Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

obvinitelstvo1

ОЈО поднесе обвинение за уцена за лицето кое барало 1.500 евра за да не објави фотографии со компромитирачка содржина

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 28-годишник, во периодот од 21 до 31 јануари, преку мобилната апликација Вибер, побарал од една оштетена да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видео клипови со компромитирачка содржина. На 31 јануари, по претходен договор, се сретнале со оштетената во кафе бар на плоштадот „Македонија“, каде таа му предала парични средства во износ од 30.750 денари, односно 500 евра во денарска противвредност. Веднаш по преземањето на парите обвинетиот бил приведен.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. ​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

stevo-770x437

Пендаровски: Никогаш сум немал средба со семејствата на обвинетите во „Монструм“

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски испратија реакција по изјавата на Бедри Ајдари, дадена во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.„Претседателот Стево Пендаровски ја разбира болката на семејствата кои ги изгубија своите деца и најблиски во убиството кај Смилковско езеро, како и желбата на семејствата на обвинетите да се открие вистината за целиот тој настан.Претседателот Пендаровски секогаш се залагал и за овој и за сите други кривично-правни настани вистинските извршители да ја добијат заслужената казна и никој невин да не лежи во затвор, ако за тоа нема докази утврдени во судска постапка.Меѓутоа, претседателот Пендаровски, во врска со случајот „Монструм“, никогаш немал средба со семејствата на обвинетите, ниту пак има какви било информации и сознанија во врска со убиствата, добиени од домашни институции или од странски извори, ниту во периодот пред да биде избран за претседател ниту потоа, се вели во реакцијата на претседателот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bitiki

Битиќи: Пописот е основа за креирање на квалитетни економски политики за реалните потреби на граѓаните

„Основата на квалитетни економски политики кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција- попис“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција.Вицепремиерот Битиќи додаде дека пописот конечно ќе даде одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.„ Сите инвеститори, независно дали се странски или домашни со пописот ќе имаат одговор на многу важни прашања со кои ќе може да донесат одлуки за реализација на нивните инвестициски планови. Дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили? Која е старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој човечкиот потенцијал на среден или долг рок може да биде ангажиран во одредено време?“, подвлече Битиќи.Вицепремиерот заклучи дека пописот ќе овозможи државата да носи соодветни економски политики, со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на целокупниот човечки потенцијал, и Владата ќе добие јасна слика за кого, каде и во кој обем се планираат и реализираат севкупните економски стратегии.“Почитувани граѓани, пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при носењето на економските политики, во кои покрај целокупната развојна стратегија се и ќе бидат инкорпорирани и политиките со кои ќе се постигне и рамномерниот регионален развој“, заклучи во своето обраќање кон граѓаните вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.видео: Влада

Македонија | пред 5 години

dimitrov-1

Димитров во завршните зборови: Сметам дека нема поента и дека е дрскост „пожарникарот“ да му се правда на „пироманот“

Со 55 гласови „против“ и 53 гласови „за“, Собранието на Република Северна Македонија не ја прифати интерпелацијата за работата на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.Во своето завршно обраќање вицепремиерот за европски прашања Димитров истакна дека излагањата на пратениците од опозицијата, темите и личните напади само ја потврдија тезата дека интерпелацијата немаше врска со неговата работа и дека сепак остана само политички театар.„Одговорив за учеството во Комисијата, не бев уредно поканет и не морав да присуствувам. Сепак се согласив и сакав да учествувам онлајн и покрај несериозниот однос на претседателот на Комисијата за надворешна политика. Објаснив за разликите во мојот пристап кон јавноста, во моите меѓународни активности, кој е чесен и успешен за разлика од оној на опозицијата, кој не баш чесен и дефинитивно е неуспешен“, нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од собраниската говорница.Во ова свое обраќање тој истакна дека некои мудри рекле дека кога напаѓате некого, критикувате некого, посебно лично, тоа повеќе зборува за оној што напаѓа.„Нападите дека зад одлуките донесени во интерес на македонските национални интереси се кријат мотиви за богатство и моќ повеќе се однесуваа на тие за кои што татковината е „тезга“ а не повик. За мене татковината е „мисија“ и повик. На крајот не гледам што да додадам, и ќе повторам дека се чувствувам „пожарникар“ кој е ставен во позиција да му се правда на „пироманот“. Сметам дека тоа нема поента, и е дури и дрскост. Јас ќе продолжам со мојата „мисија“ за да нѐ биде, и ќе нѐ биде, и покрај сите пречки, вклучувајќи ги тука и вашите напори како овој денешниот“, потенцираше заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во завршното обраќање на седницата за интерпелација за неговата работа која со мнозинство гласови на пратениците не беше прифатена.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

goce-delcev

149 години од раѓањето на големиот македонски великан Гоце Делчев

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев e македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија,[5] идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.[6] Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Mакедонска револуционерна организација. Тој ја проширил мрежата на Организацијата (пролетта 1895 г.) и преку Виница организирал тајни канали. Во Солун учествувал на советувањето со водечките личности на Организацијата: Даме Груев, Пере Тошев и др. за заземање став кон Македонскиот комитет основан во Софија. Во септември бил назначен за директор на училиштето во Штип. Пред крајот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од ЦК на МРО, отпатувал во Софија на разговори со Македонскиот комитет и неговиот придонес кон македонското дело, меѓутоа разговорите биле неуспешни. Организирал пунктови на МРО во Ќустендил и во Дупница (во почетокот на 1896), а во февруари во Штип организирал протестна демонстрација против власта.Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.Во текот на Доневата афера поради недостаток на докази бил ослободен, меѓутоа во мај повторно бил уапсен и спроведен во Скопје каде што бил затворен во Куршумли-ан, но повторно бил ослободен. Сепак аферата го свртела вниманието на турските власти кон Делчев. Во септември бил назначен за главен учител (директор) во Банско од каде што ја продолжил дејноста за ширење на мрежата на Револуционерната организација. Се откажал од учителската должност и целосно се посветил на македонското ослободително дело. Ја презел должноста на задграничен претставник на МРО во Софија. Со писмо до католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини на Ватикан му ја претставил целта на македонската борба: да се исправи неправедното решение на Берлинскиот договор за Македонија и за добивање полна политичка автономија.По Солунската афера, Делчев и Ѓорче Петров, како задгранични претставници, ги презеле надлежностите на Централниот комитет. По добиеното известување за апсењето на членовите на ЦК во Солун, со Ѓорче Петров во средината на март издале инструктивно писмо до окружните, до околиските и до селските комитети, како и до војводите на четите, за продолжување на дејствувањето според постојната програма.Извор/фото:Википедија

Македонија | пред 5 години

retki4-1200x1080

Ги запознаваме ретките болести: Ангелманов синдром

Angelman syndrome – Ангелманов синдромMKB Q 93.5Прeваленца: 1/12.000 до 1/24.000Ангелмановиот синдром е генетско нарушување. Се карактеризира со потешкотии во развојот и невролошки проблеми како што се потешкотии во говорот, рамнотежата и одењето, како и појава на епилептични напади. Честите насмевки се вообичаени за луѓе со Ангелманов синдром. Обично не може да се открие додека родителите не започнат да забележуваат бавен развој кај бебето, најчесто помеѓу шестиот и дванаесеттиот месец од животот. Распространетоста на синдромот Ангелман кај општата популација е еден случај на 15.000 до 20.000 породувања.Синдромот го добил ова име по британскиот педијатар д-р Хари Ангелман, кој прв ја опишал оваа состојба во 1965 година. Д-р Ангелман работел во болница во Северот на Англија и лекувал три деца со слични симптоми. Иако на прв поглед се чинело дека страдаат од различни болести, Ангелман верувал дека постои заедничка причина за нивната состојба. Сепак, во тоа време тој немал научни докази за неговите тврдења. За време на одмор во Италија, д-р Ангелман во еден музеј во Верона ја видел сликата „Момчето со цртежот“ од сликарот Џовани Франческо Карота, па насмеаното лице на момчето го потсетил на изгледот на неговите пациенти во моментите на хистерија. Оваа случка го инспирирала да го напише првиот натпис за нивната состојба во 1965 година, а насловот на статијата бил „Деца-кукли“. Болеста подоцна го добила своето име токму по него.Причини за Ангелманов синдром:Развојот на Ангелмановиот синдром е поврзан со абнормалности на хромозомот 15, наследен од мајката. Ангелмановиот синдром е редок. Во повеќето случаи, причината за генетските промени не е позната. Повеќето луѓе со Ангелманов синдром, ја немаат оваа болест во семејната историја. Во мал број случаи, може да биде наследен од родителите, така што семејната историја на болеста може да ја зголеми шансата за развој на болеста.Симптоми на Ангелманов синдром:Знаци или симптоми за овој синдром не се јавуваат кај повеќето бебиња при раѓањето. Првите знаци на Ангелманов синдром обично се доцнење во развојот – бебе на возраст од 6 до 12 месеци не ползи.Карактеристични знаци и симптоми на Ангелманов синдром:– доцнење во развојот и ментална ретардација;– недостаток или минимален говор;– неможност за одење, движење или одржување на рамнотежа;– треперливо движење на рацете и нозете;– често смешкање и смеење.Исто така, чести се и епилептичните напади кои обично започнуваат помеѓу втората и третата година;  вкочанети или спазмични движења;  мала и рамна глава на задната страна; страбизам; одење со подигнати раце во воздухот; испакната долна вилица; светла пигментација на косата, кожата и очите.Компликациите што се јавуваат кај овој синдром вклучуваат: тешкотии при хранење (поради неможноста да се координираат цицањето и голтањето); хиперактивност (може да се префрли брзо од една активност во друга; распонот на внимание може да биде многу краток; хиперактивноста често се намалува со возраста и лекови генерално не се потребни); нарушување на спиењето (имаат различни модели на спиење и будност; во некои случаи, лековите и терапијата можат да помогнат да се држи нарушеноста под контрола); сколиоза (искривување на ‘рбетот настрана); дебелина.Дијагностика:Лекарот би се посомневал на овој синдром доколку детето доцни во развојот и има симптоми како што се проблеми со движење и рамнотежа, мала глава и често се смее. Потврдување на дијагнозата се прави со генетско тестирање со кое може да се открие оштетување на хромозомите.Третман:Нема специфична терапија. Епилепсијата се третира со антиконвулзиви, а остатокот е симптоматска терапија. Во зависност од симптомите, третманот на Ангелмановиот синдром може да вклучува:– физикална терапија-децата со овој синдром можат да научат подобро да одат со помош на физикална терапија. Другите движења и активности им помагаат да „станат независни“ преку професионална терапија;– комуникациска терапија – иако луѓето со синдромот Ангелман обично комуницираат само со едноставни реченици, комуникациската терапија може да биде корисна. Невербалната комуникација може да се развие со употреба на знаковен јазик и слики;– бихевиорална терапија – може да им помогне на децата со овој синдром да ја надминат хиперактивноста и краткиот распон на внимание. Иако фазата на развој на луѓето со синдромот Ангелман може значително да варира, многумина ќе можат да градат односи со пријателите и семејството.Кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“, која ја реализираат активистот Гордана Лолеска, охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ ќе се прикажува на 49 национални, регионални и локални и 2 сателитски медиуми ширум државата. И оваа година, покрај на македонски јазик, проектот има и албанска верзија.Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018-та година. Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.Извор/фото:ОхридПрес

Магазин | пред 5 години

vozacka-1

Вработени во МВР делеле возачки дозволи на лица кои немале положено

Оддделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осуммина вработени во МВР, поради основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување" по чл. 353, „несовесно работење во службата" по чл. 353 и „фалсификување на службена исправа" по чл. 361 од Кривичниот законик, како и против 28 граѓани поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела, соопшти МВР.Пријавените службени лица вработени во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци, истата ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила.По наредба на судија на претходна постапка, како што информира МВР, извршени се претреси во службените простории на Одделението за управни работии во домот на еден од осомничените, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица, од каде ќе биде изведен пред надлежен судија од Основниот кривичен суд. Обезбедените материјални докази ќе бидат предадени на јавен обвинител за понатамошна постапка. Осомничените службени лица се суспендирани од работните места и против нив ќе бидат поведени дисциплински постапки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dimitrov-1

Димитров: Ќе ги исполниме и сите битни работи, и македонскиот идентитет што е апсолутно наша работа, и европската иднина, и добрососедството со Бугарија

„Ветувањата за кој нè обвинувате, се ветувања на ЕУ. Пред мене ја имам одлуката од март 2020 година, каде се вели: „Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Република Северна Македонија“, без да има дополнителна страна со услови. За Албанија се вели: „Одлучи да отвори пристапни преговори Република Албанија“, со дополнителна страна со услови кои  што нашите пријатели од Тирана ги исполнија, и мислам дека со право оваа година ќе очекуваат отворање на пристапните преговори“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањето дека Преспанскиот договор бил потпишан вон Уставот и Законите.„Значи, и ветувањата се одлуки, не само изјави, и ги има во документи на ЕУ. Точно и јасно се знае дека причините, кабаетот, не е на македонската страна. Дури во овој судир опозиција – власт што е апсолутно легитимен и го разбирам, ја обвинивте нашата политика дека недоволно внимава на добрососедството. Мислам дека имаме апсолутно право врз основа на тоа што го постигнавме, да тврдиме дека низ целиот Балкан шириме еден нов европски приод кон добрососедството, дека добрата вест за една, е добра вест за целиот регион. Меѓутоа добрососедството е двонасочна улица, и кога од другата страна недостасува повеќе почит и разбирање за тоа што е важно за соседот, тогаш проблематично е, како тоа добрососедство ќе се разбира. Ние нема да дигнеме раце, ќе бидеме упорни, и ќе ги исполниме и двете битни работи, и „македонскиот идентитет“ што е апсолутно наша работа, и европската иднина, и добрососедството со соседна Бугарија. Ќе бидеме европски соседи како што недоликува во 21 век“, нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

porteret

(ФОТО) Цртежите од охриѓанецот Марио Шапкар го освоија и најдобриот хиперреалистички уметник во светот, Келвин Окафор

Охриѓанец Марио Шапкар кој има неверојатен талент, го освојува светот. Неговите цртежи изработени само со молив ги воодушевуваат сите, дури и најголемите уметници. Најдобар пример за ова последниот негов цртеж, за кого доби пофалби дури и од  Келвин Окафор, најдобриот хиперреалистички уметник во светот. -Келвин Окафор отсекогаш ми бил најголема инспирација, тој беше и причината поради која почнав да цртам пред неколку години. А, последниве седмици одвоив доста време за да го нацртам неговиот портрет и тоа целосно се исплати со тоа што тој ме објави на неговиот инстаграм профил, ме заследи и ми остави комплименти што од една страна ми претставува огромна чест и задоволство, а од друга страна сѐ повеќе ме мотивира да се унапредувам во иднина, вели Марио за Скопје 1.Инаку Шапкар уште од малечок, ужива во цртањето. Со тек на време неговата најголема страст – спојот на моливот и хартијата станува негово секојдневие. Сите негови цртежи се изработени само со молив.Станува збор за исклучителен талент и огромна посветеност на неговата работа. Неговите портрети на богатите и славните се екстремно верни на оригиналот, така што секој што ќе ги погледне несомнено ќе подзастане за да се увери дека се навистина цртежи, а не реални фотографии.Најважното од сè, е тоа што уметникот има внесено живот во овие лица, давајќи им душа и карактер.Неодамна Шапкар за Скопје 1 раскажа дека со почнувањето на средното образование, почнал да цртам портрети од членови од неговата фамилија, со што го открил својот талент и се насочил кон усовршување и константно вежбање кое  со текот на времето му  носи големо задоволство.На прашањето кој му е омилен лик позната фаца, која си ја нартал повеќе пати, Шапкар вели:- Сум цртал личности од музичката, а исто така и од филмската сцена, но Анџелина Џоли е сепак онаа која сум ја нацртал повеќе пати, заради специфичниот изглед. Делата на Марио Шапкар од сега може да се најдат и на порталот Kupionline.mkФото: Марио Шапкар

Магазин | пред 5 години

apasiev2

(ВИДЕО) Апасиев до Димитров - Ти си Амерички шпион!

Пратеникот и претседател на „Левица“, Димитар Апасиев,  денеска од собраниската говорница упати навреди кон вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.„Дојде денот да се соочиме со вицепремиерот кој што бега од Собранието како ѓавол од темјан. Моите односи со дотичниот се одвратни. Во Библијата пишува дека по делата ќе ги препознаете оние кои што сакате да ги оценувате.Мојата прва средба со Димитров беше на Правниот факултет кога јас бев демонстратор. Тогаш Димитров рече: 'Уставното име е последниот столб на државноста, а доколку се смени ќе се премине линијата на достоинството'. Потоа се случи аферата Никиликис кога станува заштитен извор на депешеата на Рикер кон САД. Односно дека тој ги издавал случувањата на САД, дека нема конзенсуз меѓу Црвенковски и Груевски за името, и практично бил американски шпион“, изјави Апасиев.По ова вицепремиерот Димитров истакна:-За нашата татковина, за нашата Македонија многу Македонци и Македонки оделе во затвор и јас сум спремен таа цена да ја платам за македонската кауза. Некои оделе во затвор, а некои ги пикале во затвор, ама размислете тоа вас во која категорија ве става и какво место си резервирате во македонската историја. Вие сте професор по право, меѓутоа тоа не значи дека не грешите кога велите дека Преспанскиот договор е потпишан надвор и од членот на Уставот што го регулира тоа прашање и надвор од Законот за склучување и ратификација на меѓународните договори. Во праксата некаде помалку од 1%, чинам помалку и од пола проценти 0,5 од вкупните меѓународни договори во име на Републиката ги има потпишано шефот на државата, претседателот на Републиката. Во првата интерпелација во глава ми беа тие бројки, можам да одам назад по стенограмот и да ги најдам, помалку од 0,5%. Членот 2 од Уставот вели дека и Владата во името на Републиката може да склучува меѓународни договори, а во членот 3 ги набројува кога тоа Владата може да го направи, споменувајќи едно чудо области кои што се присутни и регулирани во билатералниот договор, Преспанскиот договор“, изјави Димитров.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

Ohrid_Struga_Pogradec_02032021001-scaled-1440x810

Работен состанок на градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец

Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари работен состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи.На работниот состанок на кој присутвуваа и претставници на невладиниот сектор се разговараше за заедничките интереси кои ги имаат трите крајбрежни општини на Охридското Езеро. Особено беа потенцирани темите oд областа на туризмот, животната средина и зачувувањето на светското природно и културно наследство.Тројцата градоначалници ја истакнаа потребата од воспоставување на поголема соработка и креирање на заеднички проекти со кои би се аплицирало на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на Европската Унија, за периодот од 2021 до 2027 година.Исто така, на состанокот се разговараше за потребата од дефинирање на заедничка стратешка визија за крајбрежјето и за целокупниот развој на прекуграничниот регион кои би овозможиле поголеми придобивки за граѓаните.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија

Министерството за здравство вложува и се залага да им овозможи на пацинетите, во државата, модерни и современи терапии за лекување и на најкомплексни случаи, за што претходно биле испраќани на лекување во странство.На Универзитетската Клиника за хематологија воведена е нова метода за лекување пациенти со имуномодуларна терапија. Ова е уште еден исчекор во модернизирање на лекувањето на пацинетите на оваа Клиника, но и инвестиција во квалитетен здравствен систем за граѓаните. За овој начин на лекување нашите пациенти претходно одеа да се лекуваат надвор од нашата земја, а фотоферезната имунолошка клеточна терапија популарно наречена фотофереза од сега им е достапна на Клиниката за хематологија. Станува збор за специјална машина во која дел од крвта на пациентот се тертира со специјален фотосензитивачки лек и потоа се изложува на специфична светлосна комора во која се активира. Крвта потоа се враќа назад и делува во организмот.Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на пациент врз кој се вршеше оваа терапија, а новата метода на лекување ја спроведува стручен тим на Клиниката, предводен од директорката на Хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.За усовршување на овој начин на лекување со медицинскиот тим на Хематологија работи едукатор од Германија.Имуномодулаторна терапија, нуди надеж за болните кои страдаат од Т-клеточни лимфоми, пациенти кои развиваат акутна или хронична форма на болеста GVHD, за лекување определени имунолошки болести и состојби како системска склероза, кронова болест. Со фото-имуната терапија се тертираат и пациенти после трансплатација на солидни органи - срце и бели дробови, во случаи кај кои телото го отфрла органот. Клиниката за хематологија, освен во третманот на пацинети вложува и во едукација и усовршување на својот медицински персонал, од следниот месец медицински тимови од оваа Клиника ќе одат во Загреб, на едукација и усовршување на нови методи на лекување.Министерството за здравство гради модерен здравствен систем за сите, за Клиниката за хематологија, минатата година, обезбеди апарат за крио презервација, односно за смрзнување на крвни матични клетки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство се заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро

Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство се заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро, напиша ан својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:За таа цел на денешниот состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи, разговаравме за воспоставување на поголема меѓусебна соработка и креирање на заеднички проекти со кои ќе може да аплицираме на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на ЕУ, за период од 2021 до 2027 година.Продолжуваме и понатаму редовно да комуницираме и да се залагаме за заедничките интереси на нашите граѓани.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

ezero

(ВИДЕО) Нуркачкиот Центар „Акватек“ со поддршка за РЕТКИТЕ од дното на Охридското Езеро

Со осветлување на старата дрвена шина за кревање на бродовите за репарација и одржување во боите на РЕТКИТЕ, им даваме безрезервна поддршка, порачаа нуркачите од Центарот „Акватек“.– Се приклучуваме кон националната кампања за осветлување на културно историски споменици со цел подигнување на свеста и запознавање со РЕТКИТЕ. Поддршка до лицата со ретки болести и нивните семејства. Ние сме исти, сакаме да се запознаеме со Вас, Ве сакаме и почитуваме. Сите сме исти, потенцираат од „Акватек“.Снимките се направени кај Сараиште од страна на Никола Паскали, Даниел Атанасовски, Игор Буловски при температура на водата во езерото од 7,6 степени Целзиусови. (Крај)извор: ОхридПрес фото/видео: Акватек

Македонија | пред 5 години

anekta

Анкета ИРЛ.МК: За 96,4 проценти од скопјани, градбите од последната деценија се незаконски и криминални

Пред три недели Истражувачката репортерска лабораторија објави јавен повик со цел да ги прашаме жителите на 10-те скопски општини дали се слуша нивниот глас кога локалната власт носи одлуки кои директно влијаат врз квалитетот на нивниот живот. Анкетата сакавме да ја направиме со цел да откриеме кои се проблемите кои ги предизвикува таканаречната урбана мафија. Идејата ни беше граѓаните да ни помогнат да идентификуваме проблеми за кои не знаеме, а кои значајно може да го сменат животот на луѓето во заедницата, објави ИРЛ.МК.Огромно мнозинство од граѓаните на Скопје веруваат дека во последните десет години се случува градежна експанзија, во која не се почитуваат урбанистичките планови со присуство на голема корупција.Ова е главниот заклучок од анкетата со граѓани на Истражувачката репортерска лабораторија, спроведена во последните две недели во јануари годинава, во која учествуваа 1019 граѓани од урбаните и руралните скопски општини. Добивме стотици документи, фотографии, пријави за градби кои биле изградени без да се почитуваат законските и урбанистичките стандарди.Дури 96,4 проценти од анектираните, сметаат дека при градењето на нови градби во последните 10 години во нивните општини не се почитувале урбанистичките и градежни стандарди.Во анкетата граѓаните се неподелени околу присуството на корупцијата при доделување на градежните дозволи. На прашањето дали се сомневате на корупција при доделување на градежни дозволи, над 76 одговориле потврдно, 22 отсто одговориле со не знам, а нешто над еден посто не веруваат дека има корупција во тој процес. Оние што одговориле потврдно за присуството на корупција при доделување на градежни дозволи, веруваат дека тоа е поврзано со работата на градоначалниците и советниците, градежните инспектори како и Катастарот.Според одговорите на граѓаните, најкорумпирани при издавање градежни се градоначалниците, кои се во тесно водство пред  општинските и државните инспектори. Помалку одговорни за корупцијата со дозволите за градба граѓаните ги сметаат советниците и Катастарот.93 проценти никогаш не учествувале на јавна расправа за урбанистички плановиТекстот во целост на:  ИРЛ.МК.

Македонија | пред 5 години

javna-soba

(ВИДЕО) Протестен марш за случајот „Јавна соба“

Адвокатката Марта Гусар на денешниот протестен марш за случајот „Јавна соба“, проговори за тоа како и таа била жртва на групата на Телеграм, а нејзиниот службен број бил споделуван меѓу членовите, објави Макфакс.„Ми пристигнуваа пораки на Вибер каде ми бараа ‘дискретни средбички’. Откако беше споделен мојот број, во првите неколку часа не можев да се соземам, дека мене тоа ми се случува, а тоа може секому да се случи. Направив принт-скринови од пораките и телефонските броеви на Вибер и го пријавив за сексуално вознемирување. Јас сум адвокат и си ги знам правата. Во мојот случај, за два часа се најдоа сторителите, се најде кој го споделил бројот и оттаму апелирам до сите институции да постапуваат со еднаков третман кон сите. Јавна соба не е забава, туку класично кривично дело“, изјави Гусар.Таа ги повика жртвите кои се соочиле со сексуално вознемирување веднаш да ги пријавуваат сторителите, да направат принт-скринови од сите разговори и повици.На денешниот протестен марш организиран од Платформата за родова еднаквост, учесниците изјавија дека Јавна соба е кривично дело и побараа да се казнат лицата кои во Телеграм групата објавувале експлицитни фотографии, видеа и телефонски броеви од девојки, без нивна дозвола. Тие бараат законски измени во кои ќе се вметне интернет-вознемирувањето како кривично дело, а Јавното обвинителство да постапува навремено во однос на сексуалните вознемирувања на Интернет.„Силувачот си ти“, „Држава што не постапува е држава што силува“, „Против култура на насилство“, „Обвинителство е јавна соба“, беа само дел од транспарентите кои в раце ги носеа учесниците на протестниот марш кој започна пред Министерството за внатрешни работи, а заврши пред Јавното обвинителство.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

policija-1

Приведен маж од Шуто Оризари, противправно ја држел сопругата

Полициски службеници од ПО Шуто Оризари и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска (03.02) околу 14.40 часот го приведоа О.М.(44), по претходна пријава дека противправно ја држи својата сопруга М.М. во нивниот дом. Случајот е пријавен од нивниот син, а при приведувањето пронајдени се и два пиштола со околу 32 куршуми и марихуана.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Dimitrov

Димитров: После цели 14 години македонскиот јазик за првпат е испишан во официјален документ на Европската Унија

„Еден од резултатите на Преспанскиот договор меѓу другото е и тоа што по комплетирањето на тој процес, службите во Европската Унија во Брисел излегоа со меѓуинституционален водич за употреба на името и терминологиите каде јазикот е кристално чист македонски јазик и врз основа на тоа Европската комисија како чувар на принципите, стандардите и темелните документи на Европската Унија, вклучувајќи го и Лисабонскиот договор, вели дека треба да подготвуваме целото европско законодавство да го преведеме на македонски, и да бидеме подготвени и да имаме преведувачи од македонски на другите официјални јазици на Европската Унија пред да стапиме во членство. После цели 14 години македонскиот јазик за првпат е испишан во официјален документ на Европската Унија“, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на седницата по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.Димитров потсети дека после Преспанскиот договор, во однос на Грција, гледано од аспект на јазикот на билатералните договори тие се потпишани на македонски и на грчки јазик, вклучувајќи го и последниот за отворање на нов граничен премин за Маркова Нога-Лемос.Нашите позиции, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, редовно ги афирмирам во медиумите ширум Европа во кои редовно апострофирам дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се затворени прашања и нема да дозволиме некој повторно да ги отвора, како што тоа заеднички го направивме со германскиот министер за Европа, Михаел Рот во германскиот весник „Ди Велт“.

Македонија | пред 5 години

dimitrov

Никола Димитров: Преговори по цена на македонскиот идентитет нема да има, а интерпелацијата за мојата работа е конструирана на лажни вести

„Интерпелацијата за мојата работа, збир од лажни вести и обид за излез од внатрепартискиот хаос преку иницијатива за рушење на Владата и тоа за позиции и одлуки на други држави или меѓународни организации“, истакна заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров во своето прво обраќање од собраниската говорница по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.„Едвај чекате лоши вести, а кога ги нема, ги измислувате. Малку ви беа демантите од Луксембург, си рековте дајте да ги мобилизираме и Данска и Холандија, со алузија дека дискретно го поддржувале ветото на Софија. За одлуките на трети држави виновна е македонската Влада, но ако случајно има добра вест од надвор заслужни сте биле вие. Па и тоа како да не беше доволно за пасионираните колекционери на деманти на вашите зборови, најдовте начин како и Словачка и Чешка да ве прозиваат дека вие ама баш никако не сте придонеле за нивната одлука да застанат на страната на европските принципи. Небаре демантите од земјите членки ви се ордени кои ги закачувате во Белата Палата, а не документиран резил од кој секој би се срамел. Ако не ја сфатите сериозноста во која се доведувате и вие како личности, партијата, но и земјата, ќе останете само она што и бевте – лажни патриоти кои за да дојдат на власт, би застапувале и антимакедонски ставови, кои впрочем можеби секако и ги имате“, рече заменик-претседателот во Владата Димитров.Димитров потенцираше дека интерпелацијата е полна со апсурди како на пример обвинувањето дека не испорачал преговори по цена на одбрана на македонскиот јазик за да можат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница и од јавните настапи да го обвинат за предавство на националните интереси.„И сега, кој кого манипулира? Јас, кој доследно ги презентирам наодите од ЕУ, секогаш до детали прецизен за квалификациите и околу одлуките и заклучоците, и оценките на извештаите, акцентирајќи ги и областите кои треба да ги унапредуваме, или вие со очигледно елементарно непознавање на процесите, но со неизмерна желба за лоши вести за земјава и—еве уште едно признание за вас—со беспрекорна умешност да бидете први во лажното известување на јавноста за некаков си имагинативен пораз, за кој ги каните на заедничка прослава. Ние ги земаме жешките костени в раце, вие се радувате на секоја можна изгореница“, нагласи заменик-претседателот на Владата Димитров.Во елаборацијата на фактите за договорот со Бугарија Димитров потсети дека европските лидери и САД во еден глас го оценија како инспирација за целиот регион и голем чекор кон ЕУ за нашата Македонија, Северна Македонија. Во март 2020-та, Европскиот совет ни даде безусловно зелено светло за почеток на пристапни преговори. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен притоа кажа дека ЕУ ги исполнува своите ветувања, за во септември во годишното обраќање до ЕП да додаде: одлуката беше историски чекор. Во ноември по клучниот Совет за општи работи со кој претседаваше, германскиот министер за Европа Михаел Рот изрази огромна разочараност од бугарската блокада, дека тоа е горчлив удар за европските политики кон Балканот и дека сите земји членки освен Бугарија ја поддржале Преговарачката рамка за Северна Македонија.„Во договорот јасно стои дека потписниците се обврзуваат да помогнат, а не да го блокираат нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Моја работа е да ги преговарам и направам договорите да бидат во најдобриот интерес на нашата држава. Јас не сум одговорен ако некоја држава одлучи да не го почитува договореното. Второ, НАТО и ЕУ се стратешка определба на 80% од граѓаните, како тоа работејќи за тие цели и остварувајќи ја едната, јас ги изневерувам или носам во заблуда? Не, господа, не сум јас во заблуда, ниту 80% од граѓаните се во заблуда, ниту целиот свет е во заблуда, кога ја посочува нашата надворешна политика како светол пример за тоа како треба да се решаваат отворени прашања. Единствени во заблуда сте вие, изолирани, сами, во мрачното самозалажување дека сопките на овој пат и саботажите на овие процеси, некако ќе ви донесат некој политички поен плус“, истакна од политичката говорница заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.Димитров ги повика пратениците на опозицијата да не прават од клучното прашање за иднината на земјата дневно-политички перформанси и одговорно да се вклучат во овие процеси поддржувајќи ги принципиелните позиции на земјата.Во продолжение на своето обраќање како одговор на иницијативата за интерпелација Димитров се осврна и на делот кој се однесува на наводната пасивност на Секретаријатот за европски прашања со што е покажано елементарно непознавање на работата на таа институција која, во суштина ги координира подготовките за членство во ЕУ, процесот на подготовка на македонската верзија на правото на ЕУ и ја координира странската помош.„Значи, координација, координација, координација. Што ви говори фактот што земјата, во последниот Извештај за политичките критериуми е оценета најдобро од сите земји, не само кандидати, туку и од оние кои преговараат, со оценки од 3.35 за вкупен напредок, и 2.83 за вкупна подготвеност, најдобро од сите земји во тој извештај? Дали е тоа знак на пасивност, или објективен успех? Дали е потребно да се потсетиме на тоа како изгледаа извештаите во ваше време? Како, со наводната „пасивност“, изјавите за „заробена држава“ се претворија во изјави за „светол пример“?“, истакна Димитров.Тој укажа на фактот дека Северна Македонија прв пат после две децении обиди има позитивна политичка одлука и нацрт-преговарачка рамка. Сеопфатна реформска агенда, која е план за европеизација и согласно рамката од „Акција 21“ содржи клучни реформски приоритети, идентификувани во соработка со ЕК, како демократија, владеење на правото, управување со јавни финансии, реформа на јавната администрација, но и конкретни поглавја од европското законодавство кои се приоритетни за нашите граѓани како животна средина, енергетика, транспорт, заштита на јавно здравје и потрошувачи, политика на конкуренција, дигитализација. За секој приоритет идентификувавме активности, надлежни институции и динамика на реализација за да обезбедиме спроведување на овој план со кој ќе си ја донесеме Европа дома и со кој веќе ги почнуваме реформите од преговорите на домашен план.Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во своето обраќање детално објасни зошто е лага дека не сакал да се појави пред собраниската Комисија за надворешни работи, пред сé заради фактот што согласно деловникот на Собранието тој како претставник на Владата нема обврска да присуствува на работата на комисијата, но и покрај тоа, како и покрај неуредно и надвор од деловникот доставената покана, тој прифатил да учествува со онлајн присуство што било одбиено од страна претседателот на Комисијата за надворешни работи.„Претседателот на комисијата, замислете, не може да организира ни покана навремено да достави, односно целосно потфрла во својата работа, а очекува министрите да му се на располагање во секое време да учествуваат во таков панаѓур на некомпетентност. Значи, тука очигледно е дека намерата не била да се одржи суштествена дебата, туку да се купат неколку минути и редови евтина медиумска кампања“, нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров во своето прво обраќање од собраниската говорница по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

03022021_Proekt-za-domuvanje-na-Romite_2

Заев и Шахпаска: Градиме системски решенија за најранливите граѓани да добијат домување, пристап до здравство, образование и вработување

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ЕУ амбасадорот во земјата Дејвид Гир, пратеничката Латифа Шиковска и претставници на граѓанските организации и на општините имплементатори на проектите, го најавија почетокот на реализација на проекти за домување на Ромите.„Станува збор за четири грантови во вкупна вредност од околу 3,2 милиони евра за период од 3 години во општините Прилеп - во населбата Тризла, во Битола - во населбата Баир, во ромските маала во општините Штип и Берово, и во општина Кичево“, објасни премиерот Заев и додаде дека проектите се во рамките на Инструментот за претпристапна помош – ИПА 2, кој Владата го спроведува со поддршка од Делегацијата на Европската Унија.Премиерот Заев рече дека овие проекти се остваруваат благодарение на иницијативата „Интеграција на Ромите 2020“, во рамките на која, на предлог на нашата земја како членка на иницијативата, на Самитот за Западен Балкан во Познањ во 2019 година беше усвоена Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ.„Со оваа декларација нашата земја ги поттикна лидерите од регионот да ја прифатат потребата од заедничка заложба за засилување на напорите за интегрирање на ромската популација, како една од најранливите групи во општествата во регионот. Благодарение на оваа декларација и на иницијативата „Интеграција на Ромите 2020“ дојдовме до стартот на реализацијата на проектите што денеска ги објавуваме во делот на Домување и во делот на постигнување услови за легализирање на неформалните населби каде што живеат Ромите“, истакна премиерот Заев кој се заблагодари за поддршката на ЕУ и додаде дека во Буџетот за 2021 година се издвоени 62 милиони денари за поддршка на имплементацијата на Годишните оперативни планови од Стратегијата на Ромите.Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека целта е да се овозможи подобрување на социо-економската инклузија на Ромите со подобар пристап до јавните образовни, здравствени услуги и пристап на пазарот на труд.„Со проектот во Прилеп, во населбата Трисла ќе се легализираат куќите на 700 ромски домаќинства, ќе се легализираат имотите на 5.000 Роми во населбата Баир во Битола, во Штип ќе се легализираат 1.027 куќи и 40 куќи во Берово. Се опфаќа и изградба на нови живеалишта, во Штип 50 куќи, во Кичево 30 станови, а истовремено ќе има реконструкција на 50 куќи во Прилеп и 15 куќи во Берово“, рече министерката Шахпаска и додаде дека во делот на образованието, со програмата туторство после училиште, ќе бидат поддржани 200 ученици Роми, а ќе се работи и на зголемување на вработувањето на 150 Роми, преку различни програми за вработување.Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјата Дејвид Гир истакна задоволство што презентираните проекти во голем дел ќе го подобрат животот на ромската заедница и додаде дека заедничка цел е да создадеме еднакви можности за ромското население. Амбасадорот Гир посочи дека финансирањето на ЕУ останува на располагање за поддршка на ваквите активности.Пратеничката Шиковска ги истакна своите заложби за да застапува и да иницира решенија кои што ќе бидат во корист на најранливите категории на граѓани.На настанот беа презентирани четирите проекти од страна на Сашко Николов, градоначалникот на Штип, Себихан Демировски од Здружение за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“, Талија Петреска од Центар за граѓански иницијативи и Гоце Богоевски од COSV.Проектите опфаќаат легализација на нивните куќи, подобрување на инфраструктурата и безбедни услови за живот, поправка и реконструкција на нивните домови, вработување на млади Роми, поддршка на Роми ученици со туторство после училиште, како и подигнување на свеста за еднакви права и пристап до здравствена заштита.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

zaharieva

Захариja: Бугарија бара од моешовитата комисија да се избришат лагите во учебниците, но и текстовите кои шират омраза кон бугарскиот народ

Министерката за надворешни работи на Бугари, Екатерина Захариева во интервју за емисијата „Контракоментар“ на блогерот Асен Генов, вели дека ако Бугарите се фашисти, тогаш тоа се и Италајците и Албанците, бидејќи како што вели таа, и тие помагале на Германија. Захариева додава, Бугарија како членка на ЕУ продолжува да ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, но сепак не можат да го трпат она што се случува во Скопје.Последната изјава која предизвика бурни реакции во Бугарија е онаа на премиерот Зоран Заев кој по повод српскиот празник „Свети Сава“ најави изучување на српскиот јазик во училиштата и Културен центар на Србите.„Бугарската влада не реагираше официјално за изучувањето на српскиот јазик во С Македонија, бидејќи тоа е внатрешно прашање, ние не можеме да се мешаме за воведувањето српски јазик и отворање нивни културен центар. Само сакаме да има и бугарски културен центар“, посочи Захариева.Според Захариева, Бугарија бара од моешовитата комисијаза историски и образовни прашања само да се избришат, како што вели лагите во учебниците, но и оние текстови кои шират омраза кон бугарскиот народ. 

Македонија | пред 5 години

vakcina

Филипче: Вакцинацијата ќе почне со кинеската вакцина, сите вакцини се безбедни и развиени на безбедни платформи

„Во завршната фаза сме од преговорите и во месец февруари првата количина којашто ќе пристигне во нашата земја ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе спремниот систем ќе го започнеме со тие вакцини“, ова денеска го изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче по барање на неколку медиуми.Тој истакна дека за кратко време ќе се знае и точниот датум на испорака на 200-те илјади вакцини, по што јавноста веднаш ќе биде информирана. Со тоа, ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи.Во однос на набавката на кинеските вакцините, Филипче рече дека ние ја преземаме обврската за спроведување на целата логистика околу транспортот. Договорот е директен меѓу компанијата и Министерството за здравство.На прашањето каков пристап има земјава кон тоа што неколку европски земји се изјасниле дека вакцината на Астра Зенека нема да ја даваат на население над 64 годишна возраст, министерот Филипче потенцираше дека тоа е став на неколку национални агенции, од неколку европски земји. Сѐ уште не е влезено во официјалното упатство, меѓутоа сигурно дека ќе се следат насоките од официјалните европски агенции.Министерот Филипче рече дека засега немаме разговори за руската вакцина.„Меѓутоа, сакам да потенцирам дека буквално сите вакцини коишто се сега на пазарот, се безбедни. Немаме задршка кон ниту една вакцина. Сите се развиени на безбедни платформи, едноставно многу тешко се стигнува во овој момент до вакцините. Еве и овие преговори кои ги водиме со Фајзер, ги завршуваме со кинеската компанија се навистина тешки и бараат многу детали, заради тоа што и самите компании се под огромен притисок. Нема политика, сите вакцини се безбедни и секогаш здравјето е приоритет“, рече Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Починати 20 лица и нови позитивни 350 случаи на Ковид 19 во земјава денеска

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 180, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, Гостивар, Струмица и Делчево – по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш – по 6, Штип и Демир Капија – по 5, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Битола, Берово и Демир Хисар – по 2, Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово – по 1Регистрирани се 266 оздравени пациенти од:Скопје – 152, Кавадарци – 17, Куманово – 12, Велес – 11, Ресен – 8, Неготино и Штип – по 7, Прилеп – 6, Струмица и Кичево – по 5, Тетово и Кочани – по 4, Гевгелија, Битола, Берово и Кратово – по 3, Гостивар, Демир Капија, Дебар, Пробиштип, Виница и Богданци – по 2, Делчево, Крива Паланка, Македонски Брод и Пехчево – по 1Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден.Починати се 12 пациенти од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г).Сите пациенти се починати во болнички услови.Направените 2291 теста се преку: ИЈЗ-485, ЦЈЗ Скопје-67, Авицена-210, Биотек-220, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Систина-187, лабораторија Лаор–101, МАНУ-127, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 632, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-4, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 461.850 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 40817, активни 3972• Куманово 5.233, активни 343• Тетово 5.147, активни 311• Прилеп 4.581, активни 142• Гостивар 3.636, активни 196• Штип 3.513, активни 104• Битола 3.237, активни 141• Велес 3.148, активни 282• Охрид 2.848, активни 397• Кавадарци 2.671, активни 363• Струмица 2.547, активни 245• Струга 2.238, активни 180• Кочани 1.734, активни 66• Кичево 1.724, активни 119• Свети Николе 1.084, активни 36• Гевгелија 1011, активни 109• Неготино 976, активни 85• Дебар 768, активни 90• Ресен 744, активни 90• Крива Паланка 731, активни 37• Радовиш 718, активни 51• Делчево 642, активни 200• Берово 597, активни 36• Пробиштип 508, активни 26• Виница 493, активни 27• Валандово 325, активни 9• Македонски Брод 246, активни 11• Демир Хисар 247, активни 7• Кратово 233, активни 24• Богданци 225, активни 18• Крушево 212, активни 29• Демир Капија 219, активни 49• Македонска Каменица 190, активни 29• Пехчево 183, активни 9• Дојран 84, активни 6

Македонија | пред 5 години

cuk-780x470

ИВЗ за средбата со Стојанче Ангелов: Не го осудуваме скандирањето „УЧК“

Исламската верска заедница излезе со реакција по средбата со Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, со појаснување дека тие не го осудуваат скандирањето „УЧК“ на протестите за случајот „Монструм“ минатата недела во центарот на Скопје.  Ангелов на негово претходно барање заедно со заменик директорот Екрем Зендели беа во посета на седиштето на Ријасетот каде што бепе остварена работна средба со претседателот на Исламската Верска Заедница, Шаќир Фетаи, објави  faktor.mk„Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ“, се вели во реакцијата на ИВЗ“, се вели во соопштението на ИВЗ.Од таму велат дека на средбата се разговарало за состојбата на кризата прогласена од државните институции како резултат на справување со глобалната пандемија на ковид-19, како и за меѓуинституционалната соработка во итни ситуации како што се земјотреси, поплави, пожари.извор: faktor.mk

Македонија | пред 5 години

policija-1

Приведен малолетник што крадел во скопско

На 02.02.2021 во 13,45 часот во ПС Чаир од слобода е лишен малолетник од Скопје поради основано сомнение дека е сторител на неколку кривични дела "тешка кражба" по член 236 од КЗ.Првата кражба е пријавена на 30.01.2021 во маркет во село Горо Оризари, скопско од каде се одземени пари и продукти, втората кражба е пријавена на 31.01.2021 година, во објект во село Горно Оризари, скопско, сопственост на С.В., од каде биле одземени пари. Третата тешка кражба е извршена во Основното училиште "Браќа Рамиз и Хамид" во населба Шуто Оризари од каде бил одземен алат. Известен е Јавен обвинител за малолетници и по документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.Фото: Архива

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања