Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

soob-S2

(ФОТО) Комбе се преврте пред Стража

Утрово комбе се преврте на патниот правен од Тајмиште према Стража. Според фотографија која ни ја испратија читатели сеуште нема пристагнато полиција кој треба да изврши увид.Возачите се жалат дека патот е замрзнат и дека и покрај тоа што се вози со крајна претпазливост сепак се лизга.Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Влада: Започна постапката за набавка на 200.000 дози САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19.Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19 согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас.Станува збор за нова набавка на дополнителни количини покрај оние од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор. Според најавите од КОВАКС механизмот првите количини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Здравствените работници на Нефрологија се со лесна клиничка слика, работата во установата се одвива регуларно

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија потенцираше дека сите здравствените работници кои се позитивни на КОВИД-19 од Клиниката за нефрологија имаат лесна клиничка форма на болеста. Во моментов, установата функционира нормално со останатиот медицински кадар.„Ќе земеме дел од тие материјали и брисеви и ќе се направи секвенционирање, за да видиме дали евентуално станува збор за мутација на британскиот сој на вирусот“, информираше Филипче.На Клиниката ковид позитивни се 8 медицински сестри од вкупно 52 вработени, еден лаборант од вкупно двајца вработени и еден психолог. Заразени се 9 доктори од 24 вработени во установата и 3 болничари од вкупно 17 вработени на Клиниката за нефрологија.Работата во оваа јавно здравствена установа се одвива регуларно и тековните обврски се завршуваат од страна на вработените кои го надополнуваат отсуството на оние кои се заразени или се во изолација.Фото: Архива

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: Следната недела стартува Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за укинување на штетниот закон за попис

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека од следната недела ќе стартува Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи за укинување на штетниот закон за попис, во која очекува да се потпишат 100.000 грашани за да може да се делува во насока на укинување на овој закон.Иако претседателот Стево Пендаровски го потпиша законот за попис, единствено што останува како легална битка на ВМРО-ДПМНЕ е да ги повика граѓаните и да го повика македонскиот народ и сите кои живеат во Македонија е да отидат во подрачните единици на Министерството за правда и да се потпишат на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на овој штетен закон за попис, повика Николоски.Тој истакна дека правната процедура за истото е веќе почната овие денови и ќе биде дополнително објавен датумот од кога ќе почнат да се собираат потписите, рокот е 30 дена, очекува дека веќе од следната недела ќе се знае точно од кој ден ќе може граѓаните да појдат и да се потпишат со својата лична карта на оваа иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се соберат доволно потписи за да може се делува на укинување на овој закон.Минималната бројка е 10.000 потписи, но очекувам да одиме со бројка од 100.000 граѓани да се потпишат за укинување на законот за попис и на тој начин овој штетен закон кој има за цел нереален и штетен попис да биде укинат, појасни Николоски.Николоски вели дека оваа власт секако ќе си замине, но со собирањето на што поголем број на потписи за укинување на овој закон на пратениците од владеачкото мнозинство нема да им биде сеедно доколку видат поголем број на потпишани граѓани за укинување на овој закон.Во однос на заминувањето на оваа власт, не е прашање дали, прашање е само кога и на каков начин истото ќе се случи, вели Николоски.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Британскиот сој е со полесна форма на болеста, но побрзо се шири, да останеме претпазливи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија, во врска со детектираниот британски сој на вирусот во нашата земја, истакна дека ова беше очекувано и практично беше невозможно да не се случи, со оглед на тоа што во повеќе земји во Европа и во регионот овој сој на вирусот веќе е присутен.„Ова е карактеристика на овој тип на РНК вируси многу брзо да се адаптираат. Впрочем тоа што и досега имаме 20 веќе изолирани соја со различна фрекфенција ни укажува на тоа кога има некаква пречка во трансмисијата, а пречка се нашите превентивни мерки - тогаш вирусот се адаптира. И тоа се случува насекаде во светот. Разговарав со претставници на лабораторијата, типично како што се опишани во литература сите промени во т.н британски вирус, така е идентификуван во конкретниот случај. Пред 10-тина дена е направена дијагнозата, а сега е направено секвенционирање на геномот кој укажал дека ја има таа мутација“, - изјави Филипче и нагласи дека оваа мутација на вирусот не можела да се избегне и веројатно ќе се случи во сите земји во светот.Филипче посочи дека, според публикациите во Велика Британија, оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, но истакна дека нема простор за паника.„Нема простор за паника, остануваме внимателни. Ние и сега имаме превентивни мерки кои очигледно дадоа резултат. Точно е дека оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, според публикациите во Велика Британија. Исто така, тоа што е познато од литературата е дека типот, формата на болеста е полесна од она што беше претходно. Но, превентивните мерки мора да се почитуваат. Очигледно е дека носењето на маски, држењето на дистанца навистина станува клучно, посебно со оваа форма на мутација на вирусот. Ние будно ја следиме епидемиолошката ситуација. Засега нема да препорачаме друг тип или дополнителни превентивни мерки, но следиме каква ќе биде состојбата“,- изјави Филипче и потенцираше дека доколку ескалира ситуацијата здравствениот систем е спремен и поставен, а во било кој момент испразнетите одделенија може повторно да станат ковид центри.„Чим е детектиран на едно место мутацијата веројатно дека ја има и на други места. Мутацијата не мора да е секогаш увезена од некои од земјите. Многу често мутација се случува и во секоја една од земјите, самиот вирус има тенденција да мутира заради тоа што го бара патот за трансмисија, а се соочува со можеби во некоја мини средина и со некаква форма на имунитет. Во таа смисла, не е чудо мутацијата да е од едно одредено подрачје. Не мора да имал човекот контакт или да патувал за да се случи мутација на вирусот. Впрочем, веќе констатираните мутации кај нас 20тина соја кои се детектирани воопшто не се увозни, туку се практично мутации кои потекнуваат од тука и се наши автентични“, појасни Филипче.

Македонија | пред 5 години

mance-toci

Менче Точи: Британскиот сој го имало од 29 декември во државата!

Британскиот сој го имало од 29 декември во државата! МАНУ не успеа да го детектира досега -денеска е откриен кај 46 маж во лабораторијата Жан Митрев, а тој веќе оздравел. Сега, напиша на својот ФБ профил новинарката Менче Атанасова Точи.

Македонија | пред 5 години

zimska-oprema

Георгиески на презентација на опрамата за спасување во зимски услови

Градоначалникот Константин Георгиески во придружба на евроамбасадорот Дејвид Гир , министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на општинската организација на Црвен крст Сашо Точков, присуствуваше на презентација на специјалната опрема за спасување во зимски услови што денес се одржа на кејот од Охридското Езеро .Опремата беше обезбедена преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам “ финансиран од Европската Унија преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија. Проектот го спроведуваат Црвен Крст- Охрид, општинина Дебрца ,општина Грамш од Албанијаи и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Mileski

Милевски: За безбеден зимски туризам набавени возила и специјализирана опрема во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро

Возила и специјализирана опрема за спасување во зимски услови се набавени во рамки на Проектот: „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија и министерството за локална самоуправа, а го спроведуваат Црвениот крст Охрид, општините Дебрца и Грамш како и Алпинистичкиот Клуб ПАТАГОНИЈА-Охрид.- Проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ има за цел промоција на социо-економскиот развој на охридско-преспанскиот прекуграничен регион преку одржлив развој на туризмот, со особено внимание за создавање деловни можности за урбаните и руралните области од поширокиот регион, како и понуда на различни туристички пакети и промоција на високи стандарди за безбедност во туризмот. Поконкретно, целта на проектот е да се прошири туристичката сезона преку цела година, како и да се обезбеди поизбалансиран и инклузивен развој на поширокиот прекуграничен регион околу Охридското Езеро со приближување на општините Дебрца и Грамш кон Охрид и Поградец, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.Тој појасни дека имплементација на проектот започна на први ноември 2019 година и ќе се спроведува три години, а вкупниот буџет на проектот изнесува 692.000 евра, од кои 588.200 се грант од ЕУ, а останатите средства се обезбедени со кофинансирање од страна на споменатите партнери.-Овој проект е продолжение на претходно исклучително успешно реализираниот проект „Регионот Охридско Езеро - Безбедна дестинација за авантуристички туризам“, со вкупен буџет од 415.000 Евра, со кој се воспоставија две спасителни служби: Служба за спасување на вода во Поградец, Р. Албанија и Служба за спасување на планина во Охрид. Исто така, беше набавена опрема за споменатите служби и се организираа обуки за спасување на вода во Поградец и за спасување на планина во Охрид. Се изгради и современ оперативен и тренинг центар за Планинската Спасителна Служба во Охрид, рече Милевски.Претседателот на Црвен Крст Охрид изрази благодарност до Министерството за локална самоуправа и ЕУ, кажа дека клучот на ЕУ е во нивните членови на спасителската служба кои имаат храбри идеи и визии кои се мотивираат со секојдневни работни задачи.- Сонот да имаме модерен оперативен центар со најсовремен во кој ќе работи и делува оперативното спасителната служба воспоставен ефикасен систем и стандарди за спасување на планина и непристапни терени се остварува. Клучот нивен е на европските врати, ги отвораат европските стандарди и вредности, затоа во иднина очекуваме општините целосно да соработуваат и да даваат поддршка за комплетна одржливост на Црвениот Крст, вели истакна Точков.Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир порача дека во рамки на досегашните активности на проектот обележана е прекугранична планинарска патека од планинарскиот дом во с. Брежани, општина Дебрца до општина Грамш); реконструирано е старото училиште во општина Дебрца и во тек е негова пренамена во планинарски дом, Авантуристички парк во близина на планинарскиот дом на Галичица како и пречистителна станица за планинарскиот дом. Исто така поставен е мониторинг систем за посетители во НП Галичица.- Тука сме да ги поддржиме сите проекти кои се важни преку прекуграничната програма, токму преку овој проект има за цел Охрид да биде сигурна дестинација и да биде етаблиран како туристичка дестинација особено во планинскиот предел од двете страни. Затоа, Црвен Крст ја има клучната улога за да во секој момент на некаква опасност од страна на туристот да можат да го спасат, додаде ЕУ амбaсадорот, Гир.Преку проектот планирано е развивање на промотивни материјали: водич, мапи, мобилна апликација и веб страна; набавени се возила за зголемување на капацитетите на општините со цел поддршка на ново поставената инфраструктура како и теренски возила и опрема за спасување во зимски услови. Исто така планирана е набавка на специјализирана опрема за спасување за потребите на хеликоптерската единица при МВР; обука на спасувачи на планина во Албанија според стандардите на ICAR (International Commission for Alpine Rescue); обука на спасувачите од Планинската Спасителна Служба за употреба на опремата за спасување во зимски услови; и креирање на работна група за олеснување на прекуграничните процедури во случај на интервенција на Планинската Спасителна Служба на територијата на Албанија.Општини, граѓански организации, бизнис асоцијации, универзитети, училишта, јавните установи и институции од двете соседни земји преку соработка да креираат издржани проекти со кои ќе аплицираат за третиот повик најдоцна до 15ти февруари за кој се обезбедени 4.930.000 евра од ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија. Одобрените проекти кои што ќе се имплементираат на територијата на нашата држава ќе ги кофинанисира од Министерството за локална самоуправа, во висина од 15 насто од признаените трошоци.фото: Министерство за локална самоуправа МЛС

Македонија | пред 5 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Град Скопје и универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ ќе основаат фондација

На следната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за формирање Фондација – Развоен институт Скопје.Во рамки на програмата за активностите на Град Скопје за соработка со здруженија и фондации во 2021 година, Градот би требало да биде соосновач на оваа Фондација, заедно со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Двете институции би имале подеднаков придонес во основачкиот влог. Просторот за функционирање на оваа Фондација би го обезбедил УКИМ, а програмското работење би го финансирал Град Скопје.Целта на ваквото здружување е да му се обезбедат на Градот нови алатки за соочување со предизвиците, преку податоци и следење резултати, а да се стави во функција академскиот потенцијал и академските искуства, особено во делот на урбанистичкото планирање. Фондацијата би отворила нови можности за дејствување, соработка, финансирање и инвестирање, како и подобар пристап до финансиска поддршка за инвентивни концепти за одржлив развој на град Скопје.Процесот на формирање на оваа Фондација, би започнал со изготвување на сите формално правни документи за основање, како што се актот за основање на Фондацијата, статутот, програмата за дејствување, одлуката за избор на органи на Фондацијата, како и изготвување предлог организациска структура, финансиски план и програма за работа.Градот Скопје останува активно вклучен во проекти за одржлив развој со особен акцент на унапредување на животната средина, урбаната мобилност и енергетската ефикасност, кои се дел од програмата за соработка со здруженија и фондации, а новоотворениот Развоен институт – Скопје би претставувал значаен чекор во таа насока.

Скопје | пред 5 години

korona1

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабораторија во Скопје, при анализа на примероци од јануари

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.

Македонија | пред 5 години

javna-soba

ВМРО ДПМНЕ: Неспособноста на Спасовски да се справи со телеграм групата „Јавна соба“ загрози млади животи и создава жртви

Оливер Спасовски е неспособен министер кој ја загрозува безбедноста на граѓаните и одбива да постапува по барањата на граѓаните. Случајот со „Јавна соба“ што се појави минатата година беше решен за само два дена и групата беше затворена под водство на МВР на техничкиот министер Наќе Чулев, заштитувајќи ги сите жртви, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Сега Оливер Спасовски според тврдењата на граѓаните и жртвите, одбива да им помогне на граѓаните. Неколку дена граѓаните пријавувале лична злоупотреба во МВР, а МВР ги одбивале и не постапуваат.Срамно е и безобразно да нема никаква грижа и обврска кон граѓаните од кои зема плата.Неспособноста на Оливер Спасовски е опасност за граѓаните на Република Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Раззеленува и покривот на „Мавровка“ – трет и најголем зелен покрив во Скопје

Градот Скопје во соработка со општина Чаир и Здружението на корисниците на деловен простор во деловниот центар „Мавровка“ почна со уредување на третиот и најголем зелен покрив во Скопје - покривот на „Мавровка“. Зелениот покрив се уредува според проект од реномираниот и наградуван архитект, Бесиан Мехмети.- Се наоѓаме на најфреквентната раскрсница во нашиот град, каде што дневно поминуваат повеќе од 70.000 автомобили, место на кое што се наоѓа државна мерна станица и место на кое одбравме да го правиме овој зелен покрив, од две причини. Прво, да го покажеме нашиот пристап на еднаквост на Градот, а второ, да го замениме зеленилото кое во лудилото на проектот „Скопје 2014“ овде, на оваа микролокација, кај Ректоратот, беше уништено со цел да се изградат и недоизградат овие барокни згради што не се ниту дел од Универзитетскиот кампус. Искуството што го имаме со најексплоатираниот зелен покрив, зелениот покрив на Градскиот трговски центар, е навистина прекрасно. Мислењето на граѓаните и посетеноста ни даваат за право како Град и како институции да продолжиме да вложуваме во овој тип на простор, кој во иднина ќе биде јавен. Во моментов може да видиме колку е сериозно уништен. Со реализацијата на овој проект не само што ќе имаме импакт со зеленило врз најголемата раскрсница во градот, ќе влијаеме и врз самиот трговски центар. На луѓето ќе им овозможиме уште едно прекрасно катче, кое од вака руинирана површина која зрачи топлина поради бетонот ќе стане површина на која граѓаните ќе може да поминуваат пријатни моменти - изјави денеска градоначалникот Петре Шилегов.На овој простор се планира да бидат засадени над 40 различни видови садници на вкупна површина од 4.000 квадратни метри. Значајно е да се истакне и дека Скопје во услови на пандемија од коронавирусот ќе добие уште едно прекрасно место на кое ќе можат да се одвиваат културни настани на отворено со почитување на здравствените протоколи. Дополнително, овој зелен покрив се наоѓа во непосредна близина на комплексот факултети при УКИМ и Националната универзитетска библиотека што го прави уште една зелена локација на која студентите ќе можат да го користат своето слободно време во паузите.Зелените покриви се една од мерките за намалување на т.н. урбани топлотни острови кои воедно даваат можност за развој на вегетацијата и животинскиот свет во урбаните средини, а со нив Скопје добива еден нов и модерен лик со многу зелени површини и урбани содржини кои не носат чекор поблиску до целта – нашиот град конечно да стане зелена престолнина со која сите ќе се гордееме.За реализацијата на проектот Град Скопје потпиша меморандум за соработка со Здружението на корисниците на деловен простор во „Мавровка“ и општина Чаир, а проектот е донација од здружението.На денешниот настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Експертите од Националната конвенција бараат да се формализира работата од дома

Да се формализира во законски рамки работата од дома, која се наметна како потреба за нов начин на организирање на работата во време на пандемија е една од главните препораки на експертите што учествуваа на денешната онлајн осма сесија на Националната конвенција за ЕУ од вториот циклус на Работната група 2 – Социјална политика и вработување (Поглавје 19) на тема „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од КОВИД 19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат.Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, нагласи дека темата е од суштинско значење за утврдување на правните механизми за регулирање на оваа материја.„Пандемијата не е само здравствена туку, и економска и социолошка криза што ги погоди и многу моќните економии, бидејќи вирусот е бескомпромисен. Во кризниот период приоритет беше да се зачуваат работните места и помошта на ранливите категории, со цел да им помогнеме и на компаниите и на работниците. Работата од дома, која се наметна како нов концепт и како нов начин на работа, стана сериозно искуство и ова ќе биде вградено во новата законска регулатива понатаму. Социјалната реформа беше ставена на тест. Одговорно тврдам дека таа овозможи да ја пребродиме кризата, изјави Шахпаска.„Работата од дома како начин на организирање на работниот процес ќе продолжи и по завршување на пандемијата што бара системско регулирање на оваа материја, изјави професорот на Филозофскиот факултет од Скопје, Јован Пејковски. Притоа, како што додаде тој., ќе биде потребно да се прецизираат и други детали како максималниот и минималниот број на работни часови, минималниот надомест, начинот на кој ќе се напредува во кариерата, под кои услови може да се прекине договорот за работа, користењето на боледување и одмор, заштита при работа од дома, заштита на мајчинстовто, период на исплата на платата, работа од дома на определено и на неопределено време, каква е обврската за известување на работодавачот во поглед на промени на обврските и условите, плаќање на прекувремена работа во случај кога е зголемен обемот на работа, кои се обврските на работодавачот, одржување на опремата, инсталациите, зајакнување на интернет врската, дигитализација, инвестирање во информатичка технологија, заштита на податоци и слично.На ова барање се надоврзаа и професорите Лазар Јовевски, од Правниот факултет и Зоран Михајлоски од Американ Колеџ, кои нагласија дека начинот на работа од дома треба да се уреди со реформата на Законот за работни односи која е во тек.Дел од експертите се согласија дека кризата се одрази и врз балансот на родовата рамноправност.„Кризата има и родова димензија, покрај правниот механизам за кој денеска дискутираме. Здравствената криза отвори многу предизвици. Ги погоди сите земји во светот и од родов аспект и ја засили постојната нерамноправност“, изјави Габриела Маџовска од МТСП.На тоа се надоврза и универзитетската професорка Македонка Радуловиќ, која зборуваше за ранливоста на вработените жени на пазарот на трудот и која препорача да се воведе и контрола на имплементацијата на новата регулатива, како и тоа дека треба да се отворат детски градинки што ќе работат 24 часа за родители што работат на смена, како и обезбедување на семејни асистенти.На дебатата се вклучија и словачките експерти Даниел Шкобра и Томаш Стражај, кој се заблагодари за организацијата на вебинарот и покрај пандемијата со корона вирусот и посочи дека целта на ваквите сесии, како и на самата Национална конвенција е да се споделуваат искуства и да се помагаат и поддржуваат експертите меѓусебно. „Во планот на ЕУ за заздравување од пандемијата се вклучени не само 27-те членки, туку и неколку други држави, меѓу кои и Северна Македонија. Сакам да нагласам дека Словачка целосно ги поддржува заложбите за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија“, рече Стражај.Во тој контекст дебатата ја заклучи координаторката на Националната конвенција, проф. д-р Милева Ѓуровска, која изјави дека тригодишното искуство на Националната конвенција покажа дека не само што функционира новата методологија за пристапни преговори за членство во ЕУ, туку и го зголеми интересот меѓу повеќето чинители од општествениот живот во нашата држава, особено во делот на трудовите односи што беше тема на денешната дебата и што спаѓа токму во кластерот на економската сфера.„Економијата беше посебна ударна точка на пандемијата и може да се мери со најголемите кризи во светот. Затоа, регулацијата на начинот на работата од дома бара мерки на долг рок“, заклучи Ѓуровска.

Македонија | пред 5 години

popis-1

ВМРО ДПМНЕ: Костадинов да каже дали е точно дека Заев точните проценти ги договорил во еден ресторан во полошкиот регион

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се нервозни, штом се најдат во офсајд или наидат на отпор во јавноста заради погрешните политики, веднаш го споменуваат Груевски.Веќе 4 години се власт, а тие уште говорат за некакви замешателства и апсурдни изговори. Јавноста јасно виде дека СДСМ прави политичко-пазарџиски дил наречен попис, за кој веќе јавно се лицитира со резултати, бројки и проценти. Ваквиот насилен попис кој е продукт на стандарди и пазари на Заев, создава конфликти во јавноста и за тоа одговорност има само СДСМ, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е  реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов.Во продолжение на соопштението се додава:Дека се работи за гола политика, а не статистика говорат фактите. Пописот се спроведува со врзан потпис на директорот и заменикот директор на ДСЗ, пописот се спроведува надвор од европските стандарди и предвидува попишување на нерезиденти, пописот ќе се прави без јасна методологија со обично диктирање на матични броеви, без приложување на документи, па уште се оди до таму податоците на отсутните да ги диктираат лица кои најдобро ги познаваат.Ете каков попис подготвуваат во партијата на Заев.Кога веќе Костадинов не сака да одговори на прозивките на јавноста како се стигнува до имот од 1.5 милиони евра, кој е платен само стотина илјади евра, еве ќе му поставиме полесно прашање. Костадин Костадинов да одговори дали е точно дека Зоран Заев точните проценти од пописот ги договорил во еден ресторан во полошкиот регион и дали се друго е фарса која ќе ги чини граѓаните 10 милиони евра?Пописот по стандарди на Заев е обична политичка операција и тоа целата јавност веќе го гледа, затоа е толкава паниката на Костадинов и СДСМ.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Денеска регистрирани 394 нови случаи на Ковид 19 и починати 9 лица

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 190, Кавадарци – 29, Велес – 19, Делчево – 16, Куманово – 14, Охрид – 12, Дебар – 12, Гостивар – 11, Прилеп – 7, Штип – 7, Битола – 7, Берово – 7, Демир Капија – 7, Кичево – 6, Тетово – 5, Струмица – 5, Гевгелија – 5, Свети Николе – 4, Неготино – 4, Виница – 4, Струга – 3, Кочани – 3, Крива Паланка – 3, Радовиш – 3, Крушево – 3, Ресен – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2 и Пехчево - 2.Регистрирани се 387 оздравени пациенти од:Скопје – 255, Куманово – 21, Тетово – 15, Струмица – 15, Велес – 14, Ресен – 12, Битола – 11, Дебар – 8, Гостивар – 7, Кавадарци – 5, Штип – 4, Кичево – 3, Демир Хисар – 3, Делчево – 2, Охрид – 2, Гевгелија – 2, Свети Николе – 2, Кочани – 2, Богданци – 2, Берово – 1, Валандово – 1.Починати се 9 лица, два пациенти од Скопје (74 и 82г), два од Кичево (61 и 70г), по еден од Ресен (77г), Битола (87г), Виница (57г), Охрид (79г) и Прилеп (65г). Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.Направените 2236 теста се преку: ИЈЗ-518, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-188, Биотек-138, МАНУ-110, Жан Митрев (Филип Втори)-101, Систина-150, лабораторија Лаор–128, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-53, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-46, Ремедика-8, лабораторија болница Козле-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-699, УК Пулмологија со алергологија–5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 39861, активни 4788• Куманово 5153, активни 374• Тетово 5050, активни 316• Прилеп 4534, активни 192• Гостивар 3600, активни 222• Штип 3491, активни 145• Битола 3203, активни 156• Велес 3056, активни 262• Охрид 2761, активни 367• Кавадарци 2533, активни 320• Струмица 2519, активни 278• Струга 2189, активни 150• Кочани 1717, активни 83• Кичево 1710, активни 128• Свети Николе 1072, активни 32• Гевгелија 978, активни 98• Неготино 957, активни 92• Дебар 753, активни 92• Ресен 730, активни 90• Крива Паланка 719, активни 47• Радовиш 693, активни 46• Делчево 591, активни 155• Берово 584, активни 43• Пробиштип 505, активни 41• Виница 489, активни 34• Валандово 325, активни 11• Демир Хисар 243, активни 6• Македонски Брод 242, активни 11• Богданци 224, активни 27• Кратово 220, активни 20• Крушево 203, активни 29• Демир Капија 195, активни 33• Македонска Каменица 190, активни 20• Пехчево 183, активни 13• Дојран 82, активни 5

Македонија | пред 5 години

popis

(ВИДЕО) Жестока дебата помеѓу Грчева и Милески за пописот, си кажаа многу навредливи зборови

Во вчерашната емисија на „Само Вистина“ на Канал 5 за пописот ги спротиставија своите мислења и ставови претседателката на Глас за Македонија, Солза Грчева и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.Но Грчева и Милески не само што ги изнесоа своите ставоги, туку истите ги пренесоа преку жестока дебата, кавга, и навредливи зборови.– Попис ни е потребен, таквата операција е нужна, но не сум за шверцерски работи и брзање во време на пандемија. Немам намера да отворам врата никому, дури во вакви услови ни на своите деца не им отворам. Исто така е сомнителен настапот на некои албански политичари кои лицитираат со бројки. Па што мислат со тоа дека нема да го признаат пописот доколку испаднат Aлбанци помалку од 20 или 25 посто! – рече Грчева.Милевски пак кажа дека  Македонија е единствената земја во која не е спроведен попис повеќе од 20 години, а доколку сакаме да бидеме дел од Европската унија, мораме да ја реализираме оваа статистичка операција.Дебатата прерасна лична пресметка, откако Милевски ја праша Грчева дали земала апанажа по завршувањето на пратеничкиот мандат, таа реагираше жестоко. Одговори дека не е корупција да се земе апанажа, а потоа упади навреда кон Милевски дека тој е неписмен човек.

Македонија | пред 5 години

4-5

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир со силна поддршка на Општина Охрид за исполнување на препораките на УНЕСКО

Ми претставува огромна чест што нашите заложби како локална и централна власт во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион, добија силна поддршка од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.Природното и културното наследство имаат универазална вредност за сите нас и ќе вложиме максимални напори за негова заштита со цел да го сочуваме за идните генерации, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.  

Македонија | пред 5 години

talir

Судијата Шабани за „Талир“: Еве ви го цедето од судењето, пуштете им го во Стразбур, слободно, нека гледаат. Јас ќе си донесам моја одлука

Горанчо Ангеловски од Петровец денеска сведочеше во случајот „Талир” за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ , објави СДК.МК.„Кој ви ги даде овие пари?“, го праша обвинителката Ленче Ристоска.„Од штабот ми ги дадоа, беа тоа пари од собрана членарина. Поимот штаб подразбира општински штаб”, одговараше тој на прашања.Ристоска му ги предочи уплатниците во оригинал.„Да, сумата е моја, а потписот не“, искоментира сведокот.Одбраната забележа дека нивни приговор не им го внесува судијата во записник и оти ваквиот начин на водење на постапката, ќе заврши во Стразбур.„Еве ви го цедето од судењето, пуштете им го во Стразбур, слободно, нека гледаат. Јас ќе си донесам моја одлука, законита“, рече судијата Шабани.Во случајот „Талир″ за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, која призна вина и доби условна затворска казна.Текстот во целост на: СДК.МКфото: Архива

Македонија | пред 5 години

boneva

Бонева тврди дека нејзини политички неистомисленици поттикнувале омраза и злоба против неа со лаги во јавноста за сама да побра да ја осудат

Поранешната пратеничка на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева денес имала воведен говор пред судот во врска со обвинението на СЈО против неа. Таа со јавноста сподели дел од говорот, во кој тврди дека обвинението против неа е невистиното, објави Фокус. -Бев јавно линчувана со години, со конструираните големи лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, потоа дека со криминални пари сум купила станови, со лагите дека сум стекнала фирми како СИЛБО, ЖИКОЛ, катна гаража во Прилеп, казино во Гевгелија, плантажи во Валандово и Дојран и многу други лаги, дури измислија и дека сум имала секс скандал, за сега да ми стават на грб и криминално дејание што не сум го направила – е дел од говорот на Бонева во кој покрај другото тврди дека нејзини политички неистомисленици намерно поттикнувале омраза и злоба против неа со лаги во јавноста, за да ја заслепат и сама да побара да ја осудат.Текстот во целост на: Фокус. фото: Agjencia Zhurnal.mk 

Македонија | пред 5 години

javna-soba

(ВИДЕО) Низ солзи, жртва на „Јавна соба“ сведочи за грозоморните чинови

Девојка од Кавадарци на својот профил на Инстаграм објави видео преку кое го сподели своето искуство со „Јавна соба“. Таа со солзи во очите раскажува како нејзина фотографија била злоупотребена, но нава и поддршка со сите жртви на „Јавна соба“.„Почнав да добивам пораки и повици на мојот мобилен, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаев што се случува и од каде доаѓа тоа. Се додека наредниот ден не добив скриншот од мојата слика, зашто таа слика не само што беше објавена во „Јавна соба“, туку е препраќана и на други места, сведочи Ана.

Македонија | пред 5 години

zagaduvanje

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево што согоруваат отпаден дрвен материјал потенцијално емитираат прашина и штетни гасови

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево.При контролата било утврдено дека двете котларници што согоруваат отпаден дрвен материјал од технолошкиот процес потенцијално емитираат прашина и штетни гасови. Истовремено, спротивно на обврските утврдени со одобрениот Елаборат за заштита на животната средина, не се вршени мерења од акредитирана лабораторија.Од Инспекторатот најавија дека за да се спречат емисиите во воздухот, ќе се спроведат соодветни мерења во присуство на надлежен инспектор и доколку има надминувања, ќе се утврдат потребните мерки. Заклучено е дека постапувањето со отпадот на локацијата, исто така, треба да се подобри.„Надзорот на оваа инсталација не е во надлежност на Државниот инспекторат за животна средина, но се вклучуваме поради недоволно постапување од овластен општински инспектор. Откако субјектот ќе ги спроведе мерките за заштита на животната средина, надлежен општински инспектор ќе мора да продолжи да врши редовен надзор. Се грижиме за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните и решително продолжуваме со борбата против загадувањето“, велат од Инспекторатот.извор: МАКФАКСфото:  Danas 

Македонија | пред 5 години

javna-soba

МВР за „Јавна соба“: „Телеграм“ досега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки“, велат од Министерството за внатрешни работи, откако беше обелоденето дека повторно е активирана групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде што се споделуваат експлицитни фотографии и видеа од девојчиња од Македонија.Од Министерството велат дека „Телеграм“ досега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите.„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, тврдат од Министерството.Во трите новоотворени групи на „Телеграм“ членуваат и по над 5 илјади членови – речиси сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат.Дел од членовите користат имиња на министри и бизнисмени, но невозможно е да се утврди дали истите се автентични доколку ги немате во својот именик.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

jorgo-1

Огненовски: Еве зошто никој не верува во легитимноста на пописот

Зошто никој не верува во легитимноста на пописот!Затоа што триесет години политичките манипуланти, профитери и криминалци од злосторничкото здружении #СДСМДПМНЕДУИ и нивните коалициони полтрони го лажеа, манипулираа, ограбуваа, заплашуваа, држеа под модерно ропство народот, ја уништуваа Македонија, а сега под нивна контрола ќе го спроведуваат пописот.ДОСТА Е од УНИШТУВАЊЕ на Македонија, напиша на ФБ претседателот на Демократи Јорго Огненовски. фото: Архива

Актуелно | пред 5 години

kostadinov

(ВИДЕО) Костадинов: Зад бојкотот на пописот стои бегалецот Груевски

Пописот е многу важна статистичка операција за планирање на натамошниот развој на земјата, економски пред се, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.Како што рече тој, после цели 20 години на институциите им требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на населението.МАКЕДОНИЈА(Видео) Костадинов: Зад саботажите на пописот стои бегалецот ГруевскиОбјавено пред 17 минути - 27 јануари, 2021Од МакфаксПописот е многу важна статистичка операција за планирање на натамошниот развој на земјата, економски пред се, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.Како што рече тој, после цели 20 години на институциите им требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на населението.„Ние за тоа да зборуваме и работиме, за попис од којшто зависи квалитетот и ефикасноста на сите понатамошни политики – економски, образовни, здравствени, културни, социјални… Пописот е важен за врз основа на сите собрани податоци да се креираат долгорочни економски политики за развој, за стопанството, за подобри услови за живот на сите наши граѓани“, посочи партискиот портпарол.Костадинов рече и дека со саботажите на пописот се потврдило дека Христијан Мицкоски е само послушник на насоките на Никола Груевски.„Целиот наш народ виде, се потврди, зад блокадите, бојкотот и саботажите на пописот како статистичка операција стои побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски“, нагласи портпаролот на владејачката партија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкосвски е против напредокот на земјата.Според него, државата им независни институции и сега пописот е во рацете на професионалци кои ќе го спроведат согласно меѓународните стандарди.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

korona1

Болнички кластер, на нефрологија со КОВИД 19, заразени 20 тина лица

На Клиниката за Нефрологија според информации на Сител, во моментот има повеќе од 20 заразени лекари и медицински персонал како и пациенти кои одат на дијализа.Веста дека има заразени за Сител ја потврди и директорката на клиниката.извор: Сител

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања