Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

15022021_PVRSM_Zaev_sredba-Sojuz-na-srednoskolci

Владата и средношколците се договорија, матура на 5 јуни со два екстерни и два интерни предмети

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција информираше дека е пронајдено решение со средношколците, кои бараа бројот на екстерни предмети да биде два.„Се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се согласивме да се трансформира во интерен испит. Вака ниту еден матурант нема да има проблем да се запише на некој од домашните или странските престижни универзитети. Се договоривме и за формирање на работна група меѓу Бирото за развој на образование во надлежност на МОН и Сојузот на средношколците каде ќе се одлучува за кратење на програмите за екстерните испити“, посочи Заев.Сегашниот модел се состои од три екстерни и еден интерен. Едно од нашите барања, покрај другите 9, беше третиот есктерен предмет да се симне на ниво на интерен. Значи, да се полагаат два екстерни и два интерни предмети.  Поените за интерните ќе се добиваат врз основа на просек и оценката од испитот, велат од Сојузот на средношколци.Матурата оваа година наместо на 29 мај, ќе започне на 5 јуни.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Денеска во земјава починати 8 лица и нови позитивни со корона вирус, 373 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово - по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.Регистрирани се 309 оздравени пациенти од:Скопје – 114, Охрид – 40, Кавадарци – 20, Куманово – 18, Струга – 16, Велес – 14, Тетово и Прилеп – по 12, Кичево и Неготино – по 8, Битола – 7, Демир Капија – 5, Штип, Струмица и Кочани – по 4, Гевгелија, Берово и Крушево – по 3, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Виница и Македонски Брод – по 2, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Кратово – по 1.Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г).Сите пациенти се починати во болнички услови.Направени се 2.345 тестови преку: ИЈЗ-471, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-226, Биотек-246, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Систина-202, лабораторија Лаор–238, МАНУ-0, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-81, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 620, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-8, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 42900, активни 2845Куманово 5420, активни 244Тетово 5312, активни 225Прилеп 4965, активни 393Гостивар 3713, активни 116Штип 3590, активни 92Битола 3339, активни 127Велес 3313, активни 229Охрид 3089, активни 367Кавадарци 3023, активни 438Струмица 2638, активни 149Струга 2337, активни 159Кочани 1777, активни 48Кичево 1752, активни 59Свети Николе 1100, активни 24Гевгелија 1090, активни 102Неготино 1066, активни 94Дебар 785, активни 42Ресен 784, активни 66Крива Паланка 775, активни 46Радовиш 741, активни 41Делчево 713, активни 224Берово 631, активни 34Пробиштип 526, активни 20Виница 507, активни 23Валандово 347, активни 19Демир Хисар 256, активни 11Кратово 257, активни 28Македонски Брод 251, активни 8Крушево 246, активни 47Богданци 233, активни 10Демир Капија 227, активни 28Македонска Каменица 193, активни 5Пехчево 183, активни 3Дојран 95, активни 12фото: Архива

Македонија | пред 5 години

prst-6

ДИК побрзо да ја отпочне постапката за набавка на апарати за отпечаток од прст, апелира Заев

Премиерот Зоран Заев денеска упати апел до Државната изборна комисија брзо да отпочне постапката за набавка на апарати за идентификација на отпечаток од прст, со цел навреме да бидат обезбедени овие апарати кои станаа законска обврска и за претстојните локални избори.– Ќе направиме се да набавиме тоа што зависи од нас. Министерот за финасии реагираше конкретно – пари во буџетот има, ако фалат – имаме ребаланс. Секако за тоа да се направи дадовме писмено одобрение од страна на Финасии за да може претседателот на ДИК и целата ДИК да влезат во постапка на набавка на апаратите за отпечаток од прстот, рече Заев.Тој верува дека ќе се стигне тоа да се сторат до локалните избори, бидејќи, како што рече, има уште околу осум месеци, а со современите европски технологии очекува тоа брзо да се направи.Заев додаде дека доколку изборите се спроведат на овој начин тоа може да ја зголеми довербата во гласачкиот процес, што е многу важно.-Апелирам до ДИК, сите владини служби стоиме на располагање, да инсистираме брзо да се направи набавката, посочи Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

stop-policija

Посебен режим на сообраќај поради протест на сопственици на ресторани, претставници на фото студија и музички бендови

На 19.02.(петок), 22.02.(понеделник) и 23.02.2021(вторник) во временскиот период од 14,00 до 17,00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови. Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

nova-kuka

Преку хуманитарна акција, самохрана мајка на три деца се всели во нов дом

28 – годишната Елена Манасиева и нејзините три дечиња на возраст од два месец до четири години за 25 дена добија нов дом. Хуманитарецот Александар Ѓеорѓиевски, која на македонската јавност и е познат по голем број на хуманитарни акции, а како поранешен пожарникар учествуваше и во спасување на луѓе во земјотресот во Хрватска успешно ја заврши и оваа мисија. За случајот дознал преку статус на социјалните мрежи. Откако и лично се уверил во какви услови живеат, за неполн месец со мајстори и донации од малите и средните фирми го изградија домот на ова семејство, објави ТЕЛМА. Инаку ова семејство живее со социјална помош и детски дототок, скромните примања и одат за плаќање на сметки за струја.Текстот во целост на: ТЕЛМА. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претрес во Дебар, приведени две лица

На 17.02.2021 во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода А.Р.(33) и Д.Р.(25), двајцата од Дебар. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба и при нивен личен преглед, кај Д.Р. била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pavle-trajanov

Павле Трајанов достави измени на Изборниот законик, се предлага Македонија да биде една изборна единица

Денес, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги достави предлог измените на Изборниот Законик, на мислење до сите пратеници, со цел да можат да се искажат свои ставови и сугестии по истите.Со Предлог-Законот за изменување на Изборниот Законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг. Пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.Со измените се очекува составот на Парламентот да биде реален одраз на определбата на граѓаните, да се зајакне владеење на правото, да се развиваат демократските процеси и создадат услови за системски промени во државата.Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл.По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот Законик, велат од Демократскиот сојуз.фото: демократски сојуз

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-i-DTIRZ-Despotovski-dogovor-Purplast-8

(ВИДЕО) Потпишан договор со втора странска инвестиција во 2021 година – Турската компанија Пурпласт во првата фаза инвестира 5,1 милиони евра

Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат 40-50 лица. Ова денес беше соопштено на прес конференцијата во Владата, кадешто беше потпишан договорот за државна помош за реализација на оваа инвестиција, а на која присуствуваа Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмед Шишманоглу.Вицепремиерот Битиќи во своето обраќање на настанот ја поздрави одлуката на компанијата, која и покрај актуелната ситуација, одлучи да продолжи со реализација на својот проект, со што ја покажа довербата во економските политики на Владата на Република Северна Македонија и за позитивната деловна клима за инвестирање во земјата. Тој додаде дека е донесена правилна одлука, а Пурпласт ковид кризата ја препозна како можност со нови инвестиции во нови производствени линии да влезе во пост ковид периодот.„Сакам да ја поздравам ажурноста на менаџментот на Пурпласт, кои досега веќе ја надминаа минималната сума на инвестиции предвидена во деловниот план, а која изнесуваше 4 милиони евра и инвестираа досега 5,1 милион евра во фабриката во Бунарџик, а за почеток се планира вработување на 40-50 лица. Се надевам декам ќе се остварат сите услови и дека развојните планови ќе продолжат, а тие предвидуваат инвестиции до 12 милиони евра и вкупно 215 работни места“, посочи Битиќи.Вицепремиерот нагласи дека со отвореноста, посветеноста во креирање на уште подобра деловна клима, креирање на низа на мерки за поддршка на инвестиции во производството и стимулирање а извозните компании, Владата ја заслужи довербата на компаниите, а ќе се продолжи уште посилно и доследно во спроведувањето на намерите за подигнување на конкурентноста на македонската економија.„Тоа може да го направиме само со привлекување на нови странски компании, но и со стимулирање на технолошкиот развој, модернизација и дигитализација на домашните компании, со освојување на нови пазари и градење на производствен бренд, кој во светот ќе се препознава по квалитетот . Изминатите 3 години, докажавме како Влада дека сме стабилен партнер на бизнисот. Сите преземени обврски во однос на договорите за државна помош, се навремено и целосно сервисирани. Заедно со компаниите создадовме цврсти конекции базирани на меѓусебна доверба, но и максимална посветеност во реализација на ветените и преземените обврски од двете страни“, подвлече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски нагласи дека ова е втората објава на инвестиција во ТИР зоните во само 45-те дена од новата 2021 година, а воедно го презентираше пактотот за државна помош кој се содржи во договорот кој е потпишан со Пурпласт.„Технолошко индустриските развојни зони стануваат сè поотворени за странските инвеститори. Во 45 дена веќе ја покажуваме и втората конкретна инвестиција со која склучуваме договор. Турската компанија Пурпласт е новиот инвеститор во ТИРЗ Скопје 2. Започнува со почетен инвестициски циклус од 5,1 милион евра и 50 од вкупно предвидени 200 вработени, наши сограѓани. Платите ќе се движат од 20.000 до 75.000 денари, сегмент кој внимателно ќе го следиме. Како Влада и како ТИРЗ продолжуваме со презентирање на конкретни резултати. Воведовме нова пракса на профилирање на инвеститорите и правење домакински есап. Истиот покажува дека државата може за помалку од 10 години да очекува поврат на доделените државни средства по разни основи. Наша цел е со посебни механизми кои ги развивме да ги поттикнеме инвеститорите што побрзо да ја искористат државната помош и побрзо да почнат да враќаат во државниот буџет“, рече директорот Деспотовски.Извршниот директор на групацијата Пурпласт, Мехмед Шишманоглу, осврнувајќи се на ковид кризата кажа дека оваа година донесе промена која никој од нас не ја очекуваше, додавајќи дополнително ниво на предизвик за реализација на инвестицијата.„Со целосна интеграција во постпандемиската „нова нормала“, компаниите како Пурпласт кои продолжуваат да напредуваат ќе закрепнат побрзо и ќе земат поголем удел од пазарот со нова производна линија и слободен капацитет. Со нашата силна мотивација и верба во оваа инвестиција, ќе можеме да ја започнеме работата пред крајот на мај годинава и се надеваме дека ќе се сретнеме лично за време на нашата официјална церемонија на отворање летово“, нагласи Шишманоглу.Реализацијата на оваа инвестиција започна во 2019 година, а подготовка на земјиштето на 1 јули 2020 година и за период од 7,5 месеци завршени се 75% од изградбата на објектите. Површината на градежно земјиште под закуп за Пурпласт е 26.000 m2, во првата фаза се искористени 50% од земјиштето (Фаза 2 се очекува за 2025 година). Има вкупно 12.000 m2 затворена површина: административна зграда на 2 спрата со вкупно 1.600 m2 и производна сала-,еханички простории: вкупно 10.400 м2.Компанијата Пурпласт е еден од локалните партнерни на уште еден странски инвеститор во земјата, Ван Хол, а во портфолиото на нивните производи е големо и опфаќа производство на делови за ентериер (командна табла, навлаки, разделни ѕидови, тавански тапацир, рачки, волани), екстериер на комерцијални возила (браници, предна и задна маска, странични панели, кровни панели.), како и производство на седишта (патнички вагони, градски автобуси и камиони).фото и видео: ЗПВРСМ

Македонија | пред 5 години

GRUBI-CAROVSKA-ADEMI-1

Груби и Царовска се согласија дека неправилностите и неправдите во сите учебници треба да бидат исправени, почнувајќи со учебникот по географија

Првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за образование Мила Царовска и пратеникот Арбер Адеми се согласија дека неправилностите и неправдите во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно образование.Ова се случува откако пред неколку дена, група Албанци пред Министерството за образование запалија неколку страници од учебникот по географија, објави МАКФАКС.Од кабинетот на Груби соопштија дека во случајот со овој учебник, но и со другите, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници.„Овој дел од законот наведува дека учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредуваат историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија“, стои во известувањето.Вицепремиерот Груби и министерката за образование Царовска се согласија дека во рамките на оваа одлука во периодот што следува ќе бидат разгледани сите учебници со цел да се стави крај на овие појави, односно недоследностите во овие учебници.На крајот на состанокот, Груби, Царовска и Адеми решија заеднички да ги поддржат реформите во образованието, оценувајќи го ова како една од најпотребните реформи за Република Северна Македонија, известуваат од кабинетот на вицепремиерот Груби.Медиумите на албански јазик во земјава деновиве објавуваа вести за, како што наведуваа, „скандалозниот“ учебник, притоа посочувајќи што точно им пречи на Албанците во Македонија. Имено, тие наведуваа неколку спорни нешта наведени во учебникот.На 99 страница од книгата каде што е напишано: „Меѓу денешните македонски Албанци има и родови кои себеси се сметаат за староседелци. Главно тоа е македонско население кое во текот на турското владеење го примило исламот и постепено се албанизирало. Меѓу нив, понекаде има и понекој род кој потекнува од некогашните Турци, Роми или Черкези“.И на 104 страница како спорен момент го наведуваат напишаното дека Албанците во Македонија се доселиле во различни периоди, почнувајќи од 1780 година. Но, како што пренесоа медиумите на албански јазик, на оваа страница спорно е и тоа што е напишано дека „населувањето на албанското население во Македонија не се одвивало спонтано, туку во најголема мера насилно, плански, со помош на турската власт или на локалните аги и бегови. извор:МАКФАКС.

Македонија | пред 5 години

vakcinacija-1

МЗ: 38 илјади лица над 70 години изразиле интерес за вакцинација против КОВИД-19, досега 85,179 лица заинтересирани да примат вакцина

Министерството за здравство информира дека досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против КОВИД-19. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација.Вчера, со вакцинација на 202 здравствени работници почна имунизацијата во земјава. Согласно направениот план за вакцинација на здравствените работници, први се вакцинираат медицинските лица кои работеле или работат со КОВИД пациенти од инфективната клиника, ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Од следната недела вакцинацијата ќе почне и кај здравствените работници во болниците низ државата, како и приватните болници.Со ова, нашата земја ќе биде една од ретките земји во Европа во која ќе ја имаат примено вакцината против КОВИД-19 сите здравствени работници кои лекувале пациенти позитивни на коронавирусот.Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Во неделата, од Србија добивме 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер. Во текот на следната недела, во Северна Македонија се очекува да пристигнат и другите количини од Србија.До крајот на месец февруари, се очекуваат да пристигнат и 200-те илјади вакцини од Народна Република Кина.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

1-3-1

(ФОТО) Оштетени голем дел од автобуските стојалишта во Битола

Во Битола никако да запре вандалското однесување кон јавните добра, наменети за користење од страна на сите граѓани. Во само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските стојалишта. Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола. Граѓаните во повеќе наврати ја поздравија акцијата за уредување на стојалиштата од страна на општината, бидејќи особено при дожд и ветер имаа каде да се засолнат, чекајќи ги автобусите. Општина Битола повторно упатува апел да не се уништуваат јавните добра и сите случаи на забележани вандализми, да бидат соодветно пријавувани.фото: Општина Битола

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:По шест порази за четири години, Мицкоски има уплав од избори

Губитникот Христијан Мицкоски се плаши од сопствениот народ, страв му е да се соочи со граѓаните на избори, бидејќи е свесен што го очекува. Токму во таа насока се најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира претстојните локални избори.Стравот на Мицкоски не е неоснован, се вели во соопштението од СДСМ.Во продолжение на соопштението се додава:Граѓаните на сите избори изминатите четири години, локални, претседателски и парламентарни, на локалните избори во Штип како и на референдумот се изјаснија дека не сакаат политичари како Мицкоски, кои се без став за важни прашања, кои шират лажни вести, кои работат против интересите на својот народ и својата држава.Граѓаните континуирано бираат развој, напредок, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.Шест пати за четири години го казнија неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски остана сам на браникот на криминалот.Затоа Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

iscezna-2

Исчезна 70-годишна жена во Скопје - семејството апелира за помош

70-годишна жена од Скопје исчезнала вчера во близина на Државна болница, оваа вест ја сподели нејзината внука која на својот фејсбук профил побара помош од корисниците на социјалните мрежи за да ја пронајде својата баба.„Денеска околу 15:00 часот баба ми е исчезната во околината на државна болница. Облечена е во сини тренерки и сина блуза, со неа нема ништо. Има 70 години, ако некој ја видел или ќе ја види ве молам исконтактирајте ме на 077 884 933/078 420 489.“

Македонија | пред 5 години

policija-1

Полициски синдикат: Работиме професионално, а не водени од предрасуди и стереотипи

Во однос на наводите од невладината „Платформа за родова еднаквост”, Македонскиот полициски синдикат реагира преку соопштение. Во него се вели дека полициските службеници имаат изграденo голем професинализам и интегритет во работење и во никој случај при своето професионално работење и постапување со граѓаните, не се водени од родовите стереотипи и предрасуди.„Нема да дозволиме како синдикат, поедини случаи да бидат генарилизирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени од прерасуди и стереотипи.Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи на заштита на правата на полициските службеници и нивните секојдневни обврски кои истите ги имаат во извршувањето на службените задачи и во никој случај нема да дозволи на ваков начин истите да бидат омаловажени и навредени. Колку за потсетување сведоци сме и свесни сме дека полицаец го загуби животот при интервинарање на пријава за семејно насилство во Куманово што нажалост можеме да констатираме дека на ваков начин докажуваме дека полициските службеници по секоја пријава постапуваат и преземаат мерки, со што за жал понекогаш има и трагичен крај.Потенцираме и стоиме цврсто на ставот дека дека нема потреба од дополнителни правни акти во МВР за уредување на санкционирање во случај на семејно насиство, затоа што доколку другите институции надлежни за справување и заштита на жртвите од семејното и родово базираното насиство би биле „законски уредени и подредени“, како тоа што е правно и институционално регулирано како во МВР, тогаш со сигурно би тврделе дека насилниците ќе бидат соодветно санкцинирани“, се вели во соопштението.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

EVZONI-1

Од утринава повторно отворен Граничниот премин Евзони

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека според информациите добиени од Република Грција од 05.30 часот утринава(18.02.2021) Граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез), кој поради штрајк на грчките цариници беше затворен од 05.00 часот на 17.02.2021 година.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brod

(ВИДЕО) Корисник на Google Maps открил огромен леден брод на Антарктикот, еве претпоставики зошто бил наменет!

Вљубеник во Google Maps открил мистериозен леден брод долг  122 метри, на 160 километри од крајбрежјето на Антарктикот.Новостите за своето откритие момечето веднаш ги објавило на својот YouTube канал. Видеото иницијално прикажува големо парче мраз кое што се издигнува над белиот пејзаж, а кога во еден момент тој вклучил 3D визуализација, објектот добил облик на брод со ниски прозорци, повеќе палуби и оџаци.Некои од луѓето всушност веруваат дека тој брод служел за транспорт на елитата во случај на глобални катастрофи, односно доколку познатите и богатите одеднаш „исчезнат“ – знаеме каде да ги бараме.Од друга страна се верува дека во него се скриени скапоцености, додека пак некои тврдат дека тоа била тајна база на нацистите.„Во изминатите десетина дена се запознав со нашата планета. Снимам сè што ќе воочам дека е интересно – од длабочините на морето до вселената. Оваа сцена навистина е неверојатна“, изјавил творецот на видеото.Извор: Pink.rsфото: UNILAD 

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

ЕВН за 2 неплатени сметки ја исклучи струјата на девојка која живее со 3800 денари и има здраствени проблеми!

ЕВН и ја исклучиле струјата за 2 неплатени сметки и тоа во најладниот ден, на девојка која живее со 4000 ден во месецот.Девојката плаќа редовно , но овој пат и доцнат парите за нега заради обновување и ажурирање на документацијата што мора да ја прави секоја година сама иако во социјално и ја знаат дијагнозата , ама за жал така одат работите кај нас.Двете сметки се околу 4000 денари плус приклучок. Ве молам да не ја оставиме сама и уплашена поврторно во марк и студ.Храна и носиме од кај отец Оливер секој месец веќе 3 години…сама не може да опстои без наша помош, Живее со 3800 денари , од кои пола пари се за лекови. Примаше издршка од државата , но лани и ја укинаа бидејќи нашле „влакно во јајцето“.Ве молам помогнете да и ја приклучиме струјата поврторно и да и купиме долен веш јашка и тренерки. Пред 3 години заедно успеавме да ја вратиме во живот и да и ја вратиме вербата во луѓето. Моментално е во темница , сама уплашена и смрзната.Здружение на граѓани “Стопли Срце”Сметка за донации: 270072685480143IBAN: MK07270722000030435HALKBANKфото: Социјални мрежи

Македонија | пред 5 години

retki18-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Хистиоцитоза на Лангерхансови клетки

Langerhans cell histiocytosis (LCH) – Хистиоцитоза на Лангерхансови клеткиMKB C96.0 C96.5 C96.6преваленца (распространетост): 1-9/100.000Хистиоцитозата на Лангерхансови клетки е нарушување при кое во телото се акумулират повеќе клетки на имунолошкиот систем наречени клетки Лангерханс. Лангерхансовите клетки за првпат се откриени во 1868 година од страна на германскиот студент по медицина Пол Лангерханс по кој го добиваат своето име. Овие клетки кои помагаат во регулирање на имунолошкиот систем, се наоѓаат во организмот, особено во кожата, лимфните јазли, слезината, белите дробови, црниот дроб и коскената срцевина. Кај хистиоцитозата, вишокот на незрели Лангерхансови клетки, обично формираат тумори наречени грануломи. Хистиоцитозата на Лангерхансовите клетки е ретко нарушување. Се проценува дека се јавува со зачестеност од 1-2/100.000 луѓе.Причина:Соматските мутации на генот БРАФ-BRAF се идентификувани кај околу половина од пациентите. Мутациите на соматските гени се стекнуваат во текот на животот и се присутни само во одредени клетки. Овие промени не се наследуваат.Генот BRAF дава упатство за производство на протеини кои го контролираат растот и развојот на клетките. Соматските мутации предизвикуваат BRAF-протеинот во погодените клетки да биде постојано активен, дури и во отсуство на хемиски сигнали кои служат за негова  активација. Преактивниот протеин може да придонесе за развој на хистиоцитоза на Лангерхансовите клетки со тоа што ќе им овозможи на истите да растат и да се делат неконтролирано. Исто така, се идентификувани промени и во другите гени во Лангерхансовите клетки. Се верува дека дополнителни фактори како што се вирусни инфекции и токсини, можат да влијаат на развојот на ова комплексно нарушување. Хистиоцитозата на Лангерхансовите клетки  обично, не се наследува и се јавува кај луѓе кои ја немаат оваа болест во своето семејство. Сепак,  идентификувани се неколку семејства со оваа болест, но начинот на наследување не е познат.Клиничка слика:Манифестацијата на клинички симптоми и знаци може значително да се разликува кај лицата со хистиоцитоза на клетките на Лангерханс. Коскените грануломи се развиваат кај околу 80 % од пациентите, предизвикувајќи болка и оток. Грануломите кои обично се јавуваат во черепот или долгите коски на рацете или нозете може да предизвикаат фрактура на коските. Оние грануломи кои се појавуваат  на кожата како плускавци, црвеникави набори или осип, можат да бидат од блага до тешка форма.Исто така, може да влијае и на хипофизата (жлезда која се наоѓа на дното на мозокот која произведува хормони кои контролираат многу важни функции). Како последица на недостатокот на хормони (и во отсуство на супституциона терапија), пубертетот е одложен или отсутен, а се развива и неплодност. Покрај тоа, оштетувањето на хипофизата, може да доведе до производство на прекумерни количини на урина (дијабетес инсипидус) и да предизвика дисфункција на тироидната жлезда. Функцијата на тироидната жлезда влијае на брзината на хемиските реакции во организмот (метаболизам), температурата на телото, текстурата на кожата и косата и однесувањето. Во 15-20 % од случаите, болеста ги вклучува белите дробови, црниот дроб или крвотокот (хематопоетски систем), а оштетувањето на овие органи и ткива може да биде опасно по живот.Други симптоми и знаци се јавуваат во зависност од тоа кои органи и ткива поседуваат Лангерхансови клетки, па може да се јави оток на лимфните јазли, болки во стомакот, пожолтување на кожата и белките во очите (жолтица), одложен пубертет, испакнати очи, вртоглавица, раздразливост и напади. Едно од педесет заболени лица доживуваат нарушена невролошка функција (невродегенерација).Болеста најчесто се дијагностицира во детството, обично на возраст од 2 до 3 години, но може да се појави на било која возраст. Кај околу две третини од возрасните, нарушувањето влијае само на белите дробови.Дијагностички методи:Дијагнозата се поставува врз основа на хистолошка и имунохистохемиска анализа на зафатените ткива (клетките на Лангерханс се позитивни за невропротеините С-100 и антигенот- ЦД-1а, а под електронскиот микроскоп наоѓаме гранули Бирбек).КТ-компјутерската томографија на градниот кош покажува типични радиолошки наоди кои можат да овозможат дијагностицирање кај возрасни чијашто болест влијае само на белите дробови.Третман:Изборот на терапевтски пристап зависи од напредувањето на болеста, која се утврдува со рутински прегледи (клинички преглед, хемограм, тестови за функција на црниот дроб и радиографија на коските и градниот кош).Во третманот се користат меѓународно признати професионални протоколи, врз основа на употреба на полихемотерапија, кортикостероиди и интерферон. Локалниот третман е ефикасен ако е вклучен само еден орган. Кај децата, третманот на системските форми се изведува со комбинирана употреба на кортикостероиди и винбластин. Престанок на пушење е потребен кај возрасните лица со изолирана пулмонална болест. Со оглед на полиморфната и хроничната природа на болеста, третманот вклучува мултидисциплинарен пристап.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.ОхридПрес

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Половина од новозаболените го имаат британскиот мутиран сој на корона вирус

Половина од новозаболените од коронавирусот го имаат британскиот мутиран сој на КОВИД 19, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Топ Тема.    Министерот изјави дека 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против КОВИД-19.-Од денешната статистика, регистрирани се 347 нови случаи од направени 2383 тестови, што значи 15 отсто. Починале седум лица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски за Филипче: Венко ќе го бараат сите за министер за здравство, човекот исправа туѓи грешки на секој чекор

Кратко ќе ви кажам, Венко Филипче ќе го бараат сите за министер за здравство. Човекот исправа туѓи грешки на секој чекор. Тој не може да биде се' и да ги замени сите, а изгледа само тој е се' во здравството и има слух за сите проблеми на граѓаните кои не ги дели по ниедна основа, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Ременски во објавата додава:Секоја чест на сите совесни доктори, хирурзи, директори, сестри ..., на кои грижата за пациентите им е нивна примарна работа.Но, сите оние од "големото добро утро" и кои го уживаат епитетот "единствени" во мали места каде што болниците кубурат со медицински кадар треба сериозно да се замислат што прават и кој е нивниот приоритет.Венко не може да се клонира и сите да ве потсетува што и како треба да работите. Едноставно не е фер и кон него и кон пациентите, напиша Ременски на ФБ.

Македонија | пред 5 години

ahmeti1

Ахмети не сака предвремени избори, вели парламентарното мнозиство е стабилно

Во моментов на државата не и се потребни предвремени избори, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска по свечената академија за Денот на независноста на Косово.-Парламентарното мнозинство функционира во рамки на нормалноста. Воопшто нема судири или разлики меѓу коалицициските партнери. Секако дека има разлики за одредени теми, но добрата работа е што на крајот за сите прашања се постигнува консензус. Нема никаква потешкотија во функционирањето на оваа партнерство, коалиција и воопшто не се размислува и нема никаква причина за ново парламентарно мнозинство. Се си функционира во рамките на нормалноста. Не е дискутирано и не се размислува за реконструкција на Владата“, одговори Ахмети на новинарско прашање.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

policija-1

Се преврте цистерна на патот Гостивар – Маврово

На патниот правец Гостивар – крак Маврово, кај Новоселски мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртена цистерна. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајната полиција. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на сообраќајната сигнализација, соопшти АМСМ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zname-albansko

Фуркан праша, Приказни од булеварот одговори: Зошто сте алергични на се што е албанско?

Најголем грев е што ја вративте државата 30 години и од прва земја што потпиша пакт за Стабилизација и асоцијација ја отеравте на опашката....Пукавте на Устав што беше создаден и признаен од Бадентер а маската за човекови права ви паѓа последниве години со плановите за дводомен парламент, кантони и слично, стои во објавата од Приказни од Булеварот на соцојлната мрежа ФБ.Во продолжение на објавата се додава:Криви сте што игравте на картата на Милошевиќ, Македонија да остане заложник во неговите манџи а Косово наместо во 2000 заради конфликтот овде...Независност да добие 20 години покасно! Е за тоа сте виновни ! Што бевте дел од тие игри на комунисти, марксисти и ленинисти, додека овде легална влада на чело со ВМРО и ДПА тропаше на портите на ЕУ и НАТО. Ви реши и високо образование и тристе пичке материне. Ефектот што вие го оставивте во Македонија по 2001 е со ефект на атомска бомба! Цунами во секоја сфера! Затоа сме и на овој ранг....Ние, Босна и Косово....Тоа се тие консезуални демократии, не демократии!!! На секој чекор блокади, уцени и нефункционалност. И ако не си забележал добро, тој Рамковен договор веќе не постои! Масакр го напраивте последниве 10 години. За тоа ни збор не бекнавте!фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

images_todorov-21

Тодоров: Додека Мицкоски е на чело на ВМРО, СДСМ ќе биде на власт

Денес, истите тие кои тогаш за Мицковски беа најчесните, најугледните на кои им ветуваше дека сé би направил за нив, а особено за еден од нив, се нечесни криминалци, отпадници и непријатели. Пишува Никола Тодоров во колумна на Дојче Веле.Во насловот е, драги мои, суштината. Се додека Мицковски е на чело на ВМРО, СДСМ ќе биде на власт. Многу е просто. Затоа и мојата битка сиве овие месеци не е насочена кон СДСМ туку кон Мицкоски. Редоследот на работите е едноставен, најпрво треба да падне Мицковски, за потоа да падне Заев. Ова се обидувам да го објаснам подолго време. Невозможно е работите да се случат по обратен редослед.Невозможно е ВМРО-ДПМНЕ со Мицковски на чело да го победи СДСМ. Причината е едноставна. Мицковски ја има поминато точката во политиката од која нема враќање назад. Неговата поддршка е забетонирана ниско, далеку пониско од вкупниот рејтинг на партијата, па не само што како лидер нема додадена вредност за партијата туку како тег ја влече надоле. Верувајте, Заев и цела влада на СДСМ можат уште милион глупости и грешки да направат и пак на избори ќе го победат Мицкоски. Ова е затоа што секоја грешка на власта наместо да оди на конто и во полза на опозицијата оди на конто и во корист на апатијата. И по нешто во Левица, која успешно лови по некој поен од секоја грешка на владата на СДСМ и општата недоверба во Мицкоски. Проблемот е што Левица зема несразмерно поголем дел од гласовите од ВМРО отколку од СДСМ. Некои анализи покажуваат дека од секој 100 нови гласа за Левица, 80 доаѓаат од гласачкото тело на ВМРО. За ова да се случи Заев направи прилично итар политички потег и ги насочи ВМРО и Левица едни против други. Мицкоски, онака неискусен и површен, ја лапна јадицата, па сега се тепа со Левица за утешното второ место на македонската политичка сцена.Наместо да атакува на првото место, наместо да се обиде да ги поврати изгубените гласови на неопределените гласачи, тој ги губи и лојалните гласачи кои подолго време гласаат за десната опција. Ова е страшна загуба, затоа што овие лојални гласачи на десниот центар, не се определуваат за друга десна партија, туку за екстремно лева партија во политичкиот спектар. Ова значи дека кога овие гласачи ќе се разочараат во Левица, а тоа ќе биде првиот момент кога Левица ќе биде дел од власта, поголемиот дел од нив полесно ќе се прешалтаат кон друга лева партија, читај СДСМ, отколку да се вратат кон десницата.Колумната во целост можете да ја прочитате  на DW

Македонија | пред 5 години

17022021_Alagjozoski_Sredba_Romska_zaednica_6

Алаѓозовски се сретна со претставници на ромската заедница: Ги повикуваме сите граѓани да учествуваат во Пописот

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, денеска со претставници на ромската заедница вклучени во институциите од локалната и централната власт, како и членови на граѓански организации разговараа за повеќе актуелни теми, меѓу кои и за значењето на спроведувањето на успешен Попис 2021, во насока на заложбите на Владата за остварување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година и Акцискиот план.Посочувајќи дека претстојниот Попис е многу важна операција за добивање статистички податоци за лоцирање на потребите од преземање мерки во поглед на подобрување на животниот стандард на најмаргинализираните категории граѓани упати порака за потребата од широка поддршка од сите заедници на овој методолошки процес.На состанокот, на кој присуствуваше и Јасмина Ѓоргиева, координатор на Секторот за дисеминација и односи со јавноста во Државниот завод за статистика беа разменети информации за важноста на Пописот како статистичка сложена операција, која ќе даде одговор за бројноста на населението, семејствата и живеалиштата, со цел преземање на соодветни политики за создавање еднакви животни услови за сите категории граѓани.Присутните посебно се осврнаа на прашањата за начинот на кој ќе бидат попишувани лицата кои немаат документи за идентификација при што беше нагласено дека овие лица ќе бидат попишани во соработка со Министерството за труд и социјална политика, односно со центрите за социјална работа, за нив пописот ќе биде од 1-15 март.Беше посочено дека при попишувањето најстрого ќе се почитува здравствен Протокол за заштита на сите учесници во Пописот, што подразбира носење маски, одржување дистанца и обезбедување на средства за дезинфекција.Учесниците на состанокот, се согласија дека спроведувањето на успешен Попис е важен сегмент и едногласно упатија порака дека е многу важно секој граѓанин да учествува и да се попише и само така ќе се добијат податоците за демографската, образовната, социјалната структура, што понатаму значи добивање на бројки, кои подоцна ќе помогнат за планирање и економски развој, како и добивање на слика за тоа каде се најранливите категории на населението.Координаторката Ѓоргиева одговараше на прашања поврзани со спроведувањето на Пописот, конкретно при попишувањето на можноста за користење на седум јазици предвидени во Уставот на Северна Македонија, односно македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански, со детали за техниката на попишувањето.Присутните изразија задоволство во поглед на констатацијата дека Пописот е статистичка обемна операција, организирана според светски стандарди, која гарантира безбедност на сите лични податоци.На состанокот, беше констатирано дека Пописот, особено е важен за припадниците на ромската заедница, заради потребата, по 18 години, да се обезбедат статистички податоци во насока на целосно имплементирање на заложбата на Владата за „Едно општество, еднакво за сите“.Средбата беше искористена и заеднички да се испрати порака до сите граѓани за лично учество во претстојниот Попис при што беше посочено дека Државниот завод за статистика има капацитет да ја спроведе оваа обемна и многу потребна статистичка операција.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања