Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

ginekolog

МЗ: Се намалува бројот на жени со тешка форма на рак на грло, се зголемува опфатот со ХПВ вакцинација

По повод одбележувањето на месец јануари како месец посветен на борба против ракот на грлото на матката, информираме дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во нашата држава на годишно ниво од овој тип рак заболуваат околу 150 жени, или 15 на 100.000 жени. Според податоците од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, на оваа Клиника во 2019 година се третирани 111 случаи на карцином на грло на матка, додека во 2020 година бројот е зголемен и изнесува вкупно 140 случаи.Министерството за здравство секоја година изготвува посебна Програма за рана детекција на малигни заболувања, во која е предвидено спроведување бесплатен скрининг за рано откривање на ракот на грлото на матката, со кој во период од три години се опфатени жени на возраст од 24-61 година, односно следните возразни групи: 24-35 години, 36-45 години, и 46-61 година.Во рамки на организираниот скрининг годишно се испраќаат во просек околу 53.000 покани, а процентот нa жени кои примиле покана изнесува околу 88,3%. Од нив, околу 60% жени се тестираат со ПАП тест или во просек годишно се прават по 24.000 ПАП тестирања, пришто се откриваат брисеви со околу 10% епителни клеточни абнормалности во вкупно цитолошки анализираните брисеви или во просек по 2.400 брисеви годишно се со позитивни наоди.Во 2020 година, во првите 3 квартали околу 12.000 покани се испратени од страна на гинеколозите кои се вклучени како извршители во Програмата, направени се околу 9.000 ПАП тестови при што откриени се околу 900 брисеви со одредени клеточни абнормалности, што исто така претставува 10% од вкупно цитолошки анализираните брисеви.Воедно, податоците покажуваат дека се помал е бројот на жени со тешка форма на карцином, како што се плочестиот карцином суспектен за инвазија и инвазивниот плочест карцином. Токму тоа е и целта на превентивната програма на Министерството, рано и навремено откривање на ова заболување, што придонесува за намалување на стапката на смртност од ова заболување.Од аспект на зајакнување на превенцијата од ова заболување, во 2019 година го осовременивме Календарот за имунизација со тоа што обезбедивме четиривалентна ХПВ вакцина, со која се замени дотогаш користената двовалентна вакцина. Оваа вакцина штити од 4 опасни типови на хуман папилома вирусот. Покрај превенција од предмалигни генитални лезии, предмалигни анални лезии, канцери на грлото на матката и анални канцери, дополнително превенира и генитални брадавци. Токму во 2019 година е зголемен опфатот со вакцинација со оваа вакцина во споредба со претходните години.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Arsovski-27.01.2021

Арсовски: Коста Петров го прекршил законот, кривична пријава ќе има

Сите го видовте јавно на телевизија Коста Петров призна дека сторил кривично дело.Обидот отпосле да се оправда дека не сторил кривично дело е тотално непотребен и бесмислен, само повеќе докажува дека го сторил истото дело.Јавно, јасно и гласно призна дека сторил кривично дело со тоа што исплатил буџетски пари за рекламирање на Фондот за иновации, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски на прес конференцијата додаде:Да разјасниме: Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, претседателот на СДСМ чиј заменик односно потпретседател е Коста Петров во 2017 година донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа, се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми.Според законот за иновациски дејности, Фондот за иновации е формиран од Владата на Република Македонија, има статус на правен субјект, користи буџетски пари, она што е најважно практично затоа и беше донесена од СДСМ, тогаш беше и така промовирана оваа мерка користи буџетски пари Фондот за иновации на Република Македонија. А, вклучително и директорот на Фондот за иновации е назначен на седница Влада.Затоа, де факто овој заклучок на Владата кој што е донесен пред три години важи и за Фондот за иновации, односно за Коста Петров.Затоа да не се крие, да не бега и да одговори јавно: Каде се рекламирал Фондот за иновации, на кои медиуми и колку пари чинела оваа кампања на Фондот за иновации за 5 години ФИТР?Ова се суштинските прашања, бидејќи прекршување на законите секако има.Уште еднаш бараме институциите да реагираат, а Фондот за иновации јавно да ги обзнани сите документи, каде се рекламирал Фондот за иновации, колку пари потрошил за истото и нормално кој ги исплатил тие пари односно со чиј потпис.Кривична пријава за одговорност од ВМРО-ДПМНЕ, секако ќе има.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

diler-veles

(ФОТО) Приведен дилер на дрога од Велес

На 26.01.2021 во 19.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.Т.(41) од Велес, поради постеоње основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.По претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашкаста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари.Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Д-р. Тавилах од СЗО Македонија: Вакцините е безбедни и за оние со шеќер, крвен протисок, астма...

Тешко е да се предвиди точниот датум кога вакцините од КОВАКС механизмот би пристигнале во Република Македонија. Во едно неодамнешно соопштение, КОВАКС најави дека испораката на вакцините на државите-учеснички во механизмот би можела да почне за време на првото тримесечие од 2021 година, но дека тоа зависи како од поволните регулаторни одлуки, така и од подготвеноста на здравствениот систем и на националниот регулаторен систем во секоја од поединечните земји. Доколку нема проблеми во делот на регулаторните одлуки или во делот на подготвеноста на државата, намерата е првичните дози од вакцината да им бидат испорачани на сите земји-учеснички во КОВАКС механизмот истовремено или што поблиску до таа цел.Ова во интервју за МИА го истакнува д-р Џихан Тавилах, претставник на Светската здравствена организација во Република Македонија.– Зголемената циркулација на вирусот преку неговото ширење кај населението веројатно ќе резултира со повеќе мутации, а некои од нив може да имаат различни импликации. Затоа е важно луѓето да се вакцинираат кога вакцината ќе стане достапна. СЗО не препорачува вакцинирање на бремените жени. Според доказите со кои се располага во моментов, вакцинација со Ковид-19 може да се понуди без оглед дали лицето имало симптоматска или асимптоматска инфекција со SARS-CoV-2. Вакцините се проучувани на различни групи од населението и утврдено е дека се безбедни и подеднакво ефикасни и кај лицата со познати медицински проблеми како на пример висок крвен притисок, шеќерна болест, астма, белодробни заболувања, заболувања на црниот дроб или на бубрезите, како и кај оние со хронични инфекции кои се стабилни и контролирани. Колку повеќе луѓе ќе се вакцинираат, толку повеќе циркулацијата на вирусот ќе се намали, а со тоа и неговиот потенцијал за нови мутации и варијанти, вели д-р Тавилах за МИА.Текстот во целост на: МИА.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kosta-6

Честитка на градоначалникот Георгиески до српската заедница по повод празникот Св.Сава

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава.-Дозволете ми, на сите припадници на српската заедница во Охрид и во Република Северна Македонија да им го честитам празникот посветен на големиот просветител, Св. Сава.Посакувам овој ден да ви помине во добро здравје и убаво расположение во кругот на семејството. Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество. Само така создаваме традиција на негување на меѓусебните односи и почитување на различностите.Српската задница е значаен дел од нашето општество и придонесува во целокупниот општествен, економски и политички развој на нашава земја. Уверен сум дека со меѓусебно разбирање и почитување ќе продолжиме да градиме напредна и развиена држава која се стреми да биде дел од Европското семејство.Честитајќи Ви го празникот, ви посакувам добро празнично расположение, здравје, среќа и бериќет– стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 5 години

kosta-izjava-po-glasanje

Градоначалникот Георгиески задоволен од бројот на доделени стипендии

На мое големо задоволство годинава Општина Охрид додели рекорден број на ученички и студентски стипендии.Вкупно  стипендии за ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината од кои: стипендии за основци и средношколци кои живеат во потешки социјални услови стипендии за ученици со посебни постигнувања стипендии за талентирани основци и средношколциВкупно  стипендии за редовни студенти на додипломски студии кои студираат на државните универзитети во нашата држава.Официјалните списоци од добитниците на стипендии може да се проверат на веб страницата на општината, напиша градоначалникот во својата објава на фејсбук.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Стоилковски: Власта сака да спроведе политички попис кој ќе го рефлектира она што е договорено меѓу Заев и Ахмети

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во утринската емисија на Алфа зборуваше за пописот каде што посочи дека станува збор за политички попис односно го рефлектира договореното помеѓу Заев и Ахмети.-Сите индиции до сега наведуваат за тоа дека станува збор за политички попис односно попис кој би требало да ги рефлектира барањата односно договореното помеѓу коалиционите партнери во власта во Македонија односно тоа се Зоран Заев и Али Ахмети. Јасна беше приказната уште при самото туркање на овој закон да помине онака како што помина со тоа што почна лицитација што би се признало, што не би се признало во однос на проценти на застапеност на етнички заедници пред се смисла на албанската заедница од страна на ДУИ како претставник во власта, рече Стоилковски во своето гостување.Портпаролот Стоилковски укажа дека овој попис кој сака да го протурка власта нема да ја даде реалноста во Македонија со вистинскиот потенцијал кој што треба да се искористи за понатамошен развој на државата.-Тука не станува збор за попис доколку збориме дека е политички, тука не станува збор попис кој што би требало да ја рефлектира реалноста во Македонија со вистинскиот потенцијал кој што треба да се искористи за понатамошен развој на државата. Всушност се гледа колкав е капацитет на население кој е младо, кое работно способно, што се по струка за да утре кога ќе може да се отвори некаква фабрика или некаков потенцијал кој ќе носи економски бенефит би се знаело каде би се сместил тој. И сега се добива една лажна слика како што е и до сега и можеше да се понуди, место каде има 20 жители постојано цела година, а на попис да се покаже дека има 1 500 жители, додаде Стоилковски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Foto.27.01.2021

Туристичко-угостителската комора при ССК бара протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за работа за сите дејности кои се дефинирани во Националната класификација на дејности бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.„Секторот угостителство се соочува со многу предизвици и отежнати услови за работа, како и со целосно отсуство на протоколи за голем број други дејности. Во такви околности потенцираме дека е неопходен континуитетот на економските мерки со цел задржување на работните места и на деловните субјекти. Со изминување на месец јануари, а во недостаток на петтиот пакет мерки кој се однесува на првиот квартал од 2021 година, повторно се доведуваме во состојба да бидеме оставени без финансиска поддршка, како што тоа се случи во неколку наврати и минатата година. Но овој пат секторот се наоѓа во многу потешка состојба поради што многу угостители ќе мора да ги затворат своите објекти, а континуирано напоменуваме дека тоа ќе се одрази штетно и на околу 30.000 вработени во овој сектор“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК и упати апел петтиот пакет на економски мерки да се донесе во најкус можен рок и да се направи обид мерките да се ефектуираат од месец јануари.Најголем број угостители се придржуваат до мерките за заштита од ширење на пандемија кои Владата ги носи по препорака на Комисијата за заразни болести. Но и покрај тоа во месеците март, август и септември минатата година секторот сам се снаоѓаше бидејќи немаше континуитет во обезбедување на економските мерки за поддршка. Исто така треба да се истакне дека од колку 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор само 132 добија комбинирана помош односно поддршка за исплатата на плати и неповратна финансиска помош во форма на грант за покривање на другите трошоци. Овој податок покажува дека дел од претпријатијата добија помош само за исплата на плати на вработените, додека за другите трошоци во услови на значително намалена деловна активност самостојно обезбедуваа средства 11 месеци. ТУК ги охрабрува надлежните институции јавно да ги објават податоците за искористеност на средства од финансиската помош во угостителството, како по број на субјекти така и во апсолутни суми за да може да се добие реална слика за димензијата на поддршката што се дава и очекувањата во наредниот период.„Важна активност која очекуваме да се завршени од надлежните институции и од која ќе зависи одржување на дел од дејностите е и подготвувањето на прецизни протоколи за работа кои би можеле да најдат соодветна примена и за друга следна состојба. Иако речиси една година како е прогласена пандемијата ние се уште немаме протоколи за најголем број од дејностите. Во таа група се и рестораните за прослави и клубовите кои се затворени повеќе од 300 денови и за кои се уште нема никаков протокол за работа. Поради оваа состојба не само што сега не може да се реализираат деловни активности, туку не може ниту се прават планови и проекции за наредниот период. Поради целокупната ситуација станува прашање на недели кога ќе почнат да згаснуваат угостителски објекти поради наталожените долгови, а со тоа ќе се зголемува и бројот на оние кои ќе останат без егзистенција“, изјави Ангеловски.Тој истакна и дека ТУК активно ги следи и глобалните случувања во секторот.„Се надеваме дека во наредниов период кој е исклучително тежок и чувствителен за угостителството, нема да се дозволи целата мака, солидарност и пожртвуваност која се покажа од огромен број на луѓе, да биде без цел. Ја охрабруваме Владата, за поголема ажурност и свесност за проблемите во кои се наоѓа овој сектор, затоа што на крајот, тие проблеми се заеднички и доколку соодветно, навремено и до крај не се решат, последиците ќе бидат долгорочни и ќе погодат голем број на граѓани. Иако угостителството во моментот е еден од најпосакуваните дејности, може да се спаси, ако сите бидат на висина на задачата“, истакна Ангеловски.фото: ССК

Македонија | пред 5 години

fontani-vo-vardar

Фонтаните од проектот „Скопје 2014“ сеуште во Вардар, никој не ги отстранува

Фонтаните од проектот „Скопје 2014“ поставени во реката Вардар никој не ги отстранува, иако веќе не функционираат и само собираат ѓубре. Двете фонтани си стојат во коритото на реката, а не работат, односно градските власти не ги пуштаат на лето да прскаат, објави СДК.МК.Од Град Скопје велат дека досега не можеле да ги тргнат фонтаните оти биле дел од истрагата што се води за „Скопје 2014′. Текстот во целост на:  СДК.МК.фото: СДК.МК.

Скопје | пред 5 години

kola-zagaduvanje

Годинава ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови, вели Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши  најави дека годинава ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови.„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, најави министерот за економија Крешник Бектеши.Воедно, тој најави дека владата планира да спроведе две дополнителни мерки со кои би се обновил возниот парк. Првата мерка предвидува воведување на субвенции за купување на хибридни возила од граѓаните, како надополнување на постојната мерка за даночно олеснување при увозот на овие возила. Втората мерка ќе даде можност за директна финансиска помош за оние граѓани кои ќе се одлучат да ги заменат возилата со под ЕУРО 4 стандард со нови автомобили со ЕУРО 5 или 6 стандарди, објави  meta.mk. Текстот во целост на:  meta.mk. фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 320 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 320 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 20 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 16, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во Ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 19 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 16 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежи 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти.Вкупно 262 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

javna-soba

Во Македонија на три групи се споделуваа експлицитни фотографии

Отворени се три групи на кои се споделуваа експлицитни фотографии кои се насловени „Јавна соба“.Групите бројат над 5 000 членови. Се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, објави Канал 5.Минатата година беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија.Текстот во целост на: Канал 5.

Македонија | пред 5 години

ekoloska-akcija

Град Скопје со донација за опремување на противпожарен брод во Охрид

На утрешната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за давање донација на едно противпожарно возило и две мобилни лафетни млазници на здружението ЕКО ФАП од Охрид. Ова здружение дејствува доброволно и организира еколошки акции за расчистување диви депонии во градот Охрид и во околината. Исто така, организира самоиницијативно учество во гасење пожари, помош на населението при елементарни непогоди и хаварии на вода и давање помош на социјално загрозени семејства.Преку донацијата на возилото, ЕКО ФАП ќе има можност да ги прошири своите активности. Целта е оптимално одговарање на предизвиците при расчистување на дивите депонии на брегот на Охридското езеро и во Националниот парк Галичица.Мобилните противпожарни млазници, пак, би биле употребени во опремување на противпожарен брод во рамките на здружението.Предлогот за давање донација на еколошкото здружение од Охрид е во согласност со политиките на Град Скопје за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Градот ја цени и поздравува иницијативноста на ова здружение и, преку оваа соработка, сака да мотивира слични дејства кои ќе придонесат за развивање на сите општини, заедничка соработка и активирање на граѓанските организации.Секторот за заштита и спасување на Градот Скопје, нема повеќе потреба од опремата која треба да се донира, а истата е веќе испишана со завршниот попис за 2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

grip

МЗ: 73% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година

Министерството за здравство информира дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесува 433. Ова претставува 73,2% помалку во споредба со истиот период лани и 86,3% помалку во однос на типичната сезонска крива.Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (190 случаи), а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.Во втората недела од 2021 година, пријавени се 36 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи зголемување од 18 случаи во однос на истата недела во 2020 година.Во Република Северна Македонија, заклучно со втората недела, вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип. Од нив, 37.870 лица се вакцинирани со бесплатна вакцина, додека пак 10.536 лица се вакцинирани со комерцијалните вакцини.Мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување.Повеќе информации во однос на состојбата со грип во земјава, за сезоната 2020/2021, заклучно до 17.01.2021 година може да добиете од веб-страницата на Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/grip-2-nedela-2021/фото: Архива

Македонија | пред 5 години

holokaust

Меѓународен ден на сеќавањето на Холокаустот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.-Република Северна Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, веќе повеќе години наназад го одбележува овој ден со цел да оддаде почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи – жртви на овој ужасен чин, меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта во Треблинка, но исто така и на жртвите на сите останати геноциди, се наведува во соопштението од МНР.На комеморативното одбележување, што ќе се одржи во организација на Министерството за надворешни работи,  ќе се обратат и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман – Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам „Историја – лекции за сегашноста“ од Младински образовен форум – Скопје.Фото: архива

Македонија | пред 5 години

zemjotres

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7.44 часот во подрачјето на Гостивар. Според првичните податоци, епицентарот бил 20 километри југозападно од Гостивар, во мавровскиот регион, на длабочина од 2 километри.Жителите во мавровскиот крај земјотрес почувствувале и ноќеска во 1.36 часот со јачина од 3,2 степени.Извор:АгенцииФото:Архива

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Сава

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.Почитувани сограѓани од српска националност,Ја користам оваа прилика најсрдечно да ви го честитам Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија ‒ Свети Сава и да ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, исполнет со радост и со среќа.Духовната и просветителско-образовна дејност на Свети Сава е еден од најзначајните темели на српската национална и културна самобитност. Неговото дело е неизоставен дел од традициите, обичаите и културно наследство на припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија која активно придонесува за политичкиот, општествениот и културниот живот. Се радувам и на придонесот што нашите граѓани од српска националност го имаат во продлабочувањето на односите со соседна и пријателска Република Србија.Почитувани,Скоро цела година живееме борејќи се со пандемијата со Ковид-19 која ги загрозува нашето здравје и благосостојба, но и го менува нашето секојдневие. За жал, како и за останатите празници и светосавското празнување ќе биде во изменети околности. Да продолжиме со почитување на мерките и со дисциплинираното однесување за да го заштитиме своето, здравјето на најблиските, како и здравјето на целата заедница. Празникот на Свети Сава нека биде поттик да истраеме и да останеме солидарни и одговорни, сложно и сплотено работејќи за развојот и за напредокот на нашата заедничка татковина.Нека е честит 27 Јануари, Денот на Свети Сава, се вели во честитката од претседателот.фото: Архува

Македонија | пред 5 години

javna-soba

ФОТО: Објавени разговори од “Јавна соба”

После денешниот прилог за групата Јавна соба членовите во истата ја коментираа и ја бараат девојката која поднела пријава. И групата сеуште постои и не е затворена, пишува во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Сите вакцини се безбедни, не постои законска пречка за увоз на која било вакцина во земјава

Имаме начин да увеземе од која било вацкина против Ковид 19 и не постои никаква законска пречка за тоа, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на Канал 5 телевизија. Вакцините се нов продукт, истите ниту една земја ги нема регистрирано, но сите производители имаат документи со кои го гарантираат квалитетот на лекот, рече Филипче, посочувајќи дека првите вакцини во земјава ќе влезат со интервентен увоз и тоа не е никаква новина туку е пракса години наназад.- Регистрацијата е процес кој зависи од земјата која тој препарат го увезува. Тој процес не е задолжителен и не е гаранција за квалитетот на производот, тоа е разгледување на документите кога се внесува еден препарат,лек,вакцина во земјата. Во таа смисла имаме начин да се увезат вакцините од било кој производител, тоа е со интервентен увоз и тоа така историски наназад се правело, не само со вакцини туку и со многу други лекови. Сите прозиводители кои нудат вакцини на пазарот, имаат документи кои го гарантираат квалитетот на вакцината. Во ниту една земја вакцините не се регистрирани затоа што се нови продукти и тоа е неверојатно да се случи во краток временски период. Тоа секако ќе се случи, но првите вакцини ќе влезат со интервентен увоз, истите се проверени од своите национални институции и таму каде се произведени. Веќе во српската агенција зе лекови се објавени документи, дека таков како што е капацитетот на нивната лабараторија, е тестирана кинеската вакцина не станува збор за целосно тестирање, туку на одредени параметри и тие кои може таму да се тестираат се солидни. Таа вакцина е сосема безбедна да се користи - рече министерот.Филипче посочи дека Министерството за здравство останува посветено на сите три механизми за набавка на вакцините, но соочени со состојбата дека потребата за вакцини е голема секаде во светот, се евалуирал и планот за набавка на кинеска вакцина. Министерот најави дека целта е вакцинацијата во земјава да се одвива со еден континуитет и да нема прекин како што е случај со некои други земји, бидејќи станува збор за голем притисок за набавка и производство на вакцини против Ковид 19 насекаде во светот.- Кинеските вакцини ги евалуиравме и во претходниот период, сакаме да обезбедиме вакциналниот процес да започне и да нема паузи. Сите вакцини кои се на располагање се сосем безбедни тие се евалуирани од своите национални агенции, дел од нив и од европските, американските регулатори. Целта е да имаме вакцини од повеќе производители за да не се соочиме со недостаток односно откако ќе почнеме, процесот на вакцинација запре - истакна Филипче.Првите вакцини кои треба да стигнат во земјава во месец февруари според најавите на Фајзер ќе бидат вакцините од Србија, а потоа ќе стигне пратката директно од прозиводителот Фајзер. Веќе во петок на состанокот кој Филипче ќе го има со претсавниците од Ковакс механизмот ќе се знае колку вакцини преку овој систем ќе бидат исопрачани во земјава рече министерот.

Македонија | пред 5 години

1-6

(ВИДЕО) Се распука асфалтот пред МНР, по дефект на водоводна цевка

Асфалтот на булеварот „Филип Втори Македонски“ е распукан, по дупката која се отвори пред зградата на Министерството за надворешни работи. Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, објави дека станува збор за дефект на водоводна цевка „Ф 300“, која кога ќе пукне, прави дупка и пропаѓа асфалтот.„Дефект на водоводна цевка Ф 300 во непосредна близина на МНР. На лице место сме и интервенираме, за да избегнеме поголема хаварија на коловозот. Ве молам за внимание! Екипите на Водовод и Улици и Патишта вечерва ќе работат на санација на дефектот“, напиша Шилегов.Булеварот е целосно затворен за сообраќај, поради страв дека дупката може да се прошири и да пропадне асфалтот. Полицијата го обезбедува просторот, а пак, Град Скопје веќе ја испумпа водата која беше насобрана во дупката.

Скопје | пред 5 години

javna-soba

Групата „Јавна соба“ на Телеграм повторно е активна, на неа експлицитни фотографии од македонски девојки

Групата „Јавна соба“ на Телеграм повторно е активна. Експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки се споделуваат со околу 5.600 членови на групата, објави Сител.Телевизијата објави дека 22-годишна девојка раскажала оти нејзин пријател ја предупредил дека во групата биле објавени една нејзина фотографија од Фејсбук и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа. Пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу.Од полицијата велат дека работат на случајот.Текстот во целост на: Сител. 

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid_030

Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021година

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес на своите граѓани на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2021 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид, како и давање на можност средставата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид во областа на социјалната политика и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.– Под правни лица се подразбираат установи од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија кои се занимаваат со активности од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на јавниот повик за добивање средства од Буџетот на општина Охрид се:– Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации;– Да спроведуваат активности од минимум една година;– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес кои се од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик  и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби ;– Да не добиле средcтва или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се превзема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект/програма се пополнува одделна пријава.Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2021 година.Апликантите покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:– Фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија– Копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)– Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави. Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021 година“ или лично во архивата на Општина Охрид.Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето. https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc-2/

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Познати добитниците на студентски стипендии

Согласно одлука на градоначалникот општина Охрид изврши  распределба на парични средства од Програмата А0 од Буџетот на Општина Охрид врз основа на Ранг -листата од 05.01.2021 година на студентски стипендии во академската 2020/2021 година изготвена од страна на Комисијата за постапување по Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, во академската 2020/2021 година и тоа на делот Б) од истиот Конкурс кој се однесува на доделување стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во РСМ за академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови.https://ohrid.gov.mk/https-ohrid-gov-mk-wp-content-uploads-2017-08-%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5/

Македонија | пред 5 години

ucenici

Доделени стипендии на ученици од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид

Во врска со објавен Конкурс за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2020/2021 година познати се добитниците на ученички стипендии и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија.Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши 04.02.2021 до 10.02.2021 година во Општина Охрид. За добитниците (малолетни лица) на стипендии задолжително е присуство на родител.Согласно член 10 од Правилникот бр. 09-9375/1 од 21.10.2020 г. за доделување ученички стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Охрид за учебната 2020/2021 г., против одлуката на Градоначалникот може да се поднесе приговор во рок од 5 (пет) дена, од денот на објавувањето за извршениот избор.https://ohrid.gov.mk/%d0%b4%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82/

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања