Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

televizija

За утре закажа седница на која ќе се распише конкурс за избор на нов директор и заменик-директор МРТ

Програмскиот совет на МРТ за утре закажа седница на која на дневен ред е и одлука за распишување конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на јавниот сервис, објави „360 степени“, истакнувајќи дека, според правните експерти, тоа би било спорно од законски аспект.-Одредбата е јасна. Прво да се изберат органите, па директорите. Ним по сила на закон им е продолжен мандатот. Не може да бираат нов директор кога на постоечкиот му е врзан мандатот со мандатот на Програмскиот совет. Тие имаат мандат до избор на нов Програмски совет, којшто ќе распише оглас за избор на нов директор. Законодавецот тогаш по сила на закон им го продолжил мандатот се до нов избор – вели професорот од правниот факултет Борче Давитковски.

Македонија | пред 5 години

Incident

Обвинение за двајцата насилници кои во скопски автобус се закануваа дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина патниците

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица, жители на скопски села, двајцата на возраст од 31 година, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите на 5 ноември 2020 година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП Скопје кој сообраќал на линијата бр. 7 во Скопје, грубо ги навредиле и ја загрозиле сигурноста на оштетениот возач и на патниците во автобусот. Обвинетите влегле во автобусот кај автобуската станица Рекорд без да носат заштитни маски, на што реагирале патниците предупредувајќи ги да носат заштита опрема. Тогаш обвинетите започнале грубо да ги навредуваат патниците и да ја загрозуваат нивната сигурност, велејќи им дека ќе ги убијат и ќе ги стават во киселина. Потоа му се обратиле и на возачот на автобусот со барање да запре и да ја отвори вратата за да излезат пред да стаса на следната автобуска постојка. Возачот не ја отворил вратата, по што обвинетите продолжиле со грубо навредување и загрозување на неговата сигурност, му се обраќале со висок тон и удирале по внатрешноста на возилото. Со тие дејствија обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај оштетениот возач и патниците на автобусот.

Скопје | пред 5 години

korona-2

МЗ: Состојбата со вирусот е стабилна, да останеме одговорни

Согласно неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи.Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари 2021г, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16% што споредено со средината на месец декември (извештај на ИЈЗ за периодот 14-20 декември 2020г) е намалување од 13,3%, кога процентот изнесувал 29,3%.Во истиот извештај од месец декември бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во една недела изнесувал 4.585, а во извештајот на ИЈЗ за минатата недела таа бројка изнесува 2.397, што покажува намалување од 48%. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е речиси преполовен, а значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.Според вчерашната дневна статистика бројот на активни случаи изнесува 11.924. Споредено со истиот датум во декември кога бројката е 21.979, бројот на активни случаи е намален за 46%.Еден од клучните индикатори е и бројот на хоспитализации на инфективните оддели во главниот град и болниците низ земјата. Вчера биле хоспитализирани 598 пациенти, што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември, односно 51%.По значителното намалување на бројот на хоспитализации, затворени се ковид центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло, а клиниките се враќаат на својата редовна работа.Министерството за здравство порачува граѓаните да останат одговорни и да продолжат доследно и целосно да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот.

Македонија | пред 5 години

pozar-1

Пожар во кочанското село Грдовци, изгоре 46-годишен маж, а неговата мајка е пренесена во болница

Во пожар што рано изутрнава избувна во куќа во кочанското село Грдовци, едно лице почина, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани.Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.-Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории. За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.На местото на пожарот во тек е увид од страна на полициски инспектори и јавен обвнител.

Македонија | пред 5 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Во шест македонски града воздухот синоќа беше екстремно загаден

Во шест града воздухот синоќа беше екстремно загаден. Ова го покажуваат податоците од мерните станици  на Министерството за животна средина.Скопје, Куманово, Битола, Тетово, Гостивар и Битола се градови со многу високо загаден воздух. Велес е високо загаден, а средно загаден воздух дишат жителите на Кичево, Кочани и Гевгелија. Во Струмица воздухот е ниско загаден.Вечерва најзагадена општина е Куманово со 380 ПМ 10 честички на метар кубен или дури 7 пати повеќе од дозволеното.

Македонија | пред 5 години

marjan-cvetkovski

МРТВ со загуба од 8,5 милиони евра и со директор од времето на Груевски

Македонската радиотелевизија ја завршила 2019 година со загуба од 8,5 милиони евра, а претходната 2018 година со загуба од 420 илјади евра, според Годишниот извештај за работењето на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија за 2019 година, кој неделава беше на дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, заедно со финансиските планови за 2020 и 2021 година, објави СДК.МК.Генерален директор на МРТВ уште од 2012 година е Марјан Цветковски. Последен пат беше реизбран во февруари 2018 година со мандат од три години, кој му истекува следниот месец.САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Собранието до каде е процедурата со изборот на нови членови на Програмскиот совет на МРТВ, но не доби одговор.Во државниот Буџет за 2021 година за радиодифузна дејност, ставка од која најголем дел оди за финансирање на МРТВ, се предвидени 14,6 милиони евра. Во 2020 година, оваа ставка изнесуваше 19,5 милиони евра. Текстот во целост на:  СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

ustaven

Левица поднесе претставка до Уставен суд за Законот за ГАМА

Левица денес до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе ИНИЦИЈАТИВА – ПРЕТСТАВКА за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на РМ и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба (од 28 декември 2020 година). Саше Јанчев член на Централниот комитет и член на Правниот сектор на партијата вели дека  Најголемата моќ во општеството ја има државниот апарат, а со таа моќ доаѓа и можноста за злоупотреби на таа моќ од поединци за поединечни интереси, а на сметка на сите останати. Заштита од злоупотреба на таа моќ ни е владеењето на правото, рамката од која што не смее да излезе власта во владеењето е Уставот, а на 28 декември 2020, Собранието на Македонија донесе Закон за решавање на спорот помеѓу владата на Р. Македонија и Макпетрол по пат на спогодба во кој е предвидено една акција, којашто вреди 19.000.000 (деветнаесет милиони) евра, да му се плати на Макпетрол по цена од 33.000.000 (триесет и три милиони) евра.„Во законот никаде не е спомнато кој ќе плати данок на капитална добивка, ниту пак е спомнато дали државата ќе добие дивиденда. Лицата во чиј интерес се прави сето ова се наведени за прв пат во законот, ова е и преседан од АСНОМ до денес затоа што законите се општи правни акти, коишто делуваат ЕРГА ОМНЕС према сите, а не поединечно како што делуваат судските пресуди. Сето ова е така направено, што е пробиена уставната рамка во неколку точки.Прво е пробиена тријалистичката поделба на власта на Законодавна, Извршна и Судска. Имено, законодавниот дом пробува да реши судски спор стар 15 години и со тоа прави упад во надлежностите на судската власт и делува како вонреден суд што е изречно забрането со Уставот. Друга работа е што законот е привилегирачки, се рашава спор само на една компанија, а сите останати компании, коишто имаат судски спорови со владата се тргаат на страна. Воедно законот е и фаворизирачки, затоа што се нарушува правната еднаквост на економските субјекти, која е гарантирана со Уставот, трета работа е што никаде не се спомнува кој ќе го плати данокот на капитална добивка, а според Устав сите субјекти се должни да плаќаат данок и јавни давачки. Четврта работа е што од никаде во законот се инволвира трето незаинтересирано и неинволвирано лице, а тоа е „А.Д. Национални енергетски ресурси” (НЕР АД Скопје), кое е во државна сопственост и кое е инволвирано со цел преку него да се направи наплата, тоа е најверојатно така, затоа што Владата сака да ја тргне од свои раце евентуалната идна кривична одговорност.Се’ на се’, ако се спроведе овој закон, можни се штетни и непоправливи финансиски последици по Републичкиот буџет и опасност по правната сигурност на граѓаните и компаниите. Затоа денес, правниот тим на Левица поднесе иницијатива до Уставниот Суд со којашто БАРАМЕ, да се преиспита уставноста на овој закон и истиот целосно да се поништи“, изјави на прес конференцијата Саше Јанчев.

Македонија | пред 5 години

kafic

Од утре, рестораните и угостителските објекти ќе работат до 21:00 часот со некои исклучоци

Владата на Република Северна Македонија на 40-тата седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21-ви јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.Согласно овие измени, рестораните и угостителските објекти од 21-ви јануари ќе работат до 21:00 часот, после што ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици.Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти.Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца.

Македонија | пред 5 години

spasuvanje-kuce

(ВИДЕО) Млад дечко спасува две кучиња кои се заглавиле во замрзнатата вода во Градски парк

Пред малку бев сведок на една прекрасна хумана случка која што се случи во Градски парк во Скопје.Имено, како што можете да видите на видеото, млад дечко спасува две кучиња кои се заглавија во замрзнатата водс. Иако кучињата не беа во негова сопственост дечкото без размислување со ризик скокна во водата и ни докажа на сите дека во ова време невреме сепак постојат хумани луѓе кои што ни ја враќаат надежта и вербата во човештвото.ВАСКО е името на херојот на денот‼️‼️П.С. На видеото е прикажано спасувањето на едното куче, додека другото е на средината од езерото, се вели во објата на групата  на ФБ Миленичиња.

Скопје | пред 5 години

gruevski-i-borkica

Hикoлa и Бopкицa Гpyeвcки зa “Инфoмaкc”: Heкои пoлитичapи се yштe ни се плaшaт oд ceнкaтa

Експремиерот и азилант Никола Груевски ексклузивен во разговор за Инфомах тврди дека никогаш не се сретнал со Александар Верушевски ниту со неговиот тако Зоран и дека не знае за тоа што се говори во снимката, која неодмна беше објавена во јавноста. Груевски упатува дека Сашо Мијалков уште од 2011 година бил во комуникација со Александар Верушевски и додал дека не знае дали тоа е точно, а истиот одговор го дал и на прашањето дали знае за наводната активност на Мијалков во ослободување од притвор на Зоран Верушевски.Груевски за изјавата дека бил „мртов Германец”, шеговито прокоментирал дека според кажаното произлегува дека СДСМ во декември 2016 година ги загубиле изборите од партија предводена од „мртов Германец”.Експремиерот негирал и дека луѓе од неговиот тим, а и тој биле хомосексуалци или бисексуалци, дека се дрогирал и рекол дека во минатото се обидувале да го дискредитираат на личен план со пуштање разни вакви и слични гласини меѓу народот вклучувајќи и тоа дека ја тепал неговата сопруга, а повремено и со обиди да му креираат афери со жени со кои го фотографирале на улица или на некој настан.Инфомах за снимките побарале коментар и од сопругата на Груевски, Боркица.Но, и Боркица демантирала и рекла дека станува збор за црна кампања против Груевски.– Особено сум непријатно изненадена од новинари интелектуалци кои што наместо да ја истражат целата ситуација тие бесрамно се насладуваат и дополнително без никакви докази се надоврзуваат на истата таа приказна. Инаку снимката која излезе во јавност ја потврдувам веродостојноста бидејќи јас и Никола бевме заедно таму во придружба на службено обезбедување кое тој дотогаш го имаше. Така што сите оние кои внимателно го погледнале видеото ќе забележат дека во позадина се слуша женски глас кој снима. Кој што е поточно мојот глас. Никаде не излегов на снимката, но можам да потврдам дека јас сум таа.– Никола не е таков човек. Ништо од ова не е точно, се е лага – одговорила таа.Текстот во целост на: Инфомах

Македонија | пред 5 години

semejstvo-mirkovci-1

32-годишна девојка со целебрална парализа повеќе од 15 години лежи на импровизиран душек директно на бетон

Наместо на кревет, 32-годишна девојка со целебрална парализа повеќе од 15 години лежи на импровизиран душек директно на бетон, покриена со стар јорган во импровизирана исчадена соба во скопско Мирковци. Сликите со мизеријата во која секојдневно тоне ова семејство се споделуваат на социјалните мрежи со цел да му се помогне во храна, лекови, градежни материјали и парични средства, објави А1 ОН. Ова соба од 20-тина квадрати всушност е стара гаража која на пролет била опожарена па изгорел дел од скромната покуќнина, а од дотраениот таван паднале штици врз болната Маја, која, за среќа, поминала со полесни повреди. Битката со болеста на Маја секојдневно ја води мајка ѝ Божана, која има околу 70 години и сè потешко се справува со мачниот живот и сиромаштијата. Во истата соба спијат и нејзиниот син, постариот брат на Маја, кој исто така има здравствени проблеми па не може да работи, и вујко им, братот на Божана. Единствена егзистенција им е пензијата на мајката, која изнесува 8.000 денари.Текстот во целост на:  А1 ОН. 

Скопје | пред 5 години

skolo

Филипче и Царовска: Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и министерката за образование Мила Царовска денеска на состанокот со претставниците на Сојузот на средношколци, разговараа за почетокот на второт полугодие и под какви околности ќе се одвива наставата.Наставата во второт полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега. И во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.-Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат - рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

kazna

Пријави за 49 верници кои го славеа Водици во Охрид

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по здравствени прописи за време на епидемија“, полициски службеници вчера извршиле проверка на 49 лица во месноста „Сараиште“, за време на празникот Водици, а по целосно документирање, полицијата најави дека ќе поднесе соодветна пријава.-На 19.01.2021 година во времето од 07 до 15 часот, преземени се активности со цел доследно спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот Covid 19. Притоа, кај месноста „Сараиште“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, забележана е поголема група граѓани по што, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување по зарвствени прописи за време на епидемија“, полициските службеници извршиле проверка на 49 лица. По целосно документирање , СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.  

Македонија | пред 5 години

20012021_PVRSM_Zaev_AmbCZ-2

Заев: Нова чешка инвестиција во ИТ секторот, креираме предвидлива даночна политика и услови за натамошен раст

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со Амбасадорот на Република Чешка во земјава Мирослав Томан, на денешната прес-конференција ги истакнаа придобивките од новата чешка инвестиција во ИКТ секторот во земјава. Станува збор за инвеститорот од Европската Унија, „АРИКОМА“ Групацијата, една од најголемите чешки групации дел од „ККЦГ“ групацијата која е приватна мултинационална финансиска и инвестициска групација основана во 1995 година со канцеларии во Швајцарија, Чешка, Велика Британија и САД со вкупна вредност на капиталот од седум милијарди евра и пет милијарди евра приходи и 6.000 вработени во 22 земји во светот.Премиерот Заев ја поздрави оваа инвестиција како основа за понатамошен раст на успешни македонски компании во насока на зголемување на вработувањата, развој на ИТ професионалците и поттик за понатамошен раст на секторот кој значително придонесува во економскиот развој на земјата.„Човечкиот потенцијал секогаш бил и натаму останува највредниот ресурс на компанијата, бизнисот, на севкупното општество. Токму лицата од ИТ секторoт покажаа голем потенцијал за развој на оваа дејност во нашата земја. Македонскиот ИКТ сектор во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите. Оваа индустрија е најбрзо растечка во земјава, која ги вработува најмладите и најпрогресивните граѓани. Нашите заложби се насочени кон натамошно подобрување на условите за работа, кои треба да ја раздвижат ИКТ индустријата и да овозможат забрзана дигитализација на компаниите. За таа цел еден од приоритетите во Владината програма е намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто во 2023 година. Тоа треба да биде доволен поттик за натамошен развој на оваа индустрија“, истакна Заев и ги повикува чешките компании и понатаму да инвестираат во земјава за заеднички да ја продлабочуваме трговската размена која е во нагорна линија.Премиерот нагласи дека потенцијал за унапредување на соработката покрај во ИКТ секторот, регистриран е и во секторите посветени на заштита на животната средина, земјоделство, индустрија, како и заедничка соработка за модернизација на армијата.Новата инвестиција ја поздрави амбасадорот Томан, кој воедно ја истакна важноста на поединечните инвеститори во развојот на трговските, но и севкупните билатерални односи на двете земји. Амбасадорот се осврна на континуираната поддршка на Чешката Република, како и потенцијалите за продлабочување на економската соработка во повеќе области. Дополнително нагласи дека од Република Чешка континуирано пристигнува поддршка од здравствени помошни средства во борбата со пандемијата.Михал Томанек, директор за инвестиции одговорен за ИТ во „Арикома“ истакна дека продолжуваат да инвестираат во вработување и развој на ИТ експертите во Северна Македонија како и дека ќе ги унапредат вложувањата во развој на сите профили на ИТ кадри преку едукативните центри на „Сивус“.Игор Лештар претседател на управниот одбор на „Сеавус“ рече дека со силниот стратешки партнер, „АРИКОМА“ ќе се забрзаат иновациите и уште повеќе ќе ги зајакнеме позициите на меѓународниот пазар. Тој подвлече дека остануваат посветени на развојот на ИТ индустријата и кадрите во земјава, со цел севкупна поддршка на економијата и заедницата.Согласно податоците од Централен регистар, ИКТ индустријата расте по сите основи. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години. Вкупниот број на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1,296 пораснал на 1,957 во 2019 година, што е пораст за околу 700-тини компании за само четири години.Бројот на вработени од 10,975 во 2014 година, пораснал на 15,093 во 2019 што е пораст за приближно 50%. Ова е значителен пораст на вработените во една индустрија. Значаен пораст бележи извозот на ИКТ софтвер и услуги, кој во 2016 година бил 150 милиони евра, а во 2019 година пораснал до 210 милиони евра, што е пораст за 40%.

Македонија | пред 5 години

korona1

Починати 13 лица и нови 72 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Тетово-4, Гостивар-4, Штип-4, Кавадарци-3, Струга-4, Кичево-1, Свети Николе-1, Неготино-1, Дебар-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1023 оздравени пациенти од: Скопје-511, Куманово-51, Тетово-32, Прилеп-46, Гостивар-29, Штип-17, Битола-34, Велес-38, Струмица-26, Кавадарци-50, Кочани-22, Кичево-11, Свети Николе-5, Гевгелија-15, Неготино-21, Дебар-22, Ресен-3, Крива Паланка-20, Радовиш-23, Берово-9, Делчево-1, Пробиштип-3, Виница-4, Валандово-5, Македонски Брод-2, Богданци-6, Крушево-3, Демир Капија-2, Пехчево-11, Дојран-1.Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (74, 69, 93 и 87г), три од Прилеп (69, 76 и 57г), еден пациент од Велес (51г), еден од Неготино (80г), еден од Дебар (71г), еден од Радовиш (66г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Кратово (76г).Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89463, бројката на оздравени пациенти е 74800, на починати е 2739, а бројот на активни случаи изнесува 11924. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 38853, активни 7027• Куманово 5050, активни 436• Тетово 4977, активни 456• Прилеп 4482, активни 267• Гостивар 3546, активни 316• Штип 3447, активни 167• Битола 3174, активни 226• Велес 2970, активни 310• Охрид 2664, активни 367• Струмица 2479, активни 365• Кавадарци 2411, активни 366• Струга 2152, активни 175• Кочани 1702, активни 120• Кичево 1671, активни 150• Свети Николе 1061, активни 48• Гевгелија 954, активни 116• Неготино 945, активни 154• Дебар 725, активни 106• Ресен 712, активни 113• Крива Паланка 705, активни 72• Радовиш 676, активни 53• Берово 567, активни 51• Делчево 538, активни 155• Пробиштип 482, активни 33• Виница 476, активни 40• Валандово 325, активни 24• Демир Хисар 241, активни 13• Македонски Брод 239, активни 14• Богданци 214, активни 32• Кратово 209, активни 15• Крушево 192, активни 33• Македонска Каменица 189, активни 47• Демир Капија 179, активни 36• Пехчево 175, активни 14• Дојран 81, активни 7Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-84, ЦЈЗ Скопје-39, Авицена-155, Биотек-78, МАНУ -59, Жан Митрев (Филип Втори)-89, Систина со PCR метода -100, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-27, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -75, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 435.361 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

3-1

(ФОТО) Најмладите жители на населбата „Воска“ добија уредено катче за забава

Најмладите жители на населбата „Воска“ добија уредено катче за забава. Со средства од буџетот на Општина Охрид поставено е ново детско игралиште кое е опремено со најсовремени детски реквизити со гумирана подлога. Просторот е соодветно ограден и уреден со урбана опрема, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиски.Георгиески во објавата додава:Со цел да се подобрат условите за забава на децата, претходно беше извршена реконструкција и санација на детските игралишта на неколку локации во општината.

Македонија | пред 5 години

Stefoska

Стефоска: И не е така лошо што УНЕСКО го стави Охрид на листата загрозени подрачја

За министерката за култура Ирена Стефова не е катастрофа доколку УНЕСКО го избрише Охридскиот регион од листата на светско природно и културно наследство и го внесе на списокот на загрозени културни добра.“ Да се разбереме ставањето во опасност не е катастрофа, туку напротив ако дојде до тоа случајно тогаш и режимот на заштита мора да е уште повисок , УНЕСКО ќе помогне со експертиза, со фондови, но тогаш главната обврска и одговорност е на сите нас во нашата земја , се разбира и на институциите од локалната и централната власт, но и на граѓаните се разбира, ако сакаме ова светско и културно добро да го заштитиме.” - вели министерката за култура Ирена Стефова.  

Македонија | пред 5 години

sovetnik-culev

Условна казна затвор за екс-советникот на Чулев кој нападна командир во Тетово

Советникот на поранешниот технички министер, Наќе Чулев, Зоран Ѓорѓиевски доби условна казна затвор, односно казна затвор од две години, која нема да се изврши ако за пет години не направи ново кривично дело, за нападот врз командир во Тетово.Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, односно специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, кое го водеше случајот, за „360 степени“ велат дека ќе одлучат дали ќе поднесат жалба откако ќе ја добијат пресудата.„На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје лицето за кое покажувате интерес е огласено за виновно и му е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивањето на пресудата ќе се произнесе дали ќе поднесе жалба по истата“,велат од обвинителството за „360 степени“.

Македонија | пред 5 години

manijak

(ВИДЕО) Манијак се соблекува пред жени во Скопје, жртви најавуваат дека ќе налепат плакати по маало во знак на предупредување

На социјалните мрежи објавени снимки од надзорни камери, на кои се гледа како непознато лице демне по дворови Еди згради.  Објавувачот тврди дека лицето е манијак кој во неколку наврати сексуално вознемирувал жители на Влае.Една од жртвите е Елеонора Стојановиќ која воедно е и администраторската на групата „Манијак во Влае“. Таа за „А1он“ вели дека го затекнала дечкото како стоел на портата од нејзиниот двор, избегал по нејзината реакција, па повторно се вратил. По нејзиното сведоштво, снимки испратила и друга жена, која била демнета пред зградата во која живее.„Случајот е пријавен веднаш во МВР и на местото пристигна тим кој уредно зема изјава, остана некое време со мене на улица и ме информираше дека веќе има испратено кола која патролира по населбата. Следниот ден се обратив кај комшиите кои имаат видео камери да пробаат да најдат нешто од претходната вечер. Последните две видеа на кои јасно се гледа што прави лицето по дворовите и како бега ги поставив на групата што ја направив на ‘Фејсбук’ за да ги информирам луѓето од Влае да внимаваат периодов, односно да знаат што се случува и да пријават доколку приметат нешто сомнително. Утре ќе налепам и плакати по маало, затоа што сакам да знае дека следниот пат кога ќе се појави нема да помине непримерно и дека луѓето знаат што прави и дека ќе го следат секој негов потег!“, вели Стојановиќ, за А1 ОН.Од МВР велат дека полицијата работи на расчистување на случајот.Текстот во целост на: А1 ОН

Скопје | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Во последните седум дена инспекциските служби спроведоа 4.817 надзори и контроли, затворени се пет угостителски објекти

Во периодот од 11-ти до 17-ти јануари, од страна на седумте инспекциски служби, се спроведени вкупно 4.817 надзори и контроли. При спроведените надзори, Државниот пазарен инспекторат, изрече 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Во истиот период, се забележува намалување на бројот на издадени решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од коронавирус.Во изминатите седум дена Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 117 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 6.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, со што продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација.Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.159 контроли и 582 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и според материјалните закони. При спроведените надзори, изречени се 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за две угостителски објекти во Скопје и по еден угостителски објект во Гостивар, Тетово и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.Во периодот од 11-ти до 17-ти јануари, Инспекторат за транспорт изврши 39 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: три прекршочни пријави и едно решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.Државниот инспекторат за труд, во изминатите седум дена изврши 547 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 19 решенија и четири прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, осум решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително согласно овој закон се издадени четири ППН заради неносење на заштитна маска на работно место.Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 18 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности.Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 318 надзори, при што издадени се 16 решенија, 24 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи.Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 37 надзори. Притоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа девет решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад за правни субјекти од Радовиш, Струмица, Ресен и Општина Илинден.Согласно епидемиолошките насоки, од утре стапува на сила новото работно време за угостителските објекти до 21 часот. Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензинските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети. Инспекциските служби и во следниот период ќе продолжат со интензивни контроли на терен во делот на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони.

Македонија | пред 5 години

tatjana-mihajlova

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела година и половина, а носењето на одлуката се оддолжило поради тоа што таа не доаѓала на закажаните расправи. Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, кажа дека несовесното работење е поврзано со примената на АКМИС-системот.„Нашата одлука да се разреши од функцијата судијка во судот, поради повредата на одредбите од судскиот деловник, во однос на примената на АКМИС системот. Подетално за предметот не можам да кажам, бидејќи мора да ја почитуваме пресумцијата на невиност. Кога одлуката ќе стане правосилна, ќе објавиме и во Службен весник. Судијата е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Постапката против судијата се водеше околу година и половина, една причините за тоа е што конкретниот судија не доаѓаше на закажаните расправи. Нестручното работење е утврдено за период од пред две до три години“, рече претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.Судијката Татјана Михајлова ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Кривичниот суд од 5 декември 2016 година, откако на поранешниот претседател Владимир Панчевски мандатот му истече на 4 декември, но повторно се кандидираше за истата позиција. Таа во 2018 година поднесе оставка од функцијата.Михајлова беше судијка во предметот „Насилство во Центар“ на Специјалното јавно обвинителство. Откако беше прераспределена во друг оддел на судот, предметот се судеше одново. Таа беше и истражен судија во случајот „Ликвидација“, каде меѓу другите, осуден на четири и пол години затвор беше и новинарот Томислав Кежаровски.  

Македонија | пред 5 години

20012021_PVRSM_razgovor_RegDirSZO-2

Заев во разговор со регионалниот директор на СЗО, Клуге: Динамизирањето на постапката за добивање на вакцини за сите земји е израз на пријателство и солидарност

Премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за здравство Венко Филипче, преку интернет-конференциска врска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге и сo претставници на СЗО.Во фокусот на разговорот беа информациите за актуелната состојба во Северна Македонија со заразени од коронавирусот, како и активностите во врска со обезбедувањето на вакцини и имунизацијата на населението против вирусот КОВИД-19.Во разговорот, премиерот Заев информираше дека состојбата со заразени од коронавирусот КОВИД-19 во нашата земја е стабилна со двојно намален број на хоспитализирани пациенти и дека доколку има потреба, има доволно слободни места во болниците.Притоа, Заев посебно ја истакна и се заблагодари за поддршката на СЗО и успешната соработка со локалната канцеларија на Организацијата во земјата, во поглед на донации, консултации, насоки и препораки за совладување на здравствената криза предизвикана од пандемијата предизвикана од коронавирусот.„За време на празниците, овде во Северна Македонија беа воведени димензионирани мерки со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се амортизира ударот кон здравствениот систем и поддршката од граѓаните, со целосно почитување на мерките доведе до тоа сега да имаме стагнација на ширење на вирусот“, рече премиерот Заев додавајќи дека и понатаму остануваат во сила мерките и препораките со цел заштита на населението и здравствениот систем.На средбата беа истакнати напорите на СЗО, нејзините партнери и нашата земја за динамизирање на постапката за обезбедување на вакцини преку КОВАКС програмата, при што беше истакнат аспектот на почитување на основните вредности кои притоа се покажуваат, а тоа е пријателство и солидарност на европските земји и земјите во регионот на Западен Балкан.Премиерот Заев информираше за 8.000 дози вакцини кои од Република Србија ќе пристигнат и кои ќе бидат наменети за сите здравствени и медицински работници, на кои заедно со претставникот на СЗО им упатија јавна благодарност за покажаната хуманост и пожртвуваност во изминатите месеци додека трае епидемијата.Претставникот на СЗО ја истакна добрата соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, притоа упатувајќи поддршка за кооперативноста на Северна Македонија во рамките на Берлинскиот процес, изразувајќи надеж дека ќе продолжи и ќе се динамизира координацијата со земјите од Западниот Балкан и Европската Унија за успешно справување со ковид кризата.

Македонија | пред 5 години

Sv-Pantelejmon-Minister-za-lokalna-samouprava-Milevski-20-01-21-15

Милевски: Со реновирање и реставрирање на Св. Пантејлемон како монашко светилиште го јакнеме манастирскиот туризам

Повеќе од потребно беше да извршиме реконструкција и реставрација на конаците кои некогаш го симболизираа вистинскиот црковен дух и беа парче од манастирскиот мозаик во комплексот Св. Пантејлемон на Водно, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски за време на денешната посета и увид на градежните работи во манастирот. Предвидено е Св. Пантејлемон и понатаму да остане отворен за посетители, а е од особена важност за општина Карпош, претставува најзначаен културно - историски споменик и е главен симбол на општината за што говори и фактот дека во самиот грб на општина Карпош е вметната ѕвездата од манастирот.- За овој проект, аплицираше локалната власт и ние како министерство заедно со Бирото за регионален развој одобривме 6 милиони денари бидејќи Св. Пантелејмон е дел од нашето културно наследство. Замената на столаријата беше повеќе од неопходна (дрвени врати и прозори), секако проследена со внатрешно уредување и пренамена на одредени простории, менување на подот, но со задржување на стариот стил т.е поставување на бродски под, реконструкција на тоалетите и поставување на нова електрична инсталација во конакот, нов систем за вентилација, нов противпожарен систем за дојава на пожар кој е од големо значење за сигурноста и безбедноста на просториите и самиот манастирски комплекс. Со сите овие интервенции, ја враќаме автентичноста на внатрешниот простор и секако ќе се задржи автентичноста на надворешниот изглед на манастирскиот конак. Идејата е овој комплекс да се изреновира согласно насоките од МПЦ и да стане уште едно монашко светилиште, со кое ќе можеме да се претставиме пред туристите кои ја посетуваат државата, порача Милевски.Во завршна фаза се конзерваторски и реставраторски работи на главниот конак на Свети Пантелејмон.Според него манастирот, кој во поновата историја беше познат како ресторан каде што се правеа свадби и веселби, сега тежнее да го врати вистинскиот дух на црковен духовен центар во скопската околина. Откако беше изграден комплексот „Македонско село“, а со тоа и дислоциран ресторанот од манастирот, Синодот на МПЦ ја почна иницијативата за заживување на овој манастир, како вистински духовен центар со монашко братство.Предвидено е манастирот и понатаму да остане отворен за посетители, односно ќе биде манастир од отворен тип, а е од особена важност за општина Карпош рече градоначалникот и потенцираше дека манастирот претставува најзначаен културно - историски споменик и е главен симбол на општината за што говори и фактот дека во самиот грб на општина Карпош е вметната ѕвездата од манастирот Св. Пантелејмон.- Сега е класичен манастирски комплекс и навистина сметам дека како таков заслужува внимание бидејќи освен на Карпош, бележи и на државата и на градот Скопје како културно наследство заштитено со закон којшто го имаме во Македонија, вели градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.Министерката за култура говореше за тоа дека се радува што со враќањето на автентичноста на главниот конак, манастирскиот комплекс го добива својот заслужен и единствен лик. Во доцните 70-ти од минатиот век бил направен обид за нејзино впишување на листата на културни наследства на УНЕСКО, за жал тоа не се случило.- Верувајќи дека денеска се создадени сите услови за повторно аплицирање ја преземам одговорноста и честа заедно со Националниот Совет за заштита на културното наследство, како што тоа го направивме и за црквата во Курбиново, да ја отпочнеме подготовката за пишување за тентативната листа на УНЕСКО и на оваа црква од 12-ти век, Св. Пантелејмон во Нерези. Нашата земја изобилува со вакви различни културни добра, вредни за споделување со светот. Заштитата на културното наследство е приоритет на оваа Влада. Св. Пантелејмон е заштитник на лекарите, нека им е на помош и на нив и на оние на кои особено сега им е неопходна нивната помош, додаде на крај министерката, Стефоска.На увидот присуствуваа вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министрите за локална самоуправа и за култура, Горан Милевски и Ирена Стефоска, директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи и поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нова вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе улици во Општина Центар

Продолжуваат активностите на Општина Центар за заменување на старата и оштетена вертикална сообраќајна сигнализација на улиците кои се под нејзина надлежност.Екипи на Општина Центар овие денови поставија нови сообраќајни знаци на улиците во зони на основни училишта и градинки и тоа на „Мирче Ацев“, во непосредна близина на ООУ „11-ти Октомври“, на улица „Стив Наумов“ во близина на ЈУДГ „Р.Ј. Корчагин“ – објект Пепелашка и на улицата „29-ти Ноември“, во близина на ООУ „Коле Неделковски“.Денес општинските служби ја обновуваат вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Тасино Чешмиче“, во зона на детската градинка „Кочо Рацин“ – објект Панорама.Покрај обновувањето на вертикалната сообраќајна сигнализација, Општина Центар редовно ја одржува и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а изминатиот период постави и 9 подигнати пешачки платоа во близина на детските градинки и основните училишта.Со овие активности се олеснува ориентацијата и се нормализира движењето на учесниците во автомобилскиот сообраќај, а се зголемува степенот на безбедност на родителите и децата кои престојуваат во детските градинки и посетуваат настава во основните училишта.

Скопје | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-i-DTIRZ-Despotovski-Iprotex-9

Битиќи и Деспотовски: 2021 година ја започнуваме со нова инвестиција во ТИРЗ – германската Ипротекс инвестира 5 милиони евра и отвора нови 30 работни места

Компанија Ипротекс и Дирекцијата за технолошко индустриски зони, денес го потпишаа договорот за државна поддршка, со кој оваа германска компанија, дел од групацијата Innotech & Iprotex, се обврза на инвестиција од 5 милион евра и отворање на минимум 30 работни места во ТИРЗ Скопје 1.Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, зборувајќи на настанот на кој беше потпишан договорот за државна помош, истакна дека оваа инвестиција е една позитивна искра која означува почеток на нов инвестициски бран којшто ќе биде од особено значење за развојот на нашата земја.„Верувам дека оваа компанија ќе биде само една од многуте компании кои ќе реализираат нови инвестиции во оваа 2021 година. Сведоци сме дека во 2020 година како насекаде во светот, така и кај нас, кризата имаше одредено негативно влијание, кое предизвика одредено забавување или пролонгирање на инвестициските циклуси на компаниите. Сепак, оваа криза, покрај тоа што мораме да ја сметаме за голем предизвик, треба да ја разгледуваме и како огромна можност“, рече Битиќи и додаде дека во 2020 година, Владата покрај мерките со коишто им помагна на оние најзагрозените стопанските субјекти и индивидуални граѓани, креираше и спроведе низа на мерки со коишто се стимулираа компаниите да инвестираат во нови технологии, дигитализација, во унапредување на производствените процеси, во проширување на асортиманот на производи, отворање на нови работни места, односно во подигнување на нивната конкурентност на домашниот и меѓународните пазари.„Дозволете ми да потсетам дека ние не седевме со скрстени раце кога станува збор за стимулирање на компании да инвестираат. Оваа година регистрираме рекордно висока директна поддршка за компаниите во износ од околу 63 милиони евра. Го спроведовме Јавниот повик за зголемување на конкурентноста на компаниите, преку кој со над 17 милиони евра, поддржавме 400 инвестициски проекти на компании кои вложиле во кризата. Воедно преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, преку мерките од Планот за економски раст, со 11,6 милиони евра, поддржавме 140 домашни компании кои инвестирале во 2019 година и тоа во 100% од оправданите инвестициски трошоци, што е за првпат откако Законот се спроведува. За странските компании кои функционираат во зоните и надвор од нив, преку мерките за кои имаме склучено договори, во 2020 година на 37 компании имаме исплатено 25,6 милиони евра поддршка. Тука се и инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој кои се спроведуваат континуирано, а само во 2020 година, со околу 8,5 милиони евра, директно се подддржани 266 компании, во голема мера микро, мали и средни компании. Сето ова, ни дава една позитивна слика дека и покрај сите пречки, Владата навистина вложува во развојот на компаниите, во равојот на човечкиот потенцијал, во креативноста, иновативноста и продуктивноста а со тоа и индиректно во подобар живот на граѓаните“, потенцираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, посочи дека станува збор за прва инвестиција за 2021 година, скромна по обем, но важен чекор во однос на реализација на инвестициските планови. Тој додаде дека се воведувени и нови механизми за отвореност и нови практики во функционирањето на ДТИРЗ.„За првпат презентираме планови и делови од државна помош која за оваа компанија ќе биде до 50% од реализираните инвестициски трошоци и субвенции со удел од 20 %, како и даночни и царински ослободувања. Кај оваа компанија имаме значително поместување во однос на платите. Просечната плата која Ипротекс веќе им ја исплаќа на вработените е 10% над просечната плата во ТИР зоните, и 11% над просекот во преработувачката индустрија. Нашата цел е зголемување на платите на работниците ангажирани во индустриските зони за 30% до 50% до 2024 преку зголемена продуктивност на трудот. Со странските инвеститори веќе разговараме за сет мерки со кои ќе инвестираме во програми и вештини кои се насочени директно кон луѓето, а ќе придонесат кон продуктивност на компаниите“, нагласи директорот на ДТИРЗ Деспотовски.Управителот на Ипротекс во Северна Македонија, Блаже Левовски изрази благодарност и задоволство од соработката со Дирекцијата за ТИРЗ и Владата и се осврна на историјатот на компанијата.„Фирмата Ипротекс е формирана со седиште во Германија од 1999 година. Има 6 фабрики коишто се на 4 различни континентни, 2 продажни претставништва. Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термоизолациони материјали. Со оглед на тоа што автомобилската индустрија е во голем подем и се бараат алтернативни решенија за фосфорни горива, исто така ни дава за право да се надеваме и да ги проектираме нашите планови на долгорочно ниво. Одлуката за инвестицијата во Република Северна Македонија е донесена на база на нашите клиенти, а ние имаме стратегија да се доближуваме колку што е можно повеќе до нашите клиенти. Нашата компанија во последно време работи на истражување и усовршување на некои нови техники за термо-техничка изолација на автомобилската индустрија и исто така во поново време, минатата 2019 година е воспоставен нов договор со Европската вселенска агенција и со НАСА за изработка на обвивки за сателитските приемници на вселенските летала“, објасни управителот на Ипротекс Левовски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања