Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

policija-2-1

138 санкционирани возачи за непрописно престигнување на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што санкционирани се 138 прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Во контролата констатирани и законски санкционирани се и 262 останатите прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.видео: МВР

Македонија | пред 5 години

francija-korona

Денеска 357 нови случаи на Ковид 19 и оздравени 122 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга –по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.Регистрирани се 122 оздравени пациенти од:Скопје – 45, Кавадарци – 16, Гостивар и Дебар – по 8, Велес – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Куманово и Берово – по 4, Тетово, Кочани и Кичево – по 3, Неготино, Битола, Ресен, Струмица и Виница – по 2, Штип, Крушево и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Струга (71г и 67г) и по еден смртен случај е пријавен од Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 3.121 тест преку: ИЈЗ-435, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-336, Биотек-264, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина-251, лабораторија Лаор–348, МАНУ-116, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-183, Ремедика-26, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 858, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-7, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 485.147 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 42311, активни 2967Куманово 5357, активни 246Тетово 5259, активни 221Прилеп 4815, активни 295Гостивар 3701, активни 127Штип 3564, активни 81Битола 3316, активни 137Велес 3282, активни 245Охрид 3031, активни 388Кавадарци 2932, активни 417Струмица 2614, активни 148Струга 2313, активни 167Кочани 1771, активни 53Кичево 1747, активни 74Свети Николе 1098, активни 26Гевгелија 1072, активни 101Неготино 1039, активни 86Дебар 777, активни 45Ресен 776, активни 66Крива Паланка 758, активни 43Радовиш 739, активни 48Делчево 698, активни 211Берово 623, активни 36Пробиштип 521, активни 20Виница 503, активни 24Валандово 337, активни 14Демир Хисар 256, активни 11Македонски Брод 250, активни 11Кратово 252, активни 28Богданци 233, активни 11Крушево 233, активни 42Демир Капија 227, активни 42Македонска Каменица 192, активни 4Пехчево 183, активни 4Дојран 92, активни 11фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sredba-so-stopanski-komori-5-ti-paket-22

Битиќи, Бектеши и Бесими на средба со стопанските комори – Петтиот пакет мерки усогласен со коморите

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши изврши презентација на финалниот предлог на Петтиот пакет економски мерки за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, пред претставници на коморите, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог и билатералните комори во земјата.Вицепремиерот Битиќи во вовeдното излагање при презентација на мерките потенцираше дека во овој предлог се вклучени сите релевантни сугестии од страна на бизнис секторот, синдикалните организации и другите чинители во општеството, а главна цел на мерките е да одговарат на предизвиците со кои се соочува стопанството, како и да се обезбеди едноставна примена на мерките.„Петтиот пакет содржи 30 мерки, а може да се поделат во четири толба: финансиска поддршка за исплата на плати и задржување на работните места, финансиска поддрша за ликвидноста на компаниите и граѓаните, мерки за поповолно деловно опкружување и директна помош за граѓаните. Се обидовме максимално да одговориме на барањата на стопанството и граѓаните и да ги креираме мерките да бидат лесно применливи“, нагласи Вицепремиерот.Битиќи соопшти дека директната финансиска помош за исплата на плати ќе продолжи со Петтиот пакет на мерки, а за оваа цел се креирани два модалитети, пришто самите компании ќе одлучат кој модалитет сакаат да го искористат. Со вториот модалитет кој предвидува бескаматни кредити, а со кој се таргетираат компаниите од најпогодените сектори, средствата освен за исплата на плати, ќе може да се користат и за други потреби на компаниите.Претставниците на стопанските комори изразија задоволство од Петтиот пакет мерки, како и голема благодарност што се вклучени во креирањето на мерките и што нивните предлози се слушнати и вклучени во предлогот мерки.Заедничкиот заклучок од средбата е дека како никогаш досега разговорите помеѓу Владата и стопанството се отворени и конструктивни.Во Петтиот пакет покрај финансиската поддршка за исплата на плати се планирани и низа на други мерки, за компаниите од туристичката дејност, транспортот на патници, индустријата за организација на настани, медиумите, занаетчиите, извозните компании, даночни и царински олеснувања, како и други мерки за одредени групи на граѓани, кои се директно поврзани со ефектите на ковид кризата.фото:ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Чаракчиев: Инвестираме во гасификација и обновливи извори на енергија, за почист воздух и здрава животна средина

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во последните години, интензивно инвестира во гасификација на земјата, се планираат и се градат фотоволтаични ,фотонапонски централи како на приватно така и на државно земјиште со крајна цел, во наредните 5 години да се влезе во инвестициски циклус кој ќе обезбеди земјата да биде позелена односно грижа и намалување на загадувањето, намалување на емисија на стакленички гасови но и порационална и поголема ефикасност во енергетскиот сектор, истакна Коле Чаракчиев, член на Комисија за енергетика на СДСМ и пратеник.Чаракчиев додаде:Нашите планови се до 2026 година да биде заменет првиот блок од најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола кој работи на јаглен, со фото напонска електрана.До 2024 РЕК Битола да се исклучи првиот блок кој работи на јаглен за да се замени со когенеративна гасна електрана со моќност од 250 MW за производство на електрична енергија и за топлификација на Битола.Исто така, предвидено едо 2023 другите 2 блока да се модернизираат со темелна реконструкција на електростатските филтри, а до 2026 година со целосна десулфуризација и декарбонизација со што ќе се продолжи векот на траење, но и ќе се подобри еколошката прифатливост и ќе се задоволат европските и светски стандарди.Долгорочна цел е да ја направиме државата заедно со европските земји кои од доминантно застапените фосилни енергенси се пренасочуваат кон прозводни енергетски капацитети кои ќе го користат: сонцето, ветерот, водата, биогоривото и секако природниот гас за производство на енергија електрична, топлинска и сл.Во фаза на изградба се 3 фотонапонски електрани а ке следат повици за изградба на фотоцентрали на на приватно и државно земјиште.Се шири и производството на електрична енергија од ветер. Така се зголемува енергетскиот капацитет на ветерниот парк Богданци и нов проект на ветерен парк во Миравци.Истовремено, вредно е да се напомене и дека во Скопје, Општина Гази Баба ке се реализира важен проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа со што ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од Скопје.Ке следат и други инвестиции во енергетиката, зголемено производство на енергија од обновливи извори на енергија кој се еден од приоритетите на СДСМ и Владата што ја предводи.Продолжуваме да вложуваме во се е важно за граѓаните, за стопанството и за државата!фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Зимската служба на Општина Центар со 7 возила ги расчистува улиците од снегот

Општина Центар подготвена ги дочека денешните снежни врнежи, зимската служба е веќе на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината.Со вкупно 7 возила - 2 со плуг и соларка, 4 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар спремно ги дочека првите врнежи на снег.Се расчистува снегот на повеќе локации на најпрометните улици во општината, се фрла сол и се расчистува уличната мрежа и критичните сообраќајни точки околу подножјето на планината Водно.Општината е во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и останува во координација со градските служби за брзо и ефикасно делување во случај на евентуално зголемување на интензитетот на снежните врнежи.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

Mickoski-1

Мицкоски за 27 април: Ќе има ревизија на тој и сите политички диктирани пресуди по падот на Заев

Денес по посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на компанијата „Еко циркон“, одговарајќи на новинарско прашање за случајот 27-ми април истакна дека за сите политички и диктирани пресуди по падот на Заев ќе има ревизија.„Имаме заробено обвинителство каде што се диктираат обвиненија не само за 27-ми април туку зборуваме и за поширок опфат кои што служат за политички прогон. Имаме судство кое што функционира под диктат, односно како владетелот, а тоа е во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат и такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го изанализираме тогапш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим и не треба да не чуди што сме најкриминалната и најкорумпираната држава на Балканот според меѓународната реномирана „Транспаренси Интернешнл“. Тоа само по себе не води кон еден општ заклучок кој што би бил во следнава форма, следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија која што ќе ја прават колеги обвинители, судии, но кои што биле чесни изминатиов период и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт“, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека сите оние судии кои што прифатиле диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно согласно Законите и Уставот санкционирани. Така што неминовна ќе биде ревизија на сите овие нарачани под политички диктат донесени судски пресуди веднаш после промената на власт. Вклучително и за случајот 27-ми април, но и вклучително и за многу други политички случаи.„Ќе потсетам, и ќе ја потсетам македонската јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија чиј што имот поради случај кој што се води, а кој што е отпочнат надвор од законски дефинираниот рок согласно СЈО, кое што сите знаеме како заврши, има блокиран имот. И како таков не може да го располага и нормално да функционира. И како таков е единствен во Европа и можеби единствен во светот, поради еден судски, политички монтиран случај кој што е покренат веднаш после 18 месеци, после рокот кој што согласно Законот за СЈО, кој што во тоа време беше функционален заврши практично, 18 месеци после тој рок. Така што не е само случајот 27-ми април, тој е еден од случаевите со огромен политички прогон, тука се и случаевите кои што во моментов се водат во судските лавиринти и меѓу кои е и случајот за против партијата чиј што имот е би рекол на неправеден, незаконски, неуставен начин замрзнат“, истакна Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nesreka-prvi-momenti

Две години од автобуската несреќа кај Ласкарци, потресни сведоштва како на патниците, така и на спасувачите

Две години од автобуската несреќа кај Ласкарци. Две години полни со лоши сеќавања, страшни сцени, повици за помош што останале во главите на оние кои беа во автобусот.Во долгата листа на херои што несебично се жртвуваа за да спасат животи се лекарите, полицајците, жителите на Ласкарци, случајни минувачи, пожарникарите...Командантот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, беше во првите редови за помош на повредените патници. Стоеше рамо до рамо со командантот на чета, Владимир Кочовски, и пожарникарот Мартин Божиновски.Редакцијата на МКД.мк пред две години неколку дена по кобната несреќа го објави потресното сведоштво на храбриот пожарникар Божиновски, кој прв заедно со Кочовски влезе во превртениот автобус. Тие двајца беа единствените чии очи го видоа хаосот во превртеното возило тешко 15 тони.Бремената патничка остана во сеќавање на спасувачите како личност што носи храбро срце, смирен карактер и која иако во себе носела друг живот, останала стабилна и не испуштила ниту еден вознемирувачки глас.Неа прва ја спомнуваме во разговорот со Симоновски, кој е пожарникар 22 години, но никогаш претходно не видел настан како Ласкарци. За тогаш повредената трудница, вели дека е храбрата патничка што ја преживеа несреќата и денес е мајка на бебенце.Текстот во целост на: МКД.мк

Македонија | пред 5 години

kire-lazarov

Кире Лазаров е новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија

Ракометната федерација на Македонија преку статус на Фејсбук објави дека Кире Лазаров е новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана online Претседателот на Ракомететната Федерација на Македонија г-динот Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната Седница на Управниот Одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот Одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на г-динот Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати г-динот Кирил Лазаров, кој се заблагодари на доверената подршка од страна на РФМ и ги информираше претставниците на медиумите дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците, членовите на новиот стручен штаб. 

Македонија | пред 5 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Десковска за „Слободен печат“: Маричиќ не смее да го забрани името Македонија!

Ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор нема забрана за приватни ентитети кои не се финансираат од државата за нивни активности во странство, да го имаат името Македонија во својот назив, вели за „Слободен печат“ поранешната министерка за правда Рената Тренеска- Десковска.Тренеска -Десковска вели дека додека била министерка за правда одобрила десетици барања за користење на името „Македонија“, „Македонци“, „македонски“, за институции што не се финансирани од буџетот.Текстот во целост на: „Слободен печат“

Македонија | пред 5 години

2-6

Општина Центар ќе обезбеди 2 милиони денари за ЈП „Лајка“

Општина Центар ќе обезбеди 2.000.000,00 денари од Буџетот за 2021 година, кои ќе бидат наменети за потребите на новоотворениот објект ЈП „Лајка“, за згрижување и благосостојба на животните скитници во Скопје.Советот на Општина Центар усвои одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за заловување кучиња на подрачјето на Скопје.Остварувањето на меѓуопштинска соработка ќе претставува реализација на заеднички цели, интереси и надлежности помеѓу Општина Центар и Град Скопје, кои ќе се однесуваат на заловување и собирање бездомни кучиња, односно, нерегистрирани кучиња кои ќе бидат затекнати на јавни површи на подрачјето на Град Скопје.„Со градот Скопје имаме одлична соработка и заеднички имаме реализирано многубројни проекти кои се во интерес за нашите граѓани и подобрување на нивниот начин на живот во Центар. Токму заради тоа, јас како градоначалник и советниците на Општина Центар сметаме дека ние како локална самоуправа треба да дадеме поддршка на градот за новоотворениот стационар „Лајка“ и преку заеднички заложби да се стремиме кон намалување и контрола на популацијата на бездомни кучиња на јавните површини, нивно згрижување и секако безбедност за нашите граѓани“ - изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Пред неколку години на територијата на Општина Центар, Кралската организација за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA) и регионалниот центар за благосостојба на животните со седиште во Загреб (RAWC) спроведе обука за обучувачи за воспоставување систем за контрола на популација на кучиња и понатамошно нивно згрижување. Приоритет и главна заложба е безбедноста на граѓаните, но и безбедноста и благосостојбата на бездомните кучиња кои се одомаќиниле на територија на општината.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Комплетно реновирани заедничките простории на Клиниките во објектот на интерни клиники во кампусот Клинички центар

Завршено е реновирањето на заедничките простории на Клиниките во објектот на интерни клиники во кампусот Клинички центар, кои се во функција на Клиниките за гастроентерохепатологија, нефрологија, за очни болести, за уво, нос и грло, ендокринологија, дерматологија и Клиниката за пулмологија.Објектот на интерните клиники кој се состои од подрум, приземје и три ката и има вкупна корисна површина од 24.500м2, од изградбата па се до денес нема извршени значителни санации и реконструкции. Во интернистичкиот блок кој е во функција од 1953 година за првпат е реновиран. Објектот беше со дотраени заеднички простории, санитарни јазли, чекални, стара, оштетена и непропорционално димензионирана внатрешна и надворешна столарија, дотраена обработка на ѕидовите и подовите.Првпат после 70 години подовите и ѕидовите во ходниците се комплетно обновени со нови плочки, останатиот дел од ѕидовите се свежо бојадисани и обработени со ѕидна техника. Обновени се скалишните јадра, ходниците и чекалните. Вкупна вредност на договорот за обнова на заедничкиот дел на Kлиниките за интерни болести е 30.281.044,00 денари.На Клиниката за ендокринологија целосно е реновиран одделот за интензивна нега, дел од болничкото одделение и собата за изолација. Реновиран е третиот кат на Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за очни болести. На Клиниката за нефрологија целосно се реновирани одделите за интензивна нега, трансплантација, дијализа и васкуларни пристапи, и останатите Клиники во склоп на објектот ги реновираат своите простории и на овој начин пациентите добиваат достоен и модерен пристап до здравствена заштита, а вработените достоинствени услови за работа.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

nikoloski-2

Николоски: Неколку поранешни лица од ВМРО-ДПМНЕ соработуваат со Заев и прават дефокус од вистинските проблеми како вакцините

Во вечерашното издание на дебатната емисија "360" на Телевизија Алсат гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски кој се осврна на моменталните политички случувања, како и на барањето од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28-ми март.Неколку поранешни лица од ВМРО-ДПМНЕ соработуваат со Заев и преку Центарот за комуникации на СДСМ прават дефокус од вистинските теми, вели Николоски.Николоски вели дека најважно прашање е дали во земјата ќе стигнат вакцини до 28-ми март, а не дали ќе се одржи некаков конгрес. На јавноста и е јасно дека неколку поранешни соработници од ВМРО-ДПМНЕ, сега веќе блиски на власта, работат заедно со Центарот за комуникации на СДСМ и прават дефокус на јавноста од реалните проблеми кои ги имаат граѓаните.Во однос на локалните избори и можните листи од страна на иницијативниот одбор, Николоски потенцираше дека Република Македонија е демократска држава и како таква треба да пружи шанса на секој кој мисли дека заслужува доверба од граѓаните или на секој кој смета дека може да освои гласови.ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија која што и во минатото и сега дава шанса на секој кој сака да помогне во борбата за подобра и поуспешна Македонија. Така и овој пат, секој кој смета дека може да се вклучи во битката за пад на оваа ненародна власт е добредојден, а секој кој смета дека треба да е на спротивната страна, тоа е нивно легитимно право, истакна Николоски.ВМРО-ДПМНЕ на последниот Централен комитет донесе одлука за одржување на конгрес на партијата на крајот на месец ноември 2021 година. Тоа значи дека сите други информации во однос на вонреден конгрес се на шпекулативно ниво и не можат да се земат како сериозни изјави, заврши Николоски.фото: prtsc Телевизија Алсат

Македонија | пред 5 години

zatvor

Ангелов:Таа "една година" шо му ја намаливте на татко ми, не му треба милост од комуњари

Таа "една година" шо му ја намаливте на татко ми ,вака ви порача :Не му треба милост од комуњари,да си ја ставите во газот и да видите дали ви пасува, напиша на својот ФБ профил синот на Ангелов.

Македонија | пред 5 години

policija-2

320 санкционирани возачи во Скопје, 20 за возење под дејство на алкохол, 67 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 320 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26 санкции, 20 за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се осум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 67 за непочитување на брзина на движење и 75 мерки за непрописно паркирање.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

Врмето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег

Врмето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег. Од УХМР јавуваат дека снежните врнежи ќе бидат пообилни попладне и во ноќните часови особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и до утре наутро таа понекаде во пониските места во југозападните делови ќе изнесува над 20 сантиметри снег.На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ljube-boskovski-2

Милионска отштета од државата за Љубе Бошкоски и обвинети во „Ровер“

По десетина граѓани годишно, по грешка на правосудниот систем, невини завршуваат зад решетки, и тоа во притвор каде што условите се најлоши. Откако ќе ја докажат невиноста, почнуваат нова правна битка за надомест на траумите што ги преживеале, објави ФОКУС. Пред ваква битка сега е исправен Љубе Бошкоски и уште петмина обвинети во случајот „Ровер“. Апелација неодамна им ја зацементира ослободителната пресуда, а сега државата, со народни пари, ќе им ги пере грешките на обвинителот и на судијата, пишува ФОКУС. Текстот во целост на: ФОКУС. 

Македонија | пред 5 години

policija-2-1

СВР Тетово одзеде возило „порше” поради 15 месеци истечена регистрација

Нерегистрирано Порше денеска е одземено од страна на полицијата во Тетово. Станува збор за Порше во сопственост на 31 годишен жител на Џепчиште.– Сопственик на возилото е 31-годишен жител на Џепчиште и не било регистрирано 15 месеци. Возилото е одземено денеска околу 15 часот на автопатот Тетово-Скопје од страна на полицајците од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои вршеле контрола на делницата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Turizam

Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот во Охрид

Интензивно работиме на посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на туризмот во Охрид.  Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот која ќе даде нови насоки за напредок во оваа сфера за периодот од 2020 до 2025 година.Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и истата се заснова на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Rebecca-Landrith

Манекенка пронајдена мртва покрај патот, со 18 прострелни рани

Манекенката Ребека Ландрит е пронајдена мртва покрај пат во американската сојузна држава Пенсилванија. Во џебот имала хартија со име на мажот Трејси Ролинс, кој наскоро бил уапсен и обвинет за тешко убиство и злоупотреба на труп, пренесува „Мирор“.Истражителите во извештајот навеле дека поранешната манекенка била застрелана 18 пати, а раните биле видливи на вратот, главата, грлото, рацете и градите. Полицијата верува дека била убиена неколку часа пред да биде пронајдена.Кога ја пронашле, таа немала никакви документи со себе, но отпечатоци од прсти биле доволни на истражителите да утврдат која е таа.фото:  Heavy.com 

Магазин | пред 5 години

12022021_PVRSM_Tribina_Tetovo_1

Заев: Повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата

Премиерот Зоран Заев денес во Тетово беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.Темата на дебатата беше реформата во образованието со посебен аспект на стручното образование под слоганот: „Учи паметно, работи стручно“.„Владата на Република Северна Македонија како дел од своите приоритетни агенди во својата програма го стави и социјалниот дијалог преку кој ќе ги идентификуваме потребите на пазарот на труд и ќе направиме модификации во образовниот систем. Ова го правиме за да ја намалиме хиперпродукцијата на непродуктивни кадри, и за да го стимулираме образованието, насочувањето и градењето на високостручни кадри. Кадри кои веднаш се подготвени да одговорат на современите потреби на новата македонска економија. Овој социјален дијалог помеѓу сите страни кои директно и индиректно се вклучени во овој процес е круцијален за да може да носиме одлуки базирани на факти, а не на претпоставки", истакна премиерот Заев на дебатата.Заменик-министерот за образование, Арафат Шабани во своето излагање истакна дека Министерството за образование и наука е во процес на усогласување на наставните програми кои се работат како одговор на потребите на бизнисот секторот.„Низ настава комбинирана со пракса да одговориме на долгогодишните барања на реалниот сектор за потребата од одредени профили, но и да ја зголемиме вработливоста на младите на локално ниво. Во учебната година 2021/2022 се очекува дека приближно 10.000 ученици ќе имаат побарувања за реализација на учење преку работа во компаниите, а од 2022/2023 таа бројка на ученици ќе биде приближно 20.000 ученици. Целта на новиот концепт учење преку работа во Република Северна Македонија e да се обезбеди училиштата, работодавачите и институциите да започнат со воедначен пристап во имплементацијата на учењето преку работа, посебно за училиштата во кои се пилотираат трите квалификации, но и да помогне во реализацијата на феријалната практика“, нагласи заменик министерот за образование Арафат Шабани.На дебатата во која учествуваа и швајцарската амбасадорка Сибил Сутер, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, и претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, како и гости од средните стручни училишта и бизнис заедницата се разговараше и околу досегашната успешна соработка со бизнис секторот во која се издвои информацијата дека повеќе од 450 компании до сега се подготвени да обезбедат веднаш пракса за средношколците од стручните училишта во државата.Преку отворен дијалог и реформа која се спроведува низ отворена и инклузивна дебата ќе биде овозможено обезбедување на квалитетни кадри кои брзо и едноставно ќе се вклучат на пазарот на работна сила и активно ќе учествуваат во градењето на современата македонска економија.Серијалот дебати е помогнат од страна на Швајцарската амбасада која издвојува финансиски средства за овие програми и реформи и е активен чинител со своите искуства.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

12-1

Општина Охрид денеска додели 52 таблет компјутери на ОУ „Братство Единство“ наменети за учениците од социјално-ранливи семејства

Општина Охрид денеска додели 52 таблет компјутери на ОУ „Братство Единство“ наменети за учениците од социјално-ранливи семејства, кои немаат соодветни услови за он-лајн настава.Комјутерската опрема е обезбедена преку донација од позната национална компанија и е во насока на подобрување на наставниот процес и има за цел да придонесе за развој и унапредување на образованието, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото:ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

20170524092354

Апелација им ги намали казните на осудените од 27 април

Апелациониот суд донесе пресуда по жалбите на осудените за настаните од 27 април, односно упадот во Собранието.Првостепената пресуда во делот каде е ослободен од обвинение обвинетиот Игор Дурловски за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, обжалена од Основното јавно обвинителство за гонење оранизиран криминал и корупција Скопје, ја потврди.Судот донесе одлука да им ги намали казните на обвинитетите, па така екс директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години затвор, казната му е преиначена за две години помалку, односно изречени му се 16 години затвор. На полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, кои добија по 15 години затвор, казните им се намалени за 2 години, односно апелација одлучи тие да се осудени на казна затвор во траење од 13 години. Александар Николовски-Нинџа, кој беше сведок на обвнителството за настаните од 27 април, казната му е намалена за една година, односно е осуден на 7 години затвор. И на Оливер Поповски, осуден на 13 години затвор казната му е преиначена и треба да одлежи 11 години затвор. Слично како и останатите и на Мунир Пепиќ осуден на 15 години затвор казната му е намалена на 13 години затвор. На обезбедувачот во Собрание, Абдуљфета Алими казната од 7 години му е намалена на 6 години. На обвинетиот Јане Ченто, Апелација му ирече казна од 13 години, односно две години помалку од казната која ја изрече кривичниот суд. Игор Југ и Вилијам Михајловски исто како и Нинџа добија намалување за една година. Никола Митревски-Кољо, кој беше осуден на казна затвор од 15 години, Апелација ја преиначи во 14 години затвор. На обвинетите Младен Додевски, Горанче Ангеловски и Влатко Трајковски казната им се намалува за 1 година.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

IMG_1358

Зајкова: На повидок е прифатливо решение за државната матура, на потег се Средношколската унија, Владата и МОН

По собраниската дебата со средношколците за Концептот за полагањето на државната матура, наметнавме две предлог решенија кои беа изложени пред средношколците, а во писмено образложена форма ќе бидат испратени и до Министерството за образование и наука и Владата, за кои се надеваме на позитивен одговор, посочи пратеничката од редовите на ЛДП, Mоника Зајкова.- Ова нека биде светол пример за заемно и компромисно решавање на општествените проблеми со кои секојдневно се соочуваме. Денес во Собранието се слушна гласот на средношколците, се дебатираше на една од најважните теми за нив - концептот на полагање државна матура, а низ дебатата се наметна оптимално решение кои се надеваме е прифатливо за учениците, а веруваме и за Средношколската унија, Министерството за образование и наука и Владата, истакнува пратеничката Зајкова.Предност на ова, меѓу другото, е и фактот што за истото не се потребни законски измени туку измена на правилникот за полагање на државната матура порача таа. Овогодишните матуранти бараат прилагодување на моделот за полагање матура кон евидентните проблеми предизвикани од изменетата настава поради Ковид кризата.- Предлогот опфаќа егзистирање на две опции, првата опција претпочита матурантите, од предвидените четири предмети, да ги полагаат само двата екстерни предмета, додека за интерните предмети да им биде впишана просечната оценката од четиригодишното школување.Другата опција опфаќа да се полагаат 2 екстерни предмети како што бараат матурантите и два интерни предмети, но со соодветно скратен обем за двата интерни предмети. Скратувањето произлегува од претходно скратената настава поради Ковид кризата, неможноста соодветно да се следат предавањата и како што тврдат средношколците поради оскудните техничките услови на дел од нив, додаде Зајкова.

Македонија | пред 5 години

DSC03938

Средба на претставници на Државниот завод за статистика, Стопанската комора и бизнис заедницата

Претставници на Државниот завод за статистика предводени од Јасмина Ѓоргиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавноста при Државниот завод за статистика, денеска остварија работна средба со генералниот советник на Управниот одбор (УО) на Стопанската комора, Зоран Јовановски, придружуван од негови колеги и претставници на бизнис заедницата, членки на Стопанската комора, кои се вклучија преку видео врска.Информирајќи подетално за потребата од Пописот 2021 година, Ѓоргиева го истакна значењето од целосно вклучување на сите граѓани во оваа сложена операција која ќе обезбеди податоци корисни за бизнис заедницата во поглед на планирање на развојни политики, планирани инвестиции и проекции за капацитетот на потребната работна сила.Таа ја истакна потребата од интензивирање на соработката со членовите на бизнис заедницата особено во однос на обезбедувањето логистичка поддршка и информираше за реализацијата на подготвителните активности и детали за комбинираниот метод на попишување кое ќе се спроведе од 1 до 21 април за сите граѓани и од 1 март за одредени категории граѓани, како и за нерезидентното население, односно државјаните на Северна Македонија кои повеќе од 12 месеци живеат во странство.„Соработката со Стопанската комора ни е потребна во насока на пренесување и ширење на информациите за обезбедување податоци при попишувањето. Добиените податоци од Пописот ќе овозможат дополнителни информации за сегашните и идни потенцијали за економски развој кои ќе бидат од значајна корист и за компаниите и за државата при понатамошното дефинирање на стратешките политики и активности“, рече Ѓоргиева.Генералниот советник на УО на Стопанската комора, Јовановски, изрази подготвеност за динамизирање на соработката околу обезбедувањето логистичка поддршка со цел најдобро организирање на Пописот.„Ставот на Стопанската комора е дека Пописот е потребен и неопходен и треба да биде финализиран на најдобар можен начин. Оваа сложена статистичка операција не ја гледаме како економска категорија и не навлегуваме во методолошките аспекти, но сметаме дека е потребна и корисна за макроекономските планирања и носењето на бизнис одлуките“, оцени Јовановски.Тој посочи дека во поглед на методологијата за изведување на Пописот, Стопанската комора е сигурна дека Државниот завод за статистика ги има применето сите меѓународни препораки и стандарди и со својата професионалност гарантира успешен процес на попишување кој сите со нетрпение го очекуваме.фото: Државен завод за статистика

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Ниту еден премиер досега не дал поддршка на здравството како што даде Зоран Заев

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во синоќешното гостување во емисијата КликПлус на ТВ21, говореше и за проектите кои се спроведени во здравството и покрај ковид пандемијата. Истакнувајќи ја важноста на здравствениот систем, Филипче рече дека голема поддршка и инвестиции во здравството се случиле благодарение на претстедателот на Владата Зоран Заев.-Ниту еден премиер досега во државата не дал таква поддршка и инвестиција во здравството како што даде Зоран Заев. Зголемување на платите какви што имаат сега лекарите и вакви инвестиции ова да може ние се да направиме немало буквално никогаш во историјата на нашата земја - рече Филипче.Тој додаде дека премиерот Заев многу добро ги реализира работите конкретно во делот на менаџирање на кризата посебно во делот на сите овие досегашни резултати што ги постигна нашата држава.-Да се сетиме на времињата кога ги гледавме светските лидери и лидерите на НАТО и Западноевропските земји само на телевизија сега можеме да седиме со нив на иста маса и со нив да одлучуваме. Тоа се сериозни политички процеси, тоа се работи во кои премиерот Заев покажа врвни резултати и сега пред него е еден сериозен мандат да ги манифестира и капацитетите во делот на економијата, за жал минатат година во сенка на ковид кризата, не само кај нас насекаде во светот. Верувам дека сите процеси кои што ќе следат ќе значат дека ќе има државата напредок, дека ќе има прогрес, дека младите иднината ќе ја гледаат тука - рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања