Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

joci

Јоци: На Богдановиќ поважно му беше на една минута да се поздрави со Вучиќ, а Центар го остави затрупан со снег

Центарските улици, во надлежност на Општина Центар, денеска беа прекриени со снег, заледени и непроодни. Непипнати. Возилата останаа заглавени во снег, тротоарите неисчистени, а граѓаните гневни на локалната власт која им наплаќа највисоки давачки за паркинг и даноци, пишува новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Ивановска додава:На Богдановиќ, му беше поважно цел ден да го посвети на споредни нешта кое не се во негов домен – на една минута да се поздрави со српскиот претседател, Александар Вучиќ на граничен премин ,,Табановце”, иако при примопредавањето на вакцините меѓу Србија и Македонија, нашата држава беше претставена од највисокиот врв, а не од шести ешалони. Останува нејасно што бараше тој денеска на ,,Табановце”, во која улога бил дел од високата делегација, а притоа не е дел од извршната власт.Текстот во целост на  joci.mk. 

Скопје | пред 5 години

DSC_0389-2

Хоџа во Неготино и Кавадрци на закројување на лозјето: Оваа година, нека донесе богат род и успешна сезона!

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, учествуваше на традиционалното закројување на лозјето, на лозови насади во Неготино и Кавадрци. На закројувањето учествуваа и градоначалникот на Општина Неготино - Тони Делков и градоначалникот на Општина Кавадрци- Митко Јанчев.Закројувањето најпрво се изведе во Неготино, во лозовите насади на Винарницата Балкан Тим, а потоа продолжи во Кавадарци. Во кругот на Винскиот музеј во Кавадарци, свечено се закрои лозјето и со тоа беше најавен почетокот на новата производствена сезона.„Пред нас е нова производна година. Да мислиме позитивно, да делуваме заеднички и нaвремено, како што се договоривме. Нашето грозје е со висок квалитет, затоа и нашите вина се надалеку познати по богатсвото на вкусови, ароми и добар карактер. Извозот на вино последните години бележи постојан раст. Во 2019 и 2020 година % на учество на виното во целокупниот извоз е 7,4%. Повеќе години наназад, виното е трет производ по вредност во извозот, зад тутунот и пекарските производи. Ова само го потврдува неговото значење за вкупната домашна економија. Ова е сектор во кој вреди да се инвестира, сектор кој треба уште повеќе да го развиваме, сектор од кој опстојуваат цели региони во државата. Драго ми е што денес имаме се повеќе млади луѓе, кои сакаат да инвестираат токму во овој сектор“ изјави Хоџа.Тој им го честиташе празникот “Свети Трифун” на сите припадници на православната вероисповест и на сите лозари, нагласувајќи дека посакува денешниот празник да донесе богат род, квалитетно вино и успешна нова сезона.На настанот во Кавадрци, беше одржана и промоција на Каталогот „Водич низ Вински Музеј“ и ДВД издание „Од зрно грозје до чаша вино“.Минатата година беше најтешката година за винската индустрија кај нас и во светот. Пандемијата ја наруши трговијата со флаширано и наливно вино.Во такви услови, Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја покажаа на дело својата вистинска грижа и за лозарите и за винарниците. Беа донесени интервентни мерки со кои кризата беше успешно надмината. Согласно „Законот за финансиска подршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид 19, врз производството, откупот на грозје и винската индустрија", досега се исплатени 6,3 милиони евра, средства кои беа исплатени согласно ветеното, односно до крајот на минатата година. Според податоците од Платежната агенција, остануваат да се доисплатат уште 12 – 14 милиони денари, средства кои ќе бидат обезбедени во петтиот сет економски мерки.фото: МЗШВ

Македонија | пред 5 години

image1

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Една кутија вакцини за една нова Југославија

Денес, кога вест на денот е дека Република Србија ги донирала првите вакцини за Република Северна Македонија и кога е крената на нозе целата српска држава, а секако и нашата, за примопредавање на една мала кутија вакцини, кои не се доволни ни за кабинетот на Заев и на неговиот партнер, Ахмети, поважно од количеството на вакцините е симболиката на донаторот, се вели во соопштението од Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива.Во продолжение на соопштението од коалицијата додваат:Доаѓањето на српскиот претседател, Вучиќ, и медиумската прашина што се кревал во Табановце, дава порака дека „вашиот голем брат не ве остава сами“. И, тоа не е проблем за Заев, бидејќи тој и така води една партија која е наследничка на југославизмот, но индикативно е што, од една страна, за пречекот на Вучиќ се погрижил и заменик-премиерот Артан Груби, но и премолчувањето на овој настан од партијата што само пред неколку месеци ќе претрпеше срцев удар од удирање по градите со „времето за прв премиер Албанец“. Дали пречекот на Груби и премолчувањето на ДУИ значи согласност на братство-единството Заев-Вучиќ и дали е ова израз на рана љубов, како таа на актуелниот министер за Финансии со воените старешини на Србија?За коалицијата Алијанса за Албанците & Алтернатива целта на Вучиќ за улога на патрон на Балканот е јасна, но ова – освен што докажува дека владата ги оставила граѓаните без вакцини – истовремено докажува за отсуството на моќ на оваа влада за градење на западно партнерство во интеграционите и здравствените политики.Како и да е, ние му порачуваме на оваа влада, дека тие може да го сонуваат Вучиќ, дури Фатмир Бесими може да продолжи да се гледа со српските генерали кои вршеле злосторства во Косово, но да знаете дека Албанците во Северна Македонија не се подготвени за прифаќање на една нова Југославија. Ако вие мислите дека со вакцини може да ги придобиете срцата на граѓаните Албанци, не заборавајте дека сте ја продавале многу евтино вашата душа и сте ја загрозиле европската иднина на оваа земја.Притоа уште еднаш потенцираме дека Албанците во Северна Македонија се определени за целосна интеграција во ЕУ и не се подготвени за никаков компромис со тој стремеж, велат од Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива.фото: Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија до Заев: Дали при приемот на вакцини од Србија, почуствува и малку срам што НАТО те остави на цедило

Единствена Македонија го прашува Зоран Заев дали денеска при примањето на вакцини од Србија почуствува барем малку непријатност и срам што неговите пријатели од НАТО го тумбаа на првата кривина и го оставија на цедило.  Власта на Зоран Заев покажа дека нема капацитет да се справи со здравствената криза, но, интересно е што НАТО-членките ја гледаа неспособноста на Заев да набави вакцини и притоа не му доделија ниту една вакцина, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:НАТО не покажа солидарност спрема народот во Македонија со флагрантно кршење на Северно-Атланскиот договор од 1949 година, според кој фундаментално начело е солидарноста меѓу државите - членки на НАТО. 29 држави - членки на НАТО не покажаа минимум солидарност да и помогнат на Македонија.Единствена Македонија цела година бара од владата да се обрати за помош од Кина и Русија, особено што овие земји секогаш помагаат во болка. Тоа е во нивниот национален карактер. Помошта е секогаш искрена и чесна. Но власта на Заев манифестираше преплашеност од своите газди во Брисел иако здравјето на народот не трпи политички калкулации.Единствена Македонија во оваа прилика изразува голема благодарност до пријателскиот народ во Србија за искрената помош со вакцини за Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev-i-vucuc

Заев му подари на Вучиќ икона од Свети Пантелејмон

Премиерот Зоран Заев му подари на српскиот претседател Александар Вучиќ икона со ликот на Свети Пантелејмон како благодарност за денеска доставените вакицни од Фајзер.-На претседателот Александар Вучиќ му подарив икона од светецот Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекувањето на болните и во служба на изнемоштените, објави Заев на Инстаграм.фото: Инстаграм

Македонија | пред 5 години

3-5

(ФОТО) Непрекинато се работи на расчистување на коловозите, тротоарите и останатите фреквентни јавни површини во Охрид

Во пресрет на работната седмица, денеска се спроведоа интезивни активности за чистење на пристапите кон училиштата, градинките и другите јавни институции во градот.Непрекинато се работи на расчистување на коловозите, тротоарите и останатите фреквентни јавни површини, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

korona5

Денеска 13 починати лица и нови 180 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 78, Прилеп – 18, Кавадарци – 15, Тетово – 12, Охрид и Струмица – по 10, Куманово, Велес и Струга – по 6, Дојран – 3, Гостивар, Гевгелија и Неготино – по 2, Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево – по 1.Регистрирани се 206 оздравени пациенти од:Скопје – 146, Куманово – 14, Тетово – 8, Велес – 7, Гостивар – 5, Кичево – 4, Струмица, Штип и Битола – по 3, Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија – по 2, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш – по 1.Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември.Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.Направени се 1.814 тест преку: ИЈЗ-390, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-218, Биотек-228, Жан Митрев (Филип Втори)-129, Систина-203, лабораторија Лаор–250, МАНУ-71, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-60, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-28, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 187, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 42389, активни 2893Куманово 5363, активни 236Тетово 5271, активни 225Прилеп 4833, активни 312Гостивар 3703, активни 121Штип 3565, активни 79Битола 3317, активни 134Велес 3288, активни 244Охрид 3041, активни 398Кавадарци 2947, активни 431Струмица 2624, активни 155Струга 2319, активни 172Кочани 1771, активни 51Кичево 1748, активни 71Свети Николе 1099, активни 27Гевгелија 1074, активни 103Неготино 1041, активни 88Дебар 777, активни 45Ресен 777, активни 67Крива Паланка 759, активни 43Радовиш 739, активни 47Делчево 698, активни 211Берово 624, активни 37Пробиштип 521, активни 20Виница 504, активни 23Валандово 338, активни 14Демир Хисар 256, активни 11Македонски Брод 250, активни 11Кратово 252, активни 26Богданци 233, активни 11Крушево 234, активни 43Демир Капија 227, активни 40Македонска Каменица 192, активни 4Пехчево 183, активни 4Дојран 95, активни 14фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Кризен штаб на Град Скопје: Градските улици и булевари се чисти и проодни

По обилните врнежи од снег и нисите температури во текот на изминатото деноноќие, денеска состанок одржа Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалникот Петре Шилегов. На состанокот беа разгледани извештаите на зимската служба.Екипите на зимската служба на Град Скопје беа на терен уште од почетокот на вчерашниот ден и во текот на ноќта, при што досега се фрлени над 1000 тони сол на градските булевари и улици. Сите градски улици и булевари во текот на деноноќието беа чисти и проодни и никаде не е забележан застој на сообраќајот. Јавниот превоз се одвива без проблеми и нема одложени градски линии на ЈСП Скопје, а интензивно се расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.На состанокот беше потврдено дека Скопјани ќе ја дочекаат работната недела со целосно функционални улици и тротоари.Кризниот штаб заклучи дека ќе и помогне на општина Сопиште во расчистувањето на неколкуте општински улици кои што се сеуште блокирани.Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до - 7 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.Град Скопје со жалење констатира дека определени политички структури и бивши високи градски функционири свесно креираа лажни вести за наводно блокирани градски улици, покажувајќи фотографии од минатото кое не е реалност денес, а беа карактеристични за времето на нивното управување со градот. Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на таквите лажни вести.фото: Кризен штаб

Скопје | пред 5 години

slika-1-1-1

ВМРО ДПМНЕ: Тоа што цела влада се покрена да прави спектакл од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Заев и владата

Тоа што цела влада се покрена да прави маркетинг од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Заев и владата.  Видовме сервилност и неспособност на владата и лоша порака која ја отсликува неспособноста на Заев да менаџира со државата.  4.680 вакцини колку што доби државава, се за 2.340 луѓе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Министерот Венко Филипче најави дека ќе се вакцинираат по 2.000 дневно, што значи вакцинирањето ќе заврши за еден ден и неколку часа. За вакцинирање кое ќе трае еден ден не се потребни спектакли туку работа да се најдат повеќе вакцини.ВМРО-ДПМНЕ го поздравува чекорот што има држави кои помагаат, но воедно нема потреба за спектакли на домашната влада која не умее да се справи со здравствената криза. Со нивната неспособност убедливо земјава е најлоша во светот по бројот на починати и без воопшто започната вакцинација.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

14.02-3

Филипче на Институтот за трансфузиологија го посети тимот од МЗ и МАЛМЕД кои изготвија записник за прием на вакцината Фајзер

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска на Институтот за трансфузиона медицина го посети тимот од Министерство за здравство и МАЛМЕД кои изготвија записник за прием на вакцината Фајзер.Во записникот се утврдува дали е почитуван ладниот ланец во тек на транспортот на вакцината како и начинот на отпакување и складирање на вакцината. Вакцините беа спакувани во кутија со сув мраз, каде во одделни кутии се спакувани повеќедозажни вијали.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

Marija-Miteva-14.02

Митева: Неспособноста на градските власти ги остави скопјани со непроодни улици

Во моментов се наоѓаме на улицата „Тодор Чангов“, една од најпрометните улици во населба Лисиче, општина Аеродром.Она што можеме да констатираме од терен е дека властите не потфрлија само во една работа, а тоа е во нивната неспособност!Жално е ова што му се случува на Скопје! Најави за снежна покривка имаше пет дена наназад. Но, изгледа скопските градоначалници ова не го очекуваа или едноставно толку можат, истакна на денешната прес конференција Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.Митева додаде:Вчера бевме сведоци на непроодни улици, за жал сведочевме и на сообраќајни незгоди поради лизгавите патишта.Ситуацијата беше иста во сите општини. Во општина Аеродром граѓаните немаа проодни патеки, а уште помалку проодни беа и главните улици и булевари. Иста слика и во општина Карпош, Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Гази Баба. Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеа градоначалниците ја нема никаде! Ве прашуваме каде се службите, каде е механизацијата на градот?Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. Градот Скопје троши милиони евра за чистење на снег, кој како што можете да видите воопшто не е исчистен. Снегот можеби ќе ја сокрие нечистотијата на градот, но ќе ја извади на површина неспособноста на Шилегов. Ништо подобра не е ни состојбата со државните, регионалните и магистралните патишта низ државата.За ваквото неодговорно однесување, за ова неработење и за ова недолично однесување граѓаните ќе ви возвратат културно на локалните избори оваа година.А, казната за несовесно вршење надзор врз сообраќајот се наоѓа во член 299 од Кривичниот законик. Но, тоа во некои други времиња кога законите нема да бидат само мртво слово на хартија, туку ќе важат подеднакво за сите!

Македонија | пред 5 години

vesna

(ВИДЕО) Весна Бејби со поддршка за Ранко Петровиќ : Кога баце ќе падне на глава, на другите им излегува низ ...

Ранко Петровиќ поддршка за Баце. Кога тој ќе падне на глава на другите им излегува низ газ многу исчистени улициве, многу. Мислат на нас, да се порадуваме, вели актерката Весна Бејби Птрушевска во видео обраќањето на објавена на својот ФБ профил на соцојалната мрежа фејсбук.Во продолжение пораката од Весна Бејби.Инаку Ранко Петровиќ сопственикот на Радио Буба Мара синоќа на социјалните мрежи реагираше на лизгавите улици поради кои ризично се повредил.Вечерва до 19 часот околу 5 возила се пролизгаа и чукнаа, јас и неколку комшии , го слушнавме ударот , веднаш го затворивме горниот приод на низгорницата, по некое време видовме дека некој повозрасни комшии , тешко се качуваат нагоре пешки, со чести паѓања , пробавме да дојдеме до нив ,но за жал и јас опасно паднав на глава ( како на цртан филм) , не се сеќавам баш на се , но знам дека по некое време со пузење стигнаа неколку комшии ( Бошко , Дарко итн) , лесно ме освестиле , дојдоа и други , не се сеќавам некој беа со маска, некој без маска( да се надеваме дека не си споделивме корона) и некако ме станаа и донесоа дома.Сега за сега сум добро , само со укочен врат и желба за промена на наспособниот градоначалник на кој му порачувам да дојде лично со неговите родители и да влезе во неговиот личен автомобил и да се симне со кола по оваа негова прскана низгорница , а ако може, нека проба после и пешки.За крај да се молиме, деновиве да нема потреба од брза помош или против пожарно возило , другото само ќе си дојде, стои во неговиот пост на Фејсбук, напиша меѓу другото  синоќа Петровиќ на ФБ.Видео: ФБ Весна Бејби Птрушевска

Скопје | пред 5 години

Mickoski11

(ВИДЕО) Мицкоски ужива на снегот санкајќи го детето на санка

Преубаво неделно претпладне и малку време со најмилите. Важно дворот и тремот се расчистени, а на среќата и немаше крај, снежни улици, санка, наредбата стигна "татооооо посилно посилнооооо“, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски.видео: ФБ Христијан Мицкоски

Магазин | пред 5 години

policija-1

Загина кичевец во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Педесет и четиригодишен маж од Кичево загина откако ноќеска по полноќ со автомобил „бмв“ излетал од патот Гостивар-Кичево, во близина на Новоселски мост. Во несреќата повредени се и двајца сопатници.Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kom-2

Георгиески: Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП "Охридски Комуналец" кои во три смени, работат на терен за чистење на снегот

Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП "Охридски Комуналец" кои во три смени, неуморно работат на терен за чистење на снегот.Со цел да се обезбеди поголема безбедност за учесниците во сообраќајот и за пешаците, ангажирани се над 100 работници со целокупната механизација и расположлива опрема, напипа на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Исчистени и проодни се сите фреквентни сообраќајници во централното градско подрачје и периферните населби, како и сите локални патишта кон селата. Интензивно се работи за расчистување на пешачките патеки и јавните површини во градот.Сообраќајот се одвива во зимски услови и се препорачува поголема внимателност на возачите. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Досега 4000 здравствени работници пријавени за вакцинација, почнуваме во среда со медицинскиот тим во модуларната болница во Клинички центар

Министерството за здравство информира дека досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација против КОВИД-19. Од нив, околу 2000 здравствени работници се во градот Скопје, а останатите се во другите градови.Со денешната прва пратка на вакцините од компанијата Фајзер кои пристигнаа од Република Србија ја почнуваме вакцинацијата во Северна Македонија.Македонскиот здравствен систем е целосно спремен за имунизација на населението. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија.Вакцините се развиени на безбедни платформи и со истите ќе го спречиме ширењето на КОВИД-19 вирусот. фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

despotovski

Деспотовски: Продолжува растот работни места и извозот во ТИРЗ

Во технолошко индустриските зони продолжува трендот на зголемени активности и позитивни економски движења - покажува анализата на ТИРЗ за почетокот од годинава. Компаниите кои се активни во зоните продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната економија во земјава.Вкупниот извоз од зоните во јануари 2021 е за речиси 34% зголемен во однос на јануари 2020 година. Бројките покажуваат дека компаниите во зоните биле најмногу погодени од пандемијата, но имаат и најголем потенцијал за брзо закрепнување. Трендот на раст почнува од август, со зголемени активности и во однос на истиот период од претходната година при што врвот од 100% е достигнат во октомври. Компаниите-инвеститори во ТИРЗ остануваат носители на извозот во земјава со речиси 45% удел во целокупниот извоз или 2,6 милијарди евра за последната година.И во однос на увозот во рамки на зоните е регистриран раст од над 62% во јануари 2021 година споредено со истиот период лани. Во зоните е регистриран и позитивен тренд во однос на нето извозот од +17,4%, односно поголема покриеност на увозот со извоз во однос претходната година. Во националната економија покриеноста на увозот со извозот е минус 24%.Првиот месец од годинава ТИРЗ бележи благ тренд на пораст на вработени во зоните во кои во моментов работат над 14.000 лица. ТИРЗ развива нов сет мерки за поттикнување на компаниите предвреме да ги исполнуваат своите таргети за вработувања и преземени инвестиции.„Овој нов квалитет во нашите односи, во односите на Владата со инвеститорите го гледаме и во тоа што ги поттикнуваме компаниите не само да ги исполнуваат своите инвестициски планови туку да одат и побрзо со исполнување на роковите и во однос на обем на инвестиција и во однос на работни места, па дополнително она што е исто така многу важно и во смисла на зголемување на платите. Конкретно компанијата Гентерм е еден од позитивните примери коишто минатата година го достигна предвидениот број на работни места од над 2000 луѓе кои инаку по договорот за државна помош требаше да го достигне во 2024 година. Меѓутоа компанијата не беше сама во тој проект. Државата, Дирекцијата, Владата застана позади тоа и исто така пред време, значи 4 години пред истекот на рокот си го исполни својот дел на обврската. Со тоа испраќаме јасна порака до инвеститорите дека да, сакаме да ги реализираат своите сопствени инвестициски планови и тоа да го направат побрзо и подинамично“, вели Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ.Истовремено кај инвеститорите има позитивни реакции и подготвеност заедно со ТИРЗ да работат на мерки и програми со кои ќе се поттикне и раст на платите преку зголемена продуктивност на трудот.Инаку новиот концепт во работењето на ТИРЗ се базира на четири столба: привлекување странски инвестиции со поголем квалитет, отворање кон домашните инвеститори, нов систем на државна помош според потребите на потенцијалниот инвеститор дополнет со сет мерки за зголемување на плати и поголема продуктивност на трудот, како и нов концепт на “after care“ односно грижа за корисници.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

njtrtr

Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите

Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност. Со Божја помош лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало во целата империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун. Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги разделило на сиромасите.Свети Трифун со маченичка смрт умрел за време на царот Децие кога бил вршен голем прогон на христијаните. Од обласниот римски царски намесник по име Аквилин бил повикан да дојде во Никеја каде што било седиштето на обласната управа и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви. Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле го осудиле да му биде пресечена главата со меч. Но пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото за егзекуција тој ја предал душата пред мечот на џелатот да падне на неговиот врат. Тоа се случило на 14/1 февруари 248 година (според други во 250 година), кога имал само 21 година. Локалните верници го погребале на своите гробишта, но тој им се јавил на сон и посакал да биде погребан во своето село. Оваа желба му била исполнета и подоцна моштите му биле пренесени во неговото родно село.Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) ‒ пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.Во скопско, како што забележал М. Кратовалиев, во запис од деветнаесеттиот век, на тој ден по црквите крштевале вода, и од таа вода секој селанин си носел по лозјата заедно со пепел. Во лозјето ќе турел малку од пепелта и ќе полеел од крстената вода. Водата ја поливал за да има бериќет, а пепелта за да „испрхнува“, т.е. да бидат поголеми зрната на гроздовите. Потоа закројувале по неколку лозинки, по што седнувале, се гоштевале и правеле големи веселби.фото: Архива

Магазин | пред 5 години

kamion

(ФОТО) Камион излета од патот поради неисчистен снег

Камион се излизгал и излетал од патот синоќа кај росоманското село Рибарци, најверојатно поради снежниот коловоз, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.Додевски појасни дека повредени нема, причинета е само материјална штета.фото: МИА

Македонија | пред 5 години

vakcini

Првите дози вакцини пристигнаа во земјава, Вучиќ му ги предаде на Заев

Пристигнаа првиот пакет вакцини донација од Србија.  Претседателот Александар Вучиќ денеска му го предаде на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини. Пратката содржи 4.680 вакцини на компанијата „Фајзер“, неопходни за имунизација на граѓаните против коронавирусот.„2020 е една од најтешките години и ништо не е завршено во оваа година. Останува да бидеме крајно внимателни, но оваа криза го извади пријателството и солидарноста. Да ги негуваме засекогаш и сето ова е резултат на. Првата рака за помош треба да се подаде кон најблискитот сосед, кон комшијата. Овој чин ги зацврстува нашите односи и е алката на поврзување на народите на двете земји", изјави Заев.„ Донесовме 4.680 вакцини, тоа е во првата фаза. Мислам дека тоа е добра вест за нашите браќа”, рече Вучиќ.Вучиќ рече дека компанијата „Фајзер“ побарала вакцините да бидат предадени според сите процедури.Ова е половина од претходно договорените околу 8.000 дози што Србија ќе ѝ ги обезбеди на Северна Македонија.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

26

Македонија пат во застој: Автопатите неисчистени, воведени забрани

Во Македонија врне снег речиси насекаде, а екипите на Македонија пат не успеаја да ги исчистат навреме дури и автопатите.АМСМ соопшти за следниве забрани:Од 18.50 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.Од 18:30 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Превој – Барбарас (Македонски брод – Прилеп)Од 18:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар и патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир.Од 16:46 часот се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на ГП Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.АМСМ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ги запознаваме ретките болести: Пендред синдром

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести во Република Македонија.Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Pendred syndrome – Пендред синдромMKB E 07.1преваленца (распространетост): 1-9/100.000Синдромот Пендред е генетско нарушување кое се карактеризира со рано губење на слухот кај децата. Покрај губење на слухот, често има нарушување на балансот и нарушување на тироидната жлезда.Децата родени со синдром Пендред се соочуваат со губење на слухот од три години и болеста е прогресивна што значи дека губењето на слухот се зголемува со текот на времето. Губењето на слухот постои од обете страни, но често пати е поголем од една страна отколку од друга страна.Точната застапеност на синдромот е непозната. Синдромот го носи името на британскиот доктор Пендред кој прв ја опишал состојбата во едно ирско семејство кое живеело во Дурам во 1896 година. Овој синдром опфаќа 7,5 % до 15 % од сите случаи на вродена глувост.Причина:Синдромот Пендред е предизвикан од мутации на генот SLC26A4 лоциран на хромозомот 7. Оваа мутација се наследува автосомно-рецесивно што значи дека се потребни две копии на мутираните гени за да се изрази болеста.Клиничка слика:Децата со Пендред синдром имаат слаб слух од раѓање или губењето на слухот почнува да се влошува од тригодишна возраст. Слушни нарушувања со враќање на слухот можат да се појават по некое време, но генерално постои трајно оштетување на слухот со глувост како завршна фаза.Зголемувањето на тироидната жлезда се јавува и кај 60 % од пациентите, што пак, може да доведе до отежнато голтање и дишење, но многу ретко предизвикува нарушувања на растот и развојот.Поради неправилност (аномалија) на вестибуларниот систем-систем за рамнотежа, околу 40 % од пациентите исто така имаат проблеми со одржување на рамнотежата. Поради ова, некои деца проодуваат покасно од своите врсници, но генерално потоа немаат никакви проблеми. Интелигенцијата на децата со овој синдром не е нарушена, но поради оштетениот слух, често пати имаат забавен развој во однос на своите врсници.Дијагностика:Дијагнозата за синдромот на Пендред се поставува врз основа на клиничката слика и објективното испитување од отоларинголог, значи потребен е детален преглед како што е аудиограм, вестибуларен тест и сл.Комјутерската томографија (КТ) и нуклеарната магнетна резонанца (НМР) на черепот, често пати покажуваат типични промени на внатрешното уво кај Пендредовиот синдром (кохлеа со мала спирала и зголемување на вестибулумот).Лабораториските тестови бараат темелно испитување на функцијата на тироидната жлезда, така што се утврдува нивото на крвта на тироидниот хормон. Исто така, индициран е и ултразвук на тироидната жлезда. Конечната дијагноза на синдромот на Пендред се поставува само со генетско тестирање. Исто така, се препорачува пренатално тестирање на бремени жени во семејства со позитивна семејна историја.Третман:Децата со овој синдром треба да научат да користат слушни помагала што е можно поскоро со што ќе им се обезбеди нормален развој во говорот за да можат да се социјализираат со своите врсници. Исто така, треба да се избегнуваат спортови кои можат да придонесат за повреди на главата, како и промени во притисокот (при нуркање). Кохлеарните (ушните) импланти можат да бидат вградени при целосно губење на слухот. Многу е важно редовно да се следат нивоата на тироидните хормони и да се спроведе третман по потреба. Како и кај другите генетски заболувања, се прават истражувања и можност за генетска терапија во иднина.No description available.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се! (Крај)извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заменик-директорот на Македонија пат, Самка: Тука сум, сите патишта се проодни

Гледам дека сите прашувате каде сум тука сум работам и во ова време со пунктовите на МКпат, низ Републиката, се чисти и цела механизација е на терен, сите патишта се проодни, напиша на својот ФБ профил Заменик-директорот на Македонија пат, Самка Ибраимоски.Ибраимоски се најде за прозван откако на социјалните мрежи се проширија фотографии од автопатите кои се претворени во лизгалници и затрупани со снег. фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

skopjee

(ВИДЕО) Улиците во Ѓорче затрупани од снег, властите и годинава изненадени од снегот во зима

Главниот град вечерва е под снежна покривка. Снегот интензивно паѓа во текот на изминатите часови. Од градот Скопје изминатиот период во неколку наврати најавуваа дека градот е подготвен за справување со снегот, но веројатно реалноста е далеку од тоа.Градоначалникот на општината Ѓорче Петров на социјалните мрежи објави дека расфрлени се 12 тони сол на коловозот во Кучково, Орман, Волково и Никиштани и распрскани се 12 тони емулзиона течност низ сообраќајниците во општината кои треба да спречат замрзнување. Но граѓаните велат дека состојбата на терен е поинаква и фотографиите и видеата го покажуваат тоа.На социјалните мрежи, вечерва беа објавени материјали на кои се гледа дека улиците во општината се непроодни.фото: ФБ PRTSC

Скопје | пред 5 години

skopje-6

Фото галерија: Неисчистено и лизгаво, но Скопје сјае и на снег

Под влијание на влажен и многу студен воздушен бран денес и утре има врнежи од снег. Насекаде ќе се формира снежна покривка, која до утре претпладне во источните делови ќе биде и над 10 см, а на запад во пониските подрачја и над 30 см. На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 30 см снег. До среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица, велат од управата за хидрометеоролошки работи.УХМР за утре најавува облачно време со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. фото: Скопје 1

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања