Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-2

Денеска регистрирани 183 нови случаи со Ковид 19 и оздравени 1731 пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-6, Тетово-10, Прилеп-7, Гостивар-6, Штип-3, Битола-1, Велес-4, Охрид-10, Струмица-3, Кавадарци-13, Струга-5, Кочани-2, Кичево-1, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-4, Дебар-1, Ресен-6, Радовиш-2, Делчево-1, Пробиштип-2, Богданци-2, Кратово-1, Дојран-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравени пациенти од: Скопје-983, Куманово-57, Тетово-98, Прилеп-5, Гостивар-87, Штип-23, Битола-60, Велес-62, Охрид-25, Струмица-60, Кавадарци-36, Струга-21, Кочани-24, Кичево-28, Свети Николе-9, Гевгелија-18, Неготино-29, Дебар-6, Ресен-16, Крива Паланка-10, Радовиш-4, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-2, Виница-13, Валандово-7, Демир Хисар-5, Богданци-5, Македонска Каменица-12, Демир Капија-9, Пехчево-1 и Дојран-2.Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје (90г), еден од Куманово (51г), еден од Прилеп (77г), еден од Гостивар (71г) и два пациенти од Охрид (72 и 45г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 39426, активни 5461• Куманово 5109, активни 392• Тетово 5031, активни 382• Прилеп 4522, активни 250• Гостивар 3576, активни 228• Штип 3474, активни 149• Битола 3187, активни 165• Велес 3010, активни 257• Охрид 2721, активни 349• Струмица 2506, активни 302• Кавадарци 2466, активни 336• Струга 2174, активни 141• Кочани 1714, активни 96• Кичево 1694, активни 130• Свети Николе 1066, активни 38• Гевгелија 970, активни 101• Неготино 953, активни 121• Дебар 741, активни 116• Ресен 727, активни 109• Крива Паланка 712, активни 56• Радовиш 685, активни 46• Берово 575, активни 47• Делчево 558, активни 163• Пробиштип 499, активни 42• Виница 482, активни 32• Валандово 325, активни 15• Демир Хисар 242, активни 9• Македонски Брод 240, активни 12• Богданци 222, активни 32• Кратово 214, активни 17• Крушево 200, активни 38• Македонска Каменица 190, активни 36• Демир Капија 182, активни 29• Пехчево 179, активни 12• Дојран 82, активни 6Направените 1466 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-50, Авицена-175, Биотек-199, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –194, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-17, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -41, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 442.600 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

plocki-kradi

(ВИДЕО) Еве како се крадат бекатон плочки во Македонија

На социјалните мрежи постојано се споделуваат видеа кои покажуваат колку ни е на ниско ниво културата. На најновото видео објавено на Твитер се гледа како маж во поодминати години, со автомобилот застанува пред зграда, каде се поставуваат бекатон плочки, за уредување на тротоар пред самата зграда. Тој, среде бел ден бакатонот си ги става во автомобилот и замина.Видеото е споделено на твитер профилот „Приказна“https://twitter.com/Prikazna1/status/1353224215365881856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1353224215365881856%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fregion.mk%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D181D0B0D0BCD0BE-D0B2D0BE-D0BCD0B0D0BAD0B5D0B4D0BED0BDD0B8D198D0B0-D0BAD180D0B0D0B4D0B5-D0B1D0B5D0BAD0B0D182

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до Заев: Може да се заканувате и со 100 години затвор, кампања против фалсификуваниот попис ќе има

Марионетата Зоран Заев и неговите странски газди се во голема паника штом заедно со неговиот потрчко-директор од Заводот за статистика, наместо како досега со парични кзни, од вчера почнаа да се закануваат со 5 години затвор за сите оние кои не подржуваат уште еден фалсификуван попис во април годинава.Заев секој ден со очајни пораки и трикови, а од вчера и со затворски закани се обидува да ги измами и натера граѓаните да излезат на пописот за да може да го фалсификува, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Народот да не наседнува на ова најнова лага од марионетската власт за кривична одговорност, бидејќи, таква законска можност нема.Затоа, Единствена Македонија ја повикува власта да се вразуми и да го одложи пописот, да го повлече законот заради негова измена и целосно усогласување со европскотот законодавство како би имале попис според европски пописен модел.Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Затоа вие можете да се заканувате колку сакате, дури и со 100 години затвор, кампања против пописот ќе има.

Македонија | пред 5 години

viber_image_2021-01-24_12-48-25

(ВИДЕО) Пронајдено оружје во Блаце

На 24.01.2021 по претходно добиени информации дека во атар на с.Блаце, во близина на границата со Косово има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62x54 R и два реденика кои биле закопани во земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

velo-markovskio

Епидемиолог Марковски: Дали планетата земја е пренаселена

Во позадина на случувањата во последниве неколку години се наметнува тезата дека планетата е пренаселена и дека визионерски треба да се преземат мерки за спас на мајката Земја. Не ретко поединци јавно подржуваат теории за депопулација. Телевизиски куќи во позадина на важни известувања (избори во некоја држава, КОВИД-19 извештаи, глобални теми…) даваат слики од аеродроми и плоштади полни со луѓе кои личат на мравјалници. Во подсвеста се вметнува дека сме многу, земјата неможе да не издржи???Дали е навистина така?Какви се предвидувањата на науката за следните сто или двеста години. Колку луѓе ќе живеат на планетава.Ако се погледнат неколку релевантни извори (Обединети нации, Ворлд метер, научни списанија, СЗО) растот на населението во светот полека стагнира. Според ОН во 2030 година ќе не има 8,5 милјарди, во 2050 9,7 и во 2100 година 10, 9 милјарди луѓе, напиша на својот ФБ профил Еминентниот епидемиолог Вело Марковски.Марковски во објавата додава:Драматични промени ќе има во одредени континенти и држави. Азија моменатлно најнаселениот регион за сто години останува приближно исто населена (4,6 милјарди во 2019 година споредено со 4,7 милјарди. Кина со 1,4 милјарди сега се намалува скоро за половина, предвидувањата се дека во 2100 година во Кина ќе живеат околу 732 милиони. Најголемиот раст ќе биде во Африка од сегашни 1,308 миларди се зголемува на 4.280 милјарди односно за фантастични 3 милјарди повеќе (Нигерија од 206 расте на 791 милион, Египет од 96 на 199 милиони). Северна Америка со огромната територија ќе се зголеми од 366 на 490 милиони луѓе. Но, Европа ќе има намалување на популацијата од околу 80 милиони луѓе (секоја година Европа ќе се намалува за по 1 милион жители). Покрај Кина, драматично намалување ќе има во Русија која од 146 милиони ќе се намали на 106 милиони жители. Јапонија ќе се соочи со најсериозното намалување на популација, па од 128 милиони ќе се намалат на 40 милиони во 2050 година за да пораснат на околу 60 милиони во 2100 година. Македонија ќе се намали за 10 % и ќе бидеме околу 1,8 милиони, а во соседството Србија има предвидено намалување на околу 20 %. Ако се анализира густината на населението се доаѓа до податок дека во Северна Америка и покрај растот ќе живеат 32 луѓе на километар квадратен, Кина ќе биде со околу 72 жители на километра квадратен.За споредба сега во Македонија живеат 82 луѓе на километар квадратен. Соседна Бугарија е со 66, Србија 107 жители на километар квадратен. Русија сега е со 8, а за 80 години ќе биде со 5 луѓе на километар квадратен (1.000.000 метри квадратни). Дали ова личи на пренаселеност. Ако се земе дека во едно семејство има 4-5 луѓе, значи за семјство во Русија има по еден милион квадратни метри, во Македонија по околу 70.000 метри квадратни за семејство.Ако се анализираат пресметките на ИХМЕ (Institute for Health Metrics and Evaluation) објавени во престижното списание Ланцет, треба да бидеме загрижени бидејќи според нив врвот на светската популација ќе биде во 2064 година со 9,7 милјрди луѓе, а до 2100 година ќе падне на 8,8 милјарди. Ако се земе во предвид дека главниот пораст ќе биде во Африка, со загрижување треба да се соочиме со фактот дека во останиот дел од светот ќе има значително намалување на населението од околу 2 милјарди луѓе, пишува во својата објава на ФБ епидемиологот Вело Марковски.

Македонија | пред 5 години

antonio_govornica

Милошоски: На граѓаните не им треба PR-от на Венко, туку им треба конкретна и организирана помош за да се спаси човечки живот

Додека многу луѓе во пендемијава секојдневно се борат за својот живот, министерот Венко Филипче не е способен да ги исполни ниту неговите сопствени ветувања дека навремено ќе обезбеди вакцини за имунизација.Додека министрите за здравство на Србија, Албанија, Бугарија, Грција напорно работеа и веќе им овозможија вакцинација на нивните граѓани, на доброволна основа, Венко Филипче правеше неетички PR со пациенти-деца и Дедо Мраз, напиша на својот ФБ профил Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.Милошоски во објавата додава:Додека лекот Xarleto (Клексан, против згрутчување на крвта) во Германија е 10€, Венко "заборавил" во Македонија да го стави на позитивната листа и истиот болните пациенти го плаќаат по 60€, од што некој зема дебели провизии.Затоа на граѓаните не им треба PR-от на Венко, туку им треба конкретна и организирана помош за да се спаси човечки живот преку навремени и достапни здравствени услуги.

Македонија | пред 5 години

kleksan-700x368-1

МЗ: Лага е дека Клексанот не е на позитивната листа лекови

Министерството за здравство најостро ги демантира наводите на пратеникот на опозициската партија Антонио Милошоски објавени на социјалните мрежи дека - лекот Клексан не е на позитивната листа на лекови. Жалиме што народниот избраник наместо одговорност кон своите избирачи, поддржувачи и воопшто граѓаните на Република Северна Македонија избрал да манипулира со нив.Клексанот е болнички лек. Лага е дека лекот Клексан не е на позитивна листа лекови. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице, во присуство на лекар или медицинска сестра. Лекот Клексан може да се купи и од аптека со рецепта препишана само од специјалист, а потоа парите ФЗО РСМ ги рефундира.Поради ковид пандемијата, зголемена е потрошувачката на Клексан насекаде во светот, така и кај нас и тоа за три пати повеќе од вообичаеното користење на оваа антикоагулантска терапија. Од таа причина со месеци наназад, компанијата која врши увоз на лекот резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Криза во смисла на недостаток на Клексан нема, туку зголемена потрошувачка. Освен Клексан постои и друга антикоагулантна терапија која е на позитивната болничка листа лекови и за истата ФЗО РСМ парите ги рефундира.Клексан и Ксарелто се два различни лека, иако Милошоски од за него само познати причини ги пишува како еден лек.Што се однесува до набавката на вакцините, пратеникот Милошоски знае дека со оглед на глобалната побарувачка на вакцини против корона вирусот, сите земји во светот се соочуваат со недоволни количини вакцини за вакцинација на целата популација. Но, свесно лаже и обвинува. Милошоски како поранешен министер за надоврешни работи и актуелен претседател на собраниската комисија за надворешна политика многу добро ги знае приликите и водењето преговори со земјите од ЕУ. Милошоски знае и е свесен дека единствена причина поради која нашата земја не доби помош од европските држави кои ветија вакцини за нас од дозите кои ќе ги набават за сопствените земји е поради недоволната испорака на вакцини и кај нив. Сепак и покрај овие факти пратеникот одлучи да шири лаги по социјалните мрежи и да ги доведува во заблуда граѓаните на штета на нивното здравје и правејќи штета на целокупниот здравствен систем.Министерството останува посветено во менаџирање на ковид кризата и здравствениот систем во најдобар интерес на граѓаните.

Македонија | пред 5 години

mila-carovska

Царовска: Силно верувам дека новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој

Меѓународниот ден на образованието, 24 јануари, годинава се одбележува во време на пандемија што наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање на решенија за непречена настава и квалитетно образование. Министерството за образование и наука, МОН, продолжува силно да вложува во образованието и во подготвувањето на целосна нова реформа која ќе гарантира подобро и поквалитетно образование. Ова го посочи, меѓу другото, министерката за образование и наука Мила Царовска, во видео обраќање по повод денешниот Меѓународниот ден на образованието.„Силно верувам дека новата концепција за основно образование е влез во нова ера на развој, раст и унапредување на идните генерации и влог во иднината на земјата. Правото на образование е основно човеково право, а квалитетното образование е основа за развој и просперитет на секое дете и на општеството во целина. Децата, нашите ученици се и нашите херои кои ни покажаа дека може да се постигнат резултати и при учење на далечина. Ни одржаа лекција за приспособување и прифаќање на променетите услови, за учење и просперитет и во вонредни околности“, изјави Царовска.Според податоците на УНЕСКО, ковид кризата и затворањето на училиштата, универзитетите и другите образовни институции, како и прекинот на многу програми за доживотно учење и описменување, влијаеше врз животите на над 1,6 милијарди ученици во повеќе од 190 земји во светот. Во сите овие земји, вклучувајќи ја и нашата, образованието е во фокусот на обновата од влијанието на кризата, како клучен фактор за трансформацијата кон поинклузивно, побезбедно и одржливо општество.

Македонија | пред 5 години

soobrakajka-gjorce

Страшна сообраќајка: Автомобил се преврте на кров под надвозникот во Орман

Страшна сообракајка под надвозникот во Орман, стои во објавата на Фејсбук страницата Ѓорче Петров.„Се надеваме нема повредени, внимателно возете не го загрозувајте вашиот, а и животот на останатите учесници во сообракајот“, стои во објавата на ФБ.Засега нема официјални информации за околу овој настан во Орман.

Скопје | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 315 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 315 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 31 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 21 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 12, Кавадарци 18, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 604 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекуваaт 289 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 5 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 10 пациенти.Вкупно 289 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 110 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

naum

Стоилковски: Шилегов мора да сноси одговорност, лажеше во 2017, лаже и денес за рекреативниот центар Треска

Петре Шилегов во октомври 2017 година од СРЦ Сарај правеше пресови, организираше изборна кампања со настапи и посети заедно со наставници и професори од спортот и физичкото образование, ветувајќи со негови зборови враќање на сјајот на Сарај и заживување на спортските центри како Сарај, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција и додаде:Ќе го цитирам сега Петре Шилегов од октомври 2017-тата година од последната недела од изборната кампања за локални избори и вели -„Си дадовме збор, велеше Шилегов. Овој запуштен рекреативен центар го враќаме од заборавот! Ги ревитализираме, игралиштата, патеките, урбаната опрема и останатата опрема со цел да ги вратиме посетителите кои што во минатото ги имаше во огромен број. Просторот ќе го исполниме со содржини за деца и за млади, за спортисти и за одржување на разни фестивали од спортот и од културата. Ја ревитализираме можноста да преселиме некои од спортските институции, факултетот за физичка култура, или спортската академија, во рамките на овој комплекс, како би овозможиле баш оваа инфраструктура да биде од корист и на учениците и на наставниот процес, во тие институции“, и така натаму и така натаму, ветуваше Петре Шилегов во последната недела од изборната кампања во октомври 2017 година, од Сарај.Денес, багери рушат во СРЦ Сарај, се најавува градба на некаков туристички развоен центар. Езерото е исушено, објектите и приколките се срамнети со земја, А Петре Шилегов нема поим за што станува збор.Петре Шилегов, во интервју дадено на 23 јануари оваа година вели - „Владата уште во 2017 година одлучи тоа место да стане туристичка зона“. Од владата пак велат таквото барање се разгледува, а барањето од општина Сарај било поднесено кон крајот на 2020 година.Е па почитувани, Шилегов мора да каже, кога лажел ако Владата во 2017 година донела решение за рушење на СРЦ тогаш Петре Шилегов свесно лажел во изборната кампања тогаш при посетите заедно со дел од политичките активисти или оној друг дел кој што го цитирав заедно со спортските работници! Ако пак не е така, тогаш лажеше во интервјуто дадено овој месец некаде околу 22-23 ако не се лажам! Или зборува онака како што ќе му дојде, без факти, вртејќи ги онака како што му одговара.Шилегов кога е Сарај во прашање, да потсетам дозволи дивоградби, и се уште стојат платформите на Матка, а сега се правда и за СРЦ Треска.Петре Шилегов мора да понесе одговорност за лажењата! На скопјани доста им е од празни зборови, потребна е работа.

Македонија | пред 5 години

komisija

ДЕМОКРАТИ бараат итно да престанат преговорите со Бугарија

ДЕМОКРАТИ бараат итно да престанат преговорите со Бугарија и да се распушти заедничката мултидисциплинарна „експертска комисија“ за историски и образовни прашања.ДОСТА ја продавате македонската историја, се вели во објавата на Демократи на ФБ.

Македонија | пред 5 години

policija-3

228 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење, 13 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска променливо облачно со дожд

Времето претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар усвои Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

Советот на Општина Центар на последната, 59-та седница покрај останатите точки, ја усвои и Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество на Општина Центар.Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество е изработена во рамки на националниот проект за Меѓуетничка интеграција на млади во образованието, кој е поддржан од Министерството за образование и наука, финансиран од USAID, а го реализира Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Во првата фаза (во 2019 година), овој проект беше спроведен во вкупно 15 општини, а во 2020 година Општина Центар влезе во втората фаза, односно во следните 15 општини кои треба да ја изработат општинската Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието во траење од 5 години. Унапредувањето на мултикултурализмот и интеркултурализмот, меѓуетничката интеграција и сузбивањето на стереотипите и предрасудите се планираат во годишните програми за работа на училиштата.Стратегијата содржи конкретни задачи, мерки и проекти кои Одделението за образование на Општина Центар ги концепираше во соработка со училиштата, експерти од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и менторска поддршка, посети и дискусии со претставници на Град Скопје.Комисијата имаше задача да изработи Стратегија на Општина Центар за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество, како и Акциски план на Стратегијата, врз кој ќе се темелат акциските планови на основните училишта во општината. Истовремено, Комисијата ќе работи на обезбедување финансиска и логистичка поддршка, учество во реализацијата и следење на МИО активностите и младинските иницијативи во училиштата, информирање на јавноста, изработка на Годишни извештаи од имплементацијата на планот за мерење на постигнувањата во областа на интегрираното образование на подрачјето на општината и доставување на збирни извештаи до градоначалникот и Советот на Општина Центар.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, предложи Нацрт - Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието и младинско учество да биде разгледана и во целост усвоена. Откако советниците ја изгласаа, Одлуката ќе биде објавена во Службен весник на РСМ, истата ќе стапи на сила и ќе започне со реализација.

Скопје | пред 5 години

vakcina-2

Aрсовски со одговор до МЗ и Филипче: Премиерката Брнабиќ изјави дека илегално се вакцинира, пративте ли демант до неа

Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада, напиша на својот фб профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.Арсовски во објавта додава:Брнабиќ: Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација.Еве јас сакам да ги прашам МЗ и Венко Филипче бидејќи немам намера јас да се извинам, дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ?Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина.Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче.

Македонија | пред 5 години

vardar-1

Комити: Билет за спас на „Вардар“

Секој од нас бил во ситуација да не е еден од оние среќници кои дошле до карта да бидат покрај нашиот Вардар на важен, историски натпревар. Имало и ситуации кога не сме биле покрај Вардар поради ограничен капацитет, скапи карти, визи, болест, работа, радосни моменти, трагедии...Ако сме искрени, најголемиот дел од нас не биле покрај Вардар и кога немало никакви изговори, кога зјаел празен Градски иако сите услови ни биле достапни. За секоја критика сме поради тоа, стои во ФБ објавата на официјалната трана на Комити Скопје.Во објавата се додава:Во ситуацијава во која се наоѓаме, субјективно гледано немаме директен удел, но во реалноста имаме поради пасивноста на поголемиот дел од нас, и неможноста да се прилагодиме на новонастанатата ситуација по распадот на старата држава, неатрактивноста на првенството и навивачките дуели.Вистинските навивачи се покрај својот клуб без оглед на тоа кој е противник, кога, каде и под какви услови. Со секој натпревар Вардар а и ние сме побогати за ново искуство, дружба, забава, тага, радост...Судбината понекогаш знае да си поигра со нас, па така на најважниот натпревар во историјата на нашиот Вардар, ни поставува задача да го наполниме Градски, а иронично, притоа да не бидеме физички присутни на трибините.Капацитетот на нашиот Градски е 36.500 седишта.Очекуваме сите да го дадеме својот придонес и барем виртуелно да го исполниме цел стадион на еден натпревар. Еден натпревар кој ќе ја продолжи надежта на краток рок, но на долг рок ќе биде врежан со печатот на вечноста.Еден натпревар на кој ќе бидеме отсутни а истовремено нашата присутност ќе се почувствува како никогаш предходно.Прв домашен натпревар е вечното дерби на Македонија, Вардар - Пелистер закажан за 14.02.2021г.Доста беше седење на страна и коментирање - ова е шанса конечно сите заедно да бидеме еден - СПАС ЗА ВАРДАР ! Друга опција не е во игра...Еден билет ќе кошта 100 ден.Време е на дело да покажеме колкава е нашата љубов кон ВардарЌе има инструкции многу скоро, но ќе најавиме максимална транспарентност во секој чекор...СПОДЕЛУВАЈТЕ !!!

Македонија | пред 5 години

vasil-1

Mакедонскиот пратеник во албанскиот парламент Стерјовски поднесол барање за интерпелација со премиерот Еди Рама

До албанското Собрание поднесов барање за интерпелација со премиерот Еди Рама, за да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец, напиша на својот ФБ профил Васил Стерјовски, пратеник во албанското Собрание и Претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.Стерјовски во објавата на ФБ објаснува:Врз основа на член 96 од Деловникот за работа на Собранието, го поднесувам барањето за интерпелација со премиерот г-дин Еди Рама за да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец.Општина Пустец е единствената општина во Република Албанија каде ниту еден објект изграден без одобрение не е легализиран како пред 1991 година така и по ова година.Веќе 30 години на жителите на македонската заедница во Општина Пустец им е ускратено правото да ги легализираат објектите, иако во споредба со другите општини тука, бројот на дивоградби е многукратно помал.Во 95% од случаите, изградените објекти се на земјиште на лицата кои граделе без одобрение и не претставуваа никаков проблем Државната агенција за катастар да го започне и заврши целиот процес на легализација, чии сопственици поднеле барања за легализација со потребна документација.а) Како се одвива состојбата со дивоградбите во Општина Пустец и зошто не е започната постапката за легализација во Општина Пустец од страна на Државната агенција за катастар?б) Дали има некаков план и кога се размислува да се започне со процесот на легализација на дивоградбите во Општина Пустец?Друг проблем за Општина Пустец е што државното земјиште што според законот припаѓа на Општина Пустец нема имотен лист и општината губи приходи од тоа што не може да го издава под закуп.а) Како е состојбата со државното земјиште во сопственост на Општина Пустец и зошто ова земјиште нема имотен лист?Исто така, жителите на Општина Пустец, сопственици на земјоделското земјиште кое го поседуваат врз основа на законот за распределба на земјиштето, поради недостатоци во документацијата или човечки грешки при неговото стекнување, не успеале да извадат имотни листови. Ова е проблем кој масовно се среќава во Општина Пустец поради грешки, главно при распределба на земјиштето во согласност со законот 7501 и кој сè уште не е решен до денес.а) Дали Државната агенција за катастар го следи процесот на регистрација на земјоделските земјиште во општината Пустец, распределно според законот 7501 и каква е состојбата?

Македонија | пред 5 години

make-bugarska-komisija

Македонскиот тим од Македонско-бугарска комисија: Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски “ се заменува со уставното име

Преговорите околу историските факти помеѓу Македонија и Бугарија се водат во тајност, што наиде на рекации и противење во јавноста и струката на историчарите, а повремено заради тоа од “неидентификувани извори“ дознаваме што се случува, наместо да добиваме официјлоани информации.  Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, наместо македонски/Македонија ќе се употребува “уставното име на земјава“, објави vecer.mk. “Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски “ се заменува со уставното име, велат од Комисијата.Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба.Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, наведуваат од македонскиот тим на Комисијата.“ - објавија некои провладини портали.Текстот во целост:  vecer.mk. 

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски ќе се консултира со експерти дали да го потпише Законот за попис

Претседателот Стево Пендаросвки најпрвин ќе се консултира со правни експерти, па потоа ќе го потпише Законот за попис, велат од кабинетот на претседателот. Од таму додаваат дека ставот на претседателот ќе биде соопштен деновиве.„Претседателот Пендаровски ќе изврши консултации со правни експерти за донесениот Закон за пописот и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став“, велат од кабинетот на Пендаровски.Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат претседателот на државата да не го потпишува законот.„Претседателот Пендаровски примарно најдобро да се консултира со експерти од оваа област. Доколку се консултира со вистински и објективни експерти по ова прашање верувам дека ќе го упатат кон тоа дека не е овој закон правилниот начин за спроведување на попис. Ќе повторам попис треба, попис треба час поскоро. Но, попис треба земајќи ги предвид современите алатки кои што ги имаме во 21 век. Треба електронски попис на Македонија, а Македонија има капацитет тоа да го направи и притоа нема никој да се сомнева во конечните статистики кои што ќе произлезат од него“, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Македонија | пред 5 години

mvr-1

(ВИДЕО) На ТИК ТОК се пофали со нов автомобил на кој на сите страни го има знамето на Албанија, дури и на регистрацијата

На социјалните мрежи се појави видео од Тик-Ток на кој се гледа како корисник се фали со своето ново возило. Аудито е украсено со знамето на Албанија кое е раширено во багажникот, а двоглавиот орел се наоѓа дури и на регистарската ознака и каде треба да стои дека тоа возило и припаѓа на Македонија, а не на западниот сосеед.На социјалните мрежи овој чин наиде на реакции поради тоа што на скопските регистарски таблици, македонското знаме е заменето со албанското, чин за кој се бара одговорност. https://twitter.com/TKarakamisheva/status/1352172401065422848?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1352172401065422848%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fskopje%2Fkje-reagira-li-policijata-na-tik-tok-se-fali-deka-ima-vozilo-so-znameto-na-albanija-na-registarskata-tablichka%2F

Македонија | пред 5 години

korona-vakcina

МЗ дементира: Не постои илегална вакцинација

Министерството за здравство жали што најголемата опозициска партија во државата во период на воведување КОВИД вакцинација шири лажни вести, со кои ја манипулира јавноста вадејќи од контекст изјава на премиерката на Република Србија. Очигледно е дека ова монтирано видео е со единствена цел да создаде неоснована паника која може да има долгослежни поседици и врз здравствениот систем и врз колективното здравје на граѓаните. Министерството за здравство најостро ги демантира лагите денеска изнесени од страна на портпаролот на опозицискиата партија, а претходно објавени на социјалните мрежи од пратеник на истата партија. Ниту се одвивала, ниту се одвива илегална вакцинација, ниту било што поврзано со јавното здравје се прави на нетранспарентен начин. Вакцинирањето во Република Северна Македонија ќе започне во февруари. Министерството за здравство води преговори за да обезбеди вакцини по три механизми, Ковакс, директни преговори и преку солидарниот фонд на ЕУ, се вели во соопштението од министерството за здравство.Во продолжение на истото од МЗ додаваат:Министерството за здравство и Националната техничка работна група за КОВИД вакцинација изготвија оперативен план за вакцинација во кои се утврдени приоритетните групи, број на потребни вакцини, пунктови на кои ќе се врши вакцинацијата. Со ваквите манипулативни видеа, свесно опозициската партија сака да го потцени и оцрни трудот на здравствените работници, експерти во областа кои работат на процесот на вакцинација.Министерството за здравство бара итно да се повлече видеото, а портпаролот и пратеникот да се извинат јавно. Апелираме до јавноста да не ги зема предвид лажните информации. Од почетокот на ковид кризата министерството за здравство информира точно навремено и целосно транспарентно и така ќе продолжи и понатаму. Министерството за здравство ги повикува надлежните институции секоја злоупотреба или лажна вест да биде законски санкционирана затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Арсовски: Дали Заев и Филипче илегално вакцинирале во Македонија?

Дознаваме и гледаме од српската премиерка Брнабиќ дека најверојатно и сме добиле некоја бројка на одредени вакцини за вацинација, но заради немањето план, протокол, регистрација и увозот на вакцини, па така Зоран Заев и Венко Филипче поделиле и вакцинирале илегално во Република Македонија одредени луѓе, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.„ Заев и Филипе треба да им објаснат на граѓаните што значи тоа илегално носење на вакцини, веднаш да излезе Комисијата за заразни болести да каже дали и колку се безбедни овие вакцини и најважното, Јавното обвинителство треба да истражи дали некој од ова профитира?Никој во Република Македонија не знае дали и колку вакцини се стигнати во државава и кој се ги добил и колку платиле луѓето за вакцинирање преку ред и со врски тие што ги добиле?Факт е дека вакцини за населението нема и не се знае кога ќе има. Но, уште поголем факт е што Владата и Министерството за здравство не се подготвени за вакцинација на граѓаните дури и уште денес да пристигнат вакцините.Иако Венко Филипче дрско ја лажеше целата држава дека сме оценети како една од најспремните држави за складирање, примање и увоз на вакцини, на крајот испадна дека немаме ниту фрижидери за да ги чуваме вакцините доколку ги добиеме.Неспособноста на Владата е дотолку голема да ние не знаеме кој по кој редослед ќе се вакцинира, а сеуште немаме ни регистрирано ни вакцина. Жалосно е што дознаваме од премиери на странски држави дека Зоран Заев и Венко Филипче вакцинирале илегално во Република Македонија, односно вакцинирале дали преку врски или за пари.Ова е скандал од невидени размери и поигрување со здравјето на сите болни, хронични, пензионери и ризични категории на граѓани. Нечовечноста на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев излезе на површина“ порача Арсовски.

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Приведен маж од Прилеп поради обљуба на малолетничка

НККР при ОВР Прилеп денеска поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп за сторено кривично дело "обљуба со злоупотреба на положбата" по член 189 од КЗ на РСМ, против Р.П.(46), пријавен од родител дека извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка. Од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања