Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Benzinski-pumpi-9

Поевтинуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од таму појаснуваат дека одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денари, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 13 денари, а цената на мазутот останува иста.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 61 денар за литар, на ЕУРОСУПЕР БС -98 е 63 денари, на дизелот е 52,50 денари за литар, а на маслото е 41,5 денари за литар. Цената на мазутот останува на 30,823 денари за килограм. 

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 286 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 286 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти.Вкупно 286 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 119 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

IMG-a07030995321e13fe7e26c8b05b213da-V

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, запленети околу 40 кг марихуана

На 21.01.2021 Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, пресече меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Република Северна Македонија.Притоа, на бул.„Јадранска магистрала“, на влезот во Скопје било запрено патничко возило „шкода фабија“, управувано од А.М.(42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра.А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Р.Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.

Македонија | пред 5 години

smetkovoditeli

Скопското обвинителство поднесе обвинение против сметководител кој изврши проневера во службата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице кое како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.По спроведување на истражната постапка, обвинителството утврди дека обвинетиот водејќи сметководство на нотарска канцеларија во Скопје, во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари.Обвинетиот неовластено пополнил и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Средствата тој ги префрлал од оперативни сметки на нотарот од повеќе различни банки на банкарска сметка која нотарката ја имала во една банка, во која и сопругата на обвинетиот имала сметка. Потоа обвинетиот ги префрлил паричните средства од сметката на нотарката на банкарската сметка на неговата сопруга, од каде како овластен потписник ги подигнал во готово паричните средства.

Скопје | пред 5 години

kovaceski

Сеќевања -15 години од смртта на Зоран Ковачески

Како дел oд Програмата за одбележување на настани од областа на културата и годишниот календар, Општина Охрид денеска му оддава почит на големиот охридски и македонски писател Зоран Ковачески.Зоран Ковачески (1943-2006) детството и младоста ги минува во Охрид, каде што завршува основно и средно образование. Правен факултет завршува во Белград. Извесно време престојува во Скопје, а потоа се враќа во Охрид и тука останува до крајот на својот живот. Автор е на збирките раскази „Охридски приказни“, „Аристотел од Ресен“, „Пејач“, „Кога не пеат петли“ и на романите „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“. Романот „Семејна фреска“ е преведен на српски јазик, а одделни раскази на англиски, француски, турски, германски и други јазици. Добитник е на повеќе литературни награди и признанија.„Расказите на Зоран Ковачески од критиката често се именувани како „градски“ односно „охридски раскази“, а него го сметаат за раскажувач за Охрид….Ковачески трага по тој и таков рај, фрлен на маргините на една целосно заборавена космичка провинција: неговиот топос, што тој го именува, сосема акцидентално како Охрид….Ковачески е раскажувач на паланечкиот дух, а не на паланката, затоа што веќе се кажа, паланечкото е состојба на духот, а не место. Иако бесмилосно ги критикува слепилото и незнаењето, простотијата и душевната беда на својот паланечки џган, тој, како што се виде, во вториот круг на неговите имаголошки набљудувања, ни ја покажува и паланечката свест на Европа и светот……“, пишува меѓудугото познатиот писател, есеист, критичар и книжевен теоретичар Венко Андоновски во предговорот на книгата „Охридски раскази“.По повод 15 години од смртта на Зоран Ковачески, го објавуваме расказот „Чинар“ кој е дел од неговиот значаен творечки опус.ЧИНАР – Зоран Ковачески

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар додели парична помош од 400.000 денари за настраданите од земјотресот во Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар вчера ја одржа 59-тата седница. На седницата како прва точка на дневниот ред за работа беше доделувањето на парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Република Хрватска.На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на вчерашната седница едногласно од страна на сите советници беше изгласана помошта за граѓаните на Петриња и Сисак во Хрватска по разорниот земјотрес кој се случи на 29-ти декември минатата година.Земјотресот чиј епицентар беше близу до Петриња, на 50-тина километри од главниот град на Хрватска, Загреб, одзеде најмалку 7 животи, многумина ги остави без домови и покрив над главите и целиот град го претвори во рушевина.Средствата ќе бидат уплатени во Фондот за солидарност на посебната сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија и во најбрз можен рок ќе им бидат достапни на граѓаните на Петриња и на Сисак.

Скопје | пред 5 години

vlada-filipce

Владата ги објави платите: Премиерот зема 87.813 денари, еве ги останатите

Владата ги објави платите на премиерот, вицепремиерите и министрите во новиот мандат. Премиерот Зоран Заев, кој минатиот мандат имаше помала плата од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сега има најголема- објави Фактор . Претседателот на Владата добива 87.813 денари, што е за 348 денари помала од таа што му беше пред изборите.На второто место е Спасовски со 85.113 денари. Неговата плата е скратена за 7.186 денари. Во минатата Влада, доколку не се смета вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој повеќе не е дел од истата, на трето место беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Овој пат на таа позиција е Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, со 74.273 денари.Шекеринска сега е на четвртото место со 72.989 денари, што е помалку за 6.161 денар во однос на претходната. На петата позиција е Ирена Стефоска, министерката за култура, со 72.670 денари.

Македонија | пред 5 години

branka-stankovska

Почина легендарната спикерка Бранка Станковска

Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина денеска во Скопје на 90 годишна воздраст , потврди семејството.  Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го поминала во Македонската радиотелевизија.Бранка Станковска е доајен на македонското спикерство, ненадмината во негување на убавиот збор, дикцијата и литературниот македонски јазик.Бранка Станковска е родена во Скопје, на 30. Ⅳ 1931– целиот работен век го поминала во РТ Скопје, била радио и тв спикер и водител. Во Македонската радио-телевизија работела од 1948-1987. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.,,Тивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Дочека да биде и чукунбаба, имаше убав живот, изгледа внуци, правнуци и праправнука. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец дури и по нејзиното пензионирање беше активна и се уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите. ,,ТОЧНО Е 12.00 часот“. Почивај во мир бабо и после многу години ќе се сретнеш со својата единствена и голема љубов, дедо Бошко!“-напиша една од нејзините внуки на социјалните мрежи.

Македонија | пред 5 години

21.01.2021

Филипче: Државата има капацитет да спроведе попис во време на пандемија

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома Интеграцион Центрум“.Филипче посочи дека министерството за здаравство и Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега за спроведување на пописот ќе бидат на располагање за едукација и донесување на протоколи за спорведување на една ваква комплексна операција.-Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести сме на располагање на сите чинители кои ќе бидат вклучени во процесот на спроведување на пописот. Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите кои што ќе го водат тој процес - рече Филипче.Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи помина без ниту една забелешка.-Се ова ни дава и параво да кажеме и можеме да ве увериме дека процесот со пописот може да се изведе и да се заврши по сите здравствени протоколи. Консензус на ниво на Светската здравствена организација е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој што е пред нас и е од клучно значање за државата - рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

50250552858_c1667b3294_c

Апасиев: По сила на устав - сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија

Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ:-Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!Значи, јас - по сила на устав - сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.Апасиев во објавата додава:p.s. Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако иам време деновиве, може и ќе ви го оспорам - чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења

Македонија | пред 5 години

21012021_PVRSM_Sredba_1

Средба Заев - Дуџак: Обединетите нации ја продолжуваат поддршката на нашата држава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија.На состанокот е најавено дека продолжува поддршката од Обединетите нации на нашата држава во сите области од полза за граѓаните и државата.Разговарано е за иницијативата на ОН, Фонд за мир, посветен на Западен Балкан, при што е изразена согласност дека Република Северна Македонија е пример за стабилност и дијалог.Се обрна внимание на реформите кон коишто е посветена држава во делот на менаџирањето со кризи и придонесот што може да го дадат ОН преку техничка поддршка и пренесување искуства во насока на што поголема ефикасност на системот за управување со кризи.Најавена е поддршка од ОН и во областа на здравството, како и во областа на животната средина и културата. Констатирано е дека Владата, на национално ниво покажува определеност кон активностите за заштита на Охридскиот регион, а премиерот Заев истакна дека наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО, за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион се еден од владините приоритети.На средбата, премиерот Заев нагласи дека продолжува – и со поголема посветеност, имплементацијата на документот: „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации“ за периодот 2021-2025 година, што е стратешка програмска рамка за активностите на ОН во нашата држава, кон постигнување на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на ОН.„Ги поддржуваме милениумските развојни цели и определени сме кон мир, заштита на човековите права, уште поголемо зајакнување на ефикасноста и одговорноста на институциите“, рече премиерот Заев, кој се заблагодари на генералниот секретар на ОН и на Организацијата на обединетите нации за поддршката на нашата земја, којашто стана членка на НАТО и очекува напредок во евроинтеграциите.

Македонија | пред 5 години

Micevski

Мицевски: Власта предводена од СДСМ со европско знаменце го истурка на сила законот за попис и од статистичка пописот премина во политичка операција

На денешната 29-та Собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не гласаше за законот за пописот на населението и домаќинствата. Според координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, ова законско решение власта го истурка на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не се прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде на СДСМ и нивните коалициони партнери. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за ваквото законско решение.-Овој закон е повторно по скратена постапка со европско знаменце, со неколку козметички измени кои немаат никаква допирна точка со регулативите на Европскиот парламент со препораките и стандардите. Последниве денови се лецитира со проценти и признавање, односно непризнавање на резултатите од пописот кој што треба да се спроведе. Што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистичка преминува во политичка операција, изјави од собраниската говорница Мицевски.Ваквото предложено законско решение, рече Мицевски нема да биде објективно и фер, овој законски текст нема да биде релевантен, туку иреален попис.-Го истуркавте ова законско решение на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не беа прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде ваша. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за ваквото законско решение, изјави Мицевски.

Македонија | пред 5 години

21012021_VRSM_Edno_opshtestvo_i_interkulturalizam

Одржан конститутивен состанок на Координативното тело за имплементација на Националната стратегија „Едно општество и интеркултурализам

Членовите на Координативното тело за имплементација на Националната стратегија „Едно општество и интеркултурализам“ денеска преку видео-конференциска врска одржаа конститутивен состанок на кој се запознаа меѓусебно поради менувањето на дел од членовите по формирањето на новата Влада.Координативното тело беше задолжено за изготвување на Стратегијата, која е изготвена преку широк партиципативен процес во којшто учествуваа над 140 невладини организации, домашни експерти и претставници на клучните институции коишто оваа Стратегија ги опфаќа.Стратегијата е усогласена со меѓународните конвенции, стандарди и особено со препораките на клучните меѓународни организации, како Европската Унија, Советот на Европа и неговите тела и на политичките определби на ОБСЕ и „Насоките од Љубљана за интеграција на разнолики општества“ на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ од 2012 година.Стратегијата опфаќа седум области-кластери кои имаат клучно значење за интеркултурализмот, односно правна рамка, образование, медиуми, култура, општествена кохезија, млади и локална самоуправа.На состанокот се разговараше за динамизирање на активностите во насока на понатамошна работа и поефикасна имплементација на Стратегијата, која е документ кој прв пат е подготвен во Северна Македонија и е од особено значење за зајакнување на процесите на комуникација и соработка помеѓу различните култури и заедници, во насока на создавање на еднакво општество.Состанокот го водеше претседателот на Координативното тело за изготвување и следење на имплементација на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски а присуствуваа заменик-претседателот, замениците-членови и секретари на Телото, како и претставник на Мисијата на ОБСЕ.Претседателот Алаѓозовски го презентираше Извештајот за преземени активности предвидени во Националната стратегија за развој на концептот „Едно општество и интеркултурализмот“, при што беа истакнати реализираните клучни активности во т.н. кластери согласно Акцискиот план, и покрај како што беше нагласено, здравствено-економската криза, како и периодот на распишувањето на предвремените парламентарни избори во февруари, поради што се работеше со намален институционален капацитет.Беше посочено дека во делот на образованието се реализирани низа активности во соработка со партнери како ОБСЕ, Фондацијата Отворено општество и Нансен дијалог центарот, преку обезбедување интеракција меѓу учениците од различни етнички заедници и различни наставни јазици во основното и средното образование, како и организирање заеднички наставни активности по најмалку два различни предмети во училиштата, како и подготовка на упатство за организирање на заеднички наставни активности.Во оваа насока се и зголемена соработка на наставниците што предаваат на различни наставни јазици, зајакнување на компетенциите на наставниците за работа во интеркултурна средина, нивна обука за стекнување компетенции за работа во мултикултурни средини преку заеднички наставни/вон-наставни активности и зголемена соработка на релација училиште -родители – ученици. Организирани и реализирани се повеќе заеднички работилници со ученици и родители од различни наставни јазици во повеќе јазичните училишта.Во кластерот Локална самоуправа е остварена приоритетната цел со воспоставување функционални механизми за соработка и разбирање меѓу заедниците во единиците на локалната самоуправа, подготвени се анализи за функционирање на месните, односно урбани заедници за подобрување на функционалноста на месната самоуправа.Направено е мапирање на услугите кои се во надлежност на општините и нивно инкорпорирање во Каталогот на услуги што ги обезбедува јавниот сектор, од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Извршено е обезбедување на услови за физички пристап до сите јавни објекти во ЕЛС за лицата со попреченост, како и зајакнување на капацитетите на јавната администрација за комуникација и пристап до информации од јавен карактер за лица со попреченост.Има подготвено видео прирачник за информирање на лица со попреченост за користење на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и се спроведени обуки во Североисточниот и во Источниот плански регион.Во областа Култура извршено е и усогласување на стратегиите, културните политики и други јавни и оперативни документи со стратегијата, прифаќање на принципите, политиките и платформата ИГ и обезбедено е членство во оваа меѓународната мрежа на ИГ. Создадени се критериуми и приоритети за интеркултурен дијалог во конкурсот на Министерството за култура.Во кластерот Млади беше позитивно оценето учеството, преку формирана меѓуресорска група во изготвување на Закон за млади која ќе работи на процесот на дисеминација и примена по носење на Законот во однос на интеркултурализмот и интеркултурното учење.Во кластерот Правна рамка е реализирана активноста поврзана со донесување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, со кој се обезбедува пристап до социјална заштита, здравствена заштита, право на образование и право на вработување на оваа категорија граѓани, која до негово донесување, беше надвор од системот.На денешната средба членовите на Координативното тело за имплементација на Националната стратегија „Едно општество и интеркултурализам“ изразија задоволство и два готови проекти во рамки на комплементарните мерки, кои се однесуваат на изготвена дата база на домашни и меѓународни проекти релевантни за Стратегијата, која набрзо како онлајн база ќе биде промовирана. Овде спаѓа и изготвувањето на онлајн курсеви за јавна администрација со два модули, за основен и напреден степен. Овие курсеви се со цел унапредување на компетенциите за интеркултурна комуникација и управување со различностите во јавниот сектор.Координативното тело за имплементирање на Националната стратегија „Едно општество и интеркултурализам“ продолжува со редовните неделни состаноци, со цел реализирање на активностите од Акцискиот план.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска се регистрирани починати 15 лица и нови 356 позитивни случаи со Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-171, Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10, Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Демир Капија-1, Пехчево-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од: Скопје-426, Куманово-18, Тетово-7, Прилеп-12, Гостивар-14, Штип-8, Битола-11, Велес-13, Струмица-13, Кавадарци-19, Кочани-6, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-2, Неготино-2, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Берово-3, Пробиштип-5, Валандово-1, Богданци-2, Кратово-1 и Пехчево-1.Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89817, бројката на оздравени пациенти е 75387, на починати е 2754, а бројот на активни случаи изнесува 11676. Од вчера се евидентираат два контролни тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 39024, активни 6767• Куманово 5062, активни 429• Тетово 4994, активни 463• Прилеп 4497, активни 269• Гостивар 3552, активни 308• Штип 3454, активни 166• Битола 3178, активни 219• Велес 2980, активни 307• Охрид 2684, активни 387• Струмица 2487, активни 360• Кавадарци 2430, активни 365• Струга 2162, активни 185• Кочани 1704, активни 116• Кичево 1681, активни 151• Свети Николе 1062, активни 48• Гевгелија 957, активни 117• Неготино 948, активни 155• Дебар 725, активни 106• Ресен 715, активни 116• Крива Паланка 708, активни 66• Радовиш 679, активни 50• Берово 571, активни 52• Делчево 541, активни 157• Пробиштип 489, активни 35• Виница 479, активни 43• Валандово 325, активни 23• Демир Хисар 242, активни 14• Македонски Брод 239, активни 14• Богданци 214, активни 30• Кратово 210, активни 14• Крушево 196, активни 37• Македонска Каменица 190, активни 48• Демир Капија 180, активни 37• Пехчево 177, активни 15• Дојран 81, активни 7Направените 1906 теста се преку: ИЈЗ-468, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-183, Биотек-134, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-83, Систина со PCR метода -166, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -504, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

paketi

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија денеска доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Оваа активност е дел од одбележувањето на богојавленските празници, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата на градоначалникот се додава:Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до семејствата од страна на екипите на Црвен крст и мобилните тимови на Општина Охрид.Нашата заедничка грижа нека биде поттик за останатите институции, компании и граѓани за повисока општествена одговорност и обезбедување социјална поддршка онаму каде што е најпотребна.Покрај хуманите активности, со дел од средствата кои беа предвидени за богојавленската прослава, оваа година беше поддржано креирањето на веб страницата www.bogojavlenie-ohrid.mk , на која се поместени низа содржини за празникот Богојавление-Водици во Охрид.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Влада: Расте просечната нето плата, создаваме услови

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2020 година изнесува 27.588 денари и е повисока за 7% во однос на истиот месец во 2019 година, поточно за 1.801 денари.Согласно податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020 во споредба со истиот месец 2019 година регистрирано е зголемување на нето платата по вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%), во преработувачката индустрија (7,3%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа, климатизација (4,9%), информации и комуникации (9,4%), финансиски дејности и дејности на осигурување (2%), како и во останати бројни дејности.Дополнително, ваквото зголемување во најголем дел се должи и на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (11,2%), дејности на здравствена и социјална заштита (11,2%) и образование (9,5%). Највисоки нето-плати се регистрирани во секторите информации и комуникации, како и финансиски дејности и дејности на осигурување.Владата во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата во следните четири години.Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и покачување на платите за 20% до 30% односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Првите вакцини од Фајзер и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз, планот за вакцинација е подготвен

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид 19 во нашата земја. Првите дози на вакцината Фајзер која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на Фајзер кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво коешто е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа, одговори министерот за здравство д-р Венко Филипче, на новинарски прашања, поставени од Канал 5 и Сител.-Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на Фајзер и тоа на некој начин им ги забрза работите. Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот Фајзер, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација - вели министерот за здравство д-р Венко Филипче.Производителот Фајзер на нашата земја и излезе во пресрет, несакајќи да се забави динамиката на пристигнување на вакцините.-Со оглед на тоа што инсистираат регистрацијата да се случи кога тогаш, несакајќи да ја забават динамиката на пристигнување на вакцините, се согласија тоа да биде за следните количини, во следните месеци поради тоа што ние поднесовме измена на Законот за лекови во Собранието за да овозможиме, оваа конкретна вакцина да се регистрира преку апликант кој не е регистриран како компанија во нашата земја - објаснува Филипче.Што се однесува до испораката на вакцините од Република Србија, Филипче појасни дека во моментов се чека одобрување од компанијата Фајзер, за интервентен увоз.-Во интензивна комуникација сме со компанијата изминатите два дена, паралелно на нашите разговори во врска со нашиот директен договор, сега се чекаат и фајловите за да се дозволи таа количина од Србија да биде пратена во нашата земја. Тоа значи дека компанијата Фајзер води сметка за буквално сите количини кои ги дистрибуира во земјите, дали и на кој начин евентуално се препраќаат во некои други земји - додава министерот.Во врска со измените на Законот за лекови, министерот изминатиов период имаше средби со пратеници на опозицијата кои во разговор со него изразија поддршка и конструктивност за измените на Законот.Што се однесува до вакцините кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот, министерот Филипче на 29 јануари ќе има состанок со претставниците од тој систем кога се очекува да добие информации кога и во кои количини вакцини ќе стигнат во нашата земја.Здравствениот систем и сите други институции во државата се подготвени за процесот на вакцинација, вели минситерот.-Ние сме целосно спремни. Утрово имав состанок со директорот за Агенцијата за лекови МАЛМЕД, тамошните служби се целосно спремни да ги пречекаат документите, да ги издадат потребните формулари, административни. Укажавме на директорот на Царината и во таа служба се спремни вработените сите постапки да се завршат во најкраток временски рок. Ние сме спремни со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани, може тука да се складира огромна количина на вакцини. Подготвен е и планот за вакцинација, секако здравствените работници се први. Така да, во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по којшто ќе се постапува - изјави министерот.

Македонија | пред 5 години

6-1

Град Скопје: Дрисла станува современа депонија

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако Дрисла се врати во надлежност на Град Скопје, ова јавно претпријатие прерасна во санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот, а целокупниот нејзин економски потенцијал е ставен исклучиво во служба на граѓаните.Во релативно краток период и во кризна година поради пандемијата од Ковид-19, ЈП Дрисла успешно се справи со предизвиците и приоритено ја консолидираше финансиската состојба на депонијата. Затекнатиот долг од околу 175 милиони денари, за една година го намали на околу 90 милиони денари, односно долгот кон 156 фирми сега е сведен на долг кон 30 фирми. На почетокот од 2020 година, ова претпријатие имаше побарувања од околу 100 милиони денари, а на почетокот од годинава има побарувања од околу 128 милиони денари.Откако ЈП Дрисла е повторно во надлежност на Градот набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето. Новиот стерилизатор е со капацитет од 2 000 литри и може за еден час да третира 350 килограми отпад што ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер што го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што придонесува за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.За една година, градежните машини со кои располага и кои се во сопственост на претпријатието се комплетно сервисирани во сервисот на претпријатието и се повторно вратени во употреба за тековно извршување на активностите во депонијата, а со самото тоа се заштедени големи финансиски средства кои претходно се користеа за изнајмување на машини. Претходно, овие градежни машини неколку години не се употребуваа поради големи дефекти и претпријатието работеше со изнајмени машини.Старите и дотраени теренски возила се заменети со нови 3 теренски возила, неопходни за непречено движење по пристапните патишта до депонијата кои се тешко проодни со лесни моторни возила. По десет години комплетно се отворени и дренажните канали околу целата депонија.За редовно мерење на амбиенталниот воздух, а со цел намалување на трошоците на изнајмување на мерна станица, набавена е нова мерна станица за амбиенталниот воздух со автоматско ажурирање на податоците на една минута, а продолжена е и важноста на А - интегрираната дозвола.Воведен е нов софтвер за дигитализација на деловните процеси и на процесите за третман на отпадот на депонијата согласно со европските стандарди. Поставен е нов систем за видеонадзор, со што целата површина на депонијата е комплетно покриена со камери, со што се овозможува целосен мониторинг на функционирањето на претпријатието. Пуштено е и улично осветлување на целата површина на депонијата, со што се овозможува непречено извршување на работните задачи на вработените во трета смена.После 9 изгубени години, со повторното преземање на депонијата Дрисла од Град Скопје е решен долгогодишен комунален проблем на граѓаните. За една година, ЈП Дрисла стана современа депонија согласно со европските стандарди, а нејзиниот развој и модернизација со несмален интензитет ќе продолжат и во текот на оваа година.

Скопје | пред 5 години

elizabeta

Поради компликации од КОВИД 19 Елизабета Панова е префрлена во приватна клиника, потребни се средства за лекување

ФБ објава:ВЕ МОЛАМ СПОДЕЛУВАЈТЕ!!!Елизабета Панова која беше позитивна на вирусот КОВИД-19 изминатите 3 недели ги помина на инфективната клиника, а поради компликации од вирусот изминатите неколку денови е префрлена во Систина каде е веднаш приклучена на респираторна машина. При самиот прием фамилијата исплати 5000€ а за секој нареден ден од престојот на респиратор уште по 1000€.Додека пак деновите кога нема да биде на распиратор ќе чинат 500€. Во овие тешки времиња секоја помош е добредојдена па затоа е отворен број за донации на кој би можело да се донираБроеви за донацииА1- 143 505Т-мобиле- НЕАКТИВИРАН (во процес)Трансакциска сметка на Горанчо Панов= 210501615213591

Македонија | пред 5 години

monstrum-sudenje

Фетаи побара ослободување на еден обвинет во „Монструм“, за останатите побара да се преиначи делото

Обвинителката Фатиме Фетаи пред судот се откажа од гонење на обвинетиот Самир Љута, кој претходно беше осуден за кривично дело тероризам. Фетаи образложи дека за него нема докази со кои би се потврдило дека тој сторил какво било кривично дело. За обвинетите Фејзи и Хаки Азири, обвинителката го преиначи делото и наместо за тероризам, тие се гонат за помагање при извршување кривично дело.„Дејствата беа спорни, но добиле пресуда од две судски инстанци. По насоката од Врховниот суд, со анализа и оценка на доказите се донесе заклучок дека нема докази оти тој презел докази со кои било исполнето кривичното дело тероризам, ниту кое било друго кривично дело“, рече Фетаи за одлуката да не го гони Самир Љута.Фетаи потенцираше дека не е утврдено кој од извршителите со кое оружје пукал.-Факт е дека петкратното убиство било извршено со три огнени оружја, но не е утврдено и кој од извршителите со какво оружје пукал и дали некој не пукал, туку држел само стража. Спорно е и да обвинителството и судот го прифатат ова како докажан факт, истакна обвинителката Фетаи.Инаку Љута беше обвинет дека им помагал на извршителите, претставувал логистика и чувал стража во близина на местото на злосторството додека се случувало петкратното убиство. Тој претходно беше осуден на доживотна казна затвор заедно со другите обвинети.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

DW: Езерото Треска замина во историјата

На местото на некогашното рекреативно езеро на периферијата на Скопје денеска можеа да се видат само рушевини и кози кои шетаа по остатоците од некогашната гордост на скопјани. Тешка механизација и група кози во потрага по храна во студените зимски месеци денеска беа главна сензација на просторот каде некогаш се наоѓаа објектите во рамките на Рекреативниот центар Треска, објави dw.com. Текстот во целост на: dw.com. фото: Арбнора Мехмети

Македонија | пред 5 години

IMG_3782

Аеродром - прва општина со европско знаменце

Општина Аеродром изготви четиригодишна стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром - прва општина со европско знаменце“. Со ова Општината се надоврзува на стратегиската рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома“ и со сите регионални движења во рамки на Европската Унија.„Стратегиската платформа што ја донесовме за следните 4 години ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Продолжуваме да инвестираме за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром. Ова ќе го направиме заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, заедно со Делегацијата на ЕУ, чиј претставник е тука со нас денеска. Ќе ја зајакнеме соработката со невладиниот сектор, со интернационални асоцијации и здруженија, со институциите и граѓаните. Ќе ја искористиме целата поддршка што ни е достапна за овозможување подобар квалитет на живеење во нашата општина. Подобар квалитет на живот за сите наши жители“, рече Златко Марин, градоначалник на Општина Аеродром на официјалната промоција на Платформата.Раководителот на секторот за економски прашања, зајакнување на институциите и прекугранична соработка на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Freek Janmaat, ја поздрави платформата на Општина Аеродром и во име на Делегацијата изрази подготвеност за, како што рече, стимулирање на процесот на децентрализација на локалната самоуправа, која се смета за една од најважните вредности во Европската Унија.Стратегијата предвидува соработка со домашни и меѓународни партнери за реализација на заедничките цели, како и учество во меѓународни програми за поддршка на локални самоуправи. Предвидено е воведување нова европска, системски базирана методологија за одржување хигиена, управување и селекција на отпад со непосредна и интерактивна соработка со жителите на општината. Ќе продолжат инвестициите во поквалитетно образование – ќе се обезбедат смарт табли и лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште, во соработка со Скопскиот плански развоен регион и Светската банка.Модернизацијата е посебна програмска цел на ЕУ иницијативата „European Sustainable Cities“, која Општина Аеродром ќе ја реализира со поддршка од Transformative Actions Program (TAP). Општината ќе партиципира во EU Urban Mobility програмата за да ги зајакне своите локални капацитети и да обезбеди пристап до климатски финансии. Меѓу многуте проекти за реализација во платформата, Општината ќе изработи семејна апликативна картичка „Family Aerodrom“ која ќе обезбедува низа поволности, можности и вклучување на жителите во општински проекти. Општината, во соработка со локални здруженија на граѓани, ќе креира и мрежа (HUB) сервис на услуги за сите жители.Општина Аеродром ќе ги модернизира и своите рурални подрачја во Горно и Долно Лисиче, каде планира да направи зона за рурален развој. Во делот на подобрување на квалитетниот начин на живот и развој на локалните можности за туризам ќе се изгради прв национален професионален голф терен во земјава. Во наредните денови почнува интензивна меѓуопштинска соработка и партнерство со општини што го поддржуваат спортот, а воедно напролет ќе се реализира и спортско ТВ шоу „Тројка за МЗТ“.На денешниот настан се презентираше и првиот проект од стратегијата што го носи името „Clean AirDrom“ што претставува иновативен систем за управување со отпад според љубљанскиот модел со активно учество на граѓаните и на бизнис заедницата.И покрај актуелната ситуација со пандемијата, присуствуваа високи претставници на Владата, меѓу кои вицепремиерот Љупчо Николовски, директорот на Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош, Адем Цури, како и дел од дипломатскиот кор.

Скопје | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Изгласан Законот за попис, ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе бара поништување

Собранието го изгласа законот за попис. По 19 години во април ќе се одржи попис на населението. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва.Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

Македонија | пред 5 години

zena

Наместо среќна со втората рожба,не може да стане од кревет за да си ги гушне децата, траумите кои ги преживува родилката од Дебар

Бевме многу среќно семејство и не ни помислувавме дека животот ќе ни се преврти наопаку, дека ќе поминуваме низ ваков кошмар, дека јас од безгрижна сопруга, мајка и здрава жена сега нема да можам да станам од кревет за да им се радувам на децата. Вака ја почнува својата животна приказна Јилдз Веапоска од Дебар, која пред неколку месеци радосно заминала во струшката болница за да се породи и по втор пат стане мајка, но место тоа, како што вели, сега не може да стане од кревет за да си ги гушне децата, постарото синче, кое има четити години и ќеркичката, која сега има пет месеци. Јавноста е згрозена од она што и се случи на Јилдз, од здрава и права жена која заминала да се породи, сега поминува пекол без три органи- матка, јајник и бубрег, објави  mms.mk. ММС ја контактираше Веапоска и уште на првото прашање-како си, таа низ солзи ни рече: „Како да бидам, кога не можам да станам од кревет, кога сеуште не може да ми влезе во глава што ми се случи и зошто поминувам низ овој пекол“.Траумите во врска со оваа ситуација не ги има само Јилдз, туку и целото семејство. Особено, како што вели таа, синчето, кое има четири години и кое ја гледало драмата што се случувала во струшката болница, бидејќи заедно со татко му дошле да ја земат Јилдиз од болница со бебето, не помислувајќи дека место среќа ќе доживеат кошмар, кој ќе им го змени животот.Јилдз вели дека досега никој не и кажал зошто струшкиот доктор и ги извадил органите, освен дека и ги извадил и дека имала обилно крварење, но не и зошто имала обилно крварење.Текстот во целост на: mms.mk.   

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија: Ало Заев, твои функционери те демантираат со изјава до ЕУ дека законот за попис е усогласен со европското законодавство

Зоран Заев повторно лаже. Во секоја изјава во јавноста вели дека пописот во април ќе биде целосно според стандардите на статистичкото биро на Европската унија - ЕВРОСТАТ. Но, владини функционери го демантираат Заев, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Министерот за правда Бојан Маричиќ, директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски и раководителот на сектор извесен Слободан Малевски имаат заедничка своерачно потпишана писмена изјава од 25 декември 2020 со кои и потврдуваат на ЕУ дека нашиот закон за попис не е успогласен со европското законодавсто. Дури, овие владини функционери визионерски велат дека усогласувањето ќе било направено во следниот закон за попис во Македонија во 2031 година или по влегувањето во ЕУ.Единствена Македонија останува на повеќе пати кажаното во јавноста дека доколку биде изгласан законот за попис онака како што е предложен, на повидок е фалсификување на пописот во април.Клучните одредби во законот за попис се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ. Дали Зоран Заев може да посочи барем еден земја-членка на ЕУ која има закон за попис како македонскиот закон предложен од владата на Заев?

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања