Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

brza-pomos-bolnica

Извештај на ИЈЗ: Намалување на бројот на нови позитивни случаи и процентот на позитивни од тестирани, зголемен број на оздравени лица

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 11 до 10 јануари 2021 биле тестирани вкупно 14.111 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела.Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.089; 45,4%), со неделна инциденца – 176,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 238,5/100.000 е регистрирана во Ресен.Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19%, просечно 16%, што претставува намалување од 3% во споредба со минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=631, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=446; 18,6%), 30-39 (n=422; 17,6%), 50-59  (n=403; 16,8%) и 20-29 (n=352; 14,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=31; 1,3%) и 10-19 години (n=112; 4,7%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 11 до 17 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

ademi

Адеми: „Ако Албанците на пописот бидат под 20%, нема да ги прифатам резултатите“

Донесувањето на Законот за попис останува под знак прашалник, бидејќи сѐ уште не е изгласан во Собранието. Аргументи за ова прашање во синоќешниот дебатен магазин „Клик плус“ на ТВ 21, изнесоа пратениците Халил Снопче и Арбeр Адеми.–Пописот треба да биде празничен ден каде граѓанинот ќе даде информации за себе, за својот имот. Граѓанинот ќе даде информација бидејќи е фактор, субјект во оваа држава, рече Снопче.Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, рече дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите. Тој меѓу друго говореше и околу новините во Законот за попис.Адеми, како поранешен министер за образование изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18.-Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121.272 Македонци, односно 64,22%, а 60,709 Албанци, односно 32,15%, рече Адеми.И според Снопче, Албанците во Македонија се над 29%. Вели дека немаат доверба во Државниот завод за статистика за спроведување на пописот.

Македонија | пред 5 години

zemjotres-1

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид, Струга и Ресен

Земјотрес во 3 часот и 39 минути утрово се случи во Албанија во близина на градчето Гермиш и беше со интензитет од 4.1 степени се почувствува и во делови на Македонија.Земјотресот силно се почувствува во Охрид, Струга и Ресен.

Македонија | пред 5 години

patarina

МВР - Расчистен случајот со незаконското поминување на наплатна рампа, објавен на „Тик ток“

Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кој се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (18.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.

Македонија | пред 5 години

19012021_PVRSM_Zaev_sredba_diplomatski_misii-1

Заев на состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Во Владата на Република Северна Македонија вчера се одржа редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја на која премиерот Зоран Заев ги информираше амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.Претседателот на Владата на Северна Македонија, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир, детално го образложи континуитетот на тековните реформски процеси, особено во делот на правосудството, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација.Амбасадорите на земјите членки на ЕУ покажаа посебен интерес за активностите за решавање на отворените прашања со Република Бугарија поради кои не се постигна консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија во Брисел, за што на состанокот беше истакнато неподелено мислење дека процесот треба колку што е можно побргу да продолжи, да заврши со старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.Премиерот Заев на состанокот истакна дека, имајќи предвид дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива за нас е важно, да го продолжиме дијалогот со Бугарија, во духот на меѓусебно почитување и во имплементацијата на договорот за пријателство преку поинтензивна меѓу-секторска соработка.„Истовремено остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“, додаде премиерот Заев.За време на дебатата, претседателот на Владата Заев ја поздрави изразената поддршка за проширувањето на ЕУ од страна на амбасадорката на Португалија Вирџинија Пина, при што додаде дека е многу важен ставот на Португалското претседателство дека почетокот на преговорите со Република Северна Македонија се меѓу приоритетите и дека Португалија ќе направи се првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи во првата половина на 2021 година.Премиерот Заев ги сподели и очекувањата од сеопфатниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан на Европската Комисија, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција, за да создаде одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој на земјата во постковид периодот што следува.Претседателот на Владата Заев на состанокот со ЕУ амбасадорите изрази благодарност за поддршката на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во набавката на вакцини против КОВИД-19, и изрази очекување дека ќе има забрзување на оваа постапка како знак на континуитетот и солидарноста во справувањето со пандемијата.„Едногласната поддршка на амбасадорите на земјите членки на ЕУ за јасната перспектива на Северна Македонија како членка на ЕУ на состанокот е најсилната мотивација за нашите реформи за да ги донесеме европските вредности дома“, рече премиерот Заев на редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја што денеска се одржа во Владата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

carina-sverc

Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година

Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија, соопшти Владата.Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија за да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија, информира владината прес-служба.Предлог-листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.

Македонија | пред 5 години

ohridski-ucilista

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат неприфаќањето на нивните барања за намалување на бројот на предмети кои треба да се полагаат на државната матура оваа година, од четири на два.Првиот задолжителен предмет да биде Мајчин јазик, а вториот изборен да биде предмет што е поврзан со понатамошни студии на Универзитет, како и Проектна задача на матурата. Исто така бараат изменетиот материјал и наставната програма за државната матура што се учеле од далечина, да бидат презентиран до март месец.„ Одлуката за бојкот дојде откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не беа подготвени да соработуваат за нашите барања да бидат прифатени и истите успешно да се спроведат. Ги повикуваме сите матуранти да ни се приклучат!“ се наведува во објавата на сојузот.

Македонија | пред 5 години

kafic

Владата: Рестораните повторно ќе работат до 21:00 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.Со одлуката од денешната седница се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.

Македонија | пред 5 години

licna-karta

Личните карти, пасошите и возачките дозволи стануваат двојазични

Владата денеска ги утврди текстовите на Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта и на Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Северна Македонија.Од Владата најавуваат дека Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието во редовна постапка.

Македонија | пред 5 години

kosta-3-1

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески ја продолжи традицијата и годинава се искапи во осветената Езерска вода

Во духот на христијанските вредности, во "Долна Влашка Маала" на "Мазија" ја продолжив мојата Богојавленска традиција!Нека ни е за многу години Водици, здравје и радост за сите! Бог се јави, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

lence-ristoska

Мијалков тврди дека во 9 години од службениот компјутер се приклучил само неколку пати, зошто некогашното СЈО не го провери тоа?

Исказот на екс шефот на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков на вчерашното судење за случајот “Таргет-Тврдина” е земен како апсолутна вистина од страна на судот, обвинителството и најголемиот дел од медиумите и општата јавност.  24 часа по изјавата на Мијалков никој не му противречи и не го преиспитува неговото тврдење дека во службениот компјутер на МВР тој се приклучил само неколку пати во 9 години за да пребарува на интернет но не и за прислушување, објави expres.mk. Доколку предходно СЈО а сега обвинителството ја завршило својата домашна задача сега ќе немаше дилема дали Мијалков ја зборува вистината.Товарот на оваа дилема сега го носи обвинителката Ленче Ристовска која е главниот лик во случајот на обвинителство против екс шефот на УБК.Доколку предходно Ристовска и нејзините колеги направиле вештачење на компјутерот на Мијалков но и на сите други кои се инволвирани во прислушувањето сега многу работи ќе беа појасни.Текстот во целост на:expres.mk. 

Македонија | пред 5 години

ohrid

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Неопходност од преземање итни мерки и активности, како и највисока подготвеност на сите чинители вклучени во процесот за да се отстранат опасностите по Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство, согласно насоките на УНЕСКО, е од врвен приоритет и на новиот состав на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, која, во координација со владиното интер-ресорско тело со кое претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев е вклучена во подготовката на Извештајот за напредокот за 2020 година кој нашата држава треба да го достави до Центарот за светско наследство на УНЕСКО до 1 февруари оваа година.Во овој извештај ќе влезат сите значајни активности и мерки коишто нашата држава ги реализираше во насока на зачувување на статусот на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се, како што е формирањето и функционирање на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и Акцискиот план за постапување по Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од 2017 година.Во овој период е донесен и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион до 2029 година со акциски план за имплементирање на режимите за заштита.Во рамките на овие активности поништени се плановите и проектите за ски центар и пат низ Националниот парк Галичица, како старите проекти за туристичко-развојните зони кои на ниту еден начин не се вклопуваа со критериумите што го определуваат статусот на Охридското Езеро и природното и културно наследство на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО.За заштита на водите и езерската флора и фауна во тек е комплетна реконструкција и целосно заокружување на колекторскиот систем долж целиот брег, вклучително и пречистителните станици, за што е формирано посебно државно Јавно претпријатие Колекторски систем, и се работи на финансирање за целосна реконструкција на системот, што е врвен приоритет за да се превенира загадувањето на Охридското Езеро.Во соработка со УНДП, Електрани на Северна Македонија и со општините Охрид, Струга и Дебрца, се вршат работи за пренасочување на реката Сатеска, како најголемиот загадувач на езерото, во старото корито кон реката Дрим.Адресирани се и барањата на УНЕСКО за регулирање на сообраќајот во стариот дел на Охрид.На иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, во 2019 година беше поддржана номинацијата на Република Албанија за проширување на заштитениот појас на охридскиот регион и од албанска страна на 43-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, по што се формираше Меѓувладиниот Комитет за управување со сливот на Охридското Езеро, кој во текот на 2020 година одржа два состанока.Општина Охрид, согласно препораките на УНЕСКО, изработи посебен регистар на нелегални градби за подрачјето на општината како база на податоци во која се внесени се вкупно 1.076 досиеја за нелегални градби во периодот од 2006 година до мај 2019 година.Во контекст на новите генерални урбанистички планови за градовите Охрид и Струга, за да се примени Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО и да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителната универзална вредност на природното и културното наследство во Охридскиот Регион, во текот на оваа година Министерството за транспорт и врски ќе донесе ДУП од државно значење за целото крајбрежје на Охридското Езеро со што се очекува да се решат проблемите со сите видови урбана узурпација на крајбрежјето и водите на езерото.Со активностите што ги поттикнаа и спроведуваат интер-ресорската Комисија за управување на Охридскиот регион и Националната комисија на УНЕСКО, Владата на Република Северна Македонија силно ја реафирмира определбата да го зачува статусот на Охридскиот регион на листата заштитено светско наследство на УНЕСКО, имајќи ја реално предвид опцијата за ризиците и за можноста Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство да биде прогласено за загрозено подрачје.

Македонија | пред 5 години

hakeri

Хакерски напад на Инспекторатот за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека синоќа биле цел на хакерски напад.Од инспекторатот хакерскиот напад го оценија како притисок врз нивната работа.„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Затворен угостителски објект во тетовско поради непочитување на работното време

На 18.01.2021 во периодот од 18.00-21.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола по угостителски објекти во врска со ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.Притоа, во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати 4 лица и сопственикот. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица: Од аудио снимката објавена вчера јасно можат да се слушнат зборовите на Заев, кои што ја негираат СЕТА клевета кон Левица

После аудио снимката од разговорот помеѓу Александар Верушевски и Зоран Заев, материјал кој вчера интегрално беше објавен на јутјуб каналот, никој повеќе не се сомнева во бескрупулозноста, лицемерието, хроничната склоност кон лажење и користољубие, подмуклоста, корумпираноста, а дури и сериозниот - до граница на загрижувачки недостаток на капацитет за интелигенција на Зоран Заев, како лидер на владејачката партија. Оттука, од оваа перспектива, воопшто и не изненадуваат катастрофалните резултати од досегашното владеење на оваа дружина на криминалци и нивните подлизурковци како спој на најлошото од груевизмот и заевизмот, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Коалицијата помеѓу најголемиот криминалец од времето на груевизмот, Сашо Мијалков и премиерот Заев, безброј пати се има потврдено во реалноста од досегашното владеење на СДСМ. Но сега, во содржината на аудио материјалот, недвосмислено се потврдува дека овие две криминални клики во меѓусебниот политички пазар како средство за размена ги користеле, и се’ уште ги користат: правдата, довербата на народот, како и националните интереси на државата - коалиција која е за нивна лична корист, а на огромна штета на македонскиот народ и неговата иднина.Меѓу другото, од аудио снимката јасно можат да се слушнат зборовите на челникот на СДСМ Зоран Заев, кои што ја негираат СЕТА клевета кон Левица, која неговите „шарени - и шути и рогати“ продуцирајќи ја скоро на дневна основа понатаму ја шират преку владините медиуми и на тој начин ја контаминираат и манипулираат јавноста. На Заев, а и на сета владејачка елита, треба да им е јасно дека, како и досега така и во иднина, сите обиди за компромитирање на Левица ќе бидат јалови.Покрај ова, аудио снимката изобилува со информации од кои треба да се алармираат сите институции на државата, а особено МВР и јавното обвинителство. Покрај признанија за влијание во судството, од аудио снимката дознаваме и дека Зоран Заев поседува многу повеќе снимен материјал од оној кој во јавноста селективно го пласираше СДСМ и токму необјавените снимки се’ уште се користат за рекет и уцени кон политичките противници Од разговорот помеѓу Заев и Верушевски, произлегуваат сериозни индиции дека необјавениот снимен материјал кој го поседува Зоран Заев содржи бројни траги од криминални дејствија на бизнис-политичката и религиско-клерската естрада која хара низ државава.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 359 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 40 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 13, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 620 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: За многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денешниот празник Богојавление - Водици на сите верници кои го слават. На Богојавление е спознаена светата тајна крштевање, кога Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан, од страна на СВ. Јован. Тоа ја симболизира надежта и извесноста на спасението, се вели во честитката до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, од претседалот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Во честитката се додава:Во овие тешки мигови за нашата земја и народ потребно е сплотеност, но и давање на надеж на секој еден човек дека може поинаку, мора подобро. Дека оваа земја е способна за големи победи и дека треба да се стави крај на неспособноста, нестручноста и тонењето надоле. Потребен е општествено рестартирање и обединување на сите прогресивни сили за обезбедување на сонот на подобра Македонија. Тоа е можно и тоа зависи од секој нас.Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите.Бог се јави!

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 14 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти. Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен, а во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите 4 пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот и тој центар ќе биде затворен.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.Вкупно 283 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев: Водици е, а специјалците од МВР уште немаат уапсено или истепано ниеден македонски граѓанин!?

Десет саат дојде, Водици е, а специјалците од МВР уште немаат уапсено или истепано ниеден македонски граѓанин!? Па вака ли бе министре ќе ја сочувуваме традицијата за државен ќотек на секој рисјански празник за време на пандемијава, што ја воведе СДС на Нашата Земја, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.

Македонија | пред 5 години

ohrid

(ВИДЕО) Осветена водата во Охридското Езеро, охриѓани доследни на вековната традиција

Охриѓани доследни на вековната традиција. И покрај ниските температури голем број  граѓани се искапија во осветената Езерска вода.Прв во Езерото со крстот во рака влезе Никола Чорбе, кој го фати крстот во Варош кој се фрлаше во црковен казан,   а по него останатите.Како што е редот капачите првично три пати ја пееја песната Во Јордание.Во Јордање крештајусја Тебја Господи,Троическое јависја Поклонение.Родителе со глас Свидетелство ваше тебје,Возљубљенога тја сина Именуја.И дух видје голубиње Известуваше словесе Утврждение.Јављенсја Христе Боже И мир просвеиште Слава тебја... 

Македонија | пред 5 години

vodici

Богојавление, Крштение на Господа Исуса Христа

Kога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир.Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата. А кога свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јн. 1, 29) и кога Го потопи и крсти Господа во Јордан, со тоа се покажа и Христовата мисија во светот и патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (потопувањето) и оживеа (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветување. Зашто настанот на Јордан нè просветлува покажувајќи ни Го Бога како Троица едносуштна и неразделна. И второ, бидејќи секој од крстените во вода се просветлува со тоа што станува восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Магазин | пред 5 години

kosta-4

Георгиески со апел за Водици: Да се воздржиме од масовни собири и групирања, сега здравјето е најважно

Драги сограѓани, ја користам оваа прилика да ви го честитам утрешниот празник Богојавление-Водици, а воедно и да апелирам се воздржиме од масовни собири и групирања при негово прославување. Оваа година поради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржуваат само утрински богослужби во црковните храмови и во таа прилика потсетувам на задолжително придржување на препораките за заштита од вирусот Ковид-19.Сега здравјето е најважно, оваа година да празнуваме со најблиските, а следната во поголем број да ја продолжиме традицијата, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

sudija

Кумот на Никола Груевски, Ристо Новачевски од притвор излезе на слобода со гаранција

Со гаранција од над 300 илјади евра Ристо Новачевски излезе на слобода по притворот за „Плацеви на Водно“. По нецели три месеци излегол од притвор, објави ТВ24.Двата стана во Скопје, одземениот пасош и обврската да се јавува судот биле доволни за да се обезбеди негово присуство, проценило Обвинителството кое дало позитивно мислење. Новачевски излегол од затворот после Нова Година, потврдија за ТВ24 и од Кривичен суд и од Обвинителството. 

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Веднаш почнавме разговори со Лончар околу техничките детали и времето на испорака на вакцините од Србија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешното гостување во вестите на телевизија Канал 5 информираше дека по разговорот на премиерот Заев со претседателот на Србија, Вучиќ во кој е договорено Србија да и даде 8.000 Фајзер вакцини на нашата земја, веднаш започнал разговори со српскиот колега Златибор Лочнар во однос на техничките детали и точното време на испорака на вакцините.„Најавата засега е дека тоа има шанси да се случи уште утре, но ќе видиме како ќе течат овие разговори и административните постапки во однос на самиот транспорт, приемот и пречекот на вакцините. Станува збор за Фајзеровата вакцина која заедно со Модерна е единствената која ги има сите потребни сертификати од најголемите регулатори, европската ЕМА и американската ФДА“, изјави Филипче но истакна дека сите вакцините коишто сега се достапни на пазарот се развиени на безбедна платформа и веќе се аплицираат во некои земји.Во однос на чувањето на вакцините, министерот Филипче рече дека близу 100 илјади вакцини може да се складираат во еден фрижидер.„Во таа смисла, фрижидерите кои ги најавувавме како донација се пристигнати, завршуваат административните постапки околу царинењето. Но, и сега во овој момент можеме да сместиме вакцини во постојните фрижидери кои ги имавме за друга намена од лабораториите на Институтот за трансфузиона медицина“, додаде Филипче.Министерот Филипче, информираше дека денеска се враќа во функција одделението за офталмологија при интерните клиники, а од утре и одделението за оториноларингологија.

Македонија | пред 5 години

Nikolovski-1

СДСМ: Започнува постапката за ажурирање и активна регистрација на членството

Од денеска, во СДСМ започнува постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член. Согласно точно одредена процедура и рокови за реализација на постапката која ќе трае до 25 февруари. Сакам да се обратам до нашите членови, но, и до граѓаните на овој начин. Затоа што СДСМ постојано се менува, се унапредува, демократизира, модернизира. Се подобрувме за подобро да ви служиме на Вам, граѓаните. Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кон поголема внатрепартиска демократија, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.Николовски додаде:Како што веќе најавивме, оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа за прв пат се случува во нашата татковина и тоа го прави СДСМ, на што сме особено горди.Се надевам овој чекор на СДСМ ќе инспирира и други партии во земјава да не следат, да се реформираат и реорганизираат. Тоа е здраво за државата. Колку поголема демократија толку подобро. Повеќе праведност, правичност, посилен напредок.Постапката во СДСМ започнува денеска од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори. Тимови од месните одбори ќе го посетат секој наш член, ќе разговараат ширум татковината, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.Понатаму постапката продолжува во комисиите на општинските организации па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор. Целосно транспарентно и одговорно.Активната регистрација, ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма.Информациите и клучните чекори за овој процес се достапни на интернет страницата на СДСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи.Ги повикувам членовите да се информираат и оваа постапка да ја направиме заедно, темелно, одговорно, како што знае СДСМ.Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални.Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победува, но постојано се менува! Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас, на нашиот народ и на нашата македонска татковина да и понудиме нови успеси!

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања