Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

09122020_PVRSM_Zaev_obrakanje

Заев: Членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба

„ Тврдиме дека членство во ЕУ која не ни признава и прифаќа македонски јазик и идентитет не ни треба. Не веруваме ние во таква ЕУ “, истакна премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања.На прашањето зошто го смениле Александар Литовски од историската комисија, Заев рече дека тој не бил сменет, туку му завршил договорот.– Влијание врз комисијата, тврдам, ниту имало, ниту ќе има и не смее да има затоа што таа Комисија е составена од професионалци, ние политичарите не сме и затоа нашиот став е исотријата да ја оставиме на историчарите. Ги охрабруваме да продолжат да решаваат – рече Заев.

Македонија | пред 5 години

javna-soba-5

(ФОТО) Затворена „Јавна соба“

Затворена групата „Јавна соба“ на „Телеграм“.  Ова доаѓа откако Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, истакна министерот.И претседателот на Владата, Зоран Заев,  по повод случувањата околу групата „Јавна Соба“ на Телеграм, во која се шири експлицитен материјал од девојки од Македонија, на својот ФБ профил напиша дека биле испратени категорични барања до „Телеграм“ за бришење на групата, и наведе дека нема да престане да инсистира на тоа барање се додека не се исполни.

Македонија | пред 5 години

dup-centar

Центар го изгласа новиот ДУП за кај Дом на градежници – предвидена поголема површина за зеленило

Советот на општина Центар го изгласа новиот Детален урбанистички план (ДУП) Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници.Како што информираат општинските власти, се работи за градска четврт која во голем дел е реализирана и голем дел од објектите се задржуваат во постојна состојба.„Во споредба со стариот ДУП кој предвидува 4.043 метри квадратни парковско зеленило, новиот план има вкупно 5.889 метри квадратни парковско зеленило, со што речиси 13% од површината на четвртта е под парковско зеленило. Наместо да се проширува, евидентиран е постојниот паркинг и задржан е во сегашната состојба, а зголемен е процентот на зеленило и дрвореди. Наместо како што стариот план предвидува, изградба на паркинг на веќе постоечко детско игралиште, детското игралиште со површина од 408 метри квадратни во новиот план е зачувано, како и постојниот паркинг околу него, наместо изведба на паркинг на целата површина. Согласно новиот план, сите нови објекти мора да го обезбедат неопходниот број паркинг места во своја парцела. Избришан е еден објект за колективно домување кој според стариот план би се градел на државно земјиште, а во новиот план заменет е со локален парк од 262 метри квадратни и пешачка патека. Стариот план предвидува заеднички подземен паркинг за дел од парцелите, воедно предвидена е пристапна улица на местото на пешачката патека ‘Кај Маршалот’. Со новиот план секој објект треба засебно да предвиди паркирање. За објектите од внатрешноста на блокот се предвидува пристап преку пасажи од улицата Максим Горки, со што се задржува пешачката патека ‘Кај Маршалот’ и истата нема да стане улица за автомобили“, се наведува во соопштението за одлуката.

Скопје | пред 5 години

maricic-2

Маричиќ: Случајот „Јавна соба“ ќе ja забрза измената на законите и подигнувањето на јавната свест

Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво, напиша на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.-Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба“ кој го потресе цело наше општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло, вели Маричиќ.Овој случај ќе биде катализатор, како што вели министерот, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво.-Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците, напиша министерот Маричиќ на Фејсбук. 

Македонија | пред 5 години

policija-1

Гости нападнале сопственик на кафеана во Дебар Маало - не сакале да си одат во 21 часот

Гости нападнале сопственик на кафеана во Дебар Маало и искршиле дел од инвентарот затоа што не сакале да си одат во 21 часот, до колку што сега работат угостителските објекти.Според информациите на МВР, вчера З. В. (53) од Скопје пријавил во полиција дека во 14.20 часот, додека бил во својот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот.Според пријавеното, на ова претходела вербална расправија бидејќи претходниот ден истите лица не сакале да го напуштат локалот по завршување на работното време.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

korona-njemacka

10 починати лица и нови 336 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1964 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 145, Кавадарци – 27, Охрид – 25, Прилеп – 17, Тетово – 15, Куманово – 13, Велес – 13, Битола – 12, Делчево – 10, Струга – 10, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Берово – 5, Струмица – 4, Ресен – 4, Радовиш – 4, Кичево – 3, Свети Николе – 3, Неготино – 3, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 2, Македонска Брод – 2, Крушево – 2, Демир Капија – 2, Кочани – 1.Регистрирани се 385 оздравени пациенти од:Скопје – 213, Прилеп – 27 , Куманово – 23, Кавадарци – 23, Тетово – 17, , Велес – 15, Штип – 12, Кочани – 9, Дебар – 7, Крива Паланка – 5, Радовиш – 5 , Битола – 4, Кичево – 4, Гостивар – 3, Берово – 3, Демир Капија – 3, Свети Николе – 2, Гевгелија – 2, Пробиштип – 2, Кратово – 2, Охрид – 1 , Неготино – 1 , Македонски Брод – 1 , Крушево –1 .Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (53,61,81,84 и 86г), по еден од Кавадарци (72г), Гостивар (61г), Кочани (49г), Охрид (83г) и Прилеп (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направените 1964 теста се преку: ИЈЗ-417, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-153, Биотек-144, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Систина-149, лабораторија Лаор–183, МАНУ-112, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-35, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-545, УК Пулмологија со алергологија–4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 449.995 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 40006, активни 4715• Куманово 5166, активни 364• Тетово 5065, активни 314• Прилеп 4551, активни 181• Гостивар 3607, активни 225• Штип 3491, активни 133• Битола 3215, активни 164• Велес 3069, активни 260• Охрид 2786, активни 390• Кавадарци 2560, активни 323• Струмица 2523, активни 282• Струга 2199, активни 160• Кочани 1718, активни 74• Кичево 1713, активни 127• Свети Николе 1075, активни 33• Гевгелија 983, активни 101• Неготино 960, активни 94• Дебар 753, активни 85• Ресен 734, активни 94• Крива Паланка 721, активни 44• Радовиш 697, активни 45• Делчево 601, активни 165• Берово 589, активни 45• Пробиштип 507, активни 41• Виница 489, активни 34• Валандово 325, активни 11• Демир Хисар 243, активни 6• Македонски Брод 244, активни 12• Богданци 224, активни 27• Кратово 220, активни 18• Крушево 205, активни 30• Демир Капија 197, активни 32• Македонска Каменица 190, активни 20• Пехчево 183, активни 13• Дојран 82, активни 5

Македонија | пред 5 години

ohrid-7

Горгиески: Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари

Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари, како резултат на успешниот процес на раздолжување. Враќањето на финансиската стабилност e еден од најважните приоритети на оваа локална власт и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија постигнат е евидентен успех, кој има огромно значење за идниот развој на општината.Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните на Охрид, напиша на својот ФБ градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid_030

ЕУ загрижена, а за нас не е голема трагедија доклолку Охрид се најде на листата на локалитети во опасност

Евроамбасадото Дејвид Гир  при посетата на Охрид ја пренесе загриженоста на Европската Унија, градот да се најде на листата на загрозени светски вреднсти, откако УНЕСКО неодамна го испорача најлошиот извештај досега.На зедничката прес конфернеција со охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, евроамбасадорт ја нагласи потребата од засилен ангажман на надлежните и рече дека зачувувањето на Охридскиот регион треба да биде национален зафат што ќе ги обедини сите чинители.Градоначалникот Константин Георгиевски, пак вели дека не е голема трагедија доклолку Охрид се најде на листата на локалитети во опасност, затоа што тоа е мехназиам за поенергично да се имплементриарат препораките за заштита.Од граѓанската иницијатива Охрид СОС пак, бараат одговорност и кривични пријави за сите носители на јавни функции кои дозволиле Охрид да се најде во ваква сосотојба.извор: Телма 

Македонија | пред 5 години

makedonija

Македонија во последниот извештај на Транспаренстност Интернешнл е најлошо рангирана досега

Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Панама и Монголија го делат 111 место на ранг листата за перцепција за корумпираност на државата, покажа последниот извештај на Транспаренстност Интернешнл. Со ова, земјата бележи пад од пет позиции во однос на минатата година. Но, промена во индексот нема, односно и годинава како и лани индексот изнесува 35. Ова рангирање е историски најлошо досега откако се мери во земјава, вели Слаѓана Тасева од македонското претставништво на Транспаренси Интернешнл, објави  slobodnaevropa.mk. „Ова е историски најлош резултат на индексот, до сега бевме најдолу на 107 и сега сме уште подолу, ова е прв пат откако Македонија се рангира, да имаме толку лошо рангирање, индексните поени 35 се исти како и лани. Апсолутно не бележиме никаков напредок, а многу е важно да се знае дека методологијата е заснована на истражувања не постари од две години“, вели Тасева.Индексот во изминативе пет години се движел од 37 до 35 со што и рангирањето било од 90 место до денешното 111 место. Тоа значи дека земјава не покажува никаков или слаб напредок во борбата против корупцијата.Тасева објаснува дека истражувањата кои се земени во предвид за македонскиот резултат покажуваат сериозен пад на клучниот индекс на владеење на право и правда.„Тоа укажува директно на тоа дека ние не се справивме соодветно со корупцијата во судството и не се спроведе таа ветувана реформа во правосудството и другиот индекс каде што бележиме пад е Фридом хаус, значи човекови права и слободи, клучните работи кои што требаше да се земат први во реформите. Таму бележиме пад и како резултат на тоа, ние бележиме пад на индексот, тука е директната врска“, вели Тасева.Во однос на регионот земјава во друштво на Босна и Херцеговина се рангирани на дното по индексот за корупција. Од земјите во Западен Балкан подобрувања бележи само Албанија со скок од две позиции на ранг листата, додека кај Хрватска нема промена.Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

Македонија | пред 5 години

spiro-ristovski

Сведоци на денешното рочиште за 27 април, го бранеа Спиро Ристовски, велат дента се селел, а требало да посети и болен

Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, ова го потврдија повеќе сведоци на денешното рочиште за судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.  Сведокот Зоран Коњановски, како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што кажа Ристовски имал политичка дамка како поранешен член на ВМРО-НП.Прашан дали бил член на вибер групи за комуникација меѓу функционери и членови, Коњановски рече дека бил и уште е дел од повеќе вибер групи, за размена на податоци, конкретно за проблеми во секторите во кои има познавање.На прашање од обвинителката Русковска, дали Ристовски имал политичка дамка кога бил назначен за министер, Коњановски рече дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ имало лица кои биле поранешни членови и на СДСМ.Сведокот Давор Политов, кој во 2016-17 бил вработен во МОН, додека заменик министер бил Спиро Ристовски, рече дека на 27 април 2017 година требало да имаат заеднички настан со министерот Пиштар Љутфиу – посета на студентскиот дом Пелагонија.Сведокот Ристов Драган, кој во 2016-17 бил претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчевом, посочи дека немал контакт со Спиро и Миле за организирање на лица за протестите, како и дека на 27 април 2017 година бил во Делчево.Билјана Трајковска, која во 2017 година работела во МОН, како шеф на кабинет на заменик министерот Спиро Ристовски, рече дека на 27 април 2017 година, само што се вратила од патување во Италија, си пишале со Спиро кога треба да се врати на работа.– Ми кажа дека дента планира да го посети министерот Абдулаким Адеми, кој бил болен, изјави сведокот.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

vakcina-2

ФБ: Македонија е шампион во светот по нарачани и нестигнати вакцини по глава на жител

Планот за вакцинација е направен, фрижидерите се набавени, недостигаат уште само вакцини.По низата најави на стотици илјади вакцини против коронавирус и по контрадикторните изјави на властите за тоа кога и од каде ќе пристигнат првите дози, владата синоќа одлучи да започне постапка за набавка на 200 илјади кинески вакцини.Да не се секираме, почнавме уште една постапка за набавка на вакцини. Македонија е шампион во светот по нарачани и нестигнати вакцини по глава на жител, пишува во објава на ФБ.

Македонија | пред 5 години

mece

(ВИДЕО) Уште едно скандалозно видео на ТИК ТОК, скопјанец чува мече како домашно милениче или пак ...

На социјалната мрежа ТикТок постојано се појавуваат скандалозни видео содржи кои ги снимаат корисниците на оваа мрежа во Македонија. Најновото видео кое го привлече вниманието прикажува скопјанец кој чува мечка како домашно миленче иако со Закон за заштита на животните тоа е забрането.https://twitter.com/Dedo_Mraz/status/1354409488070148099?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1354409488070148099%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F366512%2Fskandalozno-video-skopjanec-cuva-mece-kako-domasno-mileniceНа видеото може да се види малото мече како си игра со куче од расата аргентинска дога, која во еден момент го напаѓа животното по што се слуша глас во позадина кој го одвраќа од намерата.Не е познато дали малото мече е заробено и се чува како милениче или пак служи како спаринг-партнер за за тренирање на кучиња.Во Македонија постои Закон со кој мечките не смеат да се ловат и се под трајна заштита на државата.фото и видео: ТИК ТОК

Македонија | пред 5 години

tik-tok-kola

(ВИДЕО) На „ТИК-ТОК“се фали дека вози со брзина од 302 километри на час

На социјалната мрежа „ТикТок“ ново видео каде млад дечко се пофали дека вози 302 километри на час. Освен големата брзина на возење, на истото видео се гледа и пиштол.Ова не е прв пат на ТИК ТОК да се споделуваат вакви видеа. https://twitter.com/dvezvezdi1/status/1354742591271690240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1354742591271690240%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfo.mk%2Fzabava%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D0BDD0BED0B2-D187D0B0D0BBD0B0D0BC-D0BDD0B0-D182D0B8D0BAD182D0BED0BA-D181D0BE-D0B1D180D0B7D0B8D0BDD0B0-D0BED0B4-302%2Fвидео: ТИК ТОК

Македонија | пред 5 години

javna-soba

По апсењето на две лица за „Јавна соба“, адмимистраторот на групата најави за отворање на нова група

Администраторите на „Јавна соба“ најавуваат отворање на нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај со незаконско споделување и ширење на експлицитни фотогорафии, преку платформата „Телеграм“.Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека се уапсени две лица поради „Јавна соба“. Во групата се споделува само една иста информација според која членовите се известуваат дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.Премиерот Зоран Заев денеска преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупердување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Набавуваме најсофистицирана терапија за ковид пациенти

Министерството за здравство вчера испрати писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од „COVID-19“, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”.Министерот за здравство д-р Венко Филипче за ова говореше во вчерашното гостување на Тв Клан. Филипче потенцираше дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид пациенти, а дополнително ќе се набави нова терапија.- Денеска испративме писмо, преку заедничкиот механизам за набавка на ЕУ со кое аплициравме за уште една терапија против ковид, всушност на истиот принцип како што го набавивме лекот Ремдесивир. За првпат во нашата земја ќе стигне најскапата терапија за ковид, т.н моноклони антитела, специфична за овој вирус. Во истиот момент кога ќе биде на располагање на европските земи, ќе биде и кај нас.“ - изјави Филипче и информираше дека лекот ќе биде набавен со помош на кредитот од Светска Банка.

Македонија | пред 5 години

javna-soba

ВМРО ДПМНЕ: Откако Спасовски прогласи капитулација не можејќи да се справи со „Јавна соба“, Заев како во Северна Кореја ќе го забранува Tелеграм

Очигледно дека Заев и Спасовски не се способни да се справат со скандалот „Јавна соба“ кој ја тресе јавноста со месеци. Додека секојдневно се јавуваат жртви на овој случај, Заев и Спасовски не нудат никаква заштита на жртвите.Спасовски јавно потенцира дека не е способен да се справи со овој случај, а пак наспроти него Заев најавува дека ќе ја забрани апликацијата Tелеграм, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Од партијата во истото додаваат:За разлика од Спасовски минатата година исто во јануари кога се појави случај со „Јавна соба“ за само еден ден беше расчистен бидејќи со МВР раководеше министерот Наќе Чулев и целото министерство го стави во функција на заштита на жртвите и затварање на групата.Со ова уште еднаш власта докажа дека е неспособна да ги заштита граѓани, а најмалку малолетни лица да не бидат жртви на вакви злоупотреби.

Македонија | пред 5 години

IMG_4058

ОУ „Лазо Ангеловски“ ќе добие 4 нови училници

Денеска почна изградба на четири нови училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски во Ново Лисиче.Проектот предвидува да се изградат приземје и кат со вкупна површина од 390 м2, односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што ќе бидат поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето, туку ќе се реши и деценискиот проблем, така што конечно ќе може да се укине третата смена.Општина Аеродром континуирано вложува во подобрување на условите во образованието. Во изминатиот период се опремени сите осум основни училишта со нова спортска опрема и облека, реконструирана е спортската сала во училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, а наесен ќе биде готов и новиот објект на училиштето. Исто така, оваа година е предвидено сите училишта да добијат смарт-табли и современа ИКТ-опрема, а ќе се постават и лифтови за ученици со посебни потреби во училиштата „Александар Македонски“, „Гоце Делчев“, „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.

Скопје | пред 5 години

117716316_10158941134712932_7925944148486856837_o

Заев: Доколку Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“, размислуваме да ја забраниме оваа апликација во земјава

Претседателот на Владата, Зоран Заев,  по повод случувањата околу групата „Јавна Соба“ на Телеграм, во која се шири експлицитен материјал од девојки од Македонија, на својот ФБ профил напиша дека биле испратени категорични барања до „Телеграм“ за бришење на групата, и наведе дека нема да престане да инсистира на тоа барање се додека не се исполни.-Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување.Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело.Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани.Денес ова се случува на Телеграм, а утре можеби на некоја друга платформа, затоа ние имаме задача и обврска да направиме сѐ да обезбедиме соодветна реакција и од оние кои ги создале овие платформи каде се случуваат вакви кривични дела.Се надевам дека нема да има потреба од рестрикции за Телеграм и дека уште денес ќе одговорат на нашите бројни барања и ќе почнат да соработуваат.Сакам да упатам порака и до сите наши граѓани кои споделуваат слики и содржина на таа група во сопственост на други сограѓани, во истиов момент да престанете да го правите тоа и да излезете од таа група. На крајот на денот ќе ги добиеме податоците, ќе бидете обвинети и ќе одговарате за тоа што го правите.Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите надлежности во земјава е влезено во трага на дел од лицата кои недозволено објавуваат фотографии и вознемирувачки содржини и се преземаат соодветни мерки и активности во врска со случајот. Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба. МВР работи во координација со Јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите.Имам порака за охрабрување и за жртвите на ова насилство. Ќе ги преземеме сите неопходни чекори да ве заштитиме и да ги казниме сторителите на овие грозни дела.Упатувам поддршка и до сите што покажаа солидарност и осуда за ваквите појави. Така го правиме нашето општество посензибилизирано за овие појави кои мора секогаш да бидат обесхрабрени и осуетени во нивните намери.Заштитата на приватноста е дел од генетскиот запис на секој човек, и денес, кога се одбележува Денот на заштита на приватните податоци, уште еднаш се соочуваме со заканите од глобални размери и уште еднаш сме повикани сите ние силно да застанеме против оваа појава.

Македонија | пред 5 години

mihajlovo-sneg-1

(ФОТО) Одмор за душа и тело, на Кожуф формирана нова снежна покрива од 30 сантиметри

Нова снежна покривка до 30 сантиметри е формирана вчера во Михајлово на Кожуф планина. Рекреативци и љубители на природата денеска за МИА изјавија дека Михајлово го посетуваат тиквешани, но и гости од други места. Сите тие сакаат да уживаат во снегот, убавата природа и чистиот воздух.Михајлово е богато со шума. Има бел и црн бор, ели, јасики, даб. Се наоѓа на четириесетина километри од Кавадарци, во срцето на Кожуф, на надморска височина од околу 1.200 метри. Важи за воздушна бања, оддалечена околу пет километри воздушно од соседна Грција.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

javna-soba

Приведени две лица за „Јавна соба“

Се расфетлува ли аферата „Јавна соба“?  Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот ФБ профил објави дека две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, пишува Спасовски на ФБ.

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери не знае за кој пратеник зборувал Милошоски кога кажа дека бил осудуван за силување

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски Вчера од собраниската говорница кажа дека пратениците во Собранието имаат колега пратеник кој извршил силување на жена, казнет е за тоа, а сепак е на една висока функција. По оваа изјава на Милошоски Џафери вели: Собранието нема истражни и судски надлежности за да произлезе обврска на парламентот да истражува такви работи.-Во ДИК преку процедура сите пратеници мора да потврдат дека немаат такви дела од соодветните судски инстанци, не верувам дека постои некој суд во државата кој ќе даде потврда дека не е осудуван некој, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

treska

ВМРО-ДПМНЕ: Езерото Треска жртва на урбаната мафија заштитена од власта, во целост ги поддржуваме барањата на камперите

Езерото Треска пред очите на целата јавност станува жртва на урбаната мафија заштитена од власта. Она што се случува во моментот таму е илигален грабеж и руинирање на она што преставува државна сопственост и заедничко добро на сите.  Градоначалникот Шилегов не ја кажува вистината и лаже кога се обидува таквиот грабеж да го престави како некое ревитализирање. Шилегов да каже од кога тоа корнење канделабри, рушење на објекти и кршење бетон преставува ревитализирање а не грабеж, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Во моментот се случува руинирање на општествено добро за кој директна одговорност има Шилегов кој ветуваше враќање на стариот сјај на езерото.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во целост ги поддржува барањата на авто камперите, и бара од градоначалниците на градот Скопје, општината Сарај и Владата решавање на овој прпблем. Воедно во текот на денешниот ден Советничката група ќе побара на тековната седница Советот на град Скопје да расправа во однос на состојбата со Езерото Треска.Уништувањето на Езерото Треска станува неславен заштитен знак на владеењето на Шилегов.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

vakcina-2

Филипче: ЕУ ќе излезе како победник и ќе им помогне на земјите да дојдат до вакцини

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во Клан телевизија истакна дека Европската Унија ќе излезе како победник и покрај сите предизвици со кои се соочува, ќе им помогне во процесот на имунизација на земјите кои не се членки на Унијата. Филипче потенцираше дека целта е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведе процесот на имунизација, со што би се сменила сликата за пандемијата.-Уверен сум дека и во оваа криза ЕУ ќе излезе победник и дека ќе може сепак да им помогне на земјите кои не се членки на Унијата, свесни дека е тоа исклучително битно, во смисла, дека не смее да остане едно подрачје невакцинирано, бидејќи целокупниот концепт на имунизацијата нема да може соодветно да се спроведе. Идејата на имунизацијата е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведува процесот на имунизација за дефинитивно да се смени сликата за пандемијата - рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

mavrovka-1

Поднесено обвинение за дивоградбата кај „Мавровка“

По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган.На обвинетиот претходно му беа определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и повремено јавување кај службено лице во Основниот кривичен суд. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот да ги продолжи ваквите мерки спрема обвинетиот со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката.​​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

darko-lesoski-2

Лешоски: Престанете да се затскривате и да понижувате род, некој им дозволил толку време да постојат

Ако имате кафана, наречете ја како сакате “Телеграм”, “Вибер”, “Фејсбук”... И во моментот кога ќе влезат: нео-нацисти кои ви ги тепаат Евреите муштерии, педофили кои ви ги “меркаат” децата, силеџии кои ви ги “меркаат” жените.  Вие ги оставате да “си ја продолжат работата”, ги исфрлувате на клоци надвор или доколку било кој од вашите останати муштерии пријави во полицијата вие: “го штитите нивното право на слобода на говор или право на различност на мислење” и “немање пракса на соработка со било која од светските владини институтции поради штитење на правото на приватност и кредото дека приватноста на корисниците во вашата апликација(кафана) е најзагарантирано...,  бла бла бла правни флоскули кои се косат со основни етички човечки норми установени и општоприфатени од камено доба.Не! напиша на својот ФБ профил поетот  Дарко Лешоски.Лешоски во објавата додава:Го правите она што сите би го направиле, се разбира.Само што тоа - не носи пари!А нас одамна ни се парите поважни дечки!И од честа и од приватноста и од етиката и од се!Затоа никој ништо не му може ни на Телеграм, нит на Фејсбук, нит на Гугл, нит на Инстаграм...и да не одам!Суровата приказна стара приказна за Тепларите од Силиконската долина кои се побогати од самиот Свет и газат се пред себе - без тронка одговорност.Се сеќавате кога психопатот од Нов Зеланд во живо го емитуваше масакрот од џамијата?На прашањето зошто не се ревидира етички и морално секој пост пред да биде објавен и да предизвика слики кои никогаш човештвото нема да може да ги избрише бирократските одговори на ФБ беа: дека е тоа многу захтевен и скап процес, речиси невозможен. Повторувам:Скап.Рекоа најбогатите луѓе на светов.Нацизмот, Сребреница и многу пиздарии во светот не се случија само затоа што не реагирале никој, ами затоа што и покрај тоа што многу реагирале “некој” дозволил.Кога “кафаната” Фолксваген произведе милиони автомобили,кои ете испуштаат малку повеќе моноксид не го прашааа колку е скапо што тоа си го дозволил.Ги повлече. Плати.Престанете да се затскривате и да понижувате род дека сите во МК биле мажиња и не знам ти што. Некој им дозволил толку време да постојат.И тоа “некој” не само МВР, “кафаната” се вика Телеграм драги жени.Имате шанса да смените многу работи, глобално големи, за кои признавам - мажите се мноогу помалку способни.Некои работи се случуваат кај некого дома - време е да чукнете и на вратата на “стопанот”.А “стопанот” не отворал на никој па ни на МВР! И тоа втор пат! Ма немој?!Лека ноќ!

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања