Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Mickoski-3

Мицкоски: Доколку некој ми даде предлог да прифатам дека Делчев бил Бугарин, би направил дипломатски скандал од светски размери

Македонската страна во преговорите со Бугарија не смее никако и под ниедни услови да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин, бидејќи такво нешто ќе ја срози македонската државност и ќе покаже огромна слабост пред светот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.– Треба сите да сме свесни дека врз името на Гоце Делчев, Груев, Питу Гули и останатите, ние всушност изградивме држава. Името и земјата се темелат врз тие постулати. Македонската страна мора да ги запази тие моменти и не е важно дали ќе имаат притисоци од внатре во државата или пак од некој друг, тоа не смеат да го дозволат, изјави Мицкоски.Тој додаде дека доколку нему на маса некој ми даде предлог да прифати дека Делчев бил Бугарин, би направил дипломатски скандал од светски размери.– Тоа е нешто незамисливо и сметам дека не смее да постои таков човек кој би го прифатил тоа, истакна Мицкоски. 

Македонија | пред 5 години

lisici

На автопатот „Пријателство“, приведен србин- користел фалсификувана исправа

Регионалниот центар за гранични работи – Југ на 29.01.2021 до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Р.Р.(39) од Прешево, Р.Србија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, предвидено и казниво по член 378 став 3, а во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Имено, истиот ден во 06.00 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучка Смоквица, при вршење контрола на патници и возила од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“, бил запрен пријавениот Р.Р., кој управувал патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки. При проверка на возилото било констатирано дека регистарските таблички кои ги користел за возилото потекнуваат од патничко возило „форд галакси“, во сопственост на Л.Д. од Велес.Р.Р. бил лишен од слобода, а од Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија му е изречена мерка притвор. Возилото било одземено и сместено во кругот на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

Mickoski-1

Мицкоски: Со картички, притисоци, поткуп, закани повторно ќе ни ги украдат локалните избори, а меѓународната ќе молчи

На една година пред локалните избори повторно кажувам дека ќе има картички, притисоци, поткуп, закани и повторно меѓународната заедница ќе молчи. Ова го изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Канал 5 Телевизија.Јас ги признав мафијашко талибанските парламентарни избори на 15 јули, и за тоа имав сериозна критика во јавноста, каде брутално се виде дека се украдени изборите, а меѓународната заедница молчеше, рече тој. И сега ќе молчи и пак ќе има крадење.Мицкоски побара да бидат набавени фингерпринт терминалите да не биде потоа повтоно критикувана опозицијата дека ги проблематизира локалните избори. Тоа е законска одредба а нема пари за нивно купување, вели тој.

Македонија | пред 5 години

angelov

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ за време на кој било протест ја разгорува меѓуетничката омраза

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку статус на својот фејсбук профил го осуди скандирањето „УЧК“ за време на кој било јавен настан, а особено на протестот за случајот „Монструм"„СИЛНА ОСУДАСкандирањето "УЧК, УЧК..." за време на било кој протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот "Монструм" во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица.“ напиша Стојанче Ангелов.

Македонија | пред 5 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Се додека имаме македонски, албански, турски, ромски, српски, ... партии може да имаме само племенски сојуз а не демократска држава

Се додека имаме македонски, албански, турски, ромски, српски, ... партии може да имаме само племенски сојуз а не демократска држава.И, се додека правата на припадниците на етничките заедници зависат од бројката нема да можеме да имаме вистински попис на населението, напишпа на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.

Македонија | пред 5 години

operacija-2

Хирурзите од Бугарија и Скопје водат успешен проект за тешки вродени неонатални аномалии

За две години на Универизитетската Клиника за детска хирургија во Скопје направени се 160 комплексни операции кај новороденчиња и бебиња со тешки вродени аномалии. Најмалиот пацинет кој е опериран на клиниката има само 1.300 грама.Овие операции се во рамките на Проектот на Министерството за здравство за соработка на Клиниката за детска хирургија во Скопје и Универзитетската болница за детска хирургија "Пиргов" од Бугарија. Проектот почна пред две години и овозможи едукација и на нашите детски хирурзи и воведување на нови методи на хируршки интервенции. Претходно многу често се случуваше тешки случаи на аномалии кај мали пациенти, да се препепраќаат за операција во странство. Денес овие операции се прават успешно на Клиниката за Детска хирургија во Скопје.Во рамките на последната работна посета, Министерот за здравство д-р Венко Филипче на Клиника за детска хирургија во Скопје се сретна со проф. д-р Цветко Георгиев и доц. д-р Христо Шивачев, двајцата од Универзитетската болница за детска Хирургија "Пиргов"кои последните две години со тим на наши детски хирурзи оперираат применувајќи нови методи од областа на торакална детска хирургија кај бебиња со тешки вродени неонатални аномалии.На средбата на која беа споделувани искуства за работата, присуствуваа дректорот на Клиниката за детската хирургија, д-р Лазар Тодоровиќ и детскиот хирург д-р Јетмир Зибери кој го предводи нашиот тим хирурзи кој оперираат тешки вродени аномалии кај бебиња.Во рамките на взаемната соработка, освен двајцата хирурзи од Бугарија кои доаѓаат и оперираат заедно со хирурзи од скопската клиника, лекари од Детска хирургија, заминуваат на обука и едукација во клиниката Пирогов во Бугарија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Од британскиот сој на коронавирус, во земјава почина едно лице

Два нови случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Македонија. Веста ја објави на Твитер д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.   Според сознанија на Дојче веле станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена, објави Курир.-Претходно беше детектиран британскиот сој кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус, особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот. Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на минатата година, а според последните податоци на СЗО веќе е проширена во 70 други земји. Голем дел од европските земји воведуваат мерки и затвораат граници поради опасноста од овој сој, пишува Дојче веле.извор:  Курир.

Македонија | пред 5 години

ruskoska

Рускосвка: Обвинителството има информации за бегството на Груевски, ама нема докази за да се покрене обвинение

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска во вечерашното гостување во Трилинг изјави дека се уште стои зад изјавата дека зад организираниот упад во Собранието стои Никола Груевски.Русковска говореше и за бегството на Груевски во Унгарија. Таа вели:-Обвинителството има информации ама нема докази за да се покрене обвинение за било кој обвинителството мора да достави докази пред судот – истакна Русковска.

Македонија | пред 5 години

protesti-igor

„Како шо го осудуваме македонскиот национализам така за осуда е и денешниот албански национализам на протестот во Скопје“

Како шо го осудуваме македонскиот национализам така за осуда е и денешниот албански национализам на протестот во Скопје. Веќе е неприфатливо во центар на Македонија (која е заедничка држава на сите) да се истакнуваат големоалбански карти кои одамна треба да се минато. Не треба соживот туку живот едни со други. Соживот е исфорсирана кохабитација. Од двете страни има екстремни групи кои се против овој концепт. Нормално дека ќе се поразени, ни Македонија ќе остане без Албанци, ни западниот дел ќе биде одземен. Многу ми е мило што кај неколку пријатели Албанци видов осуди за овој чин, напиша на својот ФБ профил Божидар Божиновски.Божиновски во објавата додаде:Тука во полн ек излегува и еден од најголемите проблеми на нашето општество - неказнивоста. Видовме дека не беа почитувани протоколи (за истото во Вевчани специјалци реагираа) додека овде не беше тоа случај, иако протестот беше најавен неколку денови наназад.Гледам и многу бес на социјални мрежи. Разбирливо, национализмот раѓа национализам, сѐ надевам дека нема повторно да паднеме во таа спирала на насилство и омраза едни против други. Многу години изгубивме во омраза, во кавги, а сепак ја делиме истата сегашност и иднина.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

Kejt-Burnz

Брнс: Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества

Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс по историски лошиот извештај за Македонија од Транспаренси Интернешнел испрати порака до Заев дека борбата против корупција е критично важна за Македонија.– Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – довербата едни во други и во владата, вербата во фер и еднаква правда и довербата да се изградат, растат и модернизираат економиите. Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл во 2020 година е јасен сигнал дека борбатa против корупцијата останува критично важна задача за Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство, пишува на Фејсбук амбасадорката Кејт Брнс.

Македонија | пред 5 години

miteva29012021

Митева: Надлежните институции не преземаат мерки за случајот Јавна соба

Сексуалното вознемирување преку социјалните мрежи или личните и групните комуникации на која било апликација, поминуваат неказнето повеќе од година дена. Загрижуваат сведочењата на жртвите, кои велат дека се обратиле до вас, побарале помош, а добиле само згрчени раменици и одговор дека не можете ништо да направите. А реагирате само од кога гласно бевте повикувани и осудени за вашето непостапување, затоа што се осетивте вие лично политички загрозени. За изгубеното време, за ненадоместливата штета која е нанесена врз жртвите одговорност нема, истакна Марија Митева од ВМРО ДПМНЕ.Митева додаде:Психолози и правници нудат бесплатна здравствена и правна помош на жртвите, а од надлежните институции бледо повикување на Закони кои во пракса немаат никаква употреба. Таков е случајот со Министерството за труд и социјална политика, кое треба да ја обезбеди и гарантира заштитата на жртвите. Не гледаме план како ќе помогнете, не гледаме координација со надлежните Центри за социјална грижа, ниту контакт со жртвите, само бледо известување на социјалните мрежи дека стоите на располагање. Вие сте тие кои треба да ги контактирате жртвите и да обезбедите помош и заштита онаму каде што треба. На површина испливаа сите ваши лажни заложби.Се прашуваме кога декларативната заложба за заштита од насилство врз жените и семејното насилство ќе биде третирана како приоритет? После колку нанесени штети, после колку нарушени достоинства, после колку страв, стрес и уништени животи ќе го сфатите огромното разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“?Почитувани претставници од власта, ваша должност е да превенирате, а доколку не можете тоа да го направите, Вие сте должни да ја информирате јавноста кои чекори сте ги преземале за да го сузбиете ова зло. Ваша одговорност е да ја гарантирате нашата безбедност.

Македонија | пред 5 години

javna-soba-1

Владата бара итен одговор од Обвинителството и судот за родовото и за сексуалното насилство

Во согласност со обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, Владата ги повикува Обвинителството и судот да постапуваат бргу, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство.Владата вчера ја поздрави постапката на „Телеграм“ за затворањето на групата „Јавна соба“ бидејќи недозволиво е пред очи да се случуваат кривични дела, а за тоа да нема соодветни реакции. Во исто време, Владата потенцира дека против осомничените и приведени лица и против сите оние што ги прекршиле македонските закони по повеќе основи, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави со целосно документирани предмети. Владата инсистира предметите да бидат водени преку соодветни постапки од страна на Јавното обвинителство и судот и за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот да следуваат соодветни казни што е можно побргу.„Владата нема да дозволи ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин да бидат премолчени или неказнети. Севкупната домашна легислатива за овие прашања и усогласувањата со меѓународните конвенции за родово базираното и сексуално насилство се насочени кон искоренување на домашното насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство преку интернет-комуникациските канали со драстични мерки и казни“, велат од Владата преку соопштение.Одредбите од неодамна усвоениот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се смета за приватна работа и дека државата воспоставила сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство. Законот ги дефинира сите облици на насилство во согласност со Истанбулската конвенција вклучувајќи и чекор повеќе во постапките за заштита на пријавувачите на овие појави како сериозни придобивки за жртвите и за брза реакција и постапувањето за секое сторено насилство.Освен регулирањето на превентивните мерки, што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно важно место доби законската обврска за брзо и ефикасно постапување на институциите, особено судот, во изрекувањето итни и на привремени мерки за заштита.Со уредувањето на подзаконските акти, кое е во тек, судот ќе има обврска, веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување итна мерка за заштита на лицата жртви на родово базираното насилство.Дополнително, во вкупниот ангажман на Владата во однос на ова прашање влегува и новата работна верзија на Казнениот законик (КЗ).Со промените во КЗ се додава член 144 А, во кој се вметнува терминот „демнење“. Со него се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде што се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со глоба или со затвор до три години.

Скопје | пред 5 години

Ljubomir-Joveski-696x464

Јовески за Фокус: Засега нема потреба од физичко обезбедување на обвинителката Фетаи

Обвинителката Фатиме Фетаи изминатава недела, по завршниот збор за случајот „Монструм“, е подложена на постојан притисок и јавен линч на социјалните мрежи, но и во дел од медиумите. Коментари со навредлива содржина и денеска и беа упатени на протестот кој го организираа семејствата и поддржувачи на обвинетите за петкратното убиство, објави Фокус.Фокус го  запраша републичкиот јавен обвинител Љубоми Јовески дали можеби е загрозена безбедноста на обвинителката Фетаи?-Ја следиме ситуацијата и засега нема потреба за физичко обезбедување на обвинителката Фатиме Фетаи, изјави обвинител Јовески за „Фокус“. 

Македонија | пред 5 години

monstrum-protesti-2

Контејнерите „единствените приведени“ на денешните насилни протести

Голем е револтот на граѓаните откако 10-тина илјади наши сограѓани Албанци излегоа на протест со поддршка за терористите кои убија 5 цивили кај Смилковското езеро, објави Инфомакс.На самиот крај од протестот, ситуацијата ескалираше и започна насилството кон полицијата, која беше мета на пиротехнички материјал и камења, а настрадаа и неколку контејнери.Очигледно контејнерите се „единствените приведени“.https://twitter.com/JohnnyParka/status/1355167829516025856?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1355167829516025856%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2Fd184d0bed182d0bed0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfpd0b8d0b2ed0b4ed0bdd0b8-d0bad0bed0bdd182ejd0bdepd0b8d182d0b5-d0b8d0bc-d0b3d0be%2Fизвор: Инфомакс.

Македонија | пред 5 години

korona-1

Починати 10 лица и регистрирани 302 нови случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 165, Велес – 14, Куманово – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 12, Тетово – 11, Дебар – 8, Струмица - 6, Радовиш – 6, Делчево – 6, Гостивар – 6, Штип – 5, Прилеп – 5, Битола -5 , Демир Капија – 4, Струга -3, Свети Николе – 3 , Кочани – 3, Гевгелија – 3 , Неготино -2, Крива Паланка – 2, Кратово – 2, Кичево -2 , Дојран – 2 , Ресен – 1, Берово -1.Регистрирани се 444 оздравени пациенти од:Скопје – 219, Тетово – 37, ,Гостивар – 26, Куманово – 21, Струмица – 20 , Кавадарци – 16, Штип – 14, Велес – 14, Неготино – 13, Прилеп - 10, Гевгелија - 8, Берово – 6, Битола – 5, Делчево – 5, Кочани – 4 , Крушево – 4, Свети Николе -3 , Македонска Каменица -3, Охрид -2 , Дебар -2 , Крива Паланка – 2, Виница – 2, Демир Капија -2, Струга -1, Кичево -1 , Радовиш -1 , Македонски Брод – 1, Богданци – 1 , Дојран – 1 .Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (83,75,82,70 и 47г), по еден од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.Направените 2024 теста се преку: ИЈЗ-339, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-195, Биотек-164, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина-202, лабораторија Лаор–146, МАНУ-101, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-25, Ремедика-14, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-609, УК Пулмологија со алергологија–2, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 452.019 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92193, бројката на оздравени пациенти е 80837, на починати е 2841, а бројот на активни случаи изнесува 8515. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 40173, активни 4658• Куманово 5180, активни 357• Тетово 5076, активни 288• Прилеп 4554, активни 173• Гостивар 3614, активни 205• Штип 3496, активни 124• Битола 3220, активни 164• Велес 3083, активни 260• Охрид 2798, активни 399• Кавадарци 2572, активни 319• Струмица 2528, активни 266• Струга 2202, активни 161• Кочани 1721, активни 73• Кичево 1715, активни 128• Свети Николе 1078, активни 33• Гевгелија 986, активни 96• Неготино 962, активни 83• Дебар 761, активни 91• Ресен 761, активни 95• Крива Паланка 723, активни 44• Радовиш 703, активни 50• Делчево 607, активни 166• Берово 589, активни 39• Пробиштип 507, активни 41• Виница 489, активни 32• Валандово 325, активни 11• Демир Хисар 243, активни 6• Македонски Брод 244, активни 11• Богданци 224, активни 26• Кратово 222, активни 20• Крушево 205, активни 26• Демир Капија 201, активни 34• Македонска Каменица 190, активни 17• Пехчево 183, активни 13• Дојран 84, активни 6

Македонија | пред 5 години

DSC_0979

Средба на државниот врв со градоначалниците на тема попис 2021: Само со заедништво и целосна посветеност до успешен попис!

Мора да знаеме што имаме за да ја планираме иднината – е заклучокот од денешната средба на градоначалниците со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери, Премиерот, Зоран Заев, министрите за локална самоуправа, Горан Милевски и за правда, Бојан Маричиќ, градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и неговиот заменик, Илми Селами.„Спроведувањето на кредибилен попис е тест за нашата зрелост како држава“ – изјави претседателот Пендаровски во неговото обраќање на средбата. Тој потенцираше дека спроведувањето на овој попис ќе се случува во целосно невообичаени услови, но дека е целосно сигурен и има доверба во кредибилноста, професионалноста и стручноста на Државниот завод за статистика за спроведување на оваа најважна статистичка операција.Во своето обраќање, Претседателот на Собранието истакна дека пописот не е и не смее да биде политичка операција и дека е редно да се вброиме во редот на земјите кон кои се стремиме, а тоа ќе го постигнеме само со максимална поддршка за успешно спроведување на оваа сериозна статистичка операција.Премиерот во своето обраќање особено се осврна на важноста на пописот во процесот на отпочнување на преговорите со ЕУ и пописот е наша обврска како држава-кандидат за членство во ЕУ, бидејќи поглавјето Статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите.Министерот за локална самоуправа и претседателот на ЗЕЛС ја истакнаа огромната важност што пописните податоци ја имаат за развојот на локалната самоуправа и ја изразија својата максимална поддршка и посветеност кон овој процес кој нè засега сите и од чија успешност зависи иднината и развојот на сите општини и на државата во целина.„Мојот повик е обединувачки – потребно е политичките партии да го поддржат и стимулираат попишувањето бидејќи само сплотени во идејата за модерна и напредна држава, можеме да успееме“ истакна министерот за правда обраќајќи им се на градоначалниците.Директорот на Државниот завод за статистика ја истакна и ја поздрави огромната поддршка што Заводот ја добива од сите институции во државата и се осврна на улогата на општините во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот. Во својот говор, тој повторно ја нагласи потребата и корисноста од податоците што се добиваат со пописот. Имено, со пописот првенствено добиваме податоци за населението, неговата полова и старосна структура, територијалната разместеност, образовната структура и занимање, миграциите, податоци за домаќинствата и нивната структура според бројот на членови, становите и условите на живеење. Со податоците кои ќе се обезбедат преку пописот, општините ќе можат да го планираат својот развој и да донесуваат одлуки за инвестициите, ќе можат да ги планираат услугите што ги даваат на граѓаните, ќе можат да ги планираат и правилно трансферираат буџетските средства со кои располагаат, а истовремено ќе имаат и основа за побарување на повеќе средства, како буџетски така и од ЕУ фондовите. Освен општините, податоците од пописот ќе им бидат од огромна важност и на бизнис заедницата и на невладиниот сектор. Директорот на Државниот завод за статистика ги потенцираше обврските на општините што произлегуваат од Законот за попис, како и улогата што тие ќе ја одиграат во целиот процес. Апелираше за отворена и сестрана соработка, позитивен пристап и максимално залагање на сите учесници во оваа најмасовна и најзначајна статистичка операција, а Државниот завод за статистика со сиот свој професионален капацитет ќе се вложи во успешната реализација на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021.

пред 5 години

andonov

Оливер Андонов: Треба да ни биде јасно дека и со еден милион потписи ние како граѓани неможеме да поништиме Закон

Оливер Андонов, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ го обвини раководството на партијата дека намерно се обидува да ја манипулира Македонската јавност,а особено патриотското и посветено членство на ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да ги доведе во заблуда дека воделе некаква борба околу пописот што според него е крајно некоректно кон сопственото членство и граѓаните, а на штета на интегритетот на ВМРО-ДПМНЕ.Андонов на соцојалната мрежа ФБ напиша:Почитувани пријатели, во недостиг на можност за јавен простор и слобода на говорот да ги искажам мојте ставови во врска со претстојниот попис, користам можност преку мојот фб профил да ви претставам една моја нова колумна која се однесува токму на актуелната состојба поврзана со претстојниот попис во Република Македонија.Уживајте во кочумнатаОперација "МЕФИСТОФЕЛ"Политички неопходно е да се има јасен став по секое политичко прашање, или како што би рекол Кисинџер (не оној од Издеглавје), дека и погрешниот политички став е одраз на некои факти и аргументи за кој се бориме.Политичкиот став е одраз на нашата убеденост за тоа дека нашата идеја е исправна и истата заслужува да се бориме за неа и да докажеме со аргументи и факти дека сме во право, па дури на крајот во таа борба и да бидеме надгласани од мнозинството, но сепак да остане запишано дека сме во биле во право или дека сме се бориле за нашето право на слободно мислење.За жал во нашата Македонија при ваква црна дупка од власт, измами и еклатантна неспособност на власта, оверена корумпираност (за која за жал денес и покрај фактите кои беа објавени ниту опозицијата не крена глас), се наметна прашањето за пописот.Пописот кој е сложена статистичка операција, односно класично теренско истражување за прибирање на релевантни социјални податоци од сите области на општеството и кој во иднина (барем следните 10 години) ќе се користи за научни и општествени истражувања, а пред се за економско, социјално и инфраструктурно планирање на развојот на Македонија (и за политички надмудрувања и игри), стана политичко прашање за кое за жал ВМРО-ДПМНЕ повторно НЕМА СТАВ.За тоа кој беа мојте предлози во врска со преговорите за Законот за попис помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС уште кога пред две години тие започнаа нема да пишувам. Мицкоски добро ги знае, но како што немаше доблест да ми одговори, а уште повеќе да го прифати мојот предлог даден во ЈАВНИОТ ПОВИК пред десетина дена или батем да искаже јавен став по тоа прашање дали е за или против одржување на проширен ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, така и тие предлози тогаш не ги прифати и манипулативно (што подоцна ми се потврди) даде одговор кој не кореспондираше со реалноста.Така драги пријатели, дојдовме до денешната состојба на повторно немање став и обид да се префрли одговорноста за пописот и особено неговите резултати врз граѓаните.Тука имаме два аспекти:1.задкулисно помагање на пропалитетот и националниот срам и предавник Заев во остварување на неговите мрачни цели и2.замајување и доведување на Македонскиот народ пред се во состојба на самонаштетување, а за што потоа "самите Македонци ќе си бидат виновни".Мене Заев ми е јасен, како и неговите цели и мојот став кон него и владата на СДС го имам искажано безброј пати, тој став е непроменлив и запишан е во стотина колумни и настапи јавно објавени.Сакам да се задржам на вториот аспект за да не остане нешто недокажано и нејасно, за да не биде потоа дека не ни е јасно и не ни е кажано, дека ќе ни се наметне вина и тоа колективна како на Македонски народ.Имено, се работи за две круцијални работи со кој во врска со пописот (настрана од методологијата која најсоодветно и експертски ја објасни колешката Новковска) манипулира раководниот двоец во ВМРО-ДПМНЕ, а што единствено му одговара на Заев и СДС владеачката коалиција.Прво: Уставот на Република Македонија во чл.71 децидно регулира дека "предлог за донесување на Закон може да даде Владата, било кој пратеник или 10.000 граѓани"Во законот за референдум и други облици на покренување граѓански иницијативи (сл.весник бр. 81/2005) во чл.3 е регулирано дека предлог за донесување на закон до Собранието на РМ може да поднесат 10.000 граѓани, односно за референдум 150.000 граѓани. Во членовите од 66 до 73 особено во чл.71 од овој Закон е определена постапката за покренување на иницијатива на државно ниво, бидејќи предлогот за донесување на Закон во Собранието е на државно ниво. При тоа, се определени роковите кои во крајна временска дистанца може да траат и повеќе од 4 месеци.Каде е проблемот?Најпрво, треба да ни биде јасно дека и со еден милион потписи ние како граѓани неможеме да поништиме Закон. Закон се поништува исклучиво со гласање во Собрание или негово укинување од страна на Уставен суд.Доколку ВМРО-ДПМНЕ сака, може да покрене постапка за дополнување и изменување на Законот за попис или било кој пратеник да предложи нов Закон за попис, а во крајна линија да поведе иницијатива за одржување референдум за поништување на постојниот Закон за попис, но за жал пописот е предвидено да започне на први Април годинава, така што познавајќи го демократскиот капацитет на СДС сигурен сум дека ова би било нефункционално од едноставна причина што е доцна и роковите додека завршат и пописот ќе заврши.Од тука, не ми е јасно зошто Николоски (во улога на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ) како медиумска ѕвезда зборува дека ќе се собирале потписи за поништување на Законот за попис?Можни се два одговори:1.дека Николоски како Велики везир (потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ) не ја познава законската и уставна можност за поништување на закони, а во кој случај жалам за незнаењето и за тоа што правната комисија не го поучила (доколку има правна комисија во ВМРО?)2.дека Николоски од полотичката.позиција на која се наоѓа намерно се обидува да манипулира со Македонската јавност, особено со патриотското и посветено членство на ВМРО-ДПМНЕ кои немора да ги знаат законските и уставни одредби. Обидувајќи се да ги доведе во заблуда дека ете водиме некаква борба, но не ни успева од незнам која причина, а притоа раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема никаква вина и затоа нема став по оваа прашање.Крајно манипулативно и некоректно кон сопственото членство и граѓаните, а на штета на интегритетот на ВМРО-ДПМНЕ.Второ, е прашањето за повторно внесување забуна кај граѓаните во врска со "ставот" на меѓународните претставници кон пописот.Мицкоски тврди (во самиот наслов така стоо-што би рекол лингвистот Заев, види прилог бр.1) дека има поддршка од меѓународната заедница да го поништи пописот и спроведе нов попис.Интересно, а пред само два дена Амбасадорот на САД, Н.Е. госпоѓата Брнс јавно, коректно кон државата Македонија, политички издржано и јасно кажа дека пописот треба да се спроведе.Сега, логично, се поставува прашањето: "од каде Мицкоски добил поддршка да го поништи пописот"? Веројатно на ова прашање нема да добијам одговор од Султанот или Великиот везир. Поради коректност кон дипломатскиот кор во Македонија и нашите пријатели и партнери во НАТО и ЕУ нема да ги коментирам и опишувам можните последици од оваа изјава. Можеби ќе биде демантирана како и некои претходни изјави за кој немаше извинување, а потоа повторно некој неважен ќе биде виновен. Нејсе, за тоа, потоа...Драги мој сограѓани, пријатели. Мојот став во врска со пописот е дециден и следен:ЗАДИЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПОПИШЕМЕ И ТОА МАСОВНО И БЕЗ ИСКЛУЧОК.Пописот треба да утврди многу насушни податоци, а ние кои сме и какви сме по народност, пол, религија и возраст, такви сме и колку сме, толку сме. Потоа ќе расправаме за погрешната намерно криминална методологија и во некое друго време ќе ја исправаме методологијата и ќе градиме доверба.Запомнете дека податоците од пописот ќе влезат во базите и архивите и по 100 години некој ќе ги толкува како егзатни бројки и нема да се прашува за мотивите за непопишување или можеби научно ќе ја проучува погрешната методологија, но тоа нема да влијае врз архивираните бројки.На крајот,Прашање до Султанот и Великиот везир Изногуд:Уште колку време ви остана да го исполните барањето на вашите "газди" и да ја заковете последната шајка во ковчегот на ВМРО-ДПМНЕ и заедно со вашите компањони СДС, во заговорот против Македонија, го запечатите погребниот ковчег на Македонскиот народ?Драги сонародници и сограѓани, нека во вашата свест ви биде присутно следното:1. Сеењето магла на ситниот манипулант Великиот везир.Што вели "Изногуд" а што навистина пишува во Уставот и законите на Македонија?2. Однесувањето на Султанот, како пронаоѓач на новите политички аксиоми "Бојкот" и "Без став".Драги мој сограѓани, сопартијци. Тоа не е политика, тоа е сеење магла, а кој сее магла ништо не жнее. Тоа е јавна политичка манипулација, а манипулацијата раѓа недоверба, а недовербата апатија која води кон изборен пораз. Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ го остава непрокопсаникот Заев на власт, а тоа значи пропаст на Македонија на секое поле.Е па сега, кој е виновен и кој е спотер... да не ни е подоцна виновен само Мефистофел, а некој друг виновен ли е или само сработел за ...?На денот на Св.Гаврил ЛесновскиВонреден професор д-р Оливер Андонов

Македонија | пред 5 години

protesti-igor

Дурловски: Колку пати треба да ги убиете децата од Смилковско?

Колку пати треба да ги убиете децата од Смилковско, напиша на својот Фб профил Игор Дурловски од ВМРО ДПМНЕ.фото: ФБ Игор Дурловски

Македонија | пред 5 години

Treska

На Езерото Треска ќе се гради хотел со пет ѕвезди, бунгалови, спа и фитнес центар

Маркичка за хотел со пет ѕвезди, бунгалови, спа и фитнес центар е нацртана во комплексот на Езеро Треска со новиот Детален урбанистички план (ДУП), објави СДК.МК. Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети денеска на прес-конференција го презентираше новиот план за Треска и просторот околу езерото, кој е поделен во четири блокови. Првиот блок е сегашниот комплекс на Езеро Треска кој е со површина од 13 хектари и, како што кажа Беџети, се планираат спортски терени на отворено, базени, аквапарк, забавен парк, амфитеатар, ботанички градини. Во оваа зона е формирана градежна парцела во која е дозволен процент на изграденост до 50 отсто односно максимална површина за градење од 155.116 метри квадратни. На таа површина е нацртана марчичка за хотелски комплекс со приземје, три ката и поткровје со висина од 15 метри.Предвидени се пропратни содржини како ресторани, спа и фитнес-центри, центар за алтернативна медица, отворени и затворени базени. Покрај главната хотелска зграда планирани се и дрвени бунгалови. Градбите треба да бидат од природни и еколошки матријали, дрво и камен.Текстот во целост на: СДК.МК. 

Скопје | пред 5 години

otpad

(ВИДЕО) Реката Сушица затрупана со пластичен отпад

Гранките во реката Сушица задржале скоро еден камион пластичен отпад во водотекот на периферијата од Охрид. Оваа глетка го отвора прашањето колку камиони пластика не се задржале и стигнале во Охридско Езеро.Да се поставува прашање за умот ( акалот ) на народот кој живее во Охрид нема потреба, здравиот разум во градот одамна не постои.

Македонија | пред 5 години

skopje-1

(ВИДЕО) Протестите за „Монструм“ го блокираа Скопје

Протестите кои се одржаа денеска во тензична атмосфера за случајот „Монструм“ во организирани од семејствата на обвинетите терористи, го блокираа Скопје.Стотици Албанци денеска протестираа во близина на зградата на Јавното обвинителство поради  судењето за случајот „Монструм" и барањето на обвинителката Фатиме Фетаи обвинетите да добијат максимални затворски казни за делото тероризам. Тие побараа оставка на Фетаи  и странски мониторинг на процесот.„Жалиме за убиените, сочувствуваме со семејствата, но треба да се откријат вистинските злосторници“, рече Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите.На протестот се случи инцидент, беа фрлани камења врз зградата на Министерството за надворешни работи.

Скопје | пред 5 години

vevcani-skopje

Твитер „гори“ по протестите за „Монструм“: „Среќа не се од Вевчани, ќе ги поболеа од ќотек“

Во тензична атмосфера завршија протестите за случајот „Монструм“ организирани од семејствата на обвинетите терористи. Протестите предизвикаа револт на социјалните мрежи. На еден твит пишува: „Среќа не се од Вевчани, ќе ги поболеа од ќотек“https://twitter.com/EmilijanoJ/status/1355145879133577217?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1355145879133577217%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Ftvitovi%2Fsrekja-ne-se-od-vevchani-kje-gi-pobolea-od-kjotek-tviterdziite-za-ednoto-opshestvo-za-site%2FСо слични коментари и други корисници на социјлните мрежи.https://twitter.com/kashlicaa/status/1355141386996232195?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1355141386996232195%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Ftvitovi%2Fsrekja-ne-se-od-vevchani-kje-gi-pobolea-od-kjotek-tviterdziite-za-ednoto-opshestvo-za-site%2Fhttps://twitter.com/Mojsoskata/status/1355137968927858694?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1355137968927858694%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Ftvitovi%2Fsrekja-ne-se-od-vevchani-kje-gi-pobolea-od-kjotek-tviterdziite-za-ednoto-opshestvo-za-site%2F

Македонија | пред 5 години

protest-petardi

(ВИДЕО) На протестите за „Монструм“, петарди и камења за македонската полиција!

Во тензична атмосфера завршија протестите за случајот „Монструм“ организирани од семејствата на обвинетите терористи. https://twitter.com/JohnnyParka/status/1355149780498997248?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1355149780498997248%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfd0b5d182apd0b4d0b8-d0b8-kad0bced19ad0b0-d0b7d0b0-d0bfd0bed0bbd0b8d186d0b8jad182a-eckad0bbd0b8d180d0b0d188d0b5%2FПред самиот крај на протестот, ескалираше состојбата. Насобраните граѓани фрлаа петарди и камења кон полицијата, за среќа беше спречено натамошно вжештување на страстите.На протестите се слушаа и паролили како „Етничка Албанија“ и УЧК „Фатиме к*рва“.

Македонија | пред 5 години

29012021_PVRSM_rabotnasredba-5

Пендаровски: Проблемите поврзани со пописот не се ниту законски, ниту уставни, ниту технички, ниту здравствени туку непотребната политизација

Проблемите поврзани со пописот не се ниту законски, ниту уставни, ниту технички, ниту здравствени. Најголемиот предизвик при неговата имплементација може да биде само непотребната политизација која во јавноста се креира извесен период наназад, рече денеска претседателот Стево Пендаровски на средбата што Државниот завод за статистика (ДЗС) ја организираше со градоначалниците на општините.„Оваа политизација ги вклучува повиците за бојкот на пописот, лицитирање за процентуалната застапеност на заедниците и најавите дека нема да бидат прифатени резултатите доколку не отсликуваат нечија посакувана бројка. Иако доаѓаат од различни страни, сите обиди за политизација имаат еден заеднички именител. Имено, сите се рефлексија на стравот од резултатите од пописот“, посочи македонскиот претседател.Според него, тој страв произлегува од погрешното разбирање на концептот на човековите права.„Човековите права и слободи не се привилегии што можат да се изгубат или одземат во зависност од нечија волја. Во една демократска држава со европска иднина, стекнатите права не смеат да се одземаат, туку само да се зголемуваат и тоа треба да важи за сите граѓани, независно од нивната бројка“, истакна Пендаровски додавајќи дека политизацијата на пописот е само дефокусирање од реалните проблеми со кои се соочуваат македонските граѓани, пред сè во економско-социјалната сфера и владеењето на правото.Како што рече претседателот, потребен е попис чии резултати нема да бидат оспорувани, а предуслов за тоа е да имаме политички консензус дека независно од резултатите, ничии права нема да бидат загрозени или одземани.„Ако постои една работа којашто навистина треба да не исплаши од овој попис сите нас, тоа е бројката на иселени граѓани, бројката на млади луѓе кои засекогаш ја напуштиле државата. Но, тоа не се стравови од другиот, различниот, туку стравови за тоа колку всушност малку нè има во нашата заедничка држава“, нагласи тој.„Во повеќе наврати реков дека пописот ќе го деполитизираме само ако сите релевантни политички фактори упатат, јасни и недвосмислени пораки до македонските граѓани, во оваа насока“, додаде Пендаровски апелирајќи до градоначалниците токму со вакви пораки да истапат пред граѓаните во своите општини.

Македонија | пред 5 години

29012021_PVRSM_rabotnasredba-5

Заев: Пред нас стои големата задача да го поддржиме спроведувањето на пописот, кој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, се обрати на работната средба во организација на Државниот завод за статистика, посветена на координација со локалната самоуправа со цел успешно спроведување на претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите.„За нешто повеќе од два месеци нашата земја ќе ја спроведе најважната статистичката операција - Попис. Инсистирам на терминот „статистичка операција“ затоа што со законските решенија пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат, односно според врвните глобални и европски стандарди и практики –за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање.Пред нас стои големата задача да го поддржиме спроведувањето на пописот на населението, на домаќинствата и на живеалиштата, кој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата. Со неговото успешно спроведување конечно ќе ги исправиме и последиците кои ги предизвика огромната, недозволива пауза од 20 години од последниот релевантен попис.И кога зборуваме за ризиците и за заканите кои се уште го демнат пописот, тука, уште на почетокот од ова мое обраќање до вас, сакам да ја адресирам најавата за нова неодговорна постапка на опозицијата, односно најавата за бојкот на пописот од страна на опозицијата.Сметам дека тоа е најлошата одлука што може да ја донесе некој политички субјект бидејќи, освен што е правно недозволив, бојкотот носи само конфузија меѓу граѓаните, сериозна штета за државата и ништо добро, ништо позитивно“, истакна меѓудругото Заев.Заев додаде дека податоците од пописот се од огромно значење и за локалните власти. Тие се суштински кога станува збор за планирање на развојот на заедницата, бројот на учениците визави образовните капацитети, бројот на деца од претшколска возраст наспроти градинките како установи за згрижување на децата.„Податоците од пописот ги откриваат и можностите на општините за развој на локалните пазари, туристичките потенцијали.  Не случајно минатата година Европскиот ден на статистиката се одбележа под мотото „Подобри податоци, Подобар живот“.Да не заборавиме дека пописот е и наша обврска како држава кандидат за членство во ЕУ, бидејќи поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите и затоа во април треба сите да дадеме придонес ова прашање успешно да го затвориме, истакнаЗаев.Покрај премиерот Заев, на средбата се обратија и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собрание Талат Џафери, министрите за локална самоуправа и правда, Горан Милевски и Бојан Маричиќ, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, како и директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски.фото и видео: Влада 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања