Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Ivica-Konevski-1

Конески: Соочени со гнасни и мизерни нападни од страна на блиски луѓе на Мицкоски, ова е доказ дека фотељата му се тресе

Изминативе денови сме соочени со гнасни и мизерни нападни од страна на блиски луѓе на Мицкоски по социјалните мрежи. Тие под негова команда ги омаловажуваат и навредуваат сите делегати кои секој ден сѐ помасовно се приклучуваат кон идејата за Вонреден конгрес и негова смена! Методите на напад се брутални против секој кој бара негова смена, се вели во соопштението од Ивица Конески.Конески во истото додава:Сѐ посилните навреди и клеветења го покажуваат стравот дека фотељата на Мицкоски секој ден сѐ посилно се тресе! Примитивните напади покажуваат дека дното е допрено, подолу не може да се отиде! Деструкција, навреди, клевети на секој чекор, но издржавме и ќе издржиме! Крајот е близу, а Мицкоски во моментов е давеник кој бара сламка за да се спаси не бирајќи средства и начини да се задржи на позицијата на која е!Никој и ништо не може да нѐ заплаши! Имаме обврска и одговорност кон членството да ја поправиме грешката која ја направивме кога го гласавме #Мицкоски за нов претседател на #ВмроДпмне!Драги делегати, сега е моментот масовно да излеземе и да покажеме дека никакви измислици нема да нѐ сопрат. Знаеме кои сме и што сме! Конгресот е на прагот! Заедно сме посилни!Време е да се стави крај на сите поделби и #ВмроДпмне да се врати на вистинската патека, патеката која носи победи, а не деструкција!Да живее ВМРО ДПМНЕ!Да живее Македонија, се вели во соопштението од Ивица Конески.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

За работниците што ќе работат во недела освен соодветниот додаток на плата, им следи и слободен ден

Економско-социјалниот совет (ЕСС) на денешната седница продолжи со дискусијата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор.Како што информираат од Министерството за труд, социјалните партнери се согласни дека исклучоци мора да има, но само во одредени дејности и тоа само кај оние работодавачи каде работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради потребата од континуитет.„За работниците што ќе работат во недела освен соодветниот додаток на плата, им следи и ден за неделен одмор кој ќе го користат во друг ден од неделата“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.Во него се додава дека за работната верзија на предложеното законско решение покрај вицепремиерот Фатмир Битиќи и членовите на ЕСС, свое мислење дале и претставници од Државниот инспекторат за труд.„Целта на предлог-законот е овозможување на социјално праведна држава во која квалитетот, квантитетот и дигнитетот во приватниот живот на секоја една индивидуа која учествува на пазарот на трудот се гарантирани“, се додава во соопштението.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

retki16-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Пјер-Робен синдром

Pierre-Robin syndrome – Пјер-Робен синдромMKB Q 87.8преваленца (распространетост): 1-9/100.000Пјер-Робен синдромот како ретка болест претставува вродена аномалија на лицето и дишните патишта која се јавува кај околу едно од 10.000 новороденчиња. Овој синдром е именуван по францускиот стоматолог Пјер Робен кој во 1923 година прв дал опис на новороденче со комплетна клиничка слика за вродена микрогнатија (микромаксила) со расцеп на непцето и глосоптоза. Неодамна е докажано дека станува збор за генетски предизвикана болест која е поврзана со генетски абнормалности на хромозомите 2, 11 или 17. Откриено е дека застапеноста на болеста е малку поголема кај близнаците. Тоа се должи на компресијата за време на развојот во матката што го ограничува растот и движењето на долната вилица.Клиничка слика:Синдромот се карактеризира со следниве три главни симптоми: расцеп на непцето, микрогнатија (абнормално позиционирање на вилицата) и спуштен јазик или глосоптоза што предизвикува опструкција на дишните патишта како резултат на  движење кон назад од основата на јазикот. Глосоптозата е доминантен симптом додека расцепот на непцето не мора секогаш да биде присутен. Аномалијата, исто така, може да биде поврзана со билатерални недостатоци на очите, глауком, одвојување на мрежницата и срцеви абнормалности. Честите инфекции на ушите можат да доведат до губење на слухот, промени во формата на носот, малформации на забите, рефлукс на желудочната содржина, кардиоваскуларни проблеми, асфиксија како резултат на опструкција на дишните патишта предизвикана од повлекување на јазикот наназад  што предизвикува опструкција на грлото.Дијагностика:Дијагнозата обично се поставува при раѓање врз основа на клинички преглед. Пренаталната дијагноза е можна ако ретрогнатизамот (повлечена долната вилица) е откриен со ултразвук. Вишокот на амнионска течност е добар индикатор за дијагностицирање. Спротивно на тоа, расчленетото непце не е директно видливо, но може да се јави сомнеж околу абнормалната положба на јазикот (поставен позади и високо во усната шуплина). Исто така, генетско советување треба да им се понуди на сите семејства, дури и во случај на спорадични случаи.Третман на синдром Пјер-Робин:Терапијата може да биде конзервативна и хируршка. Не се препорачува  хранење на детето во хоризонтална положба бидејќи постои опасност од влегување на храната  во респираторниот тракт. Ако недоволниот развој на долниот дел на вилицата е крајно изразен, се користи хируршка интервенција за да се донесе јазикот во нормална физиолошка положба. Во тешки случаи, јазикот е затегнат и фиксиран на долната усна. Хранењето во исправена положба може да помогне, но некоординираната ингестија може да бара хранење преку назогастрична сонда. Исто така, можат да се направат трахеостомија и гастростомија со цел да се овозможи дишење и непречено хранење.Хируршкиот третман пак, се состои од затворање на расцепот на секундарното непце, а постои и оперативна техника на поместување на јазикот со зафат на слузницата на долниот дел од усната шуплина.Говорна терапија помага да се решат проблемите поврзани со говорот, слухот и вилицата кај децата со оваа болест.Прогнозата и текот на болеста се сериозни. Најчесто во првите денови од животот при тешка фрома на болеста може да настапи смрт, а причината да биде задушување. Исто така, ризикот од фатален исход во првата година е доста голем поради бројни инфекции. Кај пациенти постари од две години, прогнозата е поволна.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Извор/фото:ОхридПресс

Магазин | пред 5 години

149149324_4139463659421300_6124427822171418182_o

Самка има нешто да ви каже

Самка Ибраимовски стана заменик-директор на Македонија Пат. Но, пред да е директор, тој е голем мислитетл кој голем дел од своето време го поминува на социјалните мрежи. Па така, време е да прочитаме уште една мудрост:Е сега, има и коментари од типот: „Куќата не се гради од кров туку од темел“. Ама добро.

Коментари | пред 5 години

filipce-fajzer

Филипче нема да се вакцинира меѓу првите - „Во превод ‘сакам вакцини, ама не и таа од Фајзер’“

Веќе почнаа критиките на сметка на министерот Венко Филипче, откако прво не одговараше на новинарски прашања испратени од „А1он“, а потоа за „360 степени“ кажа дека нема да се вакцинира со вакцината од „Фајзер“. Со ваквиот став на министерот, граѓаните стекнуваат впечаток дека тој намерно не сака да се вакцинира со овој производител, а неговото објаснување го гледаат само како оправдување.„Ако не сака да се вакцинира со Фајзеровата вакцина, можеше бар да изглуми вакцинирање. Нема да му биде прв пат. На лагите им нема крај со овие министри“, пишуваат твитерџиите.„Во предвод ‘сакам вакцини, ама не и таа од Фајзер’“, стои во уште еден коментар.Кога го најавуваше пристигнувањето на кинеските вакцини, Филипче без резерва кажа дека ќе се вакцинира меѓу првите во земјава. Тој рече дека ќе ја прими било која вакцина што прва ќе пристигне.„Во смисла на тоа со која вакцина јас лично би се вакцинирал, немам резерва кон ниту една. Без намера да ја зимам предноста пред колегите кои директно работат со ковид – пациенти, во смисла на доказ дека вакцините се безбедни, дека не треба да има сомнеж, дека граѓаните треба да се уверени дека овие вакцини ќе бидат безбедни за сите, дека имаат ефект, дека тие се инструментите кои сега ги имаме во рацете да се справиме пандемијата, конечно би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина која прва ќе стигне во земјата. И конкретно и со кинеската“, рече министерот Филипче при претставувањето на Националниот план за Ковид – 19 имунизација и најавата на договорот за кинеските вакцини.

Македонија | пред 5 години

sudstvo-2

Утре ќе се расправа дали ќе биде разрешена врховната судијка, Лидија Неделкова

Судскиот совет, на утрешната седница, ќе расправа по „Извештај од Комисија за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд“. Според неофицијални, но упатени извори, станува збор за постапката против врховната судијка, Лидија Неделкова, а во споменатиот извештај се препорачува таа да биде разрешена од судиската функцијата, објави 360stepeni.mk. Постапката против судијката Лидија Неделкова се водеше по претставка од сега веќе разрешениот врховен судија Јово Вангеловски. Според неодамнешна изјава на судијката, претставката не била поврзана со (не)постапување по одреден предмет, туку:„Се работи за една од повеќето пријави кои поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ми ги поднесуваше поради нетрпеливост околу еден случај. Таа постапка нема никаква врска со некакви предмети или незаконско постапување, туку негов аспект околу работните односи, користење на работното време, значи нема врска со никаков предмет“,  изјави Лидија Неделкова на 27 јануари 2021 година.Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Директорот на ФЗО бара советник со ликовно образование

Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата.  Во рамки на тоа, ФЗОМ бара советник кој ќе го советува за директорот за административни работи, но услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување, односно менаџмент, објави 360stepeni.mk. Oгласот е во согласност со систематизацијата за вработувања од 2019 година и не можело да биде објавен со поинакви услови од веќе однапред определените, рекоа за „360 степени“ од Фондот за здравствено осигурувањеВицепремиерот Николовски вели дека условот „ликовна уметност“ е несоодветен за работната позиција и најави промена на постоечката систематизација.Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

15022021_PVRSM_Zaev_sredba-Sojuz-na-srednoskolci

Заев и средношколците: Договорот за модифицирање на државната матура на два екстерни предмети останува, дијалогот продолжува

Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски беше посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува.Преговорите продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети.Присутните на денешната средба се согласија и ја поздравија одлуката низ дијалог да се изнајде најсоодветното компромисно решение, кое ќе ги доведе во рамноправна положба сите матуранти да можат да го остварат своето идно образование.Фото: Влада

Македонија | пред 5 години

evtov-i-koneski

Ефтов до Коневски: Ставете го Оливер Андонов еден ден лидер на ВМРО ДПМНЕ како преодно решение?

Негативниот рејтинг на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на анкетите е поголем од 70 отсто. Сите што се разбираат во анкети и во политика знаат дека со таков рејтинг не е можно да се поведи на избори. Ова за вечерашната емисија „Во Центар“ која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov го изјави членот на иницијативниот одбор за Вонреден Конгрес на партијата, Ивица Коневски. Според Коневски, Мицкоски ќе биде сменет на следниот вонреден конгрес закажан за 28 март.На ова новинарот Васко Ефтов и автор на емисјата се пошегува со гостинот па му рече:-Оливер Андонов беше министер за внатрешни работи еден ден, 24 часа. Бидејќи вас ви треба едно преодно решение, а да го ставите Оливер Андонов 24 часа да биде лидер на партија и после на конгрес да изберете нов лидер?Коневски пак смешкај се рече:-Не знам дали статутот тоа го дозволува, а Ефтов рече:Сигурно дозволува, ќе го прилагодите. Кога бил еднаш еден ден министер за внатрешни работи, ставете го еден ден да биде лидер на партија да му влезе во CV.Видеото може да го погледнете на овој линк. 

Македонија | пред 5 години

foto-2

Бочварски-Макрадули: Пошта воведува нови конкурентски услуги на пазарот

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со генералниот директор на АД Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули. На средбата, се разговарaше за активности во работњето на АД Пошти на Северна Македонија како и за новите услуги што претпријатието ги воведува.Особено се потенцира дека во перидот што следи, фокус на работењето ќе биде подобурвање на технолошкиот процес, нова ценовна политика и поволни услови за корисиниците на поштенските услуги.Генералниот директор Јани Макрадули, истака дека подобрувањето на работењето се прави користејќи нови современи дигитални алатки, соработка со Поштите од регионот, намалување на непродуктивноста исоодветна прераспределба на тековно расположивиот човечки кадар.Посебно се истакна воведување на платформата е-трговија, алатка на која ќе се темели идното работење на АД Пошти на Северна Македонија.Министерот Бочварски изрази целосна поддршка во имплементација на новите услуги.“Денешната средба со директорот беше значајна бидејќи разговаравме за новите предизвици што следат на пазарот на поштенски услуги. Многу е важно Пошта да понуди нови конкурентски услуги на пазарот. Ја изразив мојата целосна подготвеност да дадеме поддршка за сите процеси и услуги што ќе ги воведува во следниот период”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Македонија | пред 5 години

carsija-1

(ФОТО) Непрекинато се одвиваат теренските активности на екипите од ЈП„ Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот во Охрид

Во текот на изминатата ноќ и денеска непрекинато продолжија теренските активности на екипите од ЈП„ Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот.Се чистеше на плоштадот, чаршијата и останатите јавни површини во центарот на градот. Исто така интензивно се чистат тротоарите и коловозите на сите фреквентни улици.Се препорачува внимателно движење од страна на пешаците и учесниците во сообраќајот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Дуќанџиите од Градскиот трговски центар се жалат дека службите не го чистат снегот во објектот

Дуќанџиите од Градскиот трговски центар се жалат дека службите не го чистат снегот во објектот, што претставува опасност за нив и за потрошувачите да се повредат поради лизгавиот под. До „А1он“ испратиле фотографии од заледен снег на скалите и подот во близина на влезот кај трговскиот центар „Соравија“. Наспроти нивните тврдења, директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, вели дека службите ги исчистиле снегот и мразот. На една од фотографиите испратена од дуќанџиите има и крв, но Трајчевски вели дека кај нив нема пријавено оти некој се повредил додека минувал. Тој вели дека мермерот во ГТЦ се лизга и без снег, а тоа е долгогодишен проблем.„Од рано наутро цело време чистиме и го исчистивме. Не можеме целиот снег да го тргнеме, но сите приоди се исчистени. Не е возможно да се крене целиот снег. Приодите од ‘Соравија’, Паркот на жената борец, кај Стопанска банка – сè е исчистено. Чистењето е обврска на ГТЦ. Ако сакаат дуќанџиите да се солидарни со ГТЦ, може и тие да излезат да помогнат. Тоа е исто како дома, ако имаш куќа, па да исчистиш и на тротоар. Чистат одделите за безбедност, техника, хигиена. Вкупно 40-ина луѓе активно се вклучени. Со оглед на квадратурата тие не се доволно. Ние го чистиме и покривот поради тежината бидејќи може да настане протекување од топењето на снегот“, вели директорот Трајчевски за „А1он“.Текстот во целост на: „А1он“.

Скопје | пред 5 години

ginekolog

СДК.МК:Здравствениот инспекторат влезе во уште една нерегистрирана гинеколошка ординација во Струга

Државниот здравствен инспекторат во придружба на полицијата денеска влезе во уште една нерегистрирана гинеколошка ординација во Струга. Како што неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, по пријава на граѓани инспекторите влегле во куќата на која немало никаков знак дека во неа се наоѓа приватна ординација. Станува збор за докторка која е редовно вработена во Струшката болница, а прегледувала пациенти и дома.Докторката немала регистрирано приватна гинеколошка ординација и со тоа нема дозвола да прегледува пациентки надвор од работното место во Струшката болница.Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 5 години

15022021_PVRSM_Zaev_potpishuvanje_grant_so_KfW-1

Заев: Употребата на терминот Македонија е дозволена согласно Уставот и Преспанскиот договор

Употребата на терминот Македонија е дозволена, но во формулацијата на барањата и во начинот на одобрување, мора да се почитуваат Уставот и Преспанскиот договор и законите за ратификација на Договорот, вели премиерот Зоран Заев.– Бојан Маричиќ како министер за правда има издадено многу решенија на здруженија на граѓани коишто го користат терминот Македонија и тоа е јасно согласно Преспанскиот договор, согласно Уставот, согласно Законот за ратификација на Преспанскиот договор и слично. Се работи за внатрешна и меѓународна употреба. Се работи за почитување на Уставот во самиот дел на давањето на документите. Така што, јасно е тоа што е утврдено согласно Преспанскиот договор, а согласно тоа и со законите во нашата земја, Употребата на терминот Македонија е дозволена, но секако во формулацијата на барањата, во начинот на одобрување, мора да се почитува она што значи законодавство во државата, изјави Заев во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата со премиерот Заев по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sneg

Полициски службеници извлекоа шест лица завеани во прилепско

Денеска полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со екипа на Територијалната противпожарна единица извлекоа шест лица завеани во прилепското село Вепрчани, кои биле од Кавадарци.Лицата биле на возраст од 24 и 25 години. Сите биле затекнати во добра здравствена состојба.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Трендов: Мајка ми почина зашто Брзата помош дојде без носилка и без адреналин!

Цела година молчев, чекав Обвинителството да ме повика да дадам исказ, за тоа како мајка ми почина заглавена во лифт, откако Брзата помош дојде кај нас дома брзо, ама како на кафе, неопремени ниту со носилка, ниту со адреналин, иако жената се гушеше. Вака ја почнува својата приказна низ солзи изреволтираниот Слободан Трендов, син на починатата Лилјана Трендова , кој на 20 август 2019 година ја загубил мајка си во лифтот од зградата каде биле со многу луѓе, екипа на Брзата помош и соседи, објави СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.– Брзата помош изреагира брзо ама дојдоа како на кафе, без боца кислород, без носилка, без адреналин. Мајка ми ја боцкаше шоферот, сестрата и докторката не знаеа што да прават. За ова имам сведоци живи, татко ми, соседот, се е евидентирано во полиција. Судската медицна кажа дека мајка ми има здраво, срце здрави бели дробови, но и се здебелиле гласните жици и затоа настанало гушењето. Брзата помош не направи реанимација, а тие во нивната изјава кажале дека направиле. Јас бев присутен цело време, каде направиле реанимација, во мислите, видно вознемирен вели Трендов за Слободен печат.Текстот во целост на:  Слободен печат.

Македонија | пред 5 години

DSC_0469

Министерот Хоџа ќе достави предлог до Владата за измена на Законот за тутун, со цел продолжување на рокот за откуп на тутун

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници на Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и Сојузот на тутунарски здруженија. Состанокот се одржа во Конгресната сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.Како што беше претходно најавено, министерот одговори на потребата од нова средба, на која повторно ќе се разгледа состојбата со откупот на тутун, пред истекот на крајниот рок, кога законски треба да заврши откупот на тутун од минатогодишната реколта.„До овој момент откупени се околу 21 милиони килограми. Заклучно со утрешниот ден очекуваме 98% отсто да се заокружи договореното производство. Потоа ќе продолжи откупот на произведениот вишок на тутун, што е реално најголемиот проблем за оваа сезона.Заклучок од денешниот состанок е тоа што со оглед на климатските услови и динамиката на откуп, јас ќе и предложам на Владата по брза постапка да направи измена на Законот за тутун, со цел да се продолжи рокот, односно наместо до крајот на овој месец, рокот да биде заклучно со 31. март. Така ќе добиеме време да изнајдеме решение за да ја спасиме оваа лоша сезона за тутунот. Реално гледано, ние и јавно кажавме дека во петиот пакет економски мерки, предвидени се околу 5 милиони евра за тутунопроизводителите, но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп“. Изјави Хоџа.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да ја следи состојбата и да превзема активности со цел успешно завршување на откупот на тутун.фото: МЗШВ

Македонија | пред 5 години

korona-test

Починати 9 лица и регистрирани 51 нов случаj на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj на ковид-19 во:Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево – по 1.Регистрирани се 308 оздравени пациенти од:Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10, Крива Паланка – 7, Тетово и Неготино – по 6, Штип – 5, Струмица, Кочани, Дебар и Крушево – по 4, Куманово, Кичево и Гостивар – по 3, Свети Николе, Гевгелија, Берово, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Радовиш, Виница, Кратово, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 3 пациенти од Прилеп, по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 755 тест преку: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Скопје-49, Авицена-0, Биотек-82, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина-198, лабораторија Лаор–0, МАНУ-56, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 179, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 487.716 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 42418, активни 2785Куманово 5364, активни 233Тетово 5271, активни 217Прилеп 4842, активни 306Гостивар 3703, активни 118Штип 3566, активни 75Битола 3317, активни 124Велес 3289, активни 231Охрид 3040, активни 360Кавадарци 2953, активни 419Струмица 2626, активни 153Струга 2321, активни 159Кочани 1772, активни 48Кичево 1749, активни 69Свети Николе 1099, активни 25Гевгелија 1074, активни 101Неготино 1041, активни 82Дебар 777, активни 41Ресен 777, активни 67Крива Паланка 757, активни 34Радовиш 739, активни 46Делчево 699, активни 212Берово 624, активни 35Пробиштип 521, активни 18Виница 504, активни 22Валандово 338, активни 12Демир Хисар 255, активни 10Кратово 251, активни 24Македонски Брод 250, активни 9Крушево 234, активни 39Богданци 233, активни 10Демир Капија 227, активни 39Македонска Каменица 192, активни 4Пехчево 183, активни 3Дојран 95, активни 13фото: Архива

Македонија | пред 5 години

15022021_PVRSM_Zaev_potpishuvanje_grant_so_KfW-1

Заев: Заради посветеноста во зелената енергетска транзиција на располагање ни се 80,5 милиони евра за инвестиции во чиста енергија

„Потпишувањето на договорот значи користење на грант неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, со цел изработка на технички студии и документи кои се неопходен чекор во насока на инвестициите во обновливи извори на енергија. Овие грант средства ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетските објекти“, истакна премиерот Заев на потпишувањето на Договорот за грант од „Програмата за обновливи извори“ за поттикнување на енергетската транзиција, од јаглен кон обновливи извори на енергија помеѓу Електрани на Северна Македонија и Германската банка за развој банка „KfW“.„Со потпишувањето на денешниот договор, правиме уште еден чекор напред во исполнувањето на зацртаните цели во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година. Тоа подразбира силна волја и посветеност за имплементирање на зеленото сценарио како најприфатливо за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки бенефити“, објасни премиерот и додаде дека поддршката е од огромна важност бидејќи го забрзува темпото кон енергетската транзиција за почисто производство на електрична енергија, користење на обновливи извори на енергија, замена на јагленот со природен гас и намалување на јаглеродните емисии на долгорочен план.Премиерот Заев изрази благодарност до пријателска Германија за целата поддршка која ја дава на нашата земја во последните 20 години за развојни проекти во вкупен износ од преку 500 милиони евра од кои повеќе од половина се во енергетскиот сектор.Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјата Анке Холштајн изрази задоволство што соработката помеѓу двете држави се проширува и интензивира, овој пат во областа на енергетиката.„Владата е на вистинскиот пат со вложувањето кон обновливи извори на енергија и поддршка на зелени инвестиции во јавниот сектор кои ќе придонесат во намалување на загадувањето. Во Германија јасно се гледаат предностите од обновливите извори на енергија и чекорите кои ги прави Северна Македонија во реформите на енергетскиот сектор“, истакна Холштајн.Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека Германија и „KfW“ се наши партнери во спроведување на зеленото сценарио преку поволни кредитни линии, преку стручна помош и преку неповратни средства - каков што е денешниот грант од 2,4 милиони евра.„Со средствата кои се предмет на потпишаниот грант ќе биде финансирана изработката на физибилити студии и студии за влијанието на животната средина и социјалните аспекти на проектите“, истакна Ковачевски.За директорот на „КfW“ за Македонија и Косово, Рене Ешеманн ова е голем важен чекор во соработката помеѓу двете држави и ја поздрави одлучноста на Владата за енергетска транзиција, обнова и пречиствање на енергетиката со зелени технологии.Со средствата од грантот ќе се поддржат фотоволтаични електрани во РЕК Битола со капацитет поголем од 140 MW, рехабилитација на трета фаза на големите хидроелектрани, изградба на нов ветерен парк во Миравци, модернизација и надградба на комплексот Енергетика во Гази Баба, и соларна топлификација во Битола. Со имплементацијата на овие енергетски проекти би се зголемило производството на електрична енергија за околу 650 GWh (гигават/ час).фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Interpol

Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол

Денеска во 11.50 часот во Скопје полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за меѓународни потраги го приведоа Б.А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години.Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zatvor

Притвор за лице кое опожари возило во Берово

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против беровец, за кој постои основано сомневање дека го сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 12.2.2021 година, околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото и имотот од големи размери. Тој со запалива течност – бензин полил, а потоа и запалил патничко моторно возило марка Пасат, паркирано на паркинг простор лоциран на улицата „Кеј на Младина“ во Берово. Во непосредна близина на возилото биле паркирани уште две возила, имало дрвен столб за ниско напонска мрежа и станбена зграда со 40 стана. Со неговите дејствија, осомничениот целосно го опожарил возилото и предизвикал поголема имотна штета во висина од 180 000 денари.Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Кочани поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Прифатлива е етничка определба во личните карти, но само како чисти Македонци без додавка - еве зошто

Единствена Македонија подржува законско решение во личните карти да се пишува и националната определба, но, само доколку Македонците се запишуваат како чисти Македонци без било каков опис и додавка, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во истото додаваат дека ова е посебно значајно за Македонците од неколу причини:Прво, со Договорот со Грција се брише името и идентитетот на македонскиот народ, а националната определба во личните карти како Македонец/Македонка е во прилог на афирмација на Македонците, посебно во ова тешко време кога сме изложени на удар од соседите за бришење на се што е македонско.Второ, во едно догледно време кога ќе се обноват постоечките лични карти поради истек на рокот, тоа би било индикатор да се преброиме по етничка припадност, што е посебно значајно во услови кога бројноста на албанското малцинство заради проценти од т.н рамковен договор се прикажува преку фалисфикувани пописи.Трето, се спречува можноста за калкулирање и лажно претставување на етничката припадност заради вработување според уставната можност за соодветна застапеност при вработување каде личната карта е основен документ.Четврто, личната карта е документ со кој веќе се патува во земјите во регинот а во догледно време и пошироко, со што се овозможува јасна слика на лицата кои вршат казнени дела во странство а кои во најголем дел се Албанци, а во тамошната странска јавност се прикажуваат како Македонци од Македонија што е лош впечаток за Македонија и Македонците.За Единствена Македонија единствено прифатливо решение е во личните карти да стои само Македонец/Македонка без додавки и без опис во смисла на Македонец/Граѓанин на Република Северна Македонија. Веруваме дека не постојат Македонци кои не би сакале да се запишат како Македонец/Македонка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

150057086_1472136416266615_3166629731410380199_o

Аеродром се збратимува со Палилула од Ниш

Првите луѓе на општините Аеродром и Палилула од Ниш почнаа постапка на збратимување и отворање нови можности за развој на европскиот пат. Во дводневната посета, градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин оствари низа средби со претседателот на Градската општона Палила, Братислав Вучковиќ, на кои беа договорени идните активности за соработка и збратимување.„Првите соседи треба да соработуваат. Планот вклучува заедничка соработка на европските фондови за решавање на еколошките проблеми, размена на искуства во работењето на владите за да се постигне европската агенда“, рече Братислав Вучковиќ, претседател на Градската општина Палилула.Градоначалникот Марин на средбите ја претстави четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Платформата вклучува дваесетина европски развојни проекти за чиста животна средина, подобар урбан живот и развој на руралните делови од руралните области на општината.Општинската делегација по барање на градоначалничката на Ниш, Драгана Сотировски, оствари средба со локалните власти, при што беше потврдена заложбата и идејата за збратимување на двете градски општини и иницираше средба меѓу градските власти на Скопје и Ниш.Делегацијата на Општина Аеродром оствари средба со Здружението на Македонци „Вардар“ во Ниш, на која се разговараше за можностите за потенцијална соработка со матичната држава. Исто така, беше предложена соработка на специјалното училиште „Бубањ“ од Палилула со институција од ист карактер во Скопје.Нашата делегација, во пресрет на Денот на државноста на Србија, присуствуваше на комеморативната средба и положи венец во чест на жртвите од логорот во Втората светска војна во местото Црвен крст.Делегацијата присуствуваше и на промоција на книга од проф. д-р Александар Симиќ во Центарот за култура во Ниш.Освен градоначалникот Марин, во делегацијата на Општина Аеродром беа и претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, раководителот на Секторот за работи на градоначалникот, Александар Ѓорѓиевски, и директорот на Јавното претпријатие со развојни проекти на Општина Аеродром, Владимир Стевков. фото:Општина Аеродром

Скопје | пред 5 години

benzine

Горивата поскапуваат

Од полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/литар, а „евросупер БС-98“ се зголемува 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 8.2.2021 година.Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,458 ден./кг и сега ќе изнесува 34,342 ден./кг.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

1-7

Течат разговори за редовна авионска линија Букурешт-Скопје-Букурешт

На денешната средба во Агенција за промоција и поддршка на туризмот на директорот г-дин Љупчо Јаневски со Генералниот директор на Аctive Watch г-дин Дан Пантео, Заменик-шеф на мисијата трет секретар г-ѓа Silvana Ivanovska и г-дин Целе Стојчески – VP Business Development Europe. 🇲🇰 🇷🇴.Состанокот ги опфати темите за зголемување на соработката со Романија и можностите за старт на редовна авионска линија Букурешт-Скопје-Букурешт, два пати во текот на неделата, објави на својот ФБ профил директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.Јаневски ги објави и авионски линии:-Нова бизнис линија – Букурешт – Скопје – Букурешт-Чартер линија – Букурешт – Охрид-Информативни патувања на блогери, влогери, инфлуенсери и телевизиски куќи од Романија-Б2Б состаноци на Македонскиот и Романскиот туристички сектор.фото: ФБ Љупчо Јаневски 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања