Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

18012021_ME_Bektesi_pres-konferencija_1

Бектеши: И во 2021 година Министерството за економија продолжува со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството,туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за Програмите кои што ќе ги реализира Министерството за економија во 2021 година, а кои што беа донесени на последната седница на Владата.Во рамки на Министерството за економија следната година ќе се реализираат неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и поттикнувањето на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност.  Со мерките и активностите за поддршка и развој на МСП и на претприемништвото во Северна Македонија ќе продолжиме и оваа година. На тој начин во очекување на завршувањето на пандемијата ќе се отвори можност за компаниите, занаетчиите, фондациите, здруженијата и занаетчиските комори, поддршка во реализација на нивните бизнис активности. За таа цел, оваа година Министерството за економија за реализација на мерките предвидени во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) обезбеди 68.800.000 денари, истакна министерот Бектеши и додаде:Овие средства се наменети за:-50.000.000 денари за мерки за Поддршка на развојот на развој на микро, мали и средни претпријатија,-13.000.000 денари за имплементација на мерки од Индустриската стратегија,-4.800.000 денари наменети за мерки за поддршка и развој на Кластерското здружување во Република Северна Македонија и-1.000.000 за мерки за Инвестиции и општествена одговорност, како и субвенции за приватни претпријатија.На јавните повици ќе бидат утврдени квотите за број на претпријатија кои ќе се субвенционираат по плански региони и тоа согласно принципот „прв дојден, прв услужен“.Покрај КИП програмата, оваа година продолжуваме со целосна реализација на Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата.Минатата година како резултат на пандемијата не успеавме целосно да ја реализираме оваа програма и средствата за оваа намена беа пренаменети за поддршка на најпогодените. Но, оваа година продолжуваме со финансиската поддршка за граѓаните за што се предвидени вкупно 52.000.000 денари.Средствата се наменети за:-8.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;-22.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања;-14.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања;-8.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство.Според министерот оваа година за прв пат доделувањето на надоместокот ќе се врши согласно принципот „прв дојден прв услужен’’ во рамките на утврдениот износ на средства со огласот за секој плански регион според степенот на развиеност на планските региони согласно прописите за рамномерен регионален развој.-Во делот на обновливите извори на енергија оваа година се наменети 21.800.000 денари за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија како дополнителен износ на цената која ја остварил со продажбата на произведената енергија на пазарот на електрична енергија од фотонапонски централи.Исто така вкупно 8.000.000 денари се предвидени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, односно за поддршка на енергетска сиромаштија.Минатата година бевме целосно фокусирани на поддршка на туризмот како најпогодена гранка од пандемијата. Во сите четири сета мерки кои ги донесе Владата беше предвидена поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.Продолжуваме со интензивна поддршка и годинава за што со Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година се предвидени 31.000.000 денари.Со оваа програма годинава предвидени се мерки за промоција туристичката понуда на државата и тоа:-За дигитален маркетинг за туристичкиот потенцијал на социјални медиуми 11.500.000 денари;-Субвенции за опрема и алатки за подобрување на Активен туризам 3.500.000 денари;-Субвенции за туристички цели на селски домаќинства 5.000.000денари;-Промоција на еколошки зони (еко-туризам) изготвување на Студија за еко-туризам и план за промоција на потенцијалите за развој на еко-туризмот 1.500.000 денари;-Кампања за безбедно патување - одбележување на туристички центри со сертификати за безбеден туризам, промотивен материјал безбедно патување и медиумска кампања за туристите 1.000.000 денари;-Надградба на мобилна апликација „Visit Macedonia” за туристичките потенцијали на земјата, како и можноста за резервација на: хотел, ресторан, културен настан, како и проверка на понудите за посета на одредени места во самиот регион 500.000 денари;-Субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор кои ќе придонесат за дигитализација на туристичката понуда и подобрување на дигиталната промоција на туристичко/угостителскиот сектор во Република Северна Македонија 4.500.000 денари.Во делот на туризмот, сакам да информирам исто така дека оваа година продолжуваме со мерката - организиран одмор на работници со ниски приходи.Ефектите од ваучерите за домашен туризам за граѓани со ниски приходи кои што како мерка за поддршка на туризмот за време на пандемија ги реализиравме минатата година дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети.Оваа година во таа насока продолжуваме преку оваа мерка која што почна да се реализира за прв пат во 2017 година, истакна министерот.Тој додаде дека оваа година за таа намена се предвидени вкупно 15.000.000 денари за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.Поддршката ќе изнесува 12.000 денари по апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годината по принципот „прв дојден, прв услужен“.И на крај сакам да информирам за мерката за субвенции за вградување на уред на погон на ТНГ, метан и друг вид алтернативно гориво во возилата.Оваа мерка за прв пат ја реализиравме во 2019 година, а минатата година како резултат на пандемијата средствата кои беа предвидени за оваа намена беа пренаменети за поддршка на најпогодените сектори.Оваа година повторно ќе биде објавен јавен повик за надоместување до 50% од трошоците за вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило.Вкупно за оваа намена се предвидени 11.000.000 денари, а јавниот повик ќе биде објавен во третиот квартал годинава по принципот „прв дојден прв услужен“, истакна министерот Бектеши.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 376 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 56 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 43 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

dsc01

Мицкоски на средба со Орбан и Сијарто: Државата не смее да остане заробена во калкулирања и недостаток на реформи, а граѓаните заглавени поради таквата неспосбност

Денес,  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски во Будимпешта остварија работна средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.На средбата со унгарскиот премиер Орбан беа констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.На средбата Мицкоски се осврна и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побара поддршка од пријателска Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.-Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Соговорниците разменија мислења и за економската и здравствената состојба, како и предизвиците кои произлегуваат од КОВИД 19 пандемијата.- Македонската економија е во рецесија и над 50 илјади наши сограѓани ги загубија своите работни места. На граѓаните им недостасува конкретен план како да се излезе од кризата, но и сигурност и перспектива. Најголемиот дел од граѓаните очекуваат од владата стратегија и план како тие ја проектираат иднината за одреден период од сега. За огромна жал Македонија е меѓу земјите со најголем број на починати споредено со бројот на жители поради КОВИД 19 пандемијата. И тоа е доказ за неспособното и не до крај доволно посветеното работење на властите во надминувањето на предизвиците. На тој план клучна е размената на знаења и искуства со понапредните држави, како што е Унгарија и би бил багодарен доколку Унгарија помогне на тој план со било кој свој расположлив потенцијал, истана Мицкоски на средбата со премиерот Орбан.На работниот појадок со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, стана збор за стратешките приорити врзани со членството на државата во Европската Унија. Мицкоски побара од Сијарто поддршка и вклучување во одблокирање на пристапиот процес. Мицкоски посочи дека државата не смее да преговара за своите идентитетски обележја и тоа не смее да биде цената за напредок на земјава кон патот на Европската Унија, истакна лидерот Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Весна Бејби Петрушевска со поддршка за Радуловиќ: Педофилот нема професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви

Актерката Весна Бејби Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по апсењето на српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ осомничен за силување и за сексуално злоставување.Петрушевска преку отворено писмо ѝ даде максимална поддршка на младата српска актерка Милена Радуловиќ која собра храброст да го пријави настраниот професор.-Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по глума е повеќе од храбар чекор. Доста со глупавите прашања: Зошто сега? Само жртвата има права да одмолчи! Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже! Приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. На крајот, Милена е извонредно општествено одговорна личност. Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија. Педофилот нема професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките! Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се).. ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност – напиша Петрушевска.

Македонија | пред 5 години

marija

Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова

Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезнала лани на 18 јануари, во утринските часови.  Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде, објави  Сител.Од Обвинителството информираа дека се разгледуваат повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можност од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и насилна смрт.Досега се разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла.Текстот во целост на: Сител

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 14 пациенти, а вкупно се лекуваaт 280 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 3 пациенти, а на ОРЛ 11 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.Вкупно 287 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 179 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

micko

Мицкоски пред средбата со Орбан и Јанша: Или ќе се задушиме во меѓусебни обвинувања или ќе тропнеме на вратата за поддршка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска замина во мини дипломатска офанзива кај сестринските партии во регионот и Европа. Мицкоски ќе оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан и словенскиот премиер Јанес Јанша.И во интервјуто дадено за Дојче Веле Мицкоски рече дека секоја средба има своја цел, посочувајќи дека како една од темите на која ќе се разговара на средбите е токму блокираната европска перспектива на Република Македонија, како и за можноста Унгарија и Словенија да помогнат за придвижување кон европската иднина.Независно што ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, сметам дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. Втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ, изјави Мицкоски за Дојче Веле.

Македонија | пред 5 години

lovecka-puska

Поведена постапка за ловџија кој застрела друг ловџија​

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик.Осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години, на 17.01.2021 година околу 10:15 часот, во место викано Отин, во близина на село Витолиште, Мариово, застрел лице со кое заедно бил на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25 годишен жител на Прилеп.Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Мијалков тврди дека нема докази дека бомбите се од УБК

Обвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков во денешното прво сведочење во тригодишниот судски процес за масовното незаконско прислушување, тврди дека нема ниеден доказ дека илјадниците снимени разговори се од Управата и дека таму се вршело прислушувањето, објави СДК.МК.„Ако ги снимал разговорите во УБК сведокот Ѕвонко Костовски и ги режел во Управата, можеше да се споредат тие цедеа со цедеата во УБК од посебните истражни мерки, но такво нешто нема”, рече Мијалков.Тој тврди дека многу лесно можело да се прислушува надвор од системите на УБК.„Такво нешто ми беше презентирано од израелска компанија за високософистицирана опрема, дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори. Опремата беше составена од 3 лаптопа и една мала антена од неколку сантиметри. Таа опрема ја нарекуваат дпл, за детектирање, превенирање и лоцирање. На еден од лаптопите пред сите излезе телефонска комуникација од повеќе разговори, преку нашите мобилни оператори. На презентацијата беше и Ѕвонко Костовски”, тврди Мијалков.Избеганиот поранешен премиер Никола Груевски во 2015 година на прес-конференција тврдеше дека странски служби со жолти комбиња преку двојни базни станици го вршеле масовното прислушување.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

18012021_PVRSM_Zaev

Заев: Како голем чин на солидарност и пријателство Србија ќе ни помогне со итна испорака на 8.000 вакцини „Фајзер“

Премиерот Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“ Република Србија ги понудила за македонските граѓани, а се преговара и за други вакцини.„Во директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 вакцини против КОВИД-19. Тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денов. Стана збор и за другите вакцини за кои имаат договори, но за кои што треба да ги проверат клаузулите дали тоа можат да го направат. Многу сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до Владата и српскиот народ, да ја пренесам таа благодарност. Станува збор за сериозен чин на пријателство, кој покажува дека Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има“, информираше премиерот Заев, кој додаде дека претседателот Вучиќ изразил волја вакцините да бидат донација, но ние имаме средства, додаде Заев и ќе ги платиме вакцините по набавна цена.Тој истакна дека во текот на денот тој ќе разговара со својата колешка Ана Брнабиќ во врска со постапката, а ќе се остварат и разговори на министрите за здравство на Република Северна Македонија и Република Србија околу деталите на испораката.Во изјавата за медиумите, премиерот Заев уште еднаш информираше дека како што е од претходно познато, продолжуваат активностите за договорот со „Фајзер“ за 800.000 вакцини, кои ќе покријат дози за 400.000 граѓани и продолжуваат преговори и со други земји за обезбедување вакцини, додека не стигнат првите 5.850 дози на вакцини во февруари.

Македонија | пред 5 години

vakcina-2

Република Северна Македонија добива 8.000 Фајзер вакцини од Србија

Во директен разговор помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за вакцинација. Клиниката за трансфузиологија отстапи 2 фрижидери на -80 степени за чување на вакцината на Фајзер, а во земјава викендов стигнаа уште два фрижидери на - 80 степени. До крајот на месецот дополнително ќе пристигнат уште три фрижидери за фајзеровата вакцина.Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Македонија | пред 5 години

dete-1

Се множат кривичните пријави на доктор Мухамед Асани

Му се множат кривичните пријави на директорот на струшката болница и гинеколог, доктор Мухамед Асани. Прва е онаа од родилка од Дебар, која се породила во струшката болница но од операцијата излегла без јајник, матка и бубрег. Откако овој случај го доби вниманието на јавноста, се јавуваат и други граѓани во нашата редакција кои што исто така кривично го гонат гинекологот Асани, за наводна лекарска грешка, објави slobodenpecat.mk. Овојпат, инволвирано е двегодишно бебе, кое е родено со предизвикана асфиксија, односно церебрална парализа, а семејството го обвинува директорот на струшката болница и гинеколог што го извршил породувањето доктор Мухамед Асани за лекарска грешка.Таткото Бајрам Несимоски од Дебар најмил адвокат кој кривично ќе ја гони болницата и раководителот. Се почнало на 26 декември 2018 година кога на сопругата на Бајрам, Сенида, и дошло времето да се породи. Дотогаш бременоста ја следел матичен гинеколог во Дебар, кој ниту еднаш не констатирал проблеми, туку утврдувал дека бременоста е регуларна.Но, еден ден им кажал на мајката и на таткото, дека околу вратот на бебето има обмотана папочна врвка и дека пораѓањето ќе ги упати да го извршат во болницата во Струга.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 5 години

gordana-za-skopje-1

Јанкулоска за уништувањето на опремата за прислушкување: Јас сум потпишана на тоа решение, но тоа сум го направила рутински

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, обвинета дека по барање на избеганиот началник Горан Грујевски одобрила да се уништи опремата на УБК за прислушување, за да се скријат доказите за масовното незаконско прислушување, денеска сведочеше дека за опремата за која таа ставила потпис да се здроби, првпат слушнала дека е уништена од СЈО, објави СДК.МК.Со Јанкулоска денес всушност почна сведочењето на обвинетите во „Тврдина-Таргет”. Во март на обвинетиот Сашо Мијалков му застарува делото за влијание врз обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски за „ослободување” од скапата опрема за прислушување.„Јас како што гледате сум потпишана на тоа решение за уништување на опремата. Рутински било кај мене проследено на потпис, без забелешки, усогласено, и јас рутински сум го потпишала”, се брани Јанкулоска.Уште на почетокот, на прашање на нејзиниот адвокат Љупчо Шврговски, таа кажа дека членовите на комисијата која одлучувала ја имале одговорноста да ги гледаат деталите и да внимаваат сè да биде по законот.Предлагач за формирање комисија за експресно дробење на опремата откако тогашната опозиција во 2015 година почна да ја пушта колекцијата од незаконското прислушување од 2008 до 2015 година, е Горан Грујевски. Но, тој никаде не е потпишан, како ни Мијалков, туку таа привилегија му припаднала на шефот на кабинетот на Мијалков, обвинетиот Тони Јакимовски.Извештајот за уништената опрема Јанкулоска го добила на 11 мај, кога физички не ни била во МВР, поради вооружената престрелка во Диво Насеље, кога загина група припадници на полицијата. На 12 мај 2015 година веќе си поднела оставка.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

vevcani-4

Три лица идентификувани за палењето на бугарското знаме

Три лица се идентифукувани за палењето на бугарското знаме во Вевчани, потврдуваат од полицијата. Во соработка со Обвинителството против нив ќе има поднесок, но за какво кривично дело ќе одговараат ќе одлучи јавен обвинител.Бугарското знаме беше запалено кога се палеа маските на завршетокот од Вевчанскиот карневал. Веднаш следуваше вербален демарш од Бугарија, но и осуда од македонските институцииИнаку карневалот годинава беше откажан, но сепак се собраа дел маскирани жители, а интервенираше и полицијата поради непочитување на здравствените протоколи во време на пандемија.

Македонија | пред 5 години

Krvna-palzma

Дарувањето крвна плазма највисок чин на хуманост, досега обезбедени 802 единици, третирани 661 пациент

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од вкупно 729 донори.Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.- Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски во интервју за ДВ: Нема време за губење, со Заев четири години тапкаме во место

Треба да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел - одблокирање на патот кон ЕУ, вели во интервју за за Дојче Веле Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски . Од денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со партискиот потпретседател Александар Николоски, заминува во мини дипломатска офанзива - на средби со политичари од регионот и Европа. Средбите се одвиваат во време кога на домашен план е прилично жешко - и во однос на законскиот предлог за пописот, и во однос на разговорите со Бугарија, од каде и натаму стигнуваат пораки кои задираат во идентитетски прашања. Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговаравме за овие теми и за очекувањата од претстојните средби. ДВ: Најавивте средби со повеќе политичари во рамките на пријателските односи со сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската народна партија.Што Ве води кон Будимпешта и Љубљана во овој момент? Христијан Мицкоски: Се работи за една, би рекол, мини дипломатска офанзива, која освен Будимпешта и Љубљана ќе го вклучи и Загреб. Сите овие посети се поврзани со партиите кои практично се сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската народна партија, но воедно тоа се и владејачки партии во земјите каде делуваат. Секоја средба има своја цел, но заедничко е тоа што на овие средби отворено ќе разговараме за блокираната европска перспектива на Македонија и можноста тие да помогнат во насока на придвижување кон европската иднина. Независно што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, сметам дека треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ. Имаме две опции - или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. А во меѓувреме, ако може да се исфрли предметот историја како посебна наука во образованието, зашто на тој начин се сака да се додвори до страната која бара многу повеќе од тоа, и се' така да се вртиме во круг и подлабоко да тонеме во мочуриштето на власта.Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ. Притоа мораме да бидеме свесни дека сериозно како држава заостануваме во многу реформи. Четири години власта е во рацете на Заев, и четири години имаме тапкање во место, додека регионот и светот има достигнувања и напредоци. Нема време за губење. Ќе имам средба со Виктор Орбан кој е голем пријател на Македонија, но воедно, да не заборавиме, тој е и претседател на партијата од која доаѓа и комесарот за проширување Оливер Вархеји. Исто така ќе сретнам со словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој за помалку од 6 месеци како шеф на владата во Словенија ќе преседава со Европската Унија. Потоа продолжувам во Загреб, каде ќе имам средби со високи политички преставници од сестринската ХДЗ, која минатата година имаше убедлива победа на изборите. Освен за Европската унија и за помошта кои тие може да ја понудат, ќе разговарам и за искористување на економските потенцијали. Овие три држави мошне успешно се справија со економските последици од ковид-кризата, и не само економски, туку и здравствено. Сосема на крај да потенцирам дека една од целите е и потврдување на добрите односи и соработка кои ги имаме како ВМРО-ДПМНЕ со нашите сестрински партии и поддршката која меѓусебно си ја даваме. ДВ: Деновивево фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е темата попис. Вашиот партиски портпарол на прес-конференција изјави дека „Заев ветил дека бројката на Албанциво земјава според пописот ќе биде над 32% од населението". На што ги темелите ваквите тврдења, посочувајќи дури и конкретен процент? Христијан Мицкоски: Темата попис власта ја направи политичка и тоа е последица поради две причини. Првата, поради тоа што не ја вклучи опозицијата на ниту еден начин да учествува во овој процес, туку напротив, ги одби сите наши предлози и суштински амандмани, триесетина на број. И втората причина е тоа што овој процес го турка на сила во услови кога многу поразвиени земји како Германија, Бугарија, Хрватска, Ирска, Шкотска пред се' поради ковид-кризата ги одложија своите пописи. Значи отфрлањето на сите предлози, и нивното насилие како власт, нам ни дава легитимно право да се сомневаме во целите на пописот. И јас тука целосно свесен и за нашата одговорност, би бил многу внимателен во квалификациите и предвидувањата, но можам со сигурност отворено да се сомневам во резултатите на тој попис. И ве уверувам, доколку имаме ваков мафијашки попис, бројките и процентите ќе бидат прашање на декор. ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со процентите од пописот доколку тие бидат реални и израз на фактичката состојба, па какви и тие да биле, но имаме проблем со политички мотивираниот попис кој Заев го турка на сила. Нам ни треба фер и објективен попис, а секој треба да знае дека фалсификат попис кој, пред се', треба да биде статистичка операција, граѓаните ги чини погрешни проекции за иднината и пари.ДВ: Остануваат ли истите причини за сомнеж, кои ги наведувате во повеќе наврати? Христијан Мицкоски: Еве дел од тие причини зошто сметаме дека претстои фалсификат попис: Попишувањето е предвидено да биде завршено со едноставно диктирање на матичниот број. Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти на Република Македонија? Постои сѐ уште институтот политички двоен потпис, што во превод значи едниот кадар на ДУИ, другиот на СДСМ ќе си се усогласат меѓу себе какви резултати да потпишат. Понатаму, велат дека попишаните матични броеви ќе бидат вкрстени со базите на податоци. Со кои бази на податоци? До овој момент, ниту една база на податоци не и' е позната на македонската јавност, која што ќе биде користена. Власта одбива да се земаат податоци со отисок, а исти такви апарати за земање на отисок согласно постоечкиот закон треба да набават за локалните избори кои се неколку месеци по пописот. Понатаму, ќе се спроведува попис според методологија која што сѐ уште официјално не е излезена во Службен весник, зошто да одлучува Владата, а не, на пример, пратениците и Собранието, каде е присутна и опозицијата? И на крајот, кажете ми во која тоа држава пописот се турка без консезус помеѓу власта и опозицијата? Нема таков. ДВ: Најавивте дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и заедно со граѓаните ќе поднесе иницијатива до подрачните единици на Министерството за правда, за собирање потписи за предлог закон со кој би бил поништен законот за попис што ќе го донесе парламентарното мнозинство. Што ако не успее таа иницијатива?Христијан Мицкоски: Се' уште законот не е донесен во Собранието, иако е во процедура. Бараме власта да го повлече и да постигнеме консензус помеѓу сите политички чинители за безбеден и објективен попис кој ќе има вклученост на сите релевантни политички субјекти. Доколку не се случи тоа, ќе почнеме акција за собирање потписи во подрачните канцеларии на Министерството за правда за носење на закон за укинување на постојниот закон за попис кој ќе биде основа за фалсификатот кој го турка власта. Тука бараме сеопштествена поддршка и мобилизација на граѓаните со цел да се спротивставиме. Се надевам на силна поддршка од граѓаните. Доколку и ова решат да го игнорираат од власта и да ја заобиколат волјата на граѓаните, тогаш јавно и јасно кажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот кој ќе биде очигледен фалсификат, ниту тогаш, ниту во моментот кога ќе ја преземеме власта. И тоа ќе биде најасниот показател за самоволието и политичкиот инженеринг на власта со кој сака да се замолчат граѓаните и нивната волја. ДВ: Жешка тема останува и Бугарија. Можен ли е некаков напредок во разговорите во пост-вето атмосфера овде, ипредизборна таму, по ангажирањето на специјалниот владин пратеник?Христијан Мицкоски: Сметам дека воведувањето на олеснувачи во разговорите е повеќе од симболичен, отколку од суштински карактер. Она што е важно, е што нашата влада не приоѓа искрено во процесот. Колку и тие да се обидуваат да кријат од јавноста, сепак останува фактот што го кажав уште пред три месеци - дека во игра е додаток на Договорот со Бугарија, било да го нарекуваат анекс, нов договор или додаток, како сакате, сепак тука се преговара директно за идентитетот. Дека има некаков анекс на Договорот е потврдено од највисоките владини претставници на Бугарија, а ако не е така, тогаш каде е демантот од Владата или нашето МНР? Нема таква работа. Но, она што е позагрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал отпор и неговиот свиткан ‘рбет, наместо во позитива да ги смени околностите за Македонија, тој, дознаваме дека сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна. Оттука, нејасно е дали е тоа поради фактот што историската комисија одбива да ги прифати искривените, и пред се', неточни тврдења на Заев поврзани со историските факти кои се вграден дел од нашиот идентитет. Дали Заев со тоа што менува член на комисијата врши директен притисок како тие во иднина да одлучуваат? Ние како опозиција немаме детали информации за разговорите со Бугарија, а ќе споменам дека Заев одбиваше лидерска средба на оваа тема. Оттука, деталите ги добиваме од неофицијални канали и од медиумите. ДВ: Во власта има разногласие по прашањето дали треба да одмориме од проблемот со Бугарија, до изборите кај нив. Каков е Вашиот став - дали разговорите со источниот соседтреба да продолжат беззастој, или да бидат запрени? Христијан Мицкоски: Што се однесува до тоа дали треба да се продолжи со разговорите или не, разговорите треба да се препуштат на историските комисии кои треба да работат врз основа на факти, а не врз основа на притисок и врз основа на тоа Заев да именува и разрешува нејзини членови за да исполнуваат нарачки. Политиката треба да биде настрана од овој процес. Доколку во тие разговори се вклучуваат идентитетски прашања поврзани со јазикот, историјата, идентитетот имаме јасен став дека по ниту една цена не треба да се разговара за она што претставува наше идентитетско обележје. Тоа не смее да биде предмет на договарање ниту какви било отстапки. А претходно кажав, дека доколку нашиот источен сосед продолжи да инсистира на преговори на оваа тема која опфаќа идентитетски прашања, тоа значи дека содржината и на овој актуелен билатерален договор кој го склучи Заев е исцрпена, и дека тој наместо да нуди иднина, нуди минато и тој за нас како политичка партија ќе биде минато. Тогаш е јасно дека е потребен нов договор кој ќе обезбеди иднина и во кој овие работи нема да бидат дел од преговори. 

Македонија | пред 5 години

radar-policija

179 санкционирани возачи во Скопје, 29 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 29 за управување со брзина поголема од дозволената, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло) и 11 мерки за користење на мобилен телефон.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

tik-tok

Ново видео на ТИК - ТОК, се пофали додека вози со 255 км/ч во Скопје

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува со возило со 255 километри на час.https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1350861275614638081?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1350861275614638081%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fse-pofali-na-tik-tok-dodeka-vozi-so-255-km-ch-video%2FНа социјалната мрежа „Тик-Ток“ се појави ново видео објавено од возач на автомобил кој во градски средини каде е дозволено 50 вози со 140 километри на час, а на автопат каде е дозволено возење до 100 километри на час вози над 250 километри на час.

Македонија | пред 5 години

nafta

Вилата на сопственикот на Канал 77 полеана со нафта

Насилно отворена влезна врата и полеана со нафта целата покуќнина, оставиле зад себе вандалите, кои во некој од деновите од изминатата недела влегле во викенд куќата на сопственикот на Канал 77, Горан Гаврилов во Пехчево, објави mms.mk. Викенд куќата се наоѓа во населбата Равна Река во Пехчево, каде во 25 години постоење, немало ниту еден ваков инцидент, со исклучок на случајот пред неколку години, кога мигранти, на поминување, влегле во некои од куќите во потрага по храна.Полицијата веќе два дена го истражува случајот. Се анализираат сите аспекти, вклучувајќи го аспектот на можна одмазда за информации објавени на Канал 77. Имено, во последните месеци, националното радио имаше серија истражувачки приказни, кои изнесоа коруптивни случаи, како и теми врзани за работењето на криминалното подземје.Текстот во целост: mms.mk. 

Македонија | пред 5 години

Japonec

(ВИДЕО) Ново изненадување од јапонецот Казухиро Котецу, по „Македонско девојче“ ја изведе и „Ако умрам ил загинам“

По изненадувањето кое ни го приреди јапонски оперски пејач Казухиро Котецу со песната „Македонско девојче“, на самиот ден од дочекот на Новата 2021 год, денеска не воодушевува со уште една негова изведба. Овој пат тој ја отпеа „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот Јонче Христовски.Инаку јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, за пријателскиот народ од Македонија ја изведе песната „Македонско девојче“.Неговиот голем пријател македонскиот тенор Благој Нацоски вели дека Казухиро песните ги снима во Токио и дека тој е голем пријател на Македонија.

Магазин | пред 5 години

pesevska

Пешевска: Одговорност и оставка од виновните за случајот со извадени органи на родилката од Дебар!

За случајот со медицинската сестра, од пред половина година, јавноста дознава преку медиуми, а министерот за здравство, Венко Филипче и надлежните молчат. Недозволиво!Родилка остана без органи, министерството за здравство молчи за скандалот и се крие зад корона пандемијата. Никој не бара одговорност, а ги нема ниту гласните невладини организации.Наместо струшкото обвинителство да постапува за овој случај, постапува за Вевчански карневал, истакна на денешната прес конференција Жаклина Пешевска, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.Пешевска додаде:Министерот за здравство Венко Филипче, треба во итна и транспарентна постапка да утврди што точно се случило со родилката од Дебар и за тоа да даде целосен извештај пред македонската јавност како и одговор на многу прашања кои се поставуваат.Одговорноста за овој случај, кој се случил пред половина година, досега требало да се детектира и со име и презиме кој е одговорен и веќе истиот требало да одговара.Македонската јавност очекува и бара одговор на сите поставени прашања и отворени теми од родилката од Дебар. Од тоа дека постојат домашни ординации па се до наводите за дадено мито и корупција. Институциите не смеат да молчат. Ова е голем скандал за кој мора да се утврди одговорност.Ваквиот однос, во најмала рака несериозен, е недозволив.Ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ повикуваме на зачувување на правата на жените и репродуктивното здравје на жените. Ги повикуваме сите жени кои што имаат вакво или слично искуство да се обратат за помош, а ние како УЖ сме подготвени да им излеземе во пресрет.За случајот веќе не смее да има молк! За случајот треба да се спроведе темелна истрага и да се утврди кој е виновен и истиот да одговара и да даде оставка!

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пожар во затворот во Шуто Оризари

Пожар изби синоќа во една од собите во затворот Скопје во Шуто Оризари.Пожарот бил локализиран со противпожарен апарат од страна на вработените, а повредени лица нема, соопшти полицијата.Засега не е позната причината за избувнувањето на огнот.

Македонија | пред 5 години

silegov-5

(ФОТО) Шилегов и Тоби уживаат во новиот парк во Мичурин

Неделно сoнце. Со Тоби уживавме во новиот парк во Мичурин, место кое некогаш беше дива депонија, а денес е прекрасно зелено катче за одмор и рекреација на граѓаните !Го сакам вака Скoпје!Скопје, една поинаква приказна, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.  

Скопје | пред 5 години

ordanovski

Орданоски се покаја: Заљубен сум, ја сакам Агнеса и сакам да си го спасам бракот

Не ме интересира повеќе ни имиџот, ни сеир од јавност, ништо од тоа. Заљубен сум, ја сакам Агнеса и сакам да си го спасам бракот. Сакам да се врати, сакам децата да се вратат дома. Ова го вели Роберт Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, во неговото последно медиумско обраќање, овојпат за порталот „Јоци.мк“.„Не се срамам ни да кажам дека сум тажен и постојано плачам“, признава тој откако пред само неколку часа јавно преку неговиот профил на „Фејсбук“ побара брачен советник.Во меѓувреме се огласи и неговата сопруга со која има две малолетни ќерки.„После ова нема шанса. Сега додека сум млада, сакам да бидам сама и да ѝ се посветам на кариерата“, категорично му порача таа.

Македонија | пред 5 години

korona-4

„Е вака се умира од коронавирус“, уредничката на СДК брутално искрен статус

Кога си болен од коронавирус и си стар или сиромашен и живееш сам и немаш никого, шансите да преживееш ти зависат од: да си при свест ако ти е лошо и да се јавиш на матичен или на брза помош, да имаш среќа да дојде амбулантна кола и да те однесе во ургентен центар и да те задржат на болничко лекување, пишува на својот ФБ профи уредничката на СДК, Марина Костова.Костова во објавата додава:Ако те пуштат дома после прегледот оти си за домашно лекување, треба САМ да бараш клексан и ивермектин низ аптеките низ цел град. Клексан нема никаде, ивермектин се истрошува веднаш по прием и никој не може да ти каже кога ќе има. (значи, по лек треба да одиш сам, или пешки или со автобус или со такси, иако си БОЛЕН).и да имаш минимум 50 евра да купиш витаминска терапија.Ете така се умира од коронавирус.Еве и да дополнам: Ако имате стари родители кои живеат сами, јавувајте им се секојдневно повеќепати на ден. А и секој треба да има бекап план за себе - кому да се јавиш во случај на нужда.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања