Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

lajka

Апел на ЈП „Лајка“: Пријавете бездомно куче на кое му треба згрижување

ЈП „Лајка“ упати апел до граѓаните да пријават бездомно куче на кое му треба згрижување на телефонските броеви: 02/2575-765 и 070 327 828.„Пред нас е период на студени денови со исклучително ниски температури и до -15 степени, кои се загрижувачки по здравјето и животот на бездомните кучиња. Секоја зима сме сведоци на кучиња кои се измрзнати, прегладнети, во болки и грч од студот. Појавата на хипотермија кај кучиња исто така е честа појава во зимскиот период, како последица на долгочасовна изложеност на ниски температури“, велат од „Лајка“.Од таму апелираат до оние кои имаат маалски миленици да им направат привремено засолниште, да ги отворат влезовите од нивните домови, да постават топла подлога за спиење, картон, ќебе, стара облека и да им остават храна и вода.фото: ЈП „Лајка“

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Главна сестра Темелковска и Д-р Наунова Јовановска од Инфективната клиника први ја примија вакцината против КОВИД-19

Денеска, во модуларната болница при Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби започна вакцинацијата на здравствените работници против КОВИД-19 во земјава.Први се вакцинираа Главна сестра Габриела Темелковска и примариус д-р Добринка Наунова Јовановска, специјалист за неуроинфекции од инфективната клиника - медицински работници со значајно искуство на клиниката и огромен придонес во борбата со Ковид-19. Д-р Наунова Јовановска е инфектолог кој интензивно работи на комуникација со матичните лекари, како и во лекување на пациенти со други инфективни заболувања сместени на други клиники.Сестра Темелковска и Д-р Наунова Јовановска ја примија вакцината на Фајзер, која пристигна со првата пратка во нашата земја од Република Србија.По примањето на вакцините против КОВИД-19, тие изјавија дека се чувствуваат добро и упатија порака дека имунизацијата е единствениот начин за да ставиме крај на пандемијата предизвикана од овој непредвидлив вирус.За денешниот ден, предвидено е вакцинирање на 260 здравствени работници. Согласно планот за вакцинација на здравствените работници, први ќе се вакцинираат оние здравствени работници кои работеле и работат со КОВИД пациенти од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, клиниките во склоп на интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Веќе од следната недела вакцинацијата ќе започне и кај медицинските лица во болниците низ државата, како и приватните болници.Наскоро, Северна Македонија ќе биде една од ретките земји во Европа во која ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници кои лекуваат пациенти заразени од коронавирус, согласно Планот за имунизација на населението од КОВИД-19.Во неделата, од Србија добивме 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер. На примопредавањето учествуваше делегација од Србија предводена од претседателот на државата Александар Вучиќ и делегација од земјава предводена од премиерот Зоран Заев. Во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите количини од Србија.До крајот на месец февруари, според последните информации од производителот, треба да пристигнат и вакцините од Народна Република Кина.Сите вакцини се развиени на безбедни платформи, а денешниот почеток на вакцинацијата против коронавирусот е почеток на последната фаза во борбата со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.фото: МЗ

Македонија | пред 5 години

16022021_PVRSM_sredba_gradonachalnici-1

Мерко: Зошто зборувате за рушење, јас кажував за градење, не за рушење - во Струга нема градби за рушење

Синоќа претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски остварија средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески. На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.Но, општина Струга не се сложува со ова. Првиот човек на општината, градоначалникот Рамиз Мерко во телефонски разговор за Скопје 1 на прашањето дали во Струга се точно прецизирани градбите кои требат да се рушат вели:-Зошто зборувате за рушење. Јас кажував за градење, не за рушење. Зборувавме, но дефинитивно немам став, вели Мерко.А на нашето прашање дали во Струга има многу градби кои треба да се рушат, Мерко категоричен:-Не воопшто нема. Му кажав на премиерот и секогаш му велам дека во Струга нема градби за рушење. Охрид е влезен во Езеро, ние немаме, ние сме ограничени со регионалниот пат и во делот заштитена зона јавен имот во никој случај не смееме да градиме и не градиме, катекоричен е Мерко.Во Општина Охрид пак направен е список со плажи ( објекти ) кои треба да се отстранат од брегот на езерото и тоа по редослед според тоа која плажа најдолго работела без договор со државата.Деновиве од општината биле испратени известувања до лицата кои се третираат како сопственици на овие нелегални објекти во кое по којзнае кој пат се информираат дека објектите треба да ги отстранат сами бидејќи во спротивно ќе им бидат урнати и ќе треба да платат за трошоците од уривањето и депонирањето на градежниот отпад.Инаку вчера Владата го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25 февруари 2021 година.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

ljube-boskovski-2

Судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ се враќа на повторно судење

Судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ се враќа на повторно судење, по барање на одбраната.„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно“, соопшти Кривичниот суд.Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор. Во 2016 година тој излезе од затворот во Идризово каде ја отслужуваше казната.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

tasna

Обвинение за 24-годишниот жител на Свети Николе за продолжено кривично дело тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба, казниво согласно член 236 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.На 11 февруари, обвинетиот 24-годишниот жител на Свети Николе извршил две временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото кривично дело.На улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда, тој на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети. Кога забележал една оштетена, ѝ пристапил од зад грб, ја исплашил и ја вознемирил, па ја повлекол и ѝ ја одзел чантата што ја носела. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 4.500 денари.Потоа се упатил кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улица „16-та Македонска Бригада“, ја разбил двојната надворешна врата на амфитеатарот и започнал да пребарува, со цел да пронајде предмети кои би можел противправно да ги присвои. Пребарувајќи, скршил уште четири врати од други простории и претурал, но чуварот го затекнал и го спречил во намерата. Откако бил приведен, полициски службеници кај него ја пронашле претходно украдената чанта.Ценејќи дека се уште постојат законските основи за кои на обвинетиот во текот на претходна постапка му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на притворската мерка.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: На најблиските им имам оставено аманет дa ги дapyвaaт мoитe opгaни

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видеообраќање се обрати на сите граѓани и граѓанки во име на ширењето на свеста и на едукацијата за донирање органи и ткива.Заев во обраќањето истакна:Во оваа прилика, сакам да изразам огромна поддршка и солидарност кон оние кои чекаат пресадување органи, како и огромна благодарност кон сите дарители и нивните семејства, кои на многу благороден начин го спасуваат животот на другиот.Понекогаш, пресадувањето органи и ткива е единствен метод за лекување на болните и спас за животот на некои наши сограѓани. Најголем проблем претставува недостигот од органи и ткива, кои се соодветни запресадување и донори. Во таа насока секој од нас може да придонесе. На пример, секој од нас може да се посвети на ширењето на свеста и на едукацијата за донирање органи и ткива. Со едукација и споделување на пораката „Дарувај живот“, може секој ден да правиме по еден чекор за да помогнеме да спасиме и излечиме повеќе животи и да ја почитуваме и славиме дарежливоста и сочувствувањето на донорите.Секако, нашите мисли постојано треба да бидат со оние кои во моментов чекаат на органи за трансплантација и за спас на нивниот живот, но и да се сеќаваме на оние кои починале чекајќи затоа што орган не бил дониран на време.Пресадувањето органи е едно од најголемите достигнувања на модерната медицина и нашите здравствени работници имаат сериозно искуство во оваа дејност. Минатото лето, во време кога целото наше внимание, сиот наш здравствен систем е ставен во функција на справување со најголемата глобална здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, нашите врвни лекари и асистентскиот медицински персонал се обединија и ја направија првата трансплантација на срце од починат донор. Ги здружија капацитетите, знаењата, искуството и стручност за да извршат зафат што претставува круна во кардиологијата и медицината воопшто.Сметам дека тоа е силно охрабрување и за дарителите на органи.Не постои ништо похумано од тоа некому да му го продолжите животот, со донирање орган, а не постои поголемо охрабрување и надминување на стравовите и дилемите околу донирањето доколку сите ние повеќе зборуваме за тоа.Токму затоа за ова прашање имам разговарано со најтесниот круг од моето семејство и имам оставено аманет дека сум подготвен лично да придонесам нечиј живот да биде спасен.И на крајот, сакам уште да ги повикам сите граѓани да прифатат дека органодарителството е највисок акт на човечност и хуманост, и ја подига свеста за уште многу успешни трансплантации за излекување и за спасени животи“.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-1

(ЖИВО) Започнa вакцинацијата на здравствените работници

Денеска започна вакцинацијата со првата доза на вакцината на Фајзер. Први се вакцинираат здравствените работници кои работат во модуларната болница на инфективната клиника во Скопје, а останатите кога ќе дојдат нарачаните дози.Денеска е предвидено да бидат вакцинирани 260 здравствени работници.Македонија процесот на имунизација го почнува со вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци до Шилегов: Место да намалиш даноци, да дадеш поволности во време на пандемија ти нагрбачуваш нови давачки

На Петре му текна во 4 година од мандат да дава предлози за смена на имиња на многу улици, ама скопјани ќе трчаат да менуваат лични карти и пасоши....хехехе. Екстра трошоци, баце, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објавата додава:А, бе, Петре...тапа џонсон ти е работа!Место да намалиш даноци, да дадеш поволности во време на пандемија, рати, нешто (на вода, ѓубрарина, данок на имот...) ти нагрбачуваш нови давачки.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

ЦО на СДСМ: Распишани внатрепартиските избори, на 21 март членовите на СДСМ бираат претседател

Централниот одбор на СДСМ ја одржа деветнаесеттата седница на чиј дневен ред беа повеќе точки за процесите кои течат во партијата, промените, модернизацијата и демократизацијата, а се дискутираше и за најзначајните општествени прашања од интерес на граѓаните.Беше заклучено дека процесот на ажурирање на членството тече одлично ширум републиката и дека се создадени сите услови за следната фаза, одржување на првите внатрепартиски избори.Централниот одбор донесе одлука дека на 21 март оваа година ќе се одржат првите внатрепартиски непосредни избори за избор на претседател на СДСМ.Ова е врв на внатрепартиската демократија и тоа во земјава за прв пак ќе го направи СДСМ.Во оваа насока ЦО на СДСМ го утврди Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ и воедно донесе одлука за формирање на Централна изборна комисија која ќе ги спроведе внатрепартиските избори.За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата (Претседател, Заменик претседател, член на Централниот одбор или член на Надзорниот одбор на партијата).Во своето обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека процесот на непосредни внатрепартиски избори, ја става СДСМ во врвот на најмодерните партии на светско ниво.„Горди сме што сме пример и што водиме напред во многу државни но и партиски процеси. СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните и да внесе нови демократски вредности во нашето општество. На овој начин ќе поттикнеме поголема демократија во државата, но и други партии во нашата држава да се демократизираат. Носиме нова, додадена вредност во плурализмот во Република Северна Македонија." порача претседателот Заев.Генералниот секретар, Љупчо Николовски акцентираше дека СДСМ, како модерна, напредна и организирана партија е целосно подготвена за овој процес од сите можни аспекти.„Веќе од утре Централната изборна комисија ќе започне да функционира, во сите 80 општини каде што СДСМ има општински организации ќе се формираат општински изборни комисии, ќе следуваат и Одбори на избирачките места и се што е потребно за овој процес кој за прв пат се организира кај нас. СДСМ е прогресивна, модерна, европска партија и овој процес ќе го направиме по највисоките демократски и организациски стандарди. Следуваат серија активности за кои граѓаните ќе бидат информирани“ рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

16022021_PVRSM_sredba_gradonachalnici-2

Заев со Георгиески, Мерко, Ногачески: Да ги усогласиме напорите за заедничка акција за отстранување на ризиците по заштитениот Oхридски Pегион и Охридското Езеро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески.На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион и на развојните планови на општините.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Нема да размислуваме дали да се разреши директор или раководител ако се утврди одговорност

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, потенцираше дека одговорност или разрешување ќе има за секој за кого ќе се утврдат неправилности, без разлика дали станува збор за директор или раководител во здравствена установа.Во вечерашново гостување во вестите на Сител, во врска со последните случувања во Струга, Филипче истакна дека извештаите од ДСЗИ се завршени, а се чекаат стручните надзори кои ги врши Лекарска комора, по што министерството ќе постапи согласно наодите.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-i-MTSP-Shahpaska-so-stopanski-komori-6

Битиќи и Шахпаска на средба со стопанските комори: Недела - ден за неделен одмор е решение кое ќе влијае на поголема продуктивност

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и советникот на Премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, денес остварија средба со претставници на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ), со кои дискутираа за нацрт решението на измени и дополнувања на Законот за работни односи, кои се однесуваат за „Недела - неработен ден“.Вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска посочија дека Владата останува отворена за дискусија со сите чинители на економското живеење, за секоја иницијатива поврзана со нивното делување. Ваквиот транспарентен и инклузивен начин на работа покажа дека кога решенијата се носат со заеднички консензус на сите вклучени страни имаат најпозитивен ефект.Презентирајќи го нацрт-решението на измените и дополнувањата на Законот за работни односи, министерката Шахпаска посочи дека главните поенти на ова законско решение се:- Неделата ќе биде ден за неделен одмор на работниците;- Ќе постојат исклучоци во одредени дејности кои ќе бидат стриктно наведени во законското решение, а кои поради природата на технолошко-техничкиот процес не може да запрат со работа или се неопходни за нормално функционирање на целото општество;- Сите работници и работнички ангажирани во компании кои припаѓаат во дејностите кои се дефинирани како исклучоци, ќе мора да добијат соодветен надомест за нивниот работен ангажман, дефиниран со Закон и колективен договор;- Сите работнички и работници кои ќе бидат ангажирани во недела, ќе мора да добијат дополнителен слободен ден за одмор во текот на наредната работна седмица.Битиќи и Шахпаска, нагласија дека со ова законско решение очекуваат да се зголеми задоволството и благосостојбата на работничките и работниците, а со тоа и да се зголеми нивната продуктивност на работните места, што би било во интерес и на работодовачите и на работниците.Законското решение за недела неработен ден, кое е дел од Програмата на Владата, сеуште се дискутира помеѓу сите засегнати страни, во интерес на изнаоѓање на најсоодветно решение со кое би биле задоволни и синдикалните организации, како претставници на работниците и стопанските комори, како претставници на компаниите.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Град Скопје ја дополнува листата за имиња на улиците

Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на Листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје.Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот.Град Скопје спроведе on-line анкета во летото 2019-та година на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Во листата се вклучени имињата на народни херои и други носители на позначајни државни одликувања, познати личности и настани од светската историја, имињата на скопските градоначалници, ректори на скопскиот универзитет, академици, државници, стопанственици, научници, спортисти, уметници и др.Согласно Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти Името на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект може да биде определено со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум, врз основа на листа на имиња.Законот предвидува две одделни постапки за утврдување на имиња и нивно задавање не конкретни топоними. Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата.По добиената согласност од Владата, Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот.Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

target-tvrdina

(ВИДЕО) Јавното обвинителство побара максимална казна за Сашо Мијалков

Во Кривичниот суд во Скопје денеска завршните зборови на обвинителката Ленче Ристоска за случајот со кодно име „Таргет-Тврдина“. https://twitter.com/Trollowsky/status/1361716011930648578?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1361716011930648578%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2Fd0bbed0bdd187e-d0b3d0be-cd182ad0bfd0b8ca-md0b8jad0bbd0bad0bed0b2-d0bfd0bed0b1apa-d0bcakcd0b8d0bcad0bbd0bda-kad0b7d0bdd0b0-d0b7%2FВо случајот првообвинет е екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, а обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски кои избегаа во Грција и им се суди во отсуство, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4. 286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби.Комуникацијата, според обвинителството, била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби и на 1. 541 број или вкупно 5. 827 телефонски броја.Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Февруарските пензии ќе започнат да се исплаќаат од 25 февруари

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.02.2021 година на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник ); и- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник ).На предлог на Министерството за здравство, Владата ја разгледа и усвои Информација со Предлог - барање за автентично толкување на членот 49 став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до Собранието на Република Северна Македонија.Оваа постапка Владата ја покренува заради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и заради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, односно дали сушениот цвет може да добие третман на препарат на супстанции и растенија класифицирани во листите II и III, којшто е подобен за извоз надвор од територијата на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid_030

Влада: Усвоен извештајот за Охрид што ќе биде испратен во УНЕСКО

Владата го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25 февруари 2021 година.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-3

Мицкоски за Северна Македонија вели “државата со нова придавка”

Во денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со новите измени на законот за лични карти, истакна дека не гледа проблем во тоа и сака да се идентификува себеси во личните документи и патните исправи како Македонец, наспроти тврдењата на определени политичари дека треба да се создаде нова нација со граѓанскиот концепт „граѓанин на државата со новата придавка“.-Смешно и небулозно е да се даваат такви квалификации за македонскиот народ и македонската нација којашто е притисната, угнетена и нација и народ којшто е доведен практично со грбот до ѕид. Има таму професори универзитетски во тие политички партии нека ги земат формуларите на универзитетите каде што студентите се пријавуваат и нека прочитаат дали се идентификува националната припадност на студентот којшто се запишува на универзитетите. Така што јас навистина немам ништо повеќе да кажам од следново. Во јавноста постои информација којашто е на ниво на би рекол политичка калкулација, а тоа дека прва и основна точка на политички договор помеѓу СДСМ и БЕСА била токму оваа измена во личните карти, односно враќање на старото решение пред потпишување на Преспанскиот договор, кога се брише националност и се додава државјанство, односно граѓанин на државата со новата придавка. Понатаму откако се формира новата влада доаѓа до политички консултации помеѓу владините партнери БЕСА и СДСМ и откако е направена консултација со дипломатски претставник на една соседна држава СДСМ и раководството ретерира од овој претходен договор којшто го има со БЕСА, бидејќи јасно им е ставено до знаење од страна на тој дипломатски претставник на раководството на СДСМ дека тоа би значело „breach of the agreement“ или на македонски јазик „прекршување на договорот. Откако се соочиле со таа вистина почнале да бараат „спаринг партнери“ на политичката сцена коишто наместо нив ќе играат улогата на кочничари на ова решение. И оттука се појавуваат определени политички партии коишто сега нас не убедуваат дека ние треба да создадеме нова нација, којашто ќе се идентификува со граѓанскиот концепт „граѓанин на државата со новата придавка“. Јас сакам со мојата лична карта да стои мојата нација, македонската, бидејќи јас сум Македонец и сакам да се идентификувам како Македонец и навистина тука не гледам ништо лошо, ниту спротивно на она што е вековна заложба на овој народ и граѓаните коишто себеси се идентификуваат по род Македонци и сакаат во нивните документи и патни исправи да стои дека се Македонци, а не „граѓани на државата со новата придавка и новото име“ и на тој начин создавање на вештачка нација – образложи Мицкоски во одговор на новинарско прашање.Мицкоски посочи исто така дека ова е реалноста поврзана со оваа политичка гимнастика и акробација којашто денеска се случува, а која Зоран Заев ја најавил за време на пратеничките прашања на 30-ти декември, кога на едно реторичко прашање јасно кажал дека пред изборите обезбедувал логистика, спонзорирал и преговарал со таканаречените „кукавички јајца“ во опозицијата.- Јас не гледам ништо страшно во тоа, ниту пак нешто спорно во тоа да во мојата лична карта или патна исправа стои идентитет како Македонец, односно мојата национална припадност дека сум дел од македонскиот народ, а македонскиот народ не само што со векови е парчосуван и угнетуван, туку гледаме и денеска овие политичари, за да ја спасуваат својата политичка кариера и политичка кожа, се обидуваат на секој начин да прават политичка гимнастика и дополнително да го уништуваат нашето македонско национално достоинство. Ако можат студентите себеси во формуларите на факултетите да ја запишуваaт својата нација, затоа што се горди на својата нација, зашто јас во мојот документ за идентификација и зошто во мојата патна исправа да не стои тоа, туку да формираме една нова вештачка нација којашто ќе биде „граѓанин на државата со новата придавка“ – објасни Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

zamok-skopje

Сте знаеле ли дека во Скопје има ваков замок?

Оваа уникатна градба, позната како Малиот замок се наоѓа помеѓу селото Долно Лисиче и Драчево. Неодамна, тука функционирала детска игротека, но пандемијата ги принудила сопствениците да стават катанец на портите во исчекување на подобри времиња, па денес, замокот е само декорација на овој приградски дел од Скопје и претставува вистински контраст на нејзиното опкружување, се вели во објавата на ФБ од Марко Џамбазоски.

Скопје | пред 5 години

zaeva

Мијалков ја слушал и сопругата на Заев, објавено и колку време

Обвинителката Ленче Ристоска во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“, истакна дека има три категории на оштетени лица од масовното незаконско прислушување во УБК.Таа прочита за секој од оштетените колку денови бил прислушуван, па така на пример сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, била прислушувана 285 дена, новинарката Оливера Трајковска била прислушувана на три телефона и тоа по 400, 638 и 1.589 дена. Новинарот Васко Попетрески бил „таргет“ 954, 222 и 1.588 дена, на три телефона.Уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, била нелегално прислушувана 401 и 315 дена на два телефона, Горан Михајловски 362 дена, Младен Чадиковски 471 дена, Фатмир Бесими 1.422, Хари Костов 746 денa, објави ФОКУС. Организатор на нелегалното прислушување во УБК бил тогашниот директор Сашо Мијалков. Од него не очекуваме да признае дека ја организирал групата, бидејќи за цело време се трудел да ги сокрие трагите.Ова во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“ го поентираше обвинителот Трајче Пеливанов.Текстот во целост на: ФОКУС. фото: Дневни Новости 

Македонија | пред 5 години

16022021_PVRSM-Zaev_pres-konferencija_1

Заев: Пред нас е стабилна и развојна економија - го донесовме петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра

На денешната владина седница донесен е петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните и за компаниите, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Петтиот пакет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра.На прес-конференцијата присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.„Mерките вклучени во петтиот пакет ќе го заокружат процесот на директна поддршка, со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од економската криза предизвикана од пандемијата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително ќе се стимулира. Со кредити со ниски каматни стапки и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП од вториот квартал на 2021 година.Петтиот сет содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони се директни буџетски трошења, истакна премиерот Зоран Заев.Заев кажа дека мерките се распределени во 4 главни столбови:1. Директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани.2. Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници.3. Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки4. Поддршка за граѓанитеПрвата мерка е финансиска поддршка на плати за вработените во висина од 1 милијарда и деветстотини и дваесет милиони денари за месеците февруари и март 2021 година со опфат од околу 60.000 работници месечно.Финансиската поддршка ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, за да се поддржат работните места во домашните компании во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 - значи три исти месеци се споредуваат со три исти месеци пред една година.Мерката број еден е опциона и компаниите имаат избор да ја користат или неа, или мерката 2 - кредити со 0% камати за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи и слично, преку Развојната банка на Северна Македонија. Оваа мерка е во висина од 615 милиони денари и за неа може да се аплицира во текот на 2021 година.Оваа мерка се однесува и на Самостојните вршители на дејност и на Приватните здравствени установи. Во зависност од вкупниот поголем обем на работа и зголемената добивка ќе имаат можност компаниите да добијат скалесто неповратен дел од кредит од 30% до 50% од самиот кредит.Како трета, ја предвидовме и конкретната мерка за финансиска поддршка за 120 радиодифузери во висина од 50 милиони денари за 2021 година. Со оваа мерка 120 радиодифузери, односно радија и телевизии кои имаат активни концесии за емитување на радио и телевизиска програма ќе бидат ослободени од годишната давачка за концесијата.Под број 4 е ослободувањето од надоместокот за мултиплекс фреквенција за цела 2021 година. Оваа мерка ги опфаќа радиодифузерите во земјата на кои ќе им се покријат трошоците за 2021 година за дигиталниот терестријален мултиплекс и дозвола за емитување. Оваа одлука е согласно Законот за електронски комуникации, а има за цел ублажување на економските последици врз медиумскиот радиодифузен сектор предизвикани од коронавирусот.Под број пет е мерката за финансиска поддршка за регистрираните занаетчии за 2021 година.На занаетчиите ќе им се овозможи решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година.Шеста мерка е финансиската поддршка за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година. Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а целна група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021.Следната мерка, број 7, е за транспортните компании, финансиска поддршка за меѓународните транспортери. Станува збор за поддршка на компании чиј вкупен број вработени е околу илјада и кои се запишани во регистарот на превозници кој се води во Министерството за транспорт и врски, а кои вршат меѓународен линиски или слободен превоз на патници.Осма на листата мерки е финансиска поддршка од 3.000 до 10.000 евра за компании кои имаат пад на приходите во 2020 за повеќе од 50% споредено со 2019 година. Ќе се реализира скалесто во зависност од падот на приходите од 50% па нагоре и е предвидена за регистрирани компании кои вршат транспорт на патници. Износот за реализација на оваа мерка е 40 милиони денари за околу 200 корисници.Деветта е мерката Кредитна гарантна шема во вредност од 307,5 милиони денари.Со оваа мерка ќе биде креирана нова гарантна кредитна линија во износ од 5 милиони евра, дистрибуирана преку Развојната банка на Северна Македонија. Се очекува државата да биде гарант за кредити кои компаниите ќе ги земат од комерцијалните банки во износ од околу 30 милиони евра.Како 10-та е мерката со која го продолжуваме грејс периодот за плаќање на обврските за корисниците на кредитите од кредитната линија „Ковид 2“ кај Развојната банка до крајот на 2021 година.Мерка 11 e поддршка за индустријата и операторите за организација на настани за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес во висина од 61 милион денари.Оваа мерка е наменета за правните субјекти кои организираат јавни настани, односно маркетинг и ивент агенции, продукции и други оператори од индустријата за организација на настани, со што меѓу другото ќе се ангажираат и изведувачи, едукатори, културни работници, уметници, музичари и други професии од оваа ивент индустријата кои се директно погодени од пандемијата, истакна Заев.Премиерот истакна дека програмата ќе ја реализира Генералниот секретаријат на Владата при што апликантите, односно операторите кои организираат јавни настани ќе треба да се придржуваат до следните критериуми: прво, настани на зададена тема од исклучителен јавен и државен интерес, второ обезбедување видливост на настанот пред широка домашна јавност преку партнерства со националните и останатите телевизии и преку другите видови медиуми и трето - вклучување изведувачи, едукатори, културни оператори, уметници, музичари и други во продукцијата на содржини во рамки на настаните од јавен интерес.Дванаесетта е мерката за секторот туризам. Станува збор за финансиска поддршка на хотели кои функционираат надвор од туристичките центри.Износот е 64,6 милиони денари за 2021 година. Поддршката ќе се пресметува по регистрирани легла кај хотелите и согласно методологијата за категоризација која ќе биде дефинирана од Министерството за економија.Следната мерка, мерка 13, е за извозните компании – тоа е финансиска поддршка преку основање Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 615 милиони денари, кој ќе се воспостави преку Развојната банка на Северна Македонија. Се работи за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат.Како 14-та е мерката за спортските клубови. Предвидено е 33% од сумата што спортските клубови ја добиваат според ваучерскиот систем да се исплати од буџетот на почетокот на годината. Оваа мерка е во износ од 184,5 милиони денари.За 2020 година, преку овој систем за даночни ослободувања кои одат во спортските клубови искористени се околу 9,2 милиони евра, според евиденцијата на Агенцијата за млади и спорт.Мерката 15 беше прва објавена во рамки на петтиот пакет економски мерки. Се работи за укинување на царински стапки за 71 суровина до крајот на 2021 година.Станува збор за автономна мерка за извозно ориентираните компании со фискални импликации од ослободувањето во висина од 436,6 милиони денари.Под бројот 16 е мерката која е веќе донесена и е наменета за извозните компании со важност до крајот на 2021 година. Се работи за укинување или намалување на царински стапки за 31 суровина и за месо. Фискалните импликации од оваа мерка се 228,2 милиони денари.И мерката 17 е за извозните компании, а целта е усогласување со правилата и царинскиот третман на производите и услугите на пазарот во Северна Македонија со единствениот пазар на Европската Унија и пазарите на земјите членки на Светската трговска организација. Проценетите фискални импликации се околу 615 милиони денари.Со мерка 18 ги олеснуваме условите за 245 компании кои имаат активни договори како и за потенцијално новите компании кои ќе инвестираат според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.19-та е мерката за микро, мали и средни претпријатија, како и за приватните здравствени установи. Финансиска поддршка преку кофинансирана помош за технолошки развој за забрзан економски раст во период на ковид – преку Фондот за иновации и технолошки развој во висина од 369 милиони денари.Целта е да обезбедиме финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатијата и на приватни здравствени установи за забрзан економски раст.Како 20-та мерка предвидовме пренамена на средства од блок дотации кои општините ги имаат заштедено или неискористено во текот на 2020 и 2021 за капитални инвестиции.И тутунарите се опфатени во овој пакет мерки со финансиска поддршка со мерката број 21. Министерот за земјоделство, заменикот и нивните тимови најдоа начин да помогнат на тутунарите. Оваа мерка е за да ги спречиме последиците од ограничување во превозот и трговијата, како и од падот на потрошувачката на тутунски преработки на светско ниво. Вредноста за оваа мерка е 307,5 милиони денари за 2021 година. Министерот Арјанит Хоџа ќе ги соопшти деталите пред тутунарите.Со мерката 22, како што најавивме, го вклучивме бришењето камати на граѓаните кон Јавни институции и претпријатија.Со оваа мерка со законски измени ќе се нареди на Јавните комунални претпријатија, Јавните претпријатија и Управата за Јавни приходи, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности да ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100%. Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја.Главнината која ја должат повеќе од три месеци по основ на испорачани комунални и други јавни услуги, даноци и данок на имот, ќе може да се репрограмира за плаќање во период од 12 месеци.Реализацијата на мерката за репрограмирање ќе се направи преку објава на Јавен повик во траење од 5 месеци во рамки на кои граѓаните ќе побараат репрограмирање на долговите.Мерката не се однесува на долгови кон ЕВН, БЕГ и други приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, како и на правните лица кои се корисници на ваквите услуги или даночни обврзници. Но сакам да ја искористам приликата отворено и јавно да ги замолам и приватните компании да се вклучат во оваа мерка, затоа што се свесни дека голем број на граѓани тешко ги плаќаат заостанатите долгови. Не сакам да ги обесхрабрам граѓаните кои редовни плаќаат, сепак ова е чин на солидарност, главниот долг останува за се плати, ќе бидат избришани каматите. Сите треба да ги плаќаме јавните давачки, а за најсиромашните државата излегува пресрет со бришење на каматите.Со мерката под број 23 финансиски ќе ги поддржиме здравствени работници кои не беа опфатени со третиот пакет мерки. Станува збор за мал број на корисници, а предвиден е износ од 570 илјади денари.Средствата се наменети за здравствените работници од болниците во Струмица и Гостивар.Со мерката 24 се продолжуваат лиценците и дозволите за една година на субјектите како што се: ноќни клубови, кабареа, ловишта, аеродроми и слично. Мерката ќе се спроведе со јавен повик од сите засегнати институции и ќе се овозможи продолжување на правото на користење без надомест. Исклучок од оваа мерка се: концесионери на рудници, ископ на песок и чакал, казина, автомат-клубови и обложувалници.И следната мерка, 25-та, e ослободување од договорни обврски, поточно ослободување од плаќање пенали за компаниите кои имаат потпишано договори со Единиците на локалната самоуправа, а во истите е предвидена клаузула за плаќање пенали за проблеми при реализација. Дадена е можност со одлука на совет на општина примената на истата одредба да се одложи на минимум 1 година од сега.Следната, 26-та мерка, е за преработувачите и извозниците на грозје кои не успеале да аплицираат на повикот од четвртиот пакет мерки во износ од 40 милиони денари.Со мерката 27 овозможуваме финансиска поддршка за Роми претприемачи преку креирање на „Мечинг фонд за претприемништво за Роми“. Вредноста за оваа мерка е 123 милиони денари за 2021 година, а наменета е пред се за микро и малите компании кои имаат ризици во работењето. Исто така, намерата е голем дел од оваа ранлива категорија граѓани да добие финансиска поддршка со цел формализирање на нивната дејност. Регионалната ромска програма РЕДИ има определено износ од околу 1 милион евра за Северна Македонија, за што упатуваме огромна благодарност, а нашето финансиско учество во овој фонд се очекува да биде на слично ниво.Мерка 28 е зголемувањето на прагот на ослободување на оданочување со данок на добивка на Регресот за годишен одмор од постоечките 40% на 80%.Со мерката се опфатени компаниите кои имаат обврска да исплаќаат регрес на своите вработени.И како последна 29-та мерка, но исто така од голема важност, е поддршката за дигитална трансформација на бизнисите кои имаат ниско ниво на дигитализација со цел побрза пост-ковид ревитализација. Оваа мерка вклучува низа поволности наменети за малите и микро претпријатија во вкупен износ од 25 милиони денари за 2021 година. Министерството за информатичко општество и администрација ќе ја спроведува оваа мерка.Во текот на целиот овој период од март минатата година до денес, покажавме максимална посветеност за грижа за здравјето, за работата на претпријатијата и за зачувување на работните места на нашите граѓани. Целта беше јасна – да ја одржиме економијата жива и витална, да имаме активни дејности кои овозможуваат проток, ликвидност, активност. И успеавме, успеваме.Стопанството е поддржано како никогаш досега. Дополнително, редовно се исплаќаат платите, пензиите, социјалната заштита, и ги реализираме сите мерки за поддршка на економијата и граѓаните.Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра.Со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и мерките од Планот за економски раст со 11,5 милиони евра се поддржани 140 компании кои инвестираа во 2019 година.За 39 странски компании кои функционираат во зоните и надвор од нив, преку мерките за кои се склучени договори, во 2020 се исплатени 25,6 милиони евра, а преку инструментите на ФИТР во 2020 година се исплатени 8,5 милиони евра на 266 компании.Сега е вистински момент да продолжиме да ја стимулираме развојната компонента на компаниите кои покажуваат проактивност, резултати, вработуваат и придонесуваат за развој на националната економија. Пред нас е стабилна и развојна економија.Имаме сериозни и чесни компании кои инвестираат, вработуваат, придонесуваат и ја ценат сопствената држава. Но, имаше и такви кои ги злоупотребуваа државните средства. Ги злоупотребуваа народните пари.Во таа насока државата секогаш ќе стои на страната на оние кои работат чесно, согласно законот, вложуваат во нови инвестиции и сопствениот развој, во развојот на вработените и на општеството, а силно ќе се бориме против злоупотреби и против сивата економија.Сите извлековме поука од пандемијата и треба обединети да придонесеме за развој и раст на економијата, а Владата е тука да создава услови и деловен амбиент за работа, развој на инвестиции, на извозот, а со тоа и на севкупната економија.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

deca-korona

Денеска регистрирани 358 нов случаj на Ковид 19, а оздравени 341 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во:Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5, Струмица и Гевгелија – по 4, Струга, Делчево и Валандово - по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип - по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.Регистрирани се 341 оздравени пациенти од:Скопје – 186, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Тетово – 16, Прилеп – 14, Струмица – 11, Битола и Гевгелија – по 9, Гостивар, Велес, Дебар и Ресен - по 7, Кичево, Берово и Демир Капија – по 5, Радовиш – 3, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.Пријавени се вкупно 5 починати лица.Починати се 3 пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по 1 пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г) .Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 2275 тест преку: ИЈЗ-405, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-214, Биотек-213, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Систина-196, лабораторија Лаор–130, МАНУ-6, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-59, Ремедика-28, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 768, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 42589, активни 2767Куманово 5386, активни 237Тетово 5283, активни 213Прилеп 4883, активни 332Гостивар 3705, активни 113Штип 3571, активни 79Битола 3326, активни 124Велес 3300, активни 235Охрид 3048, активни 367Кавадарци 2974, активни 415Струмица 2630, активни 146Струга 2324, активни 162Кочани 1773, активни 48Кичево 1751, активни 66Свети Николе 1100, активни 25Гевгелија 1078, активни 96Неготино 1048, активни 88Дебар 778, активни 35Ресен 779, активни 62Крива Паланка 766, активни 43Радовиш 741, активни 45Делчево 702, активни 215Берово 624, активни 30Пробиштип 523, активни 19Виница 504, активни 22Валандово 341, активни 14Демир Хисар 256, активни 11Кратово 252, активни 25Македонски Брод 251, активни 10Крушево 240, активни 44Богданци 233, активни 10Демир Капија 227, активни 34Македонска Каменица 192, активни 4Пехчево 183, активни 3Дојран 95, активни 13фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Slavco

Охриѓанецот Цветкоски месец и половина живее без струја, вели „ЕВН ми пронајде долг од пред неколку години кој требаше да ми биде простен“

Славчо Цветкоски од с. Лескоец - Охридско, во време од корона во време од финансиска криза веќе месец и половина, со својата мајка живее без струја.„Исклучена ми е струјата, поради не платена сметка заборавена во време од корона без да ме опоменет. А ми го извадија и броилото кое го имам платено. Ме теретат за кражба на струја. Како би можел да крадам струја, кога не се разбирам во тоа“, вели Цветкоски.Тој образложува дека не добил  опомена.„Не добив никаква опомена  дека имам заостанат долг, за неплатена сметка. Пронашле стар долг од пред две три години што сме го имале, кој требаше да ни биди опростен од претходната влада, а не ни го опростиле од незнам кои причини, добив само некое несватливо образложение“, раскажува Цветкоски.На прашањето за колку неплатени сметки ЕВН му ја исклучила струјата тој вели:„Долгот беше за еден месец, за тоа ми ја исклучија струјата, го подмирив долгот за што имам и докази дека имам платено. Кога го платив овој долг, го побараа стариот долг од пред неколку години кој имаше судска неразрешница. Тогаш ни рекоа да продолжиме редовно да плаќаме, а долгот да си остане долг.  А како да го платам стариот долг не знам. Не сум вработен. Чекам некоја минимална социјална помош. Во кризава почнав да се пријавувам. А порано се снаоѓав, заработував, за да не зависам од никого. Се чувствувам работоспособен, сакам да заработам чесно, а не да зависам од некого“, вели Цветкоски. 

Македонија | пред 5 години

mitko-jancev

Јанчев за Фактор: Доколку се изгласа недоверба на Мицкоски, ќе се пријавам за нов лидер

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вели дека би се кандидирал за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, доколку на вонредниот конгрес најавен за 28-ми март му биде изгласана недоверба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски.-Доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата – рече Јанчев за Фактор.Инаку, Иницијативниот одобор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека имаат обезбедено двотретинско мноизинство, што е неопходно за конгресот да биде легитимен.Текстот во целост на: Фактор.

Македонија | пред 5 години

struha-leskoec

ЕВН: Цветкоски има неплатени фактури, но и во неколку наврати неовластено користел електрична енергија

Славчо Цветкоски од с. Лескоец – Охридско, во време од корона во време од финансиска криза веќе месец и половина, со својата мајка живее без струја. Тој раскажува дека без опомена му била исклучена струјата.„Исклучена ми е струјата, поради не платена сметка заборавена во време од корона без да ме опоменет. А ми го извадија и сатот кој го имам платено. Ме теретат за кражба на струја. Како би можел да крадам струја, кога не се разбирам во тоа“, вели Цветкоски.Од ЕВН не се сложуваат со Цветкоски. На прашањето зошто му е исклучена електричната енергија на потрошувачот тие велат:Корисникот Цветкоски од охридското село Лескоец бил исклучен поради неплатени фактури за електрична енергија на ден 27.12.2020 г.На неговата корисничка шифра фигурира огромен износ на акумулирани неплатени фактури за електрична енергија. Корисникот во неколку наврати извршил и манипулации на броилото при што неовластено користел електрична енергија.На ден 10.02.2021 му е демонтирано броилото, повторно како последица на неовластено користење на електрична енергија.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

Lidija-nedelkovska

Врховната судијка Лидија Неделкова едногласно разрешена и суспендирана

Со 10 гласови „за“ и ниту еден „против“ судскиот Совет денеска ја разреши судијката од Врховниот суд Лидија Неделкова. Претставката против неа ја поднесе екс судијата од Врховен, Јово Вангеловски, поради несовесно и нестручно постапување.Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев по завршувањето на седницата изјави дека Неделкова е разрешена и суспендирана, односно времено оддалечена од извршувањето на судиската функција до правосилноста на одлуката.фото:  YouTube 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања