Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 29 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 29 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 14 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симптоми на корона вирусот.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.Вкупно 255 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bankomat-12

МВР - Фатено лице од Косово при извршување кражба од банкомат

Денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.Во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки. Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Nora-sakiri

Разрешен директорот на Театар Комедија, Нора Шаќири е новиот в.д диркетор

Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директор на Театар Комедија, откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција.„Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија. При надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734.486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура“, соопшти Министерството за култура.До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, од таму соопштија дека за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот.фото: Kurir

Македонија | пред 5 години

spasov

Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски во Софија бил приведен по пријава за семејно насилство

Игор Спасов бил приведен по пријава за семејно насилство, потврдија полициски извори за Бугарското национално радио, јави дописникот на МИА од Софија.За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница.фото: А1

Македонија | пред 5 години

apteka-kvoti-lekovi

Расчистено разбојништво во аптека во Скопје, приведено едно лице

Триесет и шестгодишен скопјанец (Е.А.) е приведен, откако синоќа извршил разбојништво во аптека на булеварот Видое Смилевски Бато.Тој со закана од вработената одзел сеф со пари.„Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е.А. бил приведен во Полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети“, велат од МВР.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

treska

Левица: Езерото Треска – изградено од народот, не смее да биде жртва на бизнисите на власта

Девастирањето и состојбата во која денес се наоѓа езерото Треска, најдобро ги симболизира економските политики на транзициските политички елити, кои од солидарно градениот имот оставија единствено пустош и руини, кои сведочат за едно друго време. Деновиве градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети и Општина Сарај го усвоија новиот детален урбанистички план за „ревитализација“ на езерото Треска, кој содржи елитен спортско-рекреативен центар со базени, аквапарк, простор за забава за деца и возрасни, викенд куќички, хотели и трговски центар, а чија вредност се проценува дека би била околу 200 милиони евра, се вели во соопштението од Левица.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Во меѓувреме Општината започна и со уривање на објектите и камповите на езерото,, кои пред четириесет години беа изградени со самопридонес на граѓаните издвојувајќи за негова изградба од своите работнички плати. Истите работници, кои во 1978 година солидарно го изградија езерото и таму имаа камп приколки, денес се под притисок на општината, која им определи рок до февруари да ги отстранат, заканувајќи се со интервенција на полицијата. Беџети, во типичен насилнички стил претпознатлив за криминалната коалиција, се закани дека камперите мора да бидат отстранети од езерото, обвинувајќи ги дека нелегално изградиле цврсти градби на местата каде имале приколки.Градоначалникот Петре Шилегов, иако тврдеше дека на самото езеро Треска не се работи ништо (туку само во неговата околина), очигледно повторно го прави она што најдобро го знае т.е. манипулира со јавноста, прикривајќи ја сопствената неспособност да се соочи со проблемот и со своите предизборни ветувања, префрлајќи ги ингеренциите на општината Сарај (слично како и за платформата на Матка!) која веќе го реализира Деталниот урбанистички план.Градоначалникот Блерим Беџети пак, тврди дека Општината само го направила планот, а понатаму постапката ќе ја води Владата, која ќе го прогласи овој дел за слободна туристичка зона, која треба да прерасне во туристичка атракција.И повторно имаме случај на префрлање на ингеренциите, се’ додека се изгуби трагот - кој навистина е виновен за оваа узурпација и приватизирање на јавното добро. Сето ова се прави во интерес на лукративните бизниси на двете партии на власт, кои очигледно многу добро соработуваат кога се матни зделки во прашање.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

ajdovan

24 инфо: Ајдован Адемовски го купи турски „Рамстор“

Претседателот на Македонско-Турска стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на Трговскиот центар Капитол мол и Хотел Хилтон во Скопје, Ајдован Адемовски ги купи 100% акциите на Рамстор Македонија дознава 24 инфо.Рамстор ги нуди своите услуги во 6 различни градови низ Македонија со вкупно 21 маркет и еден Трговски центар во центарот на Скопје.Текстот во целост на:  24 инфо.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и корупција, исплашени се од прочистување на судството затоа поднесуваат неосновани интерпелации

Пратеникот во Собранието и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов во денешното гостување во емисијата „Утрински Брифинг“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и белиот дворец се синоним за криминал и корупција, па оваа партија како да се исплаши од почетокот на процесот на прочистување на судството па веднаш поднесе неосновани интерпелации за министерот Бојан Маричиќ и вице-премиерот Љупчо Николовски.„Сите се сеќаваме како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше кога се носеше Законот за јавно обвинителство и кого се предлагаше за нов државен јавен обвинител. Таква партија која претставува синоним за криминал и корупција, е нелегитимно да поднесува какви било интерпелации или пак да зборува за спречување на корупција, кога изворот на корупција и криминал е токму во седиштено на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме поранешни и сегашни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се соочуваат обвинителни акти и не гледам зошто една таква партија освен заради страв поднесува вакви интерпелации“ посочи Костадинов.Костадинов додаде дека и овие како и претходните поднесени интерпекации ќе бидат неуспешни затоа што парламентарното мнозинство ги има предвид сите околности.„Интерпелациите на ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа уште пред да започнат. Најавата за интерпелациите дојдоа од пратеничката Гордана Силјановска Давкова која е единствениот министер во државата, а за што постојат и стенограмски белешки, која самата на себе си има доделено фри-шопови, а истата таа Силјановска денес поднесува интерпелација затоа што замислете, не е задоволна од борбата против корупцијата“ заклучи Костадинов во гостувањето во „Утрински брифинг“.Фото:СДСМ

Слајдер | пред 5 години

policija-2-1

189 санкционирани возачи во Скопје, 21 без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, од кои 21 за возење без возачка дозвола, 9 санкции за непочитување на брзината на движење, 2 за управување под дејство на алкохол, 7 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 18 мерки за користење на мобилен телефон, 9 за некористење на сигурносен појас и 59 за непрописно паркирање.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

javna-soba

Јовески за „Јавна соба“: Профилот е на платформа со седиште во странска држава, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за „Дојче Веле“ зборуваше за случајот „Монструм“. Тој рече дека сторителите се обвинети врз основа на цврсти и неспорни докази.„Пред се би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека на одбраната не и е овозможен увид во возилото со што е повреден принципот на еднаквост на оружјето, но и на други околности од утврдената фактичка состојба.“, вели Јовески.Јовески за „Дојче Веле“ зборуваше и за случајот „Јавна Соба“.„Јавна соба” е профил отворен на платформата Телеграм, со седиште во странска држава. Оттука, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање, ниту пак да наредиме за гонење на сторителите да ни ги дадат доказите. Според тоа, во вакви случаи преземањето на определени дејствија бара подолг временски период, но и подготвеност за соработка на странските правосудни органи. Истовремено, би сакал да напомнам дека има потреба од измени и дополнување на Кривичниот законик во овој поглед, односно потребно е законодавството да го следи современиот развој, но и развивање на соработката со надлежните странски органи. “, рече Јовески.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

ИЈЗ од од 25 до 31 јануари: Зголемeн бројот на нови случаи, намален на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари 2021, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија.Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=540, 26,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=368; 18,1%), 50-59  (n=365; 17,9%), 30-39 (n=374; 18,4%) и 20-29 (n=251; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=41; 2,0%) и 10-19 години (n=97; 4,8%).По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ги запознаваме ретките болести: Александрова болест

Секој ден ќе Ве запознаваме со по една ретка болест и ќе се обидеме да добиеме одговори на многу отворени прашања, а ќе се слушне и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…Alexander disease – Александрова болестМетахроматска леукодистрофијаMKB  E 75.2Преваленца (распространетост): непознатаМетахроматската леукодистрофија (МЛД) односно Александрова болест, е ретко, генетско, неврометаболно, дегенеративно заболување од кое заболува едно од  40.000 деца во светот. Александровата болест своето име го добила по австралискиот патолог д-р Стјуарт Александар, кој прв опишал инфантилен случај на оваа болест во 1949 година. Александаровата болест најчесто е предизвикана од мутација на гени, односно недостаток или непостоење во организмот на ензимот арилсулфатаза-А (АРСА). Овој ензим е неопходен за разградување и прочистување на клетките од сулфатиди.Александровата болест, која се нарекува и недостаток на Арилсулфатаза-А, е дел од поголема група на болести на лизозомско таложење. Поточно, ова нарушување влијае на растот или развојот на миелинот кој делува како изолатор околу нервните влакна во рамките на периферниот и централен нервен систем. Недостатокот на овој ензим, кој помага да се разградат мастите, доведува до таложење на липиди во ткивото на мозокот, ‘рбетниот мозок и периферните нерви. Како резултат на тоа, мозокот и нервниот систем имаат нарушена функција. Овие промени во миелинската обвивка предизвикуваат разни симптоми на слабост, трпнење на рацете и нозете, губење на стекнатите функции, парализа, слепило, напади и смрт.Другите симптоми се како кај останатите леукодистрофии:– раздразливост;– тешкотии при хранење, тешкотии при голтање;– тешкотии при одење;– губење на контрола на мускулите и ненадејно паѓање;– тешкотија во говорот, неразбирлив говор;– хипотонија (намален тонус на мускулите);– абнормално висок тонус на мускулите;– невообичаени движења на мускулите;– атаксија (губење на способноста да се координира движењето на мускулите);– квадриплегија (парализа на рацете и нозете);– езотопија;– нистагмус (еден вид абнормално движење на очите);– атрофија на оптичкиот нерв;– проблематично однесување;– психомоторна регресија;– намалена ментална функција;– промена на чувствителноста на кожата;– мускулна дистонија што предизвикува извртување на телото, главата, рацете и нозете.Постојат неколку форми на  Александровата болест:– Доцна инфатилна формаПо период на навидум нормален раст и развој на детето, вештините како што се одење и зборување, можат да се влошат. Болните деца имаат потешкотии во одењето по првата година од животот, а самите потешкотии се јавуваат од околу 15 до 24-месечна возраст. Симптомите вклучуваат раздразливост, слабеење на мускулите и слабост, застој во развојот, прогресивно губење на видот што доведува до слепило, нарушено голтање, парализа и деменција. Кога клиничките симптоми ќе станат забележителни, тие често се појавуваат брзо и напредуваат за кратко време, дури и наизменично со период на стабилизација сè додека не се активира повторно некој симптом. Детето во крајна ситуација, станува врзано за кревет, не може да зборува, не може да голта, има потешкотии при дишењето. Голтањето станува сè потешко, па хранењето со цевка станува неопходно. Бидејќи нема лек, повеќето деца со оваа форма на МЛД умираат на возраст до 5 години, често пати и многу порано. Смртта главно се јавува како резултат на инфекции, како што е пневмонијата.– Рана јувенилна формаСе јавува кај деца на возраст од 4-6 години, па при оваа форма на болеста, моторните функции се губат, има проблем во однесувањето на детето, неможност за одење, дизартрија (тешкотии во зборувањето) и болка во екстремитетите поради зафатеност на периферните нерви.Оваа форма има побавна прогресија и се препознава по атаксијата (губење на способност за контрола на сите или некои мускули за движење, нарушување на рамнотежата или координација на движењето) и менталниот дефицит. Смртта се јавува во рок од 10 години од почетокот на симптомите.– Доцна јувенилна формаПочетокот на оваа форма се јавува на возраст меѓу 6-12 години и симптомите можат да станат јасни во раните училишни години, кога моторното оштетување или падот на когнитивната функција може да укаже на почеток на болеста. Симптомите можат да вклучуваат инконтиненција, тешкотии при одење и застој на говор.Оваа форма на Александровата болест често се прикажува како промена на личноста и промени во однесувањето, како и неможност за учење и работа. Може да се појават напади т.е. тремори-треперење на мускулите и на крајот губење на можноста за одење. Конечната фаза на болеста е како во доцната инфантилна форма. Пациентот често достигнува зрелост.– Возрасна формаПрвичните симптоми можат да се појават уште на 14-годишна возраст и да продолжат да се појавуваат сè до 50 години. Симптоми кои се јавуваат кај оваа форма на Александровата болест, се: промена на личноста, губење на способност за вршење било каква работа, рана деменција со симптоми на психоза. Кај овие болни често доаѓа до погрешно дијагностицирање на психијатриските нарушувања како што се шизофренија, депресија, а всушност се работи за лице кое страда од Александрова болест . Злоупотребата на алкохол и дрога може да се појави и кај лицата со ова заболување. Оваа форма напредува побавно, а смртта може да биде неколку децении по откривање на симптомите.Бидејќи причината за Александровата болест е недостаток на ензимот арилсулфатаза-А (АРСА), тестот на крвта кој покажува ниско ниво на ензимот, всушност укажува на метахроматска леукодистрофија.Во моментов нема лек за Александровата болест. Единствените третмани се трансплантација на коскена срцевина или матични клетки и тие се најефикасни во забавување или запирање на болеста кај лицата кои се во рана фаза на болеста т.е. во пресимптоматската фаза. Затоа раната дијагноза на оваа болест е многу важна.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Вклучете се! (Крај)извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Тројца доктори и една медицинска сестра од Инфективната клиника се позитивни на Ковид-19

Тројца доктори и една медицинска сестра од Инфективната клиника се позитивни на Ковид-19, објави ТВ 24.Како што информираат, сите се со полесни симптоми и се на домашно лекување.Ова се случува после десетина дена откако на Клиниката за нефрологија беа заразени повеќе од 20 вработени истовремено.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

samoilova-tvrdina

(ФОТО) Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести

Самоиловата тврдина светна во знак на поддршка на ретките болести. Денеска и официјално започнува едно месечната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“.Во најкраткиот месец во годината кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“ поради ретките 28 дена, јавноста ќе биде запознаена со различните и специфични дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата држава. За таа цел се изработени 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик, наапиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Целта на проектот е да се подигне јавната свест кај граѓаните но и јавните институции за подобро да се запознаат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести. Да зборуваме гласно за дијагнозите и ретките болести бидејќи споделувањето информации не носи кон нови технологии и нови терапии.Да бидеме солидарни, да поддржиме, да помогнеме.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

grubi

Шефот на кабинет на Артан Груби фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати

Шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби, бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати, со нелегално поставени флешери, дознава „А1он“.  Според извори на медиумот  тој бил затекнат вчера и е еден од 32 лица за кои МВР објави дека биле санкционирани поради злоупотреби при наплата на патарината. Полицајците го фатиле при спроведување на акциска контрола на МВР.Неофицијално тој бил со службено возило на кои биле поставени флешерите. Автомобилот бил сопственост на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.Текстот во целост на: „А1он“.

Македонија | пред 5 години

metro-noz

(ВИДЕО) Неколку лица се повредени во напад со нож во метро во Брисел

Неколку лица се повредени во напад со нож во метро во Брисел, објави белгискиот портал „Ле Соар“.https://twitter.com/interactiveTur/status/1356290089257738240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1356290089257738240%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bdd0b0d0bfd0b0d0b4-d181d0be-d0bdd0bed0b6-d0b2d0be-d0bcd0b5d182d180d0be-d0b2d0be-d0b1d180d0b8d181d0b5d0bb%2FНападот се случил околу 15 часот по локално време, а полицијата го разоружала напаѓачот и тој бил уапсен.Според еден сведок, целта на нападот биле жени.Друг сведок рекол дека најмалку една жена била прободена со нож во вратот.Според некои наводи, човекот прво ги нападнал патниците во возот со нож, а потоа се симнал од возот и започнал да напаѓа други луѓе.Полицијата потврди дека имало инцидент, но засега нема објавено детали.извор: Макфакс 

Македонија | пред 5 години

patarina1

32 глоби за неплаќање патарина и користење "флешери", казни и за шест полициски службеници

На 31.01 и 01.02 од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Државниот инспекторат за транспорт и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот беше извршена засилена контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби при наплатата на патарина на автопатиштата и неовластена употреба на т.н. „флешери“.Притоа изречени се 32 глоби за неплаќање на патарина. Шест полициски службеници ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација и против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

protesti-igor

Спасовски: За протестот за „Монструм“ има и кривични и прекршочни пријави

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најавува дека за протестот организиран во петокот за поддршка на обвинетите во „Монструм“ ќе има кривични и прекршочни пријави.Најавата тој ја даде од собраниската говорница на дебата за измените во Законот за полиција, кога пратеникот Бране Петрушевски, забележа дека во изминатиот период имало селективно постапување на полицијата кога има групирања, односно на Вевчанскиот карневал имало сериозна полициска интервенција, додека на протестот немаше полициско дејствување, објави 360stepeni.mk.„Нема ниту еден настан на кој не се делува, претпоставувам дека мислите за протестот во петокот. Секако таму има и кривични пријави, постојат и прекршочни пријави. Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено и завршено до крај од одделот за насилен криминал и јавното обвинителството. Така што никаде нема состојба каде не се преземаат дејствија. Само се прави процена како и на кој начин да ја зачуваме состојбата на задоволително ниво и да не настанат поголеми штети. Меѓутоа одговорноста секако ќе има“, рече Спасовски одговарајќи на забелешките.Текстот во целост на: 360stepeni.mkфото: Архива

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Струмичанец силувал малолетничка, а негов пријател снимал

Двајца струмичани се осомничени за силување, подведување и за производство и дистрибуција на детска порнографија.СВР – Струмица поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(28) од село Баница, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело подведување и овозможување полови дејствија и против С.Т.(24) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела подведување и овозможување полови дејствија и производство и дистрибуција на детска порнографија.В.Ѓ. во текот на летото 2019 добил понуда од С.Т. да му овозможи средба со малолетничка во напуштен локал во трговски центар, каде што В.Ѓ. извршил обљуба над оштетената, а С.Т. со мобилен телефон го снимал настанот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Plasticni-kanti

Ќе се доделуваат пластични канти за отпад

Согласно Програмата за заштита на животна средина и природа секоја година ќе се врши доделување на пластични канти од 120 литри за селекција на отпад на домаќинствата на територија на Општина Охрид. Оваа година канти ќе добијат индивидуалните домаќинства на следните улици: „Димо Хаџи Димов“, „ Париска комуна“, „ Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ – само непарни броеви и „Момчило Јорданоски“ – само парни броеви.Граѓаните кантите ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„ Механизација“ на ул.„ АСНОМ“. При подигнувањето на кантите треба да приложат лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од Ј.П. „ Охридски Комуналец“. Кантите ќе може да се подигнат секој работен ден ( од понеделник до петок ) во период од 01.02. до 28.02.2021 година, од 07.00 до 13.00 часот.Граѓаните кантите за отпад треба да ги оставаат на лесно достапни места за возилото за собирање на отпад согласно предвидената динамика за собирање на отпадот од наведената улица.Целта на оваа активност е да се укаже на пробламите од областа на екологијата и да се влијае на подигање на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во голема мера отпадот се собира во нестандарна амбалажа, а со собирање во пластични канти се подобруваат хигиенско – санитарните услови, заради тоа што нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот и формирање на диви депонии.

Македонија | пред 5 години

lek-3

ФЗОМ обезбеди буџет за лекот Kalydeco/Ivacftor

Фондот за здравствено осигурување ќе обезбеди условен буџет од вкупниот договорен буџет за 2021 година за ЈЗУ Клиника за детски болести за набавка на лекот  Kalydeco/Ivacaftor во износ од 6.663.048,00 денари.Лекот ќе се користи за обезбедување на здравствени услуги на трoјца пациенти кои се лекуваат во ЈЗУ Клиника за детски болести. Согласност за набавка на лекот побара Клиниката за детски болести, а Министерството за здравство издаде согласност за набавка на овој лек, во склад со член 9 од Законот за здравствено осигурување.Одобрението што го даде Фондот, е во траење од два месеци, по што од страна на Клиниката за детски болести ќе се направи анализа за успешноста на  примената терапијата. Доколку резултатите се позитивни, а имајќи предвид дека се работи за доживотна терапија лекот  Kalydeco/Ivacaftor по  претходно спроведена процедура за негово вклучување преку Комисијата за ретки болести, понатаму ќе биде обезбедуван во рамките на Програмата за лекување на ретки болести за 2021 година, која е во надлежност на Министерството за здравство, а ја носи Владата на Република Северна Македонија.фото: TheSocialMedwork 

Македонија | пред 5 години

kovid-kalkulator

Ковид калкулатор - откријте кои работни места се со висок, а кои со среден или низок ризик

Од почетокот на следниот месец се најавува целосно враќање на административните работници на своите работни места, а работодавачите и работниците од сите индустриски гранки во земјата и светот постојано се во потрага по одговорот на прашањето како правилно да го организираат работниот процес со цел ефикасно реализирање на работните задачи, но истовремено и зачувување на здравјето на секој работник, односно намалување на опасноста од ширење на коронавирусот, објави  skopjeinfo.mk. Со цел да се даде одговор на прашањата кои работни места се со висок, а кои со среден или низок ризик, а во рамки на националната методологија која се базира на утврдување на ковид-возраст, во јавна употреба е пуштен ковид-калкулаторот, кој е достапен ОВДЕ.Ковид калкулаторот како практична алатка за утврдување на ковид-возраста на секој работник, заедно со националната методологија се изработени од страна на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) кое во соработка со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) интензивно работи и на основање на центарот на знаење „Епи Ковид-19 БЗР центар“.Текстот во целост на:  skopjeinfo.mk. фото: prtsc

Македонија | пред 5 години

korona-1

Денеска 61 нови случаи на Ковид 19 и починати 11 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 35, Кавадарци –7, Тетово – 3, Прилеп – 3, Штип – 3 , Охрид -2, Струга -2, Кочани – 2, Куманово – 1, Гостивар -1, Велес – 1, Крива Паланка – 1 .Регистрирани се 440 оздравени пациенти од:Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5 , Берово – 5 , Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2 , Неготино – 2 , Ресен – 2 ,Виница – 2 , Богданци – 2 , Охрид – 1 , Свети Николе -1 , Радовиш – 1 , Демир Хисар -1 , Пехчево – 1.Починати се 11 лица, 6 пациенти од Скопје (83,83,82,81,73 и 67г), два од Гостивар ( 60 и 61г ) и по еден од Охрид (83г), Струмица (75г) и Тетово (77г).Сите 11 пациенти се починати во болнички услови.Направените 678 теста се преку: ИЈЗ-103, ЦЈЗ Скопје-38, Авицена-0, Биотек-70, Жан Митрев (Филип Втори)-86, Систина-159, лабораторија Лаор–0, МАНУ-45, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -4, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 173, УК Пулмологија со алергологија–0, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 457.019 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 40.4451, активни 4.014• Куманово 5.201, активни 343• Тетово 5.116, активни 311• Прилеп 4.563, активни 147• Гостивар 3.625, активни 196• Штип 3.505, активни 114• Битола 3.231, активни 153• Велес 3.101, активни 255• Охрид 2.822, активни 371• Кавадарци 2.611, активни 322• Струмица 2.535, активни 249• Струга 2.216, активни 161• Кочани 1.724, активни 73• Кичево 1.719, активни 124• Свети Николе 1.080, активни 34• Гевгелија 995, активни 100• Неготино 966, активни 83• Дебар 766, активни 93• Ресен 742, активни 97• Крива Паланка 724, активни 37• Радовиш 707, активни 50• Делчево 619, активни 178• Берово 594, активни 36• Пробиштип 507, активни 32• Виница 491, активни 29• Валандово 325, активни 11• Македонски Брод 246, активни 12• Демир Хисар 244, активни 5• Кратово 230, активни 25• Богданци 225, активни 23• Крушево 208, активни 26• Демир Капија 207, активни 39• Македонска Каменица 190, активни 17• Пехчево 183, активни 10• Дојран 84, активни 6

Македонија | пред 5 години

1111

(ФОТО) Уредена е нова пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата

Уредена е нова пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата.Овие активности се дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид и за оваа намена од општинскиот буџет беа издвоени 600.000 денари. Работните активности на терен ги изведуваа екипите на ЈП „Градски гробишта“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

omb01

АА: Насер Зибери не може да биде Народен Правобранител - тој не е независен и самостоен

Алијанса за албанците одржа прес конференција пред канцеларијата на Народниот Правобранител, со цел како што велат да ја изразат нивната  некомпатибилност и револт во врска со изборот на Насер Зибери за Народен Правобранител.„За жал, пред неколку дена, на многу лукав начин во Собранието на Северна Македонија, со само 61 глас „за“ и без согласност на опозицијата, Насер Зибери беше избран за Народен Правобранител.Ве потсетуваме дека Насер Зибери, покрај тоа што беше политички активист и партиски функционер, на последните парламентарни избори беше кандидат за премиер од ДУИ, од партијата што е денес во влада, против која Насери Зибери ќе мора да ги заштити правата на граѓаните, велат од Алијанса за Албанците.Тие додаваат:Ова е спротивно Законот за Народен Правобранител, кој во член 3 вели: „Народниот Правобранител е независен и самостоен во извршување на својата функција.“ Додека во членот 2 се вели дека Народниот Правобранител е тело кое ги штити уставните и законските права на граѓаните и сите други лица, кога тие се повредени од органите на државната управа и од другите тела и организации кои имаат јавни овластувања.Факт е дека Насер Зибери не е независен и самостоен, затоа нема да може да ги брани правата на граѓаните против владата, што значи дека тој не е и не може да биде Народен Правобранител.Денес, на денот на неговата инаугурација, одлучивме симболично да ја преименуваме канцеларијата на Народниот Правобранител, како што и навистина заслужува и ќе биде канцеларија на Правобранител на Владата / ДУИ.Во врска со ова, ги повикуваме сите институции на Европската Унија и амбасадите на пријателските земји, јавно да го осудат овој чин на заплена на државните институции, што не само што е во спротивност со Законот за народен правобранител, туку и со принципите на Венеција за Народен Правобранител.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања