Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

ziberi

Со  61 глас „за” и ниту еден „против”, Насер Зибери избран за народен правобранител

Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител, со  61 глас „за” и ниту еден „против”.  На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери на функцијата ќе го наследи Иџет Мемети.Опозицијата предводена од Алијанса за Албанците/Алтернатива до последен момент бараше мнозинството да го повлече предлогот, зашто Зибери, според нив, е синоним за лагата на ДУИ за прв кандидат за премиер Албанец.Пратеникот Панчо Минов,  кажа дека како пратеници во првиот состав на Собранието на Македонија, има само убаво сеќавање за Зибери.Гордана Сиљановска Давкова пратеник од ВМРО ДПМНЕ истакна дека во политичките системи и во науката никаде не постои кандидат за премиер, зашто, како што рече, се знае како се станува премиер. Но, повика тоа да биде непартиска личност, што Зибери не е. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нови сообраќајни измамници, скокаат пред возило и глумат повредени за да изнудат пари

Полицијата има информација дека во Скопје има т.н. сообраќајни измамници, но засега не успеале на дело да ги фатат сторителите. Неофицијално, досега се регистрирани тројца мажи на возраст од 35 до 55 години во Скопје и во Струмица како „оперираат“ на терен, но засега законот не им може ништо. Не се знае ни колку пари од жртвите имаат земено досега, објави  slobodenpecat.mk. Двајца скопјани „оперираат“ на пешачкиот премин кај Црвениот крст односно кај објектот на МАНУ, додека пак, струмичанец на пешачкиот премин спроти Т.Ц. „Глобал“. Според соговорник-таксист од Скопје, жртва на оваа измама, само тој останал покус за 3.000 денари за да се спаси од проблеми со законот.– Наводно повредениот легнува на земја, плаче и вреска на сиот глас дека го боли во градите, а неговиот „партнер“ пак се витка од болка дека е повреден во нозете. Многу непријатна сцена. Не сте во можност да докажувате дека не сте ги повредиле, а не ви вреди ниту да имате безбедносна камера во возилото, бидејќи полицијата не ја зема предвид како доказ. Еден од наводно повредените со крајни маки се исправи пред моето возило додека јас стоев и не ми се веруваше дека луѓето паднаа без јас да ги повредам. Ми рече да им платам за тоа што сум ги повредил, инаку ќе викнеле полиција и ќе ме тужеле – раскажува жртвата за slobodenpecat.mk. Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 5 години

25012021_ZPVRSM_MNR_Poseta_Brisel_1

Османи и Димитров во Брисел на средба со еврокомесарот Ленарчич

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на работната посета на Брисел, денеска во Европската комисија остварија средба со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич.Димитров и Османи изразија благодарност за помошта обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ кој беше активиран набрзо по прогласувањето на пандемијата предизвикана од коронавирусот. Во тој контекст, тие ја истакнаа солидарноста како клучен фактор во справувањето со здравствената, но и социоекономската криза, имајќи предвид дека ЕУ механизмите кои што претходно беа на располагање исклучиво на земјите членки на Унијата, станаа достапни и за земјите од Западниот Балкан.Тие ја потенцираа важноста ЕУ во што е можно поскоро време да обезбеди вакцини за регионот, за кои веќе се издвоени 70 милиони евра. Беше констатирано дека тоа е во согласност со изјавата на лидерите на ЕУ самитот одржан на 21 јануари 2021 година со којашто ја реафирмираа солидарноста и презедоа обврска да обезбедат ефективна поддршка за регионот што е можно побрзо.Димитров и Османи го информираа еврокомесарот Ленарчич за состојбите во Северна Македонија во однос на кризата, разговараа за редовното споделување на епидемиолошките податоци со Европскиот центар за координација на итни случаи, за што беа поздравени и здравствени власти на Северна Македонија, а беше посочено и редовното учество на Дирекцијата за заштита и спасување во координативните состаноци организирани од Европската комисија, по чии препораки и постапуваат.Во однос на досегашните донации од земјите членки, токму преку ЕУ механизмот за цивилна заштита што е под директна надлежност на еврокомесарот Ленарчич, беше обезбедена заштитна и медицинска опрема за Северна Македонија и тоа од Чешка, Австрија, Словачка, Естонија, Романија и Германија, додека пак Шведска испрати медицински работници за да му помогнат на персоналот на Клиниката за инфективни болести во Скопје, во борбата против КОВИД-19.Комесарот Ленарчич изрази силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и подготвеност за континуирана поддршка од неговиот тим во областите од неговата надлежност.Посетата на Брисел на Димитров и Османи продолжува со средба со министерот за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, а на маргините на денешниот Совет за надворешни работи вечерва ќе остварат и билатерална средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Македонија | пред 5 години

Maja2

Филипче: Пациентката која е единствената жена во Македонија која боледува од ретка болест на кожата утре ќе биде хоспитализирана на Клиниката за дерматологија

Пациентката Маја од Прилеп која боледува од пемфигуз вегатанс во текот на утрешниот ден ќе биде хоспитализирана на Клиниката за дерматологија. Како и досега пациентката ќе биде водена по европските протоколи кои се следат редовно во оваа установа, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче. Инаку Маја Дамевска од Прилеп е единствената жена во Македонија која што има дијагноза пемфигус вегетанс, ретка болест на кожата, за која што сака да се лекува во странство. Меѓутоа, не успева да добие конзилијарно мислење од скопската Клиника за дерматологија, иако неколку болници, меѓу кои и во Турција, Австрија и Германија се согласиле да ја лекуваат. Болеста предизвикува гноење на буквално сите делови на телото, сериозно оштетување на ноктите и неподносливи болки, објави „Слободен печат“.-Гнојам од глава до петици, ситуацијата постојано ми се влошува. Сметам дека моите шанси се единствено да одам во странство да се лекувам меѓутоа проблемот е во тоа што не ми го даваат конзилијарното мислење. Во текот на 57 дена колку што се лекував на Клиниката за дерматологија во Скопје, преживеав вистинска голгота. Додека бев таму 57 дена не ми земаа анамнеза. Нивната идеја беше да ме стават на висока доза на кортикостероиди и да му докажат на целиот свет дека ќе ме лекуваат со кортико. Не ме ставија на биолошка терапија, а тоа го барав. Секаде во светот овие пациенти се третираат со биолошка терапија. Побарајте го протоколот за лекување на ретка болест. Ќе видите дека не е така како што тие ме лекуваа. Ми дадоа антибиотици од иста група и од тоа ми се појавија алергиски реакции. Едвај ги преживеав. Ја сум една во Македонија. Ако за мене се прави вакво нешто, кажете ми за тие пациенти кои немаат медицински познавања, како ќе бидат третирани. Не барам ништо од нив, туку да ме испратат надвор од државата да се лекувам, изјави Дамевска за „Слободен печат“.Текстот во целост на: „Слободен печат“.

Македонија | пред 5 години

protest-4-1

ВМРО ДПМНЕ: Пендаровски повторно покажа дека е вазал на Зоран Заев

Стево Пендаровски никако да испадне од сенката на криминалецот Зоран Заев, потпишувајќи го указот на законот за попис се стави во целосна заштита. Многу добро знае потрчкото на Зоран Заев, Стево Пендаровски дека овој закон за попис и оваа операција, е политичка операција, а не статистичка. Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околу законот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Знае Стево дека оваа криминална власт целосно ја игнорираше опозицијата при процесот на изготвување и носење на законот за попис.Власта не прифати ниту еден амандман на опозиција, на брутален начин го злоупотреби европското знаменце, не сакаше да се воведат терминали за отисок на прст, а исто така знае Стево дека нема време да се спроведе овој попис.Дали Стево Пендаровски како претседател на Македонија му е грижа за здравјето на граѓаните? Во време на кризна состојба заради епидемијата со КОВИД-19, Стево потпиша указ на закон за попис. Па нели беше загрижен Стево пред само неколку недели за здравјето на граѓаните. Гледа ли Стево Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа ова статистичка операција. ВМРО-ДПМНЕ е за попис на населението и домаќинствата, но не ваква политичка операција која нема да ги даде реалните резултати од овој процес. Покрај Зоран Заев одговорност ќе понесе и Стево Пендаровски за пропаѓање на пописот.

Македонија | пред 5 години

25-01-2021-Kuzeska

Кузеска: Пописот е важен за развојот на државата, не смее да се прекине поради хирови на Мицкоски

Прашањето на пописот е премногу важно за развојот на државата и не смее да се прекине поради политичките хирови на неспособниот Христијан Мицкоски или негови блиски поединци во ВМРО-ДПМНЕ.  Тие секогаш и во се’ ќе најдат причина да блокираат и опструираат. Тоа го видовме и во изминатите 3 години, секогаш делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата. Постојано подбуцнување на конфликти во секоја можна прилика и блокади, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.Кузеска на прес конференцијата додаде:Таквите политичари како Мицкоски не се способни да понудат никаков напредок за граѓаните.Затоа го политизираат пописот, шират невистини и оспоруваат резултати на уште неспроведен попис, во некаков неразумен обид да го саботираат целиот процес.Немањето попис цели две децении е штетно.Пописот е основ планиран економски развој на земјата, за напредок.Кога ќе имаме реална слика за состојбата на терен, ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот - економски, здравствени, образовни, социјални, културни. Со тоа ќе се унапредат и нивните права и придобивки.Јалови се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница. Пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.Пописот сега е вратен во рацете на институциите, на професионалците од Државниот завод за статистика. Операцијата ја спроведуваат професиналци по сите европски стандарди.Така е правилно. А не како во минатото, ако политичко тело го спроведува пописот, тој најдиректно се политизира и на крајот нема резултат. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис, и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари.Заврши времето на политикантски калкулации, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место.Нема да отстапиме пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат можност за свој политички успех.По 19 години, државата конечно ќе добие попис спроведен по сите меѓународни стандарди.

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Од 677 тестирања денеска во земјава регистрирани се нови 63 случаи на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од: Скопје-350, Куманово-19, Тетово-10, Прилеп-36, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-17, Струмица-15, Кавадарци-28, Кочани-9, Кичево-1, Свети Николе-4, Гевгелија-6, Неготино-12, Дебар-8, Ресен-5, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-3, Валандово-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Богданци-2, Кратово-1, Крушево-9, Демир Капија-1.Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 39462, активни 5145• Куманово 5113, активни 377• Тетово 5032, активни 373• Прилеп 4522, активни 212• Гостивар 3577, активни 220• Штип 3476, активни 143• Битола 3188, активни 159• Велес 3011, активни 241• Охрид 2723, активни 351• Струмица 2506, активни 287• Кавадарци 2472, активни 313• Струга 2175, активни 141• Кочани 1714, активни 87• Кичево 1694, активни 129• Свети Николе 1067, активни 35• Гевгелија 970, активни 95• Неготино 953, активни 109• Дебар 741, активни 108• Ресен 727, активни 104• Крива Паланка 713, активни 56• Радовиш 685, активни 40• Берово 577, активни 49• Делчево 559, активни 164• Пробиштип 500, активни 40• Виница 482, активни 32• Валандово 325, активни 12• Демир Хисар 242, активни 8• Македонски Брод 240, активни 10• Богданци 222, активни 30• Кратово 215, активни 17• Крушево 200, активни 29• Македонска Каменица 190, активни 36• Демир Капија 182, активни 28• Пехчево 180, активни 13• Дојран 82, активни 6Направените 677 теста се преку: ИЈЗ-94, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-0, Биотек-68, МАНУ -43, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Систина со PCR метода -169, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -145, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

stevo-770x437

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Левица: Груби глуми биро за вработување

Дека Македонија одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, доволно говори фактот што повеќе од 1.300 „работници“, апсолутно без никаква оправданост; без воопшто никаков план во однос на тоа каде и што ќе работат; прво биле примени на работа, а потоа, блиску една деценија, тие воопшто и не се појавувале на своите работни места, а добивале плата од Буџетот на Република Македонија!За иронијата да биде уште поголема, наместо санкции и барање одговорност за ваквото неоправдано државно трошење, министерот Артан Груби, врши притисок кон поединечните институции и установи, па дури им наметнува обврска, после толку години земање плата, без да се појават на работно место, установите каде овие лица ќе бидат распределени да им обезбедат соодветна обука и стручна спрема согласно работните задачи, се вели во соопштението од Левица.Од партијата додаваат:Најочигледна манифестација на партизираноста на нашето општество се токму јавната и државна администрација. Работните позиции во установите и институциите од овој сектор, кој енормно го оптоварува буџетот на РМ, се преплавени со партски лица кои се примени само поради својата партиска или етничка припадност (согласно Рамковниот договор), но без никаква стручност и компетентност. Токму поради ваквите причини, нашата државна и јавна администрација, пред се’ се карактеризира со исклучителна неефикасност и нетранспаретност, а потоа, не помалку важно е и тоа што токму преку овој сектор владејачката гарнитура си ја купува политичката поддршка. Токму ваквата тенденција низ годините покажа како Рамковниот договор се користи само за вработување на корумпираните кадри на ДУИ и зајакнување на политичката моќ на оваа партија, која две децении е дел од секој владејачки режим.Левица смета дека, крајно време е да запре вработувањето по Рамковен, како селекција по етнички клуч, а наместо ова, треба да се воведе социјална позитивна дискриминација, преку која ќе се дава првенство на лицата од социјално загрозени семејства, децата без родители, децата на стечајците и категории слични на нив, при што воопшто нема да биде од значење нивната етничка припадност, партиска определба, раса, вера, возраст, туку нивниот социјален статус во општеството.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија бара разрешување на директорот на Заводот за статистика - ова се причините

Единствена Македонија бара разрешување на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, заради постапување спротивно на неговите законски овластувања.  Симовски недозволиво се расфрла во јавноста со закани за кривични пријави и 5 години затвор за бојкот пописот. Но, Симовски знае или би требало да знае дека не постои законска одредба со која бојкотот на пописот е пропишано како кривично дело. Оттука, недозволиво е владин функционер да лаже и да се заканува на народот со лажна информација за затворска казна за бојкот, се вели во партиското соопштение.Тие во продолжение на истото додаваат:Единствена Македонија останува на веќе објавената определба дека нема да ги признае резултатите од пописот заради што ќе иницира кампања против пописот. Истовремено, ги подржуваме сите иницијативи против фалсификувањето на пописот и за таа цел ја поздравуваме најавата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на потписи против скандалозниот закон за попис.Се уште има време власта да се вразуми и да го одложи пописот, да го повлече законот заради негова измена и целосно усогласување со европскотот законодавство како би имале попис според европски пописен модел.Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува целосно посветена на спречување на фалсификување на пописот со кој Македонија дефинитивно го губи темелот на државноста.

Македонија | пред 5 години

korona

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 320 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во последниве 24 часа 8 пациенти се хоспитализирани во ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 8 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 290 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти.Вкупно 290 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 109 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

nikotin

Мит или вистина - Колку знаете за никотинот?

Никотинот е една од главните соединенија во тутунот и истиот е причината за создавање на зависност од пушењето. И покрај тоа што повеќето пушачи знаат дека цигарите се лоши за нив и нивното здравје, тешко е да се откажат од зависноста на никотинот. Употребата на тутун трае скоро седум века, постојат голем број заблуди за никотинот, најконтроверзната и најозлогласената состојка на ова растение. Проверете во продолжение колку знаете за никотинот.1. Никотинот е најштетната состојка во цигаритеМит. Најштетната состојка на цигарите е всушност самиот чад од тутунот кој се ослободува при согорување. Чадот од цигари содржи повеќе од 6.000 штетни и потенцијално штетни материи. Потврда дека никотинот не е главниот виновник за „болестите на пушењето“, иако предизвикува зависност, е самиот факт дека една од најприфатените терапии за откажување од пушење е онаа базирана на заменски производи кои содржат никотин, како што се добро познатите никотински фластери и мастики.2. Никотинот предизвикува рак на бели дробовиМит. Најсериозните здравствени проблеми од цигарите, како што се рак на белите дробови, емфизем на белите дробови и срцеви заболувања, се должат на некои од многуте останати токсични хемикалии присутни во чадот од тутун. Овие вклучуваат формалдехид, цијанид, амонијак и катран.3. Никотинот предизвикува зависностВистина. Ако консумирате производи кои содржат никотин, треба да знаете дека по само 10 секунди, никотинот се апсорбира во крвотокот и почнува да активира разни хемиски супстанции, вклучувајќи адреналин (епинефрин) и норадреналин (нор епинефрин). Ова овозможува стимулирање на телото и го зголемува протокот на крв во мозокот.4. Никотинот го има само во тутунот и тутунските производиМит. Никотинот бил изолиран од растението тутун во 16 век и оттогаш е постојан предмет на научно истражување. Можеби затоа погрешно веруваме дека се наоѓа исклучиво во ова растение. Вистина е дека е најконцентриран во тутунот, но го има и во ниски проценти во некои видови зеленчук, како што се компири, домати, модри патлиџани, а го има и во популарните гоџи бобинки кои спаѓаат во категоријата на „супер-храна“.5. Никотинот негативно влијае на бремените жениВистина. Поради своите својства и фактот дека станува збор за супстанца која не е без ризик, како и супстанца која создава зависност, научните истражувања покажаа дека никотинот може негативно да влијае на бремени жени, доилки, како и лица со претходно постоечки срцеви проблеми, висок крвен притисок или дијабетес. Затоа, строго се препорачува на сите кои спаѓаат во овие категории да не користат тутун или производи од никотин во каква било форма.

Магазин | пред 5 години

lisici

МВР приведе сопственик на чајџилница, еве зошто

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин“ во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

korona-1

Според последните анализи на МАНУ, новиот британски сој на коронавирусот не е детектиран кај нас

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Северна Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година.Во лабораторијата во Македонска академија на науките и уметностите се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со КОВИД-19 од нашата држава со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација, начинот на нивното ширење и можната корелација со различната клиничка презентација на болеста. Последните податоци се однесуваат на анализа на 50-тина геноми во периодот декември 2020 - 11 јануари 2021 година.Од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот.Соевите се изолирани од пацинети од различни градови од државата. Од присутните соеви на вирусот, два (B.1.1 и B.1.1.70) се доминантни во нашата популација, присутни кај >75% од пациентите. И двата соја се присутни од почетокот на пандемијата, од кои B.1.1 сојот (присутен во цела Европа, а со највисока застапеност во Грција, Италија, Австрија, Шведска, Турција, Русија итн) има стабилна фрекфенција, додека фреквенцијата на B.1.1.70 сојот (присутен со повисока фреквенција во Србија, Хрватска, Косово) се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти.Ова зголемување кај B.1.1.70 сојот корелира со присуство на дополнителна мутација (Q677H) во -S-генот (spike протеинот) на вирусот која е за првпат детектирана во јуни 2020 кај пациент со COVID-19 од Охрид и овој варијантен сој е доминантен од месец ноември наваму во нашата земја. Истиот во меѓувреме е детектиран со ниска фреквенција и во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија и Данска. И покрај тоа што не се направени функционални испитувања на оваа варијанта, согласно епидемилошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена трансмисивност ниту пак со тежината на клиничката слика на заболените.

Македонија | пред 5 години

pomos

(ФОТО) 120 те хуманитарни пакети, доставени до охридските семејства со социјален ризик

Сите 120 хуманитарни пакети кои ги донираа Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија како дел од овогодинешните богојавленски чествувања, во текот на изминатите денови беа доставени до нашите сограѓани со социјален ризик.-Упатувам благодарност до Мобилните тимови на Општина Охрид и екипите на Црвен крст кои се погрижија оваа хуманитарна активност да биде навремено реализирана.- Ги поттикнувам претставниците на бизнис секторот и останатите институции да бидат хумани и во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што е најпотребно, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

zabava-3

Лицата кои на 8 ми јануари се забавуваа во стан треба да платат по 2000 евра казна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против осум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетите, на возраст од 18 до 22 години, на 8 јануари биле затекнати на приватна прослава на улицата „Васил Ѓоргов“, во домот на една од обвинетите. На истата прослава биле затекнати и седум малолетни лица, за кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата.Со ова, обвинетите постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на опасна заразна болест, а кои се однесуваат на забрана за одржување на прослави на отворен и затворен простор во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година.Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите полнолетни лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра.​​

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

30 дневен притвор за тренер кој извршил полови дејствија врз деца​​

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице на возраст од 46 години, за кој постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

heroin-111

Приведени две лица при купопродажба на хероин

На 24.01.2021 во 11.30 и 12.40 часот во Велес од страна на полициски службеници од Одделение за недозволена трговија при СВР Велес биле лишени од слобода А.Н.(47) и И.Ѓ.(43) двајцата од Велес бидејќи при извршен претрес во домот на А.Н. затекнат е И.Ѓ. при купопродажба на наркотична дрога хероин од првопријавениот кој му овозможил и консумација. Кај пријавените се пронајдени и одземени пари, хероин и таблети. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 години

24012021_Zaev_toplvodnamrezha

Заев: 1.000 нови домаќинства ќе се приклучат на градското парно со проширувањето на топловодната мрежа во Општина Гази Баба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски направија увид на неколку тековни проекти што се реализираат во оваа општина.Како што истакнаа во своите обраќања, успешната соработка помеѓу Владата и локалната самоуправа е клучна за да се обезбедат услови за подобар живот на сите граѓани.Во име на таа цел, во моментот во општината се реализира заеднички проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа. На овој начин ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од градот.„Еден од стратегиските определби на Владата на Северна Македонија е поддршката на единиците на локалната самоуправа за нивна целосна финансиска независност. Со максимална децентрализација на власта создаваме услови за да го обезбедиме тоа што го очекуваат граѓаните непосредно од нивните општини: Пристоен, достоинствен живот, со сите подобности директно во нивната локална заедница. Овие очекувања на граѓаните во населеното место Хиподром во Општина Гази Баба се во голема мерка остварени, истакна премиерот Зоран Заев.Премиерот додаде дека во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ беа заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици, со 12 училници, шест кабинети, простор за наставниците и со библиотека.Заедно со општината изградивме објект кој ги задоволува сите услови и стандарди за реализација на воспитниот образовен процес на квалитетен начин.Една година подоцна, во услови на пандемијата со КОВИД-19 ја завршивме и изградбата на спортската сала на училиштето.Повеќе од десет години учениците немаа функционална спортска сала, а наставата ја одржуваа во училишниот хол. Новата сала е на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Објектот е енергетски ефикасен со овозможен пристап за лица со попреченост.Со спортската сала се комплетира функционалноста на основното училиште „Вера Јоциќ“ кое беше завршено оваа година низ неговите ходници се исполни џагорот на децата, на радост на нивните родители и на другите граѓани на општината.Оваа година влегуваме во реализација на уште еден заеднички проект од посебен интерес на граѓаните на Гази Баба, односно на населеното место Хиподром.Заедно со Електрани на Северна Македонија, односно со нивната подружница „Енергетика“ околу 1.000 домаќинства и деловни објекти ќе се приклучат на мрежата за топловодно греење во Хиподром и во повеќе други населени места.Станува збор за инвестиција вредна околу 600 илјади евра која ќе се реализира во следните две до три години, истакна Заев. 

Скопје | пред 5 години

policija-2

137 санкционирани возачи во Скопје, 17 без возачка, 16 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 18 мерки за користење на мобилен телефон, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за непочитување на брзината на движење и 15 мерки за непрописно паркирани возила.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

tose

Крводарителска акција по 17. пат во спомен на роденденот на Тоше Проески

Организцитте на Црвениот крст на Град Скопје и на Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), оваа година, по седумнаесети пат, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот на Домот на АРМ во периодот од 9 до 17 часот.– Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв, посочуваат организаторите.При спроведување на акцијата, Црвниот крст и ИТМ ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19.Македонската и регионална поп-икона Тоше Проески животот го загуби на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Замина прерано на 26-годишна возраст, на врвот од неговата музичка слава.Покрај по ангелсиот глас беше познат и по неговата хуманост и подготвеност да помогне. Неговиот последен концерт и еден во низата хуманитарни концерти го одржа на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје, а беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.„Игри без граници“, беше последниот албум на Тоше, а постхумно на 25 јануари 2009 година, на денот на неговиот роденден официјално излезе и албумот The Hardest Thing.

Македонија | пред 5 години

suzi

(ВИДЕО) Девојка наутро станувала уморна - наместо наспана, кога поставила камера се шокирала

Девојка  Сузи на ТикТок раскажува што ѝ се случувало преку ноќта, и зошто се будела уморна, наместо наспана.„Утрото ми стана најлош дел од денот, бидејќи се чувствував како некој да ме тепал. Ништо не ми беше јасн. Не сум се нервирала вчера, не сум спиела под стрес. Немав пиено таблети. Затоа морав да купам ноќна камера и да ја поставам за да видам за што се работи“- напишала Сузи.Поради ова, Сузи поставила ноќна камера за да открие што се случува преку ноќта.Кога ја погледнала снимката од камерата, таа се шокирала.„На снимката во мракот светеа две очи. Снимката беше страшна, а во исто време и смешна, бидејќи веднаш сфатив дека се работи за мојот мачор Џинџер, кој во тек на ноќта ме постојано ме удираше по глава кога ќе чуеше дека ‘рчам. Не знам д али и нему сум почнала да му пречам додека спие или само барал внимание, но на снимката се гледа дека во периодот од полноќ до 4 часот наутро постојано ме мава по глава. Бидејќи цврсто спијам, веројатно сум се будела на секунда и сум го туркала од себе, па сум продолжувала да спијам. Тој порано никогаш не спиел до мене туку во свој дел на собата. Ова е нов момент за нас двајца“ – напиша Сузи. 

Магазин | пред 5 години

ahmeti

Ахмети: Албанците на пописот не може да бидат помалку од 25 проценти

Сите кои живеат во земјава и имаат имот ќе бидат попишани, рече Али Ахмети во синоќешната емисија „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.Лидерот на ДУИ уверува дека институциите ќе си ја вршат нивната работа, па така сите кои живеат во земјава и надвор од неа ќе бидат опфатени со пописот. Ахмети зборувајќи на темата појасни и како се попишува дијаспората.– Во врска со пописот имаше дебати, вклучително и јавни дебати. Тоа е статистичко прашање, а не политичко претпријатие, а таа операција мора да се заврши. Тоа од нас го бараат и релевантни меѓународни институции како ООН и од ЕУ. Мора да имаме попрецизна статистика за економијата на земјата, за имотот на земјата, за населението во земјата и никој нема да биде исклучок. Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја, рече претседателот на ДУИ.За очекувањата од резултатите, тој напомена дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година. Бројката ја образложи со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен. 

Македонија | пред 5 години

zaev5

Заев: Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно за „Монструм“

Премиерот Зоран Заев тврди дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното убиство кај Смилковско езеро.„Ако имав информации во изминатите години ќе ги посочев. Никогаш не сум споменал дека друго лице е виновно. Преку читање на пресудите, достапни на тогаш 183 страни, секогаш сум давал одговор на новинарски прашања. Секогаш сум кажувал дека последниот збор е на правосудството. Тие ќе кажат што имаат во врска со случајот“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања