Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка, тврди Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
paridenari1

„Власта на СДСМ и ДУИ лошата економска состојба се обидува да ја покрие со весела математика и статистичка шминка. Но и тоа не им помага“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Таа додава:

„Од статистика и статистички вратоломии гледаме дека стапката на инфлација изнесува само 10,5%, што само по себе е една од најголемите стапки на инфлација во Европа, а притоа власта не кажува дека основните животни продукти и потреби на граѓаните се поскапи и до 100%.

— реклама —

Преку статистика го смалуваат процентот на реалната инфлација вметнувајќи производи кои граѓаните еднаш во годината или никогаш не ги набавуваат и така ја манипулираат јавноста. Стапката на инфлација на државата како статистички податок се пресметува со земање во предвид на цените на сите производи и услуги од кои прехранбените продукти и намирници се само мал дел. Во оваа пресметка се вклучени и производи и услуги кои не се користат секојдневно и граѓаните имаат помала потреба од нив и тие производи имаат незначителен раст на цената, што допринесува за навидум ниската стапка на инфлација. Но, всушност реалната инфлација се крие во покачувањето на цените на основните производи кои што граѓаните ги користат за живот, а тоа се горивата, струјата, општите прехранбени производи како леб, брашно, зејтин, млеко, месо итн. А тие се покачени и до 100%. Тоа се гледа по самиот факт што денес со 1000 денари не можат да се купат намирници кои до пред една година се купувале само за 500 денари. Или народски кажано струјата поскапела за 30%, а услугите за железнички транспорт по 1% и така се добива средна вредност од 10% поскапување.

За неколку месеци лебот е поскапен за 100%, горивата исто така се речиси двојно поскапи, шеќерот само од април до сега се зголемил за 57%, млекото во споредба со лани е поскапо за 15%, маслото за јадење само од почетокот на годината е поскапено за 70%, брашното за една година е поскапо за 55%, струјата за 30%.

Токму овие продукти и потреби опфаќаат 75% од трошоците за едно семејство во нивната месечна потрошувачка кошница и тоа само покажува каков драстичен пад на стандардот се случува.

Власта и покрај ваквото енормно поскапување кое граѓаните го чувствуваат по својот буџет ги убедува дека инфлацијата е само 10%. Ковачевски и СДСМ го прават животот на граѓаните се потежок. Затоа, премногу е, протест за промени и предвремени избори се решението за излез од кризите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања