Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Забавен и хуманитарен настан за најмладите – „Среќно лето, весел распуст“ во Општина Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
SREKNO-LETO-VESEL-RASPUST

Во пресрет на долгоочекуваното лето и на самиот почеток од летниот распуст, Општина Аеродром и „Capitol Mall“ организираат хуманитарен настан, на кој најмладите ќе можат низ забава да го одбележат успешниот крај на учебната година.

— реклама —

Настанот ќе се одржи во понеделник (20.06.2022г.), со почеток во 18:45 часот, на плоштадот позади Трговскиот центар „Capitol Mall“, а предвидена е богата музичка и забавна програма во која ќе можат да уживаат дечињата, но и повозрасните.

— реклама —
— реклама —

Забавниот настан ќе биде отворен со детско магионичарско шоу на Кристиан Шопов, по што најмладите посетители ќе можат да уживаат во настапот и изведбите на познатите „Поточиња“. Потоа, свој настап ќе има популарниот Таско, како и Некст Тајм, кои ќе го затворат настанот со големо изненадување за сите посетители. За присутните, предвидени се и голем број награди и изненадувања од Фудбалската федерација на Македонија, како и други партнери.

— реклама —

Настанот е од хуманитарен карактер, а сите посетители кои се во можност ќе имаат шанса да донираат средства кои потоа ќе бидат наменети за помош на оние на кои им е најпотребно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 3 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 6 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања