прилагодување на образованието кон потребите на пазарот на труд и барањата од компаниите. Развојот на средното стручно образование е во насока на подобри вработувања за младите по завршувањето на образовниот процес и создавање можности за подобар економски раст, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата градоначалникот додаде:Денес во Охрид имавме успешна јавна дебата за креирање и имплементирање на реформите во средното стручно образование. Се работи за сериозен потфат на Министeрството за образование и наука кој ќе овозможи осовременување на стручните наставни програми за подобри и поефективни образовни резултати.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Бројот на починати од КОВИД 19 никако да се намали, денеска 22 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.Регистрирани се 1440 оздравени пациенти од:Скопје – 798, Кавадарци - 76, Струмица – 71, Тетово – 67, Куманово – 56, Гостивар – 47, Велес -34, Прилеп -32, Неготино – 27, Битола – 26, Делчево – 25, Охрид и Гевгелија по 22, Кичево и Ресен по 18, Кочани – 15, Штип – 14, Струга -12, Свети Николе -10, Богданци и Македонска Каменица по 9, Дебар и Радовиш по 6, Берово -5, Демир Капија -4, Крива Паланка , Виница ,Валандово и Дојран по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево по 1.Пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се 10 пациенти од Скопје (71г,64г,79г,84г,32г,73г,81г,67г и два случаи по 65г), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68г и 70г) и од Прилеп (66г и 85г) и по еден смртен случај од Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.Направените 726 теста се преку: ИЈЗ-87, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-0, Биотек-77, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина-182, лабораторија Лаор–0, МАНУ-53, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 151, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, заболени, активниСкопје 41460, активни 3215Куманово 5275, активни 257Тетово 5198, активни 252Прилеп 4644, активни 151Гостивар 3661, активни 144Штип 3527, активни 82Битола 3269, активни 122Велес 3185, активни 217Охрид 2933, активни 381Кавадарци 2771, активни 336Струмица 2578, активни 162Струга 2279, активни 170Кочани 1749, активни 48Кичево 1736, активни 91Свети Николе 1090, активни 23Гевгелија 1039, активни 100Неготино 993, активни 62Дебар 775, активни 77Ресен 756, активни 71Крива Паланка 739, активни 35Радовиш 730, активни 47Делчево 665, активни 193Берово 606, активни 29Пробиштип 515, активни 26Виница 499, активни 28Валандово 330, активни 9Демир Хисар 252, активни 10Македонски Брод 247, активни 10Кратово 238, активни 24Богданци 226, активни 8Демир Капија 224, активни 47Крушево 220, активни 36Македонска Каменица 192, активни 9Пехчево 183, активни 7Дојран 87, активни 7фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bolnica-bitola

Скандал во Гинекологија во Битола – царски рез извршил невработен гинеколог

Двајца лекари гинеколози се суспендирани на битолската Гинекологија откако едниот од нив ја повикал својата сопруга која инаку е странски државјанин и невработен гинеколог да учествува во изршување на породување со царски рез. Извори за „Независен“ велат дека еден од гинеколозите за време на породувањето ја внесол својата сопруга и целата работа со породувањето и ја оставила на неа. Овој скандал според информациите на „Независен“ се случил во почетокот на јануари, оваа година.Од СВР Битола за „Независен“ неофицијално го потврдиле случајот и изјавиле дека се подготвуваат кривични пријави за двајцата гинеколози.Текстот во целост на:„Независен“фото: „Независен“

Македонија | пред 5 години

eurostandard

Отворена истрага за четири одговорни лица во Еуростандард банка

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст. 6 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка АД Скопје, во периодот од 2018 година до 2019 година, ги повредиле одредбите од Законот за банки, како и Методологијата за адекватност на капиталот. Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни. Со ваквото работење придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од Гувернерот на НБРСМ. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност. Така, од нефункционални изложености со состојба во време на отворање на стечајната постапка од нефункционални кредити за 149 правни лица била предизвикана штета од 3.378.030.720,00 денари, при што повластените кредитни должници со невраќање и неможност за присилно враќање на долг од кредитот се стекнале со корист, а штедачите и другите депоненти на банката биле оштетени.Исто така, осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2017 година до 2020 година, во повеќе наврати овозможиле отворање на нерезидентни трансакциски сметки преку кои дозволите трансакции и воспоставиле деловен однос со правни лица. Спротивно на нивната законска должност, иако имале обврска согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, тие во Управата за финасиско разузнавање не пријавувале сомнителни трансакции кои укажуваат на перење пари, имот или имотна корист, а за што во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2020 година започнале предистражни постапки.​По донесената Наредба за спроведување на истражна постапка Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги преземе сите неопходни процесни дејствија за целосно расчистување на случајот и навремено ќе информира за детали кои нема да ја нарушат истражната постапка.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

popis-1

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно кон важни прашања, пописот ќе се спроведе согласно сите меѓународни стандарди

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува несериозно кон важни прашања како што е најобемната статистичка операција – пописот.Законот за попис, кој денеска ВМРО-ДПМНЕ го оспорува, се подготвува од март 2018 година, а пред да влезе во собраниска процедура во него беа вградени забелешки на опозицијата а активно вклучени и консултирани беа и експерти, се вели во реакцијата од СДСМ на прес-конференција на Ѓоргија Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истата од партијата додаваат:19 години државата е без попис, бидејќи токму поради политичките калкулации на ВМРО-ДПМНЕ пописот во 2011 пропадна. Денес, ВМРО-ДПМНЕ прави се државата да изгуби уште една година без да добие целосни, точни и релевантни податоци, важни за креирање на долгорочни политики.Пописот кој ќе се одржи оваа пролет, ќе биде спроведен согласно сите меѓународни стандарди, согласни сите пракси на Евростат и Обединетите Нации, по цели 19 години Државниот завод за статистика ќе спроведе попис кој ќе донесе точни и целосни податоци за населението и домаќинствата.Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го закочи овој процес важен за граѓаните и за иднината на државата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sobranie-1

ВМРО-ДПМНЕ ги достави потписите од Иницијативата за поништување на Законот за попис до Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието ги достави потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на Законот за попис.-Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија, истакна на прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од опозициската партија.Сајкоски додаде дека не очекува опструкции за собирањето на десетте илјади потписи во рамки на Иницијативата за поништување на Законот за попис.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

08022021_PVRSM_ZPVRSM_Sredba_Slovacki_MNR_1

Средба на премиерот Заев со словачкиот министер Корчок: Словачката Република го поддржува напредокот на државава кон ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со Иван Корчок, министер за надворешни и европски работи на Словачката Република.На состанокот е поздравено лидерството на премиерот Заев во решавањето на прашањата од важност за евроатлантските интеграции, како и во напредокот на нашата држава. Соопштено е дека е препознаен реформскиот развој во сите области во земјава и е најавено дека Словачката Република ќе продолжи да го поддржува развојот на државава и напредокот кон ЕУ.На средбата е изразена заедничка согласност дека продолжувањето на проширувањето на ЕУ е од значење и за Унијата и за целиот Западен Балкан и е реафиримиран ставот на Словачка дека билатералните прашања треба да се решаваат независно од европските процеси.„Наша стратешка цел се евроинтеграциите и тоа го покажува поддршката на граѓаните за евроинтеграциите. Посветени сме на европеизација на државата дома, а на европски начин, низ дијалог и меѓусебно разбирање работиме на прашањата што се во полза на добрососедството. 2020 година беше значајна година за нас, кога станавме членка на НАТО и е донесена одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа отвори простор да се фокусираме на економскиот развој, преку помош и поддршка на граѓаните и стопанството - и во време на пандемијата бележиме раст на просечната плата, како и на нови инвестиции“, рече премиерот Заев.На состанокот е заеднички потврдено дека владеењето на правото во секоја држава значи сигурност и за граѓаните и за инвеститорите и дека е меѓу важните предуслови за развој.Премиерот Заев и словачкиот министер Корчок оценија дека билатералните односи помеѓу двете држави се добри на политички план, како и е дека постојат можности за унапредување на соработката на економски план.Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на словачката Влада и на граѓаните на Словачка за денешната донација на 4 модерни и технолошки софистицирани респиратори во вкупна вредност од 100.000 евра, за донацијата од 200.000 евра преку ЕУ механизмот за цивилна заштита во октомври 2020 година, како и за пријателската поддршка од Словачка на Република Северна Македонија, во сите области.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведен крадец за кражба на скутер, пронајден скутерот

Во текот на вчерашниот ден (07.02.) по преземени мерки од страна на полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево лишен е од слобода А.Б.(28) од Скопје, поради кражба на скутер „пијаџо“ пријавена во текот на вчерашниот ден на улица "Васко Карангеловски" во Скопје. По преземени мерки и активности пронајден е и скутерот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривични пријава.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

antonijo

Милошоски од Струга:Во 2020 година 6 200 компании згаснале што е доволен доказ дека владата има лошо економски политики

Денес во Струга ќе разговараме со стопанствениците од градот, главната тема ќе биде лошата економска состојба. Она што не загрижува е дека во 2020 година во Македонија имаме 6 200 компании кои згаснале и за жал 1 200 компании затвориле на сопствено барање. Тоа е потврда дека владата има лоши економски политики чиишто резултат се нови 55 000 невработени. Од тие 55 000 невработени во Струга имаме 4 950 невработени лица што за самиот град претставува голем товар и ја влошува економската ситуација.Затоа сакаме од стопанствениците да побараме совет, мислење и препораки на кои начин преку Собранието можеме да им помогнеме да се подобри оваа лоша состојба, истакна од Струга пратеникот Антонијо Милошоски. видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

tepa-zena

Продолжување на притворот за скопјанец кој со тупаници ја истепал својата мајка​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 24-годишен скопјанец за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, обвинетиот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи и телесни повреди.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог со кој побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетот, ценејќи дека постои опасност од бегство и специфични околности кои упатуваат дека тој би можел да го повтори делото.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

SMK_1333

(ВИДЕО) Надлежните истражуваат каква е состојбата во Коњаре и какво влијание има врз животната средина

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорката на Државен Инспекторат за животна средина планирање, Ана Петровска, денеска беа во посета на локацијата во скопско Долно Коњари кадешто се врши ископ на песок и чакал.Прелиминарните анализи на Управата за хидрометеоролошки работи, покажуваат голема веројатност дека концесијата на правниот субјект ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ с.Долно Коњари Петровец, е издадена спротивно на Законот за води, односно дека границите на концесијата се во зоната на плавење на реката Пчиња.Вицепремиерот Љупчо Николовски посочи дека како координатор на инспекциските служби, детално е запознат со случајот од страна на ресорното министерство и надлежниот инспекторатот, се во постојна комуникација и координација, со цел детално да се истражи случајот и да се постапи согласно законите и правилниците.„Законите мора да се почитуваат, никој не е над законот, мора да има ред и дисциплина, особено кога се работи за нешто што влијае врз загрозување животната средина и крајно врз безбедноста и здравјето на граѓаните. Заштитата на животната средина и условите за живот во секој регион од нашата држава е врвен приоритет на Владата. Борбата за заштита на животната средина е заедничка, и нема компромис за секој оној којшто ќе влијае врз загрозување на животната средина и на условите за живот. Нема ништо поважно од граѓаните да имаат достојни и безбедни услови за живот, да живеат во чиста и здрава животна средина“, изјави Николовски.Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, истакна дека Министерството му дава целосна поддршка на Државниот инспекторат за животна средина и согласно наодите од извршените координирани инспекциски контроли чие комплетирање се очекува, ќе бидат преземени заедно со Владата потребните мерки за разрешување на случајот„Работиме заедно со Државниот инспекторат за животна средина на начините со кои ќе можеме соодветно да ја провериме и адресираме состојбата со водите на лице место преку инспекторите за животна средина, а соработуваме и со Техничката инспекција, која е надлежно тело за овие концесии. Оваа координирана активност помеѓу Министерствата и Инспекторатите, како и релевантните стручни лица и управи, е добар пример како треба да се работи на сите прашања во земјата, доколку сакаме да се имплементираат потребните еколошки стандарди“, изјави Нуредни.Директорката на Инспекторатот за животна средина планирање, Петровска, посочи дека за да имаат правна важност, податоците од УХМР ќе треба да се потврдат со дополнителни мерења и вештачења, кои што ќе се реализираат во натамошната инспекциска постапка, но не дека не се очекува да има разлики помеѓу овој прелиминарен наод и натамошните подетални истражувања.„Утврдена е уште една недоследност при доделувањето на Дозволата за експлоатација во 2019 година. Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжи со собирање докази со цел преиспитување на Договорот за концесија, односно Дозволите за експлоатација и ќе го извести Министерството за економија за индициите околу прекршувањето на Законот за води. Ќе се побара и подготовка на нов елаборат за блок Б, со оглед дека постоечкот не е усогласен со важечкиот Правилник.Додека да се изработи и одобри Елаборатот, ќе се побара од Државната техничка инспекција да наложи прекин на работите на Блокот Б“. За индициите околу прекршувањето на Законот за води ќе го информираме и Министерството за животна средина и просторно планирање“, изјави Петровска.Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжи со собирање докази, со цел преиспитување на Договорот за концесија, односно дозволите за експлоатација.фото и видео: Кабинет за борба против корупцијата и криминалот

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања