Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

zemjotres-1

Земјотрес во Македонија- епицентарот во близина на Кичево

Земјотрес со јачина од 3.0 степени по Рихтер ја погоди западна Македонија во 11 часот и 34 минути. Како што известуваат од ЕМСЦ земјотресот е лоциран на 8км од Кичево, на длабочина од 2 километри.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Milevski-MLS-Ohrid-Sv-Erazmo-31-01-21-10

Милевски: Св. Еразмо станува современ центар за физикална терапија, обезбедивме средства за реновирање и нова опрема

Со нова опрема и реновирање специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид ќе прерасне во современ центар за физикална терапија, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски посочувајќи дека ова е единствената болница во Југозападниот плански регион од овој домен, но исто така е и единствената болница која е специјализирана во делот на ортопедија и трауматологија на ниво на цела држава.- Во моментот овој центар не функционира со полн капацитет односно не функционира базенот и делот за хидротерапијата поради високите трошоци за загревање на базенот. Бидејќи хидротерапијата е многу значаен дел од физикалната терапија за комплетна рехабилитација на пациентите, со проектот се предвидува реконструкција на постоечкиот базен за физикална терапија, со градежни зафати за енергетска ефикасност, вградување на инфраструктура за загревање на базенот со обновливи извори на енергија, опремување на центар за физикална терапија со сите потребни помагала за корисниците/пациентите и обезбедена одржливост на проектот со соодветно и правилно одржување на реконструираниот објект. Овој проект е доказ дека заедно со Швајцарската влада се грижиме за граѓаните преку инвестиција во здравството, појасни министерот.Според Милевски, Министерството за локална самоуправа преку Швајцарската агенција за развој и соработка обезбеди 8 милиони денари за проектот во рамките на развојни цели на Југозападниот плански регион, придонесува кон подобро искористување и зајакнување на расположливите човечки, материјални и природни ресурси, подобрување на условите на сите граѓани преку системско и институционално содејство во функција на побрза рехабилитација, поквалитетно живеење и развивање на механизми за социјално вклучување на ранливите групи од регионот.- Овој проект е од огромно значење, реконструкцијата ни беше неопходна, како за пациентите од сите возрасти, долго време овој базен не беше во функција и наскоро ќе биде готов, ќе може да се користи за кој е наменет, поточно за пациентите пред и пост оперативно, за нивна рехабилитација. Капацитетот на Св. Еразмо е 150 кревети но редуцирани сме заради пандемијата. Со планираните промени ќе се намали времето за престој во болницата и времето за рехабилитација на пациентите, ќе придонесе за намалување на деформитетите на децата во раст кои ќе користат физикална терапија со што ќе се подобри квалитетот на животот во заедницата за сите граѓани во регионот вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, стари и изнемоштени лица, деца во раст и развој, вели директорот на Св. Еразмо примариус д-р Ацо Велески.Една од најважните придобивки е зачувување на животната средина и заштедата на електрична енергија за 50 проценти за што ќе бидат поставени 46 соларни панели.- На Форумот на заедниците идентификувани се потребите во овој регион, така што овој проект беше потребен и прво рангиран. Проектот опфаќа, три фази кои треба да се реализираат до април, така што веќе се работи и сме во првата фаза, така што очекуваме на пролет да се пушти во употреба и овој дел од болницата, додаде директорката на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска.фото: Министерство за локална самоуправа МЛС

Македонија | пред 5 години

skolo

Од утре продолжува бојкотот на наставата, велат од Сојуз на средношколци

Сојузот на средношколци одлучи да продолжи со бојкотот на наставата и во текот на следната недела.- Во меѓувреме ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања, велат од сојузот на средношколци.Наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање на јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени“, велат од Сојузот.Од таму додаваат дека се очекува широк консензус во Собранието околу нивните барања бидејќи ова прашање засега 18 илјади матуранти.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

saso-1

(ВИДЕО) Тасевски: Сите во затвор бе шуги, време е за некои други....

Јас и Тoто Котуњо, преработка на Лашате ми кантаре.Имаме хит! – објави на својот ФБ профил  актерот Сашо Тасевски.

Македонија | пред 5 години

francija-korona

Кај три случаи во земјава детектиран британски вид на коронавирус, овој вид полесно се пренесува за 50 до 70 отсто

Досега кај тројца пациенти во земјава е детектиран британскиот сој на коронавирусот. Надлежните здравствени власти на 27 јануари 2021 година објавија за првиот пациент заразен со британскиот сој на коронавирусот во земјава, кој веќе е оздравен. Вирусот беше детектиран во приватната лабораторија на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, при анализа на примероци од јануари.Од овој вид на корона вирус едно лице почина. Надлежните велат дека имал  коморбидитет.Од Министерството за здравство информираат дека вирусот SARS-CoV-2 предизвикува компликации најчесто кај пациенти кои имаат и други заболувања.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bacev

Бачев за изјава од Николоски: Ако тврдиме дека имало масовни протести, тогаш таквите протести треба и во стварноста да постојат

Не ми е познато кој се советниците и аналитичарите на Мицкоски, но, со вакви изјави кои наидуваат на потсмев во јавноста, тешко до целта. Ако тврдиме дека имало масовни протести, тогаш таквите протести треба и во стварноста да постојат, Напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев.Бачев во објавата додава:За жал, такви масовни протести со кои ќе го здрмиме Заев засега ги среќаваме само во главата на Николовски, но не и во стварноста во која живееме.

Македонија | пред 5 години

boneva

Бонева за Фокус тврди дека станот во Скопје не бил купен од пари од нејзините патни трошоци туку сопругот добил на лото

Некогашната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева за Фокус , тврди  дека станот во Скопје на синот не бил купен од пари од нејзините патни трошоци ниту пак со криминални пари.Бонева информира дека станот чинел 97.200 евра, а е платен со парите од премијата на лото која ја добил нејзиниот сопруг, со неговата животна заштеда, со пари од осигурителна компанија како надомест за штета за сообраќајка, пари од продажба на наследена нива, како и парична помош од нејзиниот татко.Која е сумата што сопругот ја добил на лото во 2013 година, Бонева не ја открива.Текстот во целост на Фокус 

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски: Никаква осуда за вчерашниот националистички и шовинистички марш на Албанците низ Скопје, купено молчење од сите телевизии

Штама еј! Никаква осуда за вчерашниот националистички и шовинистички марш на Албанците низ Скопје. Купено молчење од сите телевизии. Невладините и така се антимакедонски здруженија. Колаборационисти.Живееме во апартхејд по сите дефиниции, напиша на својот ФБ профил актерот Сашо Тасевски.Тасевски во својата објава додава:Македонците се безгласна буква во државата која ја создадоа. Во државата за која се бореле моите претциНе ми се ни живее повеќе овде. Како во туѓ дом да сум влегол ноќе, така се чувствувам. Како туѓ на своето.Ако има некоја амбасада која ќе го прочита ова да ми даде нејзино државјанство и друг живот, да можам да заборавам од каде сум дошол, би било топ.Секо државјанство би прифатил, само бугарско НЕ.

Македонија | пред 5 години

korona-vakcina

Листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат се спремни, се чекаат вакцините

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на барање на телевизија Телма, говореше за Националната стратегија за вакцинација која ја изработија Министерството за здравство и Националната работна група за вакцинација, а Владата ја усвои на 26 јануари, 2021 година. Стратегијата е изработена врз основа на постојните препораки и основните принципи на СЗО, Стратешка советодавна група на експерти (SAGE), Организација COVAX и регулаторни тела за EMA и FDA, како и релевантни национални институции и комисии во земјата. Овој документ постојано ќе се ажурира и ќе се обликува според препораките специфични за вакцините кои се развиваат низ целиот свет и во земјата и затоа не треба да се смета за конечен.Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе се спроведе во три фази.Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.„Како приоритет здравствените работници веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини, тука во Клиничкиот центар во еден пункт, а во останатите градови во здравствените домови таму кадешто се аплицираат вакцините. Во однос на останатите граѓани, согласно возраста и хроничните болести веќе е направен списокот со име и презиме на 14.000 луѓе, кои ќе бидат повикувани само преку матичните лекари, а преку системот „Мој Термин“, истакна Филипче.Филипче потенцираше дека последната препорака е дури и граѓаните кои биле заболени после месец дена без разлика дали имаат или немаат антитела се вакцинираат. Единствената контраиндикација за вакцинација е да имаат некаков симптом на болеста и само во тоа сценарио граѓанинот нема да се вакцинира.Во втората фаза, предвидено е да се вакцинираат групите на постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртен исход кои не се опфатени во фаза I, лица на возраст од 65 години и постари. Во планот за вакцинација, опфатени се и лицата на возраст од 20-65 години со коморбидитети или здравствени состојби детерминирани како значително висок ризик за стекнување на тешка болест, компликации или смртен исход. Понатаму, здравствени работници со умерен ризик да стекнат и пренесат инфекција, вработени во витални институции за нормално функционирање на општеството, како и вработени во образовни институции вклучени во настава со физичко присуство и вработени во детски градинки.Во третата фаза, опфатени за вакцинација се приоритетните групи: останати есенцијални работни места за нормално функционирање на општеството, останати вработени во образование (основно, средно и високо), социјалните групи со зголемен ризик од стекнување и пренесување на инфекција затоа што не се во состојба да одржуваат физичка дистанца, здравствените работници со низок ризик да стекнат и пренесат инфекција и здравите лица на возраст од 30-64 години.Во однос на вакцинирањето, развиена е безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови кадешто ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем.За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување на соодветни ладилници од страна на Министерството за здравство. Ваков тип на ладилници ќе овозможи централно складирање на вакцините, од каде ќе се врши дистрибуција до вакциналните пунктови. Со цел запазување на ладниот ланец на вакцините кои се под температурен режим на 70°С или -20°С изготвено е детално Упатство за прием, ракување, складирање и дистрибуција на вакцините.За спроведување на вакцинацијата ќе се користи постоечката здравствена инфраструктира и кадарот кој досега ја спроведува вакцинацијата. Во прв ред, тоа се Превентивните служби за имунизација во рамките на Здравствените домови во кои се врши задолжителната имунизација и Епидемиолошките служби во Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици во кои се врши имунизација по епидемиолошки и клинички индикации.Вакцинацијата е само една од повеќето превентивни мерки кои се користат во борба против ширењето на пандемијата. Другите мерки - носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена на рацете, заедно со вакцинацијата ќе овозможат најдобра заштита од COVID19 и сузбивање на пандемијата.

Македонија | пред 5 години

pasosh

Во 2020 година убедливо најмногу апликанти Албанци се стекнале со македонско државјанство

Во 2020 година убедливо најмногу апликанти Албанци се стекнале со македонско државјанство, според податоците на Министерството за внатрешни работи. Минатата година 859 Албанци добиле позитивен одговор, а само 150 Македонци. Во последните четири години добиени се 2.671 државјанство преку барање, објави ТВ21.Претходно бројот на Албанци кои станале македонски граѓани бил 527,546 и 439 во 2017, 2018 и 2019, додека бројот на Македонците хронолошки е 87, 63 и само тројца во 2019. 

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-NUK-30.01.2021

Битиќи: Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со претставници на Независната угостителска комора (НУК), со кои разговараше за нивните видувања во однос на досегашната поддршка на стопанството преку имплементацијата на четирите сета антикризни мерки, а дискутираа и за предлогот на новиот, петти сет на економски мерки, кој се очекува Владата да го усвои и објави во периодот кој следи.Вицепремиерот посочи дека Владата уште од самиот почеток, имајќи го предвид глобалното влијание на пандемијата, како и ограничувачките мерки за заштита и превенција од ширењето на коронавирусот Ковид 19, ги детектираше угостителскиот и туристичкиот сектор, како сектори кои имаат негативни последици. Токму заради тоа, додаде Битиќи, Владата досега креираше четири сета на мерки, во кои еден од главните фокуси беше ставен токму на поддршката на угостителскиот и туристичкиот сектор, но и на сите други сектори кои бележеа загуби поради пандемијата.„Владата работи на сетови на мерки кои ќе ја придвижат економијата напред. Во претходните сетови мерки, угостителството и туризмот беа сериозно поддржани, затоа што државата со уредба го ограничи нивното работење. Во моментов факт е дека угостителите имаат можност да работат, секако следејќи ги протоколите кои комисијата за заразни болести ги предложи, а Владата ги усвои. Со тоа што голем дел од угостителите имаа можност и да ја прилагодат својата работа со воведување на достава на производите до своите клиенти. Во време на оваа светска криза, ние сите се прилагодуваме, но она што е начело кое го имаме од почетокот и кое е зад сите политики кои ги носиме, тоа е солидарноста и правичноста при креирање на мерките. Петтиот пакет на мерки е во духот на заздравување и рестарт на економијата“, подвлече Битиќи.Владата продолжува да биде посветена на отворен и конструктивен дијалог со сите засегнати страни, што подразбира консултации помеѓу чинителите и инклузивен процес при креирањето и донесувањето на економските мерки. Ова е веќе воспоставена практика, која ќе продолжи и понатаму.Средбите на засегнатите чинители со претставници на Владата, се определуваат по соодветни ресори, за да може да се сослушаат сите, чијшто глас треба да биде слушнат. Сите предлози кои се доставени до Владата и ресорните министерства внимателно и темелно се разгледуваат и консултираат помеѓу сите економски ресори, а на крај, се донесува одлука на седница на Владата, како колективно тело кое донесува одлуки со консензус по што истите ќе бидат соопштени пред јавноста.„Во духот на отворениот пристап на оваа Влада, ги поканувам сите гранкови комори кои чувствуваат дека не се доволно претставени, да се организираат во тело кое тие сметаат дека е соодветно, за да можеме да ја олесниме комуникацијата и да го зголемиме претставувањето на сите оние кои заслужуваат да бидат слушнати“, додаде вицепремиерот Битиќи.Предлогот на петтиот пакет, кој се уште не е финално дефиниран, содржи околу дваесет мерки, кои се таргетирани да ги поддржат најпогодените сектори и граѓани од здравствената и социо-економската криза, со фокус на задржување на ликвидноста на компаниите и спас на работните места, но и да ги стимулираат компаниите да продолжат да се развиваат и растат.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Охриѓанецот кој почина од британскиот сој на коронавирус имал прекумерна тежина

Лице на возраст од 46 години од Охрид е првата жртва на британскиот вид на корона вирус, во земјава. Министерот за здравство Венко Филипче веста ја потврди за „Фокус”.Тој за медиумот додава дека кај пациентот постоел ризик фактор – гојазност, односно имал прекумерна тежина.Случајот е од четврти јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот. Од овој вид корона вирус во земјава имаше заболено уште едно лице од Скопје, кој се излекувал пред четири дена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

1-9

Маричиќ разговараше со една од жртвите на групата „Јавна Соба“

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес се сретна и разговараше со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“. Тој изворно се информираше за страдањето низ кое минува Ана, но и другите девојки чии фотографии и лични податоци беа злоупотребени во веќе затворената група.Маричиќ и честиташе на храброста јавно да проговори за нејзините премрежја и за нејзиниот јавен настап кој предизвика навистина силна општествена реакција.Дополнително и беа презентирани и законските измени кои Министерството за правда веќе ги подготви, а со кој се воведува и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, меѓу другите и за вакви случаи.Имено, во нив меѓу другото се додава член, во кој се вметнува терминот „Демнење“ и се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.Министерот и порача дека не е сама во оваа битка и дека сите жртви ја имаат целата поддршка.фото: Министерство за правда

Македонија | пред 5 години

korona6

Денеска 7 починати лица и регистрирани 325 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 151, Тетово – 27, Кавадарци – 17, Охрид – 16, Велес – 14, Куманово – 13, Делчево – 11, Битола - 9, Струга - 9, Гевгелија – 8, Гостивар – 6, Демир Капија – 6, Штип – 5, Радовиш – 4, Берово – 4, Прилеп – 3, Струмица - 3, Кичево - 3, Неготино - 3, Ресен – 3, Кратово – 2, Крушево – 2, Македонски Брод – 2, Кочани – 1, Свети Николе – 1 , Крива Паланка – 1, Демир Хисар – 1.Регистрирани се 479 оздравени пациенти од:Скопје – 358, Охрид - 46, Струга - 13, Струмица – 11, Прилеп - 11, Кавадарци – 9, Куманово – 5, Велес – 5, Гостивар – 4, Битола – 3, Кичево - 2, Ресен - 2, Радовиш - 2, Пробиштип - 2, Крушево – 2, Штип - 1, Дебар - 1, Демир Капија - 1, Неготино – 1.Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (89 и 79г), двајца од Охрид (80 и 89г) и по еден од Гостивар (62г), Струга (85г) и Пробиштип (70г).Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.Направените 2.589 теста се преку: ИЈЗ-420, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-236, Биотек-188, Жан Митрев (Филип Втори)-102, Систина-210, лабораторија Лаор–262, МАНУ-126, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, ГАК-0, Синлаб-67, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-28, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 821, УК Пулмологија со алергологија–2, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 454.608 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.518, бројката на оздравени пациенти е 81.316, на починати е 2.848, а бројот на активни случаи изнесува 8.354. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 40.324, активни 4.449• Куманово 5.193, активни 365• Тетово 5.103, активни 315• Прилеп 4.557, активни 165• Гостивар 3.620, активни 206• Штип 3.501, активни 128• Битола 3.229, активни 170• Велес 3.097, активни 269• Охрид 2.814, активни 367• Кавадарци 2.589, активни 327• Струмица 2.531, активни 258• Струга 2.211, активни 156• Кочани 1.722, активни 74• Кичево 1.718, активни 129• Свети Николе 1.079, активни 34• Гевгелија 994, активни 104• Неготино 965, активни 85• Дебар 761, активни 90• Ресен 738, активни 96• Крива Паланка 724, активни 45• Радовиш 707, активни 52• Делчево 618, активни 177• Берово 593, активни 43• Пробиштип 507, активни 38• Виница 489, активни 32• Валандово 325, активни 11• Македонски Брод 246, активни 13• Демир Хисар 244, активни 7• Богданци 224, активни 26• Кратово 224, активни 22• Крушево 207, активни 26• Демир Капија 207, активни 39• Македонска Каменица 190, активни 17• Пехчево 183, активни 13• Дојран 84, активни 6

Македонија | пред 5 години

joci-111

Јоци: Од Град Скопје се толку глупантропи, нивна глупоќа ќе го чини Шилегов еден мандат и толку, вториот ќе го губи

Оние од Град Скопје се толку глупантропи, да тоа е чудо едно. Десет и повеќе луѓе работат таму за односи со јавност, земаат плата, а просто-проширено соопштение не знаат да срочат. Да и` објаснат на јавноста што се случува.Впрочем таа нивна глупоќа ќе го чини Шилегов еден мандат и толку, вториот ќе го губи.Дозволија онаа Драгана од ,,Левица" (која не сака да плаќа паркинг и се паркира кај и` текне во градов) со нејзините другарки од фирмата ,,Анима мунди" да направат права драма за некое куче - кое избегало, нападнало луѓе и друго куче, дошла полиција...Стафорд раса која важи за опасна, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци.Јоци во објата додава:И сега бараат кучето да се вратело кај сопствениците без тие да платат трошоци.И оваа партиска ,,драма" ја прават истите ,,Анима мунди" кои на Коце му се бесеа со години за врат, бараа да донесе градски Правилник за одговорно сопствеништво, за чип, за носење поводник, киснеа на седници на Совет.....а, сега не морало, пошто ја мрзат директорката, башка идат локални, нали.А, башка они сакале да водат стационар....И среде сето ова, тврдат - мноогу сакале животни. Не им било до кеш и фотелји на тие двајца без тројца кои останаа во тоа ,,Анима". Кое некогаш и јас го поддржував - ама тоа пред овааа Драгана од ,,Левица" да ,,завладее" со него, а притоа е советник во Град Скопје на месечна плата од 500 евричи. И веројатно пак сака да се кандидира и да се паркира кај сака и да ,,ослободува" кучиња бесплатно, кога сака.Бљааак...

Македонија | пред 5 години

policija

МВР: 2020 е година со најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (29.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица, при што санкционирани се 107 возачи, од кои 69 кои возеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи за возење без возачка дозвола, четири за возење на нерегистрирано возило…,соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Струмица.„Контролите се главно насочени кон санкционирање на прекумерната брзина затоа што направените анализи покажуваат дека токму возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.На територија на Струмица бројот на сообраќајни незгоди во декември е намален за 35 отсто, а во јануари за 46 отсто, додека бројот на сообраќајни незгоди со жртво во јануари е намален за 100 отсто.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.фото и видео: МВР

Македонија | пред 5 години

velkovska

Велковска: Противпожарната опрема што Град Скопје ја донира за здружение од Охрид е отпишана поради застареност и несигурност

Седницата на Советот на Град Скопје беше една од најпонижувачките, ако не и најпонижувачката, досега.Во неколку засебни постови ќе ги објавам информациите што јавноста мора да ги знае во врска со одлуките што владејачкото мнозинство ги усвојува „за заштита на јавниот интерес“.Почнувам со, според мене, најсрамната одлука што беше усвоена вчера – Одлуката за давање донација на ЕКО ФАП – Охрид, се вели во објавата на Драгана Велковска на социјалната мрежа ФБ.Во продолжение  на истата Велковска додава:Сигурно веќе прочитавте дека „Град Скопје ќе донира опрема за противпожарна заштита на охридско здружение кое доброволно се вклучува во гасење пожари“.Одлуката само навидум е благородна, вистината е сосема поинаква. Како што може да видите од извадокот од образложението – опремата што Град Скопје ја донира е ОТПИШАНА поради ЗАСТАРЕНОСТ И НЕСИГУРНОСТ ПРИ ЕКСПЛОАТАЦИЈА.„Обврската да ја поправи и одржува технички исправна е на здружението. Градот нема никаква одговорност по предавањето на донацијата“, беше дел од образложението на апологетите на одлуката.Сите многу добро знаеме дека функционалноста на секоја опрема за ПП заштита е тенката граница меѓу живот и смрт во дадени ситуации. Сите го знаеме капацитетот и „постапувањето по закон“ на македонските институции и знаеме како тие спроведуваат „ригорозна контрола“ кога се работи за техничка исправност и заштита од пожари. Сите добро ги памтиме ужасната несреќа со автобусот на Дурмо и пожарот во Глобал.Одлуката е евтин ПР со кој потенцијално се загрозуваат човечки животи и се создава ризик од потенцијална материјална штета. Поради тоа и побарав да се симне од дневен ред. Со 23 гласа владејачкото мнозинство ми го отфрли предлогот. Кога дојде на ред да се расправа по точката, ја повторив својата загриженост и ги потенцирав обврските, одговорноста и должноста што ги има секоја институција финансирана од јавни пари. Апелирав да не се усвојува одлуката – џабе. Владејачкото мнозинство глатко си ја усвои.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Прегазена жена на паркинг во Скопје

Вчера во 12.15 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Трифун Хаџијанев“, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во пешак М.Ј. од Скопје. По незгодата, возачот ја пренел М.Ј. во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Vlado-Misajlovski-30.01.2021

Мисајловски: По катастрофалните лоши резултати со корупцијата ќе поднесеме интерпелација за Николовски и Маричиќ

Македонија со Заев падна на 111 место на листата на корупција на Транспаренси, убедливо најлошо до сега, а состојбата со корупцијата е полоша и од Косово, Танзанија, Гамбија и Белорусија! Ова е пад од цели 45 места само во годините на управувањето и на лажните реформи на правниот систем на Зоран Заев. Партизираната администрација, политизираното обвинителство и заробеното судство го испорача својот данок. Македонија е земја којa од светот е гледана како црна дупка во Европа, точка на криминал, рекет, мито и корупција, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мисајловски во изјавата додаде:Повеќе од година дена немаме разрешница за најголемата рекетарска афера во Европа. Бојан Јовановски, кој сите го видовме со полна торба пари, во судница кажа дека парите од рекетот да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, а обвинителството не ги ни повика ниту на распитување.Сите го видовме Ден Дончев, како трпа туциња пари во торба, а ЈО требаше барем да започне истрага каде завршија парите.Целата јавност слушна како контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, кажува дека му дал 300.000 евра на Заев и дека дал ветување за маркица за бензинска, како и дополнителни 2000 метри квадратни простор во комплексот кој ќе го гради на местото на ШИК ЈЕЛАК, а случај повторно нема. Обвинителството и тука молчи.А обвинителството молчи и за Леонардо, каде слушнавме како власта си договара аванта, во случај каде што имаше скроена постапка за набавување на изнајмување на хеликоптерски систем по екстремни високи цени.Во земја каде функционери се однесуваат како мафијаши и за тоа поминуваат неказнето, не може да дојде ниту еден странски инвеститор, напротив сите тие ќе бегаат подалеку.Вклучен е црвениот аларм одамна. Потребни се оставки, најпрвин од таканаречениот вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, затоа што не само што не се изборија со корупцијата, туку истата е засилена.Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација во Собранието за Љупчо Николовски и за Бојан Маричиќ.Оставки веднаш. Одговорност веднаш.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица: Владата продолжува со партизацијата и во институциите на културата

Партизираноста во сите пори на општеството, изразена преку синтагмата „од хигиеничарска до директор“, власта ја продолжува и во доменот на културата. Актуелниот директор на ЈГДУ „Детска радост“ од Струмица – Васил Бубев е избран за прв човек на НУКЦ „Антон Панов од Струмица. Бубев е именуван од страна на министерката за култура Ирена Стефоска, а според нашите сознанија, Бубев веќе го добил Решението со кое се назначува за директор на оваа установа, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Особено е скандалозна ваквата одлука што за оваа позиција, покрај претходно споменатиот Васил Бубев – кој е наставник по физичко воспитание – аплицирале и кандидати меѓу кои и културен менаџер со мастер студии на Унеско катедрата за културен менаџмент при Универзитетот за уметности во Белград и десетгодишно искуство со проекти во полето на културата; и културен деец – дипломирана актерка, со две децении официјален работен стаж и 30 годишно искуство во истата културна институција за која се бираше директор, што значи добро запознаена со проблемите на Центарот за култура. Сепак, Министерството за култура т.е. министерката Ирена Стефоска за прв човек на оваа културна институција го избра најнекомпетентниот кандидат за една ваква позиција, кој евидентно е веќе добро упатен во партиските протоколи. Како наставник во основно училиште, ставен е на позицијата директор во градинката „Детска радост“ (од каде неофицијално заради проневери е тргнат), а сега е унапреден и на позицијата директор на НУКЦ „Антон Панов“ од Струмица.Контроверзите на оваа струмичка институција не се нови. Имено, досегашниот В.Д. директор на НУКЦ „Антон Панов“ Ванчо Ристов незаконски бил реизбиран седум пати, за со петиции да се извојува распишување на конкурс за избор на нов директор. И покрај сé, очигледен е непокорот на струмичките уметници кои даваат отпор дури и во најсилниот бастион на владејачката партија СДСМ.фото: Левица

Македонија | пред 5 години

protesti-igor

Единствена Македонија: Вчерашните насилни протести се уште една потврда оти законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Вчерашните протести на припадници на албанското малцинство во државата, по кој знае кој пат покажува дека законите важат само за Македонците а не и за Албанците. Присутните Албанци вчера протестираа наспроти безбедносните протоколи за заштита од коронавирусот, ја тепаа полицијата и ја демолираа зградата на МНР, а сето тоа македонската полиција немо го гледаше, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во пролжение на истото се додава:Марионетската влада е збунета и уплашена кога протестираат Албанци а секогаш применува насилни мерки и политичко-полициски прогон со разноразни пријави на собири на Македонци.Единствена Македонија на повеќе наврати ја информираше јавноста за случаи во кои законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците. Дури, припадниците на албанското малцинство толку се охрабрени што на отворена сцена веќе не фермаат Устав и закони.Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македoнија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sela-2

Села: ДУИ и СДСМ се исти горе-долу, бидејќи станаа како сијамски близнаци, a Заев е најголемиот измамник во земјава

ДУИ и СДСМ се исти горе-долу, бидејќи  станаа како сијамски близнаци, вели лидерот на албанската опозиција Зиjадин Села коалициските партнери во извршната власт во неговото гостување во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби, а објави  Плусинфо.Денес повторно го гледаме како игра политички на грбот на неколку семејства кои трпат последици , било оние семејства на децата кои беа убиени, или на оние семејства чии членови можеби неправедно се влечат по судовите и им се суди повторно со што ги зголемуваат нашите дилеми за правдата“, рече Зијадин Села гостување во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.извор: Плусинфо.

Македонија | пред 5 години

baba

(ВИДЕО) 104 годишна баба хит на ТИК ТОК

Баба која има 104 години е вистински хит на „Тикток“. Нејзините видеа се вирални и имаат илјадници лајкови. Во буквална смисла, бабата е со нејзините внуки ги снима најголемите трендови и воодушевува.Погледнете дел од видеата..

Магазин | пред 5 години

Bog-TIK-TOK

(ВИДЕО) Имаме заборавено на човечноста и емпатијата: Сакај го своето, почитувај го туѓото!

Додека во Македонија расте национализмот по вчерашните протести, на социјалната мрежа ТикТок се затекнуваат и видеа кои покажуваат дека различноста спојува.Корисник на мрежата од Хрватска, сподели видео со порака „Сакај го своето, почитувај го туѓото!“.идеото ќе ве изненади:

Магазин | пред 5 години

protesti-igor

„Ако демонстрантите барале правда, со протестот си наштетија во борбата“

Протест за барање правда је едно, а неартикулирана маса на људи која притоа у сред главен град скандира име на бивша паравоена формација која војуела со државата у чијшто главен град се дешава протестот, и притоа извикуе експанзионистички пароле за сметка на државата у која практично свите учесници у масата са родени, жива и го јада лебот, је сасвим друго, нема врска со барањата ради кои уопште бил повикан протестот и мора да биде осудено.Однесуењето на масата за време на светска пандемија, и непоступуењето на полицијата у таква ситуација, поготово ка бевмо сведоци дека ако сака знае да поступи и на далеку помали групирања, а овде не го напрее тоа, ствара дополнителен револт и има врска со проѕирни двојни аршини. Вероватно и за коалициски мир у куќа, стои во објава на ФБ.Во продолжение на објавата се додава:Национализмот раѓа национализам. Неосудуењето на национализмот ствара револт. Двојните аршини дотураа сол. Надолна и опасна спирала.Ако демонстрантите барале правда, со ова денеска си наштетија у таја борба за правда, скроз го тргнаја фокусот од една легитимна причина ради која свекој смее и може да протестира; наравно, ако смета дека се дешава неправда. За нивна жал, ова беше далеку од барање некаква си правда.Ова е уште еден пораз за вукојебинава која некоој људи уште милуаа да га наречуаа „држава“. Дел дури и се љута ка некој ќе га нарече „вукојебина".Овја пораз, пред све институционален, и резултат на институционално ку*оболење годиништа наназад, је не знаем кој пораз по ред у овја 30 године.Само уште еден клинец у ковчегот на мртоецов од држава.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања