Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Кривична пријава за Марјан Ристески, екс градоначалник на Прилеп

ОВР Прилеп поднесе поднесе кривична пријава против девет физички и две правни лица и тоа: М.Р.(49)- тогаш во својство на градоначалник на општина Прилеп, И.Ч.(70) -раководител на Одделение за урбанизам во општина Прилеп, И.К.(65) - раководител на Сектор за урбанизам во општина Прилеп, В.Ј.(63) Државен правобранител-Прилеп, Т.М.(63)- Нотар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, М.З.(54) - Претседател на Комисијата при општина Прилеп, Ж.С.(70)-раководител на Одделение за катастар и недвижности, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „давање лажен исказ“, Г.Б.(57) - еден од основачите на фирма од Прилеп-купувач на спорните парцели и тужител, како и основач и управител на правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“ и „поднесување на лажни докази“, Р.П.(56)- вработен во правното лице од Прилеп како изготвувач на геодетските елаборати и за изработка на ДУП поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“, правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ Давање на лажен исказ“ и друго правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „давање на лажен исказ“.Пријавените во својство на одговорни лица со пречекорување на своите овластувања, а со намера да овозможат противправна имотна корист за правното лице од Прилеп , во 2012 и 2013 година, со електронско наддавање каде како продавач се јавува општина Прилеп на градежни парцели ГП од КО Прилеп, а како купувач се појавува правно лице од Прилеп, противправно –со лажни имотни листови во кои не постои податок за правото на користење на земјиштето на Министерството за одбрана кое е запишано уште од 01.10.2009 година, а за што од проверките било констатирано дека сите инволвирани лица знаеле дека се лажни и свесно не ја оспориле нивната валидност во сите постапки, постапувајќи најпрво од онаа при припремата на објавата за продажбата на градежното земјиште, давањето на согласностите од страна на Државно правобранителство-Прилеп, а потоа и во постапката пред суд по поднесената тужба за надомест на штета, а ниту пак е поведена постапка пред надлежен суд, на кој начин е отуѓено градежното земјиште сопственост на државата, а врз кое корисник било Министерството за одбрана, а со кои дејствија по заведен судски спор пред Основен суд Прилеп од купувачот правно лице од Прилеп против ПМ за надомест на штета, исплатени се парични средства по правосилна Пресуда на име уплатен надомест за градежно земјиште,„надомест на штета“ и камати во износ од 19.191.800 денари –од буџетот на Република Северна Македонија, а трите парцели биле отуѓени од страна на општина Прилеп по вкупна цена од 11.442.102 денари, по што на ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 7.749.698 денари.Во 2013 година, од страна на општина Прилеп било издадено одобрение за градење на правно лице од Прилеп за изградба на станбена зграда со деловен простор на друга локација во Прилеп при што бил склучен договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежното земјиште на 11 месечни рати, а платена е само првата рата, а самиот Договор нема предвидено одредби за заштита од неплаќање на долгот, ниту пак истото е укинато, на кој начин противправно му е овозможено на истото правно лице од Прилеп да врши градежни работи без да го плати утврдениот надоместок- а што е спротивно на одредбите предвидени во Законот за градење. Плаќањето на надоместокот за уредување на градежното земјиште е извршено во 2016 година вез основа на судска пресуда по тужбата вв продажба на градежни парцели.

Македонија | пред 5 години

Treska

Езерото Треска, некогаш рекреативниот центар, направен со самопридонес, а денес руина

Чие е езерото Треска – на скопјани или на Општина Сарај?Според документот, кој е Урбанистички план за надвор од населено место, комплексот е поделен на 4 блока. Во Блок 1, кој го опфаќа брегот на езерото, може да има спортски терени, аква-парк, игралишта, ботаничка градина, а мал процент може да биде и за дуќани или хотели. Во Блок 2 се планирани викенд-куќи кои ќе треба да се градат од дрво и камен, со почитување на шумскиот фонд. Во Блок 3 примарно е предвиден хотелски комплекс, но 40 тосто од просторот може да биде и за мали и големи трговски единици, култура, здравство. Нема да се гради на целиот простор бидејќи под дел од блокот се бунарите Треска-Лепенец. Во Блок 4 е предвидена градба на трговски центар, објави 360stepeni.mk.Секој вработен скопјанец или скопјанка на крајот на 70-тите години одвоил дел од платата за да се изгради езерото Треска. До средината на 90-тите години рекреативниот центар, направен со самопридонес, ја имаше својата оригинална намена.Но, во 1998 година езерото доби забрана за капење поради проблеми со филтрирањето на водата. Најупорните продолжија да доаѓаат, но деновиве, по 43 години од изградбата, дојдоа и багери.Се уриваат постојните објекти околу езерото. А камперите добија 60 дена за да ги отстранат приколките.Причината за рушењето на објектите и отстранувањето на приколките, според Општина Сарај, е планот за „слободна туристичка зона“. Оваа локална самоуправа го доби центарот на управување од Град Скопје, со одлука на владата на Никола Груевски во 2013 година. Владата на Заев, пак, во 2019 година почна процедура, со што се дозволи дел од земјоделското земјиште во околината да се трансформира во градежно. Тоа што централната власт ѝ го даде на хартија, Општината Сарај сега сака да го спроведе на терен. Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Скопје | пред 5 години

8-mi-septemvri

Докторите од „8 Септември“ излегоа на протест, велат: „Нашиот труд не е вреднуван“

Докторите од „8 Септември“ излегоа на протест, затоа што не било исполнето она што им било ветено. Докторите изразуваат револт од неисполнетите ветувања за зголемување на нивните плати и вреднувањето на трудот.Тие бараат „8 Септември“ да има статус на клиника, да добијат инфективен додаток за лекувањето на ковид-пациенти, како и да им се зголеми процентот на додатоците за дежурства на исто ниво како на нивните колеги вработени во клиничките болници.-Излеговме на протест бидејќи ни беше ветено дека ќе ни се изедначи вредноста на нашиот труд со клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, но тоа се уште не е сторено. Ние како болница од март се бориме со ковид-19 и мислам дека нашата работа и нашиот труд не е вреднуван. Ни ветија дека дежурствата, платите ќе ни бидат изедначени како со Клиничкиот центар и дека ќе ни го исплатат инфективниот додаток, вели во изјава за „360 Степени“ д-р Петар Атанасовски.

Македонија | пред 5 години

ginekolog

ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на дејноста за гинеколошка ординација на д-р Асани, истата била нерегистрирана и за неа нема никаков документ

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај.ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува.При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма.Во меѓувреме, до ДСЗИ се пристигнати четири нотарски заверени изјави од пациентки, кои потврдуваат дека докторот во ординацијата сместена во неговиот дом им вршел прегледи по 15 часот. Една од пациентките во изјавата посочува дека во истата ординација, докторот ја контролирал нејзината бременост уште пред 8 години. Во текот на вчерашниот ден ДСЗИ на д-р Мухамед Асани му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординацијата која се наоѓа во неговиот дом.Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе постапи согласно надлежностите и ќе ги извести сите надлежни институции за констатираната состојба во ординацијата сместена во домот на д-р Асани . Владата ќе продолжи да работи на механизми и системски мерки за расчистување на сите случаи и сузбивање на истите. 

Македонија | пред 5 години

26012021_ZPVRSM_Dimitrov_MNR_Osmani_sredba_Lajchak-1

Димитров и Османи во Брисел на разговори со Лајчак

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Брисел имаа средба и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина.Во оваа прилика Османи и Димитров посочија дека Република Северна Македонија високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот.Во тој контекст, на средбата беше нагласено дека како непосредни соседи имаме особен интерес од успехот на дијалогот Приштина – Белград, посредуван од ЕУ. Приближување на ставовите на двете страни и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион - беше истакнато од македонска страна.Соговорниците разговараа и за европската перспектива на Северна Македонија, за добрососедските односи, регионалните иницијативи како и за очекувањата во периодот што претстои.Едногласен беше заклучокот дека Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија подвлекувајќи го успехот на земјата како успешна европска приказна во регионот, а со тоа и пример за другите земји од Западен Балкан - јасно прикажувајќи ја трансформативната моќ на европската идеја.Од тие причини, европската перспектива на Северна Македонија мора да продолжи без разлика на предизвиците на овој пат. Тоа ќе биде потврда за одржувањето на политиката на проширување на агендата на ЕУ, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните - беше заклучокот од состанокот.Работната посета на Брисел беше заокружена со работен ручек со претставниците на генералниот директорат во ЕК за соседство и проширување, на којшто беа разменети мислења за постигнувањата и идните реформски планови.

Македонија | пред 5 години

Fond_za_inovacii_logo_2-1030x398-1

ФИТР со демант на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ

Во однос на повторно изнесените невистини, манипулации и обвинувања од страна на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, во врска со една од фирмите со која Фондот за иновации и технолошки развој има склучено рамковен договор за комуникациски услуги, ФИТР сака да ги сподели фактите и да ги демантира тврдењата. ФИТР транспарентно и согласно законот ги води сите постапки. Невистина е дека има прекршување на било кој од законите ниту пак било каква основа за она што го зборува ВМРО ДПМНЕ, се вели во демантот на прес конференцијата од ВМРО ДПМНЕ од ФИТР . Од ФИТР во продолжение на истиот пишуваат:ФИТР ја информира јавноста дека Рамковната спогодба со Агенцијата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ Скопје е склучена на 21.09.2020 година откако на тоа и претходеше Отворена постапка за јавни набавки согласно член 50 од Закон за јавни набавки, за која согласно член 59 од истиот Закон е спроведена и електронска аукција како посебен начин за доделување на договорите за јавна набавка.По извршената евалуација, донесена е Одлука за избор на најповолните понудувачи, со која согласно член 57 од Законот за јавни набавки („Службен Весник на РМ“ бр.24/19) склучена е Рамковна спогодба со двајца економски оператори, односно „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ Скопје и Друштво за Маркетинг „Њу Момент Њу Идеас Компани“ ДОО Скопје.Проценетата вредност на Рамковната спогодба е 10.000.000 (десет милиони) денари без ДДВ, и истата се реализира во зависност од потребите на институцијата. Би сакале да појасниме дека не се работи за вредност која е паушална и која се исплаќа кон економските оператори континуирано, туку Договорниот орган - ФИТР до економските оператори доставува барање за извршување на определена услуга предвидена во Рамковната спогодба, по што се склучува Договор за поединечна набавка врз основа на Рамковната спогодба. Плаќањето се врши врз основа на извршените услуги од страна на Економскиот оператор, односно по целосна реализација на склучениот Договор за поединечна набавка.Досега врз основа на сите поединечно склучени договори со економските оператори кои се страна во Рамковната спогодба, се реализирани вкупно 1.217.037 денари без ДДВ,односно 1.436.104 денари со ДДВ.Постапката што ФИТР ја спровел, како и документите за склучените договори се јавно достапни на страната на Електронскиот систем за јавни набавки.Целта на спроведување на оваа набавка е презентација на резултатите од работењето на Фондот, а со цел отчетност и транспарентност пред јавноста, како и подобрување, поттикнување и унапредување на двонасочната комуникација со јавноста и потенцијалните апликанти. Дополнително овие средства е предвидено да се искористат и за презентација на резултатите за спроведените јавни повици како и резултатите од спроведените проекти на домашните компаниите во склад со начелата за транспарентност и отчетност поврзани со јавни пари од граѓаните.Исто така, предмет на склучената Рамковна спогодба е и презентација и информирање на јавноста за програмите за поддршка кои ги нуди Фондот. За тоа колку придонесува континуираното промовирање на кофинансираните грантови, односно инструментите за поддршка говори и фактот за драстично зголемување на бројот на предлог апликанти на секој нов јавен повик на ФИТР.Во однос на споменатата 24 седница на Владата на Република Северна Македонија на 22.08.2017 година, Владата на РМ има донесено заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми, согласно усвоената мерка од Планот 3-6-9.Оттука, не станува збор за рекламна кампања или спот, туку за онлајн издание „Пет години ФИТР“ со кое на јавноста и се презентира отчетноста за работењето на Фондот во изминатите пет години.Членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги со кој манипулира Арсовски вели „Забрана за рекламирање Државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери." Да појасниме, согласно Член 3 точка 17 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, дефиниција за радиодифузер гласи „Радиодифузер е давател на аудио или аудиовизуелни медиумски услуги за радио или телевизиско емитување“.Постапката што договорниот орган (ФИТР) ја спровел е согласно Законот за јавните набавки, а документите за склучените договори се јавно достапни на страната на Електронскиот систем за јавни набавки. Истите договори се потпишани од страна на претходниот директор на ФИТР, Јован Деспотовски.Фондот и во минатато покажа дека е вистински транспарентна и отворена институција и жалиме што еден сериозен политички субјект како ВМРО ДПМНЕ постојано се обидува преку изнесување на лаги и невистини да и наштети на угледот на нашата институција која успеа да мотивира над 550 домашни компании, претежно основани од млади луѓе да работат на успешни приказни овде дома.Фондот за иновации и технолошки развој како и досега останува целосно транспарентен и отворен за одговор на сите прашања и дилеми кои се поставуваат во јавноста.

Македонија | пред 5 години

nikolov

Николов:Граѓаните од соседството бираат со каква вакцина ќе се вакцинираат, а кај нас нема никаква, Филипче оставка!

Вакцините за КОВИД-19 претставуваат значајна алатка во борба со епидемијата со корона.Додека во најголемиот број на земји во светот се одвива вакцинација против корона, додека тамошните граѓаните имаат можност да одберат тип на вакцина, кај нас ниту трага, ниту глас од долгонајавуваните вакцини, за коишто зборуваа Филипче и Заев, истакна Игор Николов од ВМРО ДПМНЕ.Николов на прес конференцијата додаде:Во повеќето земји граѓаните имаат право на избор помеѓу три вида на вакцина и граѓаните можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, кај нас нема никаква вакцина! Ниту за ризичните групи, ниту за останатите граѓани.Во светот, земјите бројат колкав процент од население имаат вакцинирано и тоа на 100 илјади жители, во Македонија возрасните лица, ризичните групи и оние кои се на линијата на фронтот со КОВИД-19 немаат можност да се вакцинираат. На таа листа ги нема дури ни Косово, ниту Босна и Херцеговина.На врвот на светските листи по број на вакцинирани граѓани се Израел, Обединети Арапски Емирати, Сејшели, Обединетото кралство, Србија, Бахреин, САД, Малта, Исланд, Данска.На двете светски листи и онаа на Ворлдометар и онаа на Блумберг од земјите во регионот по број на вакцинирани граѓани високо котираат Србија и Словенија. Србија е на десеттото место на светските листи!Кај нас се кажува само дека вакцини ќе има по три механизми, но сепак до денес вакцини за КОВИД-19 нема. Ги нема ниту донираните вакцини од Бугарија, ниту донираните од Грција, а дури ниту вакцините од Србија која што ја има, но за која што регулативата на Македонија не бил подготвена целиот овој период.Два месеци зборуваат дека обезбедиле вакцини преку КОВАКС механизмот, а не брифираат дека преку КОВАКС механизмот се снабдуваат со вакцини земјите од третиот свет.Кој одлучи да го остави народот само на вакцини од КОВАКС механизмот? Зошто со време не се почнаа директни преговори со компаниите кои што произведуваат вакцини? Дали поважно беше да се организираат локални избори наместо да се работи на обезбедување на вакцини?Дали некој ќе сноси одговорност за ваквата погрешна стратешка одлука?Многу приказни, многу лаги, малку работа, дела нема воопшто.Сето ова граѓаните скапо го плаќаат. Незаинтересираноста, неспособноста и неработливоста, на владата на Зоран Заев се плаќа со животи по граѓаните. За ова одговорност мора да има!

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски: Епидемијата спласна, оти треба да истуркаат лажиран попис за љубов на ДУИ и Албанците

Епидемијата спласна, оти треба да истуркаат лажиран попис за љубов на ДУИ и Албанците.Тие мора да бидат над 25 посто. Од сега се знае. Не пропуштаат да не потсетат на таа бројка. Ама ако математиката каже поинаку??? Тоа не важи. Што ако е математика?Е затоа правете си го сами пописот. Јас не сум дома.А после пописот, короната паќ ќе удри. Како за изборите што беше. Само голтајте им ги дубарите. Што сакаат ни прават, напиша на својот Фб профил актерот Сашо Тасевски. 

Македонија | пред 5 години

Biljana-Ivanovska

Претседателката на ДКСК го критикуваше трансферот на административците вработени по Рамковен

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во гостување на „Утрински брифинг“ го критикуваше трансферот на административците вработени по Рамковен договор.Претседателката рече дека ДКСК добила осум вработени, кои се планирани за места на помлади соработници, но антикорупциската комисија вели, планирала да вработи виши советници. Ако сакаме здрав систем треба да ставиме здрави темели, вели Ивановска.-Не се земаат во предвид потребите. Груби вели дека ги земале во предвид  систематизацијата и плановите за вработување. Ние таму сме кажале дека ќе имаме осум нови вработувања и тие ни даваат осум по Рамковен. И што значи тоа? Ние ќе ја менуваме систематизацијата, вели Ивановска  меѓу другото во гостување на „Утрински брифинг“ .

Македонија | пред 5 години

zena-stara

91-годишна жена од Кичево остана на улица, луѓето кои ветиле дека ќе се грижат за неа и зеле се

Сама и без услови за живот, без деца и семејство. Ова е 91 годишната Нафије Салиу која живее во Кичево. Нејзиниот сопруг починал пред неколку години, а и оставил куќа во градот и имот во селото Туин. На Нафије по смртта на сопругот во 2013 и се понудило едно семејство со изговор дека ќе се грижат за неа доколку таа им ја даде куќата и земјиштето кое го поседува. Среќна дека нема да го помине остатокот од животот сама и без грижа, прифатила да им даде се што поседува, објави  tv21.tv. Но нештата добија друг правец бидејќи Нафије останала без куќа и без грижа бидејќи, како што вели таа, откако им го дала целото богатство за подобар живот, останала без куќа и без ветената грижа. Живее сама и во мизерни услови, а за нејзе се грижат неколку соседи.„Куќата е моја, тој ми кажа дека ќе ми ја земе и ми ја зема. Му реков немој, ми рече што ти треба тебе. Ме оставија сама. Немам ни син, ни ќерка, ни сестра, ни брат, тројца браќа ми починаа, гледате дека сама сум“, вели Нафије Салиу.91 годишната госпоѓа се чувствува измамена бидејќи лицето и го земале богатството, а не се грижат за неа како што ветил.Текстот во целост на:  tv21.tv. 

Македонија | пред 5 години

d-r-Panovski1

Пановски за Фокус: Намалениот број на заразени со Ковид-19 не значи дека треба да се опуштиме, не брзајте

Намалениот број на заразени со Ковид-19 не значи дека треба да се опуштиме и веднаш да се вратиме на работните места доколку професијата дозволува работа од дома вели за „Фокус“ професор д-р. Никола Пановски, еден од врвните микробиолози во земјава откако Владата пред два дена побара административците кои со месеци работеа од дома, или ротираа во смени и со паузи, од 1 февруари да се вратат на работа.-Не сум многу запознаен со овој предлог, но она што можам да го кажам во моментот е да не се избрзува со вакви одлуки туку пожелно е да се почека пролетта кога просториите ќе може повеќе да се проветруваат и секако да пристигне вакцината и да почнеме со процесот на имунизација, порачува Пановски.Според него залудни би биле досегашните напори во однос на мерките ако сега целосно се препуштиме на олабавување.-Навистина не е време, се уште има голем ризик од заразата, вели тој за Фокус.Текстот во целост на: „Фокус“

Македонија | пред 5 години

dimsa

Арсовски: Одговорност за Коста Петров и итна оставка

Потпретседателот на СДСМ и директор на Фондот за иновации, јавно, без грам совест, дрско и без срам, најважно без ничија присила, призна дека свесно сторил кривично дело и притоа причинил материјална штета на институцијата што ја води во случајот Фондот за иновации.Уште побезобразно, признавајќи дека направил кривично дело, јавно на телевизија им порача на граѓаните но и на сите останати, само „извините ако сум направил кривично дело”. Замислете секој криминалец во државава што извршил кривично дело да се извини само на јавноста и на Судот и да биде ослободен од одговорност.Но, она што е суштинско и поважно, Коста Петров сепак трошел од парите на граѓаните за маркетинг услуги и тоа ги трошел преку агенциите кои го добија тендерот, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Коста Петров противзаконски плаќал реклами со буџетски пари на граѓаните на медиуми и со тоа го прекршил член 353-В став 2, односно став 3 и причинил со своето несовесно работење материјална штета во институцијата која што ја води во моментов.Токму Владата на СДСМ го смени законот 102 од законот за АВМУ, со што државните институции и сите оние кои што користат буџетски средства, да не смеат по ниеден основ да се рекламираат во медиумите.Ова е законот кој што го прекршил Коста Петров како директор на Фондот за иновации, а притоа треба да одговара според членот 353-В од Кривичниот законик на Република Македонија.Ова имено само да знае значи од половина до 5 години затвор, односно од 1 до 10 години затвор во зависност од висината на штетата.Сепак како што рековме и претходно, Коста Петров преку советникот од СДСМ, Бојан Ивановиќ трошел пари кои што се на граѓаните. Значи директор од СДСМ сепак давал пари за маркетинг преку фирма на советник исто така од СДСМ.Коста Петров да одговори колку пари се потрошени за рекламирање и каде? Односно колку пари тој потрошил за рекламирање и каде?Зоран Заев да одговори дали побарал оставка од својот потпретседател и директор и кога планира да побара оставка за свесното признаено кривично дело кое што го извршил?Дали Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија сеуште ќе се прават и глуви и слепи на криминалот на СДСМ кој што сите знаеме дека е аминуван токму од Зоран Заев?Фондот за иновации стана златна кокошка за СДСМ и за нивните функционери. Од проекти, единствен и главен проект на оваа Влада е правење и создавање криминална држава преку која што крадат и пустошат се живо.За крај, сакам да и најавам на јавноста, дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на неделата ќе поднесе соодветна кривична пријава против директор за извршен кривичен престап. И очекуваме брзо расчистување на случајот односно сносување на одговорност, бидејќи имавме јавно признание на национален сервис.

Македонија | пред 5 години

mijalkov-2

Уништената опрема за прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ вредела 1,4 милиони евра

На рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ беше истакнато дека опремата за прислушување од системот „Најс“ во УБК имала употребна вредност од 87.422.668 денари, односно 1.418.897 евра.Проценетата вредност е дел од извештајот изготвен од вештак за материјално, сметководствено и финансиско работење, во рамки на дополнението на доказната постапка која е во тек. Вештакот посочил и дека опремата во МВР била уништена во март 2013 година. До сметководствената вредност од еден денар било стигнато со фактура од јануари 2015 година.Откако ќе бидат изведени и дополнителните докази, предвидено е да се одржат рочиштата за завршни зборови и за пресудата. 

Македонија | пред 5 години

korona5

ИЈЗ: Намалување од 28% на нови случаи и 12,7% на починати, споредено со претходната недела – паѓа и процентот на позитивни од тестирани

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 21,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=851; 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=507, 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=299; 17,3%), 50-59 (n=298; 17,3%), 30-39 (n=287; 16,6%), и 20-29 (n=231; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=32; 1,9%) и 10-19 години (n=73; 4,2%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1% помалку во споредба со минатата недела.Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 18 до 24 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 334 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 22 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 12, Кавадарци 17, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 559 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 25 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 9 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 87 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти.Вкупно 274 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Откако НАТО и ЕУ не оставија на цедило, денеска беше срамно и тажно лигавењето на Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денес го достигна врвот на лигавење во македонската политика. Во изјава за јавноста не може да ги изнафали кинеските вакцини кои решил да ги набавува иако пред извесно време не сакаше да слушне за било какви помош и вакцини од Кина и Русија поради втераниот страв од неговите газди од Брисел и на самото спомнување на зборот Кина и Русија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Но, денеска Филипче, дури, на прашањето проблем може да биде тоа што кинеските вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови, министерот со одговор: кинеските вакцини се безбедни и одлични.Во ова тешко време на здравствена криза Македонија покажа дека нема институционален капацитет да се справува со пандемијата. И со обезбедени буџетски средства, власта во Скопје не успева дури ниту со пари да најде и купи вакцини на светскиот пазар како што тоа го направија други држави.Единствена Македонија уште пред седум месеци со драматичен повик побара властите да се обрата за помош од Кина и Русија. Потврдата на ова дојде сега откако стратешките сојузници на власта во Скопје - НАТО и ЕУ не оставија на цедило и не истумбаа на првата кривина.Единствена Македонија останува на ставот власта да овозможи избор помеѓу повеќе вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.

Македонија | пред 5 години

26012021_ZPVRSM_Dimitrov_MNR_Osmani_sredba_Borel-2

Димитров и Османи во Брисел на средба со Борел

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел остварија средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.Во фокус на разговорот беше иднината на политиката на проширување на ЕУ, пред сѐ во контекст на случувањата по усвојувањето на новата Методологија и можностите кои ги нуди за динамизирање на процесот, усогласувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија, важноста и придобивките од регионалната соработка и унапредувањето на добрососедските односи како клучни елементи за европската перспектива, како за земјата, така и за целиот регион.Димитров и Османи го поздравија активниот ангажман на високиот претставник на ЕУ, Борел, за поддршка на европската перспектива на регионот, како и за покренатите иницијативи за обезбедување мир, стабилност и просперитет во земјите од Западниот Балкан. Во таа смисла, тие изразија особена благодарност за неговиот придонес кон усвојувањето на Одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ и потоа потврдена од Европскиот совет во март минатата година.На средбата беше подвлечен фактот дека Северна Македонија има навистина голем број пријатели меѓу земјите членки, чии интереси за иднината на Европа се совпаѓаат со нашите – целосно интегрирање на Западниот Балкан за конечно комплетирање на Унијата.Димитров и Османи нагласија дека Владата продолжува со реформите со цел да се задржи фокусот на реформските процеси како би се задржало позитивното досие за Северна Македонија.Во однос на глобалните предизвици беше потенцирано дека земјите од Западниот Балкан покрај пандемијата, споделуваат заеднички предизвици со ЕУ и за миграцијата, борбата против организираниот криминал и тероризмот, борбата против дезинформации и хибридни закани, климатските промени, дигитализацијата и сл. Соговорниците се согласија дека успехот на европскиот проект зависи токму од солидарноста и сојузништвото, кои ќе значат потврда за споделените перспективи.Од страна на ВП Борел беше поздравено високото ниво на усогласување на Северна Македонија кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.Средбата на Димитров и Османи со Борел доаѓа во исклучително важен момент за процесот на проширување на Европската Унија и во таа насока соговорниците се согласија дека започнувањето на преговорите со Северна Македонија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион.

Македонија | пред 5 години

popova-sapka

Семејство од Скопје успешно е евакуирано од нивната викендичка на Попова Шапка

Четиричлено семејство од Скопје успешно е евакуирано од нивната викендичка на Попова Шапка кадешто останале блокирани од обилните снежни врнежи.Како што соопштуваат од СВР Тетово, вчера по пријавата добиена од Б.А. (35) од Скопје, дека со сопругата и двете малолетни деца се блокирани без струја, храна и огрев, полициски службеници од одделението Попова Шапка се упатиле кон пријавената локација за да ги евакуираат заробените лица. Во координација со локалната самоуправа, била искористена сета потребна механика за расчистување на патот. Откако лицата биле евакуирани, со автомобил на СВР Тетово, биле пренесени во нивниот дом во Скопје.извор: alsat.mk

Скопје | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, заедно со генетската лабораторијата при Жан Митрев Клиник креираа решение за правење брзи антиген тестови непосредно пред заминувањето на патникот.Како што информираа денеска од ТАВ Македонија, почнувајќи од неделата, 24-ти јануари, амбулантно возило за тестирање на клиничката болница „Жан Митрев” е распоредeно пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C”, каде што патниците можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок.Медицинското возило за тестирање на „Жан Митрев” Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и Центарот за истражување применета микробиологија и биотехнологија, ќе биде присутно на Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден кога има летови до државите кои бараат брз антиген тест, четири часа пред времето на полетување до секоја од дестинациите.-Целта е да се обезбеди опција на патниците кои заминуваат кон дестинациите во Холандија, Германија и Велика Британија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот, истакнуваат од ТАВ Македонија.За повеќе детали во врска со тестот ги замолуваат патниците да ја контактираат лабораторијата „Жан Митрев” на 02/3091484 https://zmc.mk/en/services/microbiological-laboratory/. Додека за детални информации во врска со тестовите коишто ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, апелираат патниците задолжително да ја контактираат својата авиокомпанија и aмбасадата на земјата на нивното пристигнување.Доколку патниците одлучат да направат брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел да не се создава метеж пред аеродромската зграда, апелираат тие да пристигнат на аеродром најмалку 4 часа пред времето на полетување.

Македонија | пред 5 години

avtopat-640x351

83 санкции за брзо возење на автопатот Скопје- Тетово

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (25.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово, при што санкционирани се 83 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Двајца возачи возеле дури над 70 километри на час над дозволеното, 27 возачи со над 50 километри на час над дозволеното...Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе преминат во снег

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а попладне ќе преминат во снег и на повеќето пониски места, но ќе слабеат на интензитет. Особено попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, што ќе услови нагло опаѓање на температурата.На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер, ќе има услови за појава на снежни наноси. Во западните делови ќе се формира мала снежна покривка и на пониските места.Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.В среда ќе дува силен северен ветер и на места сè уште ќе провејува снег. В четврток ќе настапи преодна стабилизација на времето, но ќе се задржи студено. В петок кон крајот на денот во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Ќе купиме кинески вакцини додека стигнат другите

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во 360 степени најави дека Македонија е во преговори со кинескиот производител на вакцини против Ковид 19 и до крајот на неделата ќе бидат познати деталите кога и која количина од кинеската вакцина ќе стигне во Македонија.-Не е точно дека не сме ја споменале оваа опција, премиерот ја најави како една од опциите и разговаравме со кинеската амбасада. Остануваме доследни на Ковакс механизмот, во петок треба да кажат точно кога и колку вакицини ќе стигнат. Го чекаме и одговорот од Фајзер. Но, очигледно е дека сите производители имаат проблем со капацитетите и затоа сакаме да обезбедиме процес на имунизација кој ќе има континуитет. Сакаме да обезбедиме соодветна количина и од сите производителите. Сите производители имаат развиено безбедни вакцини и кога ќе почне процесот сакаме да нема пауза. Сега чекаме детали во однос на цената и испораката, и до крајот на оваа недела ќе ги знаеме овие детали. Буквално сите вакцини се ефикасни и безбедни, истакна министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

18

(ФОТО) Ограноците од Левица испратија пораки до Царовска: Образованието и историјата не се на продажба

Членовите на локалните ограноци на Левица денес во герила АКЦИЈА! Од цела Македонија, пред основни и средни училишта, и' испратија порака на министерката Мила Царовска - дека образованието и историјата не се на продажба, се вели во објавата од Левица.  

Македонија | пред 5 години

kocze-trajanovski

Трајановски: На Шилегов му оставив полна каса пари и готова комплетна документација за проекти со кој тој сега се фали

Коце Трајановски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата Филибастер на Радио Лидер, рече дека кога заминал од градоначалничката функција на Град Скопје, оставил полна каса пари, како и потпишани договори за капитални прокети и проекти во тек на изградба, но и проекти кои во голем дел биле целосно завршени.Му оставив полна каса пари, милијарда и 250 милиони денари или околу 21 милион евра и дополнително 4 илиони евра кои се побарувања од Валдата за учеството за изградбата на спортската сала Борис Трајковски. Прибира некаде околку 35 до 40 милиони евра, од тие веќе 25 милиони му оставивме во касата. Имаше потпишано договори за капитални проекти, му оставив проекти во тек на изградба, исто така околу 20 проекти во документација, во најголем дел целосно завршени, а одреден дел беа распишани тендери за тие проекти, вели Трајановски.Трајановски смета дека дури сегашниот градоначалник Петре Шилегов и ништо да не работел, администрацијата ќе можела да ги заврши тие проекти, како што впрочем во овој период биле завршени.Во прво време велеше дека Трајановски не ми остави никакви проекти, па после извесно време рече да остави, но не се добри, на крајот излезе дека по тие проекти ги распиша тие тендери и ги заврши. Немаше шанси да ги заврши ако не беа тие проекти готови, додаде тој.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања