Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

500-evra

28 годишен маж побарал 1500 евра за да не објави фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кои постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите осомничениот бил приведен.Надлежниот јавен обвинител, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека постои опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Македонија | пред 5 години

2

Зибери даде свечена изјава во Собранието

Новоизбраниот народен правобранител, Насер Зибери, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери и и генералната секретарка, Цветанка Иванова.Зибери беше избран за омбудсман на седница во Собранието минатиот месец.Тој ја наследува функцијата на Иџет Мемети, кој беше народен правобранител 16 години.На последните парламентарни избори Зибери беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец.

Македонија | пред 5 години

Levica-logo

Левица: Бетонизација на Ѓорче Петров – 25 нови ДУП-ови на општината!

Токму во годината кога треба да се одржат локални избори, практично на крајот на својот мандат, градоначалникот Александар Наумоски, заборавајќи на предизборните ветувања кои ги даде пред да биде избран; ветувања за ревидирање на тогаш веќе донесените постоечки ДУП-ови, тој сега, на повиците на револтираните жители за веќе донесените ДУП-ови „одговара“ со план за нови 25 ДУП-а, кои предвидено е да се донесат во наредниве 8 месеци, а од кои интерес има само урбаната мафија која ќе ја бетонизира целата општина, се вели во соопштението од  Левица – ЛО Ѓорче Петров.Во продолжение на истото од Левица додаваат:Градоначалникот Наумоски како да заборава дека е избран од страна на жителите на Ѓорче за да работи во нивен интерес. Игнорантскиот однос на Општината кон жителите продолжува, додека личните аспирации за богатење и моќ на градоначалникот Наумоски не стивнуваат. Неговите ветувања за ревидирање на ДУП-овите дадени во предизборната кампања, очигледно резултирале со мотив за дополнителна бетонизација! Со ова максимално се злоупотребува службената должност за создавање на услови за профитерство преку спрегата помеѓу урбаната мафија и избраните функционери на Општината.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

borko

Ристовски сведок за 27 април: Како македонец давав морална поддршка со коментари на Фејсбук

Поранешниот голман на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски денеска како сведок на одбраната на обвинетите за организација на крвавиот настан на 27 април 2017 во Собранието. Ристовски истакна дека тој период не живеел во земјава и за случувањата се интересирал од медиумите.Тој рече декa не е член на ниту една партија, но дека како Македонец дал поддршка на протестите со статуси на Фејсбук.Давав морална поддршка со коментари на Фејсбук како Македонец. Не бев контактиран од Миле Јанакиески ниту од Спиро Ристовски ниту пак лично ги познавам, објасни ракометарот пред судот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skolo-4

93 граѓански организации велат „ДА“ за еднаквоста, инклузијата, родовата рамноправност и заштитата од дискриминација и од насилство во новата концепција за реформи во основното образование

 Ние подолупотпишаните здруженија, фондации и мрежи на граѓанскиот сектор изразуваме поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на инклузивно и поправедно општество кое за повеќето граѓани е од национален интерес.Имајќи предвид дека бројни анализи на учебниците од основно, средно и високо образование укажаа на присуство на родови стереотипи и дискриминаторски наративи, а дополнително и комплетно или релативно отсуство на дадени социјални групи (жени, лица со попреченост, етнички други, ЛГБТИ итн.), ја поздравуваме насоченоста на новата концепција кон надминување на овие крупни проблеми во продукцијата на знаења и вештини во рамките на образованиот процес.Воведувањето на изборен предмет за сексуално образование, како што предвидува новата концепција, дополнително ќе придонесе кон поголема информираност на младите за еднаквоста на луѓето, заштитата од насилство и намалувањето на дискриминацијата. Младите ќе бидат насочени повеќе кон логичко учење наместо фактографско, ќе имаат можност за дискусија, саморефлексија, носење на заклучоци преку интеракција, тимска работа и отвореност за туѓите приказни и искуства. Оттука, младите ќе научат да го земаат предвид како туѓото, така и своето мислење и потреби, ќе бидат емпатични и отворени за различности.Резултатите од последната Студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст од Северна Македонија покажуваат дека да се омаловажува, да се навредува и да се довикуваат погрдни имиња со намера да се нанесе повреда е одомаќено однесување меѓу учениците во нашите училишта. Малтретирањето започнува на 11-годишна возраст, па дури и порано, го има својот пик во 13-та година, и натаму има тенденција да опаѓа. Сето ова влијае врз животот и здравјето на младите, кои според оваа студија искусуваат нерасположение и чувства на тага и безнадежност кои се зголемуваат со возраста, а суицидните мисли и планирањето на самоубиство се исто така застапени и наместо да се намалат, тие прогресираат со возраста.Минатите недели сме сведоци на јавни објави на повеќе жени актерки за сексуалното малтерирање во Србија, што уште еднаш покажува дека жените се жртви на постојано насилство по родова основа. За жал, со вакви примери се сретнуваме сè почесто, а тоа го докажува и истражувањето на ОБСЕ од 2019 година кое укажува дека дури две третини жени од регионот претрпеле некаков вид на насилство. Случајот Јавна соба во Македонија исто така ни покажа дека денес девојчињата сè повеќе се предмет на сексизам и сексуално вознемирување и дека постои итна потреба од нивна системска заштита. Радува што жените сè повеќе денес се охрабруваат јавно да зборуваат за насилството и за вознемирувањето, но училиштето е вистинското место каде што дополнително треба да се стимулира учењето за еднаквоста и правичноста меѓу жените и мажите и за заштитата од сексуалното насилство.Најзагрозените од родовите нееднаквости се лесно препознатливи во ранливите, немоќните, оние на кои им се одземени слободите и правата. Најчесто тоа се жените, девојчињата, сиромашните, различните и родово нетипичните, но и многу други, прикриени под превезот на сите други видови нееднаквости. Токму затоа, сметаме дека е важно покрај барањето на одговорност во насилниците, да погледнеме пошироко, во социо-политичките и културолошките услови на заедницата, општеството и образованието во кои нееднаквоста се создава и опстанува.Учењето и прифаќањето на родовите идентитети ќе овозможи подобра интеграција на сите ученици со сите свои различности, а со тоа и намалување на родово-базираното насилство и булингот во училиштата. На децата и ранливите групи на млади им треба безбедна средина во училиштето, во која секој ќе се чувствува заштитен и подеднакво згрижен без разлика на неговата различност.Учењето за етничките различности и нивното прифаќање во услови на зголемен диверзитет во општеството, како и поттикнувањето на интеркултурализмот ќе придонесат кон унапредување на еднаквоста и интеграција на децата од различни култури, етникуми и идентитети. Надминувањето и почитувањето на етничките различности е значајно кога зборуваме за инклузија во образовниот процес, а особено е значајно за намалување на насилството помеѓу учениците кое во изминатите неколку години бележи пораст на случаи кои во основата ја имаат токму етничката припадност на учениците.И покрај тоа што новата концепција на основното образование ги потенцира принципите на родовата рамноправност и заштитата од дискриминација, го предлагаме и следново:Воспоставување на национален родово образовен механизам под покровителство на Министерството за образование и наука кој ќе следи и ќе ги одобрува наставните планови и учебниците кои ќе се користат во образованието за да се гарантираат принципите на еднаквост и заштита од дискриминација и од говор на омраза од аспект на род, пол и родов идентитет; Создавање на задолжителен систем на едукација и кариерен развој на наставниците во унапредување на нивните компетенции за родовите прашања, еднаквоста и недискриминацијата преку програмите за обука на наставници во рамките на Бирото за унапредување на образованието; Следење на препораките на УНЕСКО при подготвувањето на наставните програми и содржини за сеопфатно сексуално образование кој се предлага како слободен изборен предмет во основното образование, а како проширување на веќе стекнатите знаења во рамките на постоечките редовни наставни содржини. Следењето на европските и светските добри пракси и научни стандарди се еден вид гаранција за да се обезбеди дека прашањата на родова еднаквост, заштитата од дискриминација и родово базираното насилство се засновани на принципите на човекови права, а не на погрешни назадни родови или популистички идеологии; Унифицирање на практиките на прибирање податоци за насилство во училишта на национално ниво под покровителство на Министерство за образование и наука, а во соработка со Град Скопје и со секторите за образование при општините (ЗЕЛС);Поттикнување на интеркултурализам и надминување и прифаќање на етничките различности со цел намалување на врсничкото насилство и интеграција на сите ученици во рамките на наставните програми за основното образование. Потписници: Платформа за родова еднаквостМрежа за заштита од дискриминацијаГлас против насилство – Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилствоПлатформа за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВМакедонска платформа против сиромаштијаНационална мрежа за борба против хомофобија и трансфобијаКоалиција на младински организации СЕГАХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражувањеКоалиција МаргиниХелсиншки комитет за човекови праваМОФ – Младински образовен форумФООМ – Фондација Отворено општество МакедонијаХОПС – Опции за здрав живот СкопјеАкција ЗдруженскаМрежа СтелаРеактор - Истражување во акцијаНСРР – Национален совет за родова рамноправност во соработкаХуманитарно здружение „Мајка“ од КумановоЗдружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк.Женски форум ТетовоОрганизација на жените на општина Свети НиколеСУБВЕРЗИВЕН ФРОНТРСМ ТрансФормАЛГБТИ Центар за поддршкаЗдружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР СкопјеЛЕЗФЕМЕквалисЗдружение за поддршка и развој ХуманостСОС Детско село Северна МакедонијаЗдружение на мултиетничко општество за човекови права, ШтипБела Виста –Институт за одржлив рурален и регионален развојСумнал – здружението за развој на Ромската заедницаАДРР Сонце - ТетовоЗдружение ГлобалФондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна ЕвропаКХАМ - ДелчевоРомано Чачипе - Асоцијација за развој и промоција на ромската заедницаНРЦ – Национален ромски центарЗдружение Центар за образовна поддршка Дендо вас од Скопје.ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедницитеРомалитико - Институт за истражување и анализи на политикиЗдружението на просветни работници и заштита на права на жените и децата Роми ЛИЛРомска aсоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ”Амбрела - Центар за интеграцијаСтаница П.Е.Т.Визија КавадарциОрганизација на жени – ВелесОрганизација на жени – СкопјеКортекс ТетовоНВО инфо центарМакедонско здружение на млади правнициTактЗдружение за родова еднаквост - Една МожеЖенска Акција – РадовишКризен Центар – НадежЖенска граѓанска иницијатива ,,КЛЕА“, БитолаЗдружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ СкопјеЗдружение ЕГАЛ – Еднаквост за геј и лезбејки, СкопјеЗдружение за поддршка на маргинализирани работници - СТАР-СТАР,СкопјеЦрвен крст на Република Северна МакедонијаОпција Охрид, ОхридЗона, КавадарциХЕЛП – ГостиварМладински клуб – ШтипЗдружение за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции – Избор, СтрумицаАсоцијација за здрави животни стилови ПУЛС – КумановоЦентар за развој на граѓанско општество Виа Вита - БитолаЗдружение Доверба - СкопјеИЧП – Институт за човекови праваОрганизација на жени од СтрумицаЈАДРО – Асоцијација на независната културна сценаКСП Центар – ЈадроЗдружение – Проектен простор прес ту екзитЛокомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културатаЗдружение за литература, култура и уметност – ГаликулЗдружение на уметници Културен центар Медиа Артес – ОхридЗдружение на јавни службеници на Северна МакедонијаЗМАИ – Здружение за истражување и анализиРурална КоалицијаЗдружение Факултет за работи кои не се учатНационална асоцијација за континуиран одржлив развој и демократија – КОРД СкопјеЦентар за социјални Иницијативи Надеж - СкопјеЖенска граѓанска иницијатива АНТИКООрганизација на жени на град СкопјеКоалицијата Сите за правично судењеЦентар за правни истражувања и анализиЦентар за интеркултурен дијалог – ЦИД КумановоЦентар за истражувања и анализи НОВУС СтрумицаЦентар за младински актинизам – КрикФондација за локален развој и демократија Фокус – ВелесЗдружение на млади КреактивСкај Плус СтрумицаЕХО едукативно хуманитарна организацијафото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Со новите ДУП-ови во Центар зачувани се над 13.000 метри квадратни парковско зеленило

На продолжението на 59-тата седница. советниците од Совветот на Општина Центар гласаа за донесувањето на Деталниот урбанистички план Градска четврт Ц 04 - Дом на градежници.Станува збор за градска четврт која во голем дел е реализирана и голем дел од објектите се задржуваат во постојна состојба.„Во споредба со стариот ДУП кој предвидува 4043 метри квадратни парковско зеленило, новиот план има вкупно 5889 метри квадратни парковско зеленило, со што речиси 13% од површината на четвртта е под парковско зеленило. Наместо да се проширува, евидентиран е постојниот паркинг и задржан е во сегашната состојба, а зголемен е процентот на зеленило и дрвореди. Наместо изградба на паркинг на веќе постоечко детско игралиште, детското игралиште со површина од 408 метри квадратни во новиот план е зачувано, како и постојниот паркинг околу него. Согласно новиот план, сите нови објекти мора да го обезбедат неопходниот број паркинг места во своја парцела“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Избришан е еден објект за колективно домување кој според стариот план би се градел на државно земјиште, а во новиот план заменет е со локален парк од 262 метри квадратни и пешачка патека.Стариот план предвидува заеднички подземен паркинг за дел од парцелите, воедно предвидена е пристапна улица на местото на пешачката патека „Кај Маршалот“. Со новиот план секој објект треба засебно да предвиди паркирање. За објектите од внатрешноста на блокот се предвидува пристап преку пасажи од улицата Максим Горки, со што се задржува пешачката патека “Кај Маршалот“ и истата нема да стане улица за автомобили.„Досега, во ДУП-от Ново маало 1 избришан е хотел, зачувано е зеленилото и изведен е памп трак на површина од 2927 метри квадратни. Во ДУП Мирче Мацан зголемен е училишен двор на сметка на објект за колективно домување со површина од 922 метри квадратни и намалена е парцелата на трговски објект на сметка на 492 метри квадратни ново зеленило. Во ДУП-от Даре Џамбаз преместена е планираната катна гаража и зачувано е постојно детско игралиште и парковско зеленило со површина од 808 метри квадратни. Во ДУП-от Пролет пренаменета е парцелата на урбаната заедница и на нејзино место ќе никне нова градинка на површина од 1992 метри квадратни. Во новиот ДУП Пролет избришан е верски објект и на негово место е предвидено парковско зеленило на површина од 804 метри квадратни, а дополнително е предвидено и нови 8788 метри квадратни парковско зеленило. Во ДУП-от Тасино чешмиче избришан е станбен објект и на негово место на површина од 1996 метри квадратни е предвидена изградба на нов објект за здравствена заштита. Вкупно, во досега донесените ДУП-ови зачувани се над 13.000 метри квадратни парковско зеленило“, појасни градоначалникот Богдановиќ.Намерите на Општина Центар за овозможување на нормални услови за живот се видливи и во плановите кои се во завршна фаза. Оттаму, предвидени се пет нови детски градинки во ДУП-овите Геолошки завод и Клинички центар; Парк/Дебар Маало 2; Маџир Маало, Буњаковец и Крњево, нови 2 културни центри (ДУП Парк/Дебар Маало 2 и ДУП Мал Ринг), изведба на 1 блоковски парк од 1061 метар квадратен во ДУП Геолошки завод и Клинички центар и повеќе мали паркови на сметка на бришење на станбени згради.И во ДУП-от Градска четврт Ц 04 – Дом на Градежници, како и во сите досега донесени ДУП-ови, но и во оние кои се во процедура, јасно видливи се заложбите на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, општинското раководство и Советот за зазеленување на општината, нормализирање на живеењето на жителите и обезбедување на хумани и пристојни услови за живот и престој во општината.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

01022021_PVRSM_Intervju_Kapital-2

Заев за „Капитал“: Опозицијата ги минира напорите за развој на државата

„За жал голем дел од постапките што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и надвор од него, се блокади, лажни вести и манипулации кои се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните. Застануваат буквално против секој важен процес за државата, од напредокот во НАТО и ЕУ, преку борбата со коронавирусот, па еве деновиве гледаме дека се и против Пописот“, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Капитал“.Заев подвлече дека Мицкоски се обидува да ги минира сите напори за развој на државата, но на другата страна се силната и отворена Влада заедно со македонските граѓани.„Оваа, демократската страна веќе четврта година по ред ги победува ретроградните и опасни политики на Груевски и Мицкоски.За сите прашања од интерес на граѓаните можеме да продискутираме, но тоа бара одговорно однесување, а не постојано повторување на мантрата „колку полошо за државата, толку подобро за ВМРО“. Ако имаат алтернатива нека ја покажат на конструктивен и аргументиран начин наместо со ситно политиканство да ја отежнуваат состојбата. ДПМНЕ има и обврска и одговорност да не ги блокира заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја како што е членството во ЕУ, подинамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование, внатрешна кохезија, успешно и ефикасно справување со светската пандемија со КОВИД-19“, рече Заев.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

01022021_PVRSM_Intervju_Kapital-2

Заев за „Капитал“: Владата е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура, со вистината се бориме против лажните вести

„Оваа Влада е демократска и никогаш нема да посегне кон цензура, против лажните вести се бориме со вистината и со нашите чекори досега не сме се ни доближиле до црвената линија чие преминување би значело посегнување кон цензура. Лажните вести, односно дезинформациите ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес, на добробитта на граѓаните, и ја загрозуваат безбедноста на населението“, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за печатеното издание на „Капитал“.Тој појасни дека Владата на дневно ниво се справува со дезинформациите, преку својот воспоставен систем за кризни комуникации, со кој во многу брз рок одредена сомнителна вест се проверува и доколку истата е лажна, веднаш се дефинираат начин и канали на реакција со цел да се оневозможи натамошно ширење.„Во таа насока воведовме и активна транспарентност на институциите со цел точните информации постојано да бидат на дофат и очиглед на јавноста, со што се намалува просторот за маневар на дезинформаторите. Наоѓањето модел за справување со овој штетен феномен и најголема опасност за демократиите е врвен предизвик со кој се соочуваат сите демократии низ целиот свет, бидејќи ризикот од овие мерки е властите намерно или ненамерно да посегнат кон цензура или кон контролирање на делови од јавниот етер.„Но, потенцирам: Ние сме тие кои заедно со стотици илјади граѓани го ослободивме општеството од стегите на режимот, и ние сигурно нема да бидеме тие кои ќе посегнат кон цензура, ние тоа ниту можеме, ниту сакаме, ниту знаеме, ниту имаме намера да го изведеме“, вели Заев.Премиерот Заев додаде дека Владата поддржува саморегулација во медиумскиот еснаф, како најдобар начин кој ги штити медиумите од надворешни влијанија, при регулирање на професионалните стандарди, а во исто време ја јакне новинарската фела.„Ние веќе имаме еден добар пример на саморегулација во Северна Македонија – тоа е регистарот на веб портали кои ги исполнуваат стандардите на професионално новинарство, изработен од ЗНМ и СЕММ.Владата го препозна и поддржа овој процес како вреден уште кога беше во фаза на идеја, а денес и го користиме како ресурс за да препознаеме и одвоиме професионални од непрофесионални медиуми, односно да одвоиме веб портал што е медиум според стандарди од веб портал што е класичен извор на манипулации и дезинформации“, подвлече Заев.фото: Влада

пред 5 години

granica-sos-rbija-3

Уапсени шест лица на граничниот премин Деве Баир, поради фалсификувани ПЦР тестови

Полицијата вчера уапси шест лица на граничниот премин Деве Баир, поради фалсификувани ПЦР тестови.Станува збор за петмина скопјани и едно лице од Кавадарци кои се приведени под сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.„На 29.01.2021, при извршени проверки било утврдено дека нивните ПЦР тестови не биле издадени од соодветна клиника. Одземени биле вкупно шест ПЦР тестови на нивно име, шест мобилни телефони, како и нивните патни исправи со потврда за привремено одземени предмети. Заедно со одземените предмети тие биле предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка“, информираат од МВР.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

idrizovo-skopje-1

НАЈНОВА ВЕСТ: Голема инспекциска контрола во Идризво

Утрово Управата за извршување санкции започна голема инспекциска контрола на затворот Идризово. Како што дознава News1.mk акцијата ја води Марјан Спасовски кој е првиот директор на „Управата за извршување санкции“ кој прави ваква контрола по 2014.Неофицијално акцијата е насочена кон искоренување на корупцијата во затворите.ЕНДЕМСКА КОРУПЦИЈАШто се случува во македонските затвори и до какви размери стигнала корупцијата во нив кога немало никаква контрола од 2014 до денес ќе покажат резултатите од оваа акција. Како што брифираат извори на News1.mk директорот Марјан Спасовски планирал да се соочи со оваа „ендемска корупција“ и да се справи со неа.фото: Skopje 1

Македонија | пред 5 години

15012021_PVRSM_Zaev_intervjuKapital-2

Заев: Методологијата за попишување во дел вклучува и електронски попис

Пописот 2021 во Северна Македонија ќе се спроведе со нова методологијата која за првпат ќе се применува кај нас и која во еден дел вклучува и електронски попис. Овој комбиниран модел е познат во светската пракса и е во согласност со препораките на ОН и Евростат.Со вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, како, на пример, оние на МВР и на Фондот за здравство, ќе имаме целосен преглед за податоците кои се неопходни, но, не се опфатени со електронските бази, напиша на својот Фб профил, премиерот Зоран Заев.Премиерот објаснува дека тоа значи дека електронскиот попис веќе е дел од севкупната методологија на статистичката операција – Попис 2021, кој заедно со теренското попишување ќе обезбеди заокружен процес за целосна успешност на најважната статистичка операција како основа за идните развојни програми на државата.Само електронски попис нема да е доволно за да имаме комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди, затоа што одреден дел од податоците од електронските бази не ја даваат комплетната и прецизна слика.На пример, само со електронски попис не можат да се добијат сите потребни податоци за нерезидентните граѓани, односно граѓаните кои се во странство повеќе од една година, а кои се опфаќаат со Пописот за 2021 година, како што ниту една база на податоци не ја дава комплетната слика за видот, стандардите и бројот на живеалиштата на нашите граѓани, која може многу да помогне во креирањето на социјалните политики.На нашата држава ѝ требаат како неопходни сите податоци што ќе се добијат од пописот.Пописот не е само операција која треба да даде слика за етничката состојба во земјата, туку опфаќа многу сегменти, факти, податоци, бази од кои може да се согледаат развојот, стагнацијата или уназадувањето на едно општество.Државниот завод за статистика ги има сите професионални и стручни капацитети, сѐ што е потребно е да ги следиме нивните насоки, да дадеме максимум поддршка и на крајот да имаме заеднички резултат – успешен #Попис2021.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

velosipedi-za-iznajmuvanje

Проектот со изнајмување велосипеди и тротинети не успеа, сега се продаваат

Скопското јавно претпријатие „Градски паркинг“ ги продава велосипедите и тротинетите кои беа купени со буџетски пари за да се изнајмуваат. Но, бидејќи проектот за изнајмување не успеа, јавното претпријатие ги продава неколкуте што останаа неискршени или не беа украдени. Ќе се продаваат 4 тротинети, 7 електрични и 22 обични велосипеди. Исто така, на продажба ќе бидат ставени и осум коли, седум скутери и една метларка, бидејќи биле постари од 10 години и трошоците за одржување биле големи, објави СДК.МК.Текстт во целост на: СДК.МК.фото: vecer.press 

Скопје | пред 5 години

od-nas-za-nas

Здружението „Од нас за нас“ ги отфрла обвинувањата од МОН дека шират невистини на социјалните мрежи

Здружението „Од нас за нас“ ги отфрла обвинувањата од Министерството за образование дека шират невистини на социјалните мрежи.„Здружението ОД НАС ЗА НАС нема тенденциозна намера да шири паника и да ја манипулира јавноста туку има за цел да ја информира јавноста за агендата на сеопфатното сексуално образование преку искуството на другите земји. Препорачуваме министерката внимателно да ја прочита целата објава пред да шири лажни и невистинити информации. Целиот пост, објавен од страна на здружението ОД НАС ЗА НАС можете да го прочитате на следниот линк https://www.facebook.com/odnaszanas/posts/449860269723730 . Па вие самите одлучете кој ја лаже и манипулира јавноста! А министерката ако има барем малку доблест, ќе му се извини јавно на Здружението за нарушување на угледот и интегритетот“, наведува здружението во допис до медиумите.

Македонија | пред 5 години

carovska-780x470

МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование

Категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас” на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование. Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Бараме одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието.Извор:Агенции

Македонија | пред 5 години

podracno-oddel

(ФОТО) Не е сцена од хорор филм туку подрачно одделение на МОН и просветниот инспекторат во Струга

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на својот профил на Фејсбук објавуви фотографии за тоа како изгледа подрачното одделение на Министерството за образование и наука и просветниот инспекторат во Струга.Ние сме сериозна земја, имаме пари, ќе си платиме…” – Зоран Заев, 18.01.2021Погледнете како изгледа подрачното одделение на МОН и Просветниот инспекторат во Струга, пишува Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска починати 7 лицa и нови позитивни 175 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 90, Кавадарци – 15, Тетово – 11, Куманово – 7, Охрид – 6, Кратово – 6, Дебар – 5, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Струмица - 4, Ресен – 4, Велес – 3, Струга - 3, Битола - 2, Гевгелија – 2, Виница – 2, Штип – 1, Берово – 1, Кичево - 1, Неготино - 1, Делчево – 1, Крушево – 1, Свети Николе – 1.Регистрирани се 365 оздравени пациенти од:Скопје – 288, Велес – 10, Прилеп - 7, Куманово – 7, Гостивар – 7, Штип - 7, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Виница – 3, Кратово – 3, Кичево - 3, Тетово – 2, Дебар - 2, Берово – 2, Богданци – 2, Пехчево – 2, Охрид - 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Ресен - 1, Радовиш - 1, Пробиштип - 1, Крушево – 1, Демир Хисар - 1, Македонски Брод – 1, Неготино – 1.Починати се 7 лица, 2 пациенти од Скопје (85 и 43г), и по еден од Охрид (83г), Штип (79г), Тетово (67г), Берово (80г) и Велес (74г).Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.Направените 1.733 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-204, Биотек-159, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина-182, лабораторија Лаор–283, МАНУ-64, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, ГАК-0, Синлаб-13, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 196, УК Пулмологија со алергологија–0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 456.341 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 40.414, активни 4.249• Куманово 5.200, активни 365• Тетово 5.114, активни 323• Прилеп 4.561, активни 162• Гостивар 3.624, активни 203• Штип 3.502, активни 121• Битола 3.231, активни 171• Велес 3.100, активни 261• Охрид 2.820, активни 371• Кавадарци 2.604, активни 341• Струмица 2.535, активни 262• Струга 2.214, активни 159• Кочани 1.722, активни 70• Кичево 1.719, активни 127• Свети Николе 1.080, активни 35• Гевгелија 995, активни 102• Неготино 966, активни 85• Дебар 766, активни 93• Ресен 742, активни 99• Крива Паланка 724, активни 42• Радовиш 707, активни 51• Делчево 619, активни 178• Берово 594, активни 41• Пробиштип 507, активни 37• Виница 491, активни 31• Валандово 325, активни 11• Македонски Брод 246, активни 12• Демир Хисар 244, активни 6• Кратово 230, активни 25• Богданци 225, активни 25• Крушево 208, активни 26• Демир Капија 207, активни 39• Македонска Каменица 190, активни 17• Пехчево 183, активни 11• Дојран 84, активни 6

Македонија | пред 5 години

javna-soba

Се ваштачат телефоните на приведените од „Јавна соба“, клипови од групата раширени и во Србија

Апелите, предупредувањата и најавите за строги санкции никако да допрат до членовите на „Јавна Соба“ кои мигрираа во друга група каде потанаму споделуваат фотографии и клипови а тука сега членуваат и државјани до Србија, објави Телма. МВР веќе контактирало со српските колеги а првичните официјални информации дека во оваа група најмногу се споделуваат фотографии и видео клипови од жртви од Србија.Засега нема нови приведени во врска со случајот „Јавна соба“, Од МВР велат дека имаат идентификувано уште членови на групата за кои се собираат докази пред да бидат приоведени.Оттаму не откриваат дали четворицата членови кои веќе беа приведени соработувале но нивните телефони кои се запеленти содржат многу детали неопходни за истрагата.Текстот во целост на: Телма.  

Македонија | пред 5 години

treska

Камперите од Треска бесни, бараат средба со Заев, во спротивно велат приколки ќе оставиме пред Владата

Рушење и дивеење без правна аргументираност, без информирање на сопствениците и покрај фактот дека им е даден рок приколките да ги дислоцираат до крајот на февруари е вандализам, револтирано реагираат од Здружението на граѓани и кампери на езеро Треска, објави Телма. Тие ги повикаа надлежните институции, МВР и Обвинителството да не молчат и конечно да реагираат на терен.Побараа средба со премиерот Заев во спротивно ќе излезат на протест пред Влада.“Видовме што се случи со Матка. Никој ништо не му може на тој локален шериф. Исто ќе се случи и овде. Премиерот Заев рече дека нема да дозволи локални шерифи да владеат, меѓутоа еве се уште владеат. Ние се надеваме дека Премиерот ќе прифати или службите негови, затоа што ако не го прифати во среда или во четврток ќе организираме протест пред Влада. Ако треба и приколки ќе оставиме пред Влада за да видат со каков проблем ќе се соочуваат понатаму. Велат дека повеќето немаат добиено ниту решение дека треба да се селат, само 50 – 60 приколки имаат добиено такво решение” – вели Петре Неделковски од здружението на граѓани и кампери на езеро Треска.Текстот во целост на:  Телма. Фото: PRTSC ТЕЛМА

Скопје | пред 5 години

puska

Кривична пријава за незаконит лов

Денеска во периодот од 06.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи, Полициска станица Берово и претставник од ловното друштво "Дабевец" е спроведена акциска контрола за незаконит лов. При контролата, на место викано "Црвени брегови", атар на Берово, Б.З.(67) е затекнат при вршење незаконит лов на тоа место за кое нема концесија, со ловечка пушка за која немал дозвола, со што сторил кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик.По насоки на Јавен обвинител, оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот, против Б.З. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и за вршење незаконит лов од чл.228 од Кривичниот законик.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Стружанец си ја обљубил невенчаната сопруга

На 30.01.2021 во СВР Охрид, 19-годишна охриѓанка пријавила дека на 29.01.2021 година околу 23 часот, нејзиниот невенчан сопруг А.М.(23) од Струга извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен државјанин на Албанија за фалсификувана возачка дозвола

На 30.01.2021 на Граничен премин Ќафасан З.П.(26) од Р.Албанија, при влез во Република Северна Македонија, употребил грчка возачка дозвола, во чија оригиналност се посомневале полициските службеници.Во консултација со Основното јавно обвинителство Струга и извршеното криминалистичко-техничко вештачење на спорната возачка дозвола, утврдено е дека истата е фалсификувана.Тој е приведен, а од страна на ОПКМСР-Струга до ОЈО Струга е поднесена кривична пријава по член 378 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, додека од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Струга на З.П. му е одредена мерка притвор.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gjorce-petrov

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, да се фатат за работа

Ја разбираме нервозата на советниците на СДСМ во Ѓорче Петров, таа не доаѓа поради измислените закани поради кои плачат во јавноста, туку поради тоа што народот не ги сака затоа што СДСМ во Ѓорче Петров го има најнеспособниот градоначалник во Скопје а и пошироко, се вели во Соопштение  од ВМРО ДПМНЕ, кое е е реакција на изјавата на Влатко Цветковски.Во продолжение на реакцијата се додава:СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, и да се фати за работа зошто освен криминал, неработа и шверцерско носење на дупови за богатење Наумовски ништо нема реализирано од ветеното.Градоначалникот Наумовски треба да се плаши од народот кој ќе го казни и од одговорноста со која ќе се соочи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-4

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 15 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 5 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 84 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.Вкупно 263 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 105 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: За Спасовски законите важат само за Македонците, и по два дена од насилните протести за „Монструм“ нема пријави за Албанци

Министерот во МВР Оливер Спасовски во ова тешко здравствено време, со секој ден со секој чекор покажува дека законите во државата важат само за Македонците а не и за Албанците. Поминаа два дена а МВР нема поднесено ниту една пријава за тепањето на полицијата, скршени прозори на зградата на МНР, неносење на заштитни маски на протестите на албанското малцинство во врска со случајот „Монструм“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Од друга страна, МВР секодјдневно поднесува пријави против Македонци кои на дневна основа се движат од 700 до илјада казнети граѓани. Притоа МВР аплира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.Но, Единствена Македонија како и македонскиот народ апелираат до Спасовски и МВР законите да важат за сите, а не само за Македонците.Македонците во сопствената држава секојдневно се изложени на политичко-полициски прогон и стануваат граѓани од втор ранг додека припадниците на албанското малцинство веќе толку се охрабрија што не фермаат ниту устав и закон.Република Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македoнија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ранг.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

gjorce-petrov

Советник од СДСМ пријавил дека бил нападнат од советник на ВМРО-ДПМНЕ

Советникот од СДСМ во Ѓорче Петров, Влатко Цветковски пријавил дека бил нападнат од советник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Како што наближуваат локалните избори, така расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ затоа што стануваат свесни дека немаат поддршка од граѓаните и ги чека нов убедлив пораз.Насилничката, режимска матрица се уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ како на централно така на локално ниво, објави Фокус.Текстот во целост на: Фокус.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања