Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Kovacki-11.02.2021

Ковачки поднесе кривични пријави за Шекеринска

Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО поднесовме три кривични пријави, две против актуелниот министер за одбрана и едно против раководно лице во министерството за одбрана, истакна на денешната прес конференција Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Ковачки додаде:Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и да содржини од класифицирани документи искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција.Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната.Цениме дека ваквиот, во континуитет незаконски однос кон класифицираните информации од страна на актуелен министер за одбрана којшто е платен и по закон е обврзан да ги чува и штити класифицираните информации е неприфатлив и бараме од ОЈО веднаш да пристапи кон своите законски надлежности и да поведе постапка пред надлежен Суд.Од Шекеринска бараме одговорност и оставка веднаш!фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

foto-1

Министерството за транспорт и врски стави на располагање вкупно 62 280 поединечни и месечни транспортни дозволи

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Северна Македонија ја промени Уредбата за начинот за распределба, дистрибуција и ревизија на искористеност на дозволите за меѓународниот превоз на стока.Со промената на Уредбата, а поради Ковид состојбата, се менува периодот на издавање на ЕКМТ дозволите со што превозниците веќе можат да аплицираат за поединечните и месечните ЕКМТ дозволи за меѓународен транспорт на стока.Со тоа, на превозниците им се ставаат на располагање сите видови на дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски како би ја олесниле нивната секојдневна работа и тоа:- 60 000 поединечни дозволи- 2280 месечни дозволиБи сакале да потенцираме дека промената на Уредбата е направена во согласност со барањата на Здруженијата и Асоцијациите на транспортери во Република Северна Македонија.Со промена на Уредбата се прецизираат и критериумите со кои превозниците ќе имаат доволно дозволи за покривање на сопствениот возен парк со рационално искористување на истите, а со цел да се обезбеди континуитет во дистрибуцијата на квотата на дозволи на Министерството за транспорт и врски.Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски, градејќи го партнерскиот однос со транспортните здруженија, создава услови за континуиран и непречен транспорт на стока во домашниот и меѓународниот сообраќај.фото: Министертво за транспорт и врски

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Маричиќ: Интензивно работиме на дигитализацијата на судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на V-та Меѓународна судска конференција на тема „Судството во состојба на пандемија“ кажа дека пандемијата со Ковид-19 е катализатор на процесот на дигитализацијата на судството. Според министерот и покрај бројните прашања кои се појавија по објавувањето на концептот за дигитализација на правосудството, Министерството за правда во наредниот период ќе посвети посебно внимание токму на овој процес.- Кога ја преземав функцијата министер за правда кажав дека воведувањето на информатичката технологија во работењето на судовите ќе мора да се случи. И тоа не само заради држењето чекор со трендовите, туку затоа што на тој начин ќе обезбедиме поголема ефикасност и транспарентност во судските постапки, а со тоа и ќе се олесни пристапот до правдата за граѓаните и ќе се придонесе кон поголема доверба во функционалноста на системот. За сето ова потребни се законски измени, технички предуслови како што е опремувањето на судниците за онлајн судења, односно финансиски средства, и секако – респонзивност на правосудниот систем да го направи овој технолошки скок, истакна Маричиќ.Според министерот сега е вистинскиот момент да се интензивира овој процес со цел да го фатиме приклучокот со развиените европски земји.- Сметам дека работиме навремено, за што говори и фактот што Европската комисија на 2 декември минатата година ја усвои Комуникацијата за дигитална правда во ЕУ, чија цел е токму да се осигури дека правдата исто така се движи напред во склад со дигиталното време. И на ниво на ЕУ се работи на развој на нова алатка за дигитална правда, која опфаќа целокупна рамка за законодавни, финансиски и ИТ активности за поддршка на дигиталните транзиции на земјите членки, кажа министерот. Фото: Министерство за правда

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Истрага за запален автомобил во Сарај

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.1 в.в со чл.288 ст.1 од Кривичниот законик.На 10 февруари, во раните утрински часови, осомничениот 45-годишник со пожар предизвикал значителна опасност по животот или телото на луѓето. Тој зел пластичен балон-туба и од бензинска пумпа во Ѓорче Петров наточил бензин, па преку мостот се упатил кон Сарај, каде било паркирано патничко моторно возило “Голф 5”, сопственост на еден оштетен. Кога дошол до паркираното возило, истурил дел од бензинот врз возилото и пластичната туба ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал. На тој начин тој предизвикал пожар кој се распламтил и го зафатил целото возило. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила поголема имотна штета во вредност од 365.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, околности што укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

ivanov-skopje-1

Поранешниот претседател Иванов како сведок за крвавиот „27 април“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Поранешниот претседател Ѓорге Иванов пристигна во Основниот кривичен суд во Скопје каде ќе сведочи за организацијата на настаните од 27 април 2017 во Собранието. Иванов е сведок на одбраната на обвинетите во овој случај.Обвинети во случајот за организација на 27 април се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.фото: Skopje 1

Македонија | пред 5 години

logo

Клучни проекти од платформата „Аеродром – прва општина со европско знаменце“

Општина Аеродром неодамна ја промовираше во јавноста четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром - прва општина со европско знаменце“. Платформата опфаќа дваесетина европски развојни проекти за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром, меѓу кои:Нула цврст отпад за заштита на животна средина „CleanAirDrom“.Воведување нова европска, системски базирана методологија за одржување хигиена, управување и селекција на отпад со непосредна и интерактивна соработка со жителите на општината.Простори за одлагање кабаст отпад.Диверзифицирана понуда на енергетска ефикасност до станбените заедници, која би се реализирала како форма на ЈПП за креирање „Енергетски задруги“ во рамките на Општина Аеродром.Селекција и компостирање органски отпад.Промоција на нова општинска зграда во 3Д-презентација.Ревизија и хармонизација на процесот на легализација со цел забрзување на решавањето на предметите.Функционални урбани заедници.Формирање ЈП за управување со развојни проекти на Општина Аеродром.Креирање енергетски задруги.Велодром „Кружен тек – Аеродром“ во соработка со МЖ - Инфраструктура, а поддржан и кофинансиран од Холандска/Данска амбасада.Проекти за поквалитетен начин на живот преку членство во Советот на Европа за единиците на локалната самоуправа.Спортот го зближува Аеродром – интензивирање на интернационалната меѓуопштинска соработка со општини што несебично го поддржуваат спортот, и тоа во соработка со КК МЗТ по патот на АБА-лигата, Бешикташ - најспортска градска општина на Истанбул, Букурешт - домаќин на Европското фудбалско првенство каде што за првпат ќе настапува македонската селекција и други.Спортско ТВ-шоу „Тројка за МЗТ“.Изработка на семејна апликативна картичка „FamilyAerodrom“ наменета за сите жители на општината (по една на домаќинство), односно понуда на низа поволности, можности и вклученост (мобилност) во проектите на самата општина.Ревизорска интегрирана политика и практика во соработка со Ревизорското тело и со Државната комисија за спречување корупција.Интерактивни училишта како пилот-проекти на основните училишта во Аеродром, кои вклучуваат инсталирање смарт-табли и лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште, настава за интелектуално надарени ученици“ (приспособена наставна програма од приватни странски училишта) и други.Зголемен рурален развој преку основање Зона за рурален развој во Лисиче, прва од таков тип во нашата држава.Канцеларија за поддршка на локални акциски групи (ЛАГ - Инкубатор за рурален развој преку промоција на Земјоделска задруга „Лисиче“, легализација на локален рибник, воспоставување „систем (мрежа) на урбани фарми“ и други.Консултантска и логистичка помош за ИПАРД-проекти.Прв национален професионален голф-терен во директна соработка со Голф-федерацијата на Македонија и бизнис-заедницата, а кој воедно би бил поддржан и од европскиот фонд ИПАРД 3 за развој на руралниот туризам.Стратегиската платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ, ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор, со меѓународни асоцијации и здруженија, со медиумите, со институциите и пред сè со граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за овозможување подобар квалитет на живеење во нашата општина. Подобар квалитет на живот за сите наши жители!Фото: Општина Аеродром 

Скопје | пред 5 години

policija-2

Казнети 23 возачи на автопатот Штип-Миладиновци

На 10.02.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип на автопатот Штип – Миладиновци (од клучка Кадрифаково до клучка Преод) спроведоа контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни прекршочни платни налози. При контролата биле констатирани и два останати прекршока.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kralsko-bebe

Велика Британија има ново кралско бебе, се породи принцеза Јуџени

Велика Британија има ново кралско бебе. Во Бакингемската палата е потврдена убава вест. Принцеза Јуџени родила син во вторникот во болницата Портланд во Лондон.Кралицата Елизабета Втора го доби деветтиот правнук. Неговото име не е соопштено, а тој ќе биде 11. во редот за наследство на тронот.“Нејзиното кралско височество принцезата Јуџин беше безбедно породена на 9 февруари 2021 година, во 08:55 часот во болницата Портланд. Мајката нејзиното кралско височество и нејзиното дете се добро, ” соопшти Бакингемската палата.30-годишната Јуџени е помладата ќерка на третиот син на кралицата, принцот Ендрју војводата од Јорк и Сара Фергусон.Ова е првото дете на принцезата Јуџени и Џек Бруксбенк, прво внуче на војводата од Јорк и деветто правнуче за кралицата и војводата од Единбург.извор: Макфакс

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни

Денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силен ветер (над 70 км/час).На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува.фото:  Архива

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

ВМРО-ДПМНЕ: Одложувањето на примопредавањето на вакцините е епска брука и неспособност

Одложувањето на примопредавањето на вакцините е епска брука и неспособност, Филипче да си напише оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ по откажувањето на пристигнувањето на првата пратка вакцини против коронавирус од Србија која требаше да пристигне денеска.Да имаа грам одговорност денес ќе си напишеа сами оставка и ќе се извинеа на нацијата.Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат.Наместо да чека донации до сега требаше да се фати за работа и сам да набави, а не да ја брука државата кај ќе стигне.Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ и додаваат:Македонија со Заев стана земја за жалење, наместо да обезбеди вакцини на време, тој моли за вакцини низ соседството, прво се фалеше со бугарски вакцини, кои не му стигнаа, а сега со српски.Македонија се уште е на врвот на листата на земји по починати од КОВИД-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време.Филипче и Заев се неспособни да извршат набавка на вакцини, а уште помалку ќе извршат вакцинација. Според нивниот план за вакцинација Македонија ќе се вакцинира 3 години.Филипче и Заев се неспособни, а резултатот од тоа е голем број на заразени и починати граѓани од КОВИД-19.фото:Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Вакцините од Србија нема да пристигнат денеска, проблем документацијата за достава

Најавената донација од Србија на 8.000 дози од производителот Фајзер/БионТек, која денеска требаше да пристигне во Македонија е одложена за наредните денови. Во кусото соопштение од Владата се наведува:-Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре, 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме, соопштуваат оттаму..Инаку, според најавата на Владата, денеска на граничниот премин Табановце точно во 14.00 часот, донацијата лично требаше претседателот на Србија, Александар Вуќиќ, да му ја достави на премиерот Зоран Заев.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Коциќ за ТВ24: Процесот на вакцинирање може да започне, битката на опозицијата да ќари политички поени не сопира

Намерата на владата е да се обезбедат најквалитетните вакцини, кои врз основа на испитувањата имаат голем процент на ефикасност против ковид 19, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата 24 анализа на ТВ24.Тој додаде дека логично е вакцините да стасаат најпрвин од Србија, зошто претставништвото на Фајзер е во Белград и нагласи дека следната недела ќе пристигнат кинеските вакцини.Процесот на вакцинирање може да започне, но не треба да добиваме погрешен впечаток дека ако се вакцинираме проблемот е решен, секако се додека не се постигне колективен имунитет на сила остануваат сите превентивни мерки за заштита од ковид19, истакна Коциќ.Опозицијата деструктивно и неодговорно се однесува во пандемијата, претпладне се жалеа дека нема мерки, а попладне масовно ги кршеа, а сите мерки што беа преземени се препорачани од СЗО, истакна Коциќ, додавајќи дека битката на опозицијата да ќари политички поени не сопира ниту сега, а ширењето на лаги и невистини, од страна на опозицијата, плукањето по здравствените работници и слично, не може да и донесе добро на државата.Коциќ додаде дека опозицијата прави опструкции и во парламентот, каде нивните пратеници доаѓаат и се потпишуваат а не се присутни на седници.Не знам дали има друга професија во државата, каде може работникот да дојде да си земе дневница и патни трошоци и да оди на ручек, рече Коциќ.Тенденцијата да се шири негативна енергија, да се одрекува се што се прави од страна на опозицијата се гледа и кај пописот, рече Коциќ, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не знае како се прави попис, имаше 11 години да направи попис, потроши милиони евра, а не направи попис.Тој додаде дека ние сме единствена држава во светот што остана без попис, а сега опозицијата повторно бара да се одложи и го негираат пописот, кој не е ни почнат.Ние имаме за цел во моментот да дознаеме колку луѓе живеат во државата, дајте да ги оставиме политиките настрана, да ја направиме еднаш оваа статистичка операција, да ги оставиме професионалците од заводот за статистика да си ја завршат работата и квалитетно да ги планираме политиките во иднина, повика пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kej11

(ФОТО) Интензивни активности за чистење на крајбрежјето и кејот во Охрид

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат интензивни активности за расчистување на отпадот кој езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и градскиот кеј.Поради временските неприлики и силниот јужен ветер, секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад, како и наноси од трска, реси и муљ.Со цел да се одржи јавната чистота во градот на највисоко ниво, ваквите активности за чистење ќе продолжат и во текот на наредните денови. 

Македонија | пред 5 години

sednica-ohrid

(ВИДЕО) На седницата на совет во Охрид - советнички прашања

По подолго време, денес со физичко присуство беа одржани две седници на Советот на Општина Охрид. Педесет и петтата и педесет и шестата седница беа со по една точка на дневниот ред: Советнички прашања и предлог одлука за доделување на компјутерска опрема (таблети) за ОУ “Братство Единство“.На седницата за советнички прашања, доминираа теми од сите сфери на работењето на локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Македонија | пред 5 години

ograda

Се поставува ограда на спортското игралиште во Воска

Со средства на Општина Охрид во вредност од  760.000 денари се  оградува спортското игралиште во населба Воска.Проектот којшто го реализираат екипи на ЈП „Градски Гробишта“ е во завршна фаза и подразбира подигнување на потпорен ѕид и поставување метална ограда околу игралиштето.Целта на проектот е заштита и разубавување на јавните добра во градов.

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

Д-р Костов за самоубиството во ГОБ „8 Септември“: Страшно и многу тажно, станува збор за пациент кој беше под психијатриски надзор

Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи од зградата на ГОБ „8 Септември“, потврди за „Слободен печат“ директорот на болницата, д-р Христијан Костов.– Страшно и многу тажно. Станува збор за пациент кој беше под психијатриски надзор, со неколку прегледи од психијатар и терапија. Не ми е јасно како успеал да се ослободи од креветот. Со него во собата имаше уште еден пациент. Ја искористил петнаесетминутната пауза после визитата, кога немало никој во собата и си го одземал животот. Беше на интензивна нега, тешка слика на пневмонија, хоспитализиран седум дена. Нонстоп беше на терапија, истакна за „Слободен печат“ доктор Костов.извор: „Слободен печат“

Македонија | пред 5 години

Zoran-Bashanovic-i-Zoran-Zaev

Република: Советникот на Заев, Башановиќ е газда на половина Македонија

Претседателот на Србија Алекандар Вучиќ проговори за односот со Зоран Башановиќ, бизнимен од Србија.Тие се кумови, но неколку години не се во најдобри односи. Башановиќ е интересен за македонската јавност како поранешен советник на премиерот Зоран Заев и тоа за хонорар од 1500 евра месечно.Но, покрај тој хонорар Башановиќ има многу бизниси низ Македонија за што посведочи и самиот Вучиќ, пренесува порталот Република.Името Башановиќ  се споменуваше во неколку афери, како во „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. За време на судењето медиумите тврдеа дека 1,5 милиони евра од рекетот Боки 13 му ги однел токму на Башановиќ, потсетува порталот  Република.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

7478438452_99cbe66773_b

Фрчкоски избран за амбасадор на Македонија во САД, се чека одговор од САД

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчковски е новиот избор на Владата за амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што  дознава „Независен“, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД.Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

„А1ОН“: Милошоски бил казнет парично во Германија за “добивање придобивки со измама”

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски пред 17 години во Германија бил осуден и казнет на 20 дневни глоби со парична казна од 20 евра за делата “добивање придобивки со измама” и “кражба и злоупотреба од мала вредност”. Ова го покажува документот напишан на германски јазик кој го објави порталот А1-он во кој стои дека Основниот суд во Ахен во 2004-та година донел пресуда дека Милошоски сторил дело, кое во тамошниот правен систем е заведено како “добивање придобивки”.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска повтори дека станува збор за дезинформации пласирани од власта со цел да се дефокусира јавноста од критиките кои доаѓаат од опозицијата.Порталот вчера пишуваше дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ бил осуден за фалсификување на исправи, една година пред да стане министер за надворешни работи. Повикувајќи се на документи велат дека за делата кои Милошоски наводно ги сторил, добил парични казни, иако за истите Кривичниот законик во Германија предвидувал и повисока казна затвор.Текстот во целост на:  А1-он

Македонија | пред 5 години

Zagrevanje-na-domovi_Eko-Svest

Еко-Свест: Дрвото можеби греенајевтино и најубаво, но е тивок убиец

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се грее или готви на дрва. Во руралните средини дури 95 проценти од населението користи дрва. Ова го нотира Светска банка во еден од Извештаите за зелен раст на државата со поента дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво е меѓу причините за загадувањето на воздухот во Македонија да е едно од најголемите во Европа.- Изминативе години токму поради ниската економска моќ на граѓаните тие користат дрва како најевтина и најдобра алтернатива за греење на домовите кои исто така не се енергетски ефикасни и со секој друг енергенс нивното загревање би чинело многу пари. Токму емисиите на јаглерод диоксид и на цврстите честички, кои, меѓу другото, се продукт и на навиките за греење на домовите, ја рангираат нашата држава на петто место во Европа според смртноста од загаден воздух, констатираат аналитичарите на Светска банка. Се проценува дека цврстите честички во воздухот се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и за илјадници изгубени работни денови, што, пак, претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно, еднакво на 3,2% од БДП, велат од Еко-Свест.Прераната смртност се појавува од кардиопулмонарни заболувања и рак на белите дробови. Во 2011 година нивото на загадување од цврсти честички беше примарно одговорно за 485 нови случаи на хроничен бронхитис, 770 болнички приеми и 15.200 итни посети. Со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изгубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно - стои во извештајот на Светска банка.Еко-Свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија” финансиски подржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.фото: ЕКО СВЕСТ

Македонија | пред 5 години

tabli

Почнаа да се менуваат информативните табли на патиштата поради законот за употреба на јазиците

Тетовската секција при Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) денес започна со поставување нови информативни табли на автопатот А2 Скопје-Тетово на кои сега покрај на македонски јазик има информации и на албански јазик.Според информациите од тетовската секција на јавното претријатие промената доаѓа по донесувањето на законот за употреба на јазици при што покрај службниот македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на таблите треба да се користи и друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик).-На автопатот на влез во Тетово поставена е нова поголема и по различен облик информативна портал табла. На таблата сега информациите се истакнати на македонски јазик, албански јазик и на латинично писмо, информираат од јавното претријатие-секција Тетово.Таблите ќе се менуваат во текот на наредните месеци. Покрај на автопатот нови табли ќе има и на останатите регионални и магистрални патишта.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

10022021_PVRSM_Zaev_Pres-konferencija-na-tema-energetska-tranzicija_1

Утре пристигнува првата пратка вакцини од Србија

Премиеропт Зоран Заев изјави дека е можно вакцините Фајзер од Србија да пристигнат уште утре во земјава, а кинеските вакцини на Синофарм на 15 или 16 февруари.– Во делот на вакцинацијата ние секој ден се надеваме час поскоро да стигнат вакцините. Имаме најава дека дури и утре, но се уште немаме потврдено, и затоа нема да кажам детали дека може да се случи да стигнат први вакцини во нашата земја, тоа ќе го знаеме денеска попладне дали ќе биде така. Она кое што го очекуваме во делот на кинеските вакцини е 15-16-ти, секако денеска очекувам да се случи плаќањето од страна на нашата земја за да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето на превозот од Кина на овие 200 илјади вакцини до овде во Скопје. Така што денови се пред нас кога ќе стигнат вакцините, Истакна Заев одговарајќи на новинарско прашање напрес-конференција во Владата.Според него, она што е многу важно, е што системот за вакција ни е целосно подготвен-Очекуваме Фајзер вакцини, очекуваме Синофарм вакцини најбрзо да дојдат. Секако, отворени ни се механизмите на набавка на Фајзер, АстраЗенека и Модерна преку КОВАКС-системот, преку ЕУ секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборува дури и за авансно плаќање да се платат само час поскоро за на Западен Балкан да стигнат вакцините, вели Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-vakcina

МЗ: Се прават последни технички прилагодувања на веб-страницата за пријавување за вакцина

Министерството за здравство информира дека во моментов се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата vakcinacija.mk,  преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19.Оттаму додаваат дека ќе информираат повторно штом ќе се овозможи целосна функција на веб-страницата.Инаку, сајтот според најавата требаше да биде во функција од денеска , но  има проблеми, а граѓаните се жалеа дека воопшто не можеле да ја отворат страницата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona1

МАНУ детектирале поголем број на нови варијанти на корона вирусот, кои претходно не беа присутни во нашата држава

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 февруари, тестирани се вкупно 14.398 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.120 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 4,1% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.011; 47,7%), со неделна инциденца – 163,7/100.000. Највисока неделна инциденца од 415,7/100.000 е регистрирана во Демир Капија.Процентот на позитивност се движи од 10,3 до 17,7%, просечно 14,2%, идентично како минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=568, 26,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=422; 19,9%), 50-59 (n=381; 18,0%), 40-49 (n=358; 16,9%) и 20-29 (n=257; 12,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=40; 1,9%) и 10-19 години (n=94; 4,4%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.322 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11,6% повеќе во споредба со минатата недела.Пријавени се 66 смртни случаи од 21 град, со зголемување од 3,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 58 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице на возраст од 40-49, 30-39 и 20-29 години.Во текот на минатата недела (01-07.02.2021), до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на “британскиот” сој на SARS-CoV-2 од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на SARS-CoV-2. Од овие резултати е забележано дека “британскиот” сој на SARS-CoV-2 е присутен во осум градови, а најголем број случаи се откриени во Охрид (n=25), Прилеп (n=10) и Кавадарци (n=4).Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на COVID-19 од странство.

Македонија | пред 5 години

detska-pornografija-1

Истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а од Кривичниот законик.Во август 2019 година, осомничените на возраст од 24 и 27 години, присилиле малолетничка која имала наполнето 14 години на снимање слики и видео клипови со порнографска содржина. Тие ја повикале оштетената во напуштен локал во еден трговски центар, каде без нејзина согласност извршиле полови дејствија врз неа и тоа го снимиле. Видеото потоа го направиле достапно, така што преку социјална мрежа го испратиле на трети лица.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да влијаат врз оштетената/сведокот и можност да го повторат делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничните им определи притвор во траење од 30 дена.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања