Мицкоски кажа кажа каков договор со Бугарија не би поддржале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

Овој договор кој го прави и ако го направи СДСМ кој ќе биде асиметричен, анационален и кој директно ќе задира во идентитетот на мојот народ и на Македонија немам намера во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Владата да го почитувам, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

— реклама —

„Прво е билатерален Договор и никогаш нема да се помирам со фактот тој договор да влезе во преговарачката рамка затоа што тоа е дополнителна алатка на Бугарија да не ветуеизира кога сака и како сака“, кажа Мицкоски.

Мицкоски како второ посочи дека имаше тврдењата дека нема отворени прашања меѓу Бугарија и Македонија и запраша како можеше 2008-та година кога требаше Бугарија да влезе во Европската Унија да има изјава дека немаат отворени прашања со соседите? Како можеше кога Македонија влегуваше во НАТО, Владата на Борисов да каже дека нема отворени прашања со Бугарја? Како можеше кога Макрон стави вето поради методологијата, Бугарија никаде да ја нема и да кажува дека има отворени прашања?

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека Генчовска кажа дека секоја недела се обраќа во Парламентот во Бугарија и ги информира пратениците за преговорите. Ние и кажавме дека со сила ги молиме претениците да доаѓаат, тие не доаѓаат.

„Ако влезе во таа преговарачка рамка овој билатерален Договор односно меѓусоседскиот договор, тогаш некој кој ќе биде на местото на Генчовска, на местото на Петков кога ќе му потреба може секогаш да каже дека оваа комисија за историски факти односно комисијата за историја не е ефикасна и вие го кочите договорот и ќе ве блокираме“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања