Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Реџепи да го врати мандатот, бара Алтернатива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
skender-redzepi

По вчерашното информирање од страна на пратеникот Скендер Реџепи дека отсега ќе настапува како независен пратеник во Собранието на Република Македонија, политичката партија Алтернатива реагира преку соопштение на Фејсбук, во кое наведува дека ова е целосно негова лична одлука и нема никаква врска со каков било став што се поврзува со некој орган или структура на партијата.

— реклама —
— реклама —

– Алтернатива изразува жалење за ваквата одлука на пратеникот Реџепи и ја информира јавноста дека оваа одлука не влијае со ништо во пратеничката група на Алтернативата, ниту ќе влијае врз парламентарното мнозинство, но ниту во учеството на партијата во извршната власт. Иако индикативно е дека ова негово повлекување доаѓа токму во време кога македонската опозиција организира протест за напад на парламентарното мнозинство, ова прашање останува да го разјасни самиот тој, потенцираат од Алтернатива.

— реклама —
— реклама —

Бидејќи мандатите на пратениците од овој пратенички состав, следствено и на нашата партија, се добиени под логото и името на партијата, а не како независни кандидати, од Алтернатива посочуваат дека се надеваат оти пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и обврска до партиските структури кои го направија пратеник – да го врати мандатот добиен во име на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library4rm6l134lf86d5IOaVR

Без државен регистар и со бројни бариери: слепите лица бараат подобри услови

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Четири собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и избор на член на Судскиот совет

Македонија | пред 2 седмици

media-library2usa516otu319IXcNE8

Пратениците изгласаа измени на законите за јавниот сектор, платите, високите раководители и шумите

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања