Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

DSC_0953

Бочварски најави изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово

Оваа година започнуваме со постапка за изработка на физибилити студија за изградба на нов автопат од Гостивар до Тетово, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Тетово.Тој, заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи остварија средба со градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, на која средба се разговараше за инфраструктурни проекти во општината и регионот.На средбата, покрај другите проекти што се реализираат во општина Тетово, министерот Бочварски потенцираше дека во програмата на ЈП за државни патишта за оваа година предвиденио е изработка на студија за изградба на нов автопат од Гостивар кон Тетово.“Бидејќи има голем број на постоечки инфраструктурни објекти на сегашната траса на патот, предвидено е тие да бидат реконструирани. Едната варијанта која се разгледува е постоечката траса да се користи од Тетово до Гостивар, а од Гостивар до Тетово да се изгради нов пат така да ќе добиеме ново модерно решение. Предвидено е оваа година да се започне со постапка за изработка на физибилити студија и некаде следната година очекувам да започне пробивање на новата траса” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Министерот Бочварски најави и реконструкција на две локални улици во општина Тетово.“Во првиот тендер од Светска банка што веќе е завршен, општина Тетово аплицираше за реконструкција на две улици и тоа Гоце Делчев и Гоце Стојчевски. Договорот е потпишан со иведувачот, во овие неколку недели ќе се прават подготвителни работи и многу брзо ќе почнат со реализација. Вредноста е 22 милиони денари за двете улици”, изјави министерот Бочварски.Оваа година во програмата на ЈП за државни патишта, продолжуваме со рехабилитација на патниот правец Тетово - Џепчиште, додаде министерот.За општина Тетово, овие проекти се од огромно значење заради локалниот економски развој на општината.“ Разговаравме за проекти што се многу важни за граѓаните во општинта, за урбаниситичките планови за развој на општиниата и други проекти со што веруваме дека со нивна реализација го подобрувам квалитетот на живот на нашите граѓани”, изјави Теута Арифи, градоначалник на општина Тетово.

Македонија | пред 5 години

kafic

Комисијата препорача да останат на сила истите досегашни мерки за угостителските објекти и администрацијата

Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.Во овој момент, здравствената ситуација со КОВИД-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ojo-1

Шестмина обвинети за измами со купопродажба на автомобили и прикривање

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против вкупно шест лица, од кои четворица се гонат за сторени повеќе кривични дела – Измама од член 247 од Кривичниот законик, а двајца се товарат дека извршиле кривично дело – Прикривање казниво според член 261 од Кривичниот законик.Четворицата обвинети за измами, во повеќе наврати од ноември 2019 до ноември 2020 година доведувале во заблуда и мамеле граѓани при купопродажба на автомобили, со намера за себе да прибават противправна имотна корист. Тие се претставувале како купувачи на автомобили огласени на социјални мрежи или на интернет страници за продажба, ги наведувале сопствениците да извршат пренос на сопственоста врз автомобилот на нотар, но притоа не ја уплаќале договорената сума за купопродажба и избегнувале секаков контакт со продавачите на возилата. Автомобилите прибавени со кривично дело потоа другите двајца обвинети, кои се товарат за кривично дело прикривање, ги купувале и ги протурувале понатаму, продавајќи ги на трети оштетени лица.За четворицата обвинети за измама, кои е недостапни за органите на прогонот, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор која би се спровела веднаш по нивното пронаоѓање и лишување од слобода. Во исто време, јавниот обвинител предложи да бидат определени и привремени мерки за обезбедување на вкупно седум автомобили кои биле предмет на извршување на кривичните дела. Со предлогот се бара да се стави забрана за располагање и оттуѓување на моторните возила.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

galeb

АД „Галеб“ ги редуцира линиите за Скопје, а за Белград ја укинува

Поќнувајќи од сабота, 30-ти јануари 2021 година, АД „Галеб“ од Охрид на линијата Охрид- Скопје-Охрид ќе ги одржува само следните поаѓања: 05:30 и 15:00 од Охрид и 08:00 и 18:30 од Скопје.– Сите други поаѓања на оваа линија, како и сите други меѓуградски линии се ставени во мирување до следно. Линијата Охрид-Белград исто така се става во мирување. Последни поаѓања се во сабота на 30-ти јануари од Македонија и на 31-ви јануари од Србија, информираат од компанијата.фото: ОхридПрес

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Што уште треба да направат Каракачанов и Захариева за да се повика бугарскиот амбасадор во Скопје за протесна нота

Бугарските министри за одбрана и надворешни работи, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева два дена ја бомбардираат Македонија со навреди што претставува најгрубо мешање во внатрешните работи на една суверена држава спротивно на меѓународните документи од оваа област, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Но, од страна на македонските власти целосен молк. Со тоа власта во Скопје продолжува да го руши угледот и достоинството на државата во меѓународните односи претставувајќи ја Македонија во очите на другите држави како незрела држава и држава со ограничен меѓународно правно - признат субјективитет.Единствена Македонија ја повикува власта во Скопје да се охрабри и веднаш да го повика амбасадорот на Бугарија во Скопје за да му врачи протесна нота околу непримерните и недозволени навреди и мешање на Софија во внатрешните работи на Скопје за прашања кои влегуваат исклучиво во внатрешната јурисдикција на Република Македонија.Единствена Македонија останува на ставот дека проблемот со бугарската држава се македонските јаничари во Бугарија како што се Каракачанов, Захариева, Ковачев Џамбаски... кои не издржале во историјата за разлика од бугарскиот премиер Бојко Борисов кој е горд на своето татарско потекло.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

monstrum-protesti-2

Aлбaнcки знaмињa и бapaње зa Голема Aлбаниja на пpoтecтантите за „Moнcтpyм“

Неколку илјади граѓани во моментов протестираат против барањето на Фатиме Фетаи за доживотна казна затвор за терористите од Монструм, толпата слушајќи ги паролите е гневна и поради фактот што Зоран Заев ветуваше некаква друга алтернативна вистина за случајот. Паролили како „Етничка Албанија“ и УЧК ечат на протестите организирани од фамилиите на обвинетите терористи за случајот „Монструм“, објави Инфомакс.Бедри Хајдари, e роднина на обвинет во случајот „Монструм“ тој на протестот извади карта на Голема Албанија и албанско знаме, а побара разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи, во својот говор на протестот . Текстот во целост и фотографии од настанот на: Инфомакс.

Македонија | пред 5 години

zeljko-bebek-i-selma

Почина познатата Селма од песната на „Бијело дугме“

Селма Бориќ, жената која беше опеана во песната на „Бијело дугме“, почина на 92-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја објави Жељко Бебек на Фејсбук, кој објави фотографија со Селма од прославата на нејзиниот 90-ти роденден во август 2019 година.„Патувај, Селма. Почивај во мирот Божји “, напиша Бебек.Селма Бориќ неколку пати зборуваше за своето пријателство со Владо Дијак, кој е автор на култните стихови на песната компонирана од Горан Бреговиќ.фото: ФБ

Магазин | пред 5 години

monstrum

(ВИДЕО) Протести за „Монструм“ со пароли „Етничка Албанија“ и УЧК

Паролили како „Етничка Албанија“ и УЧК ечат на протестите организирани од фамилиите на обвинетите терористи за случајот „Монструм“. На протестот има група од околу илјада протестанти. Групата се упати кон Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 5 години

50251395362_d8f1e0167d_c

Џафери: Пописот не е и не смее да биде политичка операција

Пописот не е и не смее да биде политичка операција, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, во обраќање на работната средба организирана од Државниот завод за статистика.„Не сакам да навлегувам во дискусија во однос на различните толкувања во однос на тоа дали кај нас, оваа најмасовна, најобемна и најскапа статистичка операција која насекаде во демократски развиените земји е само тоа, статистичка операција, без никаква друга позадина, кај нас се гледа од една поинаква призма, политичка. Дали е тоа така, зошто е тоа така, што доведе до тоа да во нашата земја, секоја постапка, секоја иницијатива, секоја вообичаена законска обврска се гледа низ политичкиот објектив, мислам дека нема да биде воопшто продуктивно и целисходно да зборувам сега за тоа. Затоа што за правата и обврските имаме Устав, имаме важечки закони, имаме ратификувани меѓународни декларации. И затоа, во едно сум убеден и на тоа ќе инсистирам, пописот не е и не смее да биде политичка операција“, рече Џафери.Тој кажа дека резултатите од пописот ќе бидат одлична основа за донесување закони и развојни политики засновани врз прецизни податоци кои ќе бидат од директна полза на граѓаните.Според него, пописот ќе овозможи рамномерно распоредување на јавните здравствени установи, училишните, спортските и културни центри.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Обвинение за скопјенец, учесник во странска војска баран со потерница

По спроведената истражна постапка надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд достави Обвинителен акт против дваесет и четиригодишниот И.Т. од Скопје, за сторено кривично дело – Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 од Кривичниот законик. Обвинетиот е дел од групата опфатена во акцијата „Ќелија 2″. За потсетување, акцијата беше спроведена на седум локации во Скопје и Тетово, на 9 јули 2016 година и притоа беа уапсени четири лица – поранешни припадници на ИСИС, а подоцна беше лишено од слобода уште едно лице. За останатите три лица меѓу кои и обвинетиот И.Т. беа распишани национални и меѓународни потерници.Имено, по претходна радикализација во нашата земја, И.Т. како македонски државјанин спротивно на законот заминал во Сирија, каде бил обучуван и учествувал во воените акции на  правоената формација – муџахединска единица наречена „Тахрир Хајат Ал-Шали“ – Tahrir Hayat Al – Shali, која од страна ООН е прогласена за терористичка организација. По завршената обука која траела околу 6 месеци бил распореден во единица задолжена за обезбедување на терен во близина на градот Ибдил и  извршувал одредени стражарски активности. По постигнатото примирје во 2017 година, обвинетиот во месец јули 2019 година од Сирија илегално влегол во Р.Турција и одреден временски период престојувал во Анкара  и  Истанбул. Со оглед дека со него имал патна исправа со истечен рок на важење не можел легално да се врати дома, па стапил во контакт со неговите родители. Согласно договорот, тој илегално ја преминал турско – грчката граница и во Р. Грција се сретнал со неговите родители, кои му ја донеле патната исправа на неговиот брат со која ја поминал границата и истиот ден преку ГП Долно Блаце ја напуштил државата заминувајќи на Косово. Кога се вратил во РС Македонија врз основа на претходно издадена Наредба за издавање на национална и меѓународна потерница од 2017 година, обвинетиот И.Т. на 06.10.2020 година беше спроведен во КПУ Затвор Скопје – Скопје.Имајќи ги предвид специфичноста, видот, тежината и начинот на извршување на кривичното дело, како и меѓународниот карактер на истото, а воедно и фактот дека обвинетиот долго време бил недостапен на органите на прогонот, обвинителството со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор определена од судија на претходна постапка.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dksk_0_0

ДКСК: Транспаренси Интернејшенел нотира пад во владеење на правото и човековите права и слободи

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел покажува дека, со освоените 35 индексни поени, Република Северна Македонија стагнира во борбата против корупцијата, но едновремено бележи и пад од пет места на ранг листата на земјите. Според методологијата, за оценката на Северна Македонија користени се седум извори на податоци, а според моменталните расположливи информации пад е забележан во областите на владеење на правото и на човековите права и слободи, соопштува Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со перцепцијата на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел.– Она што навистина загрижува и што со години наназад се случува е недостигот на ефикасност во справувањето со корупцијата, иако декларативноста е секогаш високо изразена. Но за ефикасна борба покрај нормираниста и декларативноста неопходни се и адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела и што е уште поважно, посветеност и проследување на случаите на корупција и судир на интереси. Влијанието на политиката, злоупотребите на службената положба и овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот се сеуште широко распространети. Делувањето на ДКСК, покрај другите надлежности е особено насочено и во овие области кои се препознаени како високоризични и се дел од мерките утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, се вели во соопштението од ДКСК.Нагласуваат дека за успешно завршување на детектираните случаи и надминување на воспоставените негативни состојби неопходна е и спроведливост на нејзините препораки, укажувања и иницијативи од страна на надлежните институции. Токму тоа е констатирано и препорачано и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот од 2020 година, нецедуваат од Антикорупциската комисија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

2-1-1

МВР ќе ги стави на располагање сите податоци за спроведување на пописот

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа средба со преставници на Државниот завод за статистика, предводени од директорот Апостол Симовски.На средбата се разговараше за прецизирање на условите за користењето на базите на податоци во надлежност на Министерството за внатрешни работи за престојниот попис на населението.Од двете страни беше истакната досегашна добра соработка меѓу двете институции во насока на споделување на базите на податоци во надлежност на МВР со Заводот за стастистика кое се врши редовно на квартално ниво.Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува работата на Државниот завод за статистика и дека, како и досега, е комплетно подготвено да одговори на сите потреби, сега и со зголемен интензитет, со цел успешно спроведување на најавениот попис на населението.фото: МВР 

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 12 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти.Вкупно 254 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица поднесе претставка до Уставен суд за Законот за попис

Левица до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе ИНИЦИЈАТИВА – ПРЕТСТАВКА за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за попис.Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на денешната прес конферемција ги презентираше четирите основи по кои Левица го спори овој закон.„Прво, сметаме дека спроведување на попис во време на пандемија е спротивно на позитивното кривично право кое предвидува кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", како и членот 39 од Уставот кој вели дека должност на секој граѓанин е да го чува и унапредува како сопственото, така и здравјето на другите.Вториот основ по кој што го спориме овој закон е тоа што тој е спротивен на задолжителните норми на меѓунарното право и на стандардите на Еуростат. Имено, со цел да се шверцува во собраниска процедура му беше ставено европско знаменце, но сите пет ЕУ регулативи кои се наведени, во суштина се лажно фингирани. Нема законски дефиниции, нема утврдена методологија, нема образец на прашалник, нема резидентно население.Трето, сметаме дека е спротивно на неповредливоста на домот и ја повредува приватноста гарантирана во Европската конвенција за човекови права, со тоа што дава можност да се даваат лични податоци кои се законски заштитени за отсутен член на домаќинството.Четвртиот основ по кој што го спориме овој закон е владеењето на правото. Имено, Законот за попис е во директна колизија со дури три специјални закони кои се однесуваат на Системот на кризен менаџмент, кој е веќе покренат. Имено, до 30-ти јуни имаме прогласено кризна состојба и до овој датум не е возможно правно да се спроведе попис. Тие закони се: Законот за управување со кризи, Законот за заштита на населението од заразни болести и Законот за заштита и спасување, истакна Апасиев.

Македонија | пред 5 години

54_Sednica_01292021001-768x438-640x360

Заврши педесет и четвртата седница на советот на Општина Охрид

Советниците на денешната педесет и четврта седница на советот на општина Охрид, ги усвоија предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2021 година, предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година, предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2021 година, предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ “Јасна Ристеска” – Охрид, предлог – одлука за давање согласност на планот за измени на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2021 година.По исцрпувањето на дневниот ред, заврши педесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

policija-1

Народниот правобранител утврдил дискриминација од страна на МВР врз полициска службеничка

Хелсиншкиот комитет за човекови права во септември 2020 година поднесе претставка до Народниот правобранител поради дискриминација врз основа на пол и род врз полициска службеничка вработена во Единицијата за специјални задачи во Министерството за внатрешни работи. Од Хелсиншкиот комитет наведуваат дека полициската службеничка, вработена во Министерството во 2013 година, се соочува со дискриминација на работното место поради неможност да напредува во кариерата ниту професионално и стручно да се обучува во работата.Полициската службеничка, за време на нејзиното породилно отсуство, била со усна наредба распределена да работи канцелариска работа. По завршување на отсуството таа намерно била оставена да продолжи со работа во канцеларија како административен службеник, без да се води сметка за нејзиното барање да биде вратена во Единицата за специјални задачи, да продолжи со градење на нејзината кариера и да присуствува на предвидените тренинзи и обуки. Образложението на Министерството за внатрешни работи е дека тоа било сторено за нејзина заштита како жена и мајка.Понатаму, Министерството во својот одговор го известиле Народниот правобранител дека полициската службеничка, од 18 јуни 2016 година до 13 април 2017 година и од 12 ноември 2018 година до 08 август 2019 година, користела породилно отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство и во тој период таа не можела да биде унапредена. Меѓудругото, таа во временскиот период од 16 март 2020 година до 26 март 2020 година и од 04 август 2020 година па се до средината на септември ги користела мерките предвидени со одлука на Владата за заштита и превенција од Ковид -19 како мајка на деца до 10 годишна возраст. Со други зборови, таа за време на целокупниот нејзин работен стаж во Министерството не била во можност во целост да ги развие и унапреди своите професионални квалитети и работни способности.Поради овие околности, службеничката до командирот поднела две барања за заштита од вознемирување на работно место, едното на 26 август 2020 година, а другото на 10 септември 2020 година. На ниту едно од барањата на службеничката не и било одговорено, а образложението на Министерството е дека со оглед на тоа дека на работничката не и било одговорено во законскиот рок од осум дена, таа доколку сакала можела да поведе судска постапка за заштита од вознемирување на работно место.Во меѓувреме, полициската службеничка во септември 2020 година добила ново решение со кое се прераспределува на уште пониско работно место – полицаец во Одделението за обезбедување на објекти од посебно значење. На овој начин таа била повторно деградирана бидејќи и бил одземен додаток од плата. Министерството не дава никакво образложение зашто ја прераспределиле службеничката, односно тие наведуваат дека тоа било по потреба на Министерството. Оттаму, наводите дека таа била деградирана и дискримирана со распоредувањето ги сметаат за неосновани, од причина што станувало збор за поединечен акт, за што службеничката водела судска постапка во моментот.Констатацијата на Народниот правобранител е дека од Министерството сами потврдуваат дека жените за време на породилното отсуство не можат да бидат унапредени бидејќи не присуствувале на тренинзи и обуки кои се задолжителни за полициските службеници. Ваквото системско решение, упатува жените да бидат соочени со мирување во нивната служба во Министерството доколку се решат да станат мајки и да забременат, со што нивната положба е многу понеповолна од положбата на мажите.Понатаму, Правобранителот смета дека од Министерството воопшто не сметаат дека со новото прераспределување ја деградираат и дискриминираат службеничката. Наместо тие да ја поправат состојбата, тие ја распределиле службеничката на работно место кое можеби одговара со степенот и категоријата на нивото на нејзиното досегашно знаење, меѓутоа не е во корелација со досега извршуваните работни обврски на службеничката што е спротивно на Законот за внатрешни работи, каде што се предвидува дека прераспределувањето треба да биде на исто ниво и категорија, но на сродни работи.Народниот правобранител утврдува дека во конкретниот случај работодавачот нема капацитет да ја воочи состојбата во која ги доведува жените како мајки, со што ги поставува на едно пониско ниво од мажите, односно ги оневоможува да напредуваат во кариерата подеднакво како мажите. Правобранителот утврдува дека работодавачот на овој начин сторил потежок вид на продолжена дискриминација по основ на пол и род, која трае и денес, и покрај упатените препораки од негова страна до Министерството за внатрешни работи со цел да бидат отстранети сите неправилности и недостатоци.Хелсиншкиот комитет ја поздравува одлуката на Народниот правобранител и апелира до Министерството за внатрешни работи во најкраток можен рок да постапки по дадените препораки од страна на Правобранителот и да ја прекине долгогодишната пракса на дискриминаторски однос спрема полициските службенички.извор: МАКФАКСфото: Архива

Македонија | пред 5 години

javna-soba

Во среда на 3 ти февруари, протестен марш под мотото „ Јавна соба е кривично дело“

Во среда на 3 ти февруари во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото „ Јавна соба е кривично дело“., во организација на Платформата за родова еднаквост . Во објавата на социјалните мрежи организаторот на протестот пишува:Ве повикуваме на протестен марш оваа среда, 3 февруари, од 14:30 часот, за поддршка на сите жртви на криминалната група Јавна соба, од Министерство за внатрешни работи до Јавно обвинителство - институциите кои треба да нè заштитат од насилство, но очигледно не го прават тоа.Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени.Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.Неколку приведени членови и санирање на штети нема да нè замолчат. Будно ги следиме институциите и бараме сеопфатни решенија за превенција на родово базирано насилство.Маршот ќе започне точно во 14:30 часот пред МВР, а ќе заврши пред Јавно обвинителство. И на двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите и ги охрабруваме жртвите на Јавна соба, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса, да проговорат и побараат правда.Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.Не смееме да дозволиме одржување на состојба во која жртвите се множат, а институциите молчат и потфрлуваат во извршувањето на својата функција, бидејќи држава која не постапува, е држава која силува!Маршот е организиран од Платформата за родова еднаквост и ќе ќе ги почитува протоколите за безбедност.Ќе носиме маски и држиме дистанца, а адекватен број на редари ќе се погрижат тоа да биде така од почеток до крај на маршот.

Македонија | пред 5 години

ginekolog

Д-р Горан Димитров: Примарна превенција од ракот на грлото на матката е вакцинацијата со ХПВ вакцина

Проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија потенцира дека примарната превенција од ракот на грлото на матката е вакцинација со ХПВ вакцина.„Постојат неколку типа на ХПВ вакцини, двовалентна, четиривалентна и деветовалентна. Секундарна превенција претставува скрининг за цервикален карцином. Скринингот се спроведува со правење на ПАП тест и/или ХПВ типизација, во зависност од скрининг програмата и политиката на земјата во која се изведува. Главен причинител за настанување на ракот на грлото на матката е инфекција со ХПВ. Ризик фактори за настанување на ракот се, покрај ХПВ инфекцијата и: пушење цигари, менување на повеќе сексуални партнери, рано стапување во сексуални односи и мултипни породувања. При констатирање на инфекцијата, пациентките треба да преземат неколку чекори со кои можат да ја подобрат својата здравствена состојба: подобрување на имунолошкиот одговор, користење на презерватив и редовни цитолошки контроли и почитување на советите од гинекологот“, вели проф. д-р Димитров.Министерството за здравство, во 2019 година го осовремени Календарот за имунизација и обезбеди четиривалентна ХПВ вакцина. Оваа вакцина штити од четири типови на хуман папилома вирус и ја замени дотогаш користената двовалентна вакцина.По повод одбележувањето на месец јануари како месец посветен на борба против ракот на грлото, информираме дека се намалува бројот на жени со тешка форма на рак на грло, како што се плочестиот карцином суспектен за инвазија и инвазивниот плочест карцином.Ова се должи на здравствените политики кои ги имплементира Министерството за здравство за рано и навремено откривање на ова заболување, со што се придонесува за намалување на стапката на смртност од ова заболување.

Македонија | пред 5 години

1-8

ЈП "Охридски Комуналец" го за расчистија градежниот шут во близина на "Горна Порта“

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" по налог на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид утрово спроведоа активности за расчистување на градежниот шут кој несовесни граѓани го одложиле во непосредна близина на "Горна Порта", напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Упатувам јавна осуда за сторителите, а воедно и апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест за сочувување на животната средина и јавните добра, особено на ваквите локации кои имаат големо значење за нашата историја и култура.На археолошкиот локалитет "Горна Порта" пронајдени се дел од највредните археолошки артефакти во нашата држава, златната маска, златна ракавица и сребрени предмети кои имаат непроцелива културна вредност.

Македонија | пред 5 години

zatvor

Двајца албански државјани обвинети за илегална трговија со марихуана во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица, државјани на Република Албанија, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Освен ова, едниот обвинет се товари и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Двајцата обвинети соизвршители, на возраст од 21 и 19 години, на почетокот на ноември 2020 година во Република Албанија набавиле наркотична дрога марихуана и ја внеле во државава со намера да ја препродадат. Дрогата ја сокриле во високиот возен парк на улица „Боге Велјаноски“ во Гостивар. На 6 ноември, овластени полициски службеници ги забележале обвинетите во моментот кога извадиле чанта од местото на кое ја криеле дрогата. Полицајците се обиделе да им извршат личен преглед, но двајцата обвинети пружиле активен отпор и се дале во бегство. При обидот да биде совладан, едниот од обвинетите со тупаница го удрил по лицето полицискиот службеник – инспектор, нанесувајќи му телесна повреда. Откако бил совладан и му бил извршен претрес, во чантата бил пронајден над еден килограм наркотична дрога – марихуана. Вториот обвинет, пак, следниот ден сам се пријавил во полициска станица во Гостивар.Ценејќи дека и натаму постојат основите – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да се повтори делото, надлежниот јавен обвинител за двајцата обвинети предложи да биде продолжена претходно определената мерка притвор.​​

Македонија | пред 5 години

javna-soba

Василевска: Владее недоверба во институциите, во групата “Јавна соба” имало и припадници на МВР, а власта не ги санкционира

Во дебатна емисија “Клик плус” на ТВ21 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, која се осврна на актуелните политички случувања, пописот кој најверојатно ќе се спроведе во државата, како и моменталната ситуација во однос на затворената група на комуникациската апликација Телеграм.Василевска беше децидна во ставот дека сите кои биле инволвирани во процесот на формирање на групата и инвитацијата на членови во истата, треба да бидат драконски санкционирани и спроведени пред лицето на правдата. Според неа, таквиот чин не само што ги девалвира, понижува и повредува припадничките на понежниот пол, туку и укажува на уште една посериозна појава, односно дијагноза кај луѓето кои долги години се исмејувале со фотографии од млади девојки од државата.“Симптоматично е што овој скандал се појави по втор пат, а овој пат се случи во моментите кога Собранието на Република Македонија го донесе законот против насилство врз жената. Донесувањето на овој закон покажа дека сите пратеници од Собранието се зрели и хомогени по ова прашање, односно дека стојат зад ставот секоја жена да има заштита каква што заслужува. Токму поради тоа во овој момент, повторно мораме да покажеме и пред себе и пред јавноста дека државата е спремна да застане во одбрана на секоја жена или девојка која би наишла на ваква или слична ситуација”, додаде Василевска.Во овие моменти владее недоверба во институциите, поточно од Министерството за внатрешни работи, поради тоа што се дозна дека во истата група на апликацијата Телеграм имало и припадници на МВР, односно лица кои и во претходната афера биле инволвирани, а сега самата институција не ги санкционира. МВР не смее да користи паушални изговори за да ги тргне рацете од случајот, туку напротив мора да реагира професионално и случајот да се расчисти. Доколку овој случај не добие завршница каква што сите очекуваат, тогаш ова насилство може повторно да роди ново насилство, заврши Василевска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

javna-soba

Василевска: Владее недоверба во институциите, во групата "Јавна соба" имало и припадници на МВР, а власта не ги санкционира

Во вечерашната дебатна емисија "Клик плус" на ТВ21 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, која се осврна на актуелните политички случувања, пописот кој најверојатно ќе се спроведе во државата, како и моменталната ситуација во однос на затворената група на комуникациската апликација Телеграм.Василевска беше децидна во ставот дека сите кои биле инволвирани во процесот на формирање на групата и инвитацијата на членови во истата, треба да бидат драконски санкционирани и спроведени пред лицето на правдата. Според неа, таквиот чин не само што ги девалвира, понижува и повредува припадничките на понежниот пол, туку и укажува на уште една посериозна појава, односно дијагноза кај луѓето кои долги години се исмејувале со фотографии од млади девојки од државата."Симптоматично е што овој скандал се појави по втор пат, а овој пат се случи во моментите кога Собранието на Република Македонија го донесе законот против насилство врз жената. Донесувањето на овој закон покажа дека сите пратеници од Собранието се зрели и хомогени по ова прашање, односно дека стојат зад ставот секоја жена да има заштита каква што заслужува. Токму поради тоа во овој момент, повторно мораме да покажеме и пред себе и пред јавноста дека државата е спремна да застане во одбрана на секоја жена или девојка која би наишла на ваква или слична ситуација", додаде Василевска.Во овие моменти владее недоверба во институциите, поточно од Министерството за внатрешни работи, поради тоа што се дозна дека во истата група на апликацијата Телеграм имало и припадници на МВР, односно лица кои и во претходната афера биле инволвирани, а сега самата институција не ги санкционира. МВР не смее да користи паушални изговори за да ги тргне рацете од случајот, туку напротив мора да реагира професионално и случајот да се расчисти. Доколку овој случај не добие завршница каква што сите очекуваат, тогаш ова насилство може повторно да роди ново насилство, заврши Василевска.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

09122020_PVRSM_Zaev_borba_protiv_terorizam-2

Петти сет економски мерки: Бришење на каматите на долговите за сите граѓани, помош за сиромашните, во угостителството, транспортот, туризмот, на тутунарите, медиумите

Премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од дебатата на седницата во Парламентот за пратенички прашања соопшти на што се планира да се однесува петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и стопанството.„Во отворен дијалог сме со синдикатите, со коморите, со Социјалниот совет, со сите заинтересирани граѓани, да развиеме пакет мерки што ќе даде резултати во услови во коишто се наоѓаме: очекувања да заврши пандемијата, почеток на вакцинација и во последниот квартал гледаме дека имаме рестарт на македонската економија“, рече премиерот Заев.„Мерките се структурирани како мерки кон граѓаните, мерки кон работниците односно стопанството и мерки кон сиромашните, па потоа се таргетирани категории коишто се директно најпогодени. Има размислување да се помогне на сите граѓани. Мерката е да ги избришеме сите камати по долгови, коишто граѓаните ги имаат кон државните и општинските институции, за долгови кои се постари од три месеци, под услов да си го регулираат на 12 рати долгот којшто го имаат. Тоа значи за вода, за парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопанските претпријатија. Целта ни е, не веднаш да го платат долгот, не можат веднаш, туку на 12 рати да склучат договори, но да ги избришеме комплетно каматите и со тоа да им олесниме. Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, заради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции. Со законско решение тоа е можно“, рече премиерот Заев.Тој оцени дека досегашните 4 пакети економски мерки дадоа ефикасни резултати и дека ќе се продолжи со помошта кон најсиромашните.„Во прва фаза помогнавме активни баратели на работа невработени лица, помогнавме вработени со приходи до 15.000 денари, приматели на социјална помош и многу други категории на сиромашни граѓани. Во последната фаза или 4 пакет мерки помогнавме на пензионерите, на самохраните родители, на пасивните баратели на работа и генерално се покриени граѓаните кои се најсиромашни. Се обидуваме да таргетираме како да продолжиме да ги помагаме најсиромашните и тука ќе биде димензиониран вториот сегмент од петтиот пакет“, додаде премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, најави и поддршка за економијата.„Најмногу барања имаме за платата, 14.500 или 21.700, да продолжи, но дефинитивно постојат различни предуслови што ќе ги земеме предвид и ќе ги разгледаме во делот на платите. Ако помагаме за март, тој март треба да го споредиме со 2020 година, а тогаш беше почетокот на кризата, април сите знаеме лани што се случуваше. 2021 година очекуваме да биде рестарт, завршување на пандемијата и да се вратат во профит самите компании, кога ќе се вратат треба да модифицираме како да ги мотивираме во делот на нивната профитабилност, раст на обем на работа, нови работни места да отворат и слично и затоа ќе предложиме еден пакет преку Банката за поддршка на развојот, со грантова шема, да дадеме бескаматни кредити, каде што ќе поттикнеме да покажат позитивен успех на крајот на 2021 година. Тоа значи ако дадеме 10.000 евра грант ќе продуцираме да покажат позитивен успех во 2021, за да мотивираме развој и во државата и тие да бидат дополнително мотивирани, ако покажат посилен успех, ќе дадеме грант од 20, 30, 40% од самиот бескаматен кредит“, соопшти премиерот Заев.Тој најави и помош за во угостителската дејност, транспортот, на тутунарите, медиумите.„Ги таргетираме хотелите надвор од туристичките места. Тие хотели коишто беа во туристичките места со ваучерите со картичките, со она што значеше 6.000 денари помош на граѓаните на сметка беа помогнати и навистина туристичката сезона некако ја поминаа, имајќи предвид дека сепак е пандемија за сите. Но, хотелите надвор од туристичките места, тоа е главниот град, во внатрешноста навистина беа затворени или минимум присутни, сакаме да дадеме грантови или одредени мерки, иако дел од економските министри се да имаме мотивирачки мерки. За тутунот ќе имаме сигурно мерка оваа година и верувам дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменикот и неговиот тим навистина ќе искреираат убав пакет како да помогнеме, оти последици меѓу другото на КОВИД-19 се и пониските откупни цени од последните три години. Тоа е нашиот народ, огромен број население живее од тоа и тука ќе имаме сигурно разработена мерка. Медиумите се директно погодени, плаќаат 49 милиони и 500 илјади сите 118 или 138 медиуми. Цел на Владата е, без да има било какви интеракции со медиумите, да помогне кај АВМУ, а АВМУ ако може да ги ослободи медиумите од таа концесија, тоа купче од 50 милиони денари за сите медиуми, да помогнеме. Ги разгледуваме можностите за терестеријалната такса која што плаќаат кон АЕК, тоа е регулаторно тело, мора да се разговара да се види што може тука да се помогне“, дополни премиерот Заев.„Ќе продолжиме да помагаме, Владата и Парламентот постојат за граѓаните и се надеваме дека и петтиот пакет мерки ќе даде резултат“, рече премиерот Зоран Заев, во одговорот на пратеничкото прашање околу планираниот петтиот сет економски мерки.

Македонија | пред 5 години

saraiste

(ФОТО) На Сараиште се сечат дрва и се узурпира земјиште, граѓаните велат овој простор е државно и заштитено со закон

На Сараиште, позната локација во стариот дел на Охрид, се сечат дрва и се узурпира просторот, објави поратлот Охрид 24.  Жителите од стариот дел на Охрид настанот го пријавиле до Локалната власт и до СВР Охрид.– Во повеќе наврати се узурпира најстрогото градско јадро, во стариот дел на Охрид. Од несовесни граѓани се узурпира плажата, се сечат дрва со цел во иднина да се присвои заштитената површина за свои приватни интереси. Од сликите се гледа дека лицата своеволно ги сечат дрвата кои го красат убавото Сараиште, посочуваат загрижените граѓани.Според нив дрвата бесправно ги сече сопственик на сместувачки објект во близина, со објаснување дека ќе засадел нови дрва.Граѓаните во поплаката која ја испратиле до Охрид 24  појаснуваат дека земјиштето каде се сечи е државно и заштитено со закон.– Местото веќе делумно е узурпирано, а целта е целосна узурпација, нагласуваат граѓаните и бараат институциите да го спречат, како што велат, ваквиот вандализам на брегот на езерото, а узурпаторот да го врати местото во првобитна положба и да понесе одговорност како би се спречило во иднина никој да не презема вакви активности.извор: Охрид 24

Македонија | пред 5 години

sekerinska

Шекеринска: За што да дадам оставка, дека влеговме во НАТО

Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ очекува од мене оставка. Пред да бидам избрана сте ја чекале оставката. За што да ја дадам оставката, дека влеговме во НАТО, изјави попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска на собраниската седница за пратенички прашања.-Јас сум за НАТО. Голем дел од вас беа против. За тоа ми барате оставка или ми барате оставка дека првпат кога ќе кажат луѓето дека работат во Армија, не треба да почнат да се жалат од плати, од услови и од заборавеност од државата. Да, од мене барате оставка заради тоа што првпат војската трипати по ред има повисоки плати. Од мене барате оставка затоа што првпат кога ќе видите војник нема да коментирате дека му е стара униформата и искинати чизмите. Барате оставка најверојатно од мене затоа што и сите имаат станбено обезбедување – рече министерката Шекеринска, одговарајќи на пратеничко прашање од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.Таа додаде дека првпат нашите кандидати за офицери имаат плата додека се подготвуваат да бидат офицери. Посочи дека сите имаат повисоки плати, како докторите, сите цивилни лица и додаде дека првпат Армијата ќе има и модерна воена, спортска и алпнистичка опрема.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања