Мицкоски: Не сме сите исти, излегуваме на протест зошто не се живее подобро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Mickoski-12.03.2022

Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во „Стадион“ на Канал 77, говорејќи за претстојниот протест на 18 јуни, потенцирајќи дека граѓаните на сите анкети кажуваат дека треба да се излезе и дека државата оди во погрешна насока.

— реклама —

Мицкоски посочи дека откако Ковачевски ја презеде владата, нема ништо добро направено, напротив во Македонија работите станаа полоши.

- Поминаа 5 месеци и освен изјави од картончиња јас не можам да кажам што ги одбележа овие 5 месеци на Ковачевски, не може да се каже дека направил добар потег или реформа. Тоа што беше лошо стана полошо и не можам да издвојам нешто добро и тоа е причината зошто излегуваме на протест и зошто ќе има таков протестен период, истакна Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски додаде и дека разни структури протестираа во Македонија и неодговорно е ако граѓаните на анкетите велат дека ако велат да излезете и ако велат дека оваа држава оди во погрешна насока, вие да молчите.

- Ако не се излезе на протест и не се бараат промени народот ќе мисли дека сите се исти, ќе си велат ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, другите на централно ниво, а народот живее посиромашно, нагласи Мицкоски.

Мицкоски изјави дека Ковачевски не излегол на избори и од државен аспект не застапува политика, туку ги штити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ и ревносно ги спроведува

- Прилично е вешт да ги заштити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања