Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

ARC1

Деспотовски го презентираше новиот концепт во работењето и новиот начин на поддршка за странските инвеститори

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите беа во фокусот на разговорите на директорот на Дирекција за технолошко развојни зони Јован Деспотовски и претставници на компаниите Кемет, АРЦ и Гересхајмер. Деспотовски го презентираше новиот концепт во работењето и новиот начин на поддршка за странските инвеститори. Компаниите изразија задоволство од новите предлози и истовремено најавија конкретни планови за проширување на своите производствени капацитети и повисоки плати.“Со новиот модел на државна поддршка целта ни е да се привлечат инвестиции во повисок квалитет. Дополнително заедно со компаниите ќе работиме и на креирање на програма за развој на вештини што ќе треба да доведе до забрзан раст на платите. Она што особено охрабрува е што компаниите во зоните и во време на криза имаат раст на вработеноста од речиси 1%, а се очекува трендот на раст да продолжи, “порача Деспотовски, по средбите.Дел од компаниите веќе најавуваат конкретни планови за проширување на производствените капацитети како и воведување на нови производствени линии на производи со повисок квалитет и повисока додадена вредност.Деспотовски најави и старт на инвестициски циклус од 15 милиони евра во основната инфраструктура во повеќе зони. Овој план за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби.Предвидени се повеќе зафати меѓу кои и физичко поврзување на зоните ТИРЗ 1 и ТИРЗ 2 во Скопје.ТИРЗ исто така развива и целосно нов концепт на организација во делот на aftercare, односно грижата на корисници со воведување на принципот на “една влезна точка“.Во наредниот период продолжува започнатата интензивна комуникација со постојните и потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Македонија | пред 5 години

Mucunski23012021

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ побара да се организира јавна расправа за најавената реформа на системот на основното образование

Заради широкиот јавен интерес кој се разви во врска со најавената реформа на системот на основното образование, а согласно член 124 од Деловникот на Собранието пред повеќе од една недела побаравме да се организира јавна расправа за ова исклучително значајно прашање, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски.„Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на која ќе имаат можност да се вклучат и еминентни претставници на академската заедница, експерти, а пред се и засегнатите страни како што се наставниците кои најнепосредно ќе бидат вклучени во реализацијата на евентуално прифатениот нов концепт. Токму преку една транспарентна дискусија експертската заедница и јавноста ќе дадат свој придонес за прашањата кои се од големо значење за иднината на Македонија, а тоа е образованието и воспитувањето на младите“ истакна Муцунски и додаде:Во недостаток на подготвеност за дијалог, спремност да се слушнат аргументите од било која друга страна и да се организира една ваква јавна расправа од страна на Министерството за образование и наука наша обврска како пратеници делегирани од граѓаните во Собранието на Македонија е да преземеме конкретен чекор што ќе биде во прилог на унапредување на квалитетот во реформскиот процес во образованието. Фактот дека токму експертската јавноста упатува на сериозни недоследности во предложената реформа наведува на сознанието дека е препорачливо и неопходно да им дадеме институционална форма на идните дискусии за ова важно општествено прашање.Јавната расправа согласно Деловникот на Собранието треба да се одржи во матичното работно тело во Собранието, а тоа е Комисијата за образование, наука и спорт. Било какво друго решение надвор од Деловникот не е прифатливо. Овде посебно сакам да потенцирам дека Собранието не е средство за реализација на желбите на членовите на Владата, туку највисок законодавен орган пред кој Владата одговара колективно, а секој министрите индивидуално.Утврдувајќи евидентен недостаток на чувство на одговорност време е да ја потсетиме Владата и министрите во поглед на поставеноста на нашиот уставно-правен систем и обврските кои произлегуваат за нив во текот на извршувањето на нивните функции.Наивно е да се верува дека ќе поминат незабележани од страна пратениците, јавноста и политичките партии вакви значајни, обемни и комплексни реформи.Процесот на предлагање, усвојување, а подоцна и имплементирање на идните реформи во основното образование, без одржување на соодветна јавна расправа во Собранието и без обезбедување поголема национална и поширока институционална поддршка ќе биде дополнителен доказ во прилог на тезата, дека не постои спремност за соработка и подготвеност за водење на отворен и транспарентен дијалог за едно исклучително важно прашање кое ќе има сериозно непосредно влијание и врз темпото на нашиот севкупен општествен развој.

Македонија | пред 5 години

Policija-i-inspekcija

Затворен угостителски објект во гостиварско поради непочитување на работното време

На 18.01.2021 во 23.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во село Градец, општина Врапчиште, сопственост на Б.А.(39) од с.Градец. При контролата, во објектот биле затекнати седум лица-гости и сопственикот, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов докажа дека е ноторен лажго, самиот вети и излажа: Зиплјан, спуштена сообраќајница Мавровка, и езеро Треска

Вчера видовме бледо издание на градоначалникот Петре Шилегов, со други зборови на дело се виде како изгледа човек кој е класичен ноторен лажго. Пред изборите самиот Петре Шилегов ветуваше возообновување на езерото Треска и враќање на стариот сјај. Тоа беа негови зборови, а ВМРО-ДПМНЕ не го тепаше по уста самиот да се фали и ветува нешто за што денес гледаме дека излажа и се пере од одговорност велејќи дека не бил надлежен. Ако не бил надлежен тогаш зошто лажно ветуваше, прашуваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на соопштението додаваат:Втората работа за која во вчерашното интервју Шилегов се обелодени дека излажа е подземната сообраќајница кај Мавровка. Иако пред изборите јавно ја ветуваше сега кажа дека немал да ја гради поради смешен изговор дека сметал плоштадот Скендербег. Овој плоштад е изграден уште пред Шилегов да стане градоначалник. Или Шилегов кога ветуваше подземна сообраќајница кај Мавровка ветувал од ракав, без стручна анализа и консултации или сега наоѓа изговори за да не го реализира овој капитален проект.Третата работа за која излажа е зиплајнот. Тој кажа дека нема да се гради од Калето до Градскиот парк затоа што бил опасен по здравјето на граѓаните. Ова требаше Шилегов да го знае кога го ветуваше овој проект.Сосема на крај кога ќе ги тргнеме капиталните проекти чија реализација е нула, Шилегов нема капитален проект, освен фотошоп клупите на кој се појави Сандерс.Што се однесува до договорот за лед осветлување со Телеком тоа е златната кокошка на Шилегов од која допрва јавноста ќе чуе за какви криминалци станува збор.

Скопје | пред 5 години

lisici

Приведен скопјанец, пронајдено оружје

На 22.01.2021 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д(49) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 10 куршуми, еден ловен патрон, една пушка модел „маузер“, пиштол „застава“ со две рамки, ловечка пушка „баикал“, 385 куршуми калибар 9 мм, 151 куршуми 3 х 57 и 102 куршуми калибар 7х9. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Скопје | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 20 пациенти, а вкупно се лекуваaт 274 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника исто така 5 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 11 пациенти.Вкупно 274 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 123 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

mja-damevska

Дамевска: Гнојам од глава до петици и не ми даваат да се лекувам во странство!

Маја Дамевска од Прилеп е единствената жена во Македонија која што има дијагноза пемфигус вегетанс, ретка болест на кожата, за која што сака да се лекува во странство. Меѓутоа, не успева да добие конзилијарно мислење од скопската Клиника за дерматологија, иако неколку болници, меѓу кои и во Турција, Австрија и Германија се согласиле да ја лекуваат. Болеста предизвикува гноење на буквално сите делови на телото, сериозно оштетување на ноктите и неподносливи болки, објави „Слободен печат“.-Гнојам од глава до петици, ситуацијата постојано ми се влошува. Сметам дека моите шанси се единствено да одам во странство да се лекувам меѓутоа проблемот е во тоа што не ми го даваат конзилијарното мислење. Во текот на 57 дена колку што се лекував на Клиниката за дерматологија во Скопје, преживеав вистинска голгота. Додека бев таму 57 дена не ми земаа анамнеза. Нивната идеја беше да ме стават на висока доза на кортикостероиди и да му докажат на целиот свет дека ќе ме лекуваат со кортико. Не ме ставија на биолошка терапија, а тоа го барав. Секаде во светот овие пациенти се третираат со биолошка терапија. Побарајте го протоколот за лекување на ретка болест. Ќе видите дека не е така како што тие ме лекуваа. Ми дадоа антибиотици од иста група и од тоа ми се појавија алергиски реакции. Едвај ги преживеав. Ја сум една во Македонија. Ако за мене се прави вакво нешто, кажете ми за тие пациенти кои немаат медицински познавања, како ќе бидат третирани. Не барам ништо од нив, туку да ме испратат надвор од државата да се лекувам, изјави Дамевска за „Слободен печат“.Текстот во целост на: „Слободен печат“.

Македонија | пред 5 години

Ribaroski

Никола Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи. По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон.Рибароски е дипломиран геод. инжинер и магистер по технички науки на Градежниот факултет во Скопје. Има повеќегодишно искуство во секторот и во изминатиот мандат беше член на управниот одбор на Комората. Рибароски делуваше со силни и континуирани заложби за подобрување на условите за работа за геодетските друштва, но и за зголемување на јавните овластувања за геодетите кои се неопходни за либерализација на пазарот и економски раст на секторот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Советот на Општина Центар додели субвенции на ЈП „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност!“

Советот на Општина Центар на последната 59-та седница донесе Одлука за доделување субвенции на јавното претпријатие „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност“!.Проектот „И отпадот има вредност!“ за прв пат досега, им овозможува на жителите на Општина Центар да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки на повратните вендинг машини, за што ќе добиваат субвенции од општината кои ќе бидат префрлени на платежната картичка GreenPay.Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Освен најава на гости, со GreenPay картичката жителите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на рециклирање и да пазарат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња и бутици. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 30 локали кои ќе овозможат попусти, а поради големиот интерес, зелената мрежа секојдневно ќе се проширува. Дополнителна поволност на оваа картичка е можноста за префрлање на средства од други платежни картички.За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари.Средствата за субвенционирање се обезбедени од Буџетот на Општина Центар за 2021-ва година, од Програмата за комунални дејности, ставка – Субвенции за јавни комунални претпријатија. Субвенциите ќе бидат искористени за зголемување на капацитетите на пластикоматите во проектот на ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар – „И отпадот има вредност!“.

Скопје | пред 5 години

stoilkovski-1

Стоилковски: СДС монструозно на пензионерите им скрати 10,5 милијарди денари за една година, ги залажува со 134 денари

Македонија не памети поголеми политички манипулатори од актуелната власт. Замислете ги убедуваат пензионерите дека им ги зголемувале пензиите! За колку? За 185 денари и уште пострашно оние најзагрозените добиваат плус 134 денари! И тоа се дува на сите нивни фанфари!Нема срам кога станува збор за монструозните политичките поени на СДС. Јагода Шахпаска како ниеден министер до сега за труд и социјална политика, ја навреди интелигенцијата на над 310.000 пензионери, со раст на пензии од неполни 200 денари. И тоа во моменти кога речиси 55.000 работници останаа на улица заради блескавата економија на СДС, и на многу семејства пензиите им се единствениот извор за преживување, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Всушност, СДС ја намали пресметката за пензии со тоа што наместо растот на пензиите да ги следи растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, направи пензиите да се усогласуваат само по растот на трошоците на живот минатите месеци, па сега всушност пензиите се усогласуваат со цените од пред шест месеци. Срамно!Пресметката вели дека иако е криза просечната плата има некаков раст во Македонија, а согласно тој раст и четирите пресметки, односно усогласувања на пензиите досега, СДС реално на секој пензионер му има скратено во просек 2.800 денари месечно!Ајде тоа да го помножиме по 12 месеци, а потоа по 310.000 пензионери, па трака ќе добиете сума од 10 милијарди 416 милиони денари, или за полесно, речиси 170 милиони евра за една година! Ете толку СДС монструозно им скрати на пензионерите! СДС монструозно на пензионерите им скрати 10,5 милијарди денари за една година, а ги залажува со 134 денари, раст на пензиите.Фактите и бројките се немилосрдни, дури и понемилосрдни од СДС! Секогаш кога се на власт удираат по џебот на граѓаните, особено на пензионерите, и намерно ги туркаат кон сиромаштија. Зошто? За наместо реален достоинствен живот, да ги редат пред банките и да ги понижуваат за онаа наводна помош во време на криза! Пензионерите знаат дека тоа не е помош, туку само дел од украдените пари од нив!

Македонија | пред 5 години

22012021_PVRSM_IntervjuTriling_chlenstvoEU

Заев: Учеството во пописот е сериозна статистичка операција и државничка одговорност на граѓаните

„Пописот е толку сериозна статистичка операција која што ја идентификувам со државничката одговорност на граѓаните“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, и додаде дека, таквиот став е еден од можните одговори на историското прашање на американскиот претседател Кенеди што може граѓанинот да направи за државата.„Најмалку што може е да се попишеме за да може државата, во име на граѓаните да управува со ресурсите правично, еднакво, рамномерно и да креира успешни и стратегиски политики за развој. Решливи се сите прашања кои деновиве ги вадат како проблем поврзани со постапката за пописот, а се поврзуваат ризиците заради пандемијата, пред се заради тоа што голем еден дел од постапката е без физички контакт заради дигитализираниот процес и да застанеме зад пописот затоа што 19 години ја немаме направено таа статистичка операција и тоа не прави една од ретките земји без попис толку долго време“, нагласи премиерот Заев во интервјуто.Премиерот Заев потенцираше дека станува збор за многу важна суштинска статистичка операција за напредокот на земјата и дека затоа е бесмислена кампањата за бојкот на пописот.„Освен што за одбивање за учество во оваа статистичка операција се предвидени и казни, бесмислено е да не учествувате во пописот бидејќи ова не се избори, пописот не менува власт, не предизвикува ретроактивни процеси и навистина не гледам зошто да се прави драма од пописот. Не треба да си власт за да знаеш колку е важен пописот. На опозицијата тоа треба да и биде јасно дури и за креирање на нивните партиски политики. Битен е пописот за креирање на економските политики, за здравствените и образовните политики, за најважните политики за рамномерен регионален развој“, рече Заев во интервјуто за емисијата „Трилинг“.Во самиот попис се вградени сите препораки на Евростат за слободно изјаснување на граѓаните за нивните национални и други определби, истакна премиерот Заев и додаде дека со пописот ќе се попишат и нерезидентните, односно граѓаните кои се една или повеќе години надвор од државата, по што овие податоци се вкрстуваат со податоците од граничното управување од базите на податоци на Министерството за внатрешни работи и со еден клик ги имате во секој момент сите наши граѓани кои се повеќе од една година надвор од државата за проверка на податоците.„Да покажеме одговорно однесување и да го прифатиме пописот како државничка одговорност за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики“, нагласи претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Македонија | пред 5 години

22012021_PVRSM_IntervjuTriling_chlenstvoEU

Заев: Ние не смееме да си дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во ЕУ

Ние не смееме да си дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во ЕУ, истакна во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 претседателот на Владата Зоран Заев и додаде дека Ние немаме претензии да бидеме членка на ЕУ само заради членство.„Патот кон членството, низ преговорите, низ поглавјата е, всушност, тоа што нам ни треба – европеизација дома. Некој ќе рече дека не ни треба ЕУ за да се европеизираме, ама не е така. Ни треба во голем дел и тоа најдобро се гледа низ примерот на источноевропските земји. И на нив можело да се каже дека не им требала ЕУ за да се европеизираат, ама изодувањето на европскиот пат бил усовршување, чекирање на поглавјата од „акито“, адаптирање на законодавството на ЕУ и европските пракси“, потенцираше Заев за време на интервјуто.Заев нагласи дека членството во ЕУ останува силна аспирација за огромен процент на нашите граѓани за кои за повеќе од 75% ЕУ нема алтернатива.„Ние со ЕУ имаме 1% царина, ние сме во европскиот пазар. Ако ги подигнеме и имплементираме европските стандарди дома, ние ќе бидеме комплетно дел од тој заеднички европски пазар и затоа Европската економска заедница не е алтернатива за нашето членство во ЕУ. Само од нас зависи колку ќе ги кренеме нашите перформанси дома. Ги намаливме царинските давачки за ЕУ согласно Договорот за стабилизација и асоцијација и Светската трговска организација, и сето тоа не прави ние да бидеме веќе внатре. Ние сме во голема мерка во европскиот пазар“, истакна во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 претседателот на Владата Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

frckovski

ТВ 24: Професор Љубомир Фрчковски - амабасадор во САД?

Како што јавува Телевизија 24, најверојатно Македонија конечно ќе добие свој амбасадор во САД. Според високи владини извори, еден од најсериозните кандидати за оваа позиција е професорот Љубомир Фрчкоски.Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор, според процедурата, треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски.Но, ниту МНР има одговор на прашањето во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, ниту проф. Фрчкоски има коментар на оваа тема. 

Македонија | пред 5 години

IMG-a07030995321e13fe7e26c8b05b213da-V

Побаран притвор за 43 – годишен скопјанец, заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43 – годишен скопјанец, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 21 јануари 2021 година, околу 17.15 часот, во патничко возило „Шкода Фабиа“ кое тој го управувал кај ул. Јадранска Магистрала, односно на паркинг просторот позади ресторан „Капри“, неовластено заради продажба држел 19.980 грама наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи.Јавниот обвинител кој постапува во предметот, по донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска нови 307 случаи на Ковид 19 во земјава и починати 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Берово-1, Делчево-6, Пробиштип-3, Виница-2, Македонски Брод-1, Богданци-3, Кратово-3, Крушево-3.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти од: Скопје-444, Куманово-13, Тетово-9, Прилеп-22, Гостивар-11, Штип-7, Велес-11, Охрид-46, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-34, Кочани-2, Свети Николе-2, Гевгелија-8, Неготино-6, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-1, Пробиштип-1, Виница-1, Македонски Брод-3, Крушево-2, Демир Капија-1, и Пехчево-2.Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (70, 78, 65, 75 и 80г.), еден од Прилеп (73г.), еден од Гостивар (71г.), од Штип (66г.), два пациенти од Охрид (75 и 78г.), еден од Кавадарци (52г.), еден од Кичево (63г.), еден од Свети Николе (57г.) и еден пациент од Гевгелија (80г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90124, бројката на оздравени пациенти е 76045, на починати е 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 39161, активни 6455• Куманово 5079, активни 433• Тетово 5007, активни 467• Прилеп 4510, активни 259• Гостивар 3562, активни 306• Штип 3458, активни 162• Битола 3185, активни 226• Велес 2995, активни 311• Охрид 2694, активни 349• Струмица 2496, активни 362• Кавадарци 2440, активни 355• Струга 2165, активни 154• Кочани 1704, активни 114• Кичево 1689, активни 158• Свети Николе 1063, активни 46• Гевгелија 963, активни 114• Неготино 949, активни 150• Дебар 736, активни 117• Ресен 720, активни 121• Крива Паланка 709, активни 67• Радовиш 683, активни 51• Берово 572, активни 50• Делчево 547, активни 162• Пробиштип 492, активни 37• Виница 481, активни 44• Валандово 325, активни 23• Демир Хисар 242, активни 14• Македонски Брод 240, активни 12• Богданци 217, активни 33• Кратово 213, активни 17• Крушево 199, активни 38• Македонска Каменица 190, активни 48• Демир Капија 180, активни 36• Пехчево 177, активни 13• Дојран 81, активни 7Направените 1854 теста се преку: ИЈЗ-450, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-199, Биотек-193, МАНУ -79, Жан Митрев (Филип Втори)-87, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –63, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-21, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -486, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 439.121 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

pozar-1-1

Пожар во зграда во Гостивар, полицајци во првите редови при евакуација на станарите

Денеска околу 11 часот, во СВР Тетово пријавен е пожар кој избувнал во стан од зграда во гостиварска Седма зона, сопственост на 40-годишната Џ.Х. од Гостивар. Во пожарот нема повредени лица, а еден од станарите на погорните катови во зградата од чадот почувствувал потешкотии со дишењето и пренесен е во гостиварската Општа болница за укажување на лекарска помош, информира СВР Тетово, објави gostivarpress.mkТекстот во целост н Фото на: gostivarpress.mk

Македонија | пред 5 години

popis-1

Мицкоски: Власта веќе ги има договорено процентите од пописот, ВМРО-ДПМНЕ освен пратенички ќе почне и со граѓански потписи за укинување на фалсификат пописот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дневникот на Алфа телевизија говореше околу законот за попис кој со европско знаменце и без консензус се изгласа во Собранието. Тој истакна дека со овој закон, со кој веќе се договорени процентите помеѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ нема да има реална слика на бројот граѓани кои живеат во Република Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне иницијатива за собирање на потписи од граѓаните за укинување на овој закон за попис и носење на нов.-Опозицијата во рамките на парламентарната дебата поднесе повеќе од 30 амандмани и ниту еден не беше прифатен. Ако сакаше Владата да има инклузивен процес и да биде вклучена и опозицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ тогаш тоа и ќе го стореше. Очигледно е дека сакаше на насилен начин со злоупотреба на европското знаменце да го истурка овој процес на попишување на населението. А зошто тоа го правеше? Ние имаме основано сомневање но, деновите кои што следат треба самата Влада да излезе во јавноста како тоа планира да го спроведе, бидејќи и многу време немаат за да се спроведе кредибилен попис кој што треба да биде завршен во април месец годинава, рече Мицкоски.Понатаму, продолжи тој предложивме како ВМРО-ДПМНЕ да бидат аплицирани терминали за вчитување на отисоци од прсти – нешто што треба за шест месеци потоа да биде применето на локалните избори. Но, и тоа беше одбиено од страна на парламентарното мнозинство.-Иако преку канали на комуникација им кажавме дека ја имаат нашата недвосмислена поддршка да ги набават тие терминали. На тој начин граѓаните би биле на некој начин посигурни и би имало повеќе доверба и дека вистински се работи за статистичка операција на населението кое што е тука, односно присутно резидентно население.Видов како Зоран Заев преку оној негов слуга во Државниот завод за статистика зборува, па вели не било тоа за сите граѓани еднаков третман бидејќи имало граѓани кои што се уште не го депонирале својот потпис во МВР, да точно има и такви граѓани, но затоа пак има извод од матичната книга на родените кој што можат да го приложат кога ќе дојдат попишувачите и на тој начин ќе се зголеми довербата, ќе се зголеми учество на сите политички и општествени чинители во оваа операција, посочи Мицкоски.И конечно, рече Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивставува, ако е ова навистина статистичка операција, тогаш зошто сметачка машина не ги вкрсти базите на податоци и со едно притискање на ентер да излезат резултатите туку мора да има двоен потпис. За да знаат граѓаните што значи двоен потпис, тоа значи потписот на овој слуга на Заев за кој што Зоран Заев збори во јавноста – директорот и заменикот кој што е практично номинација на ДУИ.-Зошто е потребен тој двоен потпис ако навистина сакаме да имаме статистичка операција. Тогаш можам да заклучам дека оваа операција е се, само не е статистичка операција, туку е политичка и практично процентите веќе некој ги знае, а овој двоен потпис е само за секој случај да бидеме сигурни дека тоа што сме го договориле и сме подале рака како коалициони партнери дека така ќе биде. И доколку некој измрда од овој договор, тогаш тука е двојниот потпис и нема тоа да го признаваме. Тоа го артикулираат високите претставници во Владата, како што е Арбер Адеми кој изјави дека доколку албанците не се над 20 проценти, тогаш тие нема да го признаат пописот. Ова само по себе вели дека не статистичка операција туку е политичка. Тоа не им треба да граѓаните. Не им треба дополнителни национализми и враќање во минатото. Туку нас ни треба иднина. Иднината може да се обезбеди само со статистичка операција со прифаќање на некои од тие амандмани кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе во рамките на таа расправа во Собранието. И на тој начин ќе ја планиравме и економијата и образованието и земјоделието во иднина и така натака, дециден е Мицкоски.Околу апстинирањето на пописот, Мицкоски рече дека секој граѓанин има право на избор. И тие што ќе одлучат да апстинираат и тие што ќе одлучат да се попишат, тоа е избор на граѓаните.-Но, она што е симптоматично е кога го слушаме министерот за здравство кој што вели дека било безбедно во екот на пандемијата да се случи оваа операција и покрај тоа што Обединетите нации имаат препорака и велат дека не е безбедно во рамките на пандемијата да се случува пописна операција. А потоа да не убедуваат со министерот за внатрешни работи дека не треба повеќе од четворица да се собираме дома. Еве ние сме четворица во семејството и како ќе ги примиме попишувачите кои ќе ни тропнат на врата. Ќе чекаме веднаш потоа да дојде “марица” сите да не испоапси затоа што сме повеќе од дозволеното и кое што е пропишано со протоколите. Една Германија и други држави во светот веќе ги одложија овие пописни операции, вели Мицкоски.Апсолутно немаат никаков план, ниту пак имаат стратегија, само покажуваат некакви мускули и без потреба од статистичка ја направија политичка операција. Дали граѓаните ќе ја отворат вратата или нема, буквално според мене е сеедно. Затоа што процентите веќе некој ги договорил, а двојниот потпис е само да се обезбеди сигурност.-ВМРО-ДПМНЕ чека овој закон да излезе во Службен весник и апелираме до Стево Пендаровски да не го потпише, иако не очекуваме дека нема да го потпише, бидејќи тој е уште еден слуга на Зоран Заев. Откако ќе излезе тогаш ќе имаме правна основа да почнеме правна процедура. Најпрвин пратеничката група ќе ги депонира своите потписи, а ги повикуваме и другите политички субјекти кои се дел од Парламентот. Но, нема да ја депонираме до Претседателот на Собранието туку, во подрачните единици на Министерството за правда. Очекуваме масовна поддршка од граѓаните, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

ohridska-banka

Проблеми со плаќање со картичките на „Охридска Банка“

Физички лица корисници на картички во „Охридска Банка“ - дел од „Шпаркасе“ денес имаат проблеми со плаќања со картичките бидејќи системот во текот на вчерашниот ден повлекувал поголеми износи од сметките на коминтентите, па износите кои корисниците ги гледаат на апликациите во телефоните не се совпаѓаат со оние кои се во банката.Во контакт центарот на банката на граѓаните им појаснуваат дека во текот на вчерашниот ден настанала системска грешка заради која вчера се повлекувале повеќе средства од сметките и дека во текот на денот се работи на надминување на проблемот.Од контакт центарот се извинуваат на корисниците и молат за трпение и разбирање бидејќи парите ќе им се врателе на сметките по решавањето на тој „системски проблем“.

Македонија | пред 5 години

upa3

Почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа

Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денес поради компликации од коронавирусот, на 65 години. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1983 година.Љупчо Тодоровски –Упа покрај со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија.Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

Македонија | пред 5 години

grubi

Најголем дел рамковните административци ќе бидат распределени во МВР, УЈП, Царина

Во рок од седум дена 1,357 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор треба да си ги подигнат решенијата за трансфер во друга институција, истакна вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артaн Груби.Груби вели дека тие веќе нема да имаат право да пребираат друго работно место, туку ќе им биде понудена единствена опција.„Ако по било кој основ било кој од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена му се прекинува работното место“, вели Груби.Тој ги наброја некои од институциите каде овие лица ќе бидат прераспределени, а најголем дел ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинска управа.Во однос на иселените лица, Груби вели дека направена е претходна проверка по однос на тоа прашање и веќе се доделени отказни решенија, а некои од тие луѓе и самите побарале да им се прекине работниот однос.

Македонија | пред 5 години

mavrovka-1

Ганиу: Чаир повторно ќе го сруши објектот пред Мавровка ако не биде изграден како што беше претходно

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу вели дека сопственикот на објектот пред Мавровка има законско право да го врати во првобитната состојба пред да биде опожарен, но не смее да излегува од габаритот, ниту од видот на градбата.  Ако не се почитува ова не е исклучена ниту една мерка, вклучително и уривање, вели Ганиу.– Објектот пред да го зафати пожар беше легализиран и беше со целосна докуменатација. Во законот стои дека во елементарна непогода, полава или пожар сопственикот може да го врати во првобитна состојба без да побара документација во Општината. Тој тоа го почна, но не го градеше истиот објект. Значи излезе од габаритите, од површина и од висина на објектот. Објектот беше со челична контрукција, а тој почна со друг вид градба односно го градеше со бетонска. Затоа ние почнавме постапки и го срушивме објектот, рече Ганиу. 

Скопје | пред 5 години

DSC_0174

Бочварски: Преку 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура оваа година

Оваа година планирани се преку 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Не чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.“Слободно можеме да заклучиме дека градежништвото заедно со сетот на економски мерки што ги донесе Владата, успеавме да го амортизираме големото влијание од здравственета криза и како резултат на тоа успеавме да ги зачуваме работните места во градежните компнии. Ни претсоти долга градежна сезона каде инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме. Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а со стартот на градежната сезона започнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта, согласно динамиката предвидена со завршените тендерски постапки” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка, за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.Во однос на реконструкција на мостот, министерот Бочварски истакна дека ова е инвестција со која ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, истакна дека реконструкција на мостот е значајна инвестиција на ЈП за државни патишта која се реализира после педесет години.„Јавното претрпијатие за државни патишта од својот буџет издвои 1,9 милиони евра и минатата година на почетокот на јуни започна со санација на мостот. Досега комплетно се санирани 4 средни столба, а на 3 столба во моментов се врши санација. Исто така, паралелно се работи на зајакнување на двата главни и попречните челични носачи се врши таканареченото пескарење на носачите, зајакнување на одредени делови и нивна анти корозивна заштита“, изјави директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.До сега, преку ЈП за државни патишта, изградени и рехабилитирани се вкупно 11 мостови на државни патишта а во овој момент активно се работи на три мостовски конструкции.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против Ковид-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против Ковид 19. Што се однесува до изментите на Законот за лекови, во него ќе се интервенира од причина што глобална политика на производителот на вакцини Фајзер со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава.-Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт - вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот - појасни Филипче.Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.-Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.Фајзер е вакцина која е регистрирана во двете најголеми регулаторни тела: американската ФДА и европската ЕМА.

Македонија | пред 5 години

marija

Митева: Дали е ова начинот на кој се богатат функционерите на СДСМ?

Добро познатиот стил на СДСМ со закани за тужба е повторно на сцена. Како млади политичари сум силно уверена дека е потребно е да сме по конструктивни од испраќање закани за тужби.Дарко Каевски преку социјалните мрежи побара јавно да се извинам за вчера поставените прашања, а доколку тоа не се случи изјави дека ќе поднесе тужба. Дејствијата на клевета не треба да ги користите како средство за задушување на дебатата или пречка за јавните личности да се повикаат на отчетност, истакна Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.Митева додава:Нејсе, ќе продолжам со некои други факти. Додека Дарко Каевски е на функција, фирмата ГЕО КАЕВСКИ добива десетина тендери од државни институции, органи на локална самоуправа и јавни претпријатија.Во текот на 2018 година фирмата ГЕО КАЕВСКИ од општина Велес и општина Желино добива по еден тендер во вкупна вредност од 808.000 денари. Бизнисот тргнува во 2019 година, кога со 4 тендери, преку општините Велес и Желино, Полошкиот плански регион и ЈП Водовод и канализација инкасирал 9.748.000 денари.И 2020 година е нешто слична за ГЕО КАЕВСКИ, кога од вкупно 7 тендери од општините Велес, Желино, Липково и Ранковце, како и од Полошкиот плански регион, ЈП Дрисла и ЈП Водовод и канализација, земала 8.351.173 денари.Ова се извадоци од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, кои го докажуваат тоа.Од овие тендери, фирмата ГЕО КАЕВСКИ добила над 18 милиони денари, односно 300.000 евра за само три години.Дали е ова начинот на кој се богатат функционерите на СДСМ, кои додека извршуваат функција, нивни блиски земаат тендери во вредност од неколку милиони денари?Дарко Каевски е должен да одговори! И да, господине Каевски, јавноста има право да знае како е стекнат имотот, за што се извинувам јавно дека не станува број за скоро 170, туку за прецизни 152,5 метри квадратни станбена површина запишана во анкетен лист за 2020 година. Тоа е овој анкетен лист од каде се добиени податоците.

Македонија | пред 5 години

22-01-2021-Bogdanovski

Богдановски: Се грижиме за здрава животна средина, субвенции за набавка на ПВЦ прозорци и печки на пелети

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува да вложува во заштита на животната средина и обезбедување на чист воздух за сите. И во оваа 2021 година продолжуваат субвенциите за набавка на еколошки и енергетско ефикасни системи за загревање. Владата предводена од СДСМ донесе одлука за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари, истакна Далибор Богдановски, член на Комисија за енергетика на СДСМ.Богдановски додаде:Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања;Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;Надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари;Надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;Ова се дел од мерките со кои ги помагаме домаќинствата и истовремено ја зголемуваме енергетската ефикасност.Силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средна, е еден од приоритетите од иницијативата Акција 21 - Европски стандарди дома.Како одговорна партија остануваме силно посветени на заштита на животната средина но и на намалување на трошоците на домаќинствата.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања