Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

43723215_10212839101392694_6035299116764889088_o

Уважена жалбата на ОЈО Скопје во врска со условната осуда за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Јавното обвинителство денеска ја прими пресудата на Апелациониот суд Скопје со која се уважува жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во поглед на кривичната санкција изречена со првостепената пресуда во предметот за сообраќајната несреќа која се случи на 12.10.2018 година кај Млечен ресторан.Со пресудата, Апелациониот суд ја преиначи првостепено изречената условна осуда и на обвинетиот кој беше огласен за виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик му изрече ефективна казна затвор во траење од две години, како и забрана за управување со моторно возило од Б-категорија во траење од две години, со тоа што времето поминато во затвор не се засметува во нејзиното траење.Против првостепената пресуда во овој предмет жалба вложи и оштетената, но беше отфрлена како недозволена.Апелациониот суд во целост ја анализираше утврдената фактичка состојба во предметот. Притоа со донесената пресуда оцени дека во конкретниот случај постои правилна примена на материјалното право, со оглед на тоа што во дејствијата на обвинетиот прецизно се опишани елементите на кривичното дело кое му се ставаше на товар со поднесеното обвинение и за кое обвинетиот беше огласен за виновен со првостепената пресуда.Ценејќи ја, пак, одлуката за кривичната санкција, Апелациониот суд ги прифати наводите на Основното јавно обвинителство Скопје, потврдени и со писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои првостепениот суд во недоволна мера ги ценел отежнувачките околности и дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената алтернативна мерка – условна осуда.Од тие причини Апелациониот суд донесе одлука да ја преиначи првостепената пресуда во овој предмет во делот на кривичната санкција, притоа оценувајќи дека затворска казна од две години и двегодишна забрана за управување со автомобил се адекватни на тежината на стореното кривично дело и ќе претставуваат адекватен општествен прекор за преземените противправни дејствија.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: Набавивме нови машини за чистење на градските тротоари и велопатеки

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска ставија во употреба 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини. Новите машини кои ги набави ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини.- Денеска ги промовираме првите 10 од вкупно 47 комунални возила што ќе бидат набавени оваа година. Станува збор за 10 метлачки за одржување на хигиената на јавните површини - сообраќајници, велосипедски патеки и тротоари. Вистински ги трошиме градските пари, за потребите на градот и за потребите на граѓаните. Знаете дека во 2019 година почнавме со нов концепт за третман на комуналниот отпад, тогаш беше набавена сериозна механизација, ова денеска е втора фаза, а во третата фаза пролетва ќе пристигнат преостанатите 37 возила. Со тоа, ги подобруваме перформансите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и го намалуваме материјалниот трошок за неговото работење. Покрај контејнерите и кантите за џебен отпад што ги поставивме во изминативе две години ова ќе помогне да имаме целосно поинаков концепт на третман на јавните површини - рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната промоција на новите машини за чистење.Тој ги повика граѓаните да бидат дел од овој процес со тоа што комуналниот и џебниот отпад ќе ги третираат како лична одговорност, зашто Скопје е нашиот дом.- Ги подобривме капацитетите и на инспекциските служби на Град Скопје. Мислам дека со таква координирана активност меѓу Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“, инспекциските служби и совесните граѓани ќе успееме Скопје да стане какво што го сакаме, го замислуваме и гледаме дека од ден на ден јавните површини стануваат се почисти – нагласи Шилегов.На денешната промоција на новите метлачки присуствуваше и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани кој рече дека врвен приоритет на јавното претпријатие е да се заштити јавното здравје преку одржување на јавната хигиена во градот, на највиското можно ниво.- Овие 10 машини се дел од планираното големо обновување на возниот парк на нашето претпријатие. Ни претстои набавка на уште 37 нови специјални комунални возила – автоцистерни, самоподигнувачи, кипери и возила за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што очекуваме во голема мера да придонесат за поефикасно и поквалитетно извршување на активностите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – најави Шабани.фото: Град Скопје

Скопје | пред 5 години

4-3

(ВИДЕО) Претреси во Арачиново, пронајден 1,5 килограми хероин

Вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода Љ.А.(31) од Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во с.Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени 2 полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, 1 полиетиленска ќеса хашиш, 4 полиетиленски пакувања марихуана, 8 куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка. Љ.А. e приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, по член 215 и по член 396 од Кривичниот законик. фото и видео:МВР

Скопје | пред 5 години

Antonijo-Miloshoski-10.02.2021

Милошоски:ВМРО-ДПМНЕ почнува со собирање на граѓански потписи за фер попис

Станува јасно дека власта предводена од Заев наместо статистичка во пописот гледа политичка операција која што е коалиционен договор и е надвор од стандардите на Европската Унија.  Власта го политизира пописот по два основи, истакна Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Милошоски на прес конференцијата додаде:Прво самите претставници на власта почнаа со лицитирање на проценти кој и колкав процент треба да биде за пописот да биде признаен или непризнаен и второ власта видовме дека по директива на Заев ја одби и граѓанската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на потписи за поништување на овој неевропски Закон за попис. Со тоа власта на Заев покажува дека се плашат од граѓански потписи бидејќи Заев и неговите министри се многу свесни дека големото мнозинство на граѓани во Македонија се сомнева дека овој попис ќе биде политички фалсификат наместо да биде веродостојна статистика. Во спротивно ќе прифатеа граѓаните на регуларен начин преку Министерството за правда да ги соберат потписите за спротивставување на ваквиот закон.Но, она што можам да го истакнам денес е дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквите институционални пречки ќе ја започне иницијативата на собирање на потписи од сите граѓани, една натпартиска иницијатива каде што ќе може да се потпише секој оној граѓанин кој што се залага за фер, европски и веродостоен попис во Македонија и да се потпише секој граѓанин кој што е против ваков политички попис кој што води кон фалсификат.Дополнително кога ќе дојде време за тоа ќе ги соопштиме и пунктовите и местата каде што секој граѓанин ќе може да го даде својот потпис и тие потписи заедно со иницијативата на пратениците ќе значат една сериозна, легитимна би рекол операција, проект кој што ќе биде доставен до Собранието со сериозна граѓанска тежина преку која што ќе се утврди дека власта има сериозна опозиција кај самите граѓани кои што не и веруваат на власта дека е спремна да спроведе статистички и европски попис.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Слајдер | пред 5 години

Foto-Aleksandra-Andreeva.10.02.2021

Комора на сметководители: Министерот за финансии да го сопре самоволието во институцијата која ја води

Сметководствената професија е крвотокот на економијата и од нејзиното професионално и ефикасно извршување зависат сите економски процеси во општеството. За да се воспостави окружување во кое сметководители ќе можат да работат согласно сметководствените стандарди и достоинствено ќе живеат од својата професија, Комората на сметководители апелира дека е неопходно донесување на нов Закон за сметководствени работи и повлекување на законските измените кои се веќе во собраниска процедури бидејќи со нивно носење уште повеќе ќе се нарушат лошите услови за работа.„Комората на сметководители континуирано апелира за потребата од унапредување на професијата, но во пракса продолжува самоволието во постапување на Секторот за финансиски систем во Министерството за финансии. Наместо повлекување на предлог-законот за измените на Законот за вршење сметководствени работи од собраниска процедура и конечно формирање на работна група за креирање ново законско решени, предлог-законот е ставен на дневен ред на 34 седница на Собрание, закажана за 16.02.2021година и тоа со европско знаменце, со што се забрзува постапката на негово донесување. Од овие причини, Комората на сметководители бара итна средба со Министерот за финансии и претставници од Секторот за финансиски систем кои се одговорни за поднесување на овие предлог измени бидејќи тие се крајно дискриминирачки и дополнително ја загрозуваат професијата. Мора да се стави крај на ваквите перфидни обиди за исполнување на лични интереси на поединци “, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководители.Со предложените законски измени меѓу другото се предвидува слободен влез во професијата на странски државјани од земјите членки на Европската економска заедница. Нагласуваме дека ЕУ не бара вакво усогласување, што значи дека со оваа манипулација во законското решение само се прави упад на пазарот на даватели на сметководствени услуги од странство и се дискриминираат и загрозуваат сметководителите во земјава кои истото право не можат да го остваруваат интернационално. Со законските измени се даваат и рокови за превод за сметководствените стандарди, активност која не може квалитетно да се заврши се додека имаме Институт на сметководители и овластени сметководители, кој го води претседател кој речиси три години е во оставка и органите на управување се со истечен мандат.„Министерството за финансии согласно своите надлежности мора да воспостави функционален Институт и да го повлече предлог-законот. Но доколку и понатаму продолжи немањето слух за реалните проблеми, Комората на сметководители ќе преземе радикални мерки кои ќе останат на сила се до исполнување на барањата“, изјави Андреева.Комората ја информира јавноста и дека по одбивањето на барањето за одложување на роковите за поднесување на завршни сметки и финансиски извештаи од страна на Министерството за економија, одлука поддржана и од Министерството за финансии, Комората поднесе иницијатива за амандманска интервенција од страна на народните избраници во Собранието.„И покрај сите реакции на Комората на сметководители до надлежните институции за исклучително тешките услови за работа на сметководителите во ек на пандемија, каде спроведувањето на сите економски мерки беше токму на наш терет, овој период дополнително обременети со ригидни рокови за годишни сметки и финансиски извештаи, Министерството за економија во консултација со Министерство за финансии, натаму остануваат глуви за нашите барања за одложување на роковите. За жал, ова повторно го потврдува впечатокот дека за државата статистичките податоци се приоритет наспроти зачувување на здравјето на граѓаните. Имајќи предвид дека нашите барања не се нереални, напротив, само ја отсликуваат реалноста на проблемите со кои се соочуваме години наназад, Комората на сметководители ги достави своите барања во вид на амандмански измени до пратеничките групи во Собранието“, рече Благоја Грозданов, член на Управен одбор на Комората на сметководители, кој потенцираше дека одлуката по ова прашање треба да се донесе час поскоро, имајќи предвид дека роковите наближуваат и секое дополнително одложување на нејзино носење само ја зголемува неизвесноста и стресот кај сметководителите.Се надеваме, истакна Грозданов, дека пратениците ќе имаат разбирање и ќе излезат во пресрет на доставеното барања да иницираат дополнување на измени во Законот за трговски друштва, кој е во фаза на прво читање во собраниска процедура на донесување, со што ќе ја исправат грешката и нанесената неправда кон сметководителите од страна на Министерство за економија.Комората на сметководители во рамките на своите предлози за петтиот сет економски мерки побара пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи до 30.04 за хартиени поднесоци и 15.05 за електронски поднесени, за што изготви и компаративна анализа со европските земји каде сите имаат значително подолги рокови од оние со кои ние се соочуваме, и тоа во време на пандемија.фото: ССК

Македонија | пред 5 години

Boki-13-1

Плусинфо: Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ

Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март, дознава неофицијално plusinfo.mk. Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.Боки-13 е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“. Тој беше пуштен во домашен притвор поради здравствени проблеми.извор: plusinfo.mk.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ за 28 март

Време е да сопре пропаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на се уште актуелниот Претседател Христијан Мицкоски. Делегатите кои пристапија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување на меѓународна поддршка, се вели во соопштението од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на соопштението од Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ додаваат:Делегатите сметаат дека е недозволиво претседателот на кој што му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг.Затоа иницијативниот одбор одлучи, со поддршка на мнозинството членови да свика седница на Конгресот надвор од редовниот термин.Иницијативниот одбор одлучи да го закаже 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28-ми Март во Скопје.Во наредните денови, Иницијативниот одбор ќе ги формира телата за спроведување на конгрсот, ќе го промовира слоганот и ќе отпочне со дистрибуција на покани и материјали за делегатите.Отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател и гласање на доверба е една од приоритетните точки на дискусија.Иницијативниот одбор ги повикува сите заинтересирани кандидати за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ да достават апликации заедно со план за нивно делување.Ниту времињата се редовни, ниту ситуацијата во која се наоѓа партијата и државата се редовни, така што неминовно се наметнува потребата од вонреден конгрес.ВМРО-ДПМНЕ секогаш била столб кој ја штител Македонија и интересите на граѓаните кои живеат во земјава.ВМРО-ДПМНЕ со се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски е руинирана до непрепознатливост. Партијата е поделена, раскарана, нема капацитет за коалицирање и нема поддршка од стратешките западни партнери. Неговото бегање од одговорност и од заземање на ставови по сите важни прашања резултираше со низа последователни порази на парламентарните, претседателските и локалните избори во Охрид, Штип и Ново Село. Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата и тоа го препознаваат граѓаните.Тој нема поддршка ниту од членството, а уште помалку од неутралната јавност. Затоа и граѓаните најголемата поддршка во опозицијата му ја даваат на Димитар Апасиев, иако води мала и антизападно ориентирана партија, а Мицкоски е само втор во опозиција и политичар со рекордно висок негативен рејтинг.ВМРО-ДПМНЕ не може да си го дозволи тој луксуз и да ги трпи последиците од лошото работење на Мицкоски уште десет месеци до редовниот конгрес. ВМРО-ДПМНЕ не може да си го дозволи луксузот да загуби уште едни избори само за да биде задоволена суетата и алчноста на Мицкоски.Доколку Мицкоски и мисли добро на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш ќе се повлече од функцијата и ќе го поддржи одржувањето на Вонреден 17-ти Конгрес. Доколку смета дека направил барем една добра работа за партијата и државата во овие три години, ќе излезе и ќе ја побара поддршката од делегатите на вонредниот конгрес. Само на тој начин партијата ќе влезе обединета и со нова енергија на локалните избори на есен.Секој обид да се избегне отчетот пред делегатите кои го избрале е мајтапење со членството и купување на време за лично богатење на грбот на партијата.Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕфото: Архива

Македонија | пред 5 години

vakcina

Онлајн пријавувањето за вакцинација сеуште не е активно

Денеска требаше да почне пријавувањето електронски на сајт „vakcinacija.mk“ . Но, сѐ уште не e пуштенa во употреба официјалната интернет страница. На сајтот секој може да се пријави, а системот сам ќе генерира приоритети, што значи дека ќе ги прими податоците дури и за помладите кои немаат хронични болести, а кои изразуваат волја за вакцинација и тогаш кога ќе дојде редот за вакцинација ќе им стигне известување соодветно.фото: vakcinacija.mk

Македонија | пред 5 години

spasov

Испратено барањето за екстрадиција на Игор Спасов

Северна Македонија и официјално побара екстрадиција на лицето Игор Спасов.Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото.Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

Пациент се фрлил од Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ и почина

Пациент утрово во 7.20 се фрлил од првиот спрат на Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје и почина, потврди МВР. Станува збор за лице на 70-годишна возраст, објави САКАМДАКАЖАМ.На местото заврши увидот на полицијата.извор: САКАМДАКАЖАМ.

Македонија | пред 5 години

bolnica-bitola

Еве што утври Државниот здравствен и санитарен инспекторат вонреден инспекциски надзор во клиничката болница во Битола

По добиените сознанија дека на одделението по гинекологија и акушерство во ЈЗУ КБ „Трифун Пановски“ во Битола, на ден 01.01.2021година, царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин, инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат -ДСЗИ - ПО Битола, извршија вонреден инспекциски надзор.По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската докуменатција за пациентката, изјави дадени од директорот на установата како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и превземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го превземе следните мерки:До министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и превземените мерки од ДСЗИДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштитаДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапувањеПри вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот, превземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

retki10-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Конгенитална Мускулна Дистрофија – Мерозин негативна

Merosin-deficient congenital muscular dystrophyКонгенитална Мускулна Дистрофија-Мерозин негативнаMKB G 71.0преваленца (распространетост): 1/100.000Конгенитална (вродена) мускулна дистрофија (CMD1A) претставува генетско хетерогено невромускулно нарушување кое се јавува при самото раѓање или веднаш по негo и ги зафаќа мускулите, па ги ослабува и како резултат на тоа со текот на времето, тие почнуваат да се губат. Мерозин-негативна конгенитална мускулна дистрофија или CMD1A, е една од најчестите видови на конгениталната мускулна дистрофија. Предизвикана од ретка генетска мутација на генот Лама-2, одговорен за протеинот мерозин околу мускулното влакно, претставува тешка форма на дистрофија карактеризирана со тешка мускулна хипотонија-намален мускулен тонус при раѓање или веднаш по раѓањето, прогресивна слабост на мускулите и дегенерација-атрофија, одложени моторни функциии со неможност за стоење и одење, прогресивни контрактури на зглобовите со варијабилна сериозност, нормална интелегенција, иако во некои случаи се појавува и умерена ментална ретардација и епилепсија.Застапеност на болеста:CMD1A ја зафаќа женската и машката популација подеднакво. Точната застапеност не е позната поради недостаток на дијагностичка генетска потврда во минатото, но повеќе истражувања укажуваат дека едно на 100.000 бебиња е заболено со оваа болест. Во нашата држава, од досегашните сознанија, само едно бебе е родено со оваа болест до сега.Историја и терминологија:Конгениталната мускулна дистрофија за прв пат била опишана во 1903 година од Фредерик Еустас Батен како „инфантилна миопатија“, па со подетални хистолошки набљудувања во доцните 60-ти години на XX век, се заменува со сегашниот термин „вродена“. Но, напредокот бил релативно бавен сè до 1990 година. Со големи достигнувања на биохемиска и молекуларна основа, во 1995 година се идентификувани првите генетски мутации што доведуваат до откривање на целосен недостаток на протеинот мерозин. Врз основа на генетски откривања, Конгенитална  мускулна дистрофија е поделена на подвидови според генетскиот и протеинскиот недостаток, па така и мерозин-негативната конгенитална мускулна дистрофија (CMD1A) е именувана по генетскиот недостаток на протеинот мерозин.Причина за појава на болеста:CMD1A се наследува на автосомно-рецесивен начин, а тоа значи дека мора да има две патогени мутации кои предизвикуваат појава на симптоми. Кај оваа ретка болест има две мутации во генот LAMA2 (laminin alpha 2, лоциран на 6 q 22-23 и има 64 егзони) кој го произведува протеинот мерозин, еден од протеините на ламининот кој е составен дел од скелетните мускули и периферните нерви и претставува дел од мускулната клеточна мембрана и кој влијае врз стабилноста на мускулната клетка и мускулните влакна и помага во врзување на другите протеини во мускулната клеточна мембрана.Овие мутации се наследуваат од двајцата родители или може да бидат спонтано настанати. За едно дете да биде засегнато со CMD1A,  и двајцата родители мораат да бидат носители на истата мутација на генот LAMA-2 со што и двајцата ќе ја пренесат мутацијата на генот на своето дете. Детето наследува два изменети LAMA-2 гена, еден од мајката и еден од таткото. Секој од родителите на поединецот со CMD1A,  има по една копија на променетиот ген LAMA-2  и е познат како носител, но кај носителот не се пројавуваат знаци и симптоми од болеста. Родителите-носители имаат 25-процентна шанса да добијат дете заболено од CMD1A, 2 од 4 шанси да добијат дете само како носител на мутираниот ген т.е. 50 %  и 1 од 4 шанси т.е. 25 % да добијат дете кое нема да го носи мутираниот ген.Клиничка слика:Бебињата со CMD1A наречени „floppy baby“, се препознатливи уште по самото раѓање по нивната позиција на лежење. Тие не можат да се мрдаат како другите бебиња поради тешката хипотонија-слабиот мускулен тонус, плачот им е многу слаб, немаат стисок на рацете, не можат да ја држат главата, имаат високо покачена серумска-креатин кинеза (CK), респираторна инсуфициенција и потреба од респираторна поддршка. Пациентите со оваа ретка болест имаат прогресивно-слаба мускулатура, мускули кои со текот на времето ќе бидат послаби и ќе почнат да се губат, одложени моторни функции, неможност за седнување/станување и одење со што стануваат зависни од инвалидски колички, имаат вродени или стекнати контрактури кои ќе прогресираат поради задебелување и скратување на ткивото и ќе предизвикаат поголеми деформитети и ограничувања во движењата поради што станува нужно користењето на ортопетски помагала и лонгети, вертикализатор, секојдневно вежбање со физиотерапевт и хидротерапија. Ослабувањето на мускулите ќе доведе до сериозно влошување на цврстината на ‘рбетниот столб и појава на прогресивна сколиоза за којашто ќе биде неопходна операција. Телесната тежина кај овие пациенти е доста мала. Со текот на времето ослабуваат и респираторните мускули, па како резултат ќе се појават пулмолошки инфекции, намален кислород и потешкотии во ноќното дишење за што ќе биде потребно приклучување на респираторни машини и вентилатор. Прогресивни проблеми се јавуваат и при хранењето за што е потребно вметнување на цевка за гастростомија. И покрај присутната промена на белата маса во мозокот, кај овие пациенти менталната интелегенција e нормална, но има и мал број на пациенти каде се забележани потешкотии при учење и епилептични напади.Диjагностика:Дијагнозата на CMD1A бара истовремена експертиза во повеќе специјалности (неврологија, морфологија, генетика, неврорадиологија), достапна во неколку центри ширум светот кои имаат доволно искуство со различните подвидови на КМД. По утврдување на хипотонија, докторите најпрвo прават специјални тестови за нервна спроводливост и електромиографија (ЕМГ) кои се користат за стимулирање и процена на мускулите или нервите индивидуално за да се согледа проблемот за хипотонијата. Во почетната фаза на дијагностичкиот процес, лекарите често препорачуваат посебен тест на крвта- Серумска Креатин Кинеза (CK) кој се однесува на ензим што протекува надвор од оштетениот мускул. Покаченoто ниво на CK значи дека мускулите се уништуваат со некој абнормален процес, како што е мускулна дистрофија или воспаление. По ова следува мускулна биопсија при која од земено парче мускул се прават комплексни генетски испитувања со што ќе се утврди точната дистрофија и кодот на мутацијата на LAMA-2 генот. Со добиениот код, семејството ќе има можност да направи понатамошни пренатални испитувања за следните бремености и да утврди дали плодот ја има истата мутација на генот и ризикот за заболување од CMD1A.Третман:Сè уште нема пронајден лек или третман за оваа ретка болест. Во 2008 година Omigapil од Santhera доби одобрување како лек за CMD1A и ја помина првата фаза со што продолжи испитувањето. Сè уште се работи на третманот Laminin-111 кој до сега покажа успорување на прогресивната мускулна слабост на моделот-глушец. Од обезбедувањето на сите неопходни машини, помагала и квалитетна физио-хидро терапија, ќе зависи  квалитетот и должината на животот на овие пациенти за кои важи дека имаат скратен животен век.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Извор/фото:ОхридПрес

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Македонскиот полициски синдикат бара Владата ги планира во приоритетениот план за вакцинација

Претседателот на Македониот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев денес во име на членовите на Македонскиот полициски синдикат со писмено барање се обрати до Владата на Република Северна Македонија –Премиер Зоран Заев,Министерството за здравство-Министер Венко Филипче, Министерство за внатрешни работи –Министер Оливер Спасовски, Директорот на Агенцијата за разузнавање –Директор Еролд Муслиу, Директорот на Агенцијата за национална безбедност –Директор Виктор Димовски и Директорот на Управата за финасиска полиција –Директор Арафат Муареми.Во дописот Кицев меѓу другото вели:„Како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија, со околу 8500 членови будно ја следиме состојбата со пандемијата на COVID-19, во нашата земја а притоа дозволете ми да потенцирам дека Македонскиот полициски синдикат во изминатиот период имаше интензивни активности активно вклучувајќи се во дистрибуција на заштитна опрема за своите членови т.е вработените во АР, МВР, АНБ и УПФ, но и за сите оние вработени во погоренаведените институции кои не се синдикално организирани, од причина што во ваков драматичен период занас како синдикат безбедноста и здравјето на сите вработени е на прво место.Ваквата наша активност во неколку наврати од многу релавантни домашни и меѓународни институции беше признаена и поздравена како позитивен пример во справувањето со пандемијата, штитејќи ги безбедносните сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници.Од таа причина ние како Македонскиот полициски синдикат,бараме токму во овие моменти, кога државата го изготвува во националниот план за имунизација и набавка на вакцини против Ковид-19 да вработените во Агенцијата за разузнавање , Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција АР, МВР, АНБ и УПФ, Владата ги планира во приоритетениот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик ондосно нивната имунизација биде планирана во првата или најдоцна во втората фаза на имунизација бидејќи вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажаа својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kej12

Измени на Кеј „13 Ноември“, наместо тераси сред шеталиште, кафанџиите ќе добијат плус два метри во делот пред објектите

Кафанџиите од Кеј 13 Ноември во центарот на Скопје нема да смеат да поставуваат тераси сред шеталиштето, а за возврат ќе добијат плус два метри во делот пред објектите. Ова било договорено минатата недела на средбата меѓу градоначалникот Петре Шилегов и газдите на кафулињата на кејот, откако беше најавена реконструкцијата на шеталиштето, објави САКАМДА КАЖАМ.Со реконструкцијата и проектот на Град Скопје се предвидува да се отстранат терасите од кои дел се претворени во цели објекти и го заземаат речиси цело шеталиште. На ваквиот план реагирале газдите на кафулињата жалејќи се дека во голема мера им се скратува просторот за поставување на маси и столици. Било најдено компромисно решение да добијат плус два метри во делот за летни тераси кој се наоѓа пред објектите, а останатиот дел од шеталиштето сега ќе биде слободен.Текстот во целост на: САКАМДА КАЖАМ.фото: Макфакс  

Скопје | пред 5 години

natasa

Преиначена пресудата за сообраќајката кај Млечен, виновникот доби две години затвор и две години забрана за управување на ПМВ

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи пресудата за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ во Скопје што се случи во октомври 2018 и во која загина едно лице и наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.Информацијата на „Твитер“ ја објави сопругата на загинатиот.„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа Димитриевска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kanabis

Одземена дозволата на „5 Летерс“ за производство на канабис

Владата ѝ ја одзеде дозволата на фирмата „5 летерс“ за одгледување канабис, која е лоцирана во селото Алданци, Крупево.Одлуката е донесена на предлог на Министерството за здравство.„Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за оценување на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која на 21.12.2020 година и на 12.1.2021 година изврши контрола над работата на Друштвото за производство, трговија и услуги ‘5 летерс’ ДОО Скопје во објектот лоциран во с. Алданци, Крушево, при што е констатирано дека условите во однос на просторот, опремата и кадарот оценети и усвоени од Комисијата за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели не ги задоволуваат одредбите од Законот за контрола на опојните дроги и психотропните супстанции во делот на кадарот, со што е постапено спротивно на законските одредби за оваа дејност“, соопшти Владата.На крајот на минатата година од фабриката беа украдени 60 килограми марихуана.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

09022021_PVRSM_Zaev_sredba_srednoshkolci-3

Заев на средба со средношколци: Владата е отворена за компромис

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска прими претставници на Сојузот на средношколци, на нивна иницијатива и разговараа за нивните барања за модифицирање на државната матура односно намалување на предметите од четири на два и скратени наставни програми.Средношколците, како претставници на Сојузот му ги образложија на премиерот Заев своите барања, повикувајќи се на образовните модели во Франција, Белгија и Обединетото кралство, каде е намален бројот на предмети, кои матурантите ќе ги полагаат годинава.„Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија“, рече премиерот Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци.Сослушувајќи ги претставниците на Сојузот на средношколци, кои истакнаа дека остануваат на своите барања за намалување на предметите за државната матура на два екстерни предмети, премиерот Заев изрази поддршка на младите средношколци и истакна дека Владата е отворена низ дијалог да разговара за изнаоѓање заедничко компромисно решение, кое е во полза на матурантите, со цел нивно квалитетно образование и во средното и понатаму во високото образование.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери, му ја вратил иницијативата за собирање потписи за пописот на Мицкоски, причина не било користено новото уставно име на земјава

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му ја вратил иницијативата за собирање потписи за одложување на пописот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, затоа што во неа не е користено новото уставно име „Република Северна Македонија“ туку старото „Република Македонија“.Ваквата информација на социјалните мрежи ја објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој најави дека на седница на Централниот комитет ќе предложи да се почне со собирање граѓански потписи.„Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува. На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот“, напиша Мицкоски на Фејсбук.Тој објави и фотографија од писмениот одговор на Џафери, на која може да се забележи дека е покриен зборот „Севрна“. 

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Известување за потпишување на договори за стипендии во Охрид

Утре на 10.02.2021 година (среда) истекува последниот рок за потпишување на договорите за доделените стипендиина ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид, за учебната 2020/2021 година.Добитниците на ученички стипендии кои сеуште немаат потпишано договори се повикуваат да дојдат во Општина Охрид. За добитниците на стипендии кои се малолетни лица, задолжително е присуство на родител.Воедно се упатува известување до добитниците на студентски стипендии дека потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши од 10.02.2021 година (среда) до 15.02.2021 година (понеделник) во Општина Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG_1148

Еко-Свест: Аерозагадувањето е причина зошто секое второ дете минатата година се лекувало од респираторни болести

Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија “убива“ 1.350 луѓе годишно, a децата се најчувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.– Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Градовите во земјава, како Скопје, Тетово и останатите, котираат високо на листата на најзагадени градови во регионот, па и Европа. Високите концентрации на ПМ 10 честичките достигнуваат и до повеќе од десет пати од дозволеното, потенцираат од Еко-Свест.Честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 се меѓу најопасните загадувачи, кои во голема мера влијаат врз здравјето на луѓето поради нивната способност да навлезат длабоко во белите дробови и крвта, предизвикувајќи трајни ДНК-мутации, срцеви напади, болести на дишните патишта и прерана смрт. Овие загадувачи се формираат кога согоруваат одредени материи како горењето на дрвото во камините или горењето на јаглен во термоцентралите.Околу 80% од енергијата во светот доаѓа од фосилните горива. Според Светската Здравствена Организација, проблем број еден претставува нивното согорување. Честичките што се испуштаат го загадува воздухот и се примарен причинител за климатските промени, затоа, тие потенцираат нивната употреба да се намали или да се отстрани.Еко-Свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија” финансиски поддржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.фото: Еко Свест

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Денеска починати 9 лица и регистрирани нови позитивни 476 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 221, Прилеп и Кавадарци - по 31, Охрид – 24, Велес - 23, Куманово - 20, Тетово – 12, Битола – 11, Делчево – 9, Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен - по 8, Крива Паланка – 7, Гостивар и Кичево – по 6, Штип, Струга, Пробиштип и Крушево – по 5, Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово – по 2, Македонски Брод, Дебар и Дојран – по 1.Регистрирани се 407 оздравени пациенти од:Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево – по 1.Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г), и по еден смртен случај од Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г).Сите пациенти се починати во болнички услови.Направените 2863 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-240, Биотек-241, Жан Митрев (Филип Втори)-268, Систина-186, лабораторија Лаор–144, МАНУ-145, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 890, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 474.280 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 41681, активни 3256Куманово 5295, активни 255Тетово 5210, активни 235Прилеп 4675, активни 179Гостивар 3667, активни 135Штип 3532, активни 81Битола 3280, активни 126Велес 3208, активни 221Охрид 2957, активни 368Кавадарци 2802, активни 360Струмица 2586, активни 158Струга 2284, активни 156Кочани 1757, активни 52Кичево, 1742, активни 85Свети Николе 1090, активни 20Гевгелија 1047, активни 102Неготино 1001, активни 68Дебар 776, активни 68Ресен 764, активни 76Крива Паланка 746, активни 40Радовиш 732, активни 48Делчево 674, активни 202Берово 608, активни 26Пробиштип 520, активни 28Виница 501, активни 28Валандово 332, активни 11Демир Хисар 254, активни 11Македонски Брод 248, активни 10Кратово 240, активни 22Богданци 226, активни 8Демир Капија 224, активни 47Крушево 225, активни 40Македонска Каменица 192, активни 9Пехчево 183, активни 7Дојран 88, активни 8фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Milososki

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите мора да се извинат за своите лаги, водат хајка против Милошоски

Најкорумпираниот режим во заминување наместо да одговори на рецесијата и на понижувањата, наместо да одговори на потребите за вакцини и да мисли на отпуштените работници, упорно се обидува да се затскрие зад обидот за пласирање лажните вести.Режимот на Зоран Заев не сфаќа дека повеќе никој не му верува. Режимот, но и самиот Заев мора да одговорат за лагите за Монструм, за лагите за Младенов, за малата Тамара, и впрочем за сите лаги за животот во Македонија пред да се обидуваат некого друг да го обвинат за актуелните состојби, се вели во Соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.Во продолжение на реакцијата од партијата додаваат:Впрочем сите нивни лаги се разобличени, сите нивни прес конференции за оцрнување на личности од опозицијата се и институционално побиени. И оттука, препознаени и одбиени се нивните обиди преку вака пласирани лаги. Таков е и обидот за хајка против Антонијо Милошоски, создаден од нив единствено со цел за криење на насилник во своите редови, откриен токму од Милошоски. А насилството и до сега е разоткриено во СДСМ, од градоначалници кои тепаа жени, градоначалници кои што напаѓаа учителки, градоначалници- шверцери што пукаа по полиција, градоначалници што се закануваа и прислушуваа граѓани. Сега и денес, СДСМ крие насилник во своите собраниски клупи.Затоа, пред лажно да обвинат некого, Заев и неговите од режимот мора да се извинат за своите лаги и да се повлечат од политиката, мора да ги извадат на виделина и да ги осудат насилниците од своите редови и да ја остават политиката и да го вратат Собранието на чесни луѓе со интегритет.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

148255629_789937391902573_5826803176334902372_n

Симовски: Вклучувањето во Пописот на нашите граѓани, кои се наоѓаа повеќе од една година надвор од државата е од големо значење, треба да знаеме колкава е таа бројка

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска учествуваше на панел-дискусија на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ во организација на здружението на граѓани „Цивил– Центар за слобода“.Во рамки на дискусијата, директорот Симовски одговараше на прашања, поврзани со Пописот 2021 година, а во врска со постапката за спроведување на пописот и за потребата од оваа сложена статистичка операција.Директорот Симовски нагласувајќи дека пописот е статистичка, сложена операција и никако не може да има политичка конотација, уште еднаш учествуваше во објаснувањето за категориите на население кои ќе се попишуваат, согласно објавената методологија.Тој појасни дека пописот 2021, согласно препораките на Обединетите нации и дефинициите на Еуростат ќе даде одговор односно податоци за одредени категории лица, резидентно население, кое живее во Северна Македонија и вкупно нерезидентно население, односно лица државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство повеќе од 12 месеци, односно една година, како и членовите на нивните домаќинства доколку престојуваат со нив.„Со објавувањето на Методологијата, веќе се разјаснети повеќето прашања околу категориите на населението кое ќе се попишува. Вклучувањето во Пописот на нашите граѓани, кои се наоѓаа повеќе од една година надвор од државата е од големо значење бидејќи цениме дека потребно е да знаеме колкава е таа бројка, каква е нивната структура по сите основи, образовни, возрасна, полова, работоспособност, кои се нивните периоди на иселување, од кој дел на државата и.т.н.“, подвлече Симовски додавајќи дека Пописот е обид да се добие една бројка за овие граѓани, со цел да се создадат квалитетни политики кои ќе помогнат за враќање на што поголем број од овие лица.Симовски посочи дека, пописот кој претстои во нашата држава, дава елементарни податоци за планирањето на економскиот и социјалниот развој и дава податоци кои се потребни за бизнис секторот, локалната самоуправа за квалитетно управување и сите останати институции.„Во базата на пазарот на трудот се чувствува огромен недостиг од обучена работна сила и потенцијал и токму оваа бројка ќе даде една базична слика за карактеристиките на лицата од аспект на возраст, економска, образовна, културолошка припадност кои живеат надвор од државата и за кои може со квалитетна планирана државна политика да се создадат услови да се вратат во Северна Македонија“, оцени Симовски.Одговарајќи на прашањето за правото за изјаснување во графата етничка припадност, Симовски појасни дека секој граѓанин има право да се попише по свое лично убедување, без разлика на уставно пропишаните категории на припадници на етнички заедници.По однос на евентуално одложување на пописот, Симовски објасни дека за тоа не постои можност поради временскиот период на попишување, кој е регулиран со Законот за Попис, но и поради неопходната потреба конечно после повеќе од 18 години да се добијат квалитетни податоци, кои и се потребни на државата за нејзиниот успешен развој.Истовремено тој додаде дека Државниот завод за статистика е персонално и технолошки подготвен да ја спроведе оваа сложена операција, која речиси две декади се очекува.Во дебатата на Цивил на тема „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“ беше констатирано дека излегувањето на граѓаните на попис во април е општокорисно и за секој граѓанин поединечно и неучеството во Пописот не носи корист туку штета, по однос на добивањето на најквалитетните одговори за планирање на економската и развојна иднина на граѓаните на Северна Македонија.На панел-дискусијата, која ја водеше новинарот Зоран Иванов, а на која беа опфатени и темите поврзани со значењето на пописот за економијата, стопанството и бизнис заедницата, како и за помалите етнички заедници во земјата, учествуваа и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Дехран Муратов, новинар и координатор во Цивил.фото и видео: Државен завод за статистика

Македонија | пред 5 години

dom

Разрешен е Ристо Чулаковски член на УО на битолскиот студентски дом

Кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ги разгледува и постапува по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување на корупција.На денешната владина седница по доставена иницијатива од ДКСК, а разгледана и постапено од страна на кабинетот на ЗПВ Љупчо Николовски, Владата донесе одлука за разрешување на службеното лице Ристо Чулаковски ,член на Управниот одбор – преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола. Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси.Од формирањето на новата Влада, секоја пристигната иницијатива од ДКСК до Владата, внимателно и детално се разгледува и се постапува по истите. Борбата против корупцијата и криминалот, е меѓу клучните приоритети во владинта рамка „Акција 21 – европски стандарди дома“, поточно втор по ред приоритет за оваа 2021 година, и во целиот процес е најважна соработката со сите надлежните антикорупциски институции, со независните тела, невладиниот сектор, бизнис заедницата. Владата покажува комлетна насоченост и почитување кон сите независни тела во државата, а пред се кон Државната комисија за спречување корупција, како една од клучните институции во откривањето и спречувањето корупција.фото: dsdkochoracin.com.mk 

Македонија | пред 5 години

09022021_UJP_DIT_press-2

УЈП и Државниот инспекторат за труд со заеднички контроли кај работодавачи што не исплатиле плати, а земале финансиска поддршка

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска на денешната прес-конференција информираа за заедничките контроли што ги спроведоа УЈП и ДИТ врз работодавачи на кои им била исплатена финансиска поддршка за исплата на плати и истите не ја префрлиле на сметката на работниците за исплата на плати. Лукаревска информираше дека УЈП и ДИТ уште во декември 2020 почнаа со координирани контроли кај овие даночни обврзници при што како критериум бил земен износот на добиена финансиска поддршка, бројот на вработени, обврзници кои немаат исплатено плата повеќе од еден месец и обврзници за кои се добиени пријави за неправилности во однос на исплата на плата. УЈП изврши контроли кај 60 даночни обврзници од дејностите : подготовка на оброци и служење на храна, изградба на згради, копнен транспорт и цевоводен транспорт, објекти за сместување, производствена дејност, трговија на мало, туристички агенции, градежништво итн. Од спроведените контроли УЈП утврди дека кај 16 даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходите за одредени месеци, кај седум даночни обврзници е намален бројот на вработени по месецот во кои е одобрена финансиска поддршка, од кои еден даночен обврзник веќе имал извршено враќање на добиената финансиска поддршка, кај двајца даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходот и по однос на намалување на вработените кое е поголемо од предвиденото во Уредбата и Законот.Лукаревска посочи дека работодавачите имаат обврска согласно уредбата, т.е. законот да ги вратат добиените финансиски средства во целост, заедно со камата согласно со Законот за даночната постапка, доколку по извршена контрола од страна на УЈП и/или ДИТ се утврди дека не ги исполниле пропишаните условите. Работодавачот - корисник на финансиска поддршка кој дал Изјава за исполнетоста на условите за користење на финансиска поддршка, а не ги исполнил условите, ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик. Управата за јавни приходи соработува со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел нивно понатамошно постапување, односно покренување на кривична постапка. Кај двајца даночни обврзници, УЈП се соочува со несоработка од страна на обврзникот и одговорните лица, поради што постапката е насочена до Управата за финансиска полиција. Кај истите овие обврзници, спроведени се контроли од страна на ДИТ за неисплатени плати на работниците.Лукаревска рече и дека кај 11 даночни обврзници од текстилната и чевларска индустрија, како и обврзници кои се занимаваат со продажба на кондиторски производи во тек е спроведување на насочени контроли по основ на данок на добивка, ДДВ и данок на личен доход, поради утврдени одредени отстапувања во податоците од даночните пријави и годишната сметка. Контролите на даноци се спроведуваат за изминатите пет години. Директорката повторно го потенцираше механизмот на УЈП односно присилната наплата, како и контролниот механизам, вклучувајќи ги и координираните контроли со ДИТ и дојавата до други надлежни институции, се во насока на враќање на средствата од злоупотребата на државна помош и изрекување на казни за сторителите т.е. управителите за сторените злоупотреби.Директорката на Државниот инспекторат за труд рече дека ДИТ спроведе 74 надзори кај исто толку правни субјекти, а надзори спровеле и во десет текстилни фабрики. Предмет на надзорите на ДИТ било тоа дали работодавачите им исплатиле плата и придонеси од плата на работниците (согласно чл.109 од Законот за работни односи) и дали исплатената плата е во износ на утврдената минимална плата утврдена со закон и утврдената основна плата во договорите за вработување (чл.107 од ЗРО и чл.2 од Законот за минимална плата).Тренчевска посочи дека неправилности имало кај 41 работодавач, за што се донесени решенија со опомена-работодавачите да ги отстранат утврдените неправилности. Овие неправилности се однесуваа на неисплатена плата и придонеси од плата на работниците во рокот утврден во Закон за работни односи (најдоцна по истекот на 15 дена) како и доплата на плата до износот на минималната плата кај оние работодавачи кои исплатиле плата во износ понизок од утврдената минимална плата, утврдена со Законот за минимална плата (14.943,00 денари). По спроведените 17 контролни инспекциски надзори се утврди дека десет работодавачи постапиле по донесените решенија и ја отстраниле неправилноста, односно им исплатиле плата на работниците, шест работодавачи не постапиле по решението за опомена за што е изречена инспекциска мерка - решение со наредба согласно одредбите од ЗРО и даден е рок за постапување, а кај еден работодавач кој не постапил по решението со наредба изречена е глоба и издаден прекршочен платен налог ( микро правен субјект до десет вработени 200 евра за одговорното правно лице и 150 за одговорното лице во правното лице).Тренчевска нагласи дека, спроведените контроли имаат превентивен ефект, што може да се констатира и од намалениот број на утврдени неправилности при инспекциските надзори, што значи дека превенцијата и зачестените инспекциски надзори доведоа до поголема одговорност кај работодавачите во почитувањето на законските одредби. За жал, сѐ уште има работодавачи кои не ги почитуваат законите а со тоа ги кршат работничките права. Државниот инспекторат за труд и во наредниот период ќе спроведува интензивни инспекциски надзори, и ќе бидат санкционирани сите оние работодавачи кои не ги почитуваат законските одредби.„Исто така ќе продолжиме со координираните акции со УЈП со цел платите на вработените, редовно и согласно закон да се исплаќаат како едно од основните права од работен однос“, рече Тренчевска.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања