Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

15012021_PVRSM_Zaev_intervjuKapital-2

Заев: Го видов предлогот на Пендаровски да се одложи пописот на некој месец, јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, по новинарско прашање за предлогот на претседателот Стево Пендаровски за тоа да се одложи пописот, истакна дека тој е спремен за одложување.„Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, посочи Заев.извор: ТВ 21 

Македонија | пред 5 години

Grabez-pistol

Тројца скопјани под истрага за разбојништво

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 31 јануари, тројцата осомничени влегле во спортска обложувалница на улица „1613“, покажувајќи пластичен пиштол се заканиле дека ќе нападнат врз животот на еден вработен и одзеле картонска кутија во која имало 32.000 денари во различни апоени. Потоа со возило избегале од местото.Двајца од осомничените на 1 февруари сториле уште едно разбојништво така што влегле во аптека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ и на вработената и се заканиле со пластичен пиштол, барајќи да им ги даде парите од дневниот промет. Вработената го отворила малиот прирачен сеф на наплатното биро, но во него немало пари. Еден од осомничените започнал да се обидува да ја отклучи фиоката на регистер касата со дневен промет, но клучот заглавил и по неколку обиди се скршил. Потоа, тој со физичка сила насилно ја откорнал втората заклучена регистер каса во која имало околу 3.000 денари и двајцата осоничени почнале да бегаат. Но, ги забележале полициски службеници, кои почнале да ги бркаат осомничените. Во моментот кога бил престигнат, еден од осомничените ја фрлил касата кон полицајците, по што бил совладан и лишен од слобода. Другиот осомничен, пак, влегол во влез на една од зградите и го скрил пиштолот во пластичната таванска ламперија на влезот.За сите тројца осомничени, на возраст од 27, 36 и 26 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Имено, јавниот обвинител оцени дека постои опасност од бегство, можност да ги уништат трагите и да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците, како и опасност осомничените да го повторат делото.​​фото: Архива

Скопје | пред 5 години

maz

Маж лежел на земја во паркот „Жена борец“, на брзата помош и требале 30 минути да дојде

Вчера во 16:50 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје, минувачите забележале лице кое лежело на земја. Во 16:51 часот луѓето повикале Брза помош, но наместо итна интервенција од операторот добиле низа прашања: дали лицето е во алкохолизирана состоја, дали може некој да провери дали мириса на алкохол, дознава ТВ21.Поради пандемијата, никој не можел да провери и да му се доближи на паднатиот човек.Лицето лежело легнато на земја, со крв по лицето, на само 5 минути од Градската болница. Полциски службеници дошле по 10 минути, но откако сфатиле дека не можат да интервенираат и тие побарале медицинска помош.Од првото пријавување до доаѓањето на Брзата помош поминале цели 30 минути иако болницата е на само 5 минути од паркот.Текстот во целост на: ТВ21.

Скопје | пред 5 години

DSC03

Мицкоски: Очекувам сите политички партии во рамките на парламентот да ги поддржат матурантите, бидејќи матурантите се во право

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната изјава одговорајќи на новинарски прашања дали очекува од другите политички партии да ги поддржат измените на Законот за средно образование кои што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ги поддржува матурантите и наставниот кадар бидејќи како што вели тој тие се во право и ги повика сите пратеници да го поддржат законот бидејќи на тој начин ќе се надминат сите недоразбирања.Очекувам сите политички партии во рамките на парламентот да ги поддржат матурантите, бидејќи матурантите се во право. Можеби на јавноста не и е јасно, но сакам еве и јас од името на професорите, не од името на политичарите, да ги поддржам матурантите, да го поддржам и наставно образовниот кадар во основните и средните училишта, кој што негодува практично на т.н реформи кои што се прават во оваа зграда, во една канцеларија од каде што претпоставувам сега не гледа од високо, која што поима нема, абер нема што е образование, ниту пак реформи во образованието. Ги поддржувам сите нив во нивните намери, затоа што и матурантите и наставно образовниот кадар се во право. И ги повикувам пратениците во парламентот да го поддржат законот на опозицијата кој што беше поднесен, затоа што на тој начин ќе бидат надминати сите недоразбирања. А кои се недоразбирањата, вие знаете дека на почетокот на учебната година, учебната година доцнеше еден месец поради неспособноста на надлежната да обезбеди услови за следење настава на учениците во Македонија. Наместо да почнеме во септември, започнавме во октомври. Им беше ветено дека ќе бидат скратени содржините, што не се случи, со исклучок на еден предмет неколку содржини, а дел од часовите за повторување и проверка на знаењето, не беа одржани. Голем дел од наставниот кадар, поради пандемијата и второстепената неспособност на власта да се справи со пандемијата, беше отсутен од наставно образовниот процес. Сето тоа доведе да оваа учебна година, биде навистина невозможно да се следи на начин на кој што претходно беше предвидено, посочи претседателот Мицкоски.Што бараат матурантите. Да биде бројот на задолжителни предмети кои што ја полагаат државната матура, не училишната, оние кои што одлучуваат да го продолжат своето образование на универзитетите, да биде намален. Она што им се нуди од страна на власта и преку државниот испитен центар, материјата да биде олеснета, односно да имале олеснети прашања. Според кој критериум и според која скала ние можеме да мериме кои се тврди и силни прашања, а кои се меки и лесни прашања. Комплетно неспособни луѓе се занимаваат со работа која не ја владеат. Единствено нешто што знаат е во услови кога имаме руинирани училишта, кога имаме искршени прозорци, руинирани тоалети, невозможни услови за следење на настава, да потрошат 25 милиони евра заем кој што допрва ќе го земат од една од меѓународните институции за обуки и за криминал. Тоа е единственото нешто што оваа министерка која се наоѓа на еден од спратовите на оваа зграда зад мене, го нуди на учениците и на образовниот кадар.Затоа ги повикувам колегите пратеници, немојте да следите партиски наредби, немојте да ги правите грешките од минатото, оставете ја Мила Царовска и Зоран Заев и луѓето скапо платени за нивниот пи-ар, кој што гледаме дека и тоа не им врви од рака. Подржете го она кои што го бараат вашите синови, ќерки и внуци, подржете ги предлагачите и оние луѓе кои што ги образоваат тие луѓе. Нека не биде тоа предлог од ВМРО-ДПМНЕ, застанете сите пратеници и потпишете се на иницијативата, сите заедно во рамките на Парламентот да ја подржиме таа иницијатива без разлика дали се од ДУИ, СДСМ, Алтернатива, Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ. Немојте да создаваме генерации кои што неправилно ќе се формираат. Не се тие виновни што имаме неспособна Влада. Тие луѓе го заслужуваат вистинското образование, нагласи Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

5

(ФОТО) Царинската управа има 5 кучиња трагачи, едно од нив ќе се пензионира, но како донација од Германија добиваме 4 нови

Кучињата трагачи денес беа во посета на Царинската управа заедно со своите водачи. 5те кучиња Џери, Барон, Пимбо, Арон и Раф се дел од Царинската управа уште од 2000та година и се од особена важност бидејќи се користат за заштита на граничните премини при спречување на нелегално транспортирање на наркотици. Имаат учествувано во повеќе акции кои се успешно реализирани.Оваа година Џери ќе биде пензиониран, а на службата за мобилни тимови на Царинската управа ќе им се придружат 4 нови кучиња како донација од Германија. Овие кучиња од 9 месечна возраст се специјално тренирани да препознаваат специфични супстанци.Директорот на Царинската управа и претставници од Секторот за контрола и истраги ја истакнаа својата поддршка кон царинските службеници од мобилниот тим кои се одговорни за кучињата трагачи. Оваа единица во Царинската управа е од особена важност во борбата против криминалните активности и прекршоци.фото: Царинска управа

Македонија | пред 5 години

paskali

Охриѓанец, дипломиран археолог го чисти Охридското Езерото од секаков отпад

Кади, врати од туш кабини, пластични канти од отпадоци, троседи, се само дел од работите кои екологостите ги наоѓаат во водите на Охридското Езеро, нешто што во целост ја открива негрижата за богатствата со кои располага земјава, со посебен акцент на водите, а во ризик го доведуваат и биодиверзитетот и во исхраната на живиот свет во езерото, објави А1 ОН.Никола Паскали е дипломиран археолог, со специјалност подводна археологија. Тој е истражувач, спелео нуркач, фотограф и екологист, иако се води како невработен. Паскали активно вклучен во експедициите на пештерата Врело на Матка од 2011, и нурка од свои 12 години, нешто што му е останато како наследство од татко му, кој е нуркач од 80-тите години.Да се вади отпадот од езерото кое е гордост и богатство на Македонија, најверојатно не е лесно, за што потврдува и самиот Паскали, раскажувајќи за „А1он“ со какви предизвици се соочува, борејќи се да ја зголеми свеста за грижата на водите во Македонија. Но, како што вели тој, борејќи се за една цел, во прашање се доведува друга.„Ние овие активности ги работиме веќе 15 години, а последниве неколку години настапуваме поагресивно со цел да ги поттикнеме и другите граѓани да се вклучат активно во чистење на целата наша држава, бидејќи како што гледаме, целата наша држава е една депонија. Не се само водите, видете насекаде. Од градежен шут, пластични шишиња, се и сешто. Многу нелогично е кога ние ќе исчистиме одредено место, отпадот го фрламе во депонираме со комуналните претпријатија и тој истиот отпад се носи во депонија и се гори, па добиваме загаден воздух. Нема никаква логика. Ние со самото вадење на пластично шише, автомобилска гума, пластична лименка, освен добро, изгледа правиме и лошо“, раскажува Паскали.Текстот во целост на: А1 ОН.

Македонија | пред 5 години

otpad-2

Започна доделувањето на пластични садови за селекција на отпад за индивидуалните домаќинства во Општина Охрид

Започна доделувањето на пластични садови за селекција на отпад за индивидуалните домаќинства во Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Предвидено е да бидат доделени 500 садови од 120 литри на домаќинствата со непарни броеви од улиците: „Димо Хаџи Димов“, „Париска комуна“, „Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ и на домаќинствата со парни броеви од улицата „Момчило Јорданоски“.Оваа активност е дел од Програмата за заштита на животна средина и природа и има за цел да влијае на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Граѓаните ќе можат да ги подигнат садовите за депонирање во просториите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, Р.Е.„ Механизација“ на ул.„АСНОМ“. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

monstrum

Рауфи во завршни зборови за “Монструм“ : Обвинетите се невини, поранешните специјални обвинители се несериозни

Адвокатот Насер Рауфи, кој ги застапува обвинетите во случајот „Монструм“, во завршните зборови кажа дека тие се невини, како и дека против нив нема докази. Рауфи кажа дека обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се несериозни со обвинувањата, а на повтореното судење не извеле ништо ново. Адвокатот смета дека обвинителите не го знаат мотивот за петкратното убиство, затоа што обвинетите не убивале кај Смилковското Езеро, објави Макфакс.„Монструм наликува на аферата „Драјкус“ бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен казна затвор и тоа од две судски истанци. Поранешните специјални обвинители се несериозни и тие се тие што ја матат водата. Случајот „Монструм“ е инструиран. За обвинителите мотивот е непознат, а тоа е секако бидејќи обвинуваат невини луѓе. Дека предметот е исконструиран, не е став само на бранителите, туку и на Американскиот Стејт департмент во своите извештаи во 2014 и 2015 година. Застапниците на обвинението не изведоа ништо ново, освен тоа што беше изведено во претходната постапката. Причина за укинување на пресудата беше недостиг на докази за некој да биде осуден. Одбраната успеа да ги разбие двата вербални докази на Обвинителството, а тоа се двете изјави од фамозниот загрозениот сведок. Се докажа дека тој е буквално втурнат во настанот. Тој загрозен сведок, беше пронајден на 2-3 дена пред истек на рокот за поднесување обвинение, тие немаа докази па мораше да се засили. Немаа ништо, мораа да втурнат сведок. Не можеа ништо да докажат. Без него, сега Обвинителството има 50 отсто помалку докази“, рече Рауфи.Текстот во целост на: Макфакс. 

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Fatmir-Bytyqi-Utrinski-brifing-1

Битиќи во „Утрински брифинг“: Разговараме за две нови инвестиции од 300 милиони евра

Зборувајќи за интересот на компании од странство да инвестираат во Северна Македонија, заменикот на претседаетлот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи рече дека само во текот на оваа седмица, во изминатите два дена, остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра.„Од понеделникот имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи коишто се поврзани, двете се поврзани со металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната е странска, другата е домашна инвестиција, но зборуваме за сума од 300 милиони евра“, откри вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.„Имав на гости странски инвеститор и кога зборувавме за висина на платите рекоа дека ќе вработат 60 луѓе, но со 30 % повисока плата од просечната, нам ни требаат такви инвеститори, кои ќе се приклучат кон владината политика за повисоки плати и кон заштита на секое работно место“- рече Битиќи.На прашање дали индексот за корупција влијае на интересот на странските компании да инвестираат во нашата земја и за критиките од опозицијата дека некои од странските инвеститори ги раскинале договорите за државна помош, вицепремиерот Битиќи објасни дека станува збор за праведно и правично постапување кон договорените обврски на двете договорени страни.„За оние странски инвеститори кои не ги исполниле обврските од потпишаните договори, ние не можеме да ги молиме да останат во државата, туку постапивме согласно договорните обврски и одлучивме да ги раскинеме договорите за државна помош. Договорите не се раскинати на барање на компаниите, туку на иницијатива на Владата, на мојот Кабинет и тоа е направено исклучиво затоа што тие компании не ги исполнија договорните обврски од нивна страна. Дел од тие компаниите, кои во дадениот рок од 2 години, не успеале да ја реалираат инвестицијата, веројатно ќе се вратат и ќе побараат нови договори, но има и други нови компании со кои разговараме за реализација на инвестиции во нашата земја“, објасни вицепремиерот Битиќи.фото: ЗПВРСМ за економски прашања

Македонија | пред 5 години

sindikati-zatvori

Синдикатот на Затворите обелоденува: Се врши деградирање на членовите, местенки за бркање од работното место и монтирани процеси

Синдикатот на Затворите, синдикална организација при Синидикатот на администрација и државна управа на Македонија (САДУ) одржа прес-конференција на која беа истакнати проблемите со кои се соочуваат во рамките на синдикалната организација, почнувајќи од деградирање на членовите, па се до фингирани постапки кои на крај под притисок завршуваат со отказ.,,Сето тоа го препишуваме на активностите коишто ги преземавме во претходните неколку денови, притисокот почна да се рефлектира и врз останатите наши членови, а започна и нивно деградирање, што согласно Законот за работните односи и Конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои ги има ратификувано и Македонија, е спротивно дејствие и во целост ги загрозува човековите права како и слободите на синдикалното организирање.На уште еден член на Синдикатот на Затворите, Љубомир Божиновски, поради банални причини, со голем притисок врз Комисијата за дисциплинска постапка му е изнудена парична казна, а потоа истата да заврши и со отказ. За истиот член сите три синдикати во КПУ Затвор – Скопје потпишаа и иницијатива и во истите членуваат 90 % од вработените, за поддршка на колегата Љубомир Божиновски кој беше предмет на притисок, деградација и на крај и отказ.Врз Љубомир Божиновски, виш надзорник во КПУ Затвор – Скопје од 29.12.2020 година па наваму, кон него се врши класична местенка за бркање од работното место, преку изнесување на целосни невистини и монтирани процеси.Поточно, на 29.12.2020 година, извршувајќи ги работните задачи на неговото работно место, негов колега кој во споредба со него има десет години помалку работен стаж во институцијата, го фотографирал со мобилен телефон, по што бил принуден да ги извести надлежните во институцијата за прекршокот кој го сторил.Истиот поучен од некого, пријавува дека е нападнат од страна на Љубомир Божиновски со оружје и наведува сведоци во истото службено известување кои доставија службени белешки дека немало никаква закана со оружје. Истиот ден тој беше суспендиран од работното место, до завршување на дисциплинската постапка, за што сметаме дека под секакви принципи и кодекси истото не требаше да се случиИако тој досега не е казнуван дисциплински во институцијата, во која работи 11 години, на дисциплинската постапка од страна на Комисијата, иако сведоците ги потврдија своите известувања, беше казнет со предлог парична казна од 20 %.Меѓутоа, директорот повикувајќи се на член од Законот, ја менува одлуката на Комисијата и му врачува отказ. Испратена е жалба до второстепената Комисија, за што се надеваме дека ќе постапат соодветно и праведно и ќе одлучат во наша корист, бидејќи според сите докази воочливо е дека нема никаква вина со настанот од тој ден.Љубомир Божиновски има ретка хронична болест и ова што му се прави е многу голем стрес за него и неговото семејство. Меѓучовечките односи во Затворот – Скопје се на многу ниско ниво и во претходните неколку денови извршена е низа промени на работните места на наши колеги кои се иницијатори за споменатата иницијатива, односно на претседателите на два синдикати и на дел од членовите.Најавуваме дека доколку не престанат притисоците врз синдикатот и членовите на синдикатот, ќе ги преземеме сите легитимни мерки за истите да престанат.”фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

tepa-zena

Скопјанец осомничен дека телесно ја повредил својата мајка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, осомничениот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој најпрвин започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи и телесни повреди. Подоцна во текот на денот, додека оштетената седела во дневната соба со сопругот и другиот син, осомничениот се вратил држејќи нож во рацете и им се заканил на сите дека ќе ги убие.Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело, но неговата мајка не го пријавувала, како и можноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

Скопје | пред 5 години

monstrum

Казана од 500 евра за организаторот на протестот за “Монструм”

Блерим Ахмеди кој во МВР пријави одржување на протест за поддршка за обвинетите во случајот „Монструм“, бил поканет во полициската станица во Битпазар, каде бил казнет со 500 евра заради прекршување на мерките против ширењето на коронавирусот со протестот на 29 јануари, пренесе Локално.-Вчера бевме повикани од полицијата преку телефон и немавме писмена покана, што е спротивно на законот. Бевме повикани за проблемот со протестот на 29 јануари и тие бараа одговорност за немање социјална дистанца, не носење на маска. Во полициската станица во Бит Пазар имавме голем притисок. Ми беше забрането правото на јазик и не ни беше дозволено да користиме преведувачи. Ја добив казната, од околу 500 евра и ми се заканија дека ако продолжам со протестите како организатор, ќе ме уапсат, изјавил тој за ТВ Лајм.Извор/фото:Агенции

Македонија | пред 5 години

javna-soba

Протестен марш за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“

Платформата за родова еднаквост за денеска организира протестен марш за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“. Ќе се маршира од Министерство за внатрешни работи до Јавното обвинителство.„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот ‘Јавна соба’, кој претставува кривично дело, во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и за сите членови што праќале и сè уште праќаат фотографии и им пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции. Неколку приведени членови и санирањето на штетите нема да нè замолчат“, стои во повикот објавен на социјалните мрежи.Маршот ќе почне во 14.30 часот пред МВР, а ќе заврши пред Јавно обвинителство.„На двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите и ги охрабруваме жртвите на ‘Јавна соба’, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса, да проговорат и да побараат правда. Овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно“, велат од платформата за родова еднаквост.Најавуваат дека на маршот ќе бидат почитувани сите протоколи за безбедност, односно ќе се носат маски и ќе се држи дистанца, а ќе бидат ангажирани соодветен број редари, кои ќе бидат задолжени мерките за заштита од коронавирусот да се почитуваат од почеток до крај.

Македонија | пред 5 години

retki3-1-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Амиотрофична латерална склероза

Amyotrophic lateral sclerosis (ALS) – Motor neuron diseaseАмиотрофична латерална склероза (АЛС) – Болест на моторниот невронMKB: G 12.2Преваленца (распространетост): 1-9 /100.000Амиотрофичната латерална склероза (АЛС) е болест од непозната етиологија и е една од најчестите заболувања на моторните неврони кај возрасните. На почеток на болеста, симптомите што се јавуваат се претежно незабележливи и често пати се игнорираат. Болеста се карактеризира со прогресивна мускулна слабост во рацете, нозете и мускулите одговорни за дишење, говор и голтање. Симптомите не се јавуваат со иста стапка на прогресија, во ист редослед и на истите места. Во зависност од почетните симптоми, кај приближно  2/3 од пациентите постои спинална форма на болеста во која почетните симптоми се слабост и атрофија на малите мускули на рацете. Исто така, кај третина од пациентите постои булбарна форма на болеста која започнува со пречки при голтање и нарушувања на говорот. Кај 5 % од случаите, болеста започнува со изолирана слабост на респираторните мускули, па се манифестира со диспнеа, ортопнеа, несоница, утринска главоболка, замор, анорексија, лоша концентрација и чести промени во расположението.Кај лицата со булбарна форма на АЛС, постои побрза прогресија на симптомите. Во над 80 % од случаите, болеста се јавува на возраст меѓу 40 и 70 години. Крајниот исход е тоа што болните умираат од респираторна слабост, најчесто во рок од две до пет години од почеток на симптомите, но 10 % од пациентите преживуваат 10 или повеќе години. Доколку болеста се појави порано, може да се очекува подолг животен век. Бидејќи АЛС влијае само на моторните неврони, па сетилата за вид, слух, мирис и вкус не се засегнати, а исто така кај повеќето пациенти мускулите на очите и мочниот меур остануваат непроменети.Болеста не влијае на меморијата, личноста или интелигенцијата на пациентот, а пациентите често пати доживуваат страв, депресија и вознемиреност. Амиотрофичната латерална склероза (АЛС) е невролошка болест во која невронската слабост предизвикува мускулна слабост, инвалидитет и на крајот смрт. АЛС често се нарекува и болест на Лу Гериг, по славниот играч на бејзбол кај кој била дијагностицирана оваа болест во 1939 година.Симптоми на амиотрофична латерална склероза:Раните симптоми на амиотрофичната латерална склероза најчесто се појавуваат по 40-годишна возраст и вклучуваат:–  Тешкотија при кревање на предниот дел на стапалата и на прстите;–  Слабост во нозете, стапалата или глуждовите;–  Слабост или несмасност на рацете;– Неразбирлив говор и тешкотии при голтање;– Поигрување на мускулите на рацете, рамената и јазикот.Болеста често започнува во рацете или нозете, а потоа се шири на другите делови од телото, како што се рамената и задникот. Како што напредува болеста, мускулите постепено стануваат слаби додека не се појави парализа. Ова на крајот влијае на џвакањето, голтањето, говорот и дишењето.Причини за амиотрофична латерална склероза:Кај амиотрофичната латерална склероза, нервните клетки-неврони кои го контролираат движењето на мускулите, постепено изумираат, па мускулите постепено слабеат и се распаѓаат со текот на времето. Во 1 од 10 случаи, болеста е наследна додека во други случаи, таа се јавува случајно. Кога болеста е наследна, симптомите обично се појавуваат порано.Причината која ја предизвикува болеста е непозната. Научниците сè уште не можат да откријат зошто некои луѓе заболуваат од АЛС, а некои не. Може да се појави во секоја животна доба со предоминација во средна возраст и предоминација на машкиот пол. Досега постојат неколку хипотези кои вклучуваат генетска мутација, улога на факторите од околината како што е изложеноста на токсични и инфективни агенси. Во 90-95 % од сите случаи, болеста се јавува по случаен избор, без јасно поврзани фактори на ризик, така што болните со оваа спорадична форма на болеста немаат фамилијарна историја за АЛС и членовите на нивните семејства немаат зголемен ризик за заболување од истата. Околу 5-10 % од случаите се наследни со т.н. фамилијарна форма на болеста, со мутации на гени одговорни за одредени ензими.Дијагностика:Ниту еден тест не може да обезбеди дефинитивна дијагноза на АЛС. Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите и невролошкиот преглед , како и дополнителните испитувања за исклучување на други болести кои се слични на АЛС. Еден од тие тестови е електромиографијата со која може и да се поддржи дијагнозата за АЛС. Друга дијагностичка можност е МНР на мозок и ‘рбетен мозок со која може да се поддржи дијагнозата или да се исклучат други болести во мозокот и ‘рбетниот мозок. Сè уште нема лек кој покажал ефикасност во лекувањето на АЛС. Во 1995 година е одобрен првиот лек за третман на болеста – Рилузол, кој го намалува оштетувањето на невроните со намалено ослободување на глутаматот. Клиничките испитувања на пациенти со АЛС покажале дека Рилузолот го продолжува животот на на заболените за неколку месеци, и тоа главно кај оние пациенти кои имаат потешкотии со голтањето. Останатиот третман на пациентите со АЛС е насочен кон ублажување на симптомите на болеста и подобрување на квалитетот на животот. Оваа нега се обезбедува од мултидисциплинарни тимови на здравствени професионалци како лекари, логопеди, фармацевти, нутриционисти и медицински сестри. Физикалната терапија и специјалната опрема можат да ја подобрат независноста и безбедноста на пациентите со АЛС.Извор/фото:ОхридПрес

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Охрид и оваа година ќе субвенционира трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Општина Охрид и оваа година ќе субвенционира трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.Според одлуката која ја усвои Советот на Општина Охрид на својата последна седница, субвенционирањето на трошоците за комунални услуги се однесува за периодот од 01.01.2021 година, заклучно со 31.12.2021 година.Вкупниот износ на субвенцијата ќе изнесува до 670,00 денари месечно за секој корисник и ќе се користи за наменско подмирување на месечните сметки од општинските јавни препријатија.Во текот на наредниот период ќе биде распишан јавен повик на кој ќе бидат прецизирани условите за аплицирање, напиаш на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Констентин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

tutun20prilep-2

Владата донесе Стратегија за производство на тутун за периодот 2021-2027

Владата на Република Северна Македонија на денешната 43-та редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акциски план.Како што соопшти владината прес-служба, меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебно се издвоени државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство, поддршката на доходот на земјоделските стопанства, политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони и поддршката за формирање организации на производители.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

КОВАКС: За Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот квартал од годината

Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис ги соопшти деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Станува збор за вакцината AstraZeneca, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.Дополнително од КОВАКС информираат дека во првиот бран на достава на вакцината Pfizer BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19. Од КОВАКС механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на Pfizer вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот.Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие. За таа цел, вчера во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата.Во однос на вакцинирањето, Република Северна Македонија има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем. За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување на соодветни ладилници. Системот за вакцинација е целосно подготвен. Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против КОВИД-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смрт исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona1

Денеска 407 нови случаи на Ковид 19 и починати 7 лица

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје:во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 187, Кавадарци – 35, Велес – 28, Куманово – 18, Охрид – 18, Тетово – 17, Струга – 16, Делчево – 16, Прилеп – 12, Демир Капија – 7, Струмица – 5, Радовиш – 5, Гостивар – 4, Битола – 4, Кичево – 4, Гевгелија – 4, Неготино – 4, Крива Паланка – 4, Крушево – 4, Штип – 3, Кочани – 3, Кратово – 3, Свети Николе – 1, Дебар – 1, Ресен – 1, Берово – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.Регистрирани се 399 оздравени пациенти од:Скопје – 242, Тетово – 22, Куманово – 20, Прилеп – 17, Битола – 15, Штип – 10, Велес – 9, Радовиш – 9, Гостивар - 9, Струмица – 8, Крива Паланка - 6, Кичево – 5, Гевгелија – 4, Пробиштип – 4, Дебар – 3, Богданци – 3, Кочани – 2, Свети Николе – 2, Валандово – 2, Кавадарци – 1, Струга – 1, Неготино – 1, Кратово – 1, Ресен – 1, Виница – 1 и Демир Хисар – 1.Починати се 7 лица, два пациенти од Скопје (61 и 91г) и од Струмица (63 и 73г), по еден од Тетово (76г), Штип (59г), и Кочани (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Направените 2.540 теста се преку: ИЈЗ-440, Биотек-300, Авицена-248, Систина-216, Жан Митрев (Филип Втори)-150, МАНУ-113, Лаор лабораторија –75, ЦЈЗ Скопје-65, Синлаб-55, ЦЈЗ Битола-48, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-18, Инфективна клиника-3, Судска медицина-1, ГАК-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)-772, УК Пулмологија со алергологија–6, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 459.559 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:Скопје 40637, активни 3956Куманово 5219, активни 341Тетово 5133, активни 305Прилеп 4575, активни 142Гостивар 3629, активни 191Штип 3508, активни 106Битола 3235, активни 142Велес 3129, активни 274Охрид 2840, активни 389Кавадарци 2647, активни 357Струмица 2540, активни 244Струга 2232, активни 176Кочани 1728, активни 64Кичево 1723, активни 123Свети Николе 1081, активни 33Гевгелија 999, активни 100Неготино 970, активни 86Дебар 767, активни 91Ресен 743, активни 97Крива Паланка 728, активни 35Радовиш 712, активни 46Делчево 635, активни 194Берово 595, активни 37Пробиштип 507, активни 28Виница 492, активни 29Валандово 325, активни 9Македонски Брод 246, активни 12Демир Хисар 245, активни 5Кратово 232, активни 26Богданци 225, активни 20Демир Капија 214, активни 46Крушево 212, активни 30Македонска Каменица 190, активни 17Пехчево 183, активни 10Дојран 84, активни 6фото: Архива

Македонија | пред 5 години

5-CUK-sredba-020221-IVZ

ЦУК: Скандирањето „УЧК-УЧК“и „Голема Албанија“ ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза

Денеска, во рамки на општествените активности на Центарот за управување со кризи, в.д.директорот на ЦУК Сојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, оствари продуктивна и позитивна средба со првиот човек – Претседателот на Исламската Верска Заедница Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје. Притоа, искажуваќи големо признание на Реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Аангелов изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот Државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат:- Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во Македонија,- Искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата,- Заедничкото осудување на радикаизмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза, а секако и- Работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи.На средбата, во седиштето на Ријасетот на ИВЗ на РСМ, Претседателот на ИВЗ, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи го изрази своето задоволство од добрата соработка што ја имале со сите официјални претставници на државата, а сега и со Центарот за управѕување со кризи. Тој посочи дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот, а особено да се реализираат и активности во правец да не се дава легитимитет на радикални групации. Едноставно, тој посочи дека: „Добриот човек е добар човек, без разлика на неговата вера и нација“.фото: ЦУК

Македонија | пред 5 години

patarina1

И шофер вработен во „Македонија пат“ бил фатен како поминува патарини со влучени „флешери“

И шофер вработен во „Македонија пат“ бил фатен како поминува патарини со влучени „флешери“ кои е забрането да се постават и употребуваат, дознава „А1он“. Тој поминал на наплатната рампа кај Петровец, а бил застанат од полицијата која вчера имаше акциска контрола. Настанот за „А1он“ го потврдува директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемети, но негира дека тој се превезувал со автомобилот и шоферот. Мемети тврди дека во автомобилот со вклучени влешери бил раководител на подружница во „Македонија пат“.Со вкучени „флешери“, кои не смеел да ги има поставено, беше фатен и шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби. Инаку, МВР фати и шест полициски службеници кои ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација. И против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.Текстот во целост на: „А1он“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Наместо да се загрозуваат животите на граѓаните да се спроведе електронски попис, ќе собираме потписи да го спречиме постојниот фалсификат попис

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната изјава од средбата со занаетчиите во Старата Скопска чаршија, одговарајќи на новинарско прашање за пописот нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од Иницијативата за собирање на потписи за укинување на законот за попис, укажувајќи дека од почетокот на следниот месец ќе започне собирање на потписи бидејќи како што рече тој таква била законската процедура.Не, напротив, во текот на вчерашниот ден имавме седница на Извршниот комитет на партијата, ја разгледавме процедурата за собирање на потписи и таа започнува со иницијатива од 100 пописи во подрачните единица на Државната изборна комисија.Откако ќе се соберат 100 потписи потоа се доставува до спикерот во собранието кое што понатаму до матична комисија, законодавно - правна комисија ја препраќа таа иницијатива и откако ќе се констатира комплетноста на првичните сто потписи тогаш се известува спикерот во собранието кој што понатаму го известува предлагачот но и претседателот на владата кој што пак понатаму ја доставува во рок од 20 дена иницијативата до подрачните одделенија на Државната изборна комисија и процесот на собирање на потписи започнува, така што во текот на утрешниот ден ќе ја започнеме оваа постапка. Очекуваме формално собирањето на потписи да започне таму некаде почетокот на следниот месец бидејќи такви се законските процедури.Во меѓувреме, Хрватска го одложи пописот соседна Бугарија го одложи пописот, Србија го одложи пописот, Сојузна Република Германија го одложи пописот, Романија бидејќи на нив животите на граѓаните им се мили за разлика од нашата влада животите на граѓаните не им се мили, тие се луѓе кои што се подготвени и врз живи луѓе да газат само да дојдат до својата цел а тоа е како да го пљачкаат сопствениот народ. Ние како ВМРО–ДПМНЕ апелираме и јас како човек како граѓанин во оваа држава апелирам да не го прават тоа затоа што нема ништо поскапоцено од животот на еден човек. Ништо нема да смени ако ние го одложиме пописот за некој месец плус или минус. Немојте да ги загрозувате животите на луѓето а притоа да крадете пари, затоа што доста им е на овој народ од криминалци без разлика дали се тие од СДСМ дали се од ДУИ или од друга политичка партија па дури и од ВМРО-ДПМНЕ. На народот му е преку глава од криминалци во политиката. Затоа нашиот апел е ако веќе насилно сакаат да го протнат овој процес на попис тогаш тој процес нека биде електронски а да не биде ваков со загрозување на здравјето на граѓаните. Нека учат од нашите соседи каде што луѓето политичарите се грижат за животите на луѓето, за разлика од кај нас тие се грижат само за себе, додаде тој.За комбинираниот попис, Мицкоски нагласи дека тоа го слушнал од Зоран Заев додавајќи дека тој се обидувал да презентира некоја кованица која што и на него не му е јасна.Па таква кованица слушам од Зоран Заев изминативе денови, човекот се обидува да презентира некоја кованица која што и на него не му е јасна. Под комбиниран попис претпоставувам мисли дека ќе дојде попишувачот и матичниот број ќе го внесе во системот, па таму ќе се споредува со определени бази на податоци и врз основа на таа споредба ќе се добијат конечните резултати. Но, повторно мора дома некој да ви тропне и физички да присуствува додека вие го читате Вашиот матичен број и останатите параметри кои се Ваши лични податоци.Согласно Уставот, секој од нас граѓаните е должен да го заштити сопственото здравје, но и да го заштити здравјето на околината и ако тоа не го направи тогаш тој практично прави прекршок. За жал повторно ќе кажам, тие дали бил комбиниран или дали бил само теренски, свесно го туркаат народот во едно апокалиптично сценарио. Повторно ќе кажам, поради пандемијата на која што сите наши соседи сериозно и приоѓаат и одложен е пописот во Бугарија, во соседна Србија, во Хрватска, одложен е пописот во Романија, во Сојузна Република Германија и така натаму. Само кај нас овие луѓе одлучија брутално да ги загрозат животите на граѓаните. И затоа ние рековме како последна опција, направете електронски попис, секој граѓанин да може со едноставно приклучување на интернет да биде попишан, а потоа споредувајте според бази на податоци кои што никој во државава не ги знае освен Зоран Заев и можеби оној директно на Државен завод за статистика, потенцираше Мицкоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

zagaduvanje-2

Еко-Свест: Фактите се тука, загадувањето и неговите последици по се тука, мора да реагираме брзоза да се заштитиме

Аерозагадувањето прераснува во проблем кој ветува црна иднина во нашата држава доколку не се спроведат краткорочни и долгорочни мерки од страна на институциите.Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест од Скопје во 2019 година приложи до јавноста анализа на препорачани мерки кои тие ги доставиле до институциите, мерки од ОН кои се покажале успешни во решавање на проблемите, како и анализа на дотогаш спроведените мерки од државата кои процентуално прикажани според програмата спроведени се 30% краткорочни мерки, а од среднорочните и долгорочните се нешто повеќе од 31% односно од вкупните предвидени мерки, само 30.81% се во план да бидат спроведени или веќе се спроведуваат.- Во нашата анализа ние побаравме десет итни мерки, краткорочни и долгорочни да се доведат од надлежните институции. Меѓу кои беа и донесување на закон со кои што се забранува употребата на јаглен за загревање, за кој имаме подготвено нацрт и предлог закон и започнавме со разговори со надлежните институции. Како што знаеме дека емисиите од загадувањето главно доаѓаат од секторот загревање во кои покрај домаќинствата голем дел од товарот сносат административните објекти, иако властите веќе почнаа со преземање на мерки за менување на ова, се уште голем дел од институциите, болници и останати административни објекти користат несоодветно гориво за загревање. Од аспект на сообраќајот побаравме ограничување на движењето на возила во централното градско подрачје (комплетно или делумно) и нов зимски сообраќаен режим, секако покрај овие потребни се системски и долгорочни решенија кои трајно ќе го подобрат аерозагадувањето од овој сектор. Потребно е властите да имаат поголема контрола врз компаниите за технички сервис и да не дозволуваат да се издадат дозволи на возила кои што загадуваат повеќе од дозволеното. За да се стимулираат корисниците да се вратат на мрежата наша препорака беше намалување на данокот на додадена вредност за топлинска енергија со што цената за централно греење значително би паднала, меѓу останатото. Фактите се тука, загадувањето и неговите последици по здравјето и околината се тука, и мора да реагираме брзо за да се заштитиме. - истакнуваат од Еко-свест.Анализите на скопскиот регион предвидуваат покачување на аерозагадувањето и за 30% до 2025 година доколку не се преземат сериозни и системски мерки, слика која е слична и во другите високо загадени градови во Македонија.Извештајот за квалитет на воздух од 2019 година на Европската агенција за животна средина,1 во 2017 година покажа дека Македонија ја имала највисоката просечна концентрација на ПМ2.5 честички во Европа. Според тој извештај, ПМ2.5 честичките предизвикале предвремена смрт на 3400 граѓани во државата, а поради изложеноста на азотните (NO2) оксиди на 110 граѓани. Од друга страна, Светската здравствена организација ги „обвинува“ ПМ10 честичките во воздухот за предвремена смрт на 1350 граѓани во нашата држава.Во најзагадените градови се Скопје, Тетово, Кичево, Битола, со тоа што како градови со мерни станици за загадување Битола, Скопје и Тетово секоја година се наоѓаат на листата на најзагадени градови во државата а и во Европа.Еко-Свет континуирано работи на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување. Во земјава е потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практитки врз состојбата со амбиеталниот воздух, а тоа се реализира преку проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животната средина, финансиран од Делегација на Европската Унија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-i-ME-Bekteshi-vo-poseta-na-Rade-Koncar-TEP-17

Битиќи и Бектеши: Во услови на светска криза обезбедивме рекордна поддршка од 65 милиони евра за развојни проекти на над 840 компании

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, денес ја посетија компанијата Раде Кончар трансформатори и електрични постројки, една од 400-те компании, кои добија грант за реализација на нова инвестиција во 2020 година, преку јавниот повик за зголемување на конкурентност, спроведен од Министерството за економија.Вицепремиерот Битиќи, по обиколката на трите производствени погони на компанијата Раде Кончар ТЕП, посочи дека е задоволен од инвестициските активности на компанијата, која во изминатите 2 години, се осмели и инвестираше речиси 3 милиони евра во унапредување на процесите, а притоа бележи сериозен раст на приходите и раст на бројот на вработени. Вицепремиерот посочи дека во 2020 година, и покрај светската криза предизвикана од коронавирусот Ковид 19, Владата креираше мерки, со кои е обезбедена рекордна поддршка за рекорден број на компании, се со цел нашите компании да реализираат нови развојни проекти и поподготвени да влезат во пост-ковид периодот.„Јас сакам да ја искористам оваа можност и да потенцирам дека освен кризните мерки, ние оваа година реализиравме навистина рекордна поддршка на стопанството кога станува збор за развојни проекти на компаниите. Во 2020 година, дури и во услови на пандемија, собравме сили и обезбедивме рекордна поддршка за рекорден број на компаниите, која оваа година изнесува околу 65 милиони евра за над 840 фирми. Ќе се навратам на Јавниот повик за зголемување на конкурентноста на компаниите, преку кој со над 17 милиони евра, поддржавме 400 инвестициски проекти на компании кои вложиле во кризата. Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, преку мерките од Планот за економски раст, со 11,5 милиони евра, поддржавме 140 компании кои инвестирале во 2019 година. За 39 странски компании кои функционираат во зоните и надвор од нив, преку мерките за кои имаме склучено договори, во 2020 година имаме исплатено 25,6 милиони евра поддршка. Тука се и инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој кои се спроведуваат континуирано, а само во 2020 година, со околу 8,5 милиони евра, директно се подддржани 266 компании“, нагласи вицепремиерот Битиќи и ги повика сите стопанственици да продолжат со реализација на нови инвестиции со кои ќе ја зголемат конкурентноста на домашниот и меѓународните пазари.Министерот Бектеши посочи дека во претходната година освен што се обезбеди поддршка на стопанството за зачувување на работните места, Владата креираше мерки со кои се помогна на компаниите коишто имаат храброст и во време на пандемија, да инвестираат, а преку тоа да ја зголемат нивната конкурентност и македонските производи да бидат пласирани не само во регионот туку и на други пазари.„Ќе продолжиме во оваа насока да креираме мерки со кои ќе го поддржиме стопанството, особено компаниите кои се извозни ориентирани, па затоа со Кабинетот на Вицепремиерот и со другите надлежни институции веќе разговараме за измени и за дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, се со цел да го прилагодиме законското решение со последните случувања коишто произлегуваат од пандемијата, а во 2021 година да се олеснат критериумите за аплицирање, за да ги стимулираме компаниите да реализираат нови инвестициски проекти. Како што наведе и Вицепремиерот речиси 400 компании во текот на 2020 или до крајот на 2021 година, ќе ги завршат нивните инвестициони планови, кои согласно апликацииите кои биле доставени и за кои е обезбедена поддршка, а вкупниот инвестициски циклус ќе биде во вкупна вредност над 90 милиони евра“, кажа министерот Бектеши.Управителот на Раде Кончар ТЕП, Горан Антевски, посочи дека во изминатите три години, се направени сериозни инвестиции во модернизација на производството, во голема мера насочени кон заштита на животната средина и проширување на производствените процеси. Притоа ја оцени како позитивна поддршката од Владата и министерството за економија со чија помош беа набавени нови машини и опрема за поефикасно производство.„Секако овие инвестиции што се направени последните три години допринесоа да го зголемиме производството, да го зголемиме бројот на вработени кој се зголеми само во последната година некаде околу 20 %, а со зголемувањето на бројот на вработени се зголеми и производството рекордно 65% во 2020 година. Се надевам дека 2021 ќе биде и подобра затоа што тие нови инвестиции, нови проекти ни носат и подобар развој на компанијата“, рече Антевски.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

koli

Регистрација на возилата со странски таблички со 50% помали давачки

Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата. Според овој правилник регистрацијата на возилата со странски регистарски таблички со 50% намалени давачки ќе почне од утре, најави министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на компанијата „Раде Кончар“.„Предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за метеорологија и другите институции како Царинската управа можат слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение“,соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.Бектеши неодмана објасни дека оваа поволност ќе важи за сите возила кои ќе влезат во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Јавен оглас за доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид -Трпејца -Св.Наум - Охрид

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09–7951/10 донесена од општинскиот  Совет  на ден 11.06.2015 година, Oпштина Охрид објавува ЈАВЕН  ОГЛАС бр.01/2021За доделување на дозвола за вршење на општински линиски превоз за линија Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид 1. Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за линија: Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид, за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)Возниот ред за горенаведената линија кој е прилог на овој оглас заедно со одлуката на Совет бр.09-7951/10 и останатите обрасци потребни за огласот  може да се  подигнат преку официјалната веб страна на Општина Охрид-www.ohrid.gov.mk. 2. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност- вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;да е сопственик на минимум 2 регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила, да има од 20-32 места за седење  и најмалку 15 места за стоење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз  и потврда за еколошки стандарди на возилото ( најмалку ЕУРО 4) и за истите да поседува важечки извод од лиценца за  вршење општински линиски превоз;Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач  по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност иДа не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.Посебни услови:При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку 2 возила  кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии. Двете возила се бараат бидејќи едно возило треба да биде во резерва во случај да се случи дефект на моторното возило со кое во моментот се врши превоз на патници.На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон. НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола  заверена на нотар,  а додека за докажување на вработени возачи се приложува Список на вработени по обврзник издаден од ФПИОМ не постар од 60 дена ) Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.Договорот ќе ги содржи минимум следните одредби:Економскиот оператор(превозникот) се обврзува дека ќе вози на горенаведената релација за максимална цена односно цена пониска од максималната утврдена со Одлука на Совет(член 25-а од Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10);Општината го задржува правото за промена или дополнување на линиите назначени во возниот ред заверен во општина Охрид притоа превозникот нема да има право на приговор ниту да превзема некакво правно дејство;Превозникот е должен во целост да ги почитува дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(член 22-б) односно во склоп на општинскиот линиски превоз да врши и превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето во работни денови за период за кој се склучува договорот.[член 22-б од дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(Сл.весник на Р.М бр.163/18)] 3. Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз:Дозволата ќе биде доделена на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас 01/2021, понудил највисок паушал за користење на автобуски постојки за реализација на пакет линијата за период од 5 години и ги потпишал изјавата за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид  и Изјавата со која неотповикливо се согласуваат дека во целиот период на важност на дозволата ќе ги почитуваат дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.весник на Р.М бр.163/18) и ќе вршат превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето. Најповолниот превозник за огласената линија ќе биде избран по одржување на електронското наддавање кое ќе се врши врз основа на првично изготвената ранг листа на датум и термин определен од Комисијата формирана за спроведување на огласот. Како почетна цена на електронското наддавање ќе се смета највисоко понудената цена за користење на автобуски постојки за период од 5 години утврдена во почетната ранг листа. Почетната вредност на понудениот годишен надоместок за користење автобуски постојки согласно Одлуката за вршење општински линиски превоз изнесува: РелацијаМинимален надоместок за користење на автобуски постоки за период за кој се издава дозволата(5 години)/денариОхрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид10.000,оо Начинот на одвивање на електронското наддавање ќе биде определен со правилник кој на понудувачите ќе им биде поделен на денот на отворање на понудите.Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години.Начинот на подмирување на надоместокот за користење на автобуски постојки ќе биде определен со договорот за добивање дозвола за вршење на превоз на одредена релација. 4. Појаснување на критериуми Во врска со критериумите утврдени во овој оглас, превозниците имаат право да постават прашања во писмена форма на следната електронска адреса: komunalen.razvoj@ohrid.gov.mk.Краен рок з апоставување прашања: 10.02.2021 година до 12 часот. 5. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понуда во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:е адресиран со точна адреса на договорниот орган,го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицираво горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите. Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:,, Не отворај”                                                                  ЈАВЕН ОГЛАС БР.1                                                                                              Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид                                                                                                                                                                                   До                                                                                                 Општина Охрид                                                                                                    ул. ,,Димитар Влахов” бр.57 Понудата за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:Полн назив, седиште и адреса на превозникот;Матичен број и адреса на превознокот;Пополнет образец на понуда;Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од точка 2(два) од јавниот оглас;Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници) иИзјава со која неотповикливо се согласуваат дека во целиот период на важност на дозволата ќе ги почитуваат дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај (Сл.весник на Р.М бр.163/18) и ќе вршат превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето. Во образецот понуда во делот надоместок, превозникот самиот го наведува износот на годишниот паушал за користење на автобуски постојки.Понудите  кои нема да ја содржат целокупната барана документација нема да бидат предмет на евалуација.Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.Заинтересираните превозници своите понуди треба да ги достават во затворен коверт со назнака за Јавен оглас 01/2021, најдоцна до 12.02.2021 година до 13:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на оглас бр.01/2021 за релација-Охрид-Трпејца-Св.Наум-Охрид. Отворањето на понудите ќе се спроведе јавно, на ден,  место и по протокол кој дополнително ќе биде утврден од страна на општината. Информацијата за отворањето на понудите ќе биде објавена на општинската веб страна.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања