Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

nesreka-prvi-momenti

Со Меморијален марш утре ќе биде одбележана двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци

Со Меморијален марш утре ќе биде одбележана двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.  Маршот ќе почне кај наплатната рампа во Гостивар во 16 и 30 часот, а ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде што ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.Општина Гостивар ги поканува граѓаните да бидат дел од овој настан, строго придржувајќи се кон мерките за заштита од Ковид-19.Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје – Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излета од автопатот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.Судската постапка е во тек. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Градоначалникот Марин во посета на Ниш

Градоначалникот Златко Марин заедно со делегација од Општина Аеродром од вчера се наоѓа во дводневна посета на Општина Палилула во Ниш. За време на средбата со претседателот на Општина Палилула, Братислав Вучковиќ, се разговараше за стратегиско партнерство меѓу двете општини. Тоа би се реализирало преку размена на искуства и знаења при имплементација на развојни проекти финансирани од домашни и меѓународни донатори, посебно во јасната определба за соработка со Европската Унија.Во оваа насока се размислува и се разговара за заеднички иницијативи, кои низ разни партнерства ќе ја унапредат и меѓуграничната општинска соработка зацртана со ИПА-програмата за меѓугранична соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македонија (CBC Serbia – N. Macedonia 2021 - 2027) под менторство на ЕУ.„Оваа иницијатива е своевидно одобрување и надоврзување на изразената декларација на Општина Аеродром да биде прва општина со европско знаменце и да претставува пример за другите општини во земјата, но и во регионот. Соработката со Општина Палилула ќе ни овозможи заеднички да работиме на проекти што ќе го подобрат стандардот за живеење на граѓаните на двете општини“, изјави Марин.Вчера за оваа цел беше иницирано потпишување меморандум за меѓуопштинска соработка, при што челниците на двете општини изразија убедување дека со заедничко дејствување ќе имаат поголеми шанси за добивање средства од европските фондови.„Самата граница овозможува прекугранична соработка во делот на ИПА-фондовите. Како општина веќе имаме два вакви проекта со други општини. На овој начин ќе ја зголемиме искористеноста на европските фондови и соработката на нашата со македонски општини. Секако, сето тоа ќе влијае и на подобри услови за живот на граѓаните во двете општини“, изјави Вучковиќ.Како дел од оваа иницијатива е предвидено да се формира координативно тело со претставници на бизнис-заедницата од двете општини предводени од првите луѓе на развојната агенција од Ниш и Јавното претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром.Освен вчерашните работни средби, македонската делегација, во која покрај градоначалникот Марин, ја сочинуваат и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, раководителот на Секторот за работи на градоначалникот, Александар Ѓорѓиевски, и в.д. директорот на ЈП за управување со развојни проекти на Општина Аеродром, Владимир Стевков, во текот на денешниот ден се очекува да одржат средба со градоначалничката на Ниш, Драгана Сотировска. Македонската делегација ќе положи венец во Логорот во градот и ќе го посети спомен-паркот „Бубањ“. Во рамките на културните активности, пак, тие ќе присуствуваат на промоција на книга во Нишкиот културен центар и ќе се сретнат и со претставници од Македонското здружение „Вардар“.Општина Палилула е една од петте градски општини во Ниш формирана на 6 јуни 2002 година, која се наоѓа во јужниот дел на градот Ниш и има над 72 илјади жители.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

pavle-trajanov

Трајанов: Апсурд е во лична карта да стои етничка припадност, во иднина некој може да побара во личната карта да се впише и религиската определба

Апсурд е во лична карта да стои етничка припадност, вели претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов.  Според него, предложените измени во предлог-измените на Законот за лична карта со кои се предвидува покрај другите податоци, име и презиме, датум и место на раѓање, единствен матичен број, државјанство и сл., да биде впишана и етничката припадност се против граѓанскиот концепт на државата, можат да предизвикаат дискриминација на граѓаните и да ги повредат нивните индивидуални и колективни права.„Така, на пример, при идентификација со лична карта во банка, суд, полиција или во друга државна или јавна институција се презентира и етничката припадност, Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак, народите наведени во Уставот на РСМ, но и други етникуми, што навидум е право на определба на граѓаните, но во суштина значи нагласување на етничката припадност, односно можност за поделба по етничка основа и различен третман, како и поларизација и дискриминација. Во иднина некој може да побара во личната карта да се впише и религиската определба, како и други карактеристики и обележја за секој поединец или колективитет, чие изложување може сериозно да ги наруши приватните и колективните права на граѓаните. Во предлог-законот нема компаративни податоци и анализи, нема образложение зошто се предлага ваква измена“, вели Трајанов.Според него, овој податок што ќе се внесува во личната карта ќе значи и можност за пребројување по етничка припадност и по тој основ ќе има можност за поделби, затворање во етнички гета, нарушување на еднаквоста пред законите и институциите, расправии, нетрпеливост, омраза, па дури и физички пресметки.извор: Макфакс 

Македонија | пред 5 години

taravari

Таравари: Во земјава веќе има колективен имунитет

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, по професија доктор во изјава за Сител рече дека во Македонија има колективен имунитет, а тоа значи дека повеќе од половина од населението веќе го поминало вирусот.-Се надевам дека ќе оди на подобро, сите ние посакуваме што порано да има вакцини иако сметам дека веќа има колективен имунитет во Македонија. Повеќе од половина жители на Македонија веќе го поминаа Ковид-19. Скоро една десетина се јавуваа и беа излечени државните институции. Другите го поминаа дома бидејќи имаат огромна недоверба во системот, рече Таравари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Владата во соработка со ОБСЕ изработи електронска база на податоци на релевантни меѓународни документи

Во насока на практично спроведување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот (2020-2022 година), Владата на Република Северна Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, изработи електронска база на податоци на релевантни меѓународни документи насочени кон унапредување на меѓу културниот дијалог и интеграција на општеството.Базата на податоци е сеопфатна, со вкрстени референци и вклучува релевантни меѓународни договори и конвенции, извештаи и препораки на клучни меѓународни организации, заложби на ОБСЕ и други меѓународни стандарди и практики. Базата на податоци ќе послужи како алатка за следење и проценка на спроведувањето на Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.Фокусот на базата е на главните извори од меѓународното право, кои се тематски, релевантни за Стратегијата и за Акцискиот план за спроведување на Националната стратегија. Во оваа дата база на податоци, главната структура на изворите е дадена по организациски кластери, и тоа: кластер „Организација на Обединетите нации“, кластер „Совет на Европа“, кластер „Организација за безбедност и кластер соработка во Европа“, „Европска унија“.Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, промовира основни вредности на различности, вклученост, почитување на човековите права, еднакви можности, особено за жените и мажите, владеење на правото, демократија и култура на мир и дијалог. Спроведувањето на Националната стратегија е предводено од Координативно тело, на чие чело е Националниот координатор на Владата за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски.Електронската база може да се најде на следниов линк: https://ednoopstestvo.vlada.mkфото: Архива 

Македонија | пред 5 години

igrice

Сопственик на објект за видео игри во Куманово ќе добие кривична пријава - работел по дозволеното време

Денеска во 00.16 часот во СВР Куманово било пријавено дека во објект за видео игри на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитувале здравстените прописи за време на епидемија. Полициските службеници извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време, а во објектот биле затекнати 15 лица и еден вработен.По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Logicno. 

Македонија | пред 5 години

vakcina-astra

Богојески: 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија се најдени и обезбедени, сега на потег е Владата

Петар Богојески, промоторот на „Македонски концепт“ денеска на својот ФБ профил објави дека обезбедени се вакцини за Македонија!Должност на секој од нас е да помогне на татковината кога и е најтешко!Мачнина ми паѓа кога гледам на каков срам и измачување, потсмев и омаловажување е изложен нашиот народ! Затоа се вложив себе си и своите пријатели од меѓународната заедница, да помогнеме и да обезбедиме вакцини за нашите граѓани.Вакцините се обезбедени!!! - напиша Богојески на својот ФБ профил и додава:Во моментов додека го пишувам овој статус, на располагање ни стојат до 5 милиони вакцини од Астра Зенека од Велика Британија, кои може да бидат испорачани во Македонија за еден ден, откако нашата Влада ќе направи нарачка!Моето е сторено!Вакцините се најдени и обезбедени!Сега на потег е Владата. Ќе и бидат ставени на располагање сите потребни информации... да ги донесеме вакцините и да започнеме со најмасовната вакцинација од сите земји во светот и да дојдеме на прво место!Сега не е време за плукање и обвинување, туку секој од нас да помогне колку може! Да си го спасиме народот од болеста! После можеме да се плукаме колку сакаме! фото: ФБ Петар Богојески

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

Беса Адеми нова претседателка на Врховен суд

Беса Адеми денеска во Судскиот совет со дванаесет гласа „за“ и еден „против“ e избрана за претседателка на Врховниот суд.Во трката за избор на прв човек на Врховниот суд беа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова.извор: alsat.mk 

Македонија | пред 5 години

dijabetes

Левица: Дијабетичарите во критична состојба – нема ленти за мерење на гликемија во крвта

Заради недомаќинското и неодговорно функционирање на министерство за здравство, повторно доведено е во прашање здравјето на пациентите кои имаат синдром на хронична хипергликемија, што настанува како резултат на недоволно ниво на инсулин во крвта. Ова дијабетичарите ги става во критична ситуација, при што се принудени да се снаоѓаат самите за да стигнат до лентите за мерење на шеќер во крвта и истите да ги плаќаат приватно, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото се додава:Причината за ваквата состојба е доцнењето на тендерот, а пациентите најверојатно до март ќе бидат препуштени сами на себе. Доколку редовно не се контролира гликемијата, кај овие пациенти може да настанат сериозни проблеми. Поради неспособноста на Министерството за здравство, навреме да ги реализираат тендерите, кои патем треба да ги добијат фирмите блиски до власта, страдаат пациентите чекајќи за терапија, која законски им следува бесплатно. Не е прв пат да доцнат испораките за инсулинска терапија, пумпи, апаратчиња, или како што е случај сега, ленти за мерење шеќер во крвта. Финансискиот товар на овие хронични категории на пациенти треба да го сноси државата, а сега товарот го сносуваат пациентите, кои најчесто се со минимални примања.Претставниците од министерството за здравство, пред да излезат на прес конференции, каде се расфрлаат со флоскули дека се грижат за здравјето на секој граѓанин, нека прошетаат низ ходниците од јавното здравство, за да ја увидат реалноста на терен. Поразителен е фактот што дури околу 70-80% од луѓето со дијабетес умираат од кардио-васкуларни болести.Дополнителен проблем имаат и дијабетичарите кои земаат фармаколошка терапија преку орални хипогликемици, па за да го контролираат шеќерот во крвта во време на пандемија, приморани се да одат кај матичните лекари за да вршат контрола.Според последните податоци бројот на заболени од дијабетес во Р. Македонија изнесува 120.000, а неговата преваленца од година во година значително расте наместо да се намалува, или пак да стагнира, што ни укажува на квалитетот на живот којшто еден просечен Македонец може да си го дозволи за себе и за своите блиски.Сето ова е само уште еден од многуте показатели дека пациентите во реалноста немаат пристап до бесплатни здравствени услуги а дека државата не ги информира дека ги следува бесплатно по закон инсулинска пумпа и ленти за мерење на гликоза.Време е да се стави крај на нееднаквиот пристап до јавно здравство, затоа што соодветни дијагностички процедури и пристапот кон правилно лекување, не смее да биде привилегија само на богатите и фамилиите на функционерите, туку пристапот до здравствените услуги треба да го има секој еден поединец од оваа држава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zatvor

Владата ќе плати вкупно 24.000 евра на семејствата на двajцa мажи Роми кои умреле во затвор под сомнителни околности

Владата ќе плати вкупно 24.000 евра на семејствата на двajцa мажи Роми кои умреа под сомнителни околности додека беа во затвор во 2017 година, соопшти Европскиот центар за правата на Ромите.Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) затвори два случаи по постигната спогодба меѓу членови на семејствата и Владата.Андриас Реџепов, 21-годишен Ром, умрел во КПУ Идризово, Скопје на 11 март 2017 година.Од ЕЦПР наведуваат дека било известено дека умрел од предозирање со метадон иако не бил зависник од дрога. Постојат докази дека, во часовите пред неговата смрт, Реџепов бил изложен на тортура. Неговите родители ќе добијат оштета од 6.000 евра поединечно.Јусинов Ердал беше 25-годишен маж кој умрел на 22 март 2017 година во затворот КПД Штип откако, во часовите пред неговата смрт, не му била обезбедена медицинска нега. Јусинов бил женет и татко на 3-годишно момче и 1-годишно девојче. И во овој случај постојат наводи дека бил малтретиран од страна на затворските чувари и лекари. Неговата сестра ќе добие оштета од 12.000 евра.Од ЕЦПР велат дека овие смртни случаи се дел од серија на четири сомнителни смртни случаи на затвореници Роми во период од 9 месеци во 2017 година, во неколку затворски установи ширум Северна Македонија. Во Северна Македонија, велат од таму, шемата на смртни случаи кои вклучуваат предозирање со дрога и наводи за малтретирање се одвива неколку години наназад за којашто ЕЦПР поведе судски постапки уште во 2010 година.„Цела Северна Македонија треба да го смета секој од овие трагични смртни случаи како срам за нивната земја. Ова е трет случај во последните години во којшто ЕЦПР ја тужеше Северна Македонија и обезбеди илјадници евра како компензација за семејствата на починатите – и ќе продолжи да ги истражува сите случаи на сомнителна смрт и да презема правни дејствија ако властите одбиваат да преземат одговорност за нивните пропусти. Од 2017 година, ваквите грешки ги коштаа македонските даночни обврзници повеќе од 33.000 евра во исплатени штети, а ЕЦПР има и други случаи кои чекаат разрешница. Ова треба да биде порака за одговорните дека институционалната дискриминација е скапа, а ние ќе се осигуриме таа скапо да ве чини“, изјави претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ.Иако пријателска спогодба значи дека нема да се донесе пресуда за осуда на надлежните власти во Северна Македонија, наведуваат од ЕЦПР, исплатата на оштета во ваков износ во одредена мера ја адресира сериозноста на човековите права што беа повредени и може да се смета како премолчено признание на вина од страна на Владата на Северна Македонија.Случајот на EЦПР во врска со сомнителната смрт на друг Ром, 39-годишниот Беким Демир, сè уште чека разрешница пред ЕСЧП.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска сончево и студено време со температура до 6 степени

Времето денеска сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Температурата ќе се движи од -2 до 6 степени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

retki12-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Неврофиброматоза тип 1

Neurofibromatosis type 1 (NF1) – Неврофиброматоза тип 1MKB Q85.0прeваленција (распространетост): 1-5/10.000Неврофиброматозата е генетско нарушување кое го спречува растот на клетките, предизвикувајќи многу меки структури со абнормално нервно ткиво (неврофиброми) да се појават на кожата и на другите делови на телото (мозок, ‘рбетниот мозок, нерви). Неврофиброматозата обично се дијагностицира во детството или во зрелото доба. Неурофиброматозата е предизвикана од генетско нарушување или мутација којашто родителот ја пренесува на своето дете или пак мутацијата се јавува спонтано.Неврофиброматоза тип 1:Неурофиброматоза тип 1 (НФ-1) е клинички хетерогено, неврокутано, генетско нарушување кое се карактеризира со светло кафени дамки на кожата, оптички глиоми, флеки на пазувите или препоните и повеќе неврофиброми. Инциденцата на болеста е  1: 3.000. Се јавува подеднакво кај мажите и кај жените.Причина:Генот за НФ-1 се наоѓа на 17-от хромозом. Нормално овој ген произведува протеин наречен неврофибромин, кој го има во изобилство во нервниот систем и помага во регулирање на растот на клетките. Мутирањето на генот НФ-1 предизвикува губење на неурофибромин, што им овозможува на клетките да растат неконтролирано.Клиничка слика:Неврофиброматозата тип 1 обично се јавува во детството. Знаците и симптомите вклучуваат:– светло кафени дамки на кожата – познати се и како дамки на бело кафе. Појавата на повеќе од шест такви дамки на телото е еден од првите знаци на неврофиброматоза. Таквите дамки обично се присутни од раѓање или се појавуваат во текот на првите години од животот;– пеги на пазувите или препоните – обично се јавуваат на возраст од 4 или 5 години;– неврофиброми – бенигни тумори кои можат да се најдат насекаде во телото. Многу луѓе имаат тумори на кожата или во поткожното ткиво, но неврофибромот може да расте и внатре во телото;– оптички глиоми – тумори на оптичките  нерви кои можат да влијаат на кој и да е дел, почнувајќи од мрежницата до визуелниот центар во мозокот. Обично се развиваат пред шестгодишна возраст и ретко напредуваат после тоа. Речиси сите пациенти имаат промени во изгледот на ирисот на окото во форма на Лишови јазли. Овие мали јазли се распоредени во групи и имаат кафеава боја;– деформитети на коските – абнормалностите во растот и густината на коските можат да предизвикаат деформитет, како што е сколиоза или проблеми со потколениците;– поголем обем на главата од просечната големина – децата со неврофиброматоза тип 1 имаат поголема глава од просекот поради зголемениот обем на мозокот, но сè уште не е познато дали тоа е поврзано со когнитивно оштетување;– низок раст – децата со НФ-1 често се пониски од просечната висина во популацијата.Останатите карактеристики вклучуваат хипертензија, васкулопатија, интракранијални тумори и повремени напади или хидроцефалус. Интелектуалниот развој обично не е сериозно засегнат, но когнитивните дефицити и тешкотиите во учењето се чести.Неврофибромите обично почнуваат да се појавуваат во детството, односно за време на пубертетот и тоа најчесто на кожата, мозокот, ‘рбетниот мозок и другите органи. Првите знаци на неврофиброма се пигментирани површини кои најчесто не се придружени со болка или чешање. Пигментните дамки може да се појават на кој било дел од телото. Повеќето неврофиброми се благи по природа, односно само 5 % од нив се подложни на малигна трансформација. Повеќето фиброми растат со текот на времето и можат да ја нарушат функцијата на некои внатрешни органи. Ова нарушување може да биде придружено со абнормалности на коскеното ткиво. Болеста е еднакво честа и кај мажи и кај жени.Неврофиброматозата кај децата е евидентна уште од раните денови на животот. Во адолесценцијата, можат да се забележат тумори со различни големини и форми.Плексиформните неврофиброми (растат по нервите и нивните гранки) можат да предизвикаат дисфункција, болка и функционални проблеми и обично се присутни при раѓање и подоцна можат да станат малигни.Дијагностика:За да се дијагностицира неврофиброматоза од тип 1, мора да се исполнат неколку критериуми (најмалку два за дијагностицирање):– 6 или повеќе дамки на кожата кои се со боја на бело кафе;– 2 неврофиброми од кој било вид или еден плексиформен неврофибром;– оптичен глиом (бениген тумор) што може да предизвика прогресивно губење на видот;– промени на ирисот на очите во вид на Лишови јазли;– позитивна семејна историја;– различни промени на коските.Бидејќи се работи за наследна болест, се препорачува генетско советување кога некое лице со НФ-1 планира потомство. Начинот на наследување е автозомно-доминантен. Еден од два случаи предизвикува  НФ-1 мутации. Можно е пренатално и предимплантациско генетско тестирање  на жени со ризични бремености.Третман:Неурофиброматозата не може да се излечи, но правилниот третман ги олеснува  симптомите и спречува понатамошни компликации. Соодветниот третман треба да се започне што е можно порано. Кај децата се препорачуваат годишни контроли за да може лекарот да направи испитувања на кожата на детето и да утврди дали има нови промени. Се проверува и притисокот, растот и развојот како и обемот на главата. Се вршат испитувања дали постојат и абнормалности на коските и се врши целосен преглед на очите.Кога детето ќе достигне зрелост, може да се прилагоди фреквенцијата на следење на болеста и контролите. Возрасните со благи симптоми нема да имаат потреба од чести контроли. НФ-1 бара мултидисциплинарен пристап со правилен мониторинг и третман (дерматолог, невролог, невролог, епилептолог и други специјалисти по потреба).Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Извор/фото:ОхридПрес

Магазин | пред 5 години

telo-1

(ВИДЕО) Смрзнат човек виси на врвот од Монт Еверест, а планинари само поминуваат покрај него

Монт Еверест станува се поопасно место и тоа се чини поради огромниот број дозволи за качување, кои властите ги издаваат на планинари. На You yube поставено е шокантно видео. Имено на видеото снимно на врвот се гледа како планинари поминуваат по тесен пролаз, а веднаш до нив виси тело од загинат планинар.Инаку како резултат на тектонски активности. По разорниот земјотрес во Непал во 2015 година, во кој животот го загубија речиси 9000 луѓе, имаше шпекулации дека висината на Еверест може да се променила поради силните потреси. Ново мерење на највисоката планина на светот и онака беше нужно, поради тоа што постоеја повеќе „официјални“ височини. Сега владите на Непал и Кина заеднички соопштија: Монт Еверест е висока 8848,86 метри, заокружено 8849 метри, или речиси еден метар повеќе од досегашната официјална височина. Височината е соопштена по извршените мерења од страна на непалска експедиција лани и мерењата на кинеска експедиција годинава.фото: The Sun 

Магазин | пред 5 години

mila-carovska

Царовска во изолација поради контакт лице заразено со Ковид-19

Министерката за образование и наука Мила Царовска поради контакт со позитивно лице е во изолација, информираат за МИА од Министерството за образование и наука.Поради тоа на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, што утре треба да се одржи, ќе учествува претставник од МОН.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

topalov

Член на мешовитата историска комисија ја спореди Македонија со Северна Кореја

Бугарскиот професор Кирил Топалов, член на мешовитата историска комисија ја спореди Македонија со Северна Кореја, објави faktor.mk. Тој вели дека „Република Северна Македонија е Северна Кореја на Балканот“ заради нејзината „жестока цензура“ и „жестокиот тоталитаризам“.Текстот во целост на: faktor.mk. фото:  bgnes 

Македонија | пред 5 години

fajzer

Ексклузивно за ТВ 24 - Одговор на „ФАЈЗЕР“

На прашањето на ТВ 24 дали земји кои набавиле вакцини смеат да донираат или пак да препродаваат вакцини на други земји и кои се условите, како што е случајот со Србија и Македонија, од „Фајзер“ одговораат им одговориле:- „Фајзер“ со задоволство прифаќа да се разговара за КОВИД вакцината којашто одредени земји би сакале да ја донираат на други земји каде што вакцината веќе има добиено регулаторна дозвола или авторизација. Важно е вакцините да останат во рамките на утврдениот синџир на снабдување за да можеме да обезбедиме дозите да стигнат до предвидените популации во добра состојба и да се администрираат онаму каде што е соодветна поддршката за давателите на здравствени услуги и каде будноста во фармакологијата е во функција, се вели во одговорот на „Фајзер“.Текстот во целост на:  ТВ 24фото: glasamerike.net 

Македонија | пред 5 години

deve-bair

30 фалсификувани ПЦР-теста пронајдени во автобус на граничниот премин Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир, денеска, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР-теста на Ковид-19 за кои постои основано сомнение дека не се валидни, односно дека не се извадени од овластена медицинска установа.Тестовите биле приложени од патниците и по направени дополнителни проверки, биле одземени, соопшти МВР.Приведени се двајца албански државјани, кои биле изведени пред судија на претходна постапка. За преостанатите 28 патници – македонски државјани – ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство.фото: Wikimapia 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Работник починал при извршување работни задачи во Музејот на град Скопје

Педесет и осумгодишен работник вчера починал при извршување работни задачи во Музејот на град Скопје, соопшти МВР.Ѕ. Ј. од Скопје бил вработен во приватна фирма. Лекар од итната медицинска помош на самото место констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

15122020_PVRSM_Zaev_MZ_Filipche_Praznuvaj_Odgovorno-4

Заев: Нема да има предвремени парламентарни избори, но доколку сега се одржат СДСМ ќе има 50 а ВМРО ДПМНЕ 40 пратеници

Премиерот Зоран Заев денеска беше дециден дека нема да има предвремени парламентарни избори, но исто така потенцираше дека доколку сега има избори СДСМ и коалицијата би имале 50 пратеници, објави ФОКУС.-Избори треба да има, редовни. Ако има избори сега ние наместо 46 ќе имаме 50 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40 пратеници и веројатно ќе ми е полесно како претседател на Владата, но ќе изгуби државата најмалку шест месеци, рече Заев.Според него, избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ.– На 21 март ќе се бира претседател, крајот на април конгрес ќе има. Веројатно тоа ќе се случи и во ВМРО –ДПМНЕ. Треба да се демократизираат и менуваат политичките партии затоа што само така ќе се модернизира државата, вели Заев.Во однос за тврдењата за ново мнозинство во Собранието, тој кажа дека дали некој ќе оди со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зависи од тоа во чии заложби верува.Текстот во целост на:  ФОКУС. 

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Мал број на луѓе чиј стопан е Заев, со цел да се спасат од кривичен прогон се кријат зад таканаречена иницијатива за вонреден Конгрес

Таканаречената иницијатива на мал број луѓе заробеници и слуги на Зоран Заев кои што се обидуваат да манипулираат практично со дел од делагатите кој што беа присутни и на конгресот во Куманово, а потоа и во Валандово, кажа Мицкоски при одговор на новинарско прашање во однос на иницијативата за вонреден Конгрес.Мицкоски кажа дека истите се со единствена цел практично да добијат милост од нивниот стопан Зоран Заев за да може да се спасат од определен политички и кривичен прогон кој што се случува.Мицкоски рече дека Централниот Комитет на вчерашната седница закажа Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за крајот на месец ноември партијата, тој е редовен конгрес кој што се одржува секои 4 години и на тој конгрес ќе се разговара за идните чекори кои што идното раководство на партијата ќе ги преземе кое што ќе биде избрано на тој конгрес.Мицкоски ја искористи приликата и да се заблагодари на сите членови на партијата, поранешни функционери, активисти кои што ги препознаваат овие криминални обиди на дел од поранешното раководство на партијата и со гадење истите ги отфрлаат и продолжуваат заедно со раководството на партијата легитимно да се борат се до остварување на крајната цел.Крајната цел е ослободување на македонскиот народ, на македонските граѓани, на Македонија од овој хибриден режим кој што го предводи владата на Зоран Заев и СДСМ. Јас сум го одел мојот пат, мојот пат е да служам на Македонија, на македонскиот народ и на организацијата, а тие од одбрале нивниот пат да му слугуваат на Зоран Заев. Режимот ќе падне, а со него ќе падне и Зоран Заев, а потоа следи одговорност за сите оние криминалци кои што се обидуваат да и наштетат на Македонија, рече Мицкоски.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар: Нема да дозволиме приватно средно училиште во ООУ „Киро Глигоров“

Општина Центар ги демантира информациите во јавноста, дека наводно во ООУ „Киро Глигоров“ ќе отпочне со работа приватнa гимназија. Општината ја информира јавноста дека такво нешто нема да дозволи.„Ставот на Општина Центар во однос на приватната гимназија во ООУ „Киро Глигоров“ е дека не треба да има мешање на децата. Овде изградивме ново, модерно, современо основно училиште, кое треба да биде пример, а не пречка во образовниот процес. Приватно средно образование во основно училиште нема да дозволиме“, вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Законските норми го наложуваат следното: За тоа дали во ООУ „Киро Глигоров“ ќе има или ќе нема приватно средно училиште не одлучува ниту Советот, ниту општината како тело, туку само училишниот одбор. Во училишниот одбор членуваат наставници од училиштето, советници од Советот и претставници на родителите на децата кои посетуваат настава во училиштето.ООУ „Киро Глигоров“ е првото основно училиште изградено во Општина Центар по повеќе од 50 години и прво воопшто во населбата Капиштец. Училиштето, кое се простира на 16.100 метри квадратни, е изведено по сите современи образовни стандарди за квалитет. Во состав на училиштето има 21 училница со изведена акустика на простор, 7 специјализирани кабинети за предметна настава, спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал.Во рамките на училиштето сместен е и Дневен центар за деца со церебрална парализа. Со оваа содржина ООУ „Киро Глигоров“ е и првото инклузивно училиште изведено согласно стандардите и потребите за лица со попреченост.Oва училиште го реши повеќе деценискиот проблем на жителите од Капиштец, кои повеќе не ги носат своите деца во училишта во другите населби, затоа што имаат современо и модерно училиште во својата населба.Фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

Boki-13-1

(ВИДЕО) Боки 13 за кандидатурата за претседател на СДСМ

Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март.Joвановски пред денешното судење за Меѓународен сојуз за ИНФОМАКС  потврди дека ќе се кандидира за претседател истакнувајќи дека повеќе детали јавноста ќе добие во форма на соопштение.Текстот во целост и видео изјавата од Боки 13 на: ИНФОМАКС  

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев за Шилегов: Несреќо скопска, па шо не кажуваш во јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин

Јавното препукување помеѓу скопскиот градоначалник Петре Шилегов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, не само што не стивнува, туку се разгорува.Двајцата веќе неколку дена се расправаат за паркирањето и за Пајак-службата на Град Скопје, откако пред некој ден било подигнато возилото на Апасиев.Пратеникот преку својот ФБ профил упати и неколку навреди на скопскиот градоначалник, нарекувајќи го „несреќа скопска“ и „пијандура непрокопсана“.„Несреќо скопска. Па шо не кажуваш во јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин – нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место во зграда, на скопјани си им наплаќал 5 отсто ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18 отсто, без притоа да има никакви законски измени во меѓувреме!? Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој чини 2.000 евра, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок. Дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?“, напиша Апасиев на Фејсбук.РЕДАКЦИЈАТА НА СКОПЈЕ 1 СЕ ОГРАДУВА ОД НАВРЕДИТЕ КОИ ПРАТЕНИКОТ ДИМИТАР АПАСИЕВ ГИ УПАТУВА КОН ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ.  фото: ФБ Димитар Апасиев

Македонија | пред 5 години

vozacka-1

Поднесено обвинение за злоупотреби при издавањето возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 36 лица, од кои петмина се товарат за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите 31 за поттикнување при извршувањето на тоа кривично дело, согласно член 353 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.Петтемина обвинети, вработени во Одделението за управни работи Скопје, Сектор за управно надзорни работи, Оддел за граѓански работи при МВР во повеќе наврати ја искористиле својата службена положба и овластување.Имено, во периодот од 26.11.2019 до 19.05.2020 година, поттикнати од останатите обвинети, тие пополнувале барања за издавање возачка дозвола во кои внесувале невистинити податоци, ги пуштале во процедура, вршеле одобрување и издавале возачки дозволи. На овој начин тие им овозможиле на подносителите да се стекнат со возачки дозволи од Б категорија, иако не ги исполнувале условите за тоа, односно немале положено возачки испит.За првоосомничениот, за кого во текот на претходната постапка беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на притворот.Со претходната постапка во овој предмет беа опфатени уште три лица вработени во Одделението за управни работи при МВР, но со направените проверки не се утврди дека тие презеле незаконити дејствија. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против овие три лица.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Емотивна објава: Почина мајка ми, ја заразија доктори и сестри кои во пандемија правеа мекици и направија кластер на Нефрологија

Денеска ја погребавме мајка ми, почина од Ковид. Цела година ја пазевме бидејки е во најризицната група (20 години оди на дијализа бидејки нема бубрези, пред 4 години преживеа рак, а пред 2 години имасе тешка операција на срце), внуците цела година си ги гледшсе на вибер. Знаевме дека допир со вирусов за неа е смртна пресуда. На крај ја заразија таму каде што одесе секој втор ден за да преживее, на дијализа. И немашсе да пишувам статус да не ја заразеа сестри и доктори кои во време на пандемија решија да прават мекици во Баба Цана и да направат кластер на Нефрологија. Мене мајка ми нема никој да ми ја врати ама сакав само да дадам ете еден мал придонес во истрагата. Пред да се зарази мајка ми читав дека ќе истражувале како се направил кластер, сега веќе не сум во тек што се случува и до каде е “истрагата”. Знам дека никој нема да сноси последици како што никој за ништо не одговара во оваа држава, но морав да го написам ова и да излезе од мене и конечно да и кажам на мајка ми да пожива во мир, сигурно е сега на поубаво место каде сто веќе не ја боли ништо, стои во емотивна објава на ФБ.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања