Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

04022021_VRSM_Polozhuvanje_cvekje_Goce_Delchev-3

(ФОТО) Мицкоски на профилот од Заев му одговори на Џамбаски: ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев – македонец

По повод денот на раѓањето на Гоце Делчев, на Фејсбук се огласи премиерот Зоран Заев:„Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.Идеалите и заложбите на овој великан се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, која денеска е дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и земја која чекори кон членство во ЕУ“, напиша на ФБ премиерот Зоран Заев.Невообичаено за политичари, во коментар под постот, со Заев полемизираше Ангел Џамбаски, претседател на делегацијата на бугарската ВМРО во Европскиот парламент, а него пак му репчицираше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

Mavrovka-konstrukcija2

Урнaтото кафуле пред „Мавровка“ стигна до кровна конструкција

За уриваното кафуле пред „Мавровка“ се местат метални столбови за покривна конструкција. По неколкумина работници речиси секојдневно се на градилиштето. Сопственикот Мевљудин Алити за „А1он“ вели дека се откажал од најавите да тужи, оти го уривале и покрај тоа што ги имал сите потребни дозволи, а за поднесеното обвинение против него вели дека ќе чека судот да реши, објави А1Он.„Точно е дека ми е нанесена голема штета со уривањето, но јас нема да тужам. Постапката што е поведена против мене во судот ја водат моите адвокати, судот нека одлучи кој бил во право. Ние го подготвуваме објектот за повторно да почнеме да работиме“, кусо изјави сопственикот Алити за „А1он“.Неговите адвокати, веднаш по почетокот на уривањето, лани во септември, најавија дека ако треба правдата ќе ја бараат во Стразбур и детално објаснуваа дека Алити имал дозволи за градбата.И покрај нивните тврдења, објектот, кој беше изграден до втора плоча, беше урнат оти Алити излегол од дозволениот габарит и место со метална конструкција, градел со бетонски столбови.Текстот во целост на:А1Он.

Скопје | пред 5 години

damjan-davkov

Основец победил на средношколски натпревар по математика, МОН не му дава награда

Осмоодделенец од основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип го освои првото место на државен натпревар по математика, но не ја доби заслужената парична награда.Фејсбук групата, Штипска идила, која има голем број на членови, ја објави веста за осмооделенецот Дамјан Давков, кој заедно со неговиот наставник не може да добие награда, иако е првак по математика, бидејќи бил во осмолетка, а се натпреварувал во ранг на средношколци.Всушност, Дамјан Давков од Штип и неговиот наставник, иако се прваци во земјава на сите натпревари по математика, не успеале да ја добијат паричната награда, бидејќи прописите на Министерството за образование утврдиле дека детето е во осмолетка. Иако тој се натпреварува во конкуренција со средношколци и е најдобар, ова министерството сепак одлучило да не му ја даде наградата.Еве што пишува на фејсбук групата.„Се сеќавате ли на штипскиот Питагора, на детето чудо?Нашата штипска, македонска гордост што ни ги топлеше срцата со неговите подвизи. Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени.Најбитното.Наместо ваквите чуда од деца, носители на медали од математички олимпијади да ги мотивираме, како би останале во државава, се случува невиден циркус. Имено во решението (видете сликата), на Дамјан не му следува парична награда од причина што е основец, а е државен првак по Математика во конкуренција на средните школи. Да потсетам дека Дамјан сега е осмо одделение.Дамјан Давитков, ти си нашата гордост“, се вели во постот на оваа фејсбук група.Образложението од Министерството за образование, потпишано од министерката Мила Царовска, наједноставно кажано, гласи: „Нема награда за ученикот оти натпреварот бил за средношколци“.Парична награда нема ниту за неговиот ментор, наставникот што го подготвувал осмоодделенецот за натпреварот, бидејќи бил наставник во основно, а не во средно училиште.Од Министерството за образование одговараат дека повторно ќе го преиспитаат случајот, а по жестоките реакции во јавноста, било одлучено ученикот да добие 15 илјади денари од Општина Штип и признание за почесен граѓанин на општината.„МОН презема обврска за повторно да го преиспита целиот случај во врска со постапката за доделување парична награда за ученикот и наставникот ментор, но и постапката и начинот на кој е организиран самиот натпревар од страна на здружението на наставници, кое ја има акредитацијата за организирање на натпреварите по математика. Несомнено дека се работи за талентиран ученик, кој заедно со својот ментор вложил многу труд за постигнување на успехот на државниот натпревар на кој учествувале. Но, законската регулатива не дозволува тие да го остварат правото за кое аплицирале во МОН. Сепак, во соработка со локалната самоуправа во Штип, ученикот ќе биде поддржан со еднократна парична награда од 15 илјади денари и признание за почесен граѓанин на општината“, велат од Министерството.фото: Агенции         

Македонија | пред 5 години

lukarevska

Лукаревска: 306 работодавачи зеле финансиска помош, а не им исплатиле плата на вработените

До 2 февруари на 13.160 работодавачи им е исплатено вкупно 961.709.306 денари за исплата на декемвриската плата на 60.974 вработени. Од нив, 306 работодавачи на 992 вработени не ја исплатиле платата, а земале финансиска поддршка во износ од 16.305.020 денари, изјави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.„За овие работодавачи Управата за јавни приходи изготви и достави опомени и за неисплатената плата, а по истекот на рокот од опомената, против оние кои нема да ја исплатат платата ќе следи проведување постапка на присилна наплата на платата со блокада на паричните средства на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на вработените лица и на уплатните сметки за јавни приходи“, рече Лукаревска.78 работодавачи се од дејноста трговија на мало, 44 фирми што вршат подготовка на оброци и служење храна и 26 фирми од дејноста градежништво.Останатите компании се од дејностите транспорт, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од Скопје – 92 фирми, Тетово – 63 и Гостивар – 16.Лукаревска кажа дека по спроведените мерки и активности од страна на Управата за јавни приходи, намален е бројот на компаниите кои сè уште не ја исплатиле октомвриската и ноемвриската плата, и тоа за октомври е намалено од 179 на 11 компании, а во ноември од 245 на 24 компании.Октомвриска плата сè уште не зеле 34 вработени, а во ноември 50 вработени. Кај овие компании во тек е постапка на присилна наплата на неисплатената плата од парични средства на трансакциска сметка.фото: PRTSC

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев му пиша на Борисов: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Заев, Љубчо, Бучковски, Димитров, Малески и Шеќеринска

Премиере Борисов,Денешниот ден од 149 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е добар повод да се обратам до Вас и пријателскиот бугарско-татарски народ на кој вие гордо му припаѓате, со една фер понуда за надминување на недоразбирањето за Делчев, напиша во писмото до Борисов Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија.Во писмото Бачев додава:Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, подолго време водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, кој, целиот живот го посвети на Македонската револуционерна борба и создавањето на слободна и независна Македонија.За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите туку од македонските јаничари во Бугарија како што се Каракачанов, Захариева, Ковачев... кои не издржале во историјата и кои длабоко ги оптеретуваат македонско-бугарските односи.На домашен терен во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на се што е македонско на Бугарија се сегашни и поранешни премиерски и министерски марионети: Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Денко Малески кои ја обезличуваат македонската држава, нација, јазик, историја и бришење на Македонците во Пиринска Македонија.Затоа, Единствена Македонија, како партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањето со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска и Денко Малески ќе и бидат подарени на Бугарија трајно и за навек, а Гоце Делчев може да почива во мир.Длабоко сум уверен дека Бугарија под вашето лидерство ќе ја прифати понудата.Денешниот ден од 149 годишнината од раѓањето на Делчев е потсетник за целиот македонски народ дека единствени и сплотени мора да успееме против антимакедонскиот походот на македонските јаничари во Бугарија.Впрочем, не му било лесно и на Гоце Делчев. Можел Делчев да биде само учител а не идеолог и револуционер и со другите револуционери да си седат дома и да не одат во планините. Ама така ќе ја немаше Македонија.Борбата на Гоце Делчев беше создавање на независна македонска држава а нашата борба сега е истата да ја зачуваме пред налетот да се избрише се што е македонско. Ние сме цврсто решени да истраеме во одбрана на остварениот идеал на Делчев – слободна и независна Македонија. Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти нашата борба е исправна, ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на еден цел народ.За Единствена Македонија Гоце Делчев е столбот на Македонија, беше и ќе остане Македонец. Никогаш нема да дозволиме Гоце повторно да биде предаден како што беше предаден и за време на животот.Со искрена надеж за натамошно успешно развивање на македонско-бугарските односи, длабоко го ценам времето што ќе го употребите за разгледување на оваа фер понуда, со што Гоце Делчев ќе може да почива во мир – се вели во писмото на претседателот Бачев.

Македонија | пред 5 години

vozacka-1

Обвинителството поведе постапка против 8 вработени во МВР за издавање лажни возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури и одобрувале изработка на возачки дозволи за Б категорија, иако барателите немале положено возачки испит и не се стекнале со право за поседување возачка дозвола.За еден од осомничените, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. За останатите седуммина предложени се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат во Основниот кривичен суд Скопје, како и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.Во исто време, надлежниот јавен обвинител поведе постапка и против 31 друго лице кои извршиле поттикнување при извршувањето на наведеното кривично дело, односно се јавувале како баратели на возачки дозволи, иако немале положено возачки испит.​​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасески: Секаде е нормално дете генијалец да биде заштитено од државата, а овде не можат ни 150 евра да добијат

Дете од основно победува средношколци на државен турнир по математика. За шампионот следувала награда од 10 илјади денари. Арно ама Милата Роза од Финска одлучува да не му додели награда зашто малиот не бил средношколец, туку основец. Така било во некој посран закон, напиша на својот ФБ профил актерот Сашо Тасески.Тасески во објавата додава:Во исто време истата таа одобрува милиони денари за промоција на сексуални настраности во основните училишта.А како можеше пред три годину да се издвојат дури и 40 илјади евра за стипендија на просечна студентка, ама ќерка на министер кој во тоа време посветено работеше на промената на името на државата? Тоа можеше, ова не?Што понатаму?Каде понатаму?Секаде е нормално дете генијалец да биде државно заштитено и усовршено на најјакиот универзитет на трошок на таа држава.Овде такви деца не можат ни 150 евра да добијат, кои патем ги заслужиле.Па ти бре створу, на таа плата, да беше нормална, од џеб ќе извадеше 150 евра и никој да не дознае ќе му ги дадеше на малиот. И немаше овој резил да го јадеш.

Македонија | пред 5 години

OCcK_v38_400x400

Самоиловска-Цветанова: Кажете ѝ на Захариева дека во Македонија постои Бугарски културен центар

Ако Србија има културен центар во Северна Македонија, сакаме да има и бугарски културен центар, порача министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по најавите дека во Македонија ќе има српски културен центар.Со реакција се јави и поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска-Цветанова, којашто рече дека во Македонија веќе има таков центар.„Кажете ѝ на Захариева дека во Македонија постои Бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија потпишан во 2002 година“, напиша Цветанова.https://twitter.com/gankacv/status/1357092715616493571?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1357092715616493571%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fganka-cvetanova-kazhete-na-zaharieva-deka-vo-makedoni-a-imame-bugarski-kulturen-centar%2F

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска 7 починати лицa и 373 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во:Скопје – 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга - 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1Регистрирани се 638 оздравени пациенти од:Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар - 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола – по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.Направените 2107 теста се преку: ИЈЗ-445, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-197, Биотек-142, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина-164, лабораторија Лаор–144, МАНУ-101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 593, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 40977, активни 3802• Куманово 5245, активни 311• Тетово 5162, активни 292• Прилеп 4596, активни 145• Гостивар 3645, активни 185• Штип 3517, активни 94• Битола 3243, активни 134• Велес 3.155, активни 247• Охрид 2871, активни 411• Кавадарци 2705, активни 379• Струмица 2553, активни 220• Струга 2252, активни 192• Кочани 1741, активни 61• Кичево 1729, активни 116• Свети Николе 1085, активни 34• Гевгелија 1022, активни 109• Неготино 982, активни 86• Дебар 768, активни 78• Ресен 746, активни 92• Крива Паланка 733, активни 39• Радовиш 722, активни 51• Делчево 651, активни 204• Берово 602, активни 38• Пробиштип 510, активни 28• Виница 498, активни 31• Валандово 325, активни 6• Македонски Брод 246, активни 11• Демир Хисар 247, активни 7• Кратово 235, активни 24• Богданци 226, активни 17• Крушево 215, активни 32• Демир Капија 220, активни 49• Македонска Каменица 191, активни 17• Пехчево 183, активни 9• Дојран 85, активни 7

Македонија | пред 5 години

DSC_0347

Општина Илинден потпиша договор за примопредавање на нови контејнери, во рамките на регионалниот Проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“

Осумнаесет нови контејнери за селектирање на стаклената амбалажа денес пристигнаа во Општина Илинден, што оваа локална самоуправа ги добива во рамките на нејзиното учество во Регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан". По тој повод денес свечено беше потпишан и договор за примопредавање на контејнерите од новата транша, меѓу претставник од Германското друштво за интернационална соработка преку Отворен Регионален Фонд за Југоисточна Европа – Модернизација на општински услуги ( ГИЗ ОРФ ММС), градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и директорот на ЈКП Илинден, Игор Филиповски.Општината во моментов располага со вкупно 38 контејнери за селектирање на стакло, што според експертските анализи, засега е утврдено како оптимална бројка за собирање на овој вид на отпад. Тука се вклучени претходно поставените дваесет контејнери, а од општината се најавува набавување на дополнителни количини.Целта на Проектот е воспоставување на економски вредносен синџир на рециклирање стакло во регионот. Во таа насока се реализираат низа активности, меѓу кои: поставување на соодветна инфраструктура на контејнери за одложување на стаклото во пилот-општините; спроведување на кампања за едукација на населението за важноста од селектирање на стаклото; зголемување за 20% на собраните количини на стакло, споредено со 2020 година; потоа спроведување на обука за јавните комунални претпријатија и развивање на три бизнис модели за општините (урбан, рурален и ХОРЕКА ) што во следниот период ќе послужат како урнек за успешно управување со отпад од стакло.-„ Денес потпишавме договор за донација за нови 18 контејнери за селекција на стаклена амбалажа, со што ќе ја воспоставиме предвидената инфраструктура со која ќе им олесниме на нашите граѓаните да го одлагаат овој отпад во непосредната близина на своето место на живеење, во зелените контејнери. Сигурен сум дека тие ќе ни помогнат успешно да го реализираме проектот, да собереме што поголеми количини, а со тоа да ги намалиме дивите депонии и да обезбедиме поздрава животна средина за сите. Правилно собраното стакло, во европски рамки и пошироко веќе не претставува отпад, туку скапоцена суровина. Затоа, како општина која се стекна и со регионалниот сертификат за пријателски ориентирана општина кон бизнис заедницата (БФЦ сертификат) ќе работиме и во насока на создавање а услови за развој на локалната економија во оваа област“. Ова го истакна Жика Стојановски, градоначалник на Општина Илинден, при обиколката на една од локациите во општината на која се поставуваа новите контејнери.Пред присутните се обрати и директорот на ЈКП Игор, Филиповски, кој посочи дека комуналното претпријатие како нов сопственик на овие контејнерите ќе се грижи за нивно одржување и ќе ги реализира сите потребни активности за исполнување на резултатите од Проектот за создавање на оддржлив бизнис модел за собирање отпад од пакување од стакло во рурална средина.Фактите се на страната на рециклирањето. Стаклениот отпад се разложува многу бавно и доколку не е соодветно одложен, може да стои на депониите со години. Затоа на рециклирањето се гледа како на многу ефективно решение, бидејќи со рециклирање на само едно стаклено шише, се заштедува доволно енергија за еден компјутер да работи 25 минути или пак една 100-ватна сијалица да свети цели 4 часа. Притоа, рециклажата на стакло заштедува 40% од енергијата која е потребна да се создаде нов стаклен сад.Проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан “истовремено се спроведува во три држави: Македонија, Србија и Босна и Херцеговина и започна да се реализира во шест пилот –општини, меѓу кои од нашата земја покрај општина Илинден учествува и Општина Штип. ЗЕЛС, во соработка со регионалната канцеларија на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ ОРФ ММС) е партнер во имплементација на проектот во нашата земја, што е финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компанијата ПАКОМАК (Македонија), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот DeveloPPP.de. Оваа програма (DeveloPPP.de) на Германското сојузно министерство за соработка и развој е насочена кон градење и развој на соработка меѓу јавниот и приватен сектор на локално ниво.фото: Општина Илинден

Скопје | пред 5 години

policija-i-inspekcija-3

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект во Црешево, работел по дозволеното време

На 04.02.2021 година во 00.30 часот, по претходна пријава дека угостителски објект во село Црешево, скопско работи по 21,00 часот, од страна на полициски службеници извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на Д.П.(56) од Куманово и констатирано е дека во локалот се наоѓаат осум лица на возраст од 22 до 65 години од Скопје, Куманово и Струмица. Лицата се приведени. По насоки на Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик "Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".фото: Архива

Македонија | пред 5 години

foto-3

Бочварски: Годинава започнуваме со градба на гасоводот од Неготино до Гевгелија

До средина на оваа година ќе извадиме одобрение за градење а до крај на годината, а може и порано да распишеме тендер за изградба на магистралниот гасовод од Неготино до Гевгелија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Гевгелија.Министерот додаде дека проектот е готов, за него има одобрение од министерство за животна средниа и заедно со Национални енергетски ресурси се работи за побрза изградба на оваа магистрална делница.“ Гасификацијата е доста значаен проект за сите. Во делот на плановите за изградба на магистралниот гасовод од Гевгелија до Неготино, имаме готов проект и моите очекувања се дека во текот на летниот период ќе извадиме одобрение за градење и до крај на годината да го тендерираме. Се работи за проект за изградба на гасовод во должина од 68 километри со што ова е уште еден чекор за поврзување со интерконекторот со Грција. Во меѓувреме, оштините да работат на секундарната мрежа и преку НЕР заедно да ги надминене сите проблеми со кои се соочуваат. За мене е значајно што во текот на оваа година завршуваат гасоводите од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар“, изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.Покрај ова, министерот Бочварски најави и нови проекти во Гевгелија за подобрување на комуналната мрежа и локалната инфраструктура.Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот на АД за станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски извршија увид во изградба на социјална зграда во Гевгелија.Инвестицијата е 80 милиони денари, се градат вкупно 52 станови а според договорот зградата треба да биде завршена во март 2022 година.Директорот на АД за станбен и деловен простор, истакна дека покрај оваа зграда во постапка за изгардба се уште четири нови згради во Сарај, Кочани, Дебар и Пехчево.“ Преговараме со банката која го финансира овој проект за продолжување, односно да финанисра нов проект за изградба на нови социјални згарди во општините. Очекуваме некаде до средината на оваа година да имаме постигнато договор”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АДССДП.За градоначалникот Сашо Поцков, сите инфраструктурни проекти се од огромно значење за развој на општина Гевгелија како и за регионот.Тој најави нови проекти во делот на реконструкција на улиците во општината и подобрување на комуналната мрежа.фото: Министерство за транспорт и врски

Македонија | пред 5 години

DSC_3858

Маричиќ: Резултатите од пописот ќе им бидат потребни и на идните Градоначалници

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“  порача дека резултатите од пописот ќе бидат од суштинско значење да се добијат пред локалите избори, за да можат идните градоначалници да креираат  релевантни и издржани програми и проекти. Дополнително тој апелираше да се намали непотребната тензија во општеството пред статистичката операција и да им се остави на статистичарите да го спроведат пописот, следејќи ги највисоките стандарди. За Маричиќ, одложувањето на пописот како што бара опозицијата, ќебиде само на штета на државата.-Тие бараат одлагање за следната година. Минатата година кога разговаравме за пописот бараат тој да се одложи за оваа година и најверојатно тоа ќе им биде барање да одлагаме секоја година. Затоа мислам ако одложиме тоа нема многу да промени, бидејќи сега е вистинскиот момент, сега се вклучува машината во Државниот завод за статика. Мислам дека летоска, летно време, кога луѓето патуваат, одмараат и е жешко. На есен имаме локални избори, а до локалните избори треба да ги имаме резултатите. Градоначалниците треба да си ги планираат и предлагаат политичките врз основа на новите резултати. Треба да ја нормализираме оваа работа. Веќе да станеме нормална држава и се да не се партизира и политизира, кажа Маричиќ.фото: Министерство за правда

Македонија | пред 5 години

evra

ЕЦБ ја продолжи важноста на репо-линијата и ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра до март 2022 година

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, за првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување. Имено, крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година. Оваа промена овозможува значителна поддршка за Народната банка од ЕЦБ, со оглед на тоа дека создава дополнителен простор за брзо и ефикасно дејствување доколку има потреба од ублажување евентуални натамошни ефекти од корона-кризата врз домашната економија и финансиските пазари, имајќи ја предвид неизвесноста на актуелната глобална криза.Во досегашниот период, Народната банка нема искористено средства од одобрената репо-линија, со оглед на постојаното одржување и на денарската, и на девизната ликвидност на банкарскиот систем на соодветно ниво, со видлива тенденција на натамошен пораст на ликвидните средства на банките во последните неколку месеци. Сепак, ликвидносната поддршка добиена од ЕЦБ подразбира и дополнително зајакнат капацитет на нашата централна банка за дејствување заради остварување на своите цели и задачи, а при евентуално затегнување на финансиските услови на меѓународните пазари поврзано со корона-кризата и нејзините негативни ризици врз глобалната економија. Токму при вакво сценарио, овој инструмент на ЕЦБ ѝ овозможува на Народната банка брз пристап до ликвидност во евра и под поволни пазарни услови.Дополнителна предност на репо-линијата којашто ЕЦБ ѝ ја има одобрено на Народната банка е што таа овозможува поедноставен пристап до девизни средства во евра, без притоа Народната банка да ги продава хартиите од вредност со кои располага, на трајна основа, по евентуално понеповолни пазарни услови на меѓународните финансиски пазари. Доколку е потребно, користењето на средствата од репо-линијата може да биде постепено, сѐ до постигнувањето на предвидениот максимален износ.Репо-линијата одобрена од ЕЦБ претставува потврда за подготвеноста на Народната банка, во рамките на своите надлежности, соодветно и навремено да им одговори на предизвиците од тековната криза и успешно да ја одржува ликвидноста и макрофинансиската стабилност.Народната банка упати благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка преку продолжувањето на важноста на оваа линија.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Tik-Tok-Eko-Svest

Еко-Свест: За педесет години во земјава ќе настане суша потребно е итно делување завлијанието од климатските промени

Поради климатските промени, сите земји што и се потписнички на Парискиот договор, се обврзани да работат кон тоа да глобалната температура да не порасне повеќе од 2 степени Целзиусови. Тоа подразбира дека согорувањето на фосилни горива, лигнит, јаглен, нафта, гас и така натаму треба полека да се напуштат и да се помине кон еден декарбонизиран систем на обновливи извори, како ветер, сонце, во одредени услови тоа е и хидро-енергијата, итн.- Во нашата земја тоа го почувствувавме оваа сезона, особено со тоа што гледаме дека ние немаме сезона на дождови оваа година, што значи поради порастот на глобалните температури страда земјоделието, страда туризмот и ќе страда и понатаму безбедноста на нашите домови затоа што нашите градови не се изградени за да можат да функционираат во услови на високи температури или екстремни временски услови, велат од Еко-Свест.За нашиот регион предвидувањата се дека температурите ќе растат, а овие области да се претворат во пустина, за околу педесет години од сега. Меѓутоа овие проекции не се точни, бидејќи тоа не е егзактна наука, сепак се само проценки врз основа на податоци кои што во моментов ги имаме и врз основа на мерки кои што во моментов се предвидени да се преземат.- Ако ова го знаеме, тоа значи дека ние како граѓани сме тие кои што ја имаме обврската да ги разбудиме носителите на одлуки да ги прилагодат законите на климатски промени и да се обидат да ги намалат емисиите со овозможување и олеснување на процес на праведна транзиција, прво во регионите со јаглен, а потоа и во сите региони кои што ги трпат последиците од климатските промени, додаваат од Еко-Свест.Исто така треба да се направат и промени во регионите кои што се ранливи на климатските промени, односно регионите како Југозападниот, кој е регион кој живее од туризам и во иднина нема да може да живее од туризам, можеби ќе треба да се пренасочи кон други поодржливи гранки на туризам како гастрономија, како рурален туризам, алтернативни форми на туризам. Тоа значи дека како земја треба да ги адаптираме нашите економски активности на моменталните услови и условите кои во иднина ги очекуваме да се случат. Важно е државата да постави таргети, условите се веќе поволни, треба само политичка волја да се тоа почне за побргу да се развиваат работите.Еко-Свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија“ финансиски подржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, спроведуван од Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.фото: Еко свест

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Усвоен буџетот на општина Центар за 2021 година

На денешната прес - конференција одржана во салата за состаноци во Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ го презентираше Буџетот на Општина Центар за 2021 година и ги најави новите капитални инвестиции кои ќе се реализираат оваа година.Предлог - буџетот на Општина Центар за 2021 година кој беше предложен и усвоен на 58. седница од страна на Советот на општината, проектиран е основен буџет во износ од 756.100.000,00 денари, за финансирање на сите надлежности на општината и реализација на развојните програми и активности на секторите.Новите капитални инфраструктурни инвестиции се предвидени за целосна реконструкција на улицата „Орце Николов“ со финансиски износ од 70.000.000,00 денари, каде ќе биде воведен нов сообраќаен режим (кружен тек и пешачки патеки), нов коловоз, тротоари и улично осветлување. Исто така, 80.000.000,00 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Центар за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона и за комплетна реконструкција на улицата „Аминта Трети“.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ја најави изградбата на новата детска градинка во населбата Пролет, каде што вкупната проектирана вредност на проектот изнесува 90.000.000,00 денари, од кои 30.000.000,00 денари ќе бидат обезбедени во 2021 година за целосно опремување и партерно уредување на градинката на површина од 3000м2. Во програмата за образование ќе биде опфатен и проектот за доградба на училниците во ООУ „Коле Неделковски“ со површина од 500м2 и на тој начин ќе се зголеми капацитетот за нови ученици. За оваа реконструкција која се планира да заврши во 2022 година, обезбедени се вкупно 40.000.000,00 денари за период од две години. Во однос на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на топлинска и електрична енергија ќе бидат реконструирани фасадите во градинката „13 Ноември“ – објект Јасмин и во ООУ „Кочо Рацин“ со вкупен износ од 10.500.000,00 денари, а 10.000.000,00 денари ќе бидат обезбедени за реконструкција на фасади на станбени објекти во Центар.Со цел да се решат инфраструктурните проблеми на територијата на Општина Центар, обезбедени се 79.500.000,00 денари од Буџетот на Општина Центар за 2021 година за реконструкција на повеќе улици во локалитетите: Крњево, Буњаковец, Дебар Маало, Капиштец, Водно и Маџир Маало како и 10.000.000,00 денари за изградба на нов монтажен паркинг. Планирани се 8.000.000,00 денари финансиски средства од буџетот за модернизација на системот за јавно осветлување и воведување нова ЛЕД технологија, како и 11.900.000, 00 денари за нова урбана опрема, јавно зеленило и одржување на постоечкото на територијата на Центар.Во план е изградба на три нови детски игралишта во населбите Кале, Маџир маало и Капиштец во во рамки на матичниот објект на ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, како и реконструкција на шест детски игралишта на разни локации на територијата на Центар.Во рамки на зачувување на животната средина, општината ќе обезбеди три нови комунални возила за одржување на јавната хигиена и чистота во Центар со вкупен износ од 18.000.000,00 денари, а 18.650.000,00 денари се планирани за одржување и заштита на локалните патишта, како и 9 милиони денари субвенции за жителите кои ќе се вклучат во процесот на рециклирање во проектот „И отпадот има вредност“.Останати средства кои се планираат во Буџетот на Општина Центар за 2021 година се предвидени за КК Работнички во износ од 10.000.000,00 денари, за урбанистичко планирање во Општина Центар ќе бидат обезбедени 26.950.000,00 денари, додека пак, 14.500.000,00 денари се планирани за рушење на бесправно изградени објекти во Центар, 3.000.000,000 денари за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови, 1.500.000,00 денари за програмски активности на здруженија и фондации и 2.000.000,00 денари за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, за поддршка на новоотворениот стационар Лајка.Проекти кои што ќе продолжат да се реализираат во Општина Центар и се опфатени во рамки на новиот буџет за 2021 година се: Центар за грижа на возрасните, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, стипендии за талентирани ученици и ученици од семејства во социјален ризик, Феникс награда, награди за најдобрите наставници и негувателки, како и обезбедување средства за хигиена и тековно – оперативни трошоци во градинките и основните училишта во Општина Центар.фото: Општина Центар

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Трагедија, Собранието не го смени Димтров кој се откажа и од татко му Димитар во бришењето на се што е македонско

Единствена Македонија, како и македонскиот народ, со неверување ја примија веста од Собранието дека не е прифатена интерпелацијата и разрешувањето на Никола Димитров поради неговото антимакедонско однесување со бришење на се што е македонско. Оставањето на бугарашот Димитров и понатаму во владата стана црно петно на совеста на пратениците од власта и со ваквото однесување ги минираат основите на македонската држава и нација, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од партијата додаваат:Дури, Никола Димитров во Собранието глумеше лажен патриотизам иако со својот анимакедонизам и болната желба за власт се откажа дури и од татко му Димитар во походот да се избирше се што е македонско.Да потсетиме, договорот за промена на името со кој се брише се што е македонско е голема трагедија не само за македонскиот народ и македонската држава, туку преставува голема лична трагедија и за самиот Никола Димитров.Според Договорот за промена на името (член 7), Македонците од Егејска Македонија и Македонците од Република Макеоднија се различни етноси со свои посебни одлики. Министерот Никола Димитров е роден во Република Македонија а татко му Димитар Димитров е роден во Егејска Македонија, и сега според договорот тие - татко и син не се исти Македонци. Значи, со договорот одат дури против природата и природните законитости.Единствена Македонија ќе го поништи договорот за промена на името кога и да се случи тоа, со што ќе му помогне и на Никола Димитров да биде свој на своето со татко му Димитар без оглед што Никола Димитров нанесе големо зло на Македонија и Македонците со потпишувањето на капитулантскиот преспаснки договор.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 5 години

spasovski

Спасовски: 8 те вработени од МВР ќе бидат суспендирани од работа поради нелегалните дејства со возачките дозволи

Осуммина припадници од МВР се под истрага за директно учество во нелегални активности за издавање на возачки дозволи на лица кои немале положено возачки испит, рече одговарајќи на новинарско прашање министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.-Против тие 8 лица поднесени се кривични пријави и уште против 28 граѓани коишто извршиле поттикнување во однос на ова кривично дело. Истрагата продолжува, ќе се согледаат сите аспекти. Тие лица ќе бидат суспендирани од работа и ќе се водат и дисциплински постапки“, рече Спасовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pozar

Во пожар спроти МТВ изгоре бурекчилница

Како што јавува ТВ21, синоќа во пожар изгорела бурекџилница која се наоѓала спротив македонската национална телевизија (МТВ)Пламените јазици успеале да ги локализираат неколку екипи на противпожарната единица од Скопје.За среќа нема жртви, причинета е само материјална штета.Според првичните информации, причина за пожарот е експлозија на плинска боца.Видеото може да се погледне на:  ТВ21,

Скопје | пред 5 години

oruzje

Мигранти од Пакистан пронајдени во Ваксинце, кај едниот пронајден пиштол

Во попладневните часови на 3 февруари, по претходно добиени сознанија, полицијата извршила претрес во кумановското село Ваксинце при што биле пронајдени и приведени шесмина мигранти од Пакистан.Како што информираат од МВР, при извршената контрола кај еден од Пакистанците со иницијали М.Р.(33) бил пронајден пиштол со неколку куршуми.Сите мигранти се приведени за понатамошна постапка.фото: макфакс

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на гробот и споменикот на Гоце Делчев по повод 149 - годишнината од неговото раѓање

По повод 149 години од раѓањето на еден од најзначајните личности за македонската државност, Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ во состав Марија Георгиевска, претседателка на ОО СДСМ Карпош и Александар Димитриевиќ, потпретседател на СДММ, денеска, положи свежо цвеќе и оддаде почит на големиот револуционер и херој на неговото вечно почивалиште во црквата Свети Спас.фото: СДСМ

Македонија | пред 5 години

dsc04

ВМРО ДПМНЕ: Остануваме на браникот на татковината, Делчев е нашиот идентитет

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, претседателката на Унија на жени Жаклина Пешевска денеска положија свежо цвеќе по повод 149 години од раѓањето на македонскиот револуционерен деец и великан Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото се додава:Оддавањето на почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, еден од најистакнатите  водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот.ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и денеска покажува почит и негување на заложбите на македонските херои и останува на браникот на одбрана на татковината, бидејќи за нас токму Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

04022021_VRSM_Polozhuvanje_cvekje_Goce_Delchev-3

Владино одбележување на 149 години од раѓањето на Гоце Делчев

Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во име на Владата на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање.Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев,  за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

bugarski-konzulat

Пред бугарскиот конзулат во Битола, колони македонски граѓани чекаат бугарски пасош

Додека македонската влада на секој начин се обидува да им се спротивстави на бугарските условувања за интеграцијата на Македонија во ЕУ, пред бугарскиот конзулат во Битола колони македонски граѓани стрпливо чекаат во ред за поднесување документи за добивање бугарски пасоши, објави Нова Македонија. Секојдневно стотици македонски граѓани поднесуваат барања за добивање бугарски пасоши, а ниту пандемијата не ги спречува да дојдат во голем број од Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево и од Штип.Текстот во целост на: novamakedonijaфото: novamakedonija

Македонија | пред 5 години

kafic

Туристичко-угостителската комора бара континуирана финансиска поддршка за опстанок на туристичкиот сектор

Лиценцираните туристички агенции и водичи се со крајно лимитирана деловна активност и се соочуваат со бројни предизвици и голема неизвесност. Туристичко-угостителската комора на Македонија апелира за континуитет на економските мерки кои дадоа резултати за да се спречи загуба на работните места, и истите да се овозможи да се дел од петтиот пакет мерки за економски спас.Туристичките агенции апелираат да се продолжи со мерките за поддршка на секторот и да нема застој во исплата на финансиската поддршка за плати, бидејќи тоа ќе има големо влијание врз задржувањето на работните места и опстанокот на оваа дејност во која се вработени над 3.000 луѓе во околу 500 регистрирани правни субјекти. „Туристичкиот сектор во услови на бројни бариери за транзит низ границите предизвикано од кризата се уште се наоѓа во исклучително тешка состојба поради што апелираме да се продолжат мерките за поддршка. За опстанок на секторот неопходен е континуитет, односно да нема застој во обезбедување на финансиска поддршка за исплата на плати. Овој сектор се соочува со ограничувања, но веруваме дека со соодветна и навремена финансиска помош од државата, проактивен однос на туристичките оператори и строго почитување на протоколите може да се надминат состојбите и да се зачува деловната активност и вработувањата додека да се подобрат состојбите“, изјави Ана Марија Алексова, која посочи дека и за превозниците е од исклучителна важност да има промена на протоколите, односно да се дозволи зголемување на процентот на дозволена исполнетост на капацитет на автобусите.„Бараме ограничувањето од 50 отсто на дозволената пополнетост на капацитетот на автобусите во меѓународниот и регионалниот превоз да биде зголемено на 75 отсто, со почитување на дополнителните протоколи за заштита првенствено носење маски. За организирање на превозот во вакви услови е на работ на рентабилноста, додека за споредба во воздушниот превоз е дозволено капацитетот да биде целосно исполнет“, истакнува Алексова.Поради намалениот број на туристи и немањето на туристички аранжмани во исклучително неповолна состoјба се наoѓаат и туристичките водичи и придружници."На раб на егзистенција сме бидејќи немаме никаква работа ниту приходи скоро цела година, поради што бараме и со петтиот пакет на мерки да продолжи континуитетот на поддршката што ја добивме во форма на неповратна финансиска помош“, изјави Елвир Садиковиќ.Според последните податоци на Заводот за статистика бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66.6 %, а бројот на ноќевањата е намален за 64.5 %. Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 61.2 %, и тоа кај домашните туристи има намалување за 20.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %. Туризмот е значајна гранка во националната економија и претставува голем потенцијал за поттикнување на нејзиниот раст, но се покажа за исклучително чувствителен на надворешни влијанија како што е актуелниот случај на кризата предизвикана од глобалната пандемија.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања